министри Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ministri/ За подобро да се разбереме Mon, 30 Sep 2024 09:54:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png министри Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ministri/ 32 32 Министрите за надворешни работи на ЕУ ќе разговараат за ситуацијата во Либан https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ministrite-za-nadvoreshni-raboti-na-eu-ke-razgovaraat-za-situatsijata-vo-liban/ Mon, 30 Sep 2024 09:54:16 +0000 https://republika.mk/?p=820967

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел денеска организира неформална средба на министрите за надворешни работи на Унијата поради ескалација на тензиите во Либан.

На средбата ќе биде разгледувана реакцијата на ЕУ за ситуацијата во Либан.

Израелските воздушни напади врз Либан продолжуваат, а утрово израелската армија нападна цели и во областа Чија, во јужните предградија на Бејрут.

Во меѓувреме, портпаролот на Министерството за надворешни работи на Иран, Насер Канани изјави дека Техеран ќе одговори на сите „криминалните акции“ на Израел, алудирајќи на атентатот врз лидерот на Хезболах Хасан Насрала и заменик командантот на Револуционерната гарда на Иран, бригадниот генерал Абас Нилфорушан.

The post Министрите за надворешни работи на ЕУ ќе разговараат за ситуацијата во Либан appeared first on Република.

]]>

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел денеска организира неформална средба на министрите за надворешни работи на Унијата поради ескалација на тензиите во Либан. На средбата ќе биде разгледувана реакцијата на ЕУ за ситуацијата во Либан. Израелските воздушни напади врз Либан продолжуваат, а утрово израелската армија нападна цели и во областа Чија, во јужните предградија на Бејрут. Во меѓувреме, портпаролот на Министерството за надворешни работи на Иран, Насер Канани изјави дека Техеран ќе одговори на сите „криминалните акции“ на Израел, алудирајќи на атентатот врз лидерот на Хезболах Хасан Насрала и заменик командантот на Револуционерната гарда на Иран, бригадниот генерал Абас Нилфорушан.

The post Министрите за надворешни работи на ЕУ ќе разговараат за ситуацијата во Либан appeared first on Република.

]]>
Тошковски за министер за внатрешни работи, Муцунски за надворешни, Димитриеска Кочоска за финансии… https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/toshkovski-za-minister-za-vnatreshni-raboti-mutsunski-za-nadvoreshni-dimitrieska-kochoska-za-finansii/ Sun, 16 Jun 2024 19:06:21 +0000 https://republika.mk/?p=788260

Досегашиот технички министер за внатрешни работи Панче Тошковски е кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за министер во овој ресор,  за надворешни работи и надворешна трговија актуелниот градоначалик на Општина Аеродром Тимчо Муцуски, а за финансии  потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Кочоска Димитриеска.  Мандатарот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва соопшти имиња на 15 кандидати за членови на Владата од коалицијата „Твоја Македонија“ откако претходно за нив добил едногласна поддршка од Извршниот и Централниот комитет на партијата. Генералниот секретар на владата ќе биде предлог од ВМРО-ДПМНЕ, а како што рече, привршуваат преговорите со коалициските партнери за другите ешалони.

Во ресоротот одбрана Мицкоски за министер го предлага Владо Мисјаловски,  пратеник и поранешен министер за транспорт, за вицепремиер и министер за транспорт  партискиот потпретседател Александар Николовски, за информатичко општество и дигитална трансформација досегашниот дополнителен заменик министер во овој ресор Стефан Андоновски, а Златко Пирински министер за локална самоуправа.

Во новоформираното Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини е предложена Сања Божиновска, актуелен член на ИК и експерт во енергетиката, Цветан Трипуновски во земјоделство, шумарство и водостопанство,  професорката Весна Јаевска во образование и наука, во култура и туризам актерот Зоран Љутков, за спорт ракометарот Борко Ристовски.

Предлог за вицепремиер за политички систем  е Љупчо Димовски, лидерот на коалицискиот партнер на Социјалистичка партија, Иван Стоиљковиќ од Демократската партија на Србите за односи со заедниците , Шабан Салаиу за интеграција и имплементација на декадата на Ромите.

-Во овие луѓе кои ги предлагам имам голема надеж и заедно не чека многу работа. Мора да ги засукаме ракавите од првиот ден бидејќи состојбите се очајни, рече Мицкоски, истакнувајќи дека при изборот на кадровскиот потенцијал се водел од принципите за чесност и посветеност кои целосно ќе се вложат во реализација на зацртаните цели.

Идната влада ќе ја сочинуваат Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Коалицијата „Вреди“ и ЗНАМ за наша Македонија. Предлог составот и програмата на владата Мицксоки ќе ги достави до Собранието задутре, по што треба да биде закажана собраниска седница за избор на новиот владин кабинет.

The post Тошковски за министер за внатрешни работи, Муцунски за надворешни, Димитриеска Кочоска за финансии… appeared first on Република.

]]>

Досегашиот технички министер за внатрешни работи Панче Тошковски е кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за министер во овој ресор,  за надворешни работи и надворешна трговија актуелниот градоначалик на Општина Аеродром Тимчо Муцуски, а за финансии  потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Кочоска Димитриеска.  Мандатарот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва соопшти имиња на 15 кандидати за членови на Владата од коалицијата „Твоја Македонија“ откако претходно за нив добил едногласна поддршка од Извршниот и Централниот комитет на партијата. Генералниот секретар на владата ќе биде предлог од ВМРО-ДПМНЕ, а како што рече, привршуваат преговорите со коалициските партнери за другите ешалони. Во ресоротот одбрана Мицкоски за министер го предлага Владо Мисјаловски,  пратеник и поранешен министер за транспорт, за вицепремиер и министер за транспорт  партискиот потпретседател Александар Николовски, за информатичко општество и дигитална трансформација досегашниот дополнителен заменик министер во овој ресор Стефан Андоновски, а Златко Пирински министер за локална самоуправа. Во новоформираното Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини е предложена Сања Божиновска, актуелен член на ИК и експерт во енергетиката, Цветан Трипуновски во земјоделство, шумарство и водостопанство,  професорката Весна Јаевска во образование и наука, во култура и туризам актерот Зоран Љутков, за спорт ракометарот Борко Ристовски. Предлог за вицепремиер за политички систем  е Љупчо Димовски, лидерот на коалицискиот партнер на Социјалистичка партија, Иван Стоиљковиќ од Демократската партија на Србите за односи со заедниците , Шабан Салаиу за интеграција и имплементација на декадата на Ромите. -Во овие луѓе кои ги предлагам имам голема надеж и заедно не чека многу работа. Мора да ги засукаме ракавите од првиот ден бидејќи состојбите се очајни, рече Мицкоски, истакнувајќи дека при изборот на кадровскиот потенцијал се водел од принципите за чесност и посветеност кои целосно ќе се вложат во реализација на зацртаните цели. Идната влада ќе ја сочинуваат Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Коалицијата „Вреди“ и ЗНАМ за наша Македонија. Предлог составот и програмата на владата Мицксоки ќе ги достави до Собранието задутре, по што треба да биде закажана собраниска седница за избор на новиот владин кабинет.

The post Тошковски за министер за внатрешни работи, Муцунски за надворешни, Димитриеска Кочоска за финансии… appeared first on Република.

]]>
Игор Филков и Горан Минчев се кандидати за министри на ЗНАМ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/igor-filkov-i-goran-minchev-se-kandidati-za-ministri-na-znam/ Fri, 14 Jun 2024 18:28:08 +0000 https://republika.mk/?p=787700

Игор Филков, роден во 1979 година, е кандидат на Движењето ЗНАМ - За наша Македонија за министер за правда, а Горан Минчев (1972) е кандидат за министер за јавна администрација.

Имињата за членови на новата влада од партијата на Максим Димитриевски беа утврдени на седница на партискиот Централен одбор вечерва, а потоа на прес-конференција ги соопшти Никола Мемов, портпарол на ЗНАМ.

Тој кажа дека преговорите со коалициските партнери во идната влада продолжуваат и за две заменик министерски места, но дека тие се уште не се дефинирани. Исто така, ЗНАМ ќе преговара и за позиции во третиот ешалон односно за директорски функции.

Движење ЗНАМ – За наша Македонија на Парламентарните избори освои шест пратенички места во Собранието, а поптпретседателката на партијата, Весна Бендевска, е една од тројцата потпретседатели на Парламентот.

The post Игор Филков и Горан Минчев се кандидати за министри на ЗНАМ appeared first on Република.

]]>

Игор Филков, роден во 1979 година, е кандидат на Движењето ЗНАМ - За наша Македонија за министер за правда, а Горан Минчев (1972) е кандидат за министер за јавна администрација. Имињата за членови на новата влада од партијата на Максим Димитриевски беа утврдени на седница на партискиот Централен одбор вечерва, а потоа на прес-конференција ги соопшти Никола Мемов, портпарол на ЗНАМ. Тој кажа дека преговорите со коалициските партнери во идната влада продолжуваат и за две заменик министерски места, но дека тие се уште не се дефинирани. Исто така, ЗНАМ ќе преговара и за позиции во третиот ешалон односно за директорски функции. Движење ЗНАМ – За наша Македонија на Парламентарните избори освои шест пратенички места во Собранието, а поптпретседателката на партијата, Весна Бендевска, е една од тројцата потпретседатели на Парламентот.

The post Игор Филков и Горан Минчев се кандидати за министри на ЗНАМ appeared first on Република.

]]>
Џафери достави предлог до Собранието за разрешување на министрите на Алијанса и именување нови https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dhaferi-dostavi-predlog-do-sobranieto-za-razreshuvane-na-ministrite-na-alijansa-i-imenuvane-novi/ Thu, 08 Feb 2024 12:37:41 +0000 https://republika.mk/?p=741847

Претседателот на Владата на Република Македонија, Талат Џафери, достави допис до претседателот на Собранието на Република Македонија, Јован Митрески, во којшто, согласно член 94, став 2 од Уставот на Република Македонија, предлага Собранието, на првата наредна седница, да ги разреши: Фатмир Меџити, од функцијата министер за здравство и Азир Алиу, од функцијата министер за информатичко општество и администрација.

Премиерот Џафери достави и допис до собранискиот претседател, Митрески, согласно горенаведениот член од Уставот, Собранието на Република Македонија да ги избере: Илир Демири, за министер кој ќе раководи со Министерството за здравство и Наим Бајрами, за министер кој ќе раководи со Министерството за информатичко општество и администрација.

The post Џафери достави предлог до Собранието за разрешување на министрите на Алијанса и именување нови appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата на Република Македонија, Талат Џафери, достави допис до претседателот на Собранието на Република Македонија, Јован Митрески, во којшто, согласно член 94, став 2 од Уставот на Република Македонија, предлага Собранието, на првата наредна седница, да ги разреши: Фатмир Меџити, од функцијата министер за здравство и Азир Алиу, од функцијата министер за информатичко општество и администрација. Премиерот Џафери достави и допис до собранискиот претседател, Митрески, согласно горенаведениот член од Уставот, Собранието на Република Македонија да ги избере: Илир Демири, за министер кој ќе раководи со Министерството за здравство и Наим Бајрами, за министер кој ќе раководи со Министерството за информатичко општество и администрација.

The post Џафери достави предлог до Собранието за разрешување на министрите на Алијанса и именување нови appeared first on Република.

]]>
Министрите на ДУИ потпишале оставки кои ќе важат ако ВМРО-ДПМНЕ гласа за уставни измени https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ministrite-na-dui-potpishale-ostavki-koi-ke-vazhat-ako-vmro-dpmne-glasa-za-ustavni-izmeni/ Sun, 30 Jul 2023 13:19:11 +0000 https://republika.mk/?p=666971

Сите министри од ДУИ денеска испратиле писмо до премиерот Димитар Ковачевски со кое го известуваат дека потпишале оставки од функциите кои ги извршуваат, дознава ТВ21.

Според медиумот, во писмото испратено до премиерот пишува уште дека оставките стануваат ефективи веднаш откако опозициската ВМРО-ДПМНЕ ќе даде поддршка и гласа уставни измени.

The post Министрите на ДУИ потпишале оставки кои ќе важат ако ВМРО-ДПМНЕ гласа за уставни измени appeared first on Република.

]]>

Сите министри од ДУИ денеска испратиле писмо до премиерот Димитар Ковачевски со кое го известуваат дека потпишале оставки од функциите кои ги извршуваат, дознава ТВ21. Според медиумот, во писмото испратено до премиерот пишува уште дека оставките стануваат ефективи веднаш откако опозициската ВМРО-ДПМНЕ ќе даде поддршка и гласа уставни измени.

The post Министрите на ДУИ потпишале оставки кои ќе важат ако ВМРО-ДПМНЕ гласа за уставни измени appeared first on Република.

]]>
Во Косово истрага против најмалку пет министри и еден заменик поради сомневање за корупција https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vo-kosovo-istraga-protiv-najmalku-pet-ministri-i-eden-zamenik-poradi-somnevane-za-koruptsija/ Sun, 16 Jul 2023 06:58:40 +0000 https://republika.mk/?p=661825

Работна група за борба против корупцијата во полицијата на Косово во моментов води истрага против најмалку пет министри и еден заменик министер во владата меѓу кои и министерката за надворешни работи Доника Гервала и министерот за култура Хајрулах Чеку, јавија приштински медиуми.

Против министерот за финансии Хекуран Мурати се води истрага во врска со случајот со оштетување на просветните работници, кој е осомничен за незаконско задржување на платите за време на штрајкот. За тој случај е поднесена кривична пријава и ја истражува антикорупциската работна група, објавија Репортери и Телеграфи.

Мурати бил повикан од работната група да биде сослушан од истражителот како осомничен, што тој го одбил, барајќи да биде сослушан во неговиот кабинет. Истражителите на работната група не го прифатија барањето на Мурати.

Министерката за надворешни работи на привремените приштински институции Доника Гервала Шварц и нејзината заменичка Лиза Гаши се осомничени дека дале милион и 40.000 евра на швајцарскиот Каритас за да и доделат работа на невладината организација Гермин во која била Лиза Гаши директорка пред да стане заменик министерка. Досега на Каритас му се исплатени 344.000 евра, а со случајот се занимава и оперативната група за борба против корупцијата.

Министерот за локална самоуправа , Елберт Красниќи, е осомничен за злоупотреба на службената положба, бидејќи постои сомневање дека незаконски се потрошени 300.000 евра за проекти за малцинствата.

Министерката за економија и претприемништво Розета Хајдари, е следната министерка против која работната група ќе спроведе истрага, под сомнение дека ја злоупотребила службената должност злоупотребувајќи државни средства, во врска со набавката на брашно и масло, со што е оштетен буџетот.

Министерот за култура Хајрулах Чеку и уште неколку високи функционери на тоа министерство беа сослушани од оперативната група за борба против корупцијата поради сомневање дека министерството доделило договор за консултантски услуги вреден над 130.000 евра, при што локален архитект бил ангажиран како консултант за плата од 5.550 евра месечно.

Заменик министерот за инфраструктура Хисен Дурмиши е под истрага во врска со тендер од кој се повлекол по потпишувањето.

The post Во Косово истрага против најмалку пет министри и еден заменик поради сомневање за корупција appeared first on Република.

]]>

Работна група за борба против корупцијата во полицијата на Косово во моментов води истрага против најмалку пет министри и еден заменик министер во владата меѓу кои и министерката за надворешни работи Доника Гервала и министерот за култура Хајрулах Чеку, јавија приштински медиуми. Против министерот за финансии Хекуран Мурати се води истрага во врска со случајот со оштетување на просветните работници, кој е осомничен за незаконско задржување на платите за време на штрајкот. За тој случај е поднесена кривична пријава и ја истражува антикорупциската работна група, објавија Репортери и Телеграфи. Мурати бил повикан од работната група да биде сослушан од истражителот како осомничен, што тој го одбил, барајќи да биде сослушан во неговиот кабинет. Истражителите на работната група не го прифатија барањето на Мурати. Министерката за надворешни работи на привремените приштински институции Доника Гервала Шварц и нејзината заменичка Лиза Гаши се осомничени дека дале милион и 40.000 евра на швајцарскиот Каритас за да и доделат работа на невладината организација Гермин во која била Лиза Гаши директорка пред да стане заменик министерка. Досега на Каритас му се исплатени 344.000 евра, а со случајот се занимава и оперативната група за борба против корупцијата. Министерот за локална самоуправа , Елберт Красниќи, е осомничен за злоупотреба на службената положба, бидејќи постои сомневање дека незаконски се потрошени 300.000 евра за проекти за малцинствата. Министерката за економија и претприемништво Розета Хајдари, е следната министерка против која работната група ќе спроведе истрага, под сомнение дека ја злоупотребила службената должност злоупотребувајќи државни средства, во врска со набавката на брашно и масло, со што е оштетен буџетот. Министерот за култура Хајрулах Чеку и уште неколку високи функционери на тоа министерство беа сослушани од оперативната група за борба против корупцијата поради сомневање дека министерството доделило договор за консултантски услуги вреден над 130.000 евра, при што локален архитект бил ангажиран како консултант за плата од 5.550 евра месечно. Заменик министерот за инфраструктура Хисен Дурмиши е под истрага во врска со тендер од кој се повлекол по потпишувањето.

The post Во Косово истрага против најмалку пет министри и еден заменик поради сомневање за корупција appeared first on Република.

]]>
Министри присутни на прес-конференција во Владата не открија колку им се зголемени платите https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ministri-prisutni-na-pres-konferentsija-vo-vladata-ne-otkrija-kolku-im-se-zgolemeni-platite/ Fri, 05 May 2023 12:53:45 +0000 https://republika.mk/?p=637344

Дел од министрите во Владата денеска на прес-конференција за измените и дополнувањата за закони поврзани со реализација на проектот за изградба на коридорите 8 и 10д, на новинарско прашање колку им се зголемени платите, не дадоа одговор.

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, рече дека во однос на платите, нема ништо незаконски и оти сите плати се различни.

Платите се во согласност со законот. Навистина е добро што Уставниот суд не донесе ретроактивна одлука, затоа што од 2011 година е замрзнат коефициентот и по однос на платите апсолутно нема ништо незаконски, туку се однесува на неуставна одлука што е донесена во 2011 година за замрзнување на коефициентот и ова прашање беше дебата од страна на пратениците веќе 12-13 години. И добро е што Уставниот суд не донесе одлука да важи ретроактивно, што би значело дополнителни 12 години, рече Груби.

Министерот за финансии Фатмир Бесими во однос на новинарското прашање само додаде дека станува збор за 1.600 функционери.

Законот опфаќа судии, обвинители, градоначалници, советници на општините, директори… Многу широк опфат, рече Бесими.

 

The post Министри присутни на прес-конференција во Владата не открија колку им се зголемени платите appeared first on Република.

]]>

Дел од министрите во Владата денеска на прес-конференција за измените и дополнувањата за закони поврзани со реализација на проектот за изградба на коридорите 8 и 10д, на новинарско прашање колку им се зголемени платите, не дадоа одговор. Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, рече дека во однос на платите, нема ништо незаконски и оти сите плати се различни.
Платите се во согласност со законот. Навистина е добро што Уставниот суд не донесе ретроактивна одлука, затоа што од 2011 година е замрзнат коефициентот и по однос на платите апсолутно нема ништо незаконски, туку се однесува на неуставна одлука што е донесена во 2011 година за замрзнување на коефициентот и ова прашање беше дебата од страна на пратениците веќе 12-13 години. И добро е што Уставниот суд не донесе одлука да важи ретроактивно, што би значело дополнителни 12 години, рече Груби.
Министерот за финансии Фатмир Бесими во однос на новинарското прашање само додаде дека станува збор за 1.600 функционери.
Законот опфаќа судии, обвинители, градоначалници, советници на општините, директори… Многу широк опфат, рече Бесими.
 

The post Министри присутни на прес-конференција во Владата не открија колку им се зголемени платите appeared first on Република.

]]>
Денеска прва седница на Владата со новоизбраните министри https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/deneska-prva-sednitsa-na-vladata-so-novoizbranite-ministri/ Tue, 28 Feb 2023 10:21:30 +0000 https://republika.mk/?p=614156

Владата на Република Македонија, денеска, 28.02.2023 година (вторник), со почеток во 12:00 часот, ќе одржи седница, прва во состав со новоизбраните министри.

Медиумите ќе имаат можност за видео инсерти и фотографии на почетокот на седницата, а влeгувањето е преку влезот за Медија центарот.

За заклучоците и одлуките на седницата, јавноста ќе биде информирана по завршувањето.

The post Денеска прва седница на Владата со новоизбраните министри appeared first on Република.

]]>

Владата на Република Македонија, денеска, 28.02.2023 година (вторник), со почеток во 12:00 часот, ќе одржи седница, прва во состав со новоизбраните министри. Медиумите ќе имаат можност за видео инсерти и фотографии на почетокот на седницата, а влeгувањето е преку влезот за Медија центарот. За заклучоците и одлуките на седницата, јавноста ќе биде информирана по завршувањето.

The post Денеска прва седница на Владата со новоизбраните министри appeared first on Република.

]]>
Разрешени Сали, Алити и Чупи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/razresheni-sali-aliti-i-chupi/ Thu, 23 Feb 2023 11:17:35 +0000 https://republika.mk/?p=612273

Собранието денеска во рамки на 104-та седница за владината реконструкција, ги разреши министерите од Алтернатива – за здравство Беким Сали, за информатичко општество и администрација Адмирим Алити и министерот без ресор задолжен за дијаспора Џемаил Чупи.

„За“ разрешувањето на Сали гласаа 65 пратеника, а за Алити и за Чупи „за“ беа 64 пратеници, а против беше еден пратеник и немаше воздржани.

The post Разрешени Сали, Алити и Чупи appeared first on Република.

]]>

Собранието денеска во рамки на 104-та седница за владината реконструкција, ги разреши министерите од Алтернатива – за здравство Беким Сали, за информатичко општество и администрација Адмирим Алити и министерот без ресор задолжен за дијаспора Џемаил Чупи. „За“ разрешувањето на Сали гласаа 65 пратеника, а за Алити и за Чупи „за“ беа 64 пратеници, а против беше еден пратеник и немаше воздржани.

The post Разрешени Сали, Алити и Чупи appeared first on Република.

]]>
Наставник по Aлбански јазик е новиот заменик министер за земјоделство https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nastavnik-po-albanski-jazik-e-noviot-zamenik-minister-za-zemjodelstvo/ Tue, 14 Feb 2023 16:57:18 +0000 https://republika.mk/?p=609024

Таканаречената реконструкција на неизбраната влада на премиерот Димитар Ковачевски, која вчера се најде во Собранието на Република Македонија, донесе едно непријатно изненадување за сите земјоделци,обвинуваат од Левица.

Имено, за нов заменик-министер за земјоделство е предложена Вјолца Бериша од Алијанса на Албанците, која по професија е професор по Албански јазик и литература и предавач по поезија и проза!

Иако премиерот Ковачевски, бранејќи го влегувањето во владата на Алијанса за Албанците и новите кадри од таа партија, изјави дека донесените одлуки за реконструкција на владиниот кабинет не биле мотивирани од тесно партиски интереси, реалноста е дека крајно нестручен кадар е поставен за заменик министерот во едно од најзначајните министерства.

Во услови кога егзистенцијата на земјоделците е загрозена и потребна е сеопфатна национална стратегија, ваквите некомпетентни кадри потврдуваат дека и старо-новиот владин состав нема капацитет да ги надмине предизвиците од економската и енергетската криза. Ваквите партиски решенија на Алијанса за Албанците потврдуваат дека нивниот влез во Владата е мотивиран само од поделбата на министерски и директорски места и наместо опозиција на корумпираната ДУИ - јасно е дека оваа партија ќе се претопи под ДУИ и наредни избори ќе биде збришана од политичката сцена, тврдат од Левица.

The post Наставник по Aлбански јазик е новиот заменик министер за земјоделство appeared first on Република.

]]>

Таканаречената реконструкција на неизбраната влада на премиерот Димитар Ковачевски, која вчера се најде во Собранието на Република Македонија, донесе едно непријатно изненадување за сите земјоделци,обвинуваат од Левица. Имено, за нов заменик-министер за земјоделство е предложена Вјолца Бериша од Алијанса на Албанците, која по професија е професор по Албански јазик и литература и предавач по поезија и проза! Иако премиерот Ковачевски, бранејќи го влегувањето во владата на Алијанса за Албанците и новите кадри од таа партија, изјави дека донесените одлуки за реконструкција на владиниот кабинет не биле мотивирани од тесно партиски интереси, реалноста е дека крајно нестручен кадар е поставен за заменик министерот во едно од најзначајните министерства. Во услови кога егзистенцијата на земјоделците е загрозена и потребна е сеопфатна национална стратегија, ваквите некомпетентни кадри потврдуваат дека и старо-новиот владин состав нема капацитет да ги надмине предизвиците од економската и енергетската криза. Ваквите партиски решенија на Алијанса за Албанците потврдуваат дека нивниот влез во Владата е мотивиран само од поделбата на министерски и директорски места и наместо опозиција на корумпираната ДУИ - јасно е дека оваа партија ќе се претопи под ДУИ и наредни избори ќе биде збришана од политичката сцена, тврдат од Левица.

The post Наставник по Aлбански јазик е новиот заменик министер за земјоделство appeared first on Република.

]]>
Стоилковски: Новите министри и заменици на Ковачевски се „Пазар 3“ листа за продолжување на криминал https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/stoilkovski-novite-ministri-i-zamenitsi-na-kovachevski-se-pazar-3-lista-za-prodolzhuvane-na-kriminal/ Sun, 12 Feb 2023 11:55:20 +0000 https://republika.mk/?p=607992

Предлог листата за нови министри и заменици во владата е вистинска „Пазар 3“ листа за спас на владата на Ахмети и Ковачевски, продолжување на рокот за криминал, тендери, кризи и порази за Македонија, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Ковачевски, вели тој, меѓу другото мора да ги образложи предлозите, но не смее да изостави.

Дали за министер за правда го предлага Кренар Лога, брат на Крешник Лога со кривична пријава за убиство на Дилавер Бојку, од 2020 година, за убиство и убиство во обид? Ковачевски мора да објасни и како за заменик министерка за правда ја предлага Викторија Аврамовска-Мадиќ кога за неа има поднесено кривична пријава до ОЈО за злоупотреба на службената положба и овластување и несовесно работење во службата, тешка 75 илјади евра, но и да објасни како додека таа е генерален секретар на Скопје, зетот од сестра добива над 4 милиони евра, како познатите скали од фирмата Армор Плус? И овие двајца треба да го водат министерство за правда и да ја исправат довербата од јавноста од само 3%?“, истакнува Стоилковски.

Според него, Ковачевски треба да објасни дали за министер за здравство го предлага Фатмир Меџити, и дали е тоа истиот доктор кој што е конфликтен, корумпиран, дали е поврзан со скандали со шверц на лекови, претседател на УО на ФЗОМ во време на скандали, а функцијата ја добива само заради кумашинската врска со Арбен Таравари?

Ковачевски треба да каже дали Маја Манолева што ја предлага за заменичка за здравство е истата Маја Манолева, којашто не ги почитува антикорупциските норми и ДКСК мораше јавно да ја повикува дека додека е директор на ЈЗУ „Завод за фисикална медицина“ не може да има приватна установа „Физиоплус др. Манолева“- и дали немало повеќе од судир, препраќање на пациентите од јавно во приватното семејно здравство? Притоа, е и потпретседател на Лекарската Комора.

Кога станува збор за одбраната, Ковачевски мора да каже дали е по НАТО стандарди да предлага човек којшто демонстрирал за Илирида? Односно, да каже и дали Тирон Јајага кого го предлага за заменик на Славјанка „Стани Цаци“ Петровска бил вратен во Македонија од мисијата во Брисел заради учество на протест за Илирида додека е член на мисијата во НАТО, а по смена на власта во 2017 бил помилуван за случајот?

Ништо поразлично не е ако се прочепкаат и другите предложени имиња од Ковачевски, како Каја Шукова за министерка за животна средина, која што и во 2020 во име на СДС ветуваше чист воздух, мерки, за сега дури и Берово е загадено!“, потенцира тој.

Новата заменичка во земјоделство Вјолца Бериша, како што истакнува, сама треба да објасни дали се помирила и ги заборавила загинатите во пожарот во модуларната болница за што ги обвинуваше токму СДС и ДУИ, и држеше пресови во кои порачуваше „ние нема да дозволиме рециклирање на измами и нема да ги заборавиме починатите во пожарот“. Очигледно, до министерско столче!

Ковачевски, според Стоилковски, треба да објасни и за мотивите за предлог на новиот заменик министер за образование, дали сега со полициски методи Агим Нухиум ќе го утишува револтот во образованието од немање учебници и другите поразителни скандали и зафати?

Ковачевски би требало да каже дали токму референцата дека бил советник на премиер во влада на ВМРО-ДПМНЕ, е пресудна за да Азир Алиу биде поставен за министер за администрација?

Од се погоре е јасно дека во овој избор на нова влада со рок од неполни 10 месеци, Македонија во услови на енергетска, економска, финансиска, должничка, криза нема да добие никаков квалитет туку единствено се пополнуваат редовите во Собрание за задржување на тенкото мнозинство! Причина за тоа се тендерите, договорите во четири очи и обид да се избега од правдата!“, подвлекува портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

https://youtu.be/XfMuj9enuy4

The post Стоилковски: Новите министри и заменици на Ковачевски се „Пазар 3“ листа за продолжување на криминал appeared first on Република.

]]>

Предлог листата за нови министри и заменици во владата е вистинска „Пазар 3“ листа за спас на владата на Ахмети и Ковачевски, продолжување на рокот за криминал, тендери, кризи и порази за Македонија, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски. Ковачевски, вели тој, меѓу другото мора да ги образложи предлозите, но не смее да изостави.
Дали за министер за правда го предлага Кренар Лога, брат на Крешник Лога со кривична пријава за убиство на Дилавер Бојку, од 2020 година, за убиство и убиство во обид? Ковачевски мора да објасни и како за заменик министерка за правда ја предлага Викторија Аврамовска-Мадиќ кога за неа има поднесено кривична пријава до ОЈО за злоупотреба на службената положба и овластување и несовесно работење во службата, тешка 75 илјади евра, но и да објасни како додека таа е генерален секретар на Скопје, зетот од сестра добива над 4 милиони евра, како познатите скали од фирмата Армор Плус? И овие двајца треба да го водат министерство за правда и да ја исправат довербата од јавноста од само 3%?“, истакнува Стоилковски.
Според него, Ковачевски треба да објасни дали за министер за здравство го предлага Фатмир Меџити, и дали е тоа истиот доктор кој што е конфликтен, корумпиран, дали е поврзан со скандали со шверц на лекови, претседател на УО на ФЗОМ во време на скандали, а функцијата ја добива само заради кумашинската врска со Арбен Таравари?
Ковачевски треба да каже дали Маја Манолева што ја предлага за заменичка за здравство е истата Маја Манолева, којашто не ги почитува антикорупциските норми и ДКСК мораше јавно да ја повикува дека додека е директор на ЈЗУ „Завод за фисикална медицина“ не може да има приватна установа „Физиоплус др. Манолева“- и дали немало повеќе од судир, препраќање на пациентите од јавно во приватното семејно здравство? Притоа, е и потпретседател на Лекарската Комора. Кога станува збор за одбраната, Ковачевски мора да каже дали е по НАТО стандарди да предлага човек којшто демонстрирал за Илирида? Односно, да каже и дали Тирон Јајага кого го предлага за заменик на Славјанка „Стани Цаци“ Петровска бил вратен во Македонија од мисијата во Брисел заради учество на протест за Илирида додека е член на мисијата во НАТО, а по смена на власта во 2017 бил помилуван за случајот? Ништо поразлично не е ако се прочепкаат и другите предложени имиња од Ковачевски, како Каја Шукова за министерка за животна средина, која што и во 2020 во име на СДС ветуваше чист воздух, мерки, за сега дури и Берово е загадено!“, потенцира тој.
Новата заменичка во земјоделство Вјолца Бериша, како што истакнува, сама треба да објасни дали се помирила и ги заборавила загинатите во пожарот во модуларната болница за што ги обвинуваше токму СДС и ДУИ, и држеше пресови во кои порачуваше „ние нема да дозволиме рециклирање на измами и нема да ги заборавиме починатите во пожарот“. Очигледно, до министерско столче! Ковачевски, според Стоилковски, треба да објасни и за мотивите за предлог на новиот заменик министер за образование, дали сега со полициски методи Агим Нухиум ќе го утишува револтот во образованието од немање учебници и другите поразителни скандали и зафати?
Ковачевски би требало да каже дали токму референцата дека бил советник на премиер во влада на ВМРО-ДПМНЕ, е пресудна за да Азир Алиу биде поставен за министер за администрација? Од се погоре е јасно дека во овој избор на нова влада со рок од неполни 10 месеци, Македонија во услови на енергетска, економска, финансиска, должничка, криза нема да добие никаков квалитет туку единствено се пополнуваат редовите во Собрание за задржување на тенкото мнозинство! Причина за тоа се тендерите, договорите во четири очи и обид да се избега од правдата!“, подвлекува портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.
https://youtu.be/XfMuj9enuy4

The post Стоилковски: Новите министри и заменици на Ковачевски се „Пазар 3“ листа за продолжување на криминал appeared first on Република.

]]>
Во Софија почнува состанокот на министрите за надворешни работи на земјите од ЦЕИ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vo-sofija-pochnuva-sostanokot-na-ministrite-za-nadvoreshni-raboti-na-zemjite-od-cei/ Mon, 07 Nov 2022 08:16:39 +0000 https://republika.mk/?p=570641

Во резиденцијата „Бојана“ крај Софија ќе се одржи состанокот на министрите за надворешни работи на земјите од Централноевропската иницијатива (ЦЕИ), јави дописникот на МИА од Софија.

На неа ќе учествуваат и шефовите на дипломатиите на Македонија Бујар Османи, на Унгарија Петер Сијарто и на Србија Ивица Дачиќ. По пленарната седница, бугарскиот министер за надворешни работи Николај Милков, претседателот на ЦЕИ Роберто Антонионе и државниот секретар на МНР на Молдавија Владимир Кук, ќе оддржат зедничка прес-конференција.

На официјалната вечера што синоќа Милков ја приреди за министрите и шефовите на делегации на конференцијата на ЦЕИ во Софија ја истакна водечката улога на Иницијативата за зајакнување на регионалната соработка и справување со заедничките предизвици со кои се соочува.

Пред присутните се обрати и генералниот секретар на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), Матијас Корман, како и регионалниот директор за Европа на Светов Светската здравствена организација (СЗО) Ханс Клуге.

Стана збор за заедничките иницијативи меѓу ЦЕИ, ОЕЦД и СЗО за развој на регионалната соработка. По средбата на ЦЕИ, денеска министрите Милков, Османи и Сијарто, ќе присуствуваат на работата на регионалниот бизнис форум.

Како што потсетува дописникот на МИА од Софија, ЦЕИ е една од најстарите иницијативи за регионална соработка во Европа, формирана е на 11 ноември 1989 година по падот на комунизмот и Берлинскиот ѕид.

The post Во Софија почнува состанокот на министрите за надворешни работи на земјите од ЦЕИ appeared first on Република.

]]>

Во резиденцијата „Бојана“ крај Софија ќе се одржи состанокот на министрите за надворешни работи на земјите од Централноевропската иницијатива (ЦЕИ), јави дописникот на МИА од Софија. На неа ќе учествуваат и шефовите на дипломатиите на Македонија Бујар Османи, на Унгарија Петер Сијарто и на Србија Ивица Дачиќ. По пленарната седница, бугарскиот министер за надворешни работи Николај Милков, претседателот на ЦЕИ Роберто Антонионе и државниот секретар на МНР на Молдавија Владимир Кук, ќе оддржат зедничка прес-конференција. На официјалната вечера што синоќа Милков ја приреди за министрите и шефовите на делегации на конференцијата на ЦЕИ во Софија ја истакна водечката улога на Иницијативата за зајакнување на регионалната соработка и справување со заедничките предизвици со кои се соочува. Пред присутните се обрати и генералниот секретар на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), Матијас Корман, како и регионалниот директор за Европа на Светов Светската здравствена организација (СЗО) Ханс Клуге. Стана збор за заедничките иницијативи меѓу ЦЕИ, ОЕЦД и СЗО за развој на регионалната соработка. По средбата на ЦЕИ, денеска министрите Милков, Османи и Сијарто, ќе присуствуваат на работата на регионалниот бизнис форум.
Како што потсетува дописникот на МИА од Софија, ЦЕИ е една од најстарите иницијативи за регионална соработка во Европа, формирана е на 11 ноември 1989 година по падот на комунизмот и Берлинскиот ѕид.

The post Во Софија почнува состанокот на министрите за надворешни работи на земјите од ЦЕИ appeared first on Република.

]]>
Груби одби да одговори дали ќе има промени во именувањето министри од редовите на ДУИ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/grubi-odbi-da-odgovori-dali-kje-ima-promeni-vo-imenuvanjeto-ministri-od-redovite-na-dui/ Mon, 17 Oct 2022 15:18:19 +0000 https://republika.mk/?p=562180

Вицепремиерот Артан Груби им се заблагодари на сопартијците кои го поддржаа да биде член на Претседателството на ДУИ.

Видовте дека имаше извонредна атмосфера на Генералниот совет на ДУИ, која како партија е единствена во државата и во регионот што директно ја пренесуваше седницата на Генералниот совет. Сакам да им честитам на сите членови на Генералниот совет и на новите членови на Претседателството и особено им благодарам за поддршката за првпат да бидам избран за член на Претседателството бидејќи до сега автоматски учествував во работите на раководството на партијата како шеф на кабинетот на претседателот Ахмети, рече Груби.

Вицепремиерот Груби одби да одговори дали ќе има промени во именувањето на министрите од редовите на ДУИ.

 

The post Груби одби да одговори дали ќе има промени во именувањето министри од редовите на ДУИ appeared first on Република.

]]>

Вицепремиерот Артан Груби им се заблагодари на сопартијците кои го поддржаа да биде член на Претседателството на ДУИ.
Видовте дека имаше извонредна атмосфера на Генералниот совет на ДУИ, која како партија е единствена во државата и во регионот што директно ја пренесуваше седницата на Генералниот совет. Сакам да им честитам на сите членови на Генералниот совет и на новите членови на Претседателството и особено им благодарам за поддршката за првпат да бидам избран за член на Претседателството бидејќи до сега автоматски учествував во работите на раководството на партијата како шеф на кабинетот на претседателот Ахмети, рече Груби.
Вицепремиерот Груби одби да одговори дали ќе има промени во именувањето на министрите од редовите на ДУИ.  

The post Груби одби да одговори дали ќе има промени во именувањето министри од редовите на ДУИ appeared first on Република.

]]>
Министрите од британската влада денеска на прием кај новиот крал Чарлс https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ministrite-od-britanskata-vlada-deneska-na-priem-kaj-noviot-kral-charls/ Sat, 10 Sep 2022 06:57:55 +0000 https://republika.mk/?p=549320

Министрите од Владата на Велика Британија денеска ќе ја имаат првата аудиенција кај кралот Чарлс, само неколку дена откако новата премиерка Лиз Трас ја формираше својата влада, јави ДПА.

Министрите ќе присуствуваат на денешната церемонија во палатата „Сент Џејмс“, каде Советот за наследување и формално ќе го прогласи Чарлс Трети за крал на Обединетото Кралство.

Тие подоцна ќе се упатат во Бакингемската палата на аудиенција кај монархот. Премиерката Трас вчера ја имаше првата аудиенција кај новиот крал.

Трас се поклони при средбата со кралот Чарлс. Таа му изрази сочувство на монархот за смртта на неговата мајка, а тој ѝ подаде рака и ѝ се заблагодари што одвои време да дојде и покрај нејзиниот напорен распоред.

Беше толку трогателно попладнево кога пристигнавме овде, сите овие луѓе кои дојдоа да изразат сочувств”, рече Чарлс при неговото враќање во Лондон вчера од Шкотска, каде што почина кралицата Елизабета.

 

The post Министрите од британската влада денеска на прием кај новиот крал Чарлс appeared first on Република.

]]>

Министрите од Владата на Велика Британија денеска ќе ја имаат првата аудиенција кај кралот Чарлс, само неколку дена откако новата премиерка Лиз Трас ја формираше својата влада, јави ДПА. Министрите ќе присуствуваат на денешната церемонија во палатата „Сент Џејмс“, каде Советот за наследување и формално ќе го прогласи Чарлс Трети за крал на Обединетото Кралство. Тие подоцна ќе се упатат во Бакингемската палата на аудиенција кај монархот. Премиерката Трас вчера ја имаше првата аудиенција кај новиот крал. Трас се поклони при средбата со кралот Чарлс. Таа му изрази сочувство на монархот за смртта на неговата мајка, а тој ѝ подаде рака и ѝ се заблагодари што одвои време да дојде и покрај нејзиниот напорен распоред.
Беше толку трогателно попладнево кога пристигнавме овде, сите овие луѓе кои дојдоа да изразат сочувств”, рече Чарлс при неговото враќање во Лондон вчера од Шкотска, каде што почина кралицата Елизабета.
 

The post Министрите од британската влада денеска на прием кај новиот крал Чарлс appeared first on Република.

]]>
Македонија од идната година претседава со Процесот за соработка на Југоисточна Европа https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/makedonija-od-idnata-godina-pretsedava-so-procesot-za-sorabotka-na-jugoistochna-evropa/ Fri, 10 Jun 2022 09:54:15 +0000 https://republika.mk/?p=513484

Нема поважна, поефективна и покатализирачка одлука за зајакнување на стабилноста и поривот за реформи и ЕУ ентузијазмот во регионот на ЈИЕ од онаа да се отворат пристапните преговори со Македонија и Албанија, без понатамошно одлагање и изговори, за што моментот е созреан, истакна денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи на Состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) во Солун.

На состанокот е усвоена и декларација, според која Македонија го презема претседавањето со  ПСЈИЕ за периодот јуни 2023- јуни 2024, по завршувањето на следното претседателство на Црна Гора и како дел од Тројката заедно со Грција. Претседавањето со оваа регионална организација се случува паралелно со претседавањето со ОБСЕ од 1 јануари 2023 година. Со ова, Република Македонија се етаблира како актер кој има дипломатски капацитети да претседава со важни регионални и меѓународни форуми и организации

Заблагодарувајќи се за успешното претседавање на Грција во вонредните околности како и за поддршката на европската интеграција на земјите од ПСЈИЕ кои се уште не се земји членки на ЕУ, од МНР соопштија дека Османи се осврнал на важноста од суштинското унапредување на регионалната соработка во момент кога целата меѓународна заедница се соочува со предизвиците на покачените цени на енергенсите и основните продукти и сировини како последица од војната во Украина.

Сите форми на регионално организирање кои имаат за цел намалување на бирократските бариери и градење на заеднички регионален пазар треба да се третираат со потребната итност и целосен ангажман на Владите, порачал Османи.

Министерот Османи ги потенцирал проектите за унапредување на инфраструктурата, за обезбедување на енергетска диверзификација и исполнување на целите на зелената агенда за Западен Балкан. Посочил на исклучително позитивниот ефект од укинување на роаминг тарифите помеѓу земјите од регионот и напорите истите да се укинат и во однос на земјите членки на ЕУ како и на воспоставувањето на т.н. Зелени ленти за превозниците со најава за нивно проширување и кон земјите членки на ЕУ, започнувајќи со границата помеѓу Македонија и Грција, како примери на добри пракси за натамошно делување.

Министерскиот состанок за надворешни работи се одржува во рамките на завршните состаноци на грчкото претседавањето со ПСЈИЕ под мотото „Зајакнување на синергиите на Југоисточна Европа“. Во фокусот на разговорите е регионалната соработка во светло на растечката нестабилност и негативните влијанија од Руската агресија врз Украина. Разменети биле мислења за Европската перспектива на регионот, важноста да се приоретизира енергетската безбедност, напорите за интензивирање на соработката за справување со безбедносните прашања, како и унапредувањето на зелениот договор и адресирањето на климатските промени.

The post Македонија од идната година претседава со Процесот за соработка на Југоисточна Европа appeared first on Република.

]]>

Нема поважна, поефективна и покатализирачка одлука за зајакнување на стабилноста и поривот за реформи и ЕУ ентузијазмот во регионот на ЈИЕ од онаа да се отворат пристапните преговори со Македонија и Албанија, без понатамошно одлагање и изговори, за што моментот е созреан, истакна денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи на Состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) во Солун.

На состанокот е усвоена и декларација, според која Македонија го презема претседавањето со  ПСЈИЕ за периодот јуни 2023- јуни 2024, по завршувањето на следното претседателство на Црна Гора и како дел од Тројката заедно со Грција. Претседавањето со оваа регионална организација се случува паралелно со претседавањето со ОБСЕ од 1 јануари 2023 година. Со ова, Република Македонија се етаблира како актер кој има дипломатски капацитети да претседава со важни регионални и меѓународни форуми и организации

Заблагодарувајќи се за успешното претседавање на Грција во вонредните околности како и за поддршката на европската интеграција на земјите од ПСЈИЕ кои се уште не се земји членки на ЕУ, од МНР соопштија дека Османи се осврнал на важноста од суштинското унапредување на регионалната соработка во момент кога целата меѓународна заедница се соочува со предизвиците на покачените цени на енергенсите и основните продукти и сировини како последица од војната во Украина.
Сите форми на регионално организирање кои имаат за цел намалување на бирократските бариери и градење на заеднички регионален пазар треба да се третираат со потребната итност и целосен ангажман на Владите, порачал Османи.
Министерот Османи ги потенцирал проектите за унапредување на инфраструктурата, за обезбедување на енергетска диверзификација и исполнување на целите на зелената агенда за Западен Балкан. Посочил на исклучително позитивниот ефект од укинување на роаминг тарифите помеѓу земјите од регионот и напорите истите да се укинат и во однос на земјите членки на ЕУ како и на воспоставувањето на т.н. Зелени ленти за превозниците со најава за нивно проширување и кон земјите членки на ЕУ, започнувајќи со границата помеѓу Македонија и Грција, како примери на добри пракси за натамошно делување. Министерскиот состанок за надворешни работи се одржува во рамките на завршните состаноци на грчкото претседавањето со ПСЈИЕ под мотото „Зајакнување на синергиите на Југоисточна Европа“. Во фокусот на разговорите е регионалната соработка во светло на растечката нестабилност и негативните влијанија од Руската агресија врз Украина. Разменети биле мислења за Европската перспектива на регионот, важноста да се приоретизира енергетската безбедност, напорите за интензивирање на соработката за справување со безбедносните прашања, како и унапредувањето на зелениот договор и адресирањето на климатските промени.

The post Македонија од идната година претседава со Процесот за соработка на Југоисточна Европа appeared first on Република.

]]>
Министрите во Владата на роденденот на ДУИ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ministrite-vo-vladata-na-rodendenot-na-dui/ Sun, 05 Jun 2022 14:18:57 +0000 https://republika.mk/?p=511446

Актулениот премиер Димитар Ковачевски и неговиот претходник Зоран Заев денес присуствуваа на централната прослава на 20 годишнината од формирањето на ДУИ во организација на партијата. Меѓу гостите беа и министрите од СДСМ Фатмир Битиќи и Славица Грковска. На прославата беше пресечна огромна торта во чест на јубилејот, а партискиот лидер Али Ахмети одржа говор.

https://republika.mk/vesti/makedonija/ahmeti-na-20-godishninata-na-dui-koj-e-spremen-za-ushte-20-godini-neka-se-stroi-zad-mene/

The post Министрите во Владата на роденденот на ДУИ appeared first on Република.

]]>

Актулениот премиер Димитар Ковачевски и неговиот претходник Зоран Заев денес присуствуваа на централната прослава на 20 годишнината од формирањето на ДУИ во организација на партијата. Меѓу гостите беа и министрите од СДСМ Фатмир Битиќи и Славица Грковска. На прославата беше пресечна огромна торта во чест на јубилејот, а партискиот лидер Али Ахмети одржа говор. https://republika.mk/vesti/makedonija/ahmeti-na-20-godishninata-na-dui-koj-e-spremen-za-ushte-20-godini-neka-se-stroi-zad-mene/

The post Министрите во Владата на роденденот на ДУИ appeared first on Република.

]]>
Министрите за ЕУ денеска разговараат за Украина и проширувањето https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ministrite-za-eu-deneska-razgovaraat-za-ukraina-i-proshiruvanjeto/ Mon, 23 May 2022 10:08:33 +0000 https://republika.mk/?p=505859

Министрите за европски прашања од земјите-членки на ЕУ се состануваат денеска од 10 часот во рамките на Советот за општи работи на ЕУ, и ги подготвуваат двата претстојни самити на лидерите, јави дописничката на МИА од Брисел.

На дневен ред е првично Украина, финансиската и хуманитарната помош од ЕУ, енергетските и прехранбените последици за Европа и за светот, но и апликацијата на Киев за членство во Европската Унија.

Повеќе министри пред почетокот на Советот изразија поддршка за кандидатурата на Украина во ЕУ, но чекаат прво Европската Комисија да објави стручно мислење.

Ова мислење се очекува во текот на јуни, а потоа ќе биде тема на дискусија на лидерите на ЕУ на самитот на крајот од јуни.

Австриската министерка за ЕУ, Каролин Естатлер, меѓу другите, порача дека не смее да се заборави дека треба да започнат и преговорите за членство со Албанија и Македонија, кои чекаат формално отпочнување на овој процес од март 2020.

Една од најважните теми за министрите денеска ќе биде енергетската безбедност на ЕУ и подготовките за зимата, додека земјите преговараат за нов пакет санкции против нафтениот сектор во Русија, тема за која сѐ уште не успеваат да постигнат согласност.

Европските министри ќе разговараат и за прехранбената безбедност, со оглед на тоа дека Русија и Украина се двете најважни извозници на житарици не само во Европа туку и за голем дел од светот.

На дневен ред денеска е и сослушување на Украина во рамките на процедурата за владеење на правото.

The post Министрите за ЕУ денеска разговараат за Украина и проширувањето appeared first on Република.

]]>

Министрите за европски прашања од земјите-членки на ЕУ се состануваат денеска од 10 часот во рамките на Советот за општи работи на ЕУ, и ги подготвуваат двата претстојни самити на лидерите, јави дописничката на МИА од Брисел. На дневен ред е првично Украина, финансиската и хуманитарната помош од ЕУ, енергетските и прехранбените последици за Европа и за светот, но и апликацијата на Киев за членство во Европската Унија. Повеќе министри пред почетокот на Советот изразија поддршка за кандидатурата на Украина во ЕУ, но чекаат прво Европската Комисија да објави стручно мислење. Ова мислење се очекува во текот на јуни, а потоа ќе биде тема на дискусија на лидерите на ЕУ на самитот на крајот од јуни. Австриската министерка за ЕУ, Каролин Естатлер, меѓу другите, порача дека не смее да се заборави дека треба да започнат и преговорите за членство со Албанија и Македонија, кои чекаат формално отпочнување на овој процес од март 2020. Една од најважните теми за министрите денеска ќе биде енергетската безбедност на ЕУ и подготовките за зимата, додека земјите преговараат за нов пакет санкции против нафтениот сектор во Русија, тема за која сѐ уште не успеваат да постигнат согласност. Европските министри ќе разговараат и за прехранбената безбедност, со оглед на тоа дека Русија и Украина се двете најважни извозници на житарици не само во Европа туку и за голем дел од светот. На дневен ред денеска е и сослушување на Украина во рамките на процедурата за владеење на правото.

The post Министрите за ЕУ денеска разговараат за Украина и проширувањето appeared first on Република.

]]>
Деаноски: Да сум премиер, би ги разрешил сите министри што не исплатија минимална плата https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/deanoski-da-sum-premier-bi-gi-razreshil-site-ministri-shto-ne-isplatija-minimalna-plata/ Fri, 08 Apr 2022 20:28:55 +0000 https://republika.mk/?p=485595

Задоволни сме од одзивот во прекинот на работата. Станува збор за околу 13 до 14 илјади вработени. Денеска немаше притисоци, рече претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Трпе Деаноски во однос на предупредувачкиот прекин на работата на вработените во администрацијата и правосудството.

Според него, ова се црвените линии под која нема долу.

2.806 денари е разликата од минатата вредност на минималната плата со сегашната вредност на минималната. Премала е, но испраќаме порака до владата дека сме кооперативни за да седнеме на маса. Бараме за сите оние што не се усогласи платата. Не го сфаќам односот на владата кон вработените и не можам да го разберам објаснувањето. Не ни треба измена на законот за администрација за да може да се добие износот на минимална плата. МИОА даде допис дека мора сите да исплатат согласно закон за минимална плата. Зошто МФ и другите министерства не постапуваат како МИОА и не исплаќаат минимална плата година дена, а еве и сега? Зошто другите не го почитуваат законот? Денеска ме прашаа новинарите, им кажав: Јас да сум премиер, сите тие министри што не исплатија минимална плата, би ги разрешил за пет минути, вели Деаноски во емисијата „360“.

 

The post Деаноски: Да сум премиер, би ги разрешил сите министри што не исплатија минимална плата appeared first on Република.

]]>

Задоволни сме од одзивот во прекинот на работата. Станува збор за околу 13 до 14 илјади вработени. Денеска немаше притисоци, рече претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Трпе Деаноски во однос на предупредувачкиот прекин на работата на вработените во администрацијата и правосудството. Според него, ова се црвените линии под која нема долу.
2.806 денари е разликата од минатата вредност на минималната плата со сегашната вредност на минималната. Премала е, но испраќаме порака до владата дека сме кооперативни за да седнеме на маса. Бараме за сите оние што не се усогласи платата. Не го сфаќам односот на владата кон вработените и не можам да го разберам објаснувањето. Не ни треба измена на законот за администрација за да може да се добие износот на минимална плата. МИОА даде допис дека мора сите да исплатат согласно закон за минимална плата. Зошто МФ и другите министерства не постапуваат како МИОА и не исплаќаат минимална плата година дена, а еве и сега? Зошто другите не го почитуваат законот? Денеска ме прашаа новинарите, им кажав: Јас да сум премиер, сите тие министри што не исплатија минимална плата, би ги разрешил за пет минути, вели Деаноски во емисијата „360“.
 

The post Деаноски: Да сум премиер, би ги разрешил сите министри што не исплатија минимална плата appeared first on Република.

]]>
НАТО министрите за одбрана в среда ќе разговараат за руската инвазија на Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/nato-ministrite-za-odbrana-v-sreda-kje-razgovaraat-za-ruskata-invazija-na-ukraina/ Mon, 14 Mar 2022 16:39:30 +0000 https://republika.mk/?p=472819

Министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО ќе се сретнат в среда во Брисел на вонреден состанок на кој ќе разговараат за руската инвазија на Украина, соопшти турското Министерство за одбрана.

Во соопштението се вели дека турскиот министер за одбрана Хулуси Акар ќе отпатува за Брисел за да учествува на состаноците и ќе има билатерални разговори со своите колеги.

The post НАТО министрите за одбрана в среда ќе разговараат за руската инвазија на Украина appeared first on Република.

]]>

Министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО ќе се сретнат в среда во Брисел на вонреден состанок на кој ќе разговараат за руската инвазија на Украина, соопшти турското Министерство за одбрана. Во соопштението се вели дека турскиот министер за одбрана Хулуси Акар ќе отпатува за Брисел за да учествува на состаноците и ќе има билатерални разговори со своите колеги.

The post НАТО министрите за одбрана в среда ќе разговараат за руската инвазија на Украина appeared first on Република.

]]>
Премиерот и новите министри ги презедоа функциите, беа на средба и кај Пендаровски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/premierot-i-novite-ministri-gi-prezedoa-funkciite-bea-na-gosti-i-kaj-pendarovski/ Tue, 18 Jan 2022 07:34:31 +0000 https://republika.mk/?p=446106

На првиот ден од изборот на новата Влада, во министерствата беше извршено примопредавање, а новиот премиер Димитар Ковачевски најави дека се посветат на клучните прашања од интерес на граѓаните.

Ковачевски, по средбата со претседателот на државата Стево Пендаровски, изјави дека првиот предизвик на новата Влада е надминувањето на енергетската криза и обезбедувањето подобри услови за живот на граѓаните.

Од денеска секоја минута од нашето време им ја посветуваме на клучните прашања од интерес на нашите граѓани. Токму затоа инсистирам во неколку наврати дека нашиот фокус е ставен на економскиот развој на земјата и подобрување на животниот стандард. Како прв човек на новата Влада за моја задача и одговорност ја поставив конструктивната комуникација и соработка со сите чинители во нашето општество како што се граѓанските здруженија и претставниците на опозицијата. Новата Влада ќе биде високопродуктивна во работењето посветена на поставените високи цели за кои сум сигурен дека со многу работа и труд можеме да ги реализираме - изјави Ковачевски.

Тој изјави дека од новите министри очекува да работат чесно, одговорно и ефикасно.

Дел од нив веќе ги презедоа функциите од досегашните министри.

Новата министерка за одбрана Славјанка Петровска најави дека почнатите процеси во одбраната ќе продолжат со уште поинтензивна динамика, а еден од најважните приоритети во текот на нејзиниот мандат ќе биде одржувањето на стабилно финансирање на одбраната и достигнувањето на два процента од БДП за одбранбениот буџет до 2024 година. Приоритети за Петровска ќе бидат и донесувањето на законот за службеници во одбраната, модернизацијата и опремувањето на Армијата, како и реновирањето на воените објекти.

Примопредавање имаше и во ресорот за борба против корупцијата и криминалот. Во овој ресор, според досегашниот вицепремиер за борба против корупцијата и криминалот Љупчо Николовски, поставени се темелите во борбата против криминалот и корупцијата – донесен е План со 18 системски мерки, нов Етички кодекс, Национален регистар на вистински сопственици, подигнато е нивото на транспарентност и отчетност кај министерствата, државните органи и општините, а започнат е и процес на дигитализација на институциите со кој ќе се елиминира човечкиот фактор.

Министерот за внатрешни работи, кој и досега ја извршуваше оваа функција, Оливер Спасовски најави зголемување на платата за пет проценти на сите вработени во МВР во 2022 година, средства за бонус плата за оствaрени над 150 часа прекувремена работа во 2021 година, како и реконструкции на повеќе објекти кои се во надлежност на Министерството. Приоритет на МВР за 2022 година ќе биде и набавката на возила исклучиво за оперативно работење на полицијата.

Смена беше направена и во министерствата за правда, здравство, образование, труд и социјала, култура и земјоделство.

Досегашниот министер за правда, кој во новата Влада ќе го води ресорот евроинтеграции Бојан Маричиќ верува дека во Министерството за правда ќе продолжи темпото на спроведување на реформите бидејќи, според него, од суштинско значење за напредокот на државата и за евроинтеграцискиот процес се оценките кои доаѓаат од правосудството.

И досегашниот министер за здравство Венко Филипче, кој му ја предаде функцијата на новиот министер Беки Сали, верува дека тој ќе одговори на предизвиците што ги наметна ковид пандемијата и дека во негов фокус ќе бидат грижата за пациентите, здравствените работници и транспарентноста кон медиумите. Новиот министер, пак, вети создавање на силен здравствен систем бидејќи тоа според него е сеопфатно дефинирање на проблемите и навремен пристап кон решенијата.

Приоритет за новата министерка за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, која доаѓа од Државниот инспекторат за труд, ќе бидат унапредувањето на правата од социјална заштита, обезбедувањето на редовни и сигурни пензии, заштитата и почитувањето на работничките права и грижа за најмладите. Родовата еднаквост, како што вети, останува и понатаму високо на агендата на Министерството за труд и социјална политика.

Посветена работа во секторот земјоделство најави и новиот министер за земјоделство Љупчо Николовски. Вети реформи и повеќе пари за земјоделството, подобар пласман на земјоделските производи и пониски трошоци за производство….

Подготвеност да се соочи со предизвиците, но и со убавините и прогресот што го носи културата изрази и новата министерка за култура Бисера Костадиновска – Стојчевска, која ја презеде функцијата од досегашната министерка Ирена Стефоска.

Новоизбраниот состав на Владата по примопредавањето на функциите вчера одржа конститутивна седница. Беа донесени првите одлуки, при што беа определени вицепремиерите и нивните должности, како и претседателите и членовите на основните и на посебните владини комисии.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ, оцени дека мнозинството и владата повторно се на стаклени нозе, затоа што, како што изјави пратеникот Драган Ковачки, СДСМ и ДУИ изгласаа влада со само 62 пратеници, а недели наназад зборувале како имаат стабилно мнозинство. Повторија дека Владата нема легитимитет и повторно повикаа да се одржат избори.

Старо-новата Влада нема народен легитимитет и таа е производ на тешкиот пораз на СДСМ на локалните избори. Таа е континуитет на криминалот, корупцијата и неспособноста. Со оваа Влада без легитимитет, капацитет и авторитет, Македонија ќе продолжи да тоне.Токму затоа, на Македонија и се потребни избори кои ќе ја рефлектираат волјата на народот, а Владата ќе биде легитимна и одлучна во борбата со криминалот и корупцијата и ќе донесе нова иднина за сите граѓани на државата - оценија од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Влада предводена од Ковачевски беше избрана во неделата со 62 гласа „за“, 46 „против“ и без воздржани. Владата брои 21 член – 11 од СДСМ, шест од ДУИ, тројца од Алтернатива и еден министер од ЛДП. Новиот владин кабинет има еден член повеќе од досегашниот и тоа министер без ресор, место што по формирањето на новото парламентарно мнозинство и припадна на Алтернатива.

The post Премиерот и новите министри ги презедоа функциите, беа на средба и кај Пендаровски appeared first on Република.

]]>

На првиот ден од изборот на новата Влада, во министерствата беше извршено примопредавање, а новиот премиер Димитар Ковачевски најави дека се посветат на клучните прашања од интерес на граѓаните. Ковачевски, по средбата со претседателот на државата Стево Пендаровски, изјави дека првиот предизвик на новата Влада е надминувањето на енергетската криза и обезбедувањето подобри услови за живот на граѓаните.
Од денеска секоја минута од нашето време им ја посветуваме на клучните прашања од интерес на нашите граѓани. Токму затоа инсистирам во неколку наврати дека нашиот фокус е ставен на економскиот развој на земјата и подобрување на животниот стандард. Како прв човек на новата Влада за моја задача и одговорност ја поставив конструктивната комуникација и соработка со сите чинители во нашето општество како што се граѓанските здруженија и претставниците на опозицијата. Новата Влада ќе биде високопродуктивна во работењето посветена на поставените високи цели за кои сум сигурен дека со многу работа и труд можеме да ги реализираме - изјави Ковачевски.
Тој изјави дека од новите министри очекува да работат чесно, одговорно и ефикасно. Дел од нив веќе ги презедоа функциите од досегашните министри. Новата министерка за одбрана Славјанка Петровска најави дека почнатите процеси во одбраната ќе продолжат со уште поинтензивна динамика, а еден од најважните приоритети во текот на нејзиниот мандат ќе биде одржувањето на стабилно финансирање на одбраната и достигнувањето на два процента од БДП за одбранбениот буџет до 2024 година. Приоритети за Петровска ќе бидат и донесувањето на законот за службеници во одбраната, модернизацијата и опремувањето на Армијата, како и реновирањето на воените објекти. Примопредавање имаше и во ресорот за борба против корупцијата и криминалот. Во овој ресор, според досегашниот вицепремиер за борба против корупцијата и криминалот Љупчо Николовски, поставени се темелите во борбата против криминалот и корупцијата – донесен е План со 18 системски мерки, нов Етички кодекс, Национален регистар на вистински сопственици, подигнато е нивото на транспарентност и отчетност кај министерствата, државните органи и општините, а започнат е и процес на дигитализација на институциите со кој ќе се елиминира човечкиот фактор. Министерот за внатрешни работи, кој и досега ја извршуваше оваа функција, Оливер Спасовски најави зголемување на платата за пет проценти на сите вработени во МВР во 2022 година, средства за бонус плата за оствaрени над 150 часа прекувремена работа во 2021 година, како и реконструкции на повеќе објекти кои се во надлежност на Министерството. Приоритет на МВР за 2022 година ќе биде и набавката на возила исклучиво за оперативно работење на полицијата. Смена беше направена и во министерствата за правда, здравство, образование, труд и социјала, култура и земјоделство. Досегашниот министер за правда, кој во новата Влада ќе го води ресорот евроинтеграции Бојан Маричиќ верува дека во Министерството за правда ќе продолжи темпото на спроведување на реформите бидејќи, според него, од суштинско значење за напредокот на државата и за евроинтеграцискиот процес се оценките кои доаѓаат од правосудството. И досегашниот министер за здравство Венко Филипче, кој му ја предаде функцијата на новиот министер Беки Сали, верува дека тој ќе одговори на предизвиците што ги наметна ковид пандемијата и дека во негов фокус ќе бидат грижата за пациентите, здравствените работници и транспарентноста кон медиумите. Новиот министер, пак, вети создавање на силен здравствен систем бидејќи тоа според него е сеопфатно дефинирање на проблемите и навремен пристап кон решенијата. Приоритет за новата министерка за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, која доаѓа од Државниот инспекторат за труд, ќе бидат унапредувањето на правата од социјална заштита, обезбедувањето на редовни и сигурни пензии, заштитата и почитувањето на работничките права и грижа за најмладите. Родовата еднаквост, како што вети, останува и понатаму високо на агендата на Министерството за труд и социјална политика. Посветена работа во секторот земјоделство најави и новиот министер за земјоделство Љупчо Николовски. Вети реформи и повеќе пари за земјоделството, подобар пласман на земјоделските производи и пониски трошоци за производство…. Подготвеност да се соочи со предизвиците, но и со убавините и прогресот што го носи културата изрази и новата министерка за култура Бисера Костадиновска – Стојчевска, која ја презеде функцијата од досегашната министерка Ирена Стефоска. Новоизбраниот состав на Владата по примопредавањето на функциите вчера одржа конститутивна седница. Беа донесени првите одлуки, при што беа определени вицепремиерите и нивните должности, како и претседателите и членовите на основните и на посебните владини комисии. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ, оцени дека мнозинството и владата повторно се на стаклени нозе, затоа што, како што изјави пратеникот Драган Ковачки, СДСМ и ДУИ изгласаа влада со само 62 пратеници, а недели наназад зборувале како имаат стабилно мнозинство. Повторија дека Владата нема легитимитет и повторно повикаа да се одржат избори.
Старо-новата Влада нема народен легитимитет и таа е производ на тешкиот пораз на СДСМ на локалните избори. Таа е континуитет на криминалот, корупцијата и неспособноста. Со оваа Влада без легитимитет, капацитет и авторитет, Македонија ќе продолжи да тоне.Токму затоа, на Македонија и се потребни избори кои ќе ја рефлектираат волјата на народот, а Владата ќе биде легитимна и одлучна во борбата со криминалот и корупцијата и ќе донесе нова иднина за сите граѓани на државата - оценија од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
Влада предводена од Ковачевски беше избрана во неделата со 62 гласа „за“, 46 „против“ и без воздржани. Владата брои 21 член – 11 од СДСМ, шест од ДУИ, тројца од Алтернатива и еден министер од ЛДП. Новиот владин кабинет има еден член повеќе од досегашниот и тоа министер без ресор, место што по формирањето на новото парламентарно мнозинство и припадна на Алтернатива.

The post Премиерот и новите министри ги презедоа функциите, беа на средба и кај Пендаровски appeared first on Република.

]]>