мирослав додик Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/miroslav-dodik/ За подобро да се разбереме Thu, 22 Feb 2024 17:08:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png мирослав додик Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/miroslav-dodik/ 32 32 Вучевиќ: Се врши притисок врз Белград и Вучиќ да ги дисциплинираат Бањалука и Додик https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vuchevik-se-vrshi-pritisok-vrz-belgrad-i-vuchik-da-gi-distsipliniraat-banaluka-i-dodik/ Thu, 22 Feb 2024 17:05:22 +0000 https://republika.mk/?p=747109

Министерот за одбрана и лидер на СНС, Милош Вучевиќ, изјави дека врз Белград и претседателот Александар Вучиќ постои притисок да ги „дисциплинираат“ Бањалука и претседателот на Република Српска Милорад Додик, јави дописникот на МИА од Белград.

Вучевиќ за Радио-телевизија на Република Српска (РТРС) изјави дека Србија ја почитува Босна и Херцеговина како пријателска соседна земја, составена од два еднакви ентитети и три конститутивни нации.

Според него, Белград, „за разлика од некои политички структури во Сараево“, многу јасно кажува дека го почитува територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина.

-Меѓутоа, политичката елита во Сараево не го почитува територијалниот интегритет на Србија, но тоа не може формално да го спроведе поради Република Српска и српскиот народ во Босна и Херцеговина во врска со прашањето за Косово и Метохија, изјави Вучевиќ.

Тој додаде дека Србија се грижи за опстанокот на Република Српска, и оцени дека сè она што исклучува еден народ и еден ентитет и „се што е наметнато“ не е добро за Босна и Херцеговина.

The post Вучевиќ: Се врши притисок врз Белград и Вучиќ да ги дисциплинираат Бањалука и Додик appeared first on Република.

]]>

Министерот за одбрана и лидер на СНС, Милош Вучевиќ, изјави дека врз Белград и претседателот Александар Вучиќ постои притисок да ги „дисциплинираат“ Бањалука и претседателот на Република Српска Милорад Додик, јави дописникот на МИА од Белград. Вучевиќ за Радио-телевизија на Република Српска (РТРС) изјави дека Србија ја почитува Босна и Херцеговина како пријателска соседна земја, составена од два еднакви ентитети и три конститутивни нации. Според него, Белград, „за разлика од некои политички структури во Сараево“, многу јасно кажува дека го почитува територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина.
-Меѓутоа, политичката елита во Сараево не го почитува територијалниот интегритет на Србија, но тоа не може формално да го спроведе поради Република Српска и српскиот народ во Босна и Херцеговина во врска со прашањето за Косово и Метохија, изјави Вучевиќ.
Тој додаде дека Србија се грижи за опстанокот на Република Српска, и оцени дека сè она што исклучува еден народ и еден ентитет и „се што е наметнато“ не е добро за Босна и Херцеговина.

The post Вучевиќ: Се врши притисок врз Белград и Вучиќ да ги дисциплинираат Бањалука и Додик appeared first on Република.

]]>
Додик: Не постои сила што може да го натера Србинот да сака некоја измислена Босна https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/dodik-ne-postoi-sila-shto-mozhe-da-go-natera-srbinot-da-saka-nekoja-izmislena-bosna/ Wed, 10 Jan 2024 20:18:07 +0000 https://republika.mk/?p=731739

Лидерот на босанските Срби, Милорад Додик, најави дека властите на Република Српска ќе ја продолжат досегашната политика и нема да попуштат пред никакви закани.

По низата осуди за одбележувањето на 9 јануари како Ден на РС, кое беше организирано и покрај пресудата на Уставниот суд на Босна и Херцеговина, кој одбележувањето на тој датум го прогласи за неуставно, Додик на социјалната мрежа Х рече дека сите вакви реакции за него и неговите соработници се само доказ дека се на вистинскиот пат.

„Ниту една закана што ја слушаме со години, дури и во овие денови на славење, никогаш нема да го смени тоа, тие само ја зајакнаа нашата верба дека тоа што го правиме е правилно. Нема сила што може да дојде и да го натера секој Србин да сака некоја фиктивна Босна“, напиша Додик.

https://twitter.com/MiloradDodik/status/1745061824448385183?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1745061824448385183%7Ctwgr%5Ef55fd2b1bb65e4dccb2f6f39dd31f7fab1aaa41b%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fopserver.mk%2Fbalkan%2Fdodik-ne-postoi-sila-shto-mozhe-da-go-natera-srbinot-da-saka-nekoja-izmislena-bosna%2F

The post Додик: Не постои сила што може да го натера Србинот да сака некоја измислена Босна appeared first on Република.

]]>

Лидерот на босанските Срби, Милорад Додик, најави дека властите на Република Српска ќе ја продолжат досегашната политика и нема да попуштат пред никакви закани. По низата осуди за одбележувањето на 9 јануари како Ден на РС, кое беше организирано и покрај пресудата на Уставниот суд на Босна и Херцеговина, кој одбележувањето на тој датум го прогласи за неуставно, Додик на социјалната мрежа Х рече дека сите вакви реакции за него и неговите соработници се само доказ дека се на вистинскиот пат.
„Ниту една закана што ја слушаме со години, дури и во овие денови на славење, никогаш нема да го смени тоа, тие само ја зајакнаа нашата верба дека тоа што го правиме е правилно. Нема сила што може да дојде и да го натера секој Србин да сака некоја фиктивна Босна“, напиша Додик.
https://twitter.com/MiloradDodik/status/1745061824448385183?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1745061824448385183%7Ctwgr%5Ef55fd2b1bb65e4dccb2f6f39dd31f7fab1aaa41b%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fopserver.mk%2Fbalkan%2Fdodik-ne-postoi-sila-shto-mozhe-da-go-natera-srbinot-da-saka-nekoja-izmislena-bosna%2F

The post Додик: Не постои сила што може да го натера Србинот да сака некоја измислена Босна appeared first on Република.

]]>
Додик се посериозно размислува за отцепување од Босна https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/dodik-se-poseriozno-razmisluva-za-ottsepuvane-od-bosna/ Fri, 14 Apr 2023 14:00:29 +0000 https://republika.mk/?p=630807

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик кој денес во Белград имаше средба со претседателот Александар Вучиќ, на која се разговараше за сите важни прашања на односите меѓу Србија и РС, изјави дека го почитува интегритетот на БиХ, но сериозно размислува за отцепување, ако не се почитуваат нивните права, јави дописникот на МИА од Белград.

Како што рече на прес конференцијата со Вучиќ, Додик го запознал со неговиот поглед на ситуацијата и односите како во Босна и Херцеговина, така и во однос на Република Српска и борбата и обидите на Република Српска да ги зачува своите права и обврски од Дејтонскиот договор и да тој ентитет „сериозно“ размислува за отцепување доколку не се почитуваат неговите уставни права.

- Сакаме да го почитуваме Уставот на БиХ, да го почитуваме Дејтонскиот договор, да го почитуваме интегритетот на БиХ, во ред, но и да ги почитуваме правата што РС несомнено и се дадени во Уставот, изјави Додик.

Тој посочи дека „ангажманот што го прави дел од западната политичка заедница и политичко Сараево“ води кон уште поголемо „деградирање на позицијата на РС“.

- Дојдовме до точка кога не можеме да го одложиме тоа прашање и наша одбрана е дека сериозно размислуваме да донесеме одлука за независност и отцепување на Република Српска, рече тој.

- Ситуацијата е оптоварена со постојани барања за демонтирање на уставната позиција на Република Српска. Тоа кулминираше со игнорантско, цинично и грубо барање да се постави имотот како проблем на ниво на БиХ за да тие го решават, посочи Додик и додаде дека поради блокадата на имотот, РС не е во можност да разговара со инвеститорите, а доведени во прашање се и концесиите што досега ги дале.

Српскиот претседател Вучиќ по средбата со Додик, изјави дека Србија „секогаш ќе го поддржува“ она што е договорено од трите конститутивни народи во БиХ.

- Претседателот Додик ме запозна со својот став за ситуацијата и односите во БиХ, со обидите на РС да ги зачува своите права и обврски од Дејтон. Во име на Србија, реков дека сметаме дека Дејтонскиот договор е суштина на функционирањето на БиХ и, се разбира, на РС, изјави Вучиќ на заедничката прес-конференција со Додик.

The post Додик се посериозно размислува за отцепување од Босна appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик кој денес во Белград имаше средба со претседателот Александар Вучиќ, на која се разговараше за сите важни прашања на односите меѓу Србија и РС, изјави дека го почитува интегритетот на БиХ, но сериозно размислува за отцепување, ако не се почитуваат нивните права, јави дописникот на МИА од Белград. Како што рече на прес конференцијата со Вучиќ, Додик го запознал со неговиот поглед на ситуацијата и односите како во Босна и Херцеговина, така и во однос на Република Српска и борбата и обидите на Република Српска да ги зачува своите права и обврски од Дејтонскиот договор и да тој ентитет „сериозно“ размислува за отцепување доколку не се почитуваат неговите уставни права. - Сакаме да го почитуваме Уставот на БиХ, да го почитуваме Дејтонскиот договор, да го почитуваме интегритетот на БиХ, во ред, но и да ги почитуваме правата што РС несомнено и се дадени во Уставот, изјави Додик. Тој посочи дека „ангажманот што го прави дел од западната политичка заедница и политичко Сараево“ води кон уште поголемо „деградирање на позицијата на РС“. - Дојдовме до точка кога не можеме да го одложиме тоа прашање и наша одбрана е дека сериозно размислуваме да донесеме одлука за независност и отцепување на Република Српска, рече тој.
- Ситуацијата е оптоварена со постојани барања за демонтирање на уставната позиција на Република Српска. Тоа кулминираше со игнорантско, цинично и грубо барање да се постави имотот како проблем на ниво на БиХ за да тие го решават, посочи Додик и додаде дека поради блокадата на имотот, РС не е во можност да разговара со инвеститорите, а доведени во прашање се и концесиите што досега ги дале.
Српскиот претседател Вучиќ по средбата со Додик, изјави дека Србија „секогаш ќе го поддржува“ она што е договорено од трите конститутивни народи во БиХ. - Претседателот Додик ме запозна со својот став за ситуацијата и односите во БиХ, со обидите на РС да ги зачува своите права и обврски од Дејтон. Во име на Србија, реков дека сметаме дека Дејтонскиот договор е суштина на функционирањето на БиХ и, се разбира, на РС, изјави Вучиќ на заедничката прес-конференција со Додик.

The post Додик се посериозно размислува за отцепување од Босна appeared first on Република.

]]>
Додик за „Заедницата на српски општини“ во Косово: Еден ден тоа ќе биде Република Српска https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/dodik-za-zaednitsata-na-srpski-opshtini-vo-kosovo-eden-den-toa-ke-bide-republika-srpska/ Wed, 25 Jan 2023 08:08:08 +0000 https://republika.mk/?p=600702

Претседателот на ентитетот Република Српска Милорад Додик, оцени дека претседателот на Србија Александар Вучиќ, успеал прашањето за Косово од губитничка позиција да го врати на дневен ред и во фокусот на интересот и нагласи дека Србите мора да бидат обединети за преговорите.

Она што мора да се има на ум е дека треба да се согледаат последиците што можевме да ги слушнеме за Косово, а тоа е дека европскиот пат ќе биде прекинат, дека инвестициите ќе бидат стопирани, повторно ќе се воведат визи. Тоа се сериозни последици, истакна Додик. Според него, последиците би можеле да ја променат економската, социјалната и геополитичката положба на Србите.

Тој, исто така, изјави дека заканите од Западот се зголемени, а позицијата на Германија е зајакната.

Германија, која е антисрпска на тој простор од Балканот. Секогаш била антисрпска, не беше рационална, реална и секогаш беше против Србите. Така е и во овој случај за Косово, оцени Додик.

Кога станува збор за „Заедницата на српските општини“, Додик забележува дека „добро е што зборуваат за Република Српска“, но, како што рече, Албанците честопати велат дека не сакаат Република Српска на територијата на Косово.

Многу е добро што велат така, бидејќи тоа еден ден ќе биде Република Српска. Го мислам тоа во суштинско значење. Ете, ќе се вика Заедница на српски општини, ќе има извршни функции на власт како што има РС, специјални односи со Србија како што има РС. Тоа ним им е проблем и тоа е целата приказна, заклучува Додик.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, синоќа изјави дека на средбата со меѓународната петорка му било кажано дека Србија мора да го прифати нивниот предлог за нормализација на односите со Косово, бидејќи во спротивно ќе се соочи со прекин на евроинтегративниот процес, запирање и повлекување на инвестициите и сите сеопфатни мерки кои ќе и нанесат голема штета на државата.

The post Додик за „Заедницата на српски општини“ во Косово: Еден ден тоа ќе биде Република Српска appeared first on Република.

Додик утре во Москва на средба со Путин https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/dodik-utre-vo-moskva-na-sredba-so-putin/ Mon, 19 Sep 2022 09:50:21 +0000 https://republika.mk/?p=552150

Српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик утре во Москва ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, потврди неговата советничка Ана Тришиќ-Бабиќ.

Тришиќ-Бабиќ изјави дека на средбата меѓу Путин и Додик „се очекуваат разговори за сериозни економски прашања“.

„Очекуваме да се разговара за сериозни економски прашања за кои денес зборуваат сите сериозни политичари, како да ја поминеме оваа зима, пролетта и следната зима“, изјави таа за Алтернативната телевизија на Бања Лука.

Според неа, претстојната средба во Москва е продолжение на разговорите што почнаа на Економскиот форум во Санкт Петербург на крајот на јуни.

„Една од темите на состанокот ќе биде енергетската ситуација и како Република Српска да помине што е можно подобро во сето ова што се случува. Веројатно ќе има и дискусија за тоа до каде сме стигнале со проектот за гасоводот од Србија до Република Српска“, додаде Тришиќ-Бабиќ.

Таа, исто така, рече дека Русија секогаш нагласува дека ја поддржува дејтонската Босна и Херцеговина во нејзините граници, почитувајќи ги трите конститутивни народи и два ентитета, како што е наведено и во Уставот на Босна и Херцеговина.

Додик патува за Москва на кр

The post Додик утре во Москва на средба со Путин appeared first on Република.

]]>

Српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик утре во Москва ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, потврди неговата советничка Ана Тришиќ-Бабиќ. Тришиќ-Бабиќ изјави дека на средбата меѓу Путин и Додик „се очекуваат разговори за сериозни економски прашања“. „Очекуваме да се разговара за сериозни економски прашања за кои денес зборуваат сите сериозни политичари, како да ја поминеме оваа зима, пролетта и следната зима“, изјави таа за Алтернативната телевизија на Бања Лука. Според неа, претстојната средба во Москва е продолжение на разговорите што почнаа на Економскиот форум во Санкт Петербург на крајот на јуни. „Една од темите на состанокот ќе биде енергетската ситуација и како Република Српска да помине што е можно подобро во сето ова што се случува. Веројатно ќе има и дискусија за тоа до каде сме стигнале со проектот за гасоводот од Србија до Република Српска“, додаде Тришиќ-Бабиќ. Таа, исто така, рече дека Русија секогаш нагласува дека ја поддржува дејтонската Босна и Херцеговина во нејзините граници, почитувајќи ги трите конститутивни народи и два ентитета, како што е наведено и во Уставот на Босна и Херцеговина. Додик патува за Москва на кр

The post Додик утре во Москва на средба со Путин appeared first on Република.

]]>
Додик на седница дознал дека Британија му вовела санкции, па бесот го истресол на опозицијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/dodik-na-sednica-doznal-deka-britanija-mu-vovela-sankcii-pa-besot-go-istresol-na-opozicijata/ Mon, 11 Apr 2022 18:40:24 +0000 https://republika.mk/?p=486993

Додека траела седницата на Народното собрание на Република Српска, Велика Британија известила за воведувањето на санкции за Милорад Додик и Жељко Цвијановиќ. Тоа видно го разлутило членот на Претседателството на БиХ кој веднаш бесот поради новиот развој на настаните го истресол на опозицијата во РС.

Веднаш по објавата за британските санкции за двајцата највисоки службеници од Република Српска, Милорад Додил излегол на говорницата во НСРС, ја прочитал пред сите веста за санкциите, а потоа тргнал на едно сложено наративно патување во кое многу често ги менувал темите и бил видно вознемирен.

Пред да ја прочита веста, рекол:

"Јас немам никаков имот во Велика Британија, а таму не сум бил 10 години".

После тоа мирно ја прочитал изјавата на британската министерка за надворешни работи Лиз Трас, која објаснила зошто му воведуваат санкции наведувајќи дека нејзините зборови се многу слични на оние кои за себе ги слуша од СДА.

Посебната можност за спектакл очигледно ја видел во тоа што во соопштението на британското министерство е напишано дека санкциите му се воведуваат на "лидерот на босанските Срби", поради што се завртел кон пратеникот на НСРС Сенад Братиќ и му рекол:

„Еве, ние сме босански Срби, а вие сте Бошњаци, се изборевте за таква меѓународна класификација“.

После тоа почнал да ја напаѓа опозицијата, удирал по говорницата, а променил и толку теми што било тешко да се следи.

„Три лица од врвот на ПДП имаат недвижнини во Лондон, ја немам“, порачал Додик и по уште неколку теми за кои немал причина да зборува на посебната седница, ја напуштил говорницата.

https://youtu.be/6XTn1ml3UsM

The post Додик на седница дознал дека Британија му вовела санкции, па бесот го истресол на опозицијата appeared first on Република.

]]>

Додека траела седницата на Народното собрание на Република Српска, Велика Британија известила за воведувањето на санкции за Милорад Додик и Жељко Цвијановиќ. Тоа видно го разлутило членот на Претседателството на БиХ кој веднаш бесот поради новиот развој на настаните го истресол на опозицијата во РС. Веднаш по објавата за британските санкции за двајцата највисоки службеници од Република Српска, Милорад Додил излегол на говорницата во НСРС, ја прочитал пред сите веста за санкциите, а потоа тргнал на едно сложено наративно патување во кое многу често ги менувал темите и бил видно вознемирен. Пред да ја прочита веста, рекол:
"Јас немам никаков имот во Велика Британија, а таму не сум бил 10 години".
После тоа мирно ја прочитал изјавата на британската министерка за надворешни работи Лиз Трас, која објаснила зошто му воведуваат санкции наведувајќи дека нејзините зборови се многу слични на оние кои за себе ги слуша од СДА. Посебната можност за спектакл очигледно ја видел во тоа што во соопштението на британското министерство е напишано дека санкциите му се воведуваат на "лидерот на босанските Срби", поради што се завртел кон пратеникот на НСРС Сенад Братиќ и му рекол:
„Еве, ние сме босански Срби, а вие сте Бошњаци, се изборевте за таква меѓународна класификација“.
После тоа почнал да ја напаѓа опозицијата, удирал по говорницата, а променил и толку теми што било тешко да се следи.
„Три лица од врвот на ПДП имаат недвижнини во Лондон, ја немам“, порачал Додик и по уште неколку теми за кои немал причина да зборува на посебната седница, ја напуштил говорницата.
https://youtu.be/6XTn1ml3UsM  

The post Додик на седница дознал дека Британија му вовела санкции, па бесот го истресол на опозицијата appeared first on Република.

]]>
Додик: Ситуацијата во Република Српска зависи од ситуацијата во БиХ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/dodik-situacijata-vo-republika-srpska-zavisi-od-situacijata-vo-bih/ Tue, 01 Feb 2022 11:41:07 +0000 https://republika.mk/?p=452406

Во пресрет на расправата во Народното собрание на Република Српска во Бања Лука, членот на претседателството на БиХ од овој ентитет, Милорад Додик изјави дека Република Српска е заинтересирана за политичката и економската состојба во БиХ.

Како што истакна Додик, од тоа, во голема мера зависи и состојбата во Република Српска.

За жал, од таа ситуација и лошите односи во БиХ зависи и ситуацијата во Република Српска, а тоа се одразува и на одредени наши функции - нагласи Додик.

Тој најави дека ќе разговараат како и на кој начин би можело да се реши политичката криза во БиХ.

Од друга страна, слушаме дека треба да се укине Република Српска, ги слушаме оние кои мислат дека БиХ нема шанси или оние кои мислат дека треба да се формира трет ентитет и дека покрај Република Српска и другите два народи треба да имаат свој ентитет. БиХ е составена и од Република Српска и ние во неа го внесуваме нашиот суверенитет и нашите права. Ние од Република Српска не ја гледаме БиХ како унитарна и централизирана држава - порача Додик.

За денеска во Бања Лука е закажана посебна седница на Народното собрание на Република Српска (НАРС) на која ќе се расправа за „Политичката и економската состојба во БиХ“, а во документот доставен до пратениците се посочува дека политичката криза во институционалното функционирање на БиХ може да се надмине само со постојани и истрајни разговори.

The post Додик: Ситуацијата во Република Српска зависи од ситуацијата во БиХ appeared first on Република.

]]>

Во пресрет на расправата во Народното собрание на Република Српска во Бања Лука, членот на претседателството на БиХ од овој ентитет, Милорад Додик изјави дека Република Српска е заинтересирана за политичката и економската состојба во БиХ. Како што истакна Додик, од тоа, во голема мера зависи и состојбата во Република Српска.