минск Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/minsk/ За подобро да се разбереме Tue, 05 Dec 2023 14:19:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png минск Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/minsk/ 32 32 Палчо преку Белград и Истанбул стигнал во Минск? https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/palcho-preku-belgrad-i-istanbul-stignal-vo-minsk/ Tue, 05 Dec 2023 14:19:08 +0000 https://republika.mk/?p=719974

Телевизија Алфа објави дека Љупчо Палевски Палчо, од Македонија пребегал во Белград, од таму во Истанбул, а од таму пак стигнал во Минск – Белорусија.., Според Алфа, потерницата е објавена откако тој стигна во Белорусија.

Палчо имал карта за Минск, па лекувањето во Белград и Истанбул се всушност аеродромите каде тој треба да стигне до Минск. Тој имал работа во Минск поврзана со партијата и го планирал патувањето. Тоа го знаат луѓето блиски до него, велат во прилогот на Алфа телевизија.

Кривичниот суд вчера на предлог на скопското Основно јавно обвинителство донесе наредба за спроведување истрага против Љупчо Палевски – Палчо, првоосомничениот, којшто е посочен како организатор и реализатор на убиствата.

За осомничениот кој е во бегство по итна постапка е донесена Наредба за спроведување истрага за кривични дела – Грабнување од член 141 и Убиство од член 123 од КЗ. Јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице. Судот го прифати предлогот и донесе решение со кое притворската мерка ќе започне да се спроведува веднаш по неговото пронаоѓање и лишување од слобода, стои во соопштението од Јавното обвинителство.

https://www.youtube.com/watch?v=gizk55ZaIHI

The post Палчо преку Белград и Истанбул стигнал во Минск? appeared first on Република.

]]>

Авион на „Вагнер“ слета на воен аеродром близу Минск https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/avion-na-vagner-sleta-na-voen-aerodrom-blizu-minsk/ Tue, 27 Jun 2023 08:36:51 +0000 https://republika.mk/?p=655564

Авион на руската приватна воена група „Вагнер“ на Евгениј Пригожин утринава слета на воен аеродром лоциран на околу 20 километри од белоруската престолнина Минск.

Авионот „слета на воениот аеродром Мачулишчи во близина на Минск во 7:40 часот“, соопшти белорускиот оператор Хајун, кој го надгледува воздушниот простор на земјата.

Според веб-страницата за следење летови flytradar24, авионот Embraer Legacy 600 полетал од југозападниот руски регион кој граничи со Украина.

Хајун објави дека уште еден руски приватен авион, што полетал од Санкт Петербург, слетал на воениот аеродром помалку од 20 минути откако авионот на „Вагнер“ слетал, објави Политико. Идентификациските шифри на авионот се совпаѓаат со шифрите на авионот Autolek Transport што Америка го поврзува со Пригожин.

The post Авион на „Вагнер“ слета на воен аеродром близу Минск appeared first on Република.

]]>

Авион на руската приватна воена група „Вагнер“ на Евгениј Пригожин утринава слета на воен аеродром лоциран на околу 20 километри од белоруската престолнина Минск. Авионот „слета на воениот аеродром Мачулишчи во близина на Минск во 7:40 часот“, соопшти белорускиот оператор Хајун, кој го надгледува воздушниот простор на земјата. Според веб-страницата за следење летови flytradar24, авионот Embraer Legacy 600 полетал од југозападниот руски регион кој граничи со Украина. Хајун објави дека уште еден руски приватен авион, што полетал од Санкт Петербург, слетал на воениот аеродром помалку од 20 минути откако авионот на „Вагнер“ слетал, објави Политико. Идентификациските шифри на авионот се совпаѓаат со шифрите на авионот Autolek Transport што Америка го поврзува со Пригожин.

The post Авион на „Вагнер“ слета на воен аеродром близу Минск appeared first on Република.

]]>
Путин: Москва е во досегот на украинските нуклеарни проектили, Договорот од Минск веќе не важи https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/putin-moskva-e-vo-dosegot-na-ukrainskite-nuklearni-proektili-dogovorot-od-minsk-vekje-ne-vazi/ Tue, 22 Feb 2022 17:33:42 +0000 https://republika.mk/?p=462111

Рускиот претседател Владимир Путин денеска истакна дека не кажал дека руската армија веднаш ќе оди во Донбас, додавајќи дека договорот од Минск веќе не постои.

Украинските разговори околу нуклеарните амбиции беа насочени кон Русија и ние ја добивме пораката. Москва е во досегот на украинските нуклеарни проектили, изјави Путин, пренесуваат британските медидуми.

Тој, исто така, кажа дека „Украина, вооружена до заби, е антируски настроена, што е неприфатливо.

Невозможно е да се предвидат конкретните акции на руската армија во Донбас. Украина треба да се демилитаризира. Најдобрата одлука што може да ја донесе Киев е да се откаже од своите амбиции да се приклучи на Алијансата, истакна Путин.

Рускиот претседател додаде дека Договорот од Минск повеќе не постои и дека веќе нема што во него да се исполни.

The post Путин: Москва е во досегот на украинските нуклеарни проектили, Договорот од Минск веќе не важи appeared first on Република.