Министерството за одбрана Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ministerstvoto-za-odbrana/ За подобро да се разбереме Fri, 09 Aug 2024 17:11:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Министерството за одбрана Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ministerstvoto-za-odbrana/ 32 32 Мисајловски: Министерството за одбрана најостро го осудува немилиот настан со оштетување на спомен плочата на загинатите бранители кај месноста Карпалак https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/misajlovski-ministerstvoto-za-odbrana-najostro-go-osuduva-nemiliot-nastan-so-oshtetuvane-na-spomen-plochata-na-zaginatite-braniteli-kaj-mesnosta-karpalak/ Fri, 09 Aug 2024 17:11:17 +0000 https://republika.mk/?p=805041

Министерството за одбрана најостро го осудува немилиот настан со оштетување на спомен плочата на загинатите бранители кај месноста Карпалак. Настанот е регистриран од страна на надлежните служби на министерството уште во утринските часови, истакна министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Настанот веднаш е пријавен во Министерството за внатрешни работи, за превземање на соодветни мерки за идентификување на сторителите на овој немил чин. По соодветните дипломатски линии, случајот е пријавен и до меѓународната заедница, информираше тој.

Министерството за одбрана веднаш превзема активности за поставување на нова спомен плоча и истата ќе биде поставена во најбрз можен временски рок.

Во поглед на поставување на спомен обележје на месноста Карпалак, информираме дека во изминатите 7 години превземени се иницијативи за поставување на спомен обележје кои не се во согласност со законската регулатива од оваа област, нагласи Мисајловски.

Имено не е земено во предвид дека местото каде што е предвидено да се постави споменикот е заштитен појас каде може да се градат објекти во функција на автопатот и постојано се добивани негативни одговори од надлежните институции.

Односно се превземени активности за да не се направи апсолутно ништо.

Министерството за одбрана во координација со надлежните институции ги разгледува сите законски можности за поставување на достојно спомен обележје, подвлече министерот.

The post Мисајловски: Министерството за одбрана најостро го осудува немилиот настан со оштетување на спомен плочата на загинатите бранители кај месноста Карпалак appeared first on Република.

]]>

Министерството за одбрана најостро го осудува немилиот настан со оштетување на спомен плочата на загинатите бранители кај месноста Карпалак. Настанот е регистриран од страна на надлежните служби на министерството уште во утринските часови, истакна министерот за одбрана Владо Мисајловски.
Настанот веднаш е пријавен во Министерството за внатрешни работи, за превземање на соодветни мерки за идентификување на сторителите на овој немил чин. По соодветните дипломатски линии, случајот е пријавен и до меѓународната заедница, информираше тој.
Министерството за одбрана веднаш превзема активности за поставување на нова спомен плоча и истата ќе биде поставена во најбрз можен временски рок.
Во поглед на поставување на спомен обележје на месноста Карпалак, информираме дека во изминатите 7 години превземени се иницијативи за поставување на спомен обележје кои не се во согласност со законската регулатива од оваа област, нагласи Мисајловски.
Имено не е земено во предвид дека местото каде што е предвидено да се постави споменикот е заштитен појас каде може да се градат објекти во функција на автопатот и постојано се добивани негативни одговори од надлежните институции. Односно се превземени активности за да не се направи апсолутно ништо.
Министерството за одбрана во координација со надлежните институции ги разгледува сите законски можности за поставување на достојно спомен обележје, подвлече министерот.

The post Мисајловски: Министерството за одбрана најостро го осудува немилиот настан со оштетување на спомен плочата на загинатите бранители кај месноста Карпалак appeared first on Република.

]]>
Министерството за одбрана ќе набавува повеќенаменски транспортни хеликоптери од Италија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ministerstvoto-za-odbrana-ke-nabavuva-povekenamenski-transportni-helikopteri-od-italija/ Tue, 12 Mar 2024 21:11:05 +0000 https://republika.mk/?p=754172

Владата на денешната седница ја разгледа и усвои Информацијата од Министерството за одбрана за потребата на доделување договор за набавка на повеќенаменски транспортни хеликоптери, со склучување договор влада со влада помеѓу Владата на Република Македонија и Министерството за одбрана на Италијанската Република.

Како што се наведува во соопштението, овластена е министерката за одбрана, Славјанка Петровска, да го потпише Аранжманот помеѓу Министерството за одбрана и Министерството за одбрана на Италија, за соработка во полето на воената хеликоптерска авијација.

Согласно потребата за реформа на одбранбениот сектор и негова интеграција во НАТО, утврдена во Стратегискиот одбранбен преглед, како што е соопштено од Министерството за одбрана, се постапува по Долгорочен план за модернизација и опремување на Армијата на Република Македонија, за постигнување целосна интероперабилност со армиите на земјите партнери во НАТО.

На седницата Владата, на предлог на Министерството за одбрана, донесе Одлука за испраќање припадници на Армијата на Република Македонија, за учество во НАТО мисијата „Зајакнато истурено присуство“ (Enhanced Forward Presence -eFP ) во Република Летонија.

The post Министерството за одбрана ќе набавува повеќенаменски транспортни хеликоптери од Италија appeared first on Република.

]]>

Владата на денешната седница ја разгледа и усвои Информацијата од Министерството за одбрана за потребата на доделување договор за набавка на повеќенаменски транспортни хеликоптери, со склучување договор влада со влада помеѓу Владата на Република Македонија и Министерството за одбрана на Италијанската Република. Како што се наведува во соопштението, овластена е министерката за одбрана, Славјанка Петровска, да го потпише Аранжманот помеѓу Министерството за одбрана и Министерството за одбрана на Италија, за соработка во полето на воената хеликоптерска авијација. Согласно потребата за реформа на одбранбениот сектор и негова интеграција во НАТО, утврдена во Стратегискиот одбранбен преглед, како што е соопштено од Министерството за одбрана, се постапува по Долгорочен план за модернизација и опремување на Армијата на Република Македонија, за постигнување целосна интероперабилност со армиите на земјите партнери во НАТО. На седницата Владата, на предлог на Министерството за одбрана, донесе Одлука за испраќање припадници на Армијата на Република Македонија, за учество во НАТО мисијата „Зајакнато истурено присуство“ (Enhanced Forward Presence -eFP ) во Република Летонија.

The post Министерството за одбрана ќе набавува повеќенаменски транспортни хеликоптери од Италија appeared first on Република.

]]>