Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ministerstvo-za-politichki-sistem-i-odnosi-megju-zaednicite/ За подобро да се разбереме Wed, 02 Oct 2024 07:23:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ministerstvo-za-politichki-sistem-i-odnosi-megju-zaednicite/ 32 32 Стоилковиќ: Првите сто дена затекнав министерство во хаос и административен криминал, што допреле исушиле https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/stoilkovik-prvite-sto-dena-zateknav-ministerstvo-vo-haos-i-administrativen-kriminal-shto-doprele-isushile/ Wed, 02 Oct 2024 06:46:10 +0000 https://republika.mk/?p=821552

Вицепремиерот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ го сподели своето искуство во првите сто дена од Владата:

1. Наместо нормално преземање на работите, по изборот на Владата, следеше „дочек на нож“ на одреден дел од јавноста, кои со лажни обвиненија се обидуваа да ја сокријат омразата, но сум научил на лошо и не ми беше тешко. Непримопредавање на Министерството од стариот министер и очекуваниот крш во Министерството, кое го затекнав во поприлично хаотична состојба, без програма и основни документи за работа, исто така, го одбележаа моето влегување во Министерството, а веќе денес со сета одговорност можам да соопштам дека е воспоставен ред во Министерството.

2. По увидот во Министерството, слободно можам да заклучам дека претходната власт кон државата се однесувала по системот „пољубац смрти”, што допреле осушиле, така што граѓаните со право очекуваат одговорност. Јас сум еден од најгласните заговорници да се санкционира, пред сè, адмистративниот криминал кој го затекнав.

3. Што се однесува до односот на јавноста, можам слободно да кажам дека најголемиот број на навреди, омаловажувања и монструозни квалификации ги доживеав во изминатите сто дена. Но, на платениците на поранешниот министер и хејтерите, во овој случај антисрпски, никогаш не сум обрнувал посебно внимание. Исто така, за она што е сработено доживеав и критики и пофалби, што на некој начин е и нормално, бидејќи граѓаните секогаш очекуваат повеќе. Дали ќе биде повеќе или не, не зависи само од мене, но секако ќе биде со полн ангажман.

4. Како заменик претседател на Владата го искористив своето влијание за отворена поддршка од Србија за некои од клучните проекти за понатамошен развој на Македонија, кои ќе бидат крунисани со потпишување на меѓудржавни договори веќе идната недела при посетата на српскиот премиер на Македонија.

5. Користам прилика посебно да се заблагодарам на шефот на мојот кабинет Јелена Таст, и на Александра Тимковска задолжена за односи со јавност, кои уште од првиот ден на влегување во Министерството беа со мене и кои без било каква накнада два месеца по ред работеа со мене и дел од вработените во Министерството и учествуваа во консолидација на затекнатата состојба.

6. Како дел од Владиниот кабинет им се заблагодарувам на сите министри за отворената соработка и после сто дена работа можам да порачам дека ми е чест што сум дел од тимот на претседателот Христијан Мицкоски.

The post Стоилковиќ: Првите сто дена затекнав министерство во хаос и административен криминал, што допреле исушиле appeared first on Република.

]]>

Вицепремиерот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ го сподели своето искуство во првите сто дена од Владата: 1. Наместо нормално преземање на работите, по изборот на Владата, следеше „дочек на нож“ на одреден дел од јавноста, кои со лажни обвиненија се обидуваа да ја сокријат омразата, но сум научил на лошо и не ми беше тешко. Непримопредавање на Министерството од стариот министер и очекуваниот крш во Министерството, кое го затекнав во поприлично хаотична состојба, без програма и основни документи за работа, исто така, го одбележаа моето влегување во Министерството, а веќе денес со сета одговорност можам да соопштам дека е воспоставен ред во Министерството. 2. По увидот во Министерството, слободно можам да заклучам дека претходната власт кон државата се однесувала по системот „пољубац смрти”, што допреле осушиле, така што граѓаните со право очекуваат одговорност. Јас сум еден од најгласните заговорници да се санкционира, пред сè, адмистративниот криминал кој го затекнав. 3. Што се однесува до односот на јавноста, можам слободно да кажам дека најголемиот број на навреди, омаловажувања и монструозни квалификации ги доживеав во изминатите сто дена. Но, на платениците на поранешниот министер и хејтерите, во овој случај антисрпски, никогаш не сум обрнувал посебно внимание. Исто така, за она што е сработено доживеав и критики и пофалби, што на некој начин е и нормално, бидејќи граѓаните секогаш очекуваат повеќе. Дали ќе биде повеќе или не, не зависи само од мене, но секако ќе биде со полн ангажман. 4. Како заменик претседател на Владата го искористив своето влијание за отворена поддршка од Србија за некои од клучните проекти за понатамошен развој на Македонија, кои ќе бидат крунисани со потпишување на меѓудржавни договори веќе идната недела при посетата на српскиот премиер на Македонија. 5. Користам прилика посебно да се заблагодарам на шефот на мојот кабинет Јелена Таст, и на Александра Тимковска задолжена за односи со јавност, кои уште од првиот ден на влегување во Министерството беа со мене и кои без било каква накнада два месеца по ред работеа со мене и дел од вработените во Министерството и учествуваа во консолидација на затекнатата состојба. 6. Како дел од Владиниот кабинет им се заблагодарувам на сите министри за отворената соработка и после сто дена работа можам да порачам дека ми е чест што сум дел од тимот на претседателот Христијан Мицкоски.

The post Стоилковиќ: Првите сто дена затекнав министерство во хаос и административен криминал, што допреле исушиле appeared first on Република.

]]>
Откако постои, претставници на бошњачката заедница првпат поканети во Министерството за односи со заедниците https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/otkako-postoi-pretstavnitsi-na-boshnachkata-zaednitsa-prvpat-pokaneti-vo-ministerstvoto-za-odnosi-so-zaednitsite/ Fri, 27 Sep 2024 20:35:35 +0000 https://republika.mk/?p=820428

Мораме да го шириме мултиетничкиот дух, ова е идеална можност да се зачуваме, сите живееме овде и затоа во мене, пред се, ќе имате вечен пријател и се надевам на добра соработка“, порачаа од Вицепремиерот и министер за односи со заедниците, Иван Стоилковиќ, кој по повод 28 септември, Меѓународниот ден на Бошњаците, организираше прием за група просветни работници од земјите кои предаваат на босански јазик.

На средбата присуствуваа и директорот на Управата за унапредување на образованието на јазиците на заедниците Мирослав Тричковиќ и советникот за босански јазик при Управата Исмаил Демировиќ.

Како што соопштија од министерството, средбата се одржа во конструктивна атмосфера, а беа разменети мислења и ставови за актуелните состојби кои се однесуваат на етничките заедници во земјава, со фокус на подобрување на нивната положба и ширење на мултиетничкиот дух.

Вицепремиерот и министер Стоилковиќ упатувајќи пригодна честитка до сите Бошњаци кои живеат во земјава вети дека ќе се потруди во идинина, а согласно средствата со кои ќе располага Министерството за односи меѓу заедниците во Буџетот за 2025 година, и тие, како и сите етнички заедници да имаат рамноправен пристап до нив.

Мораме да го шириме мултиетничкиот дух, ова е идеална можност да се зачуваме, овде живееме сите и затоа во мене, пред сѐ, ќе имате секогаш пријател, рече Стоилковиќ, потенцирајќи оти се надева на добра соработка.

Изразувајќи го огромното задоволство што од постоењето на Министерството ова е прва средба со претставници на бошњачката заедница, просветните работници ветиле дека преку лилјанот како национален симбол на Бошњаците и Правописниот прирачник на босански, хрватски и српски јазик со основи на граматика заеднички ќе се заложат културата на помалите етнички заедници да се издигне на повисоко ниво.

https://republika.mk/vesti/makedonija/prvpat-se-razvea-stoilkovik-postavi-makedonsko-zname-pred-ministerstvoto-za-politichki-sistem/

Соговорниците на крајот од средбата се согласија дека ова е само прв чекор, со единствена цел унапредување на положбата на помалите заедници кон подобри резултати и нови, идни планови, велат од министерството.

The post Откако постои, претставници на бошњачката заедница првпат поканети во Министерството за односи со заедниците appeared first on Република.

]]>

Мораме да го шириме мултиетничкиот дух, ова е идеална можност да се зачуваме, сите живееме овде и затоа во мене, пред се, ќе имате вечен пријател и се надевам на добра соработка“, порачаа од Вицепремиерот и министер за односи со заедниците, Иван Стоилковиќ, кој по повод 28 септември, Меѓународниот ден на Бошњаците, организираше прием за група просветни работници од земјите кои предаваат на босански јазик.

На средбата присуствуваа и директорот на Управата за унапредување на образованието на јазиците на заедниците Мирослав Тричковиќ и советникот за босански јазик при Управата Исмаил Демировиќ.

Како што соопштија од министерството, средбата се одржа во конструктивна атмосфера, а беа разменети мислења и ставови за актуелните состојби кои се однесуваат на етничките заедници во земјава, со фокус на подобрување на нивната положба и ширење на мултиетничкиот дух.

Вицепремиерот и министер Стоилковиќ упатувајќи пригодна честитка до сите Бошњаци кои живеат во земјава вети дека ќе се потруди во идинина, а согласно средствата со кои ќе располага Министерството за односи меѓу заедниците во Буџетот за 2025 година, и тие, како и сите етнички заедници да имаат рамноправен пристап до нив.
Мораме да го шириме мултиетничкиот дух, ова е идеална можност да се зачуваме, овде живееме сите и затоа во мене, пред сѐ, ќе имате секогаш пријател, рече Стоилковиќ, потенцирајќи оти се надева на добра соработка.
Изразувајќи го огромното задоволство што од постоењето на Министерството ова е прва средба со претставници на бошњачката заедница, просветните работници ветиле дека преку лилјанот како национален симбол на Бошњаците и Правописниот прирачник на босански, хрватски и српски јазик со основи на граматика заеднички ќе се заложат културата на помалите етнички заедници да се издигне на повисоко ниво. https://republika.mk/vesti/makedonija/prvpat-se-razvea-stoilkovik-postavi-makedonsko-zname-pred-ministerstvoto-za-politichki-sistem/
Соговорниците на крајот од средбата се согласија дека ова е само прв чекор, со единствена цел унапредување на положбата на помалите заедници кон подобри резултати и нови, идни планови, велат од министерството.

The post Откако постои, претставници на бошњачката заедница првпат поканети во Министерството за односи со заедниците appeared first on Република.

]]>
Првпат се развеа: Стоилковиќ постави македонско знаме пред Министерството за политички систем https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/prvpat-se-razvea-stoilkovik-postavi-makedonsko-zname-pred-ministerstvoto-za-politichki-sistem/ Fri, 27 Sep 2024 08:46:21 +0000 https://republika.mk/?p=820133

Министерот за политички систем и односи со заедниците и вицепремиер Иван Стоилковиќ, кој воедно е и претседател на Демократската партија на Србите во Македонија, побара од службите во Владата да биде доставен јарбол и македонско знаме, со што за првпат пред оваа институција во центарот на Скопје, е поставено знамето на Македонија.

Пред министерството, со кое раководеше поранешниот прв вицепремиер од редовите на ДУИ, Артан Груби, од неговото формирање немаше остакнат симбол на Македонија.

The post Првпат се развеа: Стоилковиќ постави македонско знаме пред Министерството за политички систем appeared first on Република.

]]>

Министерот за политички систем и односи со заедниците и вицепремиер Иван Стоилковиќ, кој воедно е и претседател на Демократската партија на Србите во Македонија, побара од службите во Владата да биде доставен јарбол и македонско знаме, со што за првпат пред оваа институција во центарот на Скопје, е поставено знамето на Македонија. Пред министерството, со кое раководеше поранешниот прв вицепремиер од редовите на ДУИ, Артан Груби, од неговото формирање немаше остакнат симбол на Македонија.

The post Првпат се развеа: Стоилковиќ постави македонско знаме пред Министерството за политички систем appeared first on Република.

]]>
Министерството било снимано преку далечински уреди, имало упад во системот откако Стоилковиќ стана министер https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ministerstvoto-bilo-snimano-preku-dalechinski-uredi-imalo-upad-vo-sistemot-otkako-stoilkovik-stana-minister/ Mon, 29 Jul 2024 19:14:26 +0000 https://republika.mk/?p=801422

Министерот за политички систем и односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ, доставил извештај до Управата за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи, од далечинското следење на видео-надзорот во Министерството, кој бил поставен од страна на неговиот претходник Артан Груби.

Стоилковиќ во гостување на „Вести плус“ на Канал 5 телевизија, посочи дека по направена проверка во Министерството, не можело да се утврди кој е надлежен, ниту кој го контролира видео-надзорот.

Како заменик претседател на Владата имам соодветни и безбедносни мерки околу мене и луѓето кои се грижат за таа работа направија проверки контра-тероризам и сакаа да утврдат кој е надлежен за видео-надзорот во Министерството и кој го контролира, но немаше ниту еден одговор на тоа прашање, затоа јас се обратив до фирмата која го сервисирала, односно монтирала видео-надзорот, рече Стоилковиќ.

Нагласи дека фирмата „Мак аларм“ извршила увид во Министерството, по што доставила извештај во кој се наведува дека е овозможен пристап за далечинско следење на уредите за снимање.

Ја повикавме фирмата за која мојот претходник тврди дека таква фирма не постои, таа фирма се вика „Мак аларм“, да изврши увид во Министерството од надвор и од внатре и после извршениот увид таа фирма доставува извештај во кој вели дека е овозможен пристап за далечинско следење на уредите за снимање на видео-надзорот, нагласи Стоилковиќ.

Според Стоилковиќ, направен бил упад во системот за снимање откако тој бил назначен за министер.

Јас го прашав надлежното лице од „Мак аларм“ што значи тоа. Вчера во толку и толку часот од таа и таа „IP“ адреса е извршен упад во системот. Ја замолив фирмата да ми достави соодветен извештај за тоа што го констатирале во системот и тој увид да ми го достават мене за да можам да го проследам понатаму. Лицето рече дека тоа се десетина илјади страници, му кажав „немојте толку, дајте барем стотина страници за да можам да го документирам предметот“. Дадов докази и ќе барам одговор од надлежните институции. Се распрашав во меѓувреме, велат дека „IP“ адресите ако не се посебно компјутерски заштитени или немаат некоја друга крипто заштита се лесни за наоѓање и многу лесно може да се констатира од каде бил вршен упадот во Министерството, рече Стоилковиќ.

Во врска бројот на вработени во Министерството, Стоилковиќ кажа дека има 296 вработени, но преку К-5 Програмата биле прераспределени 184 вработени, додека 12 биле примени.

Прашан дали во Министерството за односи меѓу заедниците има правична застапеност на сите заедници во државата, Стоилковиќ вели Министерството речиси да е „еднонационално“, но и покрај тоа, вели, со истите луѓе досега успеал да сработи голем број на предмети.

Министерството скоро да е „еднонационално“, но она што е битно за јавноста е дека во изминатите денови со тие исти луѓе успеав да сработам голем број на предмети, системот мора да функционира без разлика кој го сервисира, посочи Стоилковиќ.

За иницијативата на „Вреди“ за формирање албанска академија, министерот вели станува збор за „гола политичка импровизација“, бидејќи, како што кажа, Македонската академија на науките и уметностите е основана согласно закон и мошне тешко би можело да се промени тоа законско решение.

Невозможно е да има паралелизам. Ако некој се колне во Европската Унија и постојано на јавноста и презентира приказни за ЕУ, а ваму ни воведува паралелизам во Академијата, како што ДУИ и СДСМ претходно направија со државната администрација, запослувајќи партиски војници и правејќи милиони злоуптореби на системот на вработување, тогаш оценката на Европската комисија дека државната администрација е во катастрофална состијба треба утре да ни се одрази кога станува збор за Македонската академија на науки и уметности? Ако дојде време да ги делиме научниците по национална основа мисалм дека „многу далеку ќе стигнеме“, нагласи Стоилковиќ.

The post Министерството било снимано преку далечински уреди, имало упад во системот откако Стоилковиќ стана министер appeared first on Република.

]]>

Министерот за политички систем и односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ, доставил извештај до Управата за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи, од далечинското следење на видео-надзорот во Министерството, кој бил поставен од страна на неговиот претходник Артан Груби. Стоилковиќ во гостување на „Вести плус“ на Канал 5 телевизија, посочи дека по направена проверка во Министерството, не можело да се утврди кој е надлежен, ниту кој го контролира видео-надзорот.
Како заменик претседател на Владата имам соодветни и безбедносни мерки околу мене и луѓето кои се грижат за таа работа направија проверки контра-тероризам и сакаа да утврдат кој е надлежен за видео-надзорот во Министерството и кој го контролира, но немаше ниту еден одговор на тоа прашање, затоа јас се обратив до фирмата која го сервисирала, односно монтирала видео-надзорот, рече Стоилковиќ.
Нагласи дека фирмата „Мак аларм“ извршила увид во Министерството, по што доставила извештај во кој се наведува дека е овозможен пристап за далечинско следење на уредите за снимање.
Ја повикавме фирмата за која мојот претходник тврди дека таква фирма не постои, таа фирма се вика „Мак аларм“, да изврши увид во Министерството од надвор и од внатре и после извршениот увид таа фирма доставува извештај во кој вели дека е овозможен пристап за далечинско следење на уредите за снимање на видео-надзорот, нагласи Стоилковиќ.
Според Стоилковиќ, направен бил упад во системот за снимање откако тој бил назначен за министер.
Јас го прашав надлежното лице од „Мак аларм“ што значи тоа. Вчера во толку и толку часот од таа и таа „IP“ адреса е извршен упад во системот. Ја замолив фирмата да ми достави соодветен извештај за тоа што го констатирале во системот и тој увид да ми го достават мене за да можам да го проследам понатаму. Лицето рече дека тоа се десетина илјади страници, му кажав „немојте толку, дајте барем стотина страници за да можам да го документирам предметот“. Дадов докази и ќе барам одговор од надлежните институции. Се распрашав во меѓувреме, велат дека „IP“ адресите ако не се посебно компјутерски заштитени или немаат некоја друга крипто заштита се лесни за наоѓање и многу лесно може да се констатира од каде бил вршен упадот во Министерството, рече Стоилковиќ.
Во врска бројот на вработени во Министерството, Стоилковиќ кажа дека има 296 вработени, но преку К-5 Програмата биле прераспределени 184 вработени, додека 12 биле примени. Прашан дали во Министерството за односи меѓу заедниците има правична застапеност на сите заедници во државата, Стоилковиќ вели Министерството речиси да е „еднонационално“, но и покрај тоа, вели, со истите луѓе досега успеал да сработи голем број на предмети.
Министерството скоро да е „еднонационално“, но она што е битно за јавноста е дека во изминатите денови со тие исти луѓе успеав да сработам голем број на предмети, системот мора да функционира без разлика кој го сервисира, посочи Стоилковиќ.
За иницијативата на „Вреди“ за формирање албанска академија, министерот вели станува збор за „гола политичка импровизација“, бидејќи, како што кажа, Македонската академија на науките и уметностите е основана согласно закон и мошне тешко би можело да се промени тоа законско решение.
Невозможно е да има паралелизам. Ако некој се колне во Европската Унија и постојано на јавноста и презентира приказни за ЕУ, а ваму ни воведува паралелизам во Академијата, како што ДУИ и СДСМ претходно направија со државната администрација, запослувајќи партиски војници и правејќи милиони злоуптореби на системот на вработување, тогаш оценката на Европската комисија дека државната администрација е во катастрофална состијба треба утре да ни се одрази кога станува збор за Македонската академија на науки и уметности? Ако дојде време да ги делиме научниците по национална основа мисалм дека „многу далеку ќе стигнеме“, нагласи Стоилковиќ.

The post Министерството било снимано преку далечински уреди, имало упад во системот откако Стоилковиќ стана министер appeared first on Република.

]]>
Башким и Ветон и илјадници други „Македонци“ кои Груби ги вработувал во неговото министерство, па ги префрлал низ институции https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bashkim-i-veton-i-iljadnitsi-drugi-makedontsi-koi-grubi-gi-vrabotuval-vo-negovoto-ministerstvo-pa-gi-prefrlal-niz-institutsii/ Mon, 15 Jul 2024 18:41:12 +0000 https://republika.mk/?p=797160

Принципот на правична застапеност воопшто не важел во Министерството за политички систем, што доскоро беше превдодено од Артан Груби, открива новиот министер Иван Стоилковиќ, кој во интервју за „Канал 5“ ги покажува списоците на кои се гледа дека иако над 90% од вработените се Албанци, дел од нив се декларирале како Македонци за вештачки да се намали процентот.

Од вкупно 294 вработени само 5-мина се Македонци, покажува увидот. 99 луѓе се декларирале како Македонци иако очигледно се од албанска националност. 184 лица кои не доаѓале на работа, ќе бидат дислоцирани од министерството до крајот на годината, истакна меѓудругото министерот Стоилковиќ.

Тој најави и посебна ревизија на сите кои биле вработени првично преку ова министерство, а потоа биле распределувани по останатите институции.

Целиот разговор тука

The post Башким и Ветон и илјадници други „Македонци“ кои Груби ги вработувал во неговото министерство, па ги префрлал низ институции appeared first on Република.

]]>

Принципот на правична застапеност воопшто не важел во Министерството за политички систем, што доскоро беше превдодено од Артан Груби, открива новиот министер Иван Стоилковиќ, кој во интервју за „Канал 5“ ги покажува списоците на кои се гледа дека иако над 90% од вработените се Албанци, дел од нив се декларирале како Македонци за вештачки да се намали процентот.
Од вкупно 294 вработени само 5-мина се Македонци, покажува увидот. 99 луѓе се декларирале како Македонци иако очигледно се од албанска националност. 184 лица кои не доаѓале на работа, ќе бидат дислоцирани од министерството до крајот на годината, истакна меѓудругото министерот Стоилковиќ.
Тој најави и посебна ревизија на сите кои биле вработени првично преку ова министерство, а потоа биле распределувани по останатите институции. Целиот разговор тука

The post Башким и Ветон и илјадници други „Македонци“ кои Груби ги вработувал во неговото министерство, па ги префрлал низ институции appeared first on Република.

]]>
Ахмети повторно го користи Министерството на Груби за партиски средби и повици за независно Косово https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ahmeti-povtorno-go-koristi-ministerstvoto-na-grubi-za-partiski-sredbi-i-povitsi-za-nezavisno-kosovo/ Thu, 16 Nov 2023 09:30:40 +0000 https://republika.mk/?p=702073

Претседателот на ДУИ Али Ахмети повторно го користи кабинетот на Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците, со кое раководи неговиот пулен, вицепремиерот Артан Груби, за партиски средби.

Синоќа ја угости амбасадорката на Шведска во Македонија Ами Ларсон Јаин, а како што пренесува во соопштението на неговиот фејсбук-профил само на албански јазик, разговарале за „европската перспектива на нашата земја и регионот, виталните предизвици и процеси кои се пред нас, пристапоткој ја одредува брзината на нашиот чекор на патот на интеграцијата и целата стабилност и безбедност“.

Изразив став дека Демократската унија за интеграција е подготвена за избори во секое време и во која било форма, посебно или заедно, и дека црвените линии од кои не се движиме се: Охридскиот договор, Преспанскиот договор, Договорот за добрососедство и признавањето Независност на Косово, порачува Ахмети.

Ова не е првпат Ахмети да ги користи државните простории за партиска агенда, но според премиерот Димитар Ковачевски, не станувало збор злоупотреба бидејќи бил „присутен и домаќинот“.

Гледајте прво на таа средба присуствува и вицепремиерот. И на него е кој ќе повика на состанок во кабиентот. Кога имам јас состаноци тогаш доаѓаат гости коишто одржуваат состаноци, меѓутоа јас сум присутен во кабинетот, исто како што тој е присутен во својот кабинет. Сметам дека не е злоупотреба доколку луѓе користат канцеларија со домаќинот за состаноци, изјави Ковачевски неодамна, повторно одговарајќи за оваа злоупотреба.

Вицепремиерката задолжена за политики и добро владеење, Славица Грковска тогаш порача дека е недозволиво престапување на кодексот и дека партиските и државните активности мора да бидат разделени, но и дека како член на Влада, во овој случај „нема механизам за постапување“.

The post Ахмети повторно го користи Министерството на Груби за партиски средби и повици за независно Косово appeared first on Република.

]]>

Претседателот на ДУИ Али Ахмети повторно го користи кабинетот на Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците, со кое раководи неговиот пулен, вицепремиерот Артан Груби, за партиски средби. Синоќа ја угости амбасадорката на Шведска во Македонија Ами Ларсон Јаин, а како што пренесува во соопштението на неговиот фејсбук-профил само на албански јазик, разговарале за „европската перспектива на нашата земја и регионот, виталните предизвици и процеси кои се пред нас, пристапоткој ја одредува брзината на нашиот чекор на патот на интеграцијата и целата стабилност и безбедност“.
Изразив став дека Демократската унија за интеграција е подготвена за избори во секое време и во која било форма, посебно или заедно, и дека црвените линии од кои не се движиме се: Охридскиот договор, Преспанскиот договор, Договорот за добрососедство и признавањето Независност на Косово, порачува Ахмети.
Ова не е првпат Ахмети да ги користи државните простории за партиска агенда, но според премиерот Димитар Ковачевски, не станувало збор злоупотреба бидејќи бил „присутен и домаќинот“.
Гледајте прво на таа средба присуствува и вицепремиерот. И на него е кој ќе повика на состанок во кабиентот. Кога имам јас состаноци тогаш доаѓаат гости коишто одржуваат состаноци, меѓутоа јас сум присутен во кабинетот, исто како што тој е присутен во својот кабинет. Сметам дека не е злоупотреба доколку луѓе користат канцеларија со домаќинот за состаноци, изјави Ковачевски неодамна, повторно одговарајќи за оваа злоупотреба.
Вицепремиерката задолжена за политики и добро владеење, Славица Грковска тогаш порача дека е недозволиво престапување на кодексот и дека партиските и државните активности мора да бидат разделени, но и дека како член на Влада, во овој случај „нема механизам за постапување“.  

The post Ахмети повторно го користи Министерството на Груби за партиски средби и повици за независно Косово appeared first on Република.

]]>
Ковачевски: Ние сме единствената земја во Европа што има министерство за помалите етнички заедници https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-nie-sme-edinstvenata-zemja-vo-evropa-shto-ima-ministerstvo-za-pomalite-etnichki-zaednici/ Mon, 16 May 2022 10:10:48 +0000 https://republika.mk/?p=502842

Ние сме држава што го има поставено прашањето на правата на помалите етнички заедници на исклучително високо ниво и сме единствената земја во Европа што има министерство за помалите етнички заедници, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски, одговорајќи на новинарско прашање дали Владата размислувате за формирање институција која ќе работи за правата на Бугарите како што побара неговиот бугарски колега Петков.

Според Ковачевски, единствено ние во Европа имаме законски решенија со кои се унапредуваат правата на помалите заедници во секој смисол – од користење јазици, преку еднаков пристап до вработување во јавниот сектор, до најразличните владини програми во рамки на Буџетот, како и преку другите институции што се формирани.

Премиерот потенцира дека во оваа држава сите граѓани имаат еднакви шанси за личен и професионален развој.

Ние исто така имаме Канцеларија на омбудсманот која се грижи за правата на сите граѓани, вклучително и на бугарското малцинство, односно граѓаните што се самоопределуваат како граѓани во државата, така што нормално дека доколку некој е загрозен дека може низ тие институции тоа да го направи, а секако капацитетот на институциите може во секое време да биде зголемен и добро е да се зголемува капацитетот на институциите бидејќи сите граѓани во оваа држава, ние и во владината програма сме ставиле и нашиот Устав тоа го предвидува дека за сите граѓани оваа држава е место каде што сите имаат еднакви шанси како за личниот, така и за професионалниот развој, нагласи Ковачевски пред обраќањето на панелот организиран во рамки настанот „Социополитичко учество на младите”.

The post Ковачевски: Ние сме единствената земја во Европа што има министерство за помалите етнички заедници appeared first on Република.

]]>

Ние сме држава што го има поставено прашањето на правата на помалите етнички заедници на исклучително високо ниво и сме единствената земја во Европа што има министерство за помалите етнички заедници, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски, одговорајќи на новинарско прашање дали Владата размислувате за формирање институција која ќе работи за правата на Бугарите како што побара неговиот бугарски колега Петков. Според Ковачевски, единствено ние во Европа имаме законски решенија со кои се унапредуваат правата на помалите заедници во секој смисол – од користење јазици, преку еднаков пристап до вработување во јавниот сектор, до најразличните владини програми во рамки на Буџетот, како и преку другите институции што се формирани. Премиерот потенцира дека во оваа држава сите граѓани имаат еднакви шанси за личен и професионален развој.