министерство за земјоделство Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ministerstvo-za-zemjodelstvo/ За подобро да се разбереме Sat, 16 Nov 2024 09:52:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png министерство за земјоделство Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ministerstvo-za-zemjodelstvo/ 32 32 Исплатени над 70 милиони денари за земјоделците https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/isplateni-nad-70-milioni-denari-za-zemjodeltsite/ Sat, 16 Nov 2024 09:52:55 +0000 https://republika.mk/?p=838416

Се продолжува со исплатата на заостанатите средства кон земјоделците. Исплатени се 70.417.380,00 денари кон 1.297 корисници за растително и сточарско производство од програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2023 година - велат од Министерството за земјоделство.

Оттаму додаваат дека исплатени се и 7.194.500,00 денари кон 42 корисници од мерката 214.3 од Програмата за рурален развој за 2023 година.

Грижата кон земјоделците продолжува! стои во соопштението на МЗ

The post Исплатени над 70 милиони денари за земјоделците appeared first on Република.

]]>

Се продолжува со исплатата на заостанатите средства кон земјоделците. Исплатени се 70.417.380,00 денари кон 1.297 корисници за растително и сточарско производство од програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2023 година - велат од Министерството за земјоделство.
Оттаму додаваат дека исплатени се и 7.194.500,00 денари кон 42 корисници од мерката 214.3 од Програмата за рурален развој за 2023 година.
Грижата кон земјоделците продолжува! стои во соопштението на МЗ

The post Исплатени над 70 милиони денари за земјоделците appeared first on Република.

]]>
Двајца вработени во министерствотo за земјоделство отвориле јавни понуди без кворум, добија кривични пријави https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/dvajtsa-vraboteni-vo-ministerstvoto-za-zemjodelstvo-otvorile-javni-ponudi-bez-kvorum-dobija-krivichni-prijavi/ Fri, 08 Mar 2024 16:51:31 +0000 https://republika.mk/?p=752762

Единицата за финансиски криминал при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против А.Д.(45) од Скопје и Л.И.(40) од тетовско, со престој во Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“, казниво по член 353-в од Кривичниот законик.

Првопријавениот А.Д. и второпријавената Л.И., двајцата вработени во Министерство за земјоделие, шумарство и водостопанство, од јули 2021 година биле именувани за членови во Комисија за давање под закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост. По доставени понуди за површини до три хектари по јавен повик, на 25.11.2021 постапиле спротивно на одредбите од Правилникот за начинот на работа на комисијата во постапките по распишани јавни огласи и постапките со прибирање на понуди за давање под закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост“. Имено, пријавените без потребниот кворум започнале со јавно отворање на понудите, со што оневозможиле вклучување на останатите членови на комисијата и продолжување на постапката на законит начин.

На 06.01.2022, членовите на комисијата, кои не учествувале на јавното отворање на понудите, дале предлог за поништување на постапката за давање под закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост, кој бил прифатен од заменик министер во министерството и јавниот повик со решение бил поништен. На тој начин, пријавените предизвикале штета на буџетот во вкупен износ од 294.448 денари.

The post Двајца вработени во министерствотo за земјоделство отвориле јавни понуди без кворум, добија кривични пријави appeared first on Република.

]]>

Единицата за финансиски криминал при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против А.Д.(45) од Скопје и Л.И.(40) од тетовско, со престој во Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“, казниво по член 353-в од Кривичниот законик. Првопријавениот А.Д. и второпријавената Л.И., двајцата вработени во Министерство за земјоделие, шумарство и водостопанство, од јули 2021 година биле именувани за членови во Комисија за давање под закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост. По доставени понуди за површини до три хектари по јавен повик, на 25.11.2021 постапиле спротивно на одредбите од Правилникот за начинот на работа на комисијата во постапките по распишани јавни огласи и постапките со прибирање на понуди за давање под закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост“. Имено, пријавените без потребниот кворум започнале со јавно отворање на понудите, со што оневозможиле вклучување на останатите членови на комисијата и продолжување на постапката на законит начин. На 06.01.2022, членовите на комисијата, кои не учествувале на јавното отворање на понудите, дале предлог за поништување на постапката за давање под закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост, кој бил прифатен од заменик министер во министерството и јавниот повик со решение бил поништен. На тој начин, пријавените предизвикале штета на буџетот во вкупен износ од 294.448 денари.

The post Двајца вработени во министерствотo за земјоделство отвориле јавни понуди без кворум, добија кривични пријави appeared first on Република.

]]>
Maсовен поткуп пред избори: Љупчо Николовски распишал оглас за вработување еден ден откако владата си поднесе оставка https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/masoven-potkup-pred-izbori-lupcho-nikolovski-raspishal-oglas-za-vrabotuvane-eden-den-otkako-vladata-si-podnese-ostavka/ Fri, 23 Feb 2024 09:03:26 +0000 https://republika.mk/?p=747263

Власта на СДСМ не бира средства да привлече гласачи знаејќи каков е нивниот рејтинг. Се нудат вработувања на сите страни бидејќи програма и проекти и онака немаат. Масовен поткуп се случува од страна на   министерот за земјоделство Љупчо Николовски кој  на 27 јануари распишал оглас за вработување на определено време на една година за 38 лица.
Ова  не би било ништо невообичаено ако не се знае дека еден ден претходно владата  си даде оставка за да се избере техничката. Веќе на 28 јануари, еден ден по огласот на Николовски се избра техничката влада.
Но, за Николовски тоа не било проблем и објавил оглас дека бара 38 помлади соработници, референти, како и советници за сите подрачни единици.Ова е објавено и на веб страната на Министерството за земјоделство.

The post Maсовен поткуп пред избори: Љупчо Николовски распишал оглас за вработување еден ден откако владата си поднесе оставка appeared first on Република.

]]>

Власта на СДСМ не бира средства да привлече гласачи знаејќи каков е нивниот рејтинг. Се нудат вработувања на сите страни бидејќи програма и проекти и онака немаат. Масовен поткуп се случува од страна на   министерот за земјоделство Љупчо Николовски кој  на 27 јануари распишал оглас за вработување на определено време на една година за 38 лица.
Ова  не би било ништо невообичаено ако не се знае дека еден ден претходно владата  си даде оставка за да се избере техничката. Веќе на 28 јануари, еден ден по огласот на Николовски се избра техничката влада.
Но, за Николовски тоа не било проблем и објавил оглас дека бара 38 помлади соработници, референти, како и советници за сите подрачни единици.Ова е објавено и на веб страната на Министерството за земјоделство.

The post Maсовен поткуп пред избори: Љупчо Николовски распишал оглас за вработување еден ден откако владата си поднесе оставка appeared first on Република.

]]>
Земјоделци, подгответе се за среда и четврток, ќе биде многу студено https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/zemjodeltsi-podgotvete-se-za-sreda-i-chetvrtok-ke-bide-mnogu-studeno/ Tue, 28 Mar 2023 07:06:54 +0000 https://republika.mk/?p=624463

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Управата за хидрометеоролошки работи ги информираат земјоделците дека во наредните денови 29 и 30 март (среда и четврток) земјата ќе биде зафатена од ниски температури под нулата.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство апелира до земјоделците навремено да преземат мерки за заштита на овошните насади од измрзнување.

Минималните температури на 29 март ќе изнесуваат минус 5 степени во Крива Паланка, минус 4 во Ресен и Битола, минус 3 во Прилеп и Тетово, минус 2 во Скопје, Струмица и Кочани, минус 1 во Демир Капија и Штип, додека нула степени ќе биде минималната температура во Кавадарци. За 30 март пак минималната температура ќе изнесува минус 4 степени во Крива Паланка, минус 3 во Битола, минус 2 степени во Струмица, Ресен и Тетово, а минус 1 во Скопје и Прилеп, посочуваат од МЗШВ.

The post Земјоделци, подгответе се за среда и четврток, ќе биде многу студено appeared first on Република.

]]>

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Управата за хидрометеоролошки работи ги информираат земјоделците дека во наредните денови 29 и 30 март (среда и четврток) земјата ќе биде зафатена од ниски температури под нулата. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство апелира до земјоделците навремено да преземат мерки за заштита на овошните насади од измрзнување.
Минималните температури на 29 март ќе изнесуваат минус 5 степени во Крива Паланка, минус 4 во Ресен и Битола, минус 3 во Прилеп и Тетово, минус 2 во Скопје, Струмица и Кочани, минус 1 во Демир Капија и Штип, додека нула степени ќе биде минималната температура во Кавадарци. За 30 март пак минималната температура ќе изнесува минус 4 степени во Крива Паланка, минус 3 во Битола, минус 2 степени во Струмица, Ресен и Тетово, а минус 1 во Скопје и Прилеп, посочуваат од МЗШВ.

The post Земјоделци, подгответе се за среда и четврток, ќе биде многу студено appeared first on Република.

]]>
Е ваквите државни службеници и раководители да ги чуваш, бе Путерче! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/e-vakvite-drzhavni-sluzhbenitsi-i-rakovoditeli-da-gi-chuvash-be-puterche/ Wed, 08 Feb 2023 09:54:08 +0000 https://republika.mk/?p=606367

„Е тој да го чуваш! Тој да го чуваш, бе лепотице“, пее Дарко Лешоски опевајќи ги фините момци кои вреди да се чуваат. Но, овој текст е порака до првиот човек на македонското земјоделите и ги документира „фините“ државни службеници.

Позиција до позиција набројани на отворениот фејсбук профил, на кој десно од позициите, стои фотографијата со позава. Поза и позиции кои немаат ништо заедничко, освен фактот дека државните институции се девалвирани до нивото подржано од дланките на сликава. Овој расчепен државен службеник е раководител на сектор за агрохемија, кабинетски службеник за земјоделство и помлад соработник за меѓународна соработка и аналитика во министерстово на Љупчо Николовски Путерот.

The post Е ваквите државни службеници и раководители да ги чуваш, бе Путерче! appeared first on Република.

]]>

„Е тој да го чуваш! Тој да го чуваш, бе лепотице“, пее Дарко Лешоски опевајќи ги фините момци кои вреди да се чуваат. Но, овој текст е порака до првиот човек на македонското земјоделите и ги документира „фините“ државни службеници. Позиција до позиција набројани на отворениот фејсбук профил, на кој десно од позициите, стои фотографијата со позава. Поза и позиции кои немаат ништо заедничко, освен фактот дека државните институции се девалвирани до нивото подржано од дланките на сликава. Овој расчепен државен службеник е раководител на сектор за агрохемија, кабинетски службеник за земјоделство и помлад соработник за меѓународна соработка и аналитика во министерстово на Љупчо Николовски Путерот.

The post Е ваквите државни службеници и раководители да ги чуваш, бе Путерче! appeared first on Република.

]]>
Скопјанка лажела дека работи во Земјоделие, ветувала државно земјиште и земала поткуп од 3500 евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/skopjanka-lazela-deka-raboti-vo-zemjodelie-vetuvala-drzavno-zemjishte-i-zemala-potkup-od-3500-evra/ Sat, 22 Oct 2022 17:09:59 +0000 https://republika.mk/?p=564390

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 40-годишна скопјанка која е осомничена дека сторила кривично дело измама од член 247 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Осомничената, која претходно е осудувана и против која се водат и други постапки за слични кривични дела, соопштија од Јавното обвинителство на Република Македонија, лажно се претставувала како вработена во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, на работна позиција референт.

– Еден оштетен го довела во заблуда со тоа што му ветила дека како вработена во Министерството, со помош на својот претпоставен, ќе му помогне на легален начин да дојде до државно земјиште под закуп кое тој го користел подолг период. За услугата во повеќе наврати од август до сега му побарала и му зела парични средства на рака, во вкупен износ од 210.474 денари, појаснуваат од Јавното обвинителство на Република Македонија.

Бидејќи постојат околности кои укажуваат дека осомничената би се криела за да го избегне кривичниот прогон, се наведува во соопштението, надлежниот јавен обвинител на судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје му достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.​

The post Скопјанка лажела дека работи во Земјоделие, ветувала државно земјиште и земала поткуп од 3500 евра appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 40-годишна скопјанка која е осомничена дека сторила кривично дело измама од член 247 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничената, која претходно е осудувана и против која се водат и други постапки за слични кривични дела, соопштија од Јавното обвинителство на Република Македонија, лажно се претставувала како вработена во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, на работна позиција референт.
– Еден оштетен го довела во заблуда со тоа што му ветила дека како вработена во Министерството, со помош на својот претпоставен, ќе му помогне на легален начин да дојде до државно земјиште под закуп кое тој го користел подолг период. За услугата во повеќе наврати од август до сега му побарала и му зела парични средства на рака, во вкупен износ од 210.474 денари, појаснуваат од Јавното обвинителство на Република Македонија.
Бидејќи постојат околности кои укажуваат дека осомничената би се криела за да го избегне кривичниот прогон, се наведува во соопштението, надлежниот јавен обвинител на судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје му достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.​

The post Скопјанка лажела дека работи во Земјоделие, ветувала државно земјиште и земала поткуп од 3500 евра appeared first on Република.

]]>
МЗШВ: Овоштарите протестираат за проблем од 2016 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/mzshv-ovoshtarite-protestiraat-za-problem-od-2016-godina/ Thu, 25 Aug 2022 17:35:03 +0000 https://republika.mk/?p=544117

Проблемот за кој денес протестираат овоштарите е наследен од претходната Влада уште од 2016 година, кога поради лошите законски решенија предизвикан е правен проблем за исплата на настанати штети.
Оваа Влада посветено работеше пред се правно да ги нормализира работите со цел да овозможи правен основ за исплата на штетите предизвикани по разни основи уште од 2016 година.

https://republika.mk/vesti/ekonomija/miren-protest-na-ovoshtarite-od-prespa-baraat-isplata-na-okolu-4-5-milioni-evra/

Извршена е измена на два закони и уредби со цел да се овозможи yслови владината комисија да може да постапува по предметите.

Владата ја усвои и Информацијата за проверка на податоците за настанати штети, со што се затвори процесот пред финалната одлука за обештетување на граѓаните во 29 општини во висина од 10% од вкупно проценетста штета која изнесува 2,2 милијарди денари.

На овој начин Владата овозможи услови за обештетување на 9.017 граѓани по различни основи, од кој најголем дел се земјоделци.

The post МЗШВ: Овоштарите протестираат за проблем од 2016 година appeared first on Република.

]]>

Проблемот за кој денес протестираат овоштарите е наследен од претходната Влада уште од 2016 година, кога поради лошите законски решенија предизвикан е правен проблем за исплата на настанати штети. Оваа Влада посветено работеше пред се правно да ги нормализира работите со цел да овозможи правен основ за исплата на штетите предизвикани по разни основи уште од 2016 година. https://republika.mk/vesti/ekonomija/miren-protest-na-ovoshtarite-od-prespa-baraat-isplata-na-okolu-4-5-milioni-evra/ Извршена е измена на два закони и уредби со цел да се овозможи yслови владината комисија да може да постапува по предметите. Владата ја усвои и Информацијата за проверка на податоците за настанати штети, со што се затвори процесот пред финалната одлука за обештетување на граѓаните во 29 општини во висина од 10% од вкупно проценетста штета која изнесува 2,2 милијарди денари. На овој начин Владата овозможи услови за обештетување на 9.017 граѓани по различни основи, од кој најголем дел се земјоделци.

The post МЗШВ: Овоштарите протестираат за проблем од 2016 година appeared first on Република.

]]>
Два нови огласи за закуп на земјоделско земјиште над 3 хекатри https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/dva-novi-oglasi-za-zakup-na-zemjodelsko-zemjishte-nad-3-hekatri/ Tue, 14 Jun 2022 16:12:25 +0000 https://republika.mk/?p=515163

Владата на својата денешна 52 седница донесе одлука со која се распишуваат уште два нови јавни огласи за доделување на државно земјоделско земјиште над 3 хектари. Вкупно, на двата јавни огласи, на располагање се ставаат 3.769 хектари државно земјоделско земјиште.

Намената на земјиштето кое се дава под закуп за првиот јавен оглас е одгледување на земјоделски култури за производство на сточна храна (житни, фуражни и индустриски култури) за период до 15 години. Вкупната површина за земјоделско земјиште, која се става на располагање во овој оглас е 529 хектари, распоредени во десет региони низ државата: Берово, Виница, Гевгелија, Дебар, Делчево, Кочани, Неготино, Свети Николе, Радовиш и Штип. Минималната површина на земјоделското земјиште во државна сопственост која може да се даде во закуп на еден учесник за овој јавен оглас изнесува 3 хектари доколку понудувачот достави потврда од овластена ветеринарна станица за располагање со најмалку 5 грла говеда или копитари, односно 50 овци или кози, односно 20 свињи, односно 500 кокошки, мисирки, гуски, патки или бисерки. Максимална површина на која за овој јавен оглас еден учесник може да аплицира изнесува 20 хектари.

Вториот јавен оглас за давање под закуп на земјоделско земјиште над 3 хектари е со предвидена намена за подигнување на долгогодишни насади(лозја, овоштарници, хмељ) и оранжерии за период до 30 години, подигање на долгогодишни насади со лешник за период до 70 години, подигање на маслинарници за период до 50 години, поставување на пчелни семејства за период до 15 години, ливади за период до 15 години, одгледување на брзо растечки дрвја на земјоделско земјиште кое се наоѓа на надморска висина над 700 метри, за периодот до 30 години, рибници до 20 години и спортско-рекреативни активности и рурален туризам до 30 години. Вкупната површина која со овој јавен оглас се дава под закуп изнесува 3.240 хекатари, распределени во 22 региони низ државата: Берово, Валандово, Виница, Гостивар, Гевгелија, Делчево, Демир Хисар, Кочани, Куманово, Кавадарци, Неготино, Струга, Струмица, Охрид, Прилеп, Пробиштип, Радовиш, Ресен, Тетово, Велес, Штип и Чаир.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство одговорно креира мерки за поддршка на секој земјоделец, посебно во услови на светска криза. Целта на министерството и Владата е секоја педа обработливо земјоделско земјиште да биде ставена во функција и да се обработува.

Од неодамна е распишан и огласот за доделување под закуп на земјоделско земјиште до 3 хектари, каде преку четири јавни огласи на располагање се ставија нови 4.294 хекари распределени во 31 регион низ државата со намена за подигнување на долгогодишни насади.

Голем и досега рекорден интерес, со 235 апликации, кај земјоделците предизвика и јавниот оглас кој беше распишан во март месец каде на располагање беа ставени дополнителни 5.722 хекатри земјоделско земјиште до 3 хектари за обработка на житни култури распоредени во 14 региони низ државата.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство продолжува и во наредниот период да носи мерки за поддршка на секој земјоделец. Воедно ги повикуваме заинтересираните земјоделци да аплицираат за овие два нови јавни огласи за доделување на земјоделско земјиште над 3 хекатри за подигнување на долгогодишни насади и сточна храна. Заинтересираните лица повеќе информации можат да добијат во подрачните единици на министерството и во секторот за земјиште при министерството.  

The post Два нови огласи за закуп на земјоделско земјиште над 3 хекатри appeared first on Република.

]]>

Владата на својата денешна 52 седница донесе одлука со која се распишуваат уште два нови јавни огласи за доделување на државно земјоделско земјиште над 3 хектари. Вкупно, на двата јавни огласи, на располагање се ставаат 3.769 хектари државно земјоделско земјиште. Намената на земјиштето кое се дава под закуп за првиот јавен оглас е одгледување на земјоделски култури за производство на сточна храна (житни, фуражни и индустриски култури) за период до 15 години. Вкупната површина за земјоделско земјиште, која се става на располагање во овој оглас е 529 хектари, распоредени во десет региони низ државата: Берово, Виница, Гевгелија, Дебар, Делчево, Кочани, Неготино, Свети Николе, Радовиш и Штип. Минималната површина на земјоделското земјиште во државна сопственост која може да се даде во закуп на еден учесник за овој јавен оглас изнесува 3 хектари доколку понудувачот достави потврда од овластена ветеринарна станица за располагање со најмалку 5 грла говеда или копитари, односно 50 овци или кози, односно 20 свињи, односно 500 кокошки, мисирки, гуски, патки или бисерки. Максимална површина на која за овој јавен оглас еден учесник може да аплицира изнесува 20 хектари. Вториот јавен оглас за давање под закуп на земјоделско земјиште над 3 хектари е со предвидена намена за подигнување на долгогодишни насади(лозја, овоштарници, хмељ) и оранжерии за период до 30 години, подигање на долгогодишни насади со лешник за период до 70 години, подигање на маслинарници за период до 50 години, поставување на пчелни семејства за период до 15 години, ливади за период до 15 години, одгледување на брзо растечки дрвја на земјоделско земјиште кое се наоѓа на надморска висина над 700 метри, за периодот до 30 години, рибници до 20 години и спортско-рекреативни активности и рурален туризам до 30 години. Вкупната површина која со овој јавен оглас се дава под закуп изнесува 3.240 хекатари, распределени во 22 региони низ државата: Берово, Валандово, Виница, Гостивар, Гевгелија, Делчево, Демир Хисар, Кочани, Куманово, Кавадарци, Неготино, Струга, Струмица, Охрид, Прилеп, Пробиштип, Радовиш, Ресен, Тетово, Велес, Штип и Чаир. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство одговорно креира мерки за поддршка на секој земјоделец, посебно во услови на светска криза. Целта на министерството и Владата е секоја педа обработливо земјоделско земјиште да биде ставена во функција и да се обработува. Од неодамна е распишан и огласот за доделување под закуп на земјоделско земјиште до 3 хектари, каде преку четири јавни огласи на располагање се ставија нови 4.294 хекари распределени во 31 регион низ државата со намена за подигнување на долгогодишни насади. Голем и досега рекорден интерес, со 235 апликации, кај земјоделците предизвика и јавниот оглас кој беше распишан во март месец каде на располагање беа ставени дополнителни 5.722 хекатри земјоделско земјиште до 3 хектари за обработка на житни култури распоредени во 14 региони низ државата. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство продолжува и во наредниот период да носи мерки за поддршка на секој земјоделец. Воедно ги повикуваме заинтересираните земјоделци да аплицираат за овие два нови јавни огласи за доделување на земјоделско земјиште над 3 хекатри за подигнување на долгогодишни насади и сточна храна. Заинтересираните лица повеќе информации можат да добијат во подрачните единици на министерството и во секторот за земјиште при министерството.  

The post Два нови огласи за закуп на земјоделско земјиште над 3 хекатри appeared first on Република.

]]>
Општините од денеска може да аплицираат на јавниот повик за изградба на пристапни патишта до земјоделско земјиште https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/opshtinite-od-deneska-moze-da-apliciraat-na-javniot-povik-za-izgradba-na-pristapni-patishta-do-zemjodelsko-zemjishte/ Thu, 09 Jun 2022 16:32:26 +0000 https://republika.mk/?p=513250

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска пред претставниците на ЗЕЛС го презентираше јавниот повик за изградба на пристапни патишта до земјоделско земјиште, на кој може да аплицираат општините. Јавниот повик е финансиран со средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2022 година.

Финансиската поддршка е во висина од 100 проценти од вредноста на одобрените прифатливи трошоци на инвестицијата, а се исплаќа по целосното завршување на инвестицијата од страна на корисникот. Максималната вредност на прифатливи трошоци по корисник изнесува 1 милион денари.

-Изградбата на пристапните патишта до земјоделските површини се од голема важност за земјоделците, навремено и без проблеми да можат да ги извршуваат земјоделските активности. На последниот повик за поддршка во изградба на пристапни патишта до земјоделски површини распишан во 2018 година, аплицирале и искористиле средства 21 општина, со вкупна вредност на поддршката од 15,5 милиони денари. Министерството преку Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој, ги поддржува општините и со други мерки кои го подобруваат животот во руралните средини. Тоа се мерките 321,322 и 323, информира Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Преку мерката 321 „Развој на јавна инфраструктура во руралните средини“, појаснува МЗШВ, се дава поддршка на општините за изградба на локална инфраструктура, патишта, мостови, преку кои се поврзуваат две или повеќе населени места во руралните средини во должина до пет километри. Инвестиции во изградба на локална инфраструктура за поврзување на села со регионален пат во должина до седум километри. Поддршка за изградба на водоводни и канализациски системи во селтата до 1500 жители, изградба на телекомуникациска инфраструктура, пазари, како и објекти за детски, младински или пензионерски културни центри или клубови во населени руралните средини.

Мерката 322 „Обнова и развој на селата“ дава поддршка на општините при изработка на урбанистичка документација за руралните средини. Потоа инвестиции во изградба или реконструкција на плоштади, шеталишта, зелени јавни површини во рурални средини до 30 000 жители и инвестиции за изградба или реконструкција на селски улици.

Максималниот износ за поддршка по корисник преку мерките 321 и 322 изнесува 20 милиони денари.

Со мерката 323 „Зачувување и унапредување на традиционалните вредности во руралните подрачја“, наведува Министеството, ги поддржува општините во инвестиции за изградба на локална инфраструктура за поврзување на населените места од руралните подрачја со локалитети од посебно значење за жителите во должина од два километра. Во оваа мерка МЗШВ дава поддршка во зачувувањето на културните и природни знаменитости со цел поддршка на рурланиот туризам и обележување и унапредување на планинарски и велосипедски патеки. Поддршката за оваа мерка е со максимален износ од 15 милиони денари по корисник.

-Владата на Република Македонија и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство креираат сериозни и конкретни мерки со кои се подобрува животот во руралните средини, им се олеснува работата на земјоделците и се зајакнува развојот на руралниот туризам. Министерот Николовски ги повика општините да подготват проекти и да аплицираат на јавниот повик за изграба на пристапни патишта до земјоделски површни, но и да ги следат останатите мерки преку кои обезбедуваме финансиска поддршка за развој на руралните средини, информира МЗШВ.

Обрасците „Барање за финансиска поддршка” со листата на потребни документи може да се подигне на веб-страницата на Агенцијата www.ipardpa.gov.mk или директно во Агенцијата, секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот.

Пополнетото „Барањата за користење финансиска поддршка“ за овој јавен повик заедно со целокупната потребна документација треба да се достават во затворен коверт, на кој на предната страна во горниот лев агол ќе стои ознаката „Не отворај“, за Јавен повик број 09/2022 и назначување на шифрата на мерката за која се поднесува барањето.

Барањето може да се достави по пошта или лично во писарницата на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Крајниот рок за доставување на барањата е 9 јули 2022. хс/сп/

2022-06-09 15:11:19, од Хатка Смаиловиќ

The post Општините од денеска може да аплицираат на јавниот повик за изградба на пристапни патишта до земјоделско земјиште appeared first on Република.

]]>

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска пред претставниците на ЗЕЛС го презентираше јавниот повик за изградба на пристапни патишта до земјоделско земјиште, на кој може да аплицираат општините. Јавниот повик е финансиран со средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2022 година. Финансиската поддршка е во висина од 100 проценти од вредноста на одобрените прифатливи трошоци на инвестицијата, а се исплаќа по целосното завршување на инвестицијата од страна на корисникот. Максималната вредност на прифатливи трошоци по корисник изнесува 1 милион денари. -Изградбата на пристапните патишта до земјоделските површини се од голема важност за земјоделците, навремено и без проблеми да можат да ги извршуваат земјоделските активности. На последниот повик за поддршка во изградба на пристапни патишта до земјоделски површини распишан во 2018 година, аплицирале и искористиле средства 21 општина, со вкупна вредност на поддршката од 15,5 милиони денари. Министерството преку Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој, ги поддржува општините и со други мерки кои го подобруваат животот во руралните средини. Тоа се мерките 321,322 и 323, информира Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Преку мерката 321 „Развој на јавна инфраструктура во руралните средини“, појаснува МЗШВ, се дава поддршка на општините за изградба на локална инфраструктура, патишта, мостови, преку кои се поврзуваат две или повеќе населени места во руралните средини во должина до пет километри. Инвестиции во изградба на локална инфраструктура за поврзување на села со регионален пат во должина до седум километри. Поддршка за изградба на водоводни и канализациски системи во селтата до 1500 жители, изградба на телекомуникациска инфраструктура, пазари, како и објекти за детски, младински или пензионерски културни центри или клубови во населени руралните средини. Мерката 322 „Обнова и развој на селата“ дава поддршка на општините при изработка на урбанистичка документација за руралните средини. Потоа инвестиции во изградба или реконструкција на плоштади, шеталишта, зелени јавни површини во рурални средини до 30 000 жители и инвестиции за изградба или реконструкција на селски улици. Максималниот износ за поддршка по корисник преку мерките 321 и 322 изнесува 20 милиони денари. Со мерката 323 „Зачувување и унапредување на традиционалните вредности во руралните подрачја“, наведува Министеството, ги поддржува општините во инвестиции за изградба на локална инфраструктура за поврзување на населените места од руралните подрачја со локалитети од посебно значење за жителите во должина од два километра. Во оваа мерка МЗШВ дава поддршка во зачувувањето на културните и природни знаменитости со цел поддршка на рурланиот туризам и обележување и унапредување на планинарски и велосипедски патеки. Поддршката за оваа мерка е со максимален износ од 15 милиони денари по корисник. -Владата на Република Македонија и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство креираат сериозни и конкретни мерки со кои се подобрува животот во руралните средини, им се олеснува работата на земјоделците и се зајакнува развојот на руралниот туризам. Министерот Николовски ги повика општините да подготват проекти и да аплицираат на јавниот повик за изграба на пристапни патишта до земјоделски површни, но и да ги следат останатите мерки преку кои обезбедуваме финансиска поддршка за развој на руралните средини, информира МЗШВ. Обрасците „Барање за финансиска поддршка” со листата на потребни документи може да се подигне на веб-страницата на Агенцијата www.ipardpa.gov.mk или директно во Агенцијата, секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот. Пополнетото „Барањата за користење финансиска поддршка“ за овој јавен повик заедно со целокупната потребна документација треба да се достават во затворен коверт, на кој на предната страна во горниот лев агол ќе стои ознаката „Не отворај“, за Јавен повик број 09/2022 и назначување на шифрата на мерката за која се поднесува барањето. Барањето може да се достави по пошта или лично во писарницата на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Крајниот рок за доставување на барањата е 9 јули 2022. хс/сп/ 2022-06-09 15:11:19, од Хатка Смаиловиќ

The post Општините од денеска може да аплицираат на јавниот повик за изградба на пристапни патишта до земјоделско земјиште appeared first on Република.

]]>
Трипуновски: Додека Николовски се луксузира на државен трошок вработените во Министерството за земјоделство немаат земено плата https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/tripunovski-dodeka-nikolovski-se-luksuzira-na-drzaven-troshok-vrabotenite-vo-ministerstvoto-za-zemjodelstvo-nemaat-zemeno-plata/ Tue, 17 May 2022 07:43:47 +0000 https://republika.mk/?p=503201

Ситуацијата со водостопанството е навистина алармантна и не знам како министерот наоѓа време и собира храброст со неговото лицемерие додека се случуваат вакви ситуации во државата, каде на удар е целата идна реколта на праска, кајсија и лозов насад во Република Македонија тој да отпатува на државен трошок во Германија на Саем за вино, изјави Цветан Трипуновски претседателот на комисијата за земјоделство шумарство и водостопанство при ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „Што не е јасно?“ на Телевизија Алфа.

„Додека министерот за земјоделие шумарство и водостопанство Љупчо Николовски користи луксуз на државен трошок, вработените односно целото министерство немаат земено плата. Денеска сме 16-ти мај а тие немаат плата земено за минатиот месец“, посочи Трипуновски.

Трипуновски потенцираше дека ако не се реагира веднаш и сега, да се обезбеди на било кој начин вода до нивите тогаш оваа година земјоделците ќе останат без егзистенција. Полевањето ако задоцни, а потоа да се преплави со вода полето или овоштарникот со вода тогаш е џабе се.

Трипуновски истакна дека жалосно е што во државава за се треба да има протест, притисок и некаков атак врз власта за власта да се свести и да работат во интерес на граѓаните.

„Денеска АД „Водостопанство“ не може да подели плата, доколку не се на позајмици од лотарии и Влада итн. Ова значи дека Водостопанското претпријатие заедно со Министерството ништо не работи“, кажа Трипуновски.

Трипуновски додаде дека ако сега не се испорача вода на полињата тоа значи дека ќе има директна штета врз земјоделските насади и овошки, помал принос, намалена односно никаква егзистенција за семејствата, а од друга страна субвенциите коишто треба да ги земат земјоделците односно лозарите и овоштарите фактурите без простување ќе им видат веднаш испорачани од АД „Водостопанство“.

„Ова се само првите земјоделски производи коишто се на атак на наводнувањето, во наредниот период и другите земјоделски култури ќе се соочат со истата ситуација. Ќе следуваат и закани дека нема

The post Трипуновски: Додека Николовски се луксузира на државен трошок вработените во Министерството за земјоделство немаат земено плата appeared first on Република.

]]>

Ситуацијата со водостопанството е навистина алармантна и не знам како министерот наоѓа време и собира храброст со неговото лицемерие додека се случуваат вакви ситуации во државата, каде на удар е целата идна реколта на праска, кајсија и лозов насад во Република Македонија тој да отпатува на државен трошок во Германија на Саем за вино, изјави Цветан Трипуновски претседателот на комисијата за земјоделство шумарство и водостопанство при ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „Што не е јасно?“ на Телевизија Алфа.
„Додека министерот за земјоделие шумарство и водостопанство Љупчо Николовски користи луксуз на државен трошок, вработените односно целото министерство немаат земено плата. Денеска сме 16-ти мај а тие немаат плата земено за минатиот месец“, посочи Трипуновски.
Трипуновски потенцираше дека ако не се реагира веднаш и сега, да се обезбеди на било кој начин вода до нивите тогаш оваа година земјоделците ќе останат без егзистенција. Полевањето ако задоцни, а потоа да се преплави со вода полето или овоштарникот со вода тогаш е џабе се. Трипуновски истакна дека жалосно е што во државава за се треба да има протест, притисок и некаков атак врз власта за власта да се свести и да работат во интерес на граѓаните. „Денеска АД „Водостопанство“ не може да подели плата, доколку не се на позајмици од лотарии и Влада итн. Ова значи дека Водостопанското претпријатие заедно со Министерството ништо не работи“, кажа Трипуновски. Трипуновски додаде дека ако сега не се испорача вода на полињата тоа значи дека ќе има директна штета врз земјоделските насади и овошки, помал принос, намалена односно никаква егзистенција за семејствата, а од друга страна субвенциите коишто треба да ги земат земјоделците односно лозарите и овоштарите фактурите без простување ќе им видат веднаш испорачани од АД „Водостопанство“. „Ова се само првите земјоделски производи коишто се на атак на наводнувањето, во наредниот период и другите земјоделски култури ќе се соочат со истата ситуација. Ќе следуваат и закани дека нема

The post Трипуновски: Додека Николовски се луксузира на државен трошок вработените во Министерството за земјоделство немаат земено плата appeared first on Република.

]]>
МЗШВ: Јавните повици се поништени поради правично и законито доделување на земја https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/mzshv-javnite-povici-se-ponishteni-poradi-pravichno-i-zakonito-dodeluvanje-na-zemja/ Mon, 24 Jan 2022 17:06:11 +0000 https://republika.mk/?p=448868

Министерствотo за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) најостро ги демантира сите информации изнесени од Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ, во врска со поништувањето на Јавните повици за доделување на државно земјоделско земјиште под закуп. Министерството информира дека Јавните повици за доделување на државно земјоделско земјиште под закуп, се поништени поради неправилности во постапката, а со цел правично, транспарентно и законито доделување на државно земјоделско земјиште.

Јавниот повик 01/21 е поништен од причина што мнозинството од членовите на Комисијата утврдиле дека дел од членовите на Комисијата работеле без потребениот кворум за работа пропишан со правилникот за работа на Комисијата. Четворица од членовите на Комисијата веќе имаат доставени изјави до архивата на МЗШВ, дека не биле известени ниту за јавното отворање на понудите, ниту за тековното работење на Комисијата за овој јавен повик.

 

Јавниот повик 04/21 е поништен поради тоа што членовите на Комисијата процениле дека во јавниот повик недостига нагласен документ со кој ќе се утврди староста на насадот за којшто се доставени поднудите, што би можело да доведе до злуопотреба на постапката.

 

Од овие причини, а согласно Законот за земјоделско земјиште, но и заради транспарентна, законита и правична распределба на државното земјоделско земјиште под закуп, овие два јавни повици се поништени пред стапување во функција на актуелниот министер Љупчо Николовски. Актуелниот министер Николовски, неселективно ќе преземе соодветни чекори за иницирање на одговорност на службените лица коишто со своите постапки придонеле за неправилности во постапките. МЗШВ најтраснапрентно ги извести понудувачите на јавните повици за поништувањето, на законски начин пропишан со Законот за општа управна постапка преку објавување на известувањето во два дневни весници и во Службен весник на РСМ. На никој начин со актите на министерството не се ограничува правото на надомест на штета доколку кој било земјоделец има претпрено каква било штета од поништувањето и ако тоа го докаже во соодветна судска постапка - велат од МЗШВ.

Оттаму велат дека Министерствотово најбрз можен рок ќе објави нови Јавни повици за истите региони. Земјоделците кои аплицираа на поништените јавни повици, ќе имаат можност повторно со истите елаборати, да аплицираат за истите земјоделски површини. МЗШВ апелира земјоделците да не потпаѓаат под манипулативните изјави на Трипуновски. Во последните 4 години, оваа Влада го врати достоинството на земјоделците и покажа што значи правична и транспарентна распределба на државното земјоделско земјиште кај вистинските земјоделци.

The post МЗШВ: Јавните повици се поништени поради правично и законито доделување на земја appeared first on Република.

]]>

Министерствотo за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) најостро ги демантира сите информации изнесени од Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ, во врска со поништувањето на Јавните повици за доделување на државно земјоделско земјиште под закуп. Министерството информира дека Јавните повици за доделување на државно земјоделско земјиште под закуп, се поништени поради неправилности во постапката, а со цел правично, транспарентно и законито доделување на државно земјоделско земјиште.
Јавниот повик 01/21 е поништен од причина што мнозинството од членовите на Комисијата утврдиле дека дел од членовите на Комисијата работеле без потребениот кворум за работа пропишан со правилникот за работа на Комисијата. Четворица од членовите на Комисијата веќе имаат доставени изјави до архивата на МЗШВ, дека не биле известени ниту за јавното отворање на понудите, ниту за тековното работење на Комисијата за овој јавен повик.   Јавниот повик 04/21 е поништен поради тоа што членовите на Комисијата процениле дека во јавниот повик недостига нагласен документ со кој ќе се утврди староста на насадот за којшто се доставени поднудите, што би можело да доведе до злуопотреба на постапката.   Од овие причини, а согласно Законот за земјоделско земјиште, но и заради транспарентна, законита и правична распределба на државното земјоделско земјиште под закуп, овие два јавни повици се поништени пред стапување во функција на актуелниот министер Љупчо Николовски. Актуелниот министер Николовски, неселективно ќе преземе соодветни чекори за иницирање на одговорност на службените лица коишто со своите постапки придонеле за неправилности во постапките. МЗШВ најтраснапрентно ги извести понудувачите на јавните повици за поништувањето, на законски начин пропишан со Законот за општа управна постапка преку објавување на известувањето во два дневни весници и во Службен весник на РСМ. На никој начин со актите на министерството не се ограничува правото на надомест на штета доколку кој било земјоделец има претпрено каква било штета од поништувањето и ако тоа го докаже во соодветна судска постапка - велат од МЗШВ.
Оттаму велат дека Министерствотово најбрз можен рок ќе објави нови Јавни повици за истите региони. Земјоделците кои аплицираа на поништените јавни повици, ќе имаат можност повторно со истите елаборати, да аплицираат за истите земјоделски површини. МЗШВ апелира земјоделците да не потпаѓаат под манипулативните изјави на Трипуновски. Во последните 4 години, оваа Влада го врати достоинството на земјоделците и покажа што значи правична и транспарентна распределба на државното земјоделско земјиште кај вистинските земјоделци.

The post МЗШВ: Јавните повици се поништени поради правично и законито доделување на земја appeared first on Република.

]]>