министерство за здравство Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ministerstvo-za-zdravstvo/ За подобро да се разбереме Thu, 14 Nov 2024 13:43:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png министерство за здравство Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ministerstvo-za-zdravstvo/ 32 32 Министерството за здравство формирало Комисија за испитување на случајот со починатото петгодишно дете на Клиниката за детски болести https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/ministerstvoto-za-zdravstvo-formiralo-komisija-za-ispituvane-na-sluchajot-so-pochinatoto-petgodishno-dete-na-klinikata-za-detski-bolesti/ Thu, 14 Nov 2024 13:43:54 +0000 https://republika.mk/?p=837751

Министерството за здравство во вторникот формирало Комисија за случајот со починатото петгодишно дете, информираше денеска министерот Арбен Таравари.

Со директорот на Детска клиника утрово се слушнав повторно. Комисијата е формирана во вторникот од Министерството за здравство. Уште еднаш ќе повторам дека сите резултати што се направени, барем јас зборувам и како лекар и покачената концентрација на протеини во ликворот на за жал починатото дете и намалената концентрација на гликоза во ликворот и наодот од ЕКГ кај што доминираат бавни бранови, упатува на сериозен сомнеж за енцефалит. Меѓутоа, да оставиме Комисијата, не би сакал да давам изјави пред да има официјален извештај од компетентни педијатри кои веќе се назначени од Клиниката за педијатрија за да направат увид во целата документација за тоа како се третирало детето, истакна Таравари.

На прес-конференција министерот соопшти дека во тек е процедурата за вработување на првите 300 специјализанти кои беа ветени до крај на годината.

Јас се надевам дека до крајот на годината првите 300 ќе се вработат бидејќи има и одлука на Владата, така што воопшто да не се сомневате во тоа дека целата процедура тече и тоа го знаат специјализантите. Викнете неколку од нив и зборувајте ќе ви кажат дека сепак има некаква процедура, а 300 други ќе се вработат идната година и таков беше планот 300+300, меѓутоа и овие 600 нема да бидат доволни за тоа колку недостасува медицински кадар – лекари и средномедицински кадар во здравствениот систем, рече тој, како одговор на новинарско прашање.

Притоа додаде дека не можеле нешто што е проблематично повеќе од 5-10 години, да го средат за 4-5 месеци.

Меѓутоа вие гледате дека преземаме чекори во правец на стабилизирање на здравствениот систем, затоа се овие 600 специјализанти. Проблемот е 10 години, не е три или четири месеци и ние го решаваме сега. И средномедицински кадар ви кажав дека до крај на годината очекувам да донесеме одлука 1000 договорци, односно можеби и повеќе од тоа да добијат решенија и да овозможиме повторно уште 100 од средномедицинскиот кадар да бидат вработени со договор на дело во сите здравствени установи, а дека има дефицит, не мора да ме прашате – посетете која било болница ќе ви кажат дека секаде недостасува, нагласи тој.

За ДСЗИ рече дека си ја врши својата работа, секојдневно е на терен и таму кај што треба и таму кај што се даваат одредени директиви од Министерството за здравство. Така што, ниеден ден не им бил празен и без обврски.

The post Министерството за здравство формирало Комисија за испитување на случајот со починатото петгодишно дете на Клиниката за детски болести appeared first on Република.

]]>

Комисија го испитува случајот со починатото петгодишно дете https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/komisija-go-ispituva-sluchajot-so-pochinatoto-petgodishno-dete/ Thu, 14 Nov 2024 10:48:53 +0000 https://republika.mk/?p=837585

Министерството за здравство во вторникот формирало Комисија за случајот со починатото петгодишно дете, информираше денеска министерот Таравари.

Со директорот на Детска клиника утрово се слушнав повторно. Комисијата е формирана во вторникот од Министерството за здравство. Уште еднаш ќе повторам дека сите резултати што се направени, барем јас зборувам и како лекар и покачената концентрација на протеини во ликворот на за жал починатото дете и намалената концентрација на гликоза во ликворот и наодот од ЕКГ кај што доминираат бавни бранови, упатува на сериозен сомнеж за енцефалит. Меѓутоа, да оставиме Комисијата, не би сакал да давам изјави пред да има официјален извештај од компетентни педијатри кои веќе се назначени од Клиниката за педијатрија за да направат увид во целата документација за тоа како се третирало детето, истакна Таравари.

На прес-конференција министерот соопшти дека во тек е процедурата за вработување на првите 300 специјализанти кои беа ветени до крај на годината.

Јас се надевам дека до крајот на годината првите 300 ќе се вработат бидејќи има и одлука на Владата, така што воопшто да не се сомневате во тоа дека целата процедура тече и тоа го знаат специјализантите. Викнете неколку од нив и зборувајте ќе ви кажат дека сепак има некаква процедура, а 300 други ќе се вработат идната година и таков беше планот 300+300, меѓутоа и овие 600 нема д бидат доволни за тоа колку недостасува медицински кадар – лекари и средномедицински кадар во здравствениот систем, рече тој, како одговор на новинарско прашање.

Притоа додаде дека не можеле нешто што е проблематично повеќе од 5-10 години, да го средат за 4-5 месеци.

Меѓутоа вие гледате дека преземаме чекори во правец на стабилизирање на здравствениот систем, затоа се овие 600 специјализанти. Проблемот е 10 години, не е три или четири месеци и ние го решаваме сега. И средномедицински кадар ви кажав дека до крај на годината очекувам да донесеме одлука 1000 договорци, односно можеби и повеќе од тоа да добијат решенија и да овозможиме повторно уште 100 од средномедицинскиот кадар да бидат вработени со договор на дело во сите здравствени установи, а дека има дефицит, не мора да ме прашате – посетете која било болница ќе ви кажат дека секаде недостасува, нагласи Таравари.

За ДСЗИ рече дека си ја врши својата работа, секојдневно е на терен и таму кај што треба и таму кај што се даваат одредени директиви од Министерството за здравство. Така што, ниеден ден не им бил празен и без обврски.

The post Комисија го испитува случајот со починатото петгодишно дете appeared first on Република.

Министерството за здравство треба да го поправи потпорниот ѕид кај Клиниката за детски болести https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/ministerstvoto-za-zdravstvo-treba-da-go-popravi-potporniot-zid-kaj-klinikata-za-detski-bolesti/ Thu, 31 Oct 2024 12:15:58 +0000 https://republika.mk/?p=832771

Министерството за здравство, согласно решението и заклучокот од градежниот инспектор на Општина Центар треба да започне со изградба на ограден/потпорен ѕид како привремено решение зад Клиниката за детски болести, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Денеска во ЦУК се одржала координативна средба на тема „Загрозување по животот и здравјето на луѓето и по материјалните добра од подземните води, одрон и рушење на потпорниот/оградниот ѕид на улица Бeлградска кај Детска клиника“.

Дел од потпорниот ѕид се урна на 10 јуни, а институциите Министерство за здравство, Град Скопје и Општина Центар си ги префрлуваа надлежностите кој е одговорен.

На денешната седница бил донесен заклучок дека Град Скопје треба да изработи динамика и да започне активности за изработка на нов сообраќаен проект во координација со СВР Скопје со којшто би се редуцирало движењето на тешки товарни возила

На средбата присуствуваа претставници од;Министерство за здравство, Град Скопје, Општина Центар, Инспекциски совет, Министерство за внатрешни работи и вработените од ЦУК, конкретно - државниот советник Драги Тарчуговски и колеги од Секторот за операции и координација на ЦУК, коишто непосредно се ангажирани за конкретната проблематика за координација за решавање на опасноста.

Град Скопје ќе пристапи кон пресадување на дрвјата на трасата на улица „Белградска“ истовремено при активностите за изградбата на потпорниот/ограден ѕид од страна на Министерството за здравство

ЦУК да побара извештај од Министерството за животна средина и просторно планирање – водостопански инспектор за намената и состојбата на руиниран канал, каналски систем, на улицата, се вели во соопштението испратено до медиумите.

 За трајно, долгорочно, решавање на проблемот, Град Скопје е потребно, во координација со останатите надлежни институции, да изготви нова хидролошка студија и студија за заштита на подземните води на падините на Водно, врз основа на којашто би се преземале трајни мерки за изградба на нова улица со потребната каналска мрежа и нејзино асфалтирање, се додава во соопштението.

The post Министерството за здравство треба да го поправи потпорниот ѕид кај Клиниката за детски болести appeared first on Република.

МЗ: Комисијата за позитивна листа ја разгледува терапијата за онколошки пациенти https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mz-komisijata-za-pozitivna-lista-ja-razgleduva-terapijata-za-onkoloshki-patsienti-2/ Wed, 23 Oct 2024 08:38:26 +0000 https://republika.mk/?p=830085

Комисијата за позитивна листа ја разгледува терапијата за онколошки пациенти, велат од Министерството за здравство за МИА. Одговарајќи на нашите прашања во однос на терапијата за онколошките пациенти, оттаму потенцираат дека и оваа категорија на лекови се разгледува од страна на комисијата, согласно пристигнатите апликации од фармацевтските компании.

Се очекува и во делот на болничката позитивна листа да бидат воведени нови лекови што се дел од современите третмани за оваа категорија на пациенти. Современата онколошка терапија е веќе достапна за пациентите преку условните буџети што ги доделува Фондот на здравствените установи, а со нивно ставање на позитивната листа ќе се забрзаат процесите за нивна набавка, подвлекуваат од Министерството за здравство.

Во месецот посветен на борбата против рак на дојка, одговарајќи на нашите прашања, од Министерството информираат дека во 2023 година во рамки на скринингот за рано откривање рак на дојка се извршени снимања кај вкупно 4.987 жени, додека од почетокот на 2024 година досега, се прегледани вкупно 9.152 жени.

Скринингот, годинава се одвива во вкупно 14 јавни здравствени установи и тоа на Универзитетски институт за радиологија, на Клиника за хируршки болести „Свети Наум Охридски“, во ГОБ „8 Септември“, во трите клинички болници во Тетово, Штип и Битола, поликлиника „Железара“, во поликлиниките „Букурешт“, „Јане Сандански“ и „Чаир“, како и во болниците во Кавадарци, Велес, Куманово и Струмица, појаснуваат од Министерството.

Инаку, додаваат оттаму, согласно новата патека за упатување на пациентките, во кабинет за дојка во системот „Мој термин“ се евидентирани вкупно 13.705 прегледи од почетокот на годинава.

Во однос на ехо прегледи на дојка, само на Институт за радиологија во 2023 година се извршени вкупно 1.618 прегледи, а во 2024 година, досега, се реализирани вкупно 888 прегледи. На ниво на цела држава, во 2023 година се извршени вкупно 18.886 ехо прегледи и 16.421 мамографски преглед, додека годинава, досега, се извршени вкупно 11.676 ехо прегледи и 6.693 мамографии, информираат од Министерството.

Од аспект на опременоста на јавните здравствени установи со дијагностички апарати, потенцираат дека со поддршка од Европската банка за обнова и развој, изминатиот период биле обезбедени мамомати и ехо апарати за Институтот за радиологија, ГОБ „8 Септември“, Клиничка болница - Тетово и општите болници во Куманово, Струмица, Струга и Дебар. Сите апарати биле ставени во функција и станувало збор за најсовремени дијагностички апарати, од кои три, со томосинтеза и стереотаксична биопсија.

Дополнително, со средства од Министерството за здравство, била комплетно опремена нова амбуланта за мамографски скрининг во Универзитетската клиника за хируршки болести „Свети Наум Охридски“.

Министерството почна национална кампања под мотото „Октомвриски розов караван - Превенцијата е најдобра заштита“, што се спроведува со поддршка од СЗО, УНФПА, град Скопје, Здружение за помош и поддршка на пациенти со гинеколошки заболувања „Фемина М“, како и Национална опера и балет, Факултет за музичка уметност и општествено одговорните компании „Скопје сити мол“ и „Синеплекс“, потсетија од Министерството.

Притоа, потсетија, исто така, дека главната активност на кампањата е одржувањето јавни трибини водени од панелисти стручни лица, доктори во јавните здравствени установи низ целата земја, со цел подигнување на свесноста за значењето на превенцијата и раната дијагностика на ракот на дојка.

Промена на Позитивната листа на лекови, корекција на скрининг програмата, нови протоколи на Клиниката за онкологија за да се подобрат условите за пациентите, но и да се олесни работата на докторите, ова се барањата на онколошките пациенти. Тие бараат нови терапии како што има во сите развиени европски, светски земји, бараат нови современи терапии, современ начин на скрининг и на дијагностика.

Катерина Цаневска Арсовска, новинарка и онколошки пациент, во изјава за МИА рече дека државата треба поорганизирано да настапува кон онколошките пациенти, да има доволно лекари и друг медицински персонал и лекови.

Да има доволно доктори, медицински сестри, кревети. Мора многу поорганизирано да се настапува како држава кон онколошките пациенти, кон исполнувањето на услови за нивно лекување. Кога ќе одат да примат терапија, да не се плашат дали терапијата ќе ја има или ќе ја нема. Тешко е да нема терапија за некој од Скопје, кој ќе отиде и ќе се врати, па ќе доаѓа пак, ама замислете тоа да му се случува некому што е со километри оддалечен од главниот град. Затоа треба да се обезбедат сите, најдобрите видови на терапија и да ја примаат сите пациенти, на кои тоа им е потребно. Тоа е она што неопходно треба државата да го направи како еден од првите потези, за онколошките пациенти кои се борат со најтешката болест, како и за нивните семејства, кои заедно со нив ја водат таа битка и треба да помогнат во излекувањето, ни одговори таа.

The post МЗ: Комисијата за позитивна листа ја разгледува терапијата за онколошки пациенти appeared first on Република.

]]>

Комисијата за позитивна листа ја разгледува терапијата за онколошки пациенти, велат од Министерството за здравство за МИА. Одговарајќи на нашите прашања во однос на терапијата за онколошките пациенти, оттаму потенцираат дека и оваа категорија на лекови се разгледува од страна на комисијата, согласно пристигнатите апликации од фармацевтските компании.
Се очекува и во делот на болничката позитивна листа да бидат воведени нови лекови што се дел од современите третмани за оваа категорија на пациенти. Современата онколошка терапија е веќе достапна за пациентите преку условните буџети што ги доделува Фондот на здравствените установи, а со нивно ставање на позитивната листа ќе се забрзаат процесите за нивна набавка, подвлекуваат од Министерството за здравство.
Во месецот посветен на борбата против рак на дојка, одговарајќи на нашите прашања, од Министерството информираат дека во 2023 година во рамки на скринингот за рано откривање рак на дојка се извршени снимања кај вкупно 4.987 жени, додека од почетокот на 2024 година досега, се прегледани вкупно 9.152 жени.
Скринингот, годинава се одвива во вкупно 14 јавни здравствени установи и тоа на Универзитетски институт за радиологија, на Клиника за хируршки болести „Свети Наум Охридски“, во ГОБ „8 Септември“, во трите клинички болници во Тетово, Штип и Битола, поликлиника „Железара“, во поликлиниките „Букурешт“, „Јане Сандански“ и „Чаир“, како и во болниците во Кавадарци, Велес, Куманово и Струмица, појаснуваат од Министерството.
Инаку, додаваат оттаму, согласно новата патека за упатување на пациентките, во кабинет за дојка во системот „Мој термин“ се евидентирани вкупно 13.705 прегледи од почетокот на годинава.
Во однос на ехо прегледи на дојка, само на Институт за радиологија во 2023 година се извршени вкупно 1.618 прегледи, а во 2024 година, досега, се реализирани вкупно 888 прегледи. На ниво на цела држава, во 2023 година се извршени вкупно 18.886 ехо прегледи и 16.421 мамографски преглед, додека годинава, досега, се извршени вкупно 11.676 ехо прегледи и 6.693 мамографии, информираат од Министерството.
Од аспект на опременоста на јавните здравствени установи со дијагностички апарати, потенцираат дека со поддршка од Европската банка за обнова и развој, изминатиот период биле обезбедени мамомати и ехо апарати за Институтот за радиологија, ГОБ „8 Септември“, Клиничка болница - Тетово и општите болници во Куманово, Струмица, Струга и Дебар. Сите апарати биле ставени во функција и станувало збор за најсовремени дијагностички апарати, од кои три, со томосинтеза и стереотаксична биопсија. Дополнително, со средства од Министерството за здравство, била комплетно опремена нова амбуланта за мамографски скрининг во Универзитетската клиника за хируршки болести „Свети Наум Охридски“.
Министерството почна национална кампања под мотото „Октомвриски розов караван - Превенцијата е најдобра заштита“, што се спроведува со поддршка од СЗО, УНФПА, град Скопје, Здружение за помош и поддршка на пациенти со гинеколошки заболувања „Фемина М“, како и Национална опера и балет, Факултет за музичка уметност и општествено одговорните компании „Скопје сити мол“ и „Синеплекс“, потсетија од Министерството.
Притоа, потсетија, исто така, дека главната активност на кампањата е одржувањето јавни трибини водени од панелисти стручни лица, доктори во јавните здравствени установи низ целата земја, со цел подигнување на свесноста за значењето на превенцијата и раната дијагностика на ракот на дојка. Промена на Позитивната листа на лекови, корекција на скрининг програмата, нови протоколи на Клиниката за онкологија за да се подобрат условите за пациентите, но и да се олесни работата на докторите, ова се барањата на онколошките пациенти. Тие бараат нови терапии како што има во сите развиени европски, светски земји, бараат нови современи терапии, современ начин на скрининг и на дијагностика. Катерина Цаневска Арсовска, новинарка и онколошки пациент, во изјава за МИА рече дека државата треба поорганизирано да настапува кон онколошките пациенти, да има доволно лекари и друг медицински персонал и лекови.
Да има доволно доктори, медицински сестри, кревети. Мора многу поорганизирано да се настапува како држава кон онколошките пациенти, кон исполнувањето на услови за нивно лекување. Кога ќе одат да примат терапија, да не се плашат дали терапијата ќе ја има или ќе ја нема. Тешко е да нема терапија за некој од Скопје, кој ќе отиде и ќе се врати, па ќе доаѓа пак, ама замислете тоа да му се случува некому што е со километри оддалечен од главниот град. Затоа треба да се обезбедат сите, најдобрите видови на терапија и да ја примаат сите пациенти, на кои тоа им е потребно. Тоа е она што неопходно треба државата да го направи како еден од првите потези, за онколошките пациенти кои се борат со најтешката болест, како и за нивните семејства, кои заедно со нив ја водат таа битка и треба да помогнат во излекувањето, ни одговори таа.

The post МЗ: Комисијата за позитивна листа ја разгледува терапијата за онколошки пациенти appeared first on Република.

]]>
Здравство за починатото бебе: Ќе се утврдуваат евентуални пропусти во лекувањето https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/zdravstvo-za-pochinatoto-bebe-ke-se-utvrduvaat-eventualni-propusti-vo-lekuvaneto/ Sat, 05 Oct 2024 12:35:22 +0000 https://republika.mk/?p=823085

„Во врска со случајот со починатото 14-месечно бебе, донесено рано утринава на Клиниката за детски болести, од Клиниката информираат дека е хоспитализирано со тешка респираторна инфекција, тешка општа состојба и засегнати витални функции. Настапило рапидно влошување на состојбата, со отежнато дишење, со пад на сатурација - велат од министерството за здравство.

Тие информираат дека телото на бебето е пратено на обдукција, по што ќе се утврдат причините за смртта.

ДСЗИ, согласно надлежностите ќе изврши вонреден инспекциски надзор во здравствените установи каде починатото бебе било лекувано: на Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата во Козле, каде претходно се лекувало и на Клиниката за детски болести, каде денес во утринските часови било хоспитализирано и починало.

Со цел да се утврди вистинитоста за евентуални пропусти во лекувањето, надзорот ќе се изврши во присуство на одговорните лица на здравствените установи, како и на лекарите кои учествувале во претходно пружање здравствена заштита.

Министерството за здравство во врска со овој случај ќе иницира комисија за стручен надзор во двете здравствени установи.

Министерство за здравство изразува сочувство до семејството и најблиските за оваа загуба, велат од Министерството за здравство.

https://republika.mk/zivot/zdravje/po-pochinatotot-bebe-dszi-najavuva-vonreden-inspektsiski-nadzor-vo-detskata-klinika-i-kozle/

The post Здравство за починатото бебе: Ќе се утврдуваат евентуални пропусти во лекувањето appeared first on Република.

]]>

„Во врска со случајот со починатото 14-месечно бебе, донесено рано утринава на Клиниката за детски болести, од Клиниката информираат дека е хоспитализирано со тешка респираторна инфекција, тешка општа состојба и засегнати витални функции. Настапило рапидно влошување на состојбата, со отежнато дишење, со пад на сатурација - велат од министерството за здравство. Тие информираат дека телото на бебето е пратено на обдукција, по што ќе се утврдат причините за смртта.
ДСЗИ, согласно надлежностите ќе изврши вонреден инспекциски надзор во здравствените установи каде починатото бебе било лекувано: на Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата во Козле, каде претходно се лекувало и на Клиниката за детски болести, каде денес во утринските часови било хоспитализирано и починало. Со цел да се утврди вистинитоста за евентуални пропусти во лекувањето, надзорот ќе се изврши во присуство на одговорните лица на здравствените установи, како и на лекарите кои учествувале во претходно пружање здравствена заштита. Министерството за здравство во врска со овој случај ќе иницира комисија за стручен надзор во двете здравствени установи. Министерство за здравство изразува сочувство до семејството и најблиските за оваа загуба, велат од Министерството за здравство.
https://republika.mk/zivot/zdravje/po-pochinatotot-bebe-dszi-najavuva-vonreden-inspektsiski-nadzor-vo-detskata-klinika-i-kozle/

The post Здравство за починатото бебе: Ќе се утврдуваат евентуални пропусти во лекувањето appeared first on Република.

]]>
МЗ: Ослободување од работа на ранливите категории, избегнување сонце, носење светла облека https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/mz-osloboduvane-od-rabota-na-ranlivite-kategorii-izbegnuvane-sontse-nosene-svetla-obleka/ Sun, 11 Aug 2024 17:47:40 +0000 https://republika.mk/?p=805550

Од утре до среда, територијата на цела држава ќе биде зафатена со високи температури од портокалово ниво на опасност од високи температури и согласно Акцискиот план на Министерството за здравство за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението, се преземат акции предвидени за фаза 2 – „Портокалово ниво“ на топлотни бранови, информираат од Министерството за здравство.

По тој повод, Владата ги усвои препораките на Министерството за здравство за намалување на ризиците од високите температури.

– Согласно Акцискиот план за превенирање на последиците од топлотни бранови, од 12 до 14 август, предвидено е ослободување од работните обврски на најранливите групи население, односно: бремените жени и лицата на возраст над 60 години. Во истиот период, работодавците да ги реорганизираат работните активности на градежните работници и на работниците кои работат на отворено, со тоа што ќе се избегне вршење градежни и други работни активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот. Во установите за згрижување на децата (градинки) да не се практикува физичка активност и да не ги изнесуваат децата на отворено во периодот од 11:00 до 17:00 часот, известуваат од Министерството за здравство.

Оттаму, меѓу другото, посочуваат единиците на локална самоуправа, Црвениот крст и центрите за социјални работи, во регионите зафатени со топлотниот бран да пружаат помош на осамени, стари, изнемоштени лица, бездомни лица.

– Со оглед на фактот дека одредени ризични производни и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници, се потсетуваат работодавците на обврската за почитување на законските прописи од оваа област, велат од Министерството.

Се апелира населението да ги почитува општите мерки за заштита на здравјето, како што се, во текот на екстремно топли денови да се остане повеќе во затворени простории (пред сè климатизирани), при неопходен престој на отворен простор во овој период да се најде можност за почести одмори под сенка. Да се носи светла и лесна облека, при директна изложеност на сонце носете заштитни очила и капа, а при сончање да се користи крем со висок заштитен фактор.

– Да се внесува помало количество храна, претежно овошје и зеленчук, а помалку мрсна храна.
Да се внесуваат повеќе течности, најдобро обична вода за пиење, а да се избегнуваат алкохолните пијалаци. При влегување во возило, потребно е тоа одреден период да се проветри.
Поради високите температури и зголемената можност за појава на труењата со храна и цревни заразни заболувања, се препорачува: задолжително миење на зеленчукот и овошјето пред нивна употреба; термичка подготовка на храната и нејзино консумирање веднаш по подготовката, како и избегнување термички необработени производи, нагласуваат од Министерството за здравство.

The post МЗ: Ослободување од работа на ранливите категории, избегнување сонце, носење светла облека appeared first on Република.

]]>

Од утре до среда, територијата на цела држава ќе биде зафатена со високи температури од портокалово ниво на опасност од високи температури и согласно Акцискиот план на Министерството за здравство за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението, се преземат акции предвидени за фаза 2 – „Портокалово ниво“ на топлотни бранови, информираат од Министерството за здравство. По тој повод, Владата ги усвои препораките на Министерството за здравство за намалување на ризиците од високите температури. – Согласно Акцискиот план за превенирање на последиците од топлотни бранови, од 12 до 14 август, предвидено е ослободување од работните обврски на најранливите групи население, односно: бремените жени и лицата на возраст над 60 години. Во истиот период, работодавците да ги реорганизираат работните активности на градежните работници и на работниците кои работат на отворено, со тоа што ќе се избегне вршење градежни и други работни активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот. Во установите за згрижување на децата (градинки) да не се практикува физичка активност и да не ги изнесуваат децата на отворено во периодот од 11:00 до 17:00 часот, известуваат од Министерството за здравство. Оттаму, меѓу другото, посочуваат единиците на локална самоуправа, Црвениот крст и центрите за социјални работи, во регионите зафатени со топлотниот бран да пружаат помош на осамени, стари, изнемоштени лица, бездомни лица. – Со оглед на фактот дека одредени ризични производни и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници, се потсетуваат работодавците на обврската за почитување на законските прописи од оваа област, велат од Министерството. Се апелира населението да ги почитува општите мерки за заштита на здравјето, како што се, во текот на екстремно топли денови да се остане повеќе во затворени простории (пред сè климатизирани), при неопходен престој на отворен простор во овој период да се најде можност за почести одмори под сенка. Да се носи светла и лесна облека, при директна изложеност на сонце носете заштитни очила и капа, а при сончање да се користи крем со висок заштитен фактор. – Да се внесува помало количество храна, претежно овошје и зеленчук, а помалку мрсна храна. Да се внесуваат повеќе течности, најдобро обична вода за пиење, а да се избегнуваат алкохолните пијалаци. При влегување во возило, потребно е тоа одреден период да се проветри. Поради високите температури и зголемената можност за појава на труењата со храна и цревни заразни заболувања, се препорачува: задолжително миење на зеленчукот и овошјето пред нивна употреба; термичка подготовка на храната и нејзино консумирање веднаш по подготовката, како и избегнување термички необработени производи, нагласуваат од Министерството за здравство.

The post МЗ: Ослободување од работа на ранливите категории, избегнување сонце, носење светла облека appeared first on Република.

]]>
Министерство за здравство за паднатиот потпорен ѕид: Потребно е да се изнајде итно решение во заеднички напори со надлежните институции Градот Скопје и Општина Центар https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/ministerstvo-za-zdravstvo-za-padnatiot-potporen-zid-potrebno-e-da-se-iznajde-itno-reshenie-vo-zaednichki-napori-so-nadlezhnite-institutsii-gradot-skopje-i-opshtina-tsentar/ Wed, 12 Jun 2024 14:17:20 +0000 https://republika.mk/?p=786726

Министерството за здравство информира дека во случајот со паднатиот потпорен ѕид позади Клиниката за детски болести истиот е изграден на државно земјиште, а Министерството нема прибележано право за трајно користење на тоа земјиште.

Секој од објектите во Клиничкиот центар има право на користење на објектите, но нема доделено право на трајно користење на земјиштето околу клиниките. Во интерес на граѓаните, потребно е да се изнајде итно решение во заеднички напори со надлежните институции Градот Скопје и Општина Центар кои треба да бидат иницијатори за решавање на проблемот, поради тоа што се работи за улица, а надлежните инспекциски служби да дадат мислење за моменталната безбедност, велат од Министерство за здравство.

https://republika.mk/vesti/makedonija/padna-potporniot-zid-kaj-detskata-klinika-vo-klinichki-tsentar/

The post Министерство за здравство за паднатиот потпорен ѕид: Потребно е да се изнајде итно решение во заеднички напори со надлежните институции Градот Скопје и Општина Центар appeared first on Република.

]]>

Министерството за здравство информира дека во случајот со паднатиот потпорен ѕид позади Клиниката за детски болести истиот е изграден на државно земјиште, а Министерството нема прибележано право за трајно користење на тоа земјиште. Секој од објектите во Клиничкиот центар има право на користење на објектите, но нема доделено право на трајно користење на земјиштето околу клиниките. Во интерес на граѓаните, потребно е да се изнајде итно решение во заеднички напори со надлежните институции Градот Скопје и Општина Центар кои треба да бидат иницијатори за решавање на проблемот, поради тоа што се работи за улица, а надлежните инспекциски служби да дадат мислење за моменталната безбедност, велат од Министерство за здравство. https://republika.mk/vesti/makedonija/padna-potporniot-zid-kaj-detskata-klinika-vo-klinichki-tsentar/

The post Министерство за здравство за паднатиот потпорен ѕид: Потребно е да се изнајде итно решение во заеднички напори со надлежните институции Градот Скопје и Општина Центар appeared first on Република.

]]>
Министерството за здравство крахираше и во случајот Токсикологија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ministerstvoto-za-zdravstvo-krahirashe-i-vo-sluchajot-toksikologija/ Wed, 15 May 2024 14:04:20 +0000 https://republika.mk/?p=778401

Од Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ, реагираат дека негативната селекција и непрофесионализмот како на Клиниката за токсикологија, така и на ниво на целокупното јавно здравство во Македонија продолжуваат на штета на пациентите.

Од партијата рењагираат за тоа што здравствените власти селектирано постапуваат по извештаи од надлежни институции, па така наместо да се разреши организациската директорка на Клиника за токсикологија за чија работа има низа забелешки, Демири го разрешува медицинскиот директор без конкретни образложенија.

Прашуваме

1. Дали организациската директорка на оваа Клиника го има ангажирано својот татко како преведувач и доколку е тоа точно, дали за овој ангажман добива надоместок и која е сумата на истиот?

2.Што презема организациската директорка Иљази за фактот што за два месеци го зголемила долгот за два милиони денари?

3.Дали воопшто доаѓа на работа организациската директорка Иљази и со кои компетенции и работно искуство доаѓа на оваа позизија?

4.Дали се точни информациите дека организациската директорка одбива да го потпише осигурувањето на опремата на Клиника за токсикологија и со самото тоа го загрозува функционирањето на клиниката како и го става на ризик животот на хоспитализираните пациенти и на вработените

Ваквото незаконие за среќа завршува.

ВМРО -ДПМНЕ во Платформата 1198 се обрзува дека ќе стави крај на ваквиот дуализам и укинување на организациските директори на клиниките. Ќе воведеме мерит систем и избор по комепетнтност и способност, се наведува во рекацијата на ВМРО-ДПМНЕ.

https://republika.mk/zivot/zdravje/ministerot-za-zdravstvo-go-razreshi-meditsinskiot-direktor-na-toksikologija-d-r-danil-petrovski/

The post Министерството за здравство крахираше и во случајот Токсикологија appeared first on Република.

]]>

Од Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ, реагираат дека негативната селекција и непрофесионализмот како на Клиниката за токсикологија, така и на ниво на целокупното јавно здравство во Македонија продолжуваат на штета на пациентите. Од партијата рењагираат за тоа што здравствените власти селектирано постапуваат по извештаи од надлежни институции, па така наместо да се разреши организациската директорка на Клиника за токсикологија за чија работа има низа забелешки, Демири го разрешува медицинскиот директор без конкретни образложенија.
Прашуваме   1. Дали организациската директорка на оваа Клиника го има ангажирано својот татко како преведувач и доколку е тоа точно, дали за овој ангажман добива надоместок и која е сумата на истиот?   2.Што презема организациската директорка Иљази за фактот што за два месеци го зголемила долгот за два милиони денари?   3.Дали воопшто доаѓа на работа организациската директорка Иљази и со кои компетенции и работно искуство доаѓа на оваа позизија?   4.Дали се точни информациите дека организациската директорка одбива да го потпише осигурувањето на опремата на Клиника за токсикологија и со самото тоа го загрозува функционирањето на клиниката како и го става на ризик животот на хоспитализираните пациенти и на вработените   Ваквото незаконие за среќа завршува.   ВМРО -ДПМНЕ во Платформата 1198 се обрзува дека ќе стави крај на ваквиот дуализам и укинување на организациските директори на клиниките. Ќе воведеме мерит систем и избор по комепетнтност и способност, се наведува во рекацијата на ВМРО-ДПМНЕ.
https://republika.mk/zivot/zdravje/ministerot-za-zdravstvo-go-razreshi-meditsinskiot-direktor-na-toksikologija-d-r-danil-petrovski/

The post Министерството за здравство крахираше и во случајот Токсикологија appeared first on Република.

]]>
Министерство за здравство: Решение за приватните специјализанти ќе има после изборите https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/ministerstvo-za-zdravstvo-reshenie-za-privatnite-spetsijalizanti-ke-ima-posle-izborite/ Fri, 19 Apr 2024 09:58:54 +0000 https://republika.mk/?p=767949

Ставот на Министерството за здравство е позитивен кон приватните специјализанти,но решение ќе има после изборите, се вели во соопштението од МЗ.

Приватните специјализанти почнаа штрајк со цел да им се обезбедат неколку барања.

Во изминатиот период, приватните специјализанти остварија неколку средби со министерот за здравство и со претставници од Министерството, кадешто се слушнаа нивните барања и се изготви извештај, со цел изнаоѓање решение за нивниот работен статус.

На последната владина седница беше донесена одлука согласно закон, веднаш по изборите, да се подготват предлог законски решенија со коишто ќе се предвидат нивните севкупни права и одговорности.

Во однос на двете барања на приватните специјализанти, Министерството за здравство Ве известува дека дел од приватните специјализанти веќе имаат здравствено осигурување и се во работен однос, додека пак 10% од приватните специјализанти немаат здравствено осигурување од причини што или не се јавиле во подрачните служби или не го исполнуваат условот од аспект на остварените приходи бидејќи добиваат паричен надоместок.

Во 2018 година, приватните специјализанти за првпат беа препознаени во јавното здравство и платени за својата работа. Покрај финансискиот надоместок, тие добија можност за исплата на дежурства и здравствено осигурување, се вели во соопштението од МЗ.

The post Министерство за здравство: Решение за приватните специјализанти ќе има после изборите appeared first on Република.

]]>

Ставот на Министерството за здравство е позитивен кон приватните специјализанти,но решение ќе има после изборите, се вели во соопштението од МЗ. Приватните специјализанти почнаа штрајк со цел да им се обезбедат неколку барања.
Во изминатиот период, приватните специјализанти остварија неколку средби со министерот за здравство и со претставници од Министерството, кадешто се слушнаа нивните барања и се изготви извештај, со цел изнаоѓање решение за нивниот работен статус. На последната владина седница беше донесена одлука согласно закон, веднаш по изборите, да се подготват предлог законски решенија со коишто ќе се предвидат нивните севкупни права и одговорности. Во однос на двете барања на приватните специјализанти, Министерството за здравство Ве известува дека дел од приватните специјализанти веќе имаат здравствено осигурување и се во работен однос, додека пак 10% од приватните специјализанти немаат здравствено осигурување од причини што или не се јавиле во подрачните служби или не го исполнуваат условот од аспект на остварените приходи бидејќи добиваат паричен надоместок. Во 2018 година, приватните специјализанти за првпат беа препознаени во јавното здравство и платени за својата работа. Покрај финансискиот надоместок, тие добија можност за исплата на дежурства и здравствено осигурување, се вели во соопштението од МЗ.
 
The post Министерство за здравство: Решение за приватните специјализанти ќе има после изборите appeared first on Република.

]]>
МЗ: Решение за приватните специјализанти после изборите https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/mz-reshenie-za-privatnite-spetsijalizanti-posle-izborite/ Thu, 18 Apr 2024 15:38:15 +0000 https://republika.mk/?p=767628

Министерството за здравство денеска го повтори ставот дека решение за приватните специјализанти кои од понеделникот се во штрајк ќе има по изборите.

– Министерството за здравство секогаш се залага за подобрување на условите за работа на здравствените работници и соработници, кои меѓу нив спаѓаат и приватните специјализанти.Во изминатиот период, приватните специјализанти остварија неколку средби со министерот за здравство и со претставници од Министерството, кадешто се слушнаа нивните барања и се изготви извештај, со цел изнаоѓање решение за нивниот работен статус. На последната владина седница беше донесена одлука согласно закон, веднаш по изборите, да се подготват предлог законски решенија со коишто ќе се предвидат нивните севкупни права и одговорности, наведува МЗ во соопштение.

Во однос на двете барања на приватните специјализанти, посочува дека „дел од приватните специјализанти веќе имаат здравствено осигурување и се во работен однос, додека пак 10 проценти од приватните специјализанти немаат здравствено осигурување од причини што или не се јавиле во подрачните служби или не го исполнуваат условот од аспект на остварените приходи бидејќи добиваат паричен надоместок“.

-Во 2018 година, приватните специјализанти првпат беа препознаени во јавното здравство и платени за својата работа. Покрај финансискиот надомест, тие добија можност за исплата на дежурства и здравствено осигурување. Ставот на Министерството е позитивен кон нив, со цел да им се излезе во пресрет, но решение ќе има после изборите. Овие години, се направи значителен напредок со покачување на платите на здравствените работници, подигнати се капацитетите во јавното здравство и вратено е достоинството на сите здравствени работници и соработници, стои во соопштението.

Над 400 приватни специјализанти пред четири дена стапија во генерален штрајк и не ги извршуваат работните обврски, со барања да им биде зголемен надоместот што им се исплаќа во изнес од 26 илјади денари, на ниво на просечна плата на доктор во јавна здравствена установа, да добијат здравствено осигурување и да им се реши статусот што сега им е со договор на дело

The post МЗ: Решение за приватните специјализанти после изборите appeared first on Република.

Поради дефект на еден од компресорите два дена беа одложени елективните операции, но не и итните случаи, велат од Министертвото за здравство https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/poradi-defekt-na-eden-od-kompresorite-dva-dena-bea-odlozheni-elektivnite-operatsii-no-ne-i-itnite-sluchai-velat-od-ministertvoto-za-zdravstvo/ Thu, 11 Apr 2024 10:37:52 +0000 https://republika.mk/?p=764914

Поради дефект на еден од компресорите два дена беа одложени елективните операции, но не и итните случаи за операција на пациенти, велат од Министертвото за здравство, откако Комисијата за здравство на ВМРО ДПМНЕ објави дека три дена се затворени сите хируршки сали на Клиниката за хирургија, не се одржуваат неопходни операции за итни и животозагрожувачки пациенти.

Не е точна информацијата за наводен колапс на Клинички центар. Се работи за дефект на еден од компресорите поради што многу инструменти зависат од притисок кој го генерираат пумпите, затоа два дена елективната програма (операции кои не се итни, ), а не итните случаи беа одложени. Проблемот е саниран, а со кислородот немало никаков дефект. Во вторникот е реализирана средба со директорите на Градската општа болница „8 Септември“, ТОАРИЛУЦ, Клиниката за дигестивна хирургија, КАРИЛ кадешто е постигнато усогласување и во тек е усвојување план како ќе се одвива кохортацијата на пациенти кога ќе почне реновирањето на КАРИЛ, велат од Министерството за здравство.

Од Министерството за здравство додваат дека компресорската станица требала да биде променета уште пред три години.

Во тек се активности на министерот за здравство за проверка на сите компресорски станици во Клинички центар и брзо ќе се пристапи кон промена на сите компресори кои се дотраени, велат од МЗ.

https://republika.mk/vesti/makedonija/kolaps-na-zdravstvoto-tri-dena-se-zatvoreni-site-hirurshki-sali-na-hirurgija-vo-klinichki-tsentar/

The post Поради дефект на еден од компресорите два дена беа одложени елективните операции, но не и итните случаи, велат од Министертвото за здравство appeared first on Република.

Здравствените работници утре на протест пред Министерството за здравство https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/zdravstvenite-rabotnitsi-utre-na-protest-pred-ministerstvoto-za-zdravstvo/ Sun, 07 Apr 2024 15:12:06 +0000 https://republika.mk/?p=763491

Здравствените работници утре излегуваат на протест пред Министерството за здравство за да го искажат незадоволството од непотпишувањето на анексот на колективниот договор.

Слободан Трендафилов, првиот човек на ССМ вели дека ова прашање треба итно да се реши веднаш по формирање на новата Влада.

За жал непотпишувањето значи дека не само што нема да се усогласат платите туку ниту дополнително да се зголемат и за жал креаторите на политките ги образуваат овие луѓе за потоа да работат веројатно во Германија. Тоа е најлошиот пример за Македонија, кога вие трошите ресурси за да образувате одредена категорија на работници потоа тие работници да ви заминат од државата поради мизерните плати. Во името на сите здравствени работници и сите здравствени работници треба да излезат на протестот имајќи предвид дека за плата се протестира, а доколку не им треба плата може удобно да си седат во своите канцеларии или домови, вели Трендафилов.

The post Здравствените работници утре на протест пред Министерството за здравство appeared first on Република.

]]>

Здравствените работници утре излегуваат на протест пред Министерството за здравство за да го искажат незадоволството од непотпишувањето на анексот на колективниот договор. Слободан Трендафилов, првиот човек на ССМ вели дека ова прашање треба итно да се реши веднаш по формирање на новата Влада.
За жал непотпишувањето значи дека не само што нема да се усогласат платите туку ниту дополнително да се зголемат и за жал креаторите на политките ги образуваат овие луѓе за потоа да работат веројатно во Германија. Тоа е најлошиот пример за Македонија, кога вие трошите ресурси за да образувате одредена категорија на работници потоа тие работници да ви заминат од државата поради мизерните плати. Во името на сите здравствени работници и сите здравствени работници треба да излезат на протестот имајќи предвид дека за плата се протестира, а доколку не им треба плата може удобно да си седат во своите канцеларии или домови, вели Трендафилов.
 
The post Здравствените работници утре на протест пред Министерството за здравство appeared first on Република.

]]>
Донесена одлука за прием во детски градинки на деца кои примиле три дози ДиТеПер вакцина со задолжително примање ревакцина по шест месеци https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/donesena-odluka-za-priem-vo-detski-gradinki-na-detsa-koi-primile-tri-dozi-diteper-vaktsina-so-zadolzhitelno-primane-revaktsina-po-shest-mesetsi/ Fri, 15 Mar 2024 14:51:50 +0000 https://republika.mk/?p=755175

Министерството за здравство соопшти дека министерот за здравство Илир Демири, согласно препораките на Комисијата за заразни болести од состанокот одржан на 14.03.2024 година, донесе одлука со која се дозволува прием и престој во детски градинки на територијата на Република Македонија, на деца кои по Catch-up календар ја комплетирале примовакцинацијата (три дози ДиТеПер вакцина), со задолжително примање на првата ревакцина 6 месеци по примањето на последната (трета) доза од примовакциналната серија.

Одлуката денеска стапува на сила, а од понеделник ќе се применува.

Исто така, информираме дека ДиТеПер вакцините за возрасни се стигнати и граѓаните можат да се вакцинираат во вакциналните пунктови. Вакцините се безбедни и претставуваат најголемо достигнување на здравствениот систем. Апелираме до сите граѓани, особено до родителите на децата во предучилишна возраст да ги вакцинираат своите деца затоа што главен приоритет е нивната здравствена заштита, се вели во соопштението на Министерството за здравство.

Вакциналните пунктови за имунизација работат во две смени со цел да им биде полесно на родителите да ги имуницираат своите деца.

https://republika.mk/zivot/zdravje/dszi-od-18-mart-vo-gradinka-detsa-so-tri-dozi-vaktsini-protiv-pertusis/

The post Донесена одлука за прием во детски градинки на деца кои примиле три дози ДиТеПер вакцина со задолжително примање ревакцина по шест месеци appeared first on Република.

]]>

Министерството за здравство соопшти дека министерот за здравство Илир Демири, согласно препораките на Комисијата за заразни болести од состанокот одржан на 14.03.2024 година, донесе одлука со која се дозволува прием и престој во детски градинки на територијата на Република Македонија, на деца кои по Catch-up календар ја комплетирале примовакцинацијата (три дози ДиТеПер вакцина), со задолжително примање на првата ревакцина 6 месеци по примањето на последната (трета) доза од примовакциналната серија. Одлуката денеска стапува на сила, а од понеделник ќе се применува.
Исто така, информираме дека ДиТеПер вакцините за возрасни се стигнати и граѓаните можат да се вакцинираат во вакциналните пунктови. Вакцините се безбедни и претставуваат најголемо достигнување на здравствениот систем. Апелираме до сите граѓани, особено до родителите на децата во предучилишна возраст да ги вакцинираат своите деца затоа што главен приоритет е нивната здравствена заштита, се вели во соопштението на Министерството за здравство.
Вакциналните пунктови за имунизација работат во две смени со цел да им биде полесно на родителите да ги имуницираат своите деца. https://republika.mk/zivot/zdravje/dszi-od-18-mart-vo-gradinka-detsa-so-tri-dozi-vaktsini-protiv-pertusis/

The post Донесена одлука за прием во детски градинки на деца кои примиле три дози ДиТеПер вакцина со задолжително примање ревакцина по шест месеци appeared first on Република.

]]>
Веќе имаме постапено за шестмесечната платена пракса на младите лекари, велат од Министерството за здравство https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/veke-imame-postapeno-za-shestmesechnata-platena-praksa-na-mladite-lekari-velat-od-ministerstvoto-za-zdravstvo/ Thu, 07 Mar 2024 18:28:47 +0000 https://republika.mk/?p=752390

Министерството за здравство веднаш има постапено во однос на законските обврски што ги има околу шестмесечната платена пракса на младите лекари што треба да бидат ангажирани во вакциналните пунктови и во Итната медицинска помош при Здравствените домови на територија на целата држава, информираат преку соопштение од ресорното министерство.

Реакцијата од Министерството доаѓа откако денеска млади лекари реагираа оти веќе трет месец чекаат да бидат викнати на платена пракса за која од Министерството за здравство се со закон обврзани заради нивно понатамошно усовршување, односно запишување на специјализација.

Националната комисија за имунизација во својот заклучок препорачува што побрзо вклучување на младите лекари во процесот на имунизација, односно лекарите кои обавуваат задолжителен стаж по дипломирањето да се вклучат во пребарувањето на невакцинираните деца, нивното повикување, како и евидентирање на вакцинацијата во електронскиот систем, додека пак лекарите кои обавуваат платена пракса по добивање на лиценца дополнително да се вклучат и во спроведувањето на вакцинацијата во оние вакцинални пунктови каде постои потреба од дополнителен кадар, се со цел непречено спроведување на вакцинацијата“, се вели во соопштението од Министерството за здравство.

Оттаму велат дека за заклучокот на националната Комисија за имунизација веќе била информирана Владата. Исто така, додаваат од Здравство, заклучокот бил испратен до Министерството за финансии, а се чека одговор и од Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) бидејќи се работи за предизборен период.

https://republika.mk/zivot/zdravje/mladi-lekari-tret-mesets-chekaat-da-bidat-viknati-na-praksa-koja-gi-obvrzuva-za-zapishuvane-na-spetsijalizatsija/

The post Веќе имаме постапено за шестмесечната платена пракса на младите лекари, велат од Министерството за здравство appeared first on Република.

]]>

Министерството за здравство веднаш има постапено во однос на законските обврски што ги има околу шестмесечната платена пракса на младите лекари што треба да бидат ангажирани во вакциналните пунктови и во Итната медицинска помош при Здравствените домови на територија на целата држава, информираат преку соопштение од ресорното министерство. Реакцијата од Министерството доаѓа откако денеска млади лекари реагираа оти веќе трет месец чекаат да бидат викнати на платена пракса за која од Министерството за здравство се со закон обврзани заради нивно понатамошно усовршување, односно запишување на специјализација.
Националната комисија за имунизација во својот заклучок препорачува што побрзо вклучување на младите лекари во процесот на имунизација, односно лекарите кои обавуваат задолжителен стаж по дипломирањето да се вклучат во пребарувањето на невакцинираните деца, нивното повикување, како и евидентирање на вакцинацијата во електронскиот систем, додека пак лекарите кои обавуваат платена пракса по добивање на лиценца дополнително да се вклучат и во спроведувањето на вакцинацијата во оние вакцинални пунктови каде постои потреба од дополнителен кадар, се со цел непречено спроведување на вакцинацијата“, се вели во соопштението од Министерството за здравство.
Оттаму велат дека за заклучокот на националната Комисија за имунизација веќе била информирана Владата. Исто така, додаваат од Здравство, заклучокот бил испратен до Министерството за финансии, а се чека одговор и од Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) бидејќи се работи за предизборен период. https://republika.mk/zivot/zdravje/mladi-lekari-tret-mesets-chekaat-da-bidat-viknati-na-praksa-koja-gi-obvrzuva-za-zapishuvane-na-spetsijalizatsija/

The post Веќе имаме постапено за шестмесечната платена пракса на младите лекари, велат од Министерството за здравство appeared first on Република.

]]>
Министерството за здравство ги прифати препораките од Комисијата за заразни болести за голема кашлица, но не кажа дека нема да се примаат невакцинирании деца во градинките https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/ministerstvoto-za-zdravstvo-gi-prifati-preporakite-od-komisijata-za-zarazni-bolesti-za-golema-kashlitsa-no-ne-kazha-deka-nema-da-se-primaat-nevaktsiniranii-detsa-vo-gradinkite/ Wed, 06 Mar 2024 16:35:54 +0000 https://republika.mk/?p=751994

Министерството за здравство попладнево информираше дека ги прифаќа препораките на Комисијата за заразни болести за спречување на ширењето на голема кашлица, но не кажа дека нема да се примаат невакцинирани деца во градинките.

Во соопштението се наведува дека министерот Илир Демири ќе донесе одлука со која на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) ќе му наложи да постапува согласно законските надлежности предвидени со Закон за заштита на населението од заразни болести, како и да врши вонредни инспекциски надзори, односно увид во вакциналните потврди обезбедени од вакциналните пунктови за примена вакцина против голема кашлица.

Портпаролот на Комисијата, д-р Злате Мехмедовиќ вчера рече дека предлагаат да се зголеми инспекцискиот надзор на ДСЗИ во градинките со цел да се види дали се почитува препораката на Комисијата за заразни болести, да не се примаат невакцинирани и нецелосно вакцинирани деца со ДиТеПер вакцината.

Министерството за здравство апелира до родителите дека најдобар начин за превенција на голема кашлица е вакцинацијата, затоа треба да ги вакцинираат своите деца, се вели во соопштението.

Директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) Рената Младеновска денеска изјави дека ќе забранат посета во градинки на деца кои немаат примено ДТП вакцина, само доколку препораката на Комисијата за заразни болести биде прифатена и со одлука, а Министерството за здравство му наложи на Инспекторатот да врши вонредни инспекциски надзори заради увид во вакциналните потврди обезбедени од вакциналните пунктови за примена ДТП вакцина.

Вакцинацијата против голема кашлица во земјава се спроведува со комбинирани вакцини: Hexaxim (DTaP-IPV-Hib-HepB), Pentaxim (DTaP-IPV-Hib) и Tetraxim (DTaP-IPV). Според Календарот за имунизација, првата доза на вакцина се дава на деца на возраст со навршени два месеца, втората доза на возраст од четири месеци и третата доза на возраст од шест месеци. Првата ревакцинација се врши една година по комплетирањето на примарна вакцинација, на 18-месечна возраст. Втората ревакцина се дава во второ одделение, односно на 7-годишна возраст.

Првиот случај на голема кашлица беше пријавен на 5 јануари, а Центарот за јавно здравје Скопје на 8 февруари прогласи епидемија на ниво на Град Скопје, по препорака на Комисијата за заразни болести.

Според податоците од Институтот за јавно здравје, до вчера беа регистрирани 123 случаи на голема кашлица во цела Македонија, од кои 109 се во Скопје.

Од 18 јануари до 29 февруари аплицирани се 22. 395 дози вакцини.

The post Министерството за здравство ги прифати препораките од Комисијата за заразни болести за голема кашлица, но не кажа дека нема да се примаат невакцинирании деца во градинките appeared first on Република.

]]>

Министерството за здравство попладнево информираше дека ги прифаќа препораките на Комисијата за заразни болести за спречување на ширењето на голема кашлица, но не кажа дека нема да се примаат невакцинирани деца во градинките. Во соопштението се наведува дека министерот Илир Демири ќе донесе одлука со која на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) ќе му наложи да постапува согласно законските надлежности предвидени со Закон за заштита на населението од заразни болести, како и да врши вонредни инспекциски надзори, односно увид во вакциналните потврди обезбедени од вакциналните пунктови за примена вакцина против голема кашлица. Портпаролот на Комисијата, д-р Злате Мехмедовиќ вчера рече дека предлагаат да се зголеми инспекцискиот надзор на ДСЗИ во градинките со цел да се види дали се почитува препораката на Комисијата за заразни болести, да не се примаат невакцинирани и нецелосно вакцинирани деца со ДиТеПер вакцината.
Министерството за здравство апелира до родителите дека најдобар начин за превенција на голема кашлица е вакцинацијата, затоа треба да ги вакцинираат своите деца, се вели во соопштението.
Директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) Рената Младеновска денеска изјави дека ќе забранат посета во градинки на деца кои немаат примено ДТП вакцина, само доколку препораката на Комисијата за заразни болести биде прифатена и со одлука, а Министерството за здравство му наложи на Инспекторатот да врши вонредни инспекциски надзори заради увид во вакциналните потврди обезбедени од вакциналните пунктови за примена ДТП вакцина. Вакцинацијата против голема кашлица во земјава се спроведува со комбинирани вакцини: Hexaxim (DTaP-IPV-Hib-HepB), Pentaxim (DTaP-IPV-Hib) и Tetraxim (DTaP-IPV). Според Календарот за имунизација, првата доза на вакцина се дава на деца на возраст со навршени два месеца, втората доза на возраст од четири месеци и третата доза на возраст од шест месеци. Првата ревакцинација се врши една година по комплетирањето на примарна вакцинација, на 18-месечна возраст. Втората ревакцина се дава во второ одделение, односно на 7-годишна возраст. Првиот случај на голема кашлица беше пријавен на 5 јануари, а Центарот за јавно здравје Скопје на 8 февруари прогласи епидемија на ниво на Град Скопје, по препорака на Комисијата за заразни болести. Според податоците од Институтот за јавно здравје, до вчера беа регистрирани 123 случаи на голема кашлица во цела Македонија, од кои 109 се во Скопје. Од 18 јануари до 29 февруари аплицирани се 22. 395 дози вакцини.

The post Министерството за здравство ги прифати препораките од Комисијата за заразни болести за голема кашлица, но не кажа дека нема да се примаат невакцинирании деца во градинките appeared first on Република.

]]>
Д-р Петличковски не е сменет од местото претседател на Комисијата за заразни болести, велат од Министерството за здравство https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/d-r-petlichkovski-ne-e-smenet-od-mestoto-pretsedatel-na-komisijata-za-zarazni-bolesti-velat-od-ministerstvoto-za-zdravstvo/ Tue, 20 Feb 2024 17:11:04 +0000 https://republika.mk/?p=746259

Oд Министерството за здравство информираат дека д-р Александар Петличковски не е сменет од претседател на Комисијата за заразни болести, тој останува и понатаму да ја извршува својата функција.

Министерството за здравство информира дека д-р Александар Петличковски не е сменет од претседател на Комисијата за заразни болести. Д-р Петличковски е актуелен претседател на Комисијата којшто останува и понатаму да извршува својата функција како и досега. Истото може да се потврди со соодветна документација“, велат од Министерството за здравство.

Дел од медиумите претходно информираа дека тој е сменет.

The post Д-р Петличковски не е сменет од местото претседател на Комисијата за заразни болести, велат од Министерството за здравство appeared first on Република.

Конкурси за вработување во здравство по избори, дотогаш продолжен договор на дело https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/konkursi-za-vrabotuvane-vo-zdravstvo-po-izbori-dotogash-prodolzhen-dogovor-na-delo/ Thu, 15 Feb 2024 14:59:39 +0000 https://republika.mk/?p=744474

Финализирано е вчера, сите здравствени работници кои работат во здравствениот сектор, имаме добиено согласност од Министерство за финансии, ќе продолжат со договор на дело. После изборите, обезбедени се средства од Министерство за финансии, ќе се пристапи кон отворање на конкурси, да не се прекршуваат законските прописи и истите ќе бидат вработени. За ова попладнево информираше новиот министер за здравство во техничката Влада, Илир Демири, одговарајќи на новинарски прашања.

Голема благодарност и пофалност за сите оние, кои со години придонесуваат во здравствениот систем без пензиско осигурување, нагласи Демири.

Тој беше прашан како гледа на постапката за 1.117 вработувања во здравството.

Ако може некој да се пофали за едно достигнување, може да се пофали оваа власт, со обезбедување на право и финансиска поткрепа за вработување на 1.000 и нешто здравствени работници, кои на некој начин, изминатиов период биле обесправени со договори на дело. Во државата има правила и прописи. Конкретно во тетовската болница е објавен конкурс, но тој конкурс оди во мирување, сега сме во време на предизборие и нема да го прекршуваме законскиот правилник што го одредува државата. Вчера е финализирано, сите здравствени работници кои работат во здравствениот сектор, имаме добиено согласност од Министерство за финансии ќе продолжат со договор на дело. После изборите, обезбедени се средства од Министерство за финансии, ќе се пристапи кон отворање на конкурси да не се прекршуваат законските прописи и истите ќе бидат вработени, подвлече Демири.

Како што тој информираше, договорите се продолжени на државно ниво, конкурсите се стопираат. После изборите, како што истакна тој, ќе се отворат конкурси и ќе се пристапува со законски одредби.

Не знам колку ќе имам време и што ќе направам, но, во нешто ве уверувам, дека Министерството за здравство ќе биде сервис на сите граѓани кои имаат потреба и законските прописи ќе бидат почитувани максимално. После изборите, кој ќе го води Министерството, тој ќе креира политика за развој, додаде Демири.

Тој рече оти е трет ден откако ја извршува функцијата министер за здравство и „сите проекти што се базираат на факти и студии и што треба да се продолжат, сите проекти ќе се продолжат“. Тоа е и целта на прифаќањето на оваа позиција, изјави тој, за да нема прекин и да има континуитет во здравствениот систем.

Демири беше прашан зошто не го потпишал анексот на колективниот договор.

Ќе мора да ви одговорам онака како што е суштината. Јас се видов со претставниците на синдикат, таму направена е една промоција за зголемување на плати, меѓутоа не е направена постапка за обезбедување на финансиска поткрепа и обезбедување на средства од буџетот, тоа е повеќе кажано како ветување, а не е исполнет критериумот. Остануваме должни, дали јас или идниот министер, тој договор мора да помине процедура, Министерство за финансии да се обезбеди финансиска конструкција и да се потпише после изборите. Здравствените работници, синдикатот е информиран дека не е спроведена процедурата, апропо обезбедување на средства, појасни Демири.

Во врска со огласот за вработување во гостиварската болница, Демири рече оти имало реакции, но, тој, како што нагласи, ја почитува пресумпцијата на невиност.

Јас веќе одредив комисија да оди во гостиварската болница да се провери и доколку има неправилности, ќе се постапи според законски прописи. Никој во државата не е над законот, тоа е мојот став, рече Демири.

The post Конкурси за вработување во здравство по избори, дотогаш продолжен договор на дело appeared first on Република.

]]>

Финализирано е вчера, сите здравствени работници кои работат во здравствениот сектор, имаме добиено согласност од Министерство за финансии, ќе продолжат со договор на дело. После изборите, обезбедени се средства од Министерство за финансии, ќе се пристапи кон отворање на конкурси, да не се прекршуваат законските прописи и истите ќе бидат вработени. За ова попладнево информираше новиот министер за здравство во техничката Влада, Илир Демири, одговарајќи на новинарски прашања.
Голема благодарност и пофалност за сите оние, кои со години придонесуваат во здравствениот систем без пензиско осигурување, нагласи Демири.
Тој беше прашан како гледа на постапката за 1.117 вработувања во здравството.
Ако може некој да се пофали за едно достигнување, може да се пофали оваа власт, со обезбедување на право и финансиска поткрепа за вработување на 1.000 и нешто здравствени работници, кои на некој начин, изминатиов период биле обесправени со договори на дело. Во државата има правила и прописи. Конкретно во тетовската болница е објавен конкурс, но тој конкурс оди во мирување, сега сме во време на предизборие и нема да го прекршуваме законскиот правилник што го одредува државата. Вчера е финализирано, сите здравствени работници кои работат во здравствениот сектор, имаме добиено согласност од Министерство за финансии ќе продолжат со договор на дело. После изборите, обезбедени се средства од Министерство за финансии, ќе се пристапи кон отворање на конкурси да не се прекршуваат законските прописи и истите ќе бидат вработени, подвлече Демири.
Како што тој информираше, договорите се продолжени на државно ниво, конкурсите се стопираат. После изборите, како што истакна тој, ќе се отворат конкурси и ќе се пристапува со законски одредби.
Не знам колку ќе имам време и што ќе направам, но, во нешто ве уверувам, дека Министерството за здравство ќе биде сервис на сите граѓани кои имаат потреба и законските прописи ќе бидат почитувани максимално. После изборите, кој ќе го води Министерството, тој ќе креира политика за развој, додаде Демири.
Тој рече оти е трет ден откако ја извршува функцијата министер за здравство и „сите проекти што се базираат на факти и студии и што треба да се продолжат, сите проекти ќе се продолжат“. Тоа е и целта на прифаќањето на оваа позиција, изјави тој, за да нема прекин и да има континуитет во здравствениот систем. Демири беше прашан зошто не го потпишал анексот на колективниот договор.
Ќе мора да ви одговорам онака како што е суштината. Јас се видов со претставниците на синдикат, таму направена е една промоција за зголемување на плати, меѓутоа не е направена постапка за обезбедување на финансиска поткрепа и обезбедување на средства од буџетот, тоа е повеќе кажано како ветување, а не е исполнет критериумот. Остануваме должни, дали јас или идниот министер, тој договор мора да помине процедура, Министерство за финансии да се обезбеди финансиска конструкција и да се потпише после изборите. Здравствените работници, синдикатот е информиран дека не е спроведена процедурата, апропо обезбедување на средства, појасни Демири.
Во врска со огласот за вработување во гостиварската болница, Демири рече оти имало реакции, но, тој, како што нагласи, ја почитува пресумпцијата на невиност.
Јас веќе одредив комисија да оди во гостиварската болница да се провери и доколку има неправилности, ќе се постапи според законски прописи. Никој во државата не е над законот, тоа е мојот став, рече Демири.

The post Конкурси за вработување во здравство по избори, дотогаш продолжен договор на дело appeared first on Република.

]]>
Папки со лични документи и истории расфрлани пред Министерство за здравство како ѓубре https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/papki-so-lichni-dokumenti-i-istorii-rasfrlani-pred-ministerstvo-za-zdravstvo-kako-gubre/ Thu, 08 Feb 2024 09:01:20 +0000 https://republika.mk/?p=741734

Куп папки, досиеја и документи со лични податоци се расфрлени вчера, во вечерните часови пред просториите на Министерството за здравство.
Оваа фотофрафија од синоќа ни ја испрати граѓанин кој тврди дека станува збор за документи кои доколку треба да се поништат, ова не е законскиот начин туку прецизно е препишано како истото се прави.

Нејасно е дали вработени од оваа институција - Министерството за здраветво можеби на своја иницијатива и на ваков начин "се ослободуваат" од овие документи, кријат ли нешто и што е причината ?

The post Папки со лични документи и истории расфрлани пред Министерство за здравство како ѓубре appeared first on Република.

]]>

Куп папки, досиеја и документи со лични податоци се расфрлени вчера, во вечерните часови пред просториите на Министерството за здравство. Оваа фотофрафија од синоќа ни ја испрати граѓанин кој тврди дека станува збор за документи кои доколку треба да се поништат, ова не е законскиот начин туку прецизно е препишано како истото се прави. Нејасно е дали вработени од оваа институција - Министерството за здраветво можеби на своја иницијатива и на ваков начин "се ослободуваат" од овие документи, кријат ли нешто и што е причината ?

The post Папки со лични документи и истории расфрлани пред Министерство за здравство како ѓубре appeared first on Република.

]]>
МЗ: Во инсулинските аптеки има доволно количини од лекот „оземпик“ и „рибелсус“ https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/mz-vo-insulinskite-apteki-ima-dovolno-kolichini-od-lekot-ozempik-i-ribelsus/ Wed, 07 Feb 2024 10:31:12 +0000 https://republika.mk/?p=741392

Министерството за здравство информира дека во инсулинските аптеки има доволно количини од лекот „оземпик“ и „рибелсус“ согласно количините од договорот за јавна набавка. Количините од овие два инсулини се испорачуваат тековно и континуирано до инсулинските аптеки.

Во врска со инсулинот „Ryzodeg“, од компанијата Ново Нордиск Фарма е добиено известување дека има глобален дефицит на овој лек. Лекот е достапен во нашата земја, но се добива во количини согласно тендерската постапка. За таа цел, пациентите кои имаат потреба од инсулинска терапија се обезбедени со соодветна замена на инсулин од иста генерика. Сите пациенти ја добиваат потребната инсулинска терапија, се вели во соопштението на Министерството за здравство.

Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија (СЗДМ) преку соопштение испратено до медиумите алармираше дека се појавува недостиг од „оземпик“ и „рибелсус“, терапија која им е потребна за регулирање на шеќерот во крвта. Тие поставиле прашање до Министерството за здравство, но не се задоволни од одговорот и бараат оттаму транспарентно да делувааат и навремено да имаат информации за тековниот период.

https://republika.mk/zivot/zdravje/dijabeticharite-povtorno-alarmiraat-deka-nemaat-ozempik-i-ribelsus/

The post МЗ: Во инсулинските аптеки има доволно количини од лекот „оземпик“ и „рибелсус“ appeared first on Република.

]]>

Министерството за здравство информира дека во инсулинските аптеки има доволно количини од лекот „оземпик“ и „рибелсус“ согласно количините од договорот за јавна набавка. Количините од овие два инсулини се испорачуваат тековно и континуирано до инсулинските аптеки.
Во врска со инсулинот „Ryzodeg“, од компанијата Ново Нордиск Фарма е добиено известување дека има глобален дефицит на овој лек. Лекот е достапен во нашата земја, но се добива во количини согласно тендерската постапка. За таа цел, пациентите кои имаат потреба од инсулинска терапија се обезбедени со соодветна замена на инсулин од иста генерика. Сите пациенти ја добиваат потребната инсулинска терапија, се вели во соопштението на Министерството за здравство.
Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија (СЗДМ) преку соопштение испратено до медиумите алармираше дека се појавува недостиг од „оземпик“ и „рибелсус“, терапија која им е потребна за регулирање на шеќерот во крвта. Тие поставиле прашање до Министерството за здравство, но не се задоволни од одговорот и бараат оттаму транспарентно да делувааат и навремено да имаат информации за тековниот период. https://republika.mk/zivot/zdravje/dijabeticharite-povtorno-alarmiraat-deka-nemaat-ozempik-i-ribelsus/

The post МЗ: Во инсулинските аптеки има доволно количини од лекот „оземпик“ и „рибелсус“ appeared first on Република.

]]>
Меџити: Здравствените установи по Нова година ќе може да вработуваат нов кадар, само така ќе спречиме излевање на лекари во странство и во приватните болници https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/medhiti-zdravstvenite-ustanovi-po-nova-godina-ke-mozhe-da-vrabotuvaat-nov-kadar-samo-taka-ke-sprechime-izlevane-na-lekari-vo-stranstvo-i-vo-privatnite-bolnitsi/ Fri, 22 Dec 2023 14:57:13 +0000 https://republika.mk/?p=725750

Здравствените установи по Нова година на пензионираните и испразнети места, ќе можат да вработуваат нов кадар, со одговорност и согласност од Министерството за здравство.

Согласности за вработувањата во здравство повеќе нема да добиваме од Министерството за финансии, потврди денеска министерот за здравство Фатмир Меџити.

Одговарајќи на прашања за здравствените работници со договор на дело, по посетата на Детската клиника „Козле“, Меџити рече дека министерствата за здравство и за финансии се уште ги усогласуваат бројките и понатаму, како што нагласи, за постапките заедно ќе се договорат за овие вработувања.

Ова е единствената мерка да ја спречиме таа миграција на лекарите и во приватните болници и надвор од државата. Знаете, еден здравствен работник за да стане специјалист или супспецијалист треба најмалку 40 години од животот да поминат и ваков професионален кадар многу чини и ние тука сме, ќе истраеме до крај, изјави Меџити.

Како сериозни политичари, нагласи Меџити, мораме да најдеме решение за овие здравствени работници кои веќе како што знаете по 4-5 години работат со договор на дело и да го решиме веќе ова.

The post Меџити: Здравствените установи по Нова година ќе може да вработуваат нов кадар, само така ќе спречиме излевање на лекари во странство и во приватните болници appeared first on Република.

]]>

Здравствените установи по Нова година на пензионираните и испразнети места, ќе можат да вработуваат нов кадар, со одговорност и согласност од Министерството за здравство. Согласности за вработувањата во здравство повеќе нема да добиваме од Министерството за финансии, потврди денеска министерот за здравство Фатмир Меџити. Одговарајќи на прашања за здравствените работници со договор на дело, по посетата на Детската клиника „Козле“, Меџити рече дека министерствата за здравство и за финансии се уште ги усогласуваат бројките и понатаму, како што нагласи, за постапките заедно ќе се договорат за овие вработувања.