Поради недостаток на лиценциран кадар во градинките, голем дел од клоновите се нефункционални, а бројот на деца на листите за чекање се зголемува. Во клонот „Темјанушка“ во Општина Неготино, 81 деца чекаат на листата за чекање, вели техничкиот министер за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски при денешната теренска посета на детската градинка „Фемо Кулаков- Неготино“.
Велковски овој пат од Неготино, повторно укажа на сериозноста на проблемот со кој се соочуваат детските градинки не само во оваа општина, туку низ целата држава.
„Со давање на ваквите согласности за стручниот кадар ќе имаме можност токму да се отворат овие останати просторни услови и бројот на овие дечиња од листите на чекање буквално да биде на нула, дополнува тој.
Директорката на градинката, Нада Најдова на средбата со министерот истакна дека таа има поднесено барање за полагање за лиценца уште во 2021 година, за што не била повикана, иако во текот на 2023 година полагале лица коишто аплицирале истата година.
The post Велковски: 81 дете чека за упис во градинка во Неготино поради недостаток на кадар appeared first on Република.
]]>The post Велковски: 81 дете чека за упис во градинка во Неготино поради недостаток на кадар appeared first on Република.
]]>Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) во рамки на преговарачкиот процес со медијација, денеска од 13.30 часот ќе има средба со претставници на Министерството за труд и социјална политика, а од 16 часот се очекува и средба со Министерството за образование и наука, потврди за МИА претседателот на Синдикатот Јаким Неделков.
Претходната средба на синдикалците со МОН беше во петокот, кога се преговараше за колективните договори во основно и средно образование, а со МТСП средба имаа во четвртокот кога двете страни разговараа за формирање работна група за нов колективен договор за предучилишните установи, зашто важноста на актуелниот истекува со јуни.
За денеска со МОН се очекува да се разговара и за процентот за зголемување на платите.
Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска изјави дека ќе направат напори да се постигне договор бидејќи вторите десет дена од рокот за решавање на спорот со медијација завршуваат утре или задутре.
Ние ќе направиме напори денеска да се постигне договор зашто за многу теми од разговорот сме дојдени блиску до решение на проблемот. Во текот на денот да најдеме решение заедно со помирувачот и двете страни кои сме во преговори да ги прифатиме препораките кои ќе дојдат од страна на помирувачот, рече Шаќири, одговарајќи на новинарско прашање по потпишувањето договор за грант со Банката за развој при Советот за реконструкција на 30 спортски сали во основни и средни училишта.
Преговорачките средби на Синдикатот со двете министерства се одржуваат во рамки на дополнителниот десетдневен рок за помирување, откако на 8 мај истече периодот од првите десет дена за мирно решавање на спорот со медијатор.
Генералниот штрајк кој почна на 11 април, беше ставен во мирување на 28 април кога СОНК беше известен од МТСП за законската одредба од најмногу 20 дена за помирување. Синдикалниот лидер Јаким Неделков тогаш соопшти дека штрајкот ќе биде повторно активиран доколку не ги усогласат ставовите со Владата односно со ресорните министерства.
The post Денес се очекува конечен договор меѓу СОНК, МОН и МТСП appeared first on Република.
]]>Ние ќе направиме напори денеска да се постигне договор зашто за многу теми од разговорот сме дојдени блиску до решение на проблемот. Во текот на денот да најдеме решение заедно со помирувачот и двете страни кои сме во преговори да ги прифатиме препораките кои ќе дојдат од страна на помирувачот, рече Шаќири, одговарајќи на новинарско прашање по потпишувањето договор за грант со Банката за развој при Советот за реконструкција на 30 спортски сали во основни и средни училишта.Преговорачките средби на Синдикатот со двете министерства се одржуваат во рамки на дополнителниот десетдневен рок за помирување, откако на 8 мај истече периодот од првите десет дена за мирно решавање на спорот со медијатор. Генералниот штрајк кој почна на 11 април, беше ставен во мирување на 28 април кога СОНК беше известен од МТСП за законската одредба од најмногу 20 дена за помирување. Синдикалниот лидер Јаким Неделков тогаш соопшти дека штрајкот ќе биде повторно активиран доколку не ги усогласат ставовите со Владата односно со ресорните министерства.
The post Денес се очекува конечен договор меѓу СОНК, МОН и МТСП appeared first on Република.
]]>