Мирослав Масин Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/miroslav-masin/ За подобро да се разбереме Wed, 27 Nov 2024 10:13:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Мирослав Масин Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/miroslav-masin/ 32 32 Државната награда „Св. Климент Охридски“ за професорката Бојаџиевска, писателот Стефановски, сликарот Масин и актерот Абази https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/drzhavnata-nagrada-sv-kliment-ohridski-za-profesorkata-bojadhievska-pisatelot-stefanovski-slikarot-masin-i-akterot-abazi/ Wed, 27 Nov 2024 10:13:47 +0000 https://republika.mk/?p=842169

Универзитетската професорка Маја Бојаџиевска е годинашна добитничка на државната награда „Св. Климент Охридски, во областа на воспитанието и образованието, а во областа на културата и уметноста добитници се писателот Милован Стефановски, сликарот Мирослав Масин и актерот Рефет Абази, соопшти Министерството за култура.

Наградата се доделува како највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Македонија.

Претседател на Одборот за доделување на наградата беше писателот Томислав Османли, а наградата ќе им биде врачена на добитниците на 8 декември во 12 часот во свечената сала на Собранието.

The post Државната награда „Св. Климент Охридски“ за професорката Бојаџиевска, писателот Стефановски, сликарот Масин и актерот Абази appeared first on Република.

]]>

Универзитетската професорка Маја Бојаџиевска е годинашна добитничка на државната награда „Св. Климент Охридски, во областа на воспитанието и образованието, а во областа на културата и уметноста добитници се писателот Милован Стефановски, сликарот Мирослав Масин и актерот Рефет Абази, соопшти Министерството за култура. Наградата се доделува како највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Македонија. Претседател на Одборот за доделување на наградата беше писателот Томислав Османли, а наградата ќе им биде врачена на добитниците на 8 декември во 12 часот во свечената сала на Собранието.

The post Државната награда „Св. Климент Охридски“ за професорката Бојаџиевска, писателот Стефановски, сликарот Масин и актерот Абази appeared first on Република.

]]>
Продолжена изложбата на Мирослав Масин во Даут-Пашин амам до 30 јуни https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/prodolzhena-izlozhbata-na-miroslav-masin-vo-daut-pashin-amam-do-30-juni/ Sun, 16 Jun 2024 11:10:38 +0000 https://republika.mk/?p=788107

Заради голем интерес изложбата на Мирослав Масин насловена „Подобро на гранка отколку заглавен во лифт“ во Даут Пашин амам ќе биде продолжена до 30 јуни годинава, информираат од Националната галерија на Македонија.

Наметнатите ограничувања и норми, пред се општествени трансформации и насилни мерки на прилагодување и експериментална затвореност се отфрлаат и настанува еден жизнерадосен конгломерат на фрагментирани делови на телото кои врескаат во екстаза и радост, што, од своја страна, е резултат на прифаќањето на самата животна суштина на видот/родот и другоста одразена во сопствената различност. Со и наспроти сите претходни анализи и критики на еволуцијата и цивилизациските вредности, мајмуните (мајмуноликите предци) на Масин се восприемаат како одраз на авторската идеја на нивно доживување и претставување како симбол на слободата и прифаќање на себството, вели Маја Чанкуловска - Михајловска, куратор на изложббата и виш кустос во Националната галерија.

Изложбата е дел од Годишната програма на Националната галерија за 2024 година и е финансиски поддржана од Министерството за култура.

The post Продолжена изложбата на Мирослав Масин во Даут-Пашин амам до 30 јуни appeared first on Република.

Изложбата „Подобро на гранка одошто загалвен во лифт“ не е само прослава на уметноста, туку почит кон креативноста, страста и визијата на уметникот Мирослав Масин https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/izlozhbata-podobro-na-granka-odoshto-zagalven-vo-lift-ne-e-samo-proslava-na-umetnosta-tuku-pochit-kon-kreativnosta-strasta-i-vizijata-na-umetnikot-miroslav-masin/ Thu, 16 May 2024 08:32:52 +0000 https://republika.mk/?p=778667

Во Даут пашин амам во Скопје вечерва е отворена изложбата „Подобро на гранка одошто заглавен во лифт" на уметникот Мирослав Масин. Според директорката на Националната галерија Дита Старова-Ќерими, оваа изложба не е само прослава на уметноста, туку почит кон креативноста, страста, доследноста и визијата на уметникот.

Изложбата е составена од селекција на 150 дела, доминантно слики, потоа цртежи, графики, објекти од сите периоди а особено од последните години.

[caption id="attachment_778702" align="alignnone" width="1440"] фото: Министерство за култура[/caption]

Како што посочи Старова-Ќерими, посетителите ќе бидат сведоци на различноста на уметничкиот реперотар на Масин, а неговото дело зборува универзален јазик кој резонира на сите кои го гледаат.

Оваа изложба не е само прослава на уметноста. Таа претставува и почит кон креативноста, страста, искреноста, доследноста и визијата за уметникот, чии дела оставиле неизбришлива трага на македонската ликовна сцена. Националната галерија низ годините покажа дека се грижи за валоризација, но и презентација на значајните македонски уметници од различни генерации, почнувајќи од најстарите па до денешната средна генерација кои имаат репрезентативни остварувања, рече Старова-Ќерими.

[caption id="attachment_778703" align="alignnone" width="1440"] Масин: За 10 до 15 години сакам повторно да Ве видам на ваква изложба на едно исто или слично место/Фото: Министерство за култура[/caption]

Таа напомена дека патувањето на Мирослав Масин како уметник е придружено со едно длабоко истражување, но и непоколеблива посветеност.

Како што рече, преку неговите слики тука присутни кои беа мал дел од големиот број на реализирани досегашни слики од негова страна, тој не кани во еден свет каде боите танцуваат, емоциите зборуваат, а имагинацијата нема граници.

Старова-Ќерими додаде дека секој потег на неговата четка е проткаен со чувства за цел, одраз на неговата длабока поврзаност со неговиот занает и неговата околина.

[caption id="attachment_778704" align="alignnone" width="1440"] фото: Министерство за култура[/caption]

Френетичниот и динамичен но сигурен цртеж е постојано присутен во неговите дела како скелет, структура и база во неговите композиции, а вториот мошне значаен елемент во неговото творештво е заситената интензивна и експресивна боја. Масин преку своите дела истражува длабоки егзистенцијално социјални прашања како што се потеклото за постоењето, природата на човечките вредности и илузиите, фиксациите.., додаде Старова-Ќерими.

Кураторката Маја Чанкуловска-Михајловска во обраќањето вечерва рече дека авторот речиси 40 години ги руши стереотипите со своето творештво.

Станува збор за негова 66 по ред самостојна изложба на која низ годиниве и престоеја многу изложби низ Македонија, низ поранешна Југославија но и низ многу европски градови, со што слободно може да се рангира во редот на нашите најзначајни културни амбасадори, рече Чанкуловска-Михајловска.

Уметникот Масин во своето обраќање се заблагодари и нajави за 10 до 15 години да се види повторно на ваква изложба со посетителите на едно исто или слично место.

[caption id="attachment_778705" align="alignnone" width="1440"] фото: Министерство за култура[/caption]

Изложбата на Мирослав Масин е дел од Програмата на Националната галерија за 2024 година и е финансиски поддржана од Министерството за култура и од компании спонзори.

Изложбата ќе биде отворена до 15 јуни.

The post Изложбата „Подобро на гранка одошто загалвен во лифт“ не е само прослава на уметноста, туку почит кон креативноста, страста и визијата на уметникот Мирослав Масин appeared first on Република.

]]>

Во Даут пашин амам во Скопје вечерва е отворена изложбата „Подобро на гранка одошто заглавен во лифт" на уметникот Мирослав Масин. Според директорката на Националната галерија Дита Старова-Ќерими, оваа изложба не е само прослава на уметноста, туку почит кон креативноста, страста, доследноста и визијата на уметникот. Изложбата е составена од селекција на 150 дела, доминантно слики, потоа цртежи, графики, објекти од сите периоди а особено од последните години. [caption id="attachment_778702" align="alignnone" width="1440"] фото: Министерство за култура[/caption] Како што посочи Старова-Ќерими, посетителите ќе бидат сведоци на различноста на уметничкиот реперотар на Масин, а неговото дело зборува универзален јазик кој резонира на сите кои го гледаат.
Оваа изложба не е само прослава на уметноста. Таа претставува и почит кон креативноста, страста, искреноста, доследноста и визијата за уметникот, чии дела оставиле неизбришлива трага на македонската ликовна сцена. Националната галерија низ годините покажа дека се грижи за валоризација, но и презентација на значајните македонски уметници од различни генерации, почнувајќи од најстарите па до денешната средна генерација кои имаат репрезентативни остварувања, рече Старова-Ќерими.
[caption id="attachment_778703" align="alignnone" width="1440"] Масин: За 10 до 15 години сакам повторно да Ве видам на ваква изложба на едно исто или слично место/Фото: Министерство за култура[/caption] Таа напомена дека патувањето на Мирослав Масин како уметник е придружено со едно длабоко истражување, но и непоколеблива посветеност. Како што рече, преку неговите слики тука присутни кои беа мал дел од големиот број на реализирани досегашни слики од негова страна, тој не кани во еден свет каде боите танцуваат, емоциите зборуваат, а имагинацијата нема граници. Старова-Ќерими додаде дека секој потег на неговата четка е проткаен со чувства за цел, одраз на неговата длабока поврзаност со неговиот занает и неговата околина. [caption id="attachment_778704" align="alignnone" width="1440"] фото: Министерство за култура[/caption]
Френетичниот и динамичен но сигурен цртеж е постојано присутен во неговите дела како скелет, структура и база во неговите композиции, а вториот мошне значаен елемент во неговото творештво е заситената интензивна и експресивна боја. Масин преку своите дела истражува длабоки егзистенцијално социјални прашања како што се потеклото за постоењето, природата на човечките вредности и илузиите, фиксациите.., додаде Старова-Ќерими.
Кураторката Маја Чанкуловска-Михајловска во обраќањето вечерва рече дека авторот речиси 40 години ги руши стереотипите со своето творештво.
Станува збор за негова 66 по ред самостојна изложба на која низ годиниве и престоеја многу изложби низ Македонија, низ поранешна Југославија но и низ многу европски градови, со што слободно може да се рангира во редот на нашите најзначајни културни амбасадори, рече Чанкуловска-Михајловска.
Уметникот Масин во своето обраќање се заблагодари и нajави за 10 до 15 години да се види повторно на ваква изложба со посетителите на едно исто или слично место. [caption id="attachment_778705" align="alignnone" width="1440"] фото: Министерство за култура[/caption] Изложбата на Мирослав Масин е дел од Програмата на Националната галерија за 2024 година и е финансиски поддржана од Министерството за култура и од компании спонзори. Изложбата ќе биде отворена до 15 јуни.

The post Изложбата „Подобро на гранка одошто загалвен во лифт“ не е само прослава на уметноста, туку почит кон креативноста, страста и визијата на уметникот Мирослав Масин appeared first on Република.

]]>
Младите автори треба да знаат дека треба многу работа, вели Масин пред отворањето на новата изложба „Подобро на гранка отколку заглавен во лифт“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/mladite-avtori-treba-da-znaat-deka-treba-mnogu-rabota-veli-masin-pred-otvoraneto-na-novata-izlozhba-podobro-na-granka-otkolku-zaglaven-vo-lift/ Tue, 14 May 2024 11:49:05 +0000 https://republika.mk/?p=777967

„Подобро на гранка отколку заглавен во лифт“ е насловот на изложбата на Мирослав Масин која утре (15 мај) во 20 часот ќе биде отворена во Даут-пашиниот амам во Скопје.

Куратор на изложбата е Маја Чанкуловска-Михајловска, виш кустос во Националната галерија. За комплексното творештво на Мирослав Масин, таа вели дека наметнатите ограничувања и норми, пред сè општествени трансформации и насилни мерки на прилагодување и експериментална затвореност се отфрлаат и настанува еден жизнерадосен конгломерат на фрагментирани делови на телото кои врескаат во екстаза и радост.

Тоа, од своја страна, е резултат на прифаќањето на самата животна суштина на видот/родот и другоста одразена во сопствената различност. Со и наспроти сите претходни анализи и критики на еволуцијата и цивилизациските вредности, мајмуните (мајмуноликите предци) на Масин се восприемаат како одраз на авторската идеја на нивно доживување и претставување како симбол на слободата и прифаќање на себството – пишува Чанкуловска-Михајловска во текстот од каталогот.

Масин вели дека додека растел сознавал дека има многу други добри автори на кои само им дише во вратот.

Младите автори треба да знаат дека треба многу работа и дека сите сме генијалци дома, но штом излезеш надвор од ателјето или од станот, има други фактори што ти укажуваат дека си само еден од многуте генијалци, со или без наводници. Дур се откриеш самиот себеси тогаш можеш да се наречеш уметник. Јас уште не се нарекувам уметник, треба да помине барем век, два, за историјата да проџвака да се види дали сум уметник“, кажа тој, вели Масин.

Мирослав Масин дипломирал на ФЛУ во Скопје во 1988 година. Зад себе има околу 40 самостојни и 200 групни изложби во: Македонија, Австрија, Данска, Франција, Бугарија, Турција, Италија, Чешка и Америка. Живее само од својата уметност, вели нема други приходи, а нема ниту стасус на слободен уметник.

Има живеачка ако ова си го работиш чесно. Кога си помлад кога почнуваш, нормално е дека е покомплексно. Сега некако полека ги надминувам баналните работи, вели уметникот кој поминал низ неколку креативни фази, но најпрепознатлив останал по мајмунот и во тоа време го свртел вниманието кон себе на француската културна јавност, како што истакна денес на пресот, директорката на НГ, проф.д-р Дита Старова Ќерими.

На изложбата во Даут пашин амам може да се погледнат над 150 дела на Масин, слики и објекти, од сите творечки фази и во сите техники, како што појасни денес кураторката на изложбата, Маја Чанкуловска-Михајловска.

Ќе бидеме сведоци на поделбата на очи, панделки, гради, усни, опашки, фрагменти кои имаат свое значење во процесот на трансформација: посебно усните насликани во стилизирана форма што потсетува на пеперутка или панделките кои се оној преоден знак за цивилизацискиот пресврт, сведување на телесните ликови/форми до фундаментални белези: клун, око, задник, стапало…Како и многу други сликари, Миро’ дошол во фаза кога не слика само на правоаголни платна, класично, туку на сѐ што има површини за сликање. Криви, овални, вдлабнати, испакнати… секакви. Еве, освен „нормални“ слики од циклусот „Enchante“, на изложбава ќе има и музички инструменти што се исправни и можат да свират, ама се осликани. Пијано, столица, дури и неговото сако на прес-конференцијата.

The post Младите автори треба да знаат дека треба многу работа, вели Масин пред отворањето на новата изложба „Подобро на гранка отколку заглавен во лифт“ appeared first on Република.

]]>

„Подобро на гранка отколку заглавен во лифт“ е насловот на изложбата на Мирослав Масин која утре (15 мај) во 20 часот ќе биде отворена во Даут-пашиниот амам во Скопје. Куратор на изложбата е Маја Чанкуловска-Михајловска, виш кустос во Националната галерија. За комплексното творештво на Мирослав Масин, таа вели дека наметнатите ограничувања и норми, пред сè општествени трансформации и насилни мерки на прилагодување и експериментална затвореност се отфрлаат и настанува еден жизнерадосен конгломерат на фрагментирани делови на телото кои врескаат во екстаза и радост.
Тоа, од своја страна, е резултат на прифаќањето на самата животна суштина на видот/родот и другоста одразена во сопствената различност. Со и наспроти сите претходни анализи и критики на еволуцијата и цивилизациските вредности, мајмуните (мајмуноликите предци) на Масин се восприемаат како одраз на авторската идеја на нивно доживување и претставување како симбол на слободата и прифаќање на себството – пишува Чанкуловска-Михајловска во текстот од каталогот.
Масин вели дека додека растел сознавал дека има многу други добри автори на кои само им дише во вратот.
Младите автори треба да знаат дека треба многу работа и дека сите сме генијалци дома, но штом излезеш надвор од ателјето или од станот, има други фактори што ти укажуваат дека си само еден од многуте генијалци, со или без наводници. Дур се откриеш самиот себеси тогаш можеш да се наречеш уметник. Јас уште не се нарекувам уметник, треба да помине барем век, два, за историјата да проџвака да се види дали сум уметник“, кажа тој, вели Масин.
Мирослав Масин дипломирал на ФЛУ во Скопје во 1988 година. Зад себе има околу 40 самостојни и 200 групни изложби во: Македонија, Австрија, Данска, Франција, Бугарија, Турција, Италија, Чешка и Америка. Живее само од својата уметност, вели нема други приходи, а нема ниту стасус на слободен уметник.
Има живеачка ако ова си го работиш чесно. Кога си помлад кога почнуваш, нормално е дека е покомплексно. Сега некако полека ги надминувам баналните работи, вели уметникот кој поминал низ неколку креативни фази, но најпрепознатлив останал по мајмунот и во тоа време го свртел вниманието кон себе на француската културна јавност, како што истакна денес на пресот, директорката на НГ, проф.д-р Дита Старова Ќерими.
На изложбата во Даут пашин амам може да се погледнат над 150 дела на Масин, слики и објекти, од сите творечки фази и во сите техники, како што појасни денес кураторката на изложбата, Маја Чанкуловска-Михајловска. Ќе бидеме сведоци на поделбата на очи, панделки, гради, усни, опашки, фрагменти кои имаат свое значење во процесот на трансформација: посебно усните насликани во стилизирана форма што потсетува на пеперутка или панделките кои се оној преоден знак за цивилизацискиот пресврт, сведување на телесните ликови/форми до фундаментални белези: клун, око, задник, стапало…Како и многу други сликари, Миро’ дошол во фаза кога не слика само на правоаголни платна, класично, туку на сѐ што има површини за сликање. Криви, овални, вдлабнати, испакнати… секакви. Еве, освен „нормални“ слики од циклусот „Enchante“, на изложбава ќе има и музички инструменти што се исправни и можат да свират, ама се осликани. Пијано, столица, дури и неговото сако на прес-конференцијата.

The post Младите автори треба да знаат дека треба многу работа, вели Масин пред отворањето на новата изложба „Подобро на гранка отколку заглавен во лифт“ appeared first on Република.

]]>
Изложба на Мирослав Масин во КИЦ Битола https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/izlozhba-na-miroslav-masin-vo-kits-bitola/ Tue, 28 Mar 2023 07:42:41 +0000 https://republika.mk/?p=624494

Културен и информативен центар - Битола и Меѓународната ликовна колонија „ДеНиро“ ја најавуваат изложбата на дела од ликовниот уметник Мирослав Масин, дел од приватната колекција „Филеви“.

Отворањето на изложбат е во четврток, на 30 март, во Офицерски дом - КИЦ Битола, во Кристална сала во 19 часот.

The post Изложба на Мирослав Масин во КИЦ Битола appeared first on Република.

]]>

Културен и информативен центар - Битола и Меѓународната ликовна колонија „ДеНиро“ ја најавуваат изложбата на дела од ликовниот уметник Мирослав Масин, дел од приватната колекција „Филеви“. Отворањето на изложбат е во четврток, на 30 март, во Офицерски дом - КИЦ Битола, во Кристална сала во 19 часот.

The post Изложба на Мирослав Масин во КИЦ Битола appeared first on Република.

]]>
Изложба на Мирослав Масин https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/izlozba-na-miroslav-masin/ Sat, 26 Nov 2022 07:36:40 +0000 https://republika.mk/?p=578418

Самостојната изложба на Мирослав Масин денеска ќе биде отворена во Галеријата „Ел Греко“.

Мирослав Масин уметничката кариера ја почнува повлијаен од експресионизмот на Петар Мазев, а под менторство на Димитар Кондовски, Родољуб Анастасов и Душан Перчинков. За нив, иако различни во пристапот, тој вели дека биле одлична комбинација и рамнотежа на ред, конзистентност, слобода и ерудитство. Уште од најраните уметнички инспирации се следат анималните тематики, а пред се птици, кои се провлекуваат низ целиот негов опус. Тие се мотив и за последната негова голема изложба во МАНУ, во 2019 година „Подобро на гранка, одошто заглавен во лифт“ пропратена со слоганот „Ќе летаат пердуви“, а се актуелни и во неговиот последен циклус цртежи, кој се изложува во галеријата „Ел Греко“.

Френетичниот и динамичен, но сигурен цртеж е постојано присутен во неговите дела како скелет, структура и база во неговите композиции. Вториот мошне значаен елемент во неговото творештво е и заситената, интензивна и експресивна боја која во овој циклус го нема приматот. Тука, таа е само монохроматски присутна, во еден тон, кој дава колористички акцент и симболична асоцијативност, информира Галеријата „Ел Греко“.

Најновиот циклус птици се одликува со едноставност, црно бел цртеж, репетитивен систем на пристап кон тематот, но различна „акцијата“ на линеарно обликуванaта птица. Трансформациите, асоцијациите и симболиката на ликовните елементи и концепцијата ја чинат композицијата во делата на Масин да биде динамична, концентрирана, надреална, експлозивна, забавна, потсмевлива, цинична.

Овојпат внимавајте, не летаат пердуви, „паѓаат јајца на око“!, се наведува во соопштението.

The post Изложба на Мирослав Масин appeared first on Република.

]]>

Самостојната изложба на Мирослав Масин денеска ќе биде отворена во Галеријата „Ел Греко“. Мирослав Масин уметничката кариера ја почнува повлијаен од експресионизмот на Петар Мазев, а под менторство на Димитар Кондовски, Родољуб Анастасов и Душан Перчинков. За нив, иако различни во пристапот, тој вели дека биле одлична комбинација и рамнотежа на ред, конзистентност, слобода и ерудитство. Уште од најраните уметнички инспирации се следат анималните тематики, а пред се птици, кои се провлекуваат низ целиот негов опус. Тие се мотив и за последната негова голема изложба во МАНУ, во 2019 година „Подобро на гранка, одошто заглавен во лифт“ пропратена со слоганот „Ќе летаат пердуви“, а се актуелни и во неговиот последен циклус цртежи, кој се изложува во галеријата „Ел Греко“.
Френетичниот и динамичен, но сигурен цртеж е постојано присутен во неговите дела како скелет, структура и база во неговите композиции. Вториот мошне значаен елемент во неговото творештво е и заситената, интензивна и експресивна боја која во овој циклус го нема приматот. Тука, таа е само монохроматски присутна, во еден тон, кој дава колористички акцент и симболична асоцијативност, информира Галеријата „Ел Греко“.
Најновиот циклус птици се одликува со едноставност, црно бел цртеж, репетитивен систем на пристап кон тематот, но различна „акцијата“ на линеарно обликуванaта птица. Трансформациите, асоцијациите и симболиката на ликовните елементи и концепцијата ја чинат композицијата во делата на Масин да биде динамична, концентрирана, надреална, експлозивна, забавна, потсмевлива, цинична.
Овојпат внимавајте, не летаат пердуви, „паѓаат јајца на око“!, се наведува во соопштението.

The post Изложба на Мирослав Масин appeared first on Република.

]]>
Самостојна изложба на Мирослав Масин во „Ел Греко“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/samostojna-izlozba-na-miroslav-masin-vo-el-greko/ Thu, 24 Nov 2022 07:58:24 +0000 https://republika.mk/?p=577574

Самостојна изложба на Мирослав Масин ќе биде отворена в сабота во Галеријата „Ел Греко“ во Скопје.

Мирослав Масин уметничката кариера ја започнува повлијаен од експресионизмот на Петар Мазев, а под менторство на Димитар Кондовски, Родољуб Анастасов и Душан Перчинков, за кои иако различни во пристапот, вели дека биле одлична комбинација и рамнотежа на ред, конзистентност, слобода и ерудитство. Уште од најраните уметнички инспирации се следат анималните тематики, а пред се птици, кои се провлекуваат низ целиот негов опус. Тие се мотив и за последната негова голема изложба во МАНУ, 2019 година „Подобро на гранка, одошто заглавен во лифт“ пропратена со слоганот „Ќе летаат пердуви“, а истите се актуелни и во неговиот последен циклус цртежи кој рецентно се изложува во галеријата „Ел Греко“.

Френетичниот и динамичен, но сигурен цртеж е постојано присутен во неговите дела како скелет, структура и база во неговите композиции. Вториот мошне значаен елемент во неговото творештво е и заситената, интензивна и експресивна боја која во овој циклус го нема приматот. Тука, таа е само монохроматски присутна, во еден тон, кој дава колористички акцент и симболична асоцијативност. Најновиот циклус птици се одликува со едноставност, црно бел цртеж, репетитивен систем на пристап кон тематот, но различна „акцијата“ на линеарно обликуванaта птица. Трансформациите, асоцијациите и симболиката на ликовните елементи и концепцијата ја чинат композицијата во делата на Масин да биде динамична, концентрирана, надреална, експлозивна, забавна, потсмевлива, цинична. Овојпат внимавајте, не летаат пердуви, „паѓаат јајца на око“!, велат од Галерија „Ел Греко“ за изложбата на Мирослав Масин.

The post Самостојна изложба на Мирослав Масин во „Ел Греко“ appeared first on Република.

]]>

Самостојна изложба на Мирослав Масин ќе биде отворена в сабота во Галеријата „Ел Греко“ во Скопје. Мирослав Масин уметничката кариера ја започнува повлијаен од експресионизмот на Петар Мазев, а под менторство на Димитар Кондовски, Родољуб Анастасов и Душан Перчинков, за кои иако различни во пристапот, вели дека биле одлична комбинација и рамнотежа на ред, конзистентност, слобода и ерудитство. Уште од најраните уметнички инспирации се следат анималните тематики, а пред се птици, кои се провлекуваат низ целиот негов опус. Тие се мотив и за последната негова голема изложба во МАНУ, 2019 година „Подобро на гранка, одошто заглавен во лифт“ пропратена со слоганот „Ќе летаат пердуви“, а истите се актуелни и во неговиот последен циклус цртежи кој рецентно се изложува во галеријата „Ел Греко“.