мирче ацев Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mirche-acev/ За подобро да се разбереме Fri, 19 Jul 2024 07:24:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png мирче ацев Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mirche-acev/ 32 32 Концерт на хорот „Кочо Рацин“ во Сули ан https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/kontsert-na-horot-kocho-ratsin-vo-suli-an/ Fri, 19 Jul 2024 07:24:45 +0000 https://republika.mk/?p=798274

Во рамки на јубилејното 45. издание на манифестацијата „Скопско лето“ на 20.07.2024г. (сабота) со почеток во 20:30ч. во Сули ан ќе се одржи концерт на хорот „Кочо Рацин“ под диригентската палка на Ангелина Спасовска.

На програмата на концертот ќе бидат изведени дела од Драган Шуплевски, Стеван Мокрањац, Антон Арнески, С.М. Гајдов, како и народни композиции.

Билетите се во продажба на karti.com.mk.Хорот „Кочо Рацин“, формиран во 1946 година, во Горно Врановци, е еден од најстарите хорови во Македонија. Од самото негово формирање, низ одбраниот репертоар и посветената работа, хорот дава значаен придонес во презентирање на македонското музичко творештво, поврзувајки ја традицијата и современоста. Уметничкото водство на хорот, во континуитет е под палката на еминентни имиња на композитори и диригенти од македонската хорска музика, меѓу кои: Трајко Прокопиев, Кирил Спировски, Ѓорѓи Смокварски, Живко Фирфов, Стефан Гајдов, Драган Шуплевски,Томислав Шопов, Летка Димова Полизова и др. Во своето повеќедецениско постоење, хорот има бројни настапи во земјата и странство, и тоа во: Италија, Полска, Романија, Чехословачка, Унгарија, Холандија, Грција, Србија… Последниве години има забележителни настапи на Меѓународни натпревари и фестивали меѓу кои: „Мокрањчеви дани“ (Србија), „Нишки хорски свечености“ (Србија), „ТЕХО“ (Македонија), Интернационален хорски фестивал „Музика и Море“ (Паралија, Грција). За својата посветена работа во презентирањето на македонското музичко творештво, хорот има добиено и неколку Државни награди: Орден за заслуги на народ – Сребрена Звезда, Наградата „Свети Климент Охридски“, Наградата на Град Скопје – „13 Ноември“. Од настапите на меѓународни фестивали, хорот има добиено: Златна Плакета – „Мокрањчеви денови“, бројни дипломи, плакети, пофалници и признанија.
Од 2023 год. со хорот раководи диригентката Ангелина Спасовска.

Ангелина Спасовска, родена 1999г. во Скопје, своето музичко образование го стекнува на ФМУ – Скопје, при УКИМ, на смер Музичка теорија и педагогија со насока – Хорско диригирање. Студиите успешно ги завршува под менторство на проф. м-р. Сашо Татарчевски. Ангелина Спасовска своето хорско ангажирање го започнува од најрана возраст настапувајки во детскиот хор „Изворче“ во Скопје, а потоа и женскиот хор „Рустико“, под водство на диригентот и педагог, Запро Запров. Таа е долгогодишен активен член во мешаниот хор „Драган Шуплевски“ при ФМУ Скопје, во Женскиот Младински Хор при МКЦ Скопје, како и во професионалниот мешан хор „Про Арс“, под диригентската палка на маестро Сашо Татарчевски. Во текот на студирањето и потоа, има настапувано на бројни концерти и натпревари за хорска музика во Македонија, како и во Србија, Бугарија, Полска, Унгарија, Косово. Воедно, Ангелина Спасовска, учествува и во проекти на FAMES Studio, за снимање на хорска музика, со хорот „Про Арс“ за светски компании и продуцентски куќи.

Од 2023г., со голем ентузијазам, посветеност и љубов, Ангелина Спасовска успешно ја започнува својата диригентска кариера во мешаниот хор Кочо Рацин, Скопје.

 

The post Концерт на хорот „Кочо Рацин“ во Сули ан appeared first on Република.

]]>

Во рамки на јубилејното 45. издание на манифестацијата „Скопско лето“ на 20.07.2024г. (сабота) со почеток во 20:30ч. во Сули ан ќе се одржи концерт на хорот „Кочо Рацин“ под диригентската палка на Ангелина Спасовска. На програмата на концертот ќе бидат изведени дела од Драган Шуплевски, Стеван Мокрањац, Антон Арнески, С.М. Гајдов, како и народни композиции. Билетите се во продажба на karti.com.mk.Хорот „Кочо Рацин“, формиран во 1946 година, во Горно Врановци, е еден од најстарите хорови во Македонија. Од самото негово формирање, низ одбраниот репертоар и посветената работа, хорот дава значаен придонес во презентирање на македонското музичко творештво, поврзувајки ја традицијата и современоста. Уметничкото водство на хорот, во континуитет е под палката на еминентни имиња на композитори и диригенти од македонската хорска музика, меѓу кои: Трајко Прокопиев, Кирил Спировски, Ѓорѓи Смокварски, Живко Фирфов, Стефан Гајдов, Драган Шуплевски,Томислав Шопов, Летка Димова Полизова и др. Во своето повеќедецениско постоење, хорот има бројни настапи во земјата и странство, и тоа во: Италија, Полска, Романија, Чехословачка, Унгарија, Холандија, Грција, Србија… Последниве години има забележителни настапи на Меѓународни натпревари и фестивали меѓу кои: „Мокрањчеви дани“ (Србија), „Нишки хорски свечености“ (Србија), „ТЕХО“ (Македонија), Интернационален хорски фестивал „Музика и Море“ (Паралија, Грција). За својата посветена работа во презентирањето на македонското музичко творештво, хорот има добиено и неколку Државни награди: Орден за заслуги на народ – Сребрена Звезда, Наградата „Свети Климент Охридски“, Наградата на Град Скопје – „13 Ноември“. Од настапите на меѓународни фестивали, хорот има добиено: Златна Плакета – „Мокрањчеви денови“, бројни дипломи, плакети, пофалници и признанија. Од 2023 год. со хорот раководи диригентката Ангелина Спасовска. Ангелина Спасовска, родена 1999г. во Скопје, своето музичко образование го стекнува на ФМУ – Скопје, при УКИМ, на смер Музичка теорија и педагогија со насока – Хорско диригирање. Студиите успешно ги завршува под менторство на проф. м-р. Сашо Татарчевски. Ангелина Спасовска своето хорско ангажирање го започнува од најрана возраст настапувајки во детскиот хор „Изворче“ во Скопје, а потоа и женскиот хор „Рустико“, под водство на диригентот и педагог, Запро Запров. Таа е долгогодишен активен член во мешаниот хор „Драган Шуплевски“ при ФМУ Скопје, во Женскиот Младински Хор при МКЦ Скопје, како и во професионалниот мешан хор „Про Арс“, под диригентската палка на маестро Сашо Татарчевски. Во текот на студирањето и потоа, има настапувано на бројни концерти и натпревари за хорска музика во Македонија, како и во Србија, Бугарија, Полска, Унгарија, Косово. Воедно, Ангелина Спасовска, учествува и во проекти на FAMES Studio, за снимање на хорска музика, со хорот „Про Арс“ за светски компании и продуцентски куќи. Од 2023г., со голем ентузијазам, посветеност и љубов, Ангелина Спасовска успешно ја започнува својата диригентска кариера во мешаниот хор Кочо Рацин, Скопје.  

The post Концерт на хорот „Кочо Рацин“ во Сули ан appeared first on Република.

]]>
ООУ „Мирче Ацев“ добива целосно реконструирана училишна спортска сала https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/oou-mirche-atsev-dobiva-tselosno-rekonstruirana-uchilishna-sportska-sala/ Mon, 26 Feb 2024 14:02:59 +0000 https://republika.mk/?p=748577

Во последна, завршна фаза, влегува целосното реконструирање на училишната сала во основното училиште „Мирче Ацев“ со што сме чекор понапред во унапредување на условите за квалитетно физичко образование кај децата, сподели денеска градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.

Целосната репарација во првата фаза опфати:

Менување на подот во салата каде беше поставен нов гумиран под
Бојадисување
Молерисување на ходникот и кабинетот на наставникот по физичко образование
Целосно нова вентилација

Во втората фаза, училишната спортска сала е oпремена со нови спортски реквизити.

Градоначалникот очекува наскоро оваа спортска сала да го добие комплетно новиот изглед, по сите модерни стандарди.

Нашите најмлади жители се нашата иднина и нема дилема кога станува збор за добро образование, особено проследено со физичка активност која е многу значајна од најрана возраст, додаде градоначалникот Стојкоски.

Проектот со наслов „Санација и опремување на спортска сала во ООУ Мирче Ацев“ е во соработка со Министерството за образование и наука.

Продолжуваме посветено за доброто на нашите најмлади жители, завршува Стојкоски.

The post ООУ „Мирче Ацев“ добива целосно реконструирана училишна спортска сала appeared first on Република.

]]>

Во последна, завршна фаза, влегува целосното реконструирање на училишната сала во основното училиште „Мирче Ацев“ со што сме чекор понапред во унапредување на условите за квалитетно физичко образование кај децата, сподели денеска градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.
Целосната репарација во првата фаза опфати: Менување на подот во салата каде беше поставен нов гумиран под Бојадисување Молерисување на ходникот и кабинетот на наставникот по физичко образование Целосно нова вентилација Во втората фаза, училишната спортска сала е oпремена со нови спортски реквизити.
Градоначалникот очекува наскоро оваа спортска сала да го добие комплетно новиот изглед, по сите модерни стандарди.
Нашите најмлади жители се нашата иднина и нема дилема кога станува збор за добро образование, особено проследено со физичка активност која е многу значајна од најрана возраст, додаде градоначалникот Стојкоски.
Проектот со наслов „Санација и опремување на спортска сала во ООУ Мирче Ацев“ е во соработка со Министерството за образование и наука.
Продолжуваме посветено за доброто на нашите најмлади жители, завршува Стојкоски.

The post ООУ „Мирче Ацев“ добива целосно реконструирана училишна спортска сала appeared first on Република.

]]>
Биле ѕверски мачени од бугарската полиција: На денешен ден се убиени Мирче Ацев и Страшо Пинџур https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bile-dzverski-macheni-od-bugarskata-policija-na-deneshen-den-se-ubieni-mirche-acev-i-strasho-pindzur/ Tue, 04 Jan 2022 10:29:06 +0000 https://republika.mk/?p=440365

На денешен ден, 4 јануари 1943 година се убиени македонските револуционери Страшо Пинџур и Мирче Ацев, антифашисти, учесници и организатори на Народноослободителната борба на македонскиот народ во текот на Втората светска војна.

Во есента 1942 г., кога бил разбиен Велешкиот партизанскиот одред „Димитар Влахов“, Страшо Пинџур и Мирче Ацев дошле во Велес да ја консолидираат работата на партиската организацијата. На 19 декември 1942 г., бил извршен упад во куќата на Јован Митрев, при што тие двајца биле уапсени од бугарската полиција и спроведени во Обласната полициска управа во Скопје. Таму биле подложени на невидени измачувања од страна на иследниците.

Мирче не проговорил ниту збор, а Страшо извикал: „Ѕверови! Јас сум Страшо Пинџур! Доста е тоа за вас!“. По долго физичко измачување и без судски процес, обајцата биле убиени од бугарската полиција на 4 јануари 1943 година.

Истата вечер, телото на Страшо Пинџур било однесено во непознат правец и закопано на тајно место, така што до ден-денес не се знае неговиот гроб. На тој начин се остварило претскажувањето од неговиот дневник, кој го водел во 1933 г., каде запишал: „Јас ќе умрам млад, а гробот нема да ми се знае“.

Посмртните останки на Мирче Ацев биле украдени од активисти на Комунистичката партија и биле префрлени во Прилеп на 13 јануари 1943 г. со намера таму да се изврши нивниот погреб.

Бугарската полиција исплашена дека убиството на Мирче Ацев може да предизвика голем револт кај македонскиот народ во Прилеп и неговата околина, наредила по секоја цена да биде запленето неговото тело. Сепак, вечниот дом на Ацев останал енигма за полицијата која во наредните денови се откажала од безмислената потрага.

Мирче Ацев и Страшо Пинџур заедно со Стеван Наумов - Стив, Орце Николов, Христијан Тодоровски - Карпош и Кузман Јосифовски - Питу, на 29 јули 1945 година биле проглчасени за народни херои на Југославија, како едни од првите борци од Македонија кои го добиле тоа одликување.

Вечна слава на македонските херои Мирче Ацев и Страшо Пинџур кои се бореле за слободата на Македонија.

The post Биле ѕверски мачени од бугарската полиција: На денешен ден се убиени Мирче Ацев и Страшо Пинџур appeared first on Република.

]]>

На денешен ден, 4 јануари 1943 година се убиени македонските револуционери Страшо Пинџур и Мирче Ацев, антифашисти, учесници и организатори на Народноослободителната борба на македонскиот народ во текот на Втората светска војна. Во есента 1942 г., кога бил разбиен Велешкиот партизанскиот одред „Димитар Влахов“, Страшо Пинџур и Мирче Ацев дошле во Велес да ја консолидираат работата на партиската организацијата. На 19 декември 1942 г., бил извршен упад во куќата на Јован Митрев, при што тие двајца биле уапсени од бугарската полиција и спроведени во Обласната полициска управа во Скопје. Таму биле подложени на невидени измачувања од страна на иследниците. Мирче не проговорил ниту збор, а Страшо извикал: „Ѕверови! Јас сум Страшо Пинџур! Доста е тоа за вас!“. По долго физичко измачување и без судски процес, обајцата биле убиени од бугарската полиција на 4 јануари 1943 година. Истата вечер, телото на Страшо Пинџур било однесено во непознат правец и закопано на тајно место, така што до ден-денес не се знае неговиот гроб. На тој начин се остварило претскажувањето од неговиот дневник, кој го водел во 1933 г., каде запишал: „Јас ќе умрам млад, а гробот нема да ми се знае“. Посмртните останки на Мирче Ацев биле украдени од активисти на Комунистичката партија и биле префрлени во Прилеп на 13 јануари 1943 г. со намера таму да се изврши нивниот погреб. Бугарската полиција исплашена дека убиството на Мирче Ацев може да предизвика голем револт кај македонскиот народ во Прилеп и неговата околина, наредила по секоја цена да биде запленето неговото тело. Сепак, вечниот дом на Ацев останал енигма за полицијата која во наредните денови се откажала од безмислената потрага. Мирче Ацев и Страшо Пинџур заедно со Стеван Наумов - Стив, Орце Николов, Христијан Тодоровски - Карпош и Кузман Јосифовски - Питу, на 29 јули 1945 година биле проглчасени за народни херои на Југославија, како едни од првите борци од Македонија кои го добиле тоа одликување. Вечна слава на македонските херои Мирче Ацев и Страшо Пинџур кои се бореле за слободата на Македонија.

The post Биле ѕверски мачени од бугарската полиција: На денешен ден се убиени Мирче Ацев и Страшо Пинџур appeared first on Република.

]]>