мирко попов Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mirko-popov/ За подобро да се разбереме Mon, 18 Nov 2024 13:47:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png мирко попов Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mirko-popov/ 32 32 МНТ ја најавува премиерата на „12“ на режисерот Синиша Евтимов на 20 ноември, со моќна машка актерска екипа, претставата е посветена на Мирко Попов https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/mnt-ja-najavuva-premierata-na-12-na-rezhiserot-sinisha-evtimov-na-20-noemvri-so-mokna-mashka-akterska-ekipa-pretstavata-e-posvetena-na-mirko-popov/ Mon, 18 Nov 2024 13:46:05 +0000 https://republika.mk/?p=839206

На големата сцена на Македонскиот народен театар (МНТ) в среда, на 20 ноември е закажана премиерата на претставата „12“ во режија и адаптација на Синиша Евтимов, работена по мотивите на филмот „12 Angry Men“ од Реџиналд Роуз.

Претпремиерата, премиерата и следните две изведби на 21 и 22 ноември се распродадени, а како што велат од Нациналниот театар, се купуваат билети за мај.

Претставата е наменета за возрасна категорија 16+. Посветена на прерано починатиот, наш соработник и пред сѐ голем пријател, Мирко Попов, соопштија од МНТ.

Евтимов ја обедини моќната машка актерска екипа: Ѓорѓи Јолевски, Гораст Цветковски, Тони Михајловски, Никола Ристановски, Благој Веселинов, Александар Микиќ, Игор Џамбазов, Јордан Симонов, Сенко Велинов, Оливер Митковски, Владо Јовановски и Сашко Коцев. Во претставата игра Тања Ивановска (Судија).

Приказната ја следи поротата од 12 луѓе додека размислуваат дали да осудат или да ослободат 18-годишен обвинет врз основа на разумно сомневање, принудувајќи ги поротниците да ги испитаат сопствените морални вредности.

Одбраната и обвинителството ја завршиле својата работа, а поротата е испратена во посебна просторија за да одлучи дали младиот човек е одговорен за убиството на сопствениот татко. Она што изгледа како лесна одлука, наскоро станува бура од емоции во која на виделина излегуваат сите мани и предрасуди на поротниците. Единствениот кој се противи на смртната казна и се сомнева во доказите што ги изнесува обвинителството е поротникот број 8.

Асистент на режисерот е Борјан Стојков, костимограф е Александар Ношпал, сценограф и дизајнер на светлото - Мартин Манев, а музиката е на ПМГ Колектив.

Евтимов е театарски режисер чии претстави се едни од најгледаните на домашната сцена. Во моментов во МНТ се уште се играат неговите „Мој термин“ (2019) и „Не се клади на Енглези“ (2014), а негови се уште и „Сомнително лица“ и „Кој се плаши од Вирџинија Вулф“. Работи и во Театар Комедија („Илуминати“, „Ало, ало“, „Стјуардеси“, „Вардарски пастуви“, „Чао пријатно“, „Жена ми се вика Борис“), а соработува и во струмичкиот театар „Антон Панов“ каде што ја постави „Стилист“, во велешкиот „Четири соби“, во Турскиот „Кројач за дами“.

Мирко Попов беше негов соработник во ПМГ колектив, кој почина на 51-годишна возраст на 24 март годинава. Тој беше еден од пионерите на електронската сцена во Македонија.

The post МНТ ја најавува премиерата на „12“ на режисерот Синиша Евтимов на 20 ноември, со моќна машка актерска екипа, претставата е посветена на Мирко Попов appeared first on Република.

]]>

На големата сцена на Македонскиот народен театар (МНТ) в среда, на 20 ноември е закажана премиерата на претставата „12“ во режија и адаптација на Синиша Евтимов, работена по мотивите на филмот „12 Angry Men“ од Реџиналд Роуз. Претпремиерата, премиерата и следните две изведби на 21 и 22 ноември се распродадени, а како што велат од Нациналниот театар, се купуваат билети за мај.
Претставата е наменета за возрасна категорија 16+. Посветена на прерано починатиот, наш соработник и пред сѐ голем пријател, Мирко Попов, соопштија од МНТ.
Евтимов ја обедини моќната машка актерска екипа: Ѓорѓи Јолевски, Гораст Цветковски, Тони Михајловски, Никола Ристановски, Благој Веселинов, Александар Микиќ, Игор Џамбазов, Јордан Симонов, Сенко Велинов, Оливер Митковски, Владо Јовановски и Сашко Коцев. Во претставата игра Тања Ивановска (Судија). Приказната ја следи поротата од 12 луѓе додека размислуваат дали да осудат или да ослободат 18-годишен обвинет врз основа на разумно сомневање, принудувајќи ги поротниците да ги испитаат сопствените морални вредности. Одбраната и обвинителството ја завршиле својата работа, а поротата е испратена во посебна просторија за да одлучи дали младиот човек е одговорен за убиството на сопствениот татко. Она што изгледа како лесна одлука, наскоро станува бура од емоции во која на виделина излегуваат сите мани и предрасуди на поротниците. Единствениот кој се противи на смртната казна и се сомнева во доказите што ги изнесува обвинителството е поротникот број 8. Асистент на режисерот е Борјан Стојков, костимограф е Александар Ношпал, сценограф и дизајнер на светлото - Мартин Манев, а музиката е на ПМГ Колектив. Евтимов е театарски режисер чии претстави се едни од најгледаните на домашната сцена. Во моментов во МНТ се уште се играат неговите „Мој термин“ (2019) и „Не се клади на Енглези“ (2014), а негови се уште и „Сомнително лица“ и „Кој се плаши од Вирџинија Вулф“. Работи и во Театар Комедија („Илуминати“, „Ало, ало“, „Стјуардеси“, „Вардарски пастуви“, „Чао пријатно“, „Жена ми се вика Борис“), а соработува и во струмичкиот театар „Антон Панов“ каде што ја постави „Стилист“, во велешкиот „Четири соби“, во Турскиот „Кројач за дами“. Мирко Попов беше негов соработник во ПМГ колектив, кој почина на 51-годишна возраст на 24 март годинава. Тој беше еден од пионерите на електронската сцена во Македонија.  

The post МНТ ја најавува премиерата на „12“ на режисерот Синиша Евтимов на 20 ноември, со моќна машка актерска екипа, претставата е посветена на Мирко Попов appeared first on Република.

]]>
За проектот „Распеани Валандовчани“ Општина Валандово постхумно му додели признание на Мирко Попов https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/za-proektot-raspeani-valandovchani-opshtina-valandovo-posthumno-mu-dodeli-priznanie-na-mirko-popov/ Thu, 07 Nov 2024 09:14:02 +0000 https://republika.mk/?p=835019

Вчеравечер, во преполната сала на Домот на културата „25 Мај“ во Валандово во рамки на церемонијата по повод „Денот на општината“, највисокото општинско признание „6 ноември“ за оваа година беше постхумно доделено на Мирко Попов.

„Општина Валандово има чест највисоката општинска награда „6 ноември“ годинава постхумно да ја додели на Мирко Попов. Одлука, која Советот на општината едногласно ја донесе. Неговата иницијатива за снимање и издавање македонска музика во изведба на ансамблот „Распеани Валандовчани“ претставува уште еден во низата придонеси за афирмација на македонскиот идентитет. Уште повеќе што го става во фокус културното наследство на Валандово, преточено во музиката. Овој проект кој го започна Попов, ќе го реализираме заедно со неговите соработници и со поддршка на општината“, изјави Перо Костадинов, градоначалник на Општина Валандово.

Претседателот на Советот на општината, Владимир Марков и ја врачи наградата на Виолета Качакова, долгогодишна партнерка и соработничка на Мирко Попов.

Прогресивната мисла и визија за поквалитетен живот во нашата земја, Мирко Попов неуморно ја градеше преку продуцирање, издавање и промовирање автохтона македонска музика, вткаена во творештвото на различни генерации автори и изведувачи. Во овој контекст ќе биде запишано и изданието на ансамблот „Распеани Валандовчани“ продуцирано во соработка со Владан Дробицки. Куриозитет е дека музичкиот запис ќе излезе на винил, кој се смета за најквалитетниот и најценет носач на звук во светот на музиката. „Распеани Валандовчани“ ќе биде 14то по ред винил издание на македонска музика, како резултат на работата на Мирко Попов и неговите соработници“, изјави Качакова.

Трајниот аудио запис на музика изведена од ансамблот „Распеани Валандовчани“ ќе се надоврзе во низата од 300 изданија македонска музика, како дел од работата на Попов. Овој музички проект, воспоставува и историска врска со семејното потекло на скопјанецот Мирко Попов. Неговиот дедо-истоименик Мирко Попов, кој потекнува од Валандово, бил еден од најпочитуваните граѓани и јавни личности, кој со својата работа придонел во општествениот и културен развој на општината.

Ансамблот „Распеани Валандовчани“ е основан во 1973 година. Неговиот прв и досега единствен музички запис на винил е од 1974 година, издаден за Радио-Телевизија Белград. По точно 50 години, ансамблот со рецентниот состав ќе добие ново винил издание за македонски издавач, благодарение на иницијативата на Мирко Попов и соработката со „Распеани Валандовчани“ и Општина Валандово. Винилот ќе излезе за „ПМГ Џез“ во продукција на Здружението за развој на музика и култура „Крај Вардарот“.

The post За проектот „Распеани Валандовчани“ Општина Валандово постхумно му додели признание на Мирко Попов appeared first on Република.

Фестивалот АКТО ја продолжува мисијата на Мирко Попов за афирмација на младата македонска музика https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/festivalot-akto-ja-prodolzhuva-misijata-na-mirko-popov-za-afirmatsija-na-mladata-makedonska-muzika/ Sat, 13 Apr 2024 14:31:58 +0000 https://republika.mk/?p=765719

Фестивалот АКТО 19, ги продолжува своите активности денеска во Битола со целодневен музички настан, „Градот ме тера да пеам“, со што се промовира македонската музичка сцена, млади и талентирани автори и изведувачи, чии квалитет и творештво е јадрото на домашната современа урбана култура.

Во претпладневната програма, беше промовирана винил компилацијата, „Поп култура“, посветена на современата поп продукција од млади македонски музичари, издание кое е реализирано во соработка со платформата „Силата ЕУ младите“, и опфаќа песни од најрепрезентативните млади автори на македонската поп музичка сцена.

Промоцијата ја проследи министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, во чиј програмски приоритети се младите. За неа, “Градот ме тера да пеам“ е извор за креативност и промотор на македонската уметност и култура.

Министерката за култура го поздрави настанот со кој урбаната култура му оддава почит на Мирко Попов, зашто како што вели организаторот, „Градот ме тера да пеам“ е песна на Попов и ПМГ Колектив, име на јубилејното 200-то издание на ПМГ Рекордингс-компилација и е една од бројните програми  на Мирко за промоција на македонската музика, реализирани во соработка со пријателите од Битола и со фестивалот АКТО, како долгогодишен придвижувач на современата мисла, уметност и култура.

Вечерната програма од настанот кој е во рамки на проектот „Јавни простори во движење (кон) II“,  започнува од 22 часот, а се состои од концертни настапи на младата генерација музичари и диџеи.

The post Фестивалот АКТО ја продолжува мисијата на Мирко Попов за афирмација на младата македонска музика appeared first on Република.

]]>

Фестивалот АКТО 19, ги продолжува своите активности денеска во Битола со целодневен музички настан, „Градот ме тера да пеам“, со што се промовира македонската музичка сцена, млади и талентирани автори и изведувачи, чии квалитет и творештво е јадрото на домашната современа урбана култура. Во претпладневната програма, беше промовирана винил компилацијата, „Поп култура“, посветена на современата поп продукција од млади македонски музичари, издание кое е реализирано во соработка со платформата „Силата ЕУ младите“, и опфаќа песни од најрепрезентативните млади автори на македонската поп музичка сцена. Промоцијата ја проследи министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, во чиј програмски приоритети се младите. За неа, “Градот ме тера да пеам“ е извор за креативност и промотор на македонската уметност и култура. Министерката за култура го поздрави настанот со кој урбаната култура му оддава почит на Мирко Попов, зашто како што вели организаторот, „Градот ме тера да пеам“ е песна на Попов и ПМГ Колектив, име на јубилејното 200-то издание на ПМГ Рекордингс-компилација и е една од бројните програми  на Мирко за промоција на македонската музика, реализирани во соработка со пријателите од Битола и со фестивалот АКТО, како долгогодишен придвижувач на современата мисла, уметност и култура. Вечерната програма од настанот кој е во рамки на проектот „Јавни простори во движење (кон) II“,  започнува од 22 часот, а се состои од концертни настапи на младата генерација музичари и диџеи.

The post Фестивалот АКТО ја продолжува мисијата на Мирко Попов за афирмација на младата македонска музика appeared first on Република.

]]>
Петтото издание на Фестивалот „Крај Вардарот Џез“ во чест на Мирко Попов https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/pettoto-izdanie-na-festivalot-kraj-vardarot-dhez-vo-chest-na-mirko-popov/ Thu, 11 Apr 2024 08:13:25 +0000 https://republika.mk/?p=764818

Од 20 до 27 април ќе се одржи петтото издание на „Крај Вардарот Џез“. Фестивал кој произлезе од големата љубов, визионерство и посветена работа на Мирко Попов и Владан Дробицки за интегрирање автори и изведувачи од македонската музичка сцена во сферата на џез, светска и современа музика. Годинашното фестивалско издание нуди исклучителна програма на македонска авторска музика селектирана од Попов и Дробицки, која излегува од границите на музичките жанрови, спојувајќи џез, електроника и современа музика.

„Крај Вардарот Џез Фестивал 2024“ се реализира во чест на Мирко Попов. Визионер, иницијатор, куратор и организатор на фестивалот и целокупната музичка дејност поврзана со работата на „ПМГ Џез“, сублејбл за џез и светска музика на матичната дискографска куќа „ПМГ Рекордингс“. „ПМГ Џез“ зад себе има 46 изданија македонска музика.

Со голема жар и посветеност Попов и Дробицки работеа на програмата на годинашниот фестивал, чија реализација не успеа да ја дочека. Во негова чест, тимот на „Крај Вардарот Џез Фестивал“, со истиот ентузијазам и посветеност го реализира ова фестивалско издание. Симболично како во легендата за настанувањето на градот Скопје „Големата камена глава“ и соколот кој ги чувал луѓето во градот се додека нивната душа не стане посилна од силата на Љубомор за да го победат со сложност, Мирко Попов е соколот на Скопје. Како и во песната „Море сокол пие, Вода на Вардаро… !” која беше инспирација за името на фестивалот.

Програмата се состои од три вечери, кои ќе се реализираат во Македонската филхармонија и во едукативниот културен центар Лабораториум.

На 20 април во едукативниот културен центар Лабораториум во 21 часот ќе настапат „Cobalt Code Unit“. Фракција од четири млади музички аскети, кои неуморно талкаат низ пространствата на јужнобалканските традиции на импровизирана и ритуална музика, контемплирајќи ги хоризонтите на современиот џез, креативната слободна импровизација, психоделичните импресии на африканските ритмички јазици и бучавата на индустрискиот метеж. Имаат издадено два албуми „Rural“ и „Soilwork“ и еден видео албум „The Yadro Concert“.

На 23 април во Македонската филхамонија, во 20 часот публиката ќе го проследи музичко-поетскиот проект „Мирисот на липите“ на Дуња Иванова со концерт на пијано и Тина Иванова, како автор на текст и наратор на приказна за липите на „Орце Николов“, панкот од гаражите на „Плочник“, дружбите во дворот на „Песталоци“, графитите на Кеј, паркот на Горан Стефановски, кафеаната „Наџак“... Ќе бидат изведени композицијата „Свита за Скопје“ од македонската композиторка Ана Пандевска и песната „Ние сме од Скопје“ на Мирко Попов, чиј аранжман за пијано го направи Пандевска. Како 44 издание за ПМГ Џез е албумот во живо од концерт на пијано на Иванова на музика од Пандевска, реализиран во рамки на програмата “Крај Вардарот Сесии во Аудиокултура“.

Веднаш потоа во 21 часот следи концерт на Биг Бенд - музика на Кире Костов. Концерт посветен на еден од стожерите на современата џез композиција, преку интерпретација на негови избрани дела во современ аранжман од Биг Бендот под диригентската палка на Љупчо Мирковски. Кире Костов е едно од најзначајните имиња во современата џез музика, чија работа опфаќа бројни ангажмани и дела, меѓу кои: солист и диригент на Танцовиот оркестар на РТВ Скопје, наградуван трубач во Југославија, претставник во Биг бендот на Европската радиодифузија, автор на педесетина композиции во оркестарска изведба од областа на џезот и 300 песни во популарната музика и реализатор на сите изданија на Скопскиот фестивал.

На 27 април во Лабораториум, вечерта ќе започне со концерт на „Macedonian Free Society“. Нов креативен, (о)слободен, инспиративен, а во исто време предизвикувачки израз и соработка помеѓу извонредни автори и инструменталисти, кои ја исцртуваат новата историја на македонската џез музика, во состав: Филип Букршлиев, Дени Омерагиќ, Нинослав Спировски, Владан Дробицки, Васко Бојаџиски, Гоце Наумов, Глигор Кондовски и Благојче Томевски. Месецов за „ПМГ Џез“, како 46 издание, излезе и првиот албум на „Macedonian Free Society“.

Во 22 часот ќе започне настапот на „Поетроника“. Еден од највозбудливите музички проекти кој го иновира начинот на изведба на современа македонска поезија во форма на поетско-музички перформанс. Модерен и динамичен поглед врз македонската поезија интерпретирана од Оливер Митковски, еден од најголемите актери од средната генерација во придружба на современа електронска музика во авторство и изведба на Андреја Ристески-Салпе. Поетроника фрла ново светло на стиховите од Ацо Караманов, Гого Ивановски, Славко Јаневски, Игор Исаковски, па се до Горан Петрески, Владимир Лукаш, Оливера Ќорвезироска и Ѓоко Здравески.

Крај Вардарот Џез Фестивал 2024 е поддржан од Министерство за култура на Р.Македонија и се реализира во соработка со Македонска филхармонија и едукативниот културен центар Лабораториум. Концертниот настап „Мирисот на липите“ се реализира со поддршка на општина Центар. Онлајн продажбата на билети е достапна преку bileti.mk. Блок билети за 23 и 27 април се по цена од 600 денари и поединечен билет 400 денари. Програмата за 20 април е бесплатна.

The post Петтото издание на Фестивалот „Крај Вардарот Џез“ во чест на Мирко Попов appeared first on Република.

]]>

Од 20 до 27 април ќе се одржи петтото издание на „Крај Вардарот Џез“. Фестивал кој произлезе од големата љубов, визионерство и посветена работа на Мирко Попов и Владан Дробицки за интегрирање автори и изведувачи од македонската музичка сцена во сферата на џез, светска и современа музика. Годинашното фестивалско издание нуди исклучителна програма на македонска авторска музика селектирана од Попов и Дробицки, која излегува од границите на музичките жанрови, спојувајќи џез, електроника и современа музика. „Крај Вардарот Џез Фестивал 2024“ се реализира во чест на Мирко Попов. Визионер, иницијатор, куратор и организатор на фестивалот и целокупната музичка дејност поврзана со работата на „ПМГ Џез“, сублејбл за џез и светска музика на матичната дискографска куќа „ПМГ Рекордингс“. „ПМГ Џез“ зад себе има 46 изданија македонска музика. Со голема жар и посветеност Попов и Дробицки работеа на програмата на годинашниот фестивал, чија реализација не успеа да ја дочека. Во негова чест, тимот на „Крај Вардарот Џез Фестивал“, со истиот ентузијазам и посветеност го реализира ова фестивалско издание. Симболично како во легендата за настанувањето на градот Скопје „Големата камена глава“ и соколот кој ги чувал луѓето во градот се додека нивната душа не стане посилна од силата на Љубомор за да го победат со сложност, Мирко Попов е соколот на Скопје. Како и во песната „Море сокол пие, Вода на Вардаро… !” која беше инспирација за името на фестивалот. Програмата се состои од три вечери, кои ќе се реализираат во Македонската филхармонија и во едукативниот културен центар Лабораториум. На 20 април во едукативниот културен центар Лабораториум во 21 часот ќе настапат „Cobalt Code Unit“. Фракција од четири млади музички аскети, кои неуморно талкаат низ пространствата на јужнобалканските традиции на импровизирана и ритуална музика, контемплирајќи ги хоризонтите на современиот џез, креативната слободна импровизација, психоделичните импресии на африканските ритмички јазици и бучавата на индустрискиот метеж. Имаат издадено два албуми „Rural“ и „Soilwork“ и еден видео албум „The Yadro Concert“. На 23 април во Македонската филхамонија, во 20 часот публиката ќе го проследи музичко-поетскиот проект „Мирисот на липите“ на Дуња Иванова со концерт на пијано и Тина Иванова, како автор на текст и наратор на приказна за липите на „Орце Николов“, панкот од гаражите на „Плочник“, дружбите во дворот на „Песталоци“, графитите на Кеј, паркот на Горан Стефановски, кафеаната „Наџак“... Ќе бидат изведени композицијата „Свита за Скопје“ од македонската композиторка Ана Пандевска и песната „Ние сме од Скопје“ на Мирко Попов, чиј аранжман за пијано го направи Пандевска. Како 44 издание за ПМГ Џез е албумот во живо од концерт на пијано на Иванова на музика од Пандевска, реализиран во рамки на програмата “Крај Вардарот Сесии во Аудиокултура“. Веднаш потоа во 21 часот следи концерт на Биг Бенд - музика на Кире Костов. Концерт посветен на еден од стожерите на современата џез композиција, преку интерпретација на негови избрани дела во современ аранжман од Биг Бендот под диригентската палка на Љупчо Мирковски. Кире Костов е едно од најзначајните имиња во современата џез музика, чија работа опфаќа бројни ангажмани и дела, меѓу кои: солист и диригент на Танцовиот оркестар на РТВ Скопје, наградуван трубач во Југославија, претставник во Биг бендот на Европската радиодифузија, автор на педесетина композиции во оркестарска изведба од областа на џезот и 300 песни во популарната музика и реализатор на сите изданија на Скопскиот фестивал. На 27 април во Лабораториум, вечерта ќе започне со концерт на „Macedonian Free Society“. Нов креативен, (о)слободен, инспиративен, а во исто време предизвикувачки израз и соработка помеѓу извонредни автори и инструменталисти, кои ја исцртуваат новата историја на македонската џез музика, во состав: Филип Букршлиев, Дени Омерагиќ, Нинослав Спировски, Владан Дробицки, Васко Бојаџиски, Гоце Наумов, Глигор Кондовски и Благојче Томевски. Месецов за „ПМГ Џез“, како 46 издание, излезе и првиот албум на „Macedonian Free Society“. Во 22 часот ќе започне настапот на „Поетроника“. Еден од највозбудливите музички проекти кој го иновира начинот на изведба на современа македонска поезија во форма на поетско-музички перформанс. Модерен и динамичен поглед врз македонската поезија интерпретирана од Оливер Митковски, еден од најголемите актери од средната генерација во придружба на современа електронска музика во авторство и изведба на Андреја Ристески-Салпе. Поетроника фрла ново светло на стиховите од Ацо Караманов, Гого Ивановски, Славко Јаневски, Игор Исаковски, па се до Горан Петрески, Владимир Лукаш, Оливера Ќорвезироска и Ѓоко Здравески. Крај Вардарот Џез Фестивал 2024 е поддржан од Министерство за култура на Р.Македонија и се реализира во соработка со Македонска филхармонија и едукативниот културен центар Лабораториум. Концертниот настап „Мирисот на липите“ се реализира со поддршка на општина Центар. Онлајн продажбата на билети е достапна преку bileti.mk. Блок билети за 23 и 27 април се по цена од 600 денари и поединечен билет 400 денари. Програмата за 20 април е бесплатна.  

The post Петтото издание на Фестивалот „Крај Вардарот Џез“ во чест на Мирко Попов appeared first on Република.

]]>
Да продолжиме да го менуваме светот како тој што го менуваше, рече писателката Билјана Црвенковска на комеморацијата за Мирко Попов https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/da-prodolzhime-da-go-menuvame-svetot-kako-toj-shto-go-menuvashe-reche-pisatelkata-biljana-tsrvenkovska-na-komemoratsijata-za-mirko-popov/ Fri, 05 Apr 2024 14:07:26 +0000 https://republika.mk/?p=762685

Животот на Мирко нема почеток и крај. Во темелите на секоја зграда, во секој клуб, институција, плочник, во секој од малкуте останати скопски паркови стои името на овој човек. Мирко во се што правеше ги менуваше работите. Тој беше голем оптимист, никогаш не се откажуваше и секогаш велеше да не стануваме конформисти. Да продолжиме да го менуваме светот како тој што го менуваше.

Со овие пораки, последен поздрав на денешната комеморација што се одржа во Скопје упатија колеги и пријатели на еден од најпознатите македонски автори и продуценти на електронска музика, Мирко Попов, кој почина минатата недела на 51 година.

Филип Николовски од МКЦ за време на комеморацијата посочи дека животот на Мирко зборува за минатото, тлее овде и сега во сегашноста и останува тука за да ни ја просветли иднината - иднина, за која останува да се надеваме дека ни носи љубов и неизмерна желба за подобар и посреќен живот, кон кој тој целеше.

Со Мирко делевме многу заендички интереси и љубови - Арсенал, Вардар, култура, нашето МКЦ и секако вечната љубов кон градот во кој израснавме. Вечната љубов кон Скопје. Градот во кој започна да твори, да се развива, да напредува, едноставно, да стане подобар. Во темелите на секоја зграда, во секој клуб, институција, плочник, во секој од малкуте останати скопски паркови, стои врежано името на овој човек. Се чини дека тој постигнуваше да стигне секаде. Енергијата која зрачеше од него беше невозможно да не те обземе, да не те прими да се приклучиш во следната мисија која што тој ја замислил, рече Николовски.

Како што потенцираше, Мирко Попов е „Галебот“ од Џонатан Ливингстон на македонската современа култура. Мирко Попов е човекот кој веруваше дека секогаш може подобро и повеќе.

Луѓе кои зад себе оставиле толкаво културно наследство, луѓе од ваков ков, не умираат. Едноставно, тие не можат да умрат. Тој ги остави неговите дела за ние тука да учиме, да се забавуваме, додека тој настапува во живо на некоја небеска локација, пред некоја нова разиграна публика, порача Николовски.

Писателката Билјана Црвенковска појасни дека Мирко беше голем оптимист, кој никогаш не се откажувал и секогаш продолжувал да се бори.

Мирко за мене е големиот дел од моето детство и целата моја младост. Мирко се сите книги и стрипови што сме ги читале заедно во средно школо. Мирко е човек кој што влијаеше на мојот музички вкус и на тоа што го слушам јас во целиот мој живот, од кога се запознавме. Мирко е сите журки, сите концерти, сите бендови што сме ги слушале заради него кои ги донел, сите диџеи кои ги донел, сите „афтери“ и сите муабети од утро до мрак и обратно. Мирко е не само Скопје, не е само МКЦ, не е само ПМГ, Мирко за мене е Охрид и сите лета што сме ги поминале заедно во Охрид. Мирко е книгата „Розевата планета“, додаде Црвенковска.

Таа појасни дека Мирко во се што правеше ги менуваше работите. Како што рече, Мирко се што правеше останува како наследство за младите луѓе и генерации кои ќе дојдат и ќе продолжат да се борат.

Да продолжиме да го менуваме светот како тој што го менуваше, рече Црвенковска.

Музичарот Александар Гавровски на комеморацијата рече дека ентузијазмот на Мирко ќе му недостасува на Скопје и на Македонија.

Комеморација на Мирко Попов: Оптимист кој веруваше дека секогаш може подобро и повеќе

Мирко е постар брат на сите млади талентирани музички деца и фанатици како мене. Фасциниран што постоиме, отвора врата кај него дома и ти вика „Еве земи, се што имам јас имаш и ти.“ Мнозинството воопшто не беше свесно за оваа негова топла, човечна страна. Како автор реално беше игнориран од мнозинството, но и од скопската критичка маса која баш не беше свесна дека тој е автор на над сто композиции за ПМГ колектив. Како и да е, мнозинството него едноставно не можеше да го игнорира. Сигурен сум дека ќе недостасува неговата неуморна потрага по новите талентирани деца на кои ќе им отвори врата и ќе им каже „Се што имам јас имаш и ти“, рече Гавровски.

На комеморацијата, Синиша Ефтимов зборувајќи за постигнувањата на Мирко, уште еднаш подвлече дека тој е еден од највлијателните и најуспешните скопски музичари, композитори, текстописци, ди џеј издавачи и продуценти.

Тој потсети дека апетитите на Мирко за промовирање на македонската современа музика земаат замав уште во 1998 година, кога ја формирал ПМГ Рекордингс, дискографска куќа која ја регистрираше и промовираше квалитетната музика на новото време, славејќи ја современата култура и исправајќи историски грешки и неправди нанесени на македонската музика од блиското минато.

Комеморација на Мирко Попов: Оптимист кој веруваше дека секогаш може подобро и повеќе

ПМГ Рекордингс денес е водечка независна дискографска куќа во земјата со над седумдесет изданија. -Мирко Попов како диџеј доби можност да настапува низ регионот на повеќе атрактивни, европски, клубски дестинации и да како ретко кој Македонец во историјата го стави Скопје на европската релевантна музичка мапа, рече Ефтимов.

За време на комеморацијата беа пуштени и видеа снимки од обраќањата на неговите колеги од регионот, кои упатија последен поздрав до Мирко.

Мирко Попов е роден во 1972 година во Скопје. Тој во 2003 година го формираше бендот „ПМГ Колектив“, каде беше автор на музика и текстови и вокалист. Првиот професионален ангажман како диџеј го добил во 1992, а истата година доби простор во култното скопско музичко радио „Канал 103“. Од 2008 до 2010 бил главен и одговорен уредник на „Канал 103“. Има издадено албум и неколку миниизданија и реализирано концерти со водечкиот македонски џез состав „Сетстет“. Од 2020 продуцираше, издаваше и настапуваше и како соло артист под името „Мирко Попов квартет“. Автор е на повеќе книги, а заедно со музичарот Владан Дробицки беше идеен творец на џез фестивалот „Крај Вардарот џез“.

The post Да продолжиме да го менуваме светот како тој што го менуваше, рече писателката Билјана Црвенковска на комеморацијата за Мирко Попов appeared first on Република.

]]>

Животот на Мирко нема почеток и крај. Во темелите на секоја зграда, во секој клуб, институција, плочник, во секој од малкуте останати скопски паркови стои името на овој човек. Мирко во се што правеше ги менуваше работите. Тој беше голем оптимист, никогаш не се откажуваше и секогаш велеше да не стануваме конформисти. Да продолжиме да го менуваме светот како тој што го менуваше. Со овие пораки, последен поздрав на денешната комеморација што се одржа во Скопје упатија колеги и пријатели на еден од најпознатите македонски автори и продуценти на електронска музика, Мирко Попов, кој почина минатата недела на 51 година. Филип Николовски од МКЦ за време на комеморацијата посочи дека животот на Мирко зборува за минатото, тлее овде и сега во сегашноста и останува тука за да ни ја просветли иднината - иднина, за која останува да се надеваме дека ни носи љубов и неизмерна желба за подобар и посреќен живот, кон кој тој целеше.
Со Мирко делевме многу заендички интереси и љубови - Арсенал, Вардар, култура, нашето МКЦ и секако вечната љубов кон градот во кој израснавме. Вечната љубов кон Скопје. Градот во кој започна да твори, да се развива, да напредува, едноставно, да стане подобар. Во темелите на секоја зграда, во секој клуб, институција, плочник, во секој од малкуте останати скопски паркови, стои врежано името на овој човек. Се чини дека тој постигнуваше да стигне секаде. Енергијата која зрачеше од него беше невозможно да не те обземе, да не те прими да се приклучиш во следната мисија која што тој ја замислил, рече Николовски.
Како што потенцираше, Мирко Попов е „Галебот“ од Џонатан Ливингстон на македонската современа култура. Мирко Попов е човекот кој веруваше дека секогаш може подобро и повеќе.
Луѓе кои зад себе оставиле толкаво културно наследство, луѓе од ваков ков, не умираат. Едноставно, тие не можат да умрат. Тој ги остави неговите дела за ние тука да учиме, да се забавуваме, додека тој настапува во живо на некоја небеска локација, пред некоја нова разиграна публика, порача Николовски.
Писателката Билјана Црвенковска појасни дека Мирко беше голем оптимист, кој никогаш не се откажувал и секогаш продолжувал да се бори.
Мирко за мене е големиот дел од моето детство и целата моја младост. Мирко се сите книги и стрипови што сме ги читале заедно во средно школо. Мирко е човек кој што влијаеше на мојот музички вкус и на тоа што го слушам јас во целиот мој живот, од кога се запознавме. Мирко е сите журки, сите концерти, сите бендови што сме ги слушале заради него кои ги донел, сите диџеи кои ги донел, сите „афтери“ и сите муабети од утро до мрак и обратно. Мирко е не само Скопје, не е само МКЦ, не е само ПМГ, Мирко за мене е Охрид и сите лета што сме ги поминале заедно во Охрид. Мирко е книгата „Розевата планета“, додаде Црвенковска.
Таа појасни дека Мирко во се што правеше ги менуваше работите. Како што рече, Мирко се што правеше останува како наследство за младите луѓе и генерации кои ќе дојдат и ќе продолжат да се борат.
Да продолжиме да го менуваме светот како тој што го менуваше, рече Црвенковска.
Музичарот Александар Гавровски на комеморацијата рече дека ентузијазмот на Мирко ќе му недостасува на Скопје и на Македонија. Комеморација на Мирко Попов: Оптимист кој веруваше дека секогаш може подобро и повеќе
Мирко е постар брат на сите млади талентирани музички деца и фанатици како мене. Фасциниран што постоиме, отвора врата кај него дома и ти вика „Еве земи, се што имам јас имаш и ти.“ Мнозинството воопшто не беше свесно за оваа негова топла, човечна страна. Како автор реално беше игнориран од мнозинството, но и од скопската критичка маса која баш не беше свесна дека тој е автор на над сто композиции за ПМГ колектив. Како и да е, мнозинството него едноставно не можеше да го игнорира. Сигурен сум дека ќе недостасува неговата неуморна потрага по новите талентирани деца на кои ќе им отвори врата и ќе им каже „Се што имам јас имаш и ти“, рече Гавровски.
На комеморацијата, Синиша Ефтимов зборувајќи за постигнувањата на Мирко, уште еднаш подвлече дека тој е еден од највлијателните и најуспешните скопски музичари, композитори, текстописци, ди џеј издавачи и продуценти. Тој потсети дека апетитите на Мирко за промовирање на македонската современа музика земаат замав уште во 1998 година, кога ја формирал ПМГ Рекордингс, дискографска куќа која ја регистрираше и промовираше квалитетната музика на новото време, славејќи ја современата култура и исправајќи историски грешки и неправди нанесени на македонската музика од блиското минато. Комеморација на Мирко Попов: Оптимист кој веруваше дека секогаш може подобро и повеќе
ПМГ Рекордингс денес е водечка независна дискографска куќа во земјата со над седумдесет изданија. -Мирко Попов како диџеј доби можност да настапува низ регионот на повеќе атрактивни, европски, клубски дестинации и да како ретко кој Македонец во историјата го стави Скопје на европската релевантна музичка мапа, рече Ефтимов.
За време на комеморацијата беа пуштени и видеа снимки од обраќањата на неговите колеги од регионот, кои упатија последен поздрав до Мирко. Мирко Попов е роден во 1972 година во Скопје. Тој во 2003 година го формираше бендот „ПМГ Колектив“, каде беше автор на музика и текстови и вокалист. Првиот професионален ангажман како диџеј го добил во 1992, а истата година доби простор во култното скопско музичко радио „Канал 103“. Од 2008 до 2010 бил главен и одговорен уредник на „Канал 103“. Има издадено албум и неколку миниизданија и реализирано концерти со водечкиот македонски џез состав „Сетстет“. Од 2020 продуцираше, издаваше и настапуваше и како соло артист под името „Мирко Попов квартет“. Автор е на повеќе книги, а заедно со музичарот Владан Дробицки беше идеен творец на џез фестивалот „Крај Вардарот џез“.

The post Да продолжиме да го менуваме светот како тој што го менуваше, рече писателката Билјана Црвенковска на комеморацијата за Мирко Попов appeared first on Република.

]]>
В петок комеморација за Мирко Попов https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/v-petok-komemoratsija-za-mirko-popov/ Wed, 03 Apr 2024 08:17:55 +0000 https://republika.mk/?p=761585

Во петок во Македонската филхармонија ќе се одржи комеморација за еден од највлијателните и најуспешни скопски музичари, композитори, текстописци, диџеи, издавачи и продуценти - Мирко Попов.

Попов почина на 51-годишна возраст на 24 март по кусо боледување.

The post В петок комеморација за Мирко Попов appeared first on Република.

]]>

Во петок во Македонската филхармонија ќе се одржи комеморација за еден од највлијателните и најуспешни скопски музичари, композитори, текстописци, диџеи, издавачи и продуценти - Мирко Попов. Попов почина на 51-годишна возраст на 24 март по кусо боледување.    

The post В петок комеморација за Мирко Попов appeared first on Република.

]]>
Промоција на винил компилација „Поп култура“, во чест на Мирко Попов https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/promotsija-na-vinil-kompilatsija-pop-kultura-vo-chest-na-mirko-popov-2/ Fri, 29 Mar 2024 13:46:50 +0000 https://republika.mk/?p=760152

Вечерва ќе се одржи промоција на винил компилацијата „Поп култура“ во едукативниот културен центар „Лабораториум“, во рамките на платформата „Силата ЕУ Младите“.

Изданието содржи песни од млади современи македонски поп артисти, меѓу кои се Аудио Цигла, Миа Перевска, Дина Јашари, Андреја Салпе, Zee, Young Dadi, Matej Foltz и веќе признаениот музичар Слаткаристика.

Настанот ќе започне во 19 часот, а за музичкиот избор ќе бидат задолженидиџеите на младиот колектив Македонско Улично Радио: Скам, Аудио Цигла и Демиџ Контрол.

Настанот ќе биде посветен на Мирко Попов, кој почина изминатиот викенд. Изработката на компилацијата беше еден од последните проекти на кои работеше Попов. Станува збор за 13-то винил издание на дискографската куќа „ПМГ Рекордингс“.

„Во издание на „ПМГ Рекордингс“, Попов реализираше 300 изданија македонска музика од македонски автори на македонски јазик. Затоа Мирко Попов е еден од најголемите чувари на македонскиот идентитет. Ако Југославија го имаше „Пакет Аранжман“ во 1981, како пресек на тогашниот нов бран, Македонија денес го има новиот бран на поп музика на компилацијата ПОП Култура, чија историска вредност ќе се покаже во годините што доаѓаат. Голема радост за Мирко беше оваа плоча, чија промоција за жал не успеа да ја дочека, а во негова чест ќе ја промовираме“, пишува во најавата за промоцијата.

Радоста на Попов за плочата можеше да се види и во неодамнешната објава на Дина Јашари, чија песна „Бои“ ќе може да се чуе на плочата. Таа сподели порака од Попов во која ѝ рекол: „Благодарам за песната. Плочава е лудило. До солзи ме расположи“.

Мораме да комуницираме и да се дружиме со младите, затоа што само така вистински ќе знаеме каде оди светот и ние ќе останеме млади“, вели Попов.

The post Промоција на винил компилација „Поп култура“, во чест на Мирко Попов appeared first on Република.

]]>

Вечерва ќе се одржи промоција на винил компилацијата „Поп култура“ во едукативниот културен центар „Лабораториум“, во рамките на платформата „Силата ЕУ Младите“. Изданието содржи песни од млади современи македонски поп артисти, меѓу кои се Аудио Цигла, Миа Перевска, Дина Јашари, Андреја Салпе, Zee, Young Dadi, Matej Foltz и веќе признаениот музичар Слаткаристика. Настанот ќе започне во 19 часот, а за музичкиот избор ќе бидат задолженидиџеите на младиот колектив Македонско Улично Радио: Скам, Аудио Цигла и Демиџ Контрол. Настанот ќе биде посветен на Мирко Попов, кој почина изминатиот викенд. Изработката на компилацијата беше еден од последните проекти на кои работеше Попов. Станува збор за 13-то винил издание на дискографската куќа „ПМГ Рекордингс“.
„Во издание на „ПМГ Рекордингс“, Попов реализираше 300 изданија македонска музика од македонски автори на македонски јазик. Затоа Мирко Попов е еден од најголемите чувари на македонскиот идентитет. Ако Југославија го имаше „Пакет Аранжман“ во 1981, како пресек на тогашниот нов бран, Македонија денес го има новиот бран на поп музика на компилацијата ПОП Култура, чија историска вредност ќе се покаже во годините што доаѓаат. Голема радост за Мирко беше оваа плоча, чија промоција за жал не успеа да ја дочека, а во негова чест ќе ја промовираме“, пишува во најавата за промоцијата.
Радоста на Попов за плочата можеше да се види и во неодамнешната објава на Дина Јашари, чија песна „Бои“ ќе може да се чуе на плочата. Таа сподели порака од Попов во која ѝ рекол: „Благодарам за песната. Плочава е лудило. До солзи ме расположи“.
Мораме да комуницираме и да се дружиме со младите, затоа што само така вистински ќе знаеме каде оди светот и ние ќе останеме млади“, вели Попов.
 
The post Промоција на винил компилација „Поп култура“, во чест на Мирко Попов appeared first on Република.

]]>
Промоција на винил компилација „Поп култура“ во чест на Мирко Попов https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/promotsija-na-vinil-kompilatsija-pop-kultura-vo-chest-na-mirko-popov/ Thu, 28 Mar 2024 08:01:37 +0000 https://republika.mk/?p=759582

Утревечер, на 29 март, во 19 часот во Eдукативниот културен центар „Лабораториум“ ќе се одржи промоција на првата винил компилација посветена на современата поп продукција од млади македонски музичари - „Поп култура“ . Ова исклучително винил издание се реализира во рамки на платформата „Силата ЕУ Младите“.

Компилацијата претставува значаен историски документ и запис за времето и квалитетот на македонската поп музичка сцена на докажано најквалитетниот носач на звук и се уште најценетиот во светот на музиката (винил), што е куриозитет на домашната сцена.

Компилацијата опфаќа селекција песни од најрепрезентативните млади автори на македонската поп музичка сцена: Аудио Цигла (Audio Cigla), Миа Перевска (Mia Perevska), Дина Јашари (Dina Jashari), Андреја Салпе (Andreja Salpe), Зи (Zee), Јанг Дади (Young Dadi), Матеј Фолтц (Matej Foltz) и веќе признаениот музичар Слаткаристика (Slatkaristika).

Голема радост за Мирко беше оваа плоча, чија промоција за жал не успеа да ја дочека, а во негова чест ќе ја промовираме овој петок во „Лабораториум“. Во чест на Попов, зааедно да ја славиме македонската музика, како што велеше и самиот: „Во Скопје, улиците пеат“, најавува организаторот.

Музичкиот избор оваа вечер ќе биде на диџеите на младиот колектив Македонско Улично Радио: Скам, Аудио Цигла и Демиџ Контрол. Промотивниот настан се реализира во соработка помеѓу СИЛАТА ЕУ МЛАДИТЕ, Македонско Улично Радио и Лабораториум.

Платформата СИЛАТА ЕУ МЛАДИТЕ е еден од низата проекти иницирани и програмски уредени од Мирко Попов, кој континуирано и посветено работеше за поддршка на младите и креирање простор за нивно изразување, работа и препознавање како креативна и надоаѓачка сила во музиката и културата. Како продуцент и куратор го реализира и ова, 13-то по ред винил издание за дискографската куќа „ПМГ Рекордингс“.

Во издание на „ПМГ Рекордингс“, Попов реализираше 300 изданија македонска музика од македонски автори на македонски јазик. Затоа Мирко Попов е еден од најголемите чувари на македонскиот идентитет. Ако Југославија го имаше „Пакет Аранжман“ во 1981, како пресек на тогашниот нов бран, Македонија денес го имановиот бран на поп музика на компилацијата ПОП Култура, чија историска вредност ќе се покаже во годините што доаѓаат.

„Мораме да комуницираме и да се дружиме со младите, затоа што само така вистински ќе знаеме каде оди светот и ние ќе останеме млади“, велеше Попов.

Толку многу ги сакаше сите и се радуваше дека го градат оној град во кој тој веруваше. Тие го препознаа искрениот жар и отворениот простор на Мирко и му вратија назад со љубов и убава соработка.

The post Промоција на винил компилација „Поп култура“ во чест на Мирко Попов appeared first on Република.

]]>

Утревечер, на 29 март, во 19 часот во Eдукативниот културен центар „Лабораториум“ ќе се одржи промоција на првата винил компилација посветена на современата поп продукција од млади македонски музичари - „Поп култура“ . Ова исклучително винил издание се реализира во рамки на платформата „Силата ЕУ Младите“. Компилацијата претставува значаен историски документ и запис за времето и квалитетот на македонската поп музичка сцена на докажано најквалитетниот носач на звук и се уште најценетиот во светот на музиката (винил), што е куриозитет на домашната сцена. Компилацијата опфаќа селекција песни од најрепрезентативните млади автори на македонската поп музичка сцена: Аудио Цигла (Audio Cigla), Миа Перевска (Mia Perevska), Дина Јашари (Dina Jashari), Андреја Салпе (Andreja Salpe), Зи (Zee), Јанг Дади (Young Dadi), Матеј Фолтц (Matej Foltz) и веќе признаениот музичар Слаткаристика (Slatkaristika).
Голема радост за Мирко беше оваа плоча, чија промоција за жал не успеа да ја дочека, а во негова чест ќе ја промовираме овој петок во „Лабораториум“. Во чест на Попов, зааедно да ја славиме македонската музика, како што велеше и самиот: „Во Скопје, улиците пеат“, најавува организаторот.
Музичкиот избор оваа вечер ќе биде на диџеите на младиот колектив Македонско Улично Радио: Скам, Аудио Цигла и Демиџ Контрол. Промотивниот настан се реализира во соработка помеѓу СИЛАТА ЕУ МЛАДИТЕ, Македонско Улично Радио и Лабораториум. Платформата СИЛАТА ЕУ МЛАДИТЕ е еден од низата проекти иницирани и програмски уредени од Мирко Попов, кој континуирано и посветено работеше за поддршка на младите и креирање простор за нивно изразување, работа и препознавање како креативна и надоаѓачка сила во музиката и културата. Како продуцент и куратор го реализира и ова, 13-то по ред винил издание за дискографската куќа „ПМГ Рекордингс“. Во издание на „ПМГ Рекордингс“, Попов реализираше 300 изданија македонска музика од македонски автори на македонски јазик. Затоа Мирко Попов е еден од најголемите чувари на македонскиот идентитет. Ако Југославија го имаше „Пакет Аранжман“ во 1981, како пресек на тогашниот нов бран, Македонија денес го имановиот бран на поп музика на компилацијата ПОП Култура, чија историска вредност ќе се покаже во годините што доаѓаат.  
„Мораме да комуницираме и да се дружиме со младите, затоа што само така вистински ќе знаеме каде оди светот и ние ќе останеме млади“, велеше Попов.
Толку многу ги сакаше сите и се радуваше дека го градат оној град во кој тој веруваше. Тие го препознаа искрениот жар и отворениот простор на Мирко и му вратија назад со љубов и убава соработка.  

The post Промоција на винил компилација „Поп култура“ во чест на Мирко Попов appeared first on Република.

]]>
Почина Мирко Попов https://arhiva3.republika.mk/scena/estrada/pochina-mirko-popov/ Sun, 24 Mar 2024 18:55:05 +0000 https://republika.mk/?p=758289

На 51 година почина познатиот автор и продуцент на електронска музика Мирко Попов, објави ТРН, портал со кој музичарот имаше соработка.

Тој пред неколку дена беше хоспитализиран на Клиниката за реанимација и интензивно лекување по обилно мозочно крварење, а според информациите починал попладнево на Клиниката за неврохирургија. За жал, обидите на лекарите да го реанимираат биле неуспешни.

Попов е македонски диџеј и продуцент на електронска музика, кој со оваа професија се занимаваше уште од осумдесеттите години. Тој е основоположник на PMG Production, а има одиграно и во неколку театарски претстави и филмови.

Првиот професионален диџеј ангажман го добил во 1992 година и оттогаш не престанува со настапи. Истата година добива простор во култното скопско музичко радио Канал 103, што е еден од клучните моменти во неговиот равој како личност и музичар. Слободното изразување, кое е основна филозофија на оваа радио станица може да направи чуда за човек. Од 2008 до 2010 година бил и главен и одговорен урeдник на Канал 103.

Во 1993 година е во епицентарот на македонската техно-културна револуција, ставајќи го Скопје на мапата на ова современо движење. Канал 103 бил главниот катализатор и на овој модерен восклик на новата генерација, решена да расчисти со културната и сеопштата заостанатост во земјата. Во тој правец се движи и формирањето на Прогресивната Мултимедијална Група (ПМГ Колектив) во 1995 година од Мирко Попов и Александар Малевски, како манифест на акцијата која треба да го победи незадоволството од актуелната состојба. ПМГ во следните години прераснува во водечка авангардна сила на скопските улици, одговорна за широк спектар акции, од нарко-еуфории до музички револуции. Журките на ПМГ од 1990-те биле суштината на скопскиот урбан фолклор од тоа време, а Мирко Попов како диџеј, имал можност редовно да настапува низ регионот, но и на некои привлечни европски клупски одредишта.

Во 1998 година ја формирал ПМГ Рекордингс, дискографска куќа која има намера да ја регистрира и промовира квалитетната музика на новото време, славејќи ја современата култура и исправајќи историски грешки и неправди нанесени на македонската музика од блиското минато. ПМГ Рекордингс денеска е водечка независна дискографска куќа во земјата, со седумдесет изданија. Последните години на минатиот век ги донеле и првите (хаус,техно и електро) продукции, за во 2003 сето тоа да прерасне во бендот ПМГ Колектив (еклектична комбинација на жив и електорнски пристап во слободен стил) каде е автор на музика, текстови и вокалист. Бендот за кратко време прераснува во еден од водечките домашни бендови од првата деценија на новиот век и веќе има издадено четири албуми и отсвирено повеќе македонски и европски турнеи.

Во 2011 година, со намера да ја отслика духовната атмосфера на ПМГ подиумот за танц, ја покренал етикетата Патерн ПМГ, специјализиран за електронска денс музика.

Попов бил дел и од опскурниот и култен бенд / проект Кантон 6, со кој имал издадено повеќе EP изданија и албумот “Чил Фолк“.

Попов имал остварено повеќе улоги во театарски претстави, како и на филм. Автор бил и на неколку музички дела за театар и филм. Режирал една радио драма. Попов бил уредник и на неколку емисии на скопското радио Канал 103, како и продуцент на електронска музика во склоп на ПМГ.

The post Почина Мирко Попов appeared first on Република.

]]>

На 51 година почина познатиот автор и продуцент на електронска музика Мирко Попов, објави ТРН, портал со кој музичарот имаше соработка. Тој пред неколку дена беше хоспитализиран на Клиниката за реанимација и интензивно лекување по обилно мозочно крварење, а според информациите починал попладнево на Клиниката за неврохирургија. За жал, обидите на лекарите да го реанимираат биле неуспешни. Попов е македонски диџеј и продуцент на електронска музика, кој со оваа професија се занимаваше уште од осумдесеттите години. Тој е основоположник на PMG Production, а има одиграно и во неколку театарски претстави и филмови. Првиот професионален диџеј ангажман го добил во 1992 година и оттогаш не престанува со настапи. Истата година добива простор во култното скопско музичко радио Канал 103, што е еден од клучните моменти во неговиот равој како личност и музичар. Слободното изразување, кое е основна филозофија на оваа радио станица може да направи чуда за човек. Од 2008 до 2010 година бил и главен и одговорен урeдник на Канал 103. Во 1993 година е во епицентарот на македонската техно-културна револуција, ставајќи го Скопје на мапата на ова современо движење. Канал 103 бил главниот катализатор и на овој модерен восклик на новата генерација, решена да расчисти со културната и сеопштата заостанатост во земјата. Во тој правец се движи и формирањето на Прогресивната Мултимедијална Група (ПМГ Колектив) во 1995 година од Мирко Попов и Александар Малевски, како манифест на акцијата која треба да го победи незадоволството од актуелната состојба. ПМГ во следните години прераснува во водечка авангардна сила на скопските улици, одговорна за широк спектар акции, од нарко-еуфории до музички револуции. Журките на ПМГ од 1990-те биле суштината на скопскиот урбан фолклор од тоа време, а Мирко Попов како диџеј, имал можност редовно да настапува низ регионот, но и на некои привлечни европски клупски одредишта. Во 1998 година ја формирал ПМГ Рекордингс, дискографска куќа која има намера да ја регистрира и промовира квалитетната музика на новото време, славејќи ја современата култура и исправајќи историски грешки и неправди нанесени на македонската музика од блиското минато. ПМГ Рекордингс денеска е водечка независна дискографска куќа во земјата, со седумдесет изданија. Последните години на минатиот век ги донеле и првите (хаус,техно и електро) продукции, за во 2003 сето тоа да прерасне во бендот ПМГ Колектив (еклектична комбинација на жив и електорнски пристап во слободен стил) каде е автор на музика, текстови и вокалист. Бендот за кратко време прераснува во еден од водечките домашни бендови од првата деценија на новиот век и веќе има издадено четири албуми и отсвирено повеќе македонски и европски турнеи. Во 2011 година, со намера да ја отслика духовната атмосфера на ПМГ подиумот за танц, ја покренал етикетата Патерн ПМГ, специјализиран за електронска денс музика. Попов бил дел и од опскурниот и култен бенд / проект Кантон 6, со кој имал издадено повеќе EP изданија и албумот “Чил Фолк“. Попов имал остварено повеќе улоги во театарски претстави, како и на филм. Автор бил и на неколку музички дела за театар и филм. Режирал една радио драма. Попов бил уредник и на неколку емисии на скопското радио Канал 103, како и продуцент на електронска музика во склоп на ПМГ.

The post Почина Мирко Попов appeared first on Република.

]]>
Мирко Попов се бори за живот на скопските клиники https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/mirko-popov-se-bori-za-zhivot-na-skopskite-kliniki/ Wed, 20 Mar 2024 07:57:04 +0000 https://republika.mk/?p=756531

Музичарот и активист Мирко Попов вчеравечер е хоспитализиран на Клиниката за реанимација и интензивно лекување на скопските клиники, дознава „Скопје инфо“.

Според неофицијалните информации на порталот, 51-годишниот скопјанец е во тешка состојба и се бори за живот.

The post Мирко Попов се бори за живот на скопските клиники appeared first on Република.

]]>

Музичарот и активист Мирко Попов вчеравечер е хоспитализиран на Клиниката за реанимација и интензивно лекување на скопските клиники, дознава „Скопје инфо“. Според неофицијалните информации на порталот, 51-годишниот скопјанец е во тешка состојба и се бори за живот.

The post Мирко Попов се бори за живот на скопските клиники appeared first on Република.

]]>
Мирко Попов од џеб го љуби МКЦ, коментира Нора Шаќири https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/mirko-popov-od-dheb-go-lubi-mkts-komentira-nora-shakiri/ Mon, 20 Feb 2023 22:23:21 +0000 https://republika.mk/?p=611275

Поранешната директорка на Театар Комедија Нора Шаќири Марковиќ со исечок од отворени финансии на Министерството за финансии ја преиспитува „љубовта“ на Мирко Попов и „ПМГ рекордингс“ кон МКЦ.

Сестрата на Бени Шаќири, кој по вторпат се споменува како „јаболко на раздорот“ во изборот на раководството на МКЦ, приложи долга љубовна листа меѓу Попов и органите на Град Скопје.

The post Мирко Попов од џеб го љуби МКЦ, коментира Нора Шаќири appeared first on Република.

]]>

Поранешната директорка на Театар Комедија Нора Шаќири Марковиќ со исечок од отворени финансии на Министерството за финансии ја преиспитува „љубовта“ на Мирко Попов и „ПМГ рекордингс“ кон МКЦ. Сестрата на Бени Шаќири, кој по вторпат се споменува како „јаболко на раздорот“ во изборот на раководството на МКЦ, приложи долга љубовна листа меѓу Попов и органите на Град Скопје.

The post Мирко Попов од џеб го љуби МКЦ, коментира Нора Шаќири appeared first on Република.

]]>
Попов: Се расправаме со Бугарија и сме поглупи и посиромашни https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/popov-se-raspravame-so-bugarija-i-sme-poglupi-i-posiromashni/ Tue, 22 Feb 2022 08:21:13 +0000 https://republika.mk/?p=461742

Музичарот Мирко Попов смета дека треба им се даде шанса на преговорите со Бугарија.

– Гоце Делчев и Даме Груев кога умреле 1900 и која сигурно вака викале никад нема да нѐ биде, ќе загинеме ама многу е тешка ситуацијата. А, денес имаме држава и сите слободо зборуваме македонски, имаме право да се мешаме во политика од време на време – рече Попов, откако повеќе пати побара сепак да им се даде шанса на преговорите со Бугарија.

– Ако идат преговорите во бескрај и ништо не се разбираме, во еден момент може и јас ќе се согласам и ќе речам доста више, не збориме со вас. Но, во моментов мислам дека уште треба да збориме.. Што побргу ги разрешиме тие очигледно наметнати проблеми, решението на проблемот со Грците е доказ, тоа помалку ќе се замараме со глупости, уместо да зборуваме за уметноста и културата во Македонија се расправаме со Бугарија и сме поглупи и посиромашни – рече Попов.

Тасевски му возврати на Попов дека отстапките кои Македонија ги направи кон Грција само ги засилиле апетитите на Бугарија да постави нови барања кон Македонија.

The post Попов: Се расправаме со Бугарија и сме поглупи и посиромашни appeared first on Република.

]]>

Музичарот Мирко Попов смета дека треба им се даде шанса на преговорите со Бугарија.
– Гоце Делчев и Даме Груев кога умреле 1900 и која сигурно вака викале никад нема да нѐ биде, ќе загинеме ама многу е тешка ситуацијата. А, денес имаме држава и сите слободо зборуваме македонски, имаме право да се мешаме во политика од време на време – рече Попов, откако повеќе пати побара сепак да им се даде шанса на преговорите со Бугарија. – Ако идат преговорите во бескрај и ништо не се разбираме, во еден момент може и јас ќе се согласам и ќе речам доста више, не збориме со вас. Но, во моментов мислам дека уште треба да збориме.. Што побргу ги разрешиме тие очигледно наметнати проблеми, решението на проблемот со Грците е доказ, тоа помалку ќе се замараме со глупости, уместо да зборуваме за уметноста и културата во Македонија се расправаме со Бугарија и сме поглупи и посиромашни – рече Попов.
Тасевски му возврати на Попов дека отстапките кои Македонија ги направи кон Грција само ги засилиле апетитите на Бугарија да постави нови барања кон Македонија.

The post Попов: Се расправаме со Бугарија и сме поглупи и посиромашни appeared first on Република.

]]>
Шаќири: Гоце Делчев за мене е Македонец и толку! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/shakjiri-goce-delchev-za-mene-e-makedonec-i-tolku/ Tue, 22 Feb 2022 08:15:26 +0000 https://republika.mk/?p=461741

Широка дебата се разви синоќа во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 пред каде диџејот Мирко Попов, музичарот и поранешен кандидат за градоначалник на Град Скопје Бени Шаќири и актерот Сашо Тасевски зборуваа за состојбите во Македонија, очекувано, со многу различни ставови околу прашањата како спорот со Бугарија.

Шакири, кој говореше и најмалку, беше краток и јасен кога станува збор за историјата.

Мојата преспектива е следна – Гоце Делчев за мене е Македонец и толку! Политичарите и историчарите можат до задутре да зборат што сакаат. Тој 1940 и која година е донесен овде во Свети Димитрија, значи Георги Димитров дозволи моштите на Гоце Делчев да бидат тука, порача Бени, пред Попов повторно да се вмеша со своите гледишта.

https://republika.mk/vesti/makedonija/mirko-popov-so-bugarite-govorime-na-manje-vishe-ist-jazik/

The post Шаќири: Гоце Делчев за мене е Македонец и толку! appeared first on Република.

]]>

Широка дебата се разви синоќа во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 пред каде диџејот Мирко Попов, музичарот и поранешен кандидат за градоначалник на Град Скопје Бени Шаќири и актерот Сашо Тасевски зборуваа за состојбите во Македонија, очекувано, со многу различни ставови околу прашањата како спорот со Бугарија. Шакири, кој говореше и најмалку, беше краток и јасен кога станува збор за историјата.
Мојата преспектива е следна – Гоце Делчев за мене е Македонец и толку! Политичарите и историчарите можат до задутре да зборат што сакаат. Тој 1940 и која година е донесен овде во Свети Димитрија, значи Георги Димитров дозволи моштите на Гоце Делчев да бидат тука, порача Бени, пред Попов повторно да се вмеша со своите гледишта.
https://republika.mk/vesti/makedonija/mirko-popov-so-bugarite-govorime-na-manje-vishe-ist-jazik/

The post Шаќири: Гоце Делчев за мене е Македонец и толку! appeared first on Република.

]]>
Мирко Попов: Со Бугарите говориме „на мање-више ист јазик“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mirko-popov-so-bugarite-govorime-na-manje-vishe-ist-jazik/ Tue, 22 Feb 2022 07:55:12 +0000 https://republika.mk/?p=461732

Мирко Попов во вечерашното издание на „Само вистина“ на телевизијата Канал 5, говорејќи за спорот меѓу Бугарија и  Македонија, рече дека разликата меѓу македонскиот и бугарскиот јазик е на ниво на дијалект на еден ист јазик.

„Говориме на мање-више на ист јазик. Се работи за разлики у дијалект, да не се лажеме. Како Србите и Хрватите што имаат различен јазик, така имаат и Македонците и Бугарите, да не се лажеме,“ рече  Попов.

The post Мирко Попов: Со Бугарите говориме „на мање-више ист јазик“ appeared first on Република.