Министерство за одбрана Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ministerstvo-za-odbrana/ За подобро да се разбереме Fri, 04 Oct 2024 12:38:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Министерство за одбрана Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ministerstvo-za-odbrana/ 32 32 Мисајловски: Продолжуваме да инвестираме во одбранбените капацитети согласно НАТО стандардите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/misajlovski-prodolzhuvame-da-investirame-vo-odbranbenite-kapatsiteti-soglasno-nato-standardite/ Fri, 04 Oct 2024 12:37:35 +0000 https://republika.mk/?p=822704

Денеска заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, амбасадорката на САД, Анџела Агелер и генералите во Армијата, присуствуваме на методско-показна вежба, на армискиот полигон „Криволак“.

Вежбата е демонстрација на способностите и капацитетите на подготвеност на зајакнатата пешадиска чета, која е дел од Лесната пешадиска баталјонска група.

Честитки до сите припадници кои учествуваа во неа.

Навистина сте гордост на македонскиот народ!

За време на вежбата за прв пат беше употребен нов систем вграден на лесно оклопно возило – JLTV, далечински управувана вооружена станица, каде лицето кое што ракува со системот е заштитено.

Продолжуваме да инвестираме во одбранбените капацитети согласно НАТО стандардите и да придонесуваме за зајакнување на мирот, стабилноста и безбедноста во регионот и пошироко.

100% #Посветени за тебе!, пишува на Фејсбук министерот за одбрана на Република Македонија Владо Мисајловски.

The post Мисајловски: Продолжуваме да инвестираме во одбранбените капацитети согласно НАТО стандардите appeared first on Република.

]]>

Денеска заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, амбасадорката на САД, Анџела Агелер и генералите во Армијата, присуствуваме на методско-показна вежба, на армискиот полигон „Криволак“. Вежбата е демонстрација на способностите и капацитетите на подготвеност на зајакнатата пешадиска чета, која е дел од Лесната пешадиска баталјонска група. Честитки до сите припадници кои учествуваа во неа. Навистина сте гордост на македонскиот народ! За време на вежбата за прв пат беше употребен нов систем вграден на лесно оклопно возило – JLTV, далечински управувана вооружена станица, каде лицето кое што ракува со системот е заштитено. Продолжуваме да инвестираме во одбранбените капацитети согласно НАТО стандардите и да придонесуваме за зајакнување на мирот, стабилноста и безбедноста во регионот и пошироко. 100% #Посветени за тебе!, пишува на Фејсбук министерот за одбрана на Република Македонија Владо Мисајловски.

The post Мисајловски: Продолжуваме да инвестираме во одбранбените капацитети согласно НАТО стандардите appeared first on Република.

]]>
Таравари: Се размислува дали модуларната болница кај Инфективната да ја преземе Министерството за одбрана или пак да се пренесе во Затворот Идризово https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/taravari-se-razmisluva-dali-modularnata-bolnitsa-kaj-infektivnata-da-ja-prezeme-ministerstvoto-za-odbrana-ili-pak-da-se-prenese-vo-zatvorot-idrizovo/ Thu, 19 Sep 2024 10:00:25 +0000 https://republika.mk/?p=817736

Се размислува дали модуларната болница лоцирана кај Инфективната клиника во Скопје да ја преземе Министерството за одбрана или пак таа да се пренесе во Затворот Идризово, изјави министерот за здравство Арбен Таравари кој беше во посета на Болницата во Штип.

Таравари, денеска во одговор на новинарско прашање, посочи дека има одлука од Владата за преземање на модуларната болница од страна на МО, но оти треба амбуланта и во Затворот Идризово.

За модуларната болница на Инфективна клиника веќе има одлука на Влада со која таа болница треба да ја преземе Министерството за одбрана. Има и друга идеја бидејќи треба болница во затворот во Идризово. Сега сме во дилема дали таа модуларна болница да ја пренесеме таму за да служи како амбуланта во Затворот Идризово – изјави Таравари, при посетата на Клиничката болница Штип.

Во однос на модуларната болница во Штип, што е во функција од март 2021 година, Таравари рече дека треба да се размисли рационално како да се искористи каде што има потреба.

Во тек на ковид пандемијата, со одлука на Министерството за здравство, беа изградени модуларни болници во 16 градови низ државава.

The post Таравари: Се размислува дали модуларната болница кај Инфективната да ја преземе Министерството за одбрана или пак да се пренесе во Затворот Идризово appeared first on Република.

]]>

Се размислува дали модуларната болница лоцирана кај Инфективната клиника во Скопје да ја преземе Министерството за одбрана или пак таа да се пренесе во Затворот Идризово, изјави министерот за здравство Арбен Таравари кој беше во посета на Болницата во Штип. Таравари, денеска во одговор на новинарско прашање, посочи дека има одлука од Владата за преземање на модуларната болница од страна на МО, но оти треба амбуланта и во Затворот Идризово. За модуларната болница на Инфективна клиника веќе има одлука на Влада со која таа болница треба да ја преземе Министерството за одбрана. Има и друга идеја бидејќи треба болница во затворот во Идризово. Сега сме во дилема дали таа модуларна болница да ја пренесеме таму за да служи како амбуланта во Затворот Идризово – изјави Таравари, при посетата на Клиничката болница Штип. Во однос на модуларната болница во Штип, што е во функција од март 2021 година, Таравари рече дека треба да се размисли рационално како да се искористи каде што има потреба. Во тек на ковид пандемијата, со одлука на Министерството за здравство, беа изградени модуларни болници во 16 градови низ државава.  

The post Таравари: Се размислува дали модуларната болница кај Инфективната да ја преземе Министерството за одбрана или пак да се пренесе во Затворот Идризово appeared first on Република.

]]>
Мисајловски: Безбедноста и доброто на нашата држава се на прво место, заедно ќе изградиме иднина полна со мир и стабилност https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/misajlovski-bezbednosta-i-dobroto-na-nashata-drzhava-se-na-prvo-mesto-zaedno-ke-izgradime-idnina-polna-so-mir-i-stabilnost/ Mon, 24 Jun 2024 13:38:32 +0000 https://republika.mk/?p=790311

Со голема чест и одговорност започнувам со новата функција министер за одбрана на Македонија. Чест ми е што во наредниот период ќе раководам со Министерството за одбрана. Уште поголема е обврската. Особено обврската кон вработените во Министерството за одбрана и активниот воен и цивилен персонал во служба на Армијата. Херои кои се грижат за нашата безбедност и безбедноста на државата, пишува Владо Мисајловски на Фејсбук, кој од денеска е министер за одбрана, во владата предводена од Христијан Мицкоски.

-Почитувани граѓани на Македонија, ви ветувам дека ќе работам со најголема посветеност и одговорност за да ја заштитам нашата татковина и да ги унапредам нашите одбранбени капацитети. Ќе работиме транспарентно, одговорно и посветено за да ги оствариме нашите цели и задачи. Ќе продолжиме со модернизацијата на нашите вооружени сили, ќе го зајакнеме нашето партнерство со сојузниците и ќе обезбедиме за нашите војници да имаат сѐ што им е потребно за да ги извршуваат своите задачи.
Безбедноста и доброто на нашата држава се на прво место, и заедно ќе изградиме иднина полна со мир и стабилност.
Благодарам на сите за вашата поддршка и доверба!
Да живее Армијата на Македонија!
Да живее Македонија!

The post Мисајловски: Безбедноста и доброто на нашата држава се на прво место, заедно ќе изградиме иднина полна со мир и стабилност appeared first on Република.

]]>

Со голема чест и одговорност започнувам со новата функција министер за одбрана на Македонија. Чест ми е што во наредниот период ќе раководам со Министерството за одбрана. Уште поголема е обврската. Особено обврската кон вработените во Министерството за одбрана и активниот воен и цивилен персонал во служба на Армијата. Херои кои се грижат за нашата безбедност и безбедноста на државата, пишува Владо Мисајловски на Фејсбук, кој од денеска е министер за одбрана, во владата предводена од Христијан Мицкоски. -Почитувани граѓани на Македонија, ви ветувам дека ќе работам со најголема посветеност и одговорност за да ја заштитам нашата татковина и да ги унапредам нашите одбранбени капацитети. Ќе работиме транспарентно, одговорно и посветено за да ги оствариме нашите цели и задачи. Ќе продолжиме со модернизацијата на нашите вооружени сили, ќе го зајакнеме нашето партнерство со сојузниците и ќе обезбедиме за нашите војници да имаат сѐ што им е потребно за да ги извршуваат своите задачи. Безбедноста и доброто на нашата држава се на прво место, и заедно ќе изградиме иднина полна со мир и стабилност. Благодарам на сите за вашата поддршка и доверба! Да живее Армијата на Македонија! Да живее Македонија!

The post Мисајловски: Безбедноста и доброто на нашата држава се на прво место, заедно ќе изградиме иднина полна со мир и стабилност appeared first on Република.

]]>
Потпишан нов Колективен договор на вработените во одбраната и припадниците на Армијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/potpishan-nov-kolektiven-dogovor-na-vrabotenite-vo-odbranata-i-pripadnitsite-na-armijata/ Tue, 13 Feb 2024 21:23:43 +0000 https://republika.mk/?p=743798

Министерката за одбрана во техничката Влада, Славјанка Петровска и претседателот на Независниот синдикат на одбраната, Ванчо Исајов, денеска го потпишаа новиот Колективен договор за вработените во одбраната и припадниците на Армијата, соопштија вечерва од Министерството.

Со овој Колективен договор, како што додаваат, значително се унапредува стандардот на вработените во одбраната и целосно се вреднува трудот на вработените, кои се исклучително значајна алка во одбранбениот систем.

Според Петровска, вработените во одбраната се навистина клучни во целиот одбранбен систем.

Драго ми е што покрај вложувањето во опрема, паралелно ги подобруваме условите на вработените и нивниот стандард, како и нивниот углед во општеството. Ќе продолжам да се залагам сите ваши права да бидат почитувани, а Колективниот договор доследно да се применува. Бевме отворени за сите синдикати кои ги почитуваме во целост, а ја почитуваме и позицијата на репрезентативниот синдикат. Дијалогот продолжува, изјавила министерката.

Петровска се заблагодарила на репрезентативниот Синдикат во одбраната, како и на останатите синдикати за посветеноста и отвореноста во разговорите, што доведоа до потпишување на овој документ.

Ова е свечен чин на потпишување на Колективниот договор. Ја цениме конструктивноста што ја покажавте, имајќи предвид дека најголемиот дел од нашите предлози се прифатени и преку дијалог, дојдовме до овој резултат. Како синдикат, предвид ги земавме сите вработени и особено драго ми е, што со овој договор ги опфативме и службениците во Министерството. Соработката со вас продолжува и во иднина, изјавил претседателот на Независниот синдикат на одбраната.

Колективниот договор, како што се додава во соопштението, меѓу другите содржини, опфаќа соодветно вреднување на степенот на образование, исплата на испратнина при пензионирање во висина од 15 плати и друго.

The post Потпишан нов Колективен договор на вработените во одбраната и припадниците на Армијата appeared first on Република.

]]>

Министерката за одбрана во техничката Влада, Славјанка Петровска и претседателот на Независниот синдикат на одбраната, Ванчо Исајов, денеска го потпишаа новиот Колективен договор за вработените во одбраната и припадниците на Армијата, соопштија вечерва од Министерството. Со овој Колективен договор, како што додаваат, значително се унапредува стандардот на вработените во одбраната и целосно се вреднува трудот на вработените, кои се исклучително значајна алка во одбранбениот систем. Според Петровска, вработените во одбраната се навистина клучни во целиот одбранбен систем.
Драго ми е што покрај вложувањето во опрема, паралелно ги подобруваме условите на вработените и нивниот стандард, како и нивниот углед во општеството. Ќе продолжам да се залагам сите ваши права да бидат почитувани, а Колективниот договор доследно да се применува. Бевме отворени за сите синдикати кои ги почитуваме во целост, а ја почитуваме и позицијата на репрезентативниот синдикат. Дијалогот продолжува, изјавила министерката.
Петровска се заблагодарила на репрезентативниот Синдикат во одбраната, како и на останатите синдикати за посветеноста и отвореноста во разговорите, што доведоа до потпишување на овој документ.
Ова е свечен чин на потпишување на Колективниот договор. Ја цениме конструктивноста што ја покажавте, имајќи предвид дека најголемиот дел од нашите предлози се прифатени и преку дијалог, дојдовме до овој резултат. Како синдикат, предвид ги земавме сите вработени и особено драго ми е, што со овој договор ги опфативме и службениците во Министерството. Соработката со вас продолжува и во иднина, изјавил претседателот на Независниот синдикат на одбраната.
Колективниот договор, како што се додава во соопштението, меѓу другите содржини, опфаќа соодветно вреднување на степенот на образование, исплата на испратнина при пензионирање во висина од 15 плати и друго.

The post Потпишан нов Колективен договор на вработените во одбраната и припадниците на Армијата appeared first on Република.

]]>
Неточни финансиски извештаи и незаконски јавни постапки се само дел од големите пропусти во Одбрана пронајдени од ревизорите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/netochni-finansiski-izveshtai-i-nezakonski-javni-postapki-se-samo-del-od-golemite-propusti-vo-odbrana-pronajdeni-od-revizorite/ Wed, 10 Jan 2024 10:28:17 +0000 https://republika.mk/?p=731498

Државниот завод за ревизија (ДЗР) денеска ги објави конечните ревизорски извештаи на Министерството за одбрана, во кои се наведени клучните утврдени состојби и системски слабости.

ДЗР во делот за клучни утврдени состојби наведува дека вредноста на постојаните средства и залихите на материјали во финансиските извештаи не е реална и објективна, пописот на средствата и обврските не е целосно извршен, дел од постапките за јавни набавки и реализацијата на дел од договорите не се вршат согласно законската регулатива, обврските кон добавувачите не се целосно прикажани во финансиските извештаи и оти работењето на Воено медицинскиот центар се финансира од сметката на Министерството.

Како системски слабости, пак, се поосчуваат: носење на закон за вработените во Министерството за одбрана со цел постигнување усогласеност во управувањето со човечките ресурси и работните процеси во одбраната со стандардите на земјите членки на НАТО, продолжување на постапката на донесување измени и дополнувања на Закон за пожарникарство, донесување на статут на Воената академија усогласен со одредбите од Законот за високото образование, неотпочната имплементација на Законот за основање на универзитет за национална одбрана, безбедност и мир „Дамјан Груев” во Скопје, донесен 2016 година.

Извештаите на ДЗР за Министерството за одбрана се достапни на линкот: https://dzr.mk/mk/240110-revizija-na-usoglasenost-2023-ministerstvo-za-odbrana .

The post Неточни финансиски извештаи и незаконски јавни постапки се само дел од големите пропусти во Одбрана пронајдени од ревизорите appeared first on Република.

]]>

Државниот завод за ревизија (ДЗР) денеска ги објави конечните ревизорски извештаи на Министерството за одбрана, во кои се наведени клучните утврдени состојби и системски слабости. ДЗР во делот за клучни утврдени состојби наведува дека вредноста на постојаните средства и залихите на материјали во финансиските извештаи не е реална и објективна, пописот на средствата и обврските не е целосно извршен, дел од постапките за јавни набавки и реализацијата на дел од договорите не се вршат согласно законската регулатива, обврските кон добавувачите не се целосно прикажани во финансиските извештаи и оти работењето на Воено медицинскиот центар се финансира од сметката на Министерството. Како системски слабости, пак, се поосчуваат: носење на закон за вработените во Министерството за одбрана со цел постигнување усогласеност во управувањето со човечките ресурси и работните процеси во одбраната со стандардите на земјите членки на НАТО, продолжување на постапката на донесување измени и дополнувања на Закон за пожарникарство, донесување на статут на Воената академија усогласен со одредбите од Законот за високото образование, неотпочната имплементација на Законот за основање на универзитет за национална одбрана, безбедност и мир „Дамјан Груев” во Скопје, донесен 2016 година. Извештаите на ДЗР за Министерството за одбрана се достапни на линкот: https://dzr.mk/mk/240110-revizija-na-usoglasenost-2023-ministerstvo-za-odbrana .

The post Неточни финансиски извештаи и незаконски јавни постапки се само дел од големите пропусти во Одбрана пронајдени од ревизорите appeared first on Република.

]]>
Дерек Шоле назначен за потсекретар за политика во Министерството за одбрана на САД https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/derek-shole-naznachen-za-potsekretar-za-politika-vo-ministerstvoto-za-odbrana-na-sad/ Wed, 26 Jul 2023 12:32:12 +0000 https://republika.mk/?p=665546

Дерек Шоле повеќе не е специјален советник во американскиот Стејт департмент задолжен за регионот на Западен Балкан.

Ентони Блинкен, американскиот државен секретар, му честиташе на Шоле на својот профил на Твитер за неговото ново назначување како потсекретар за политика во Министерството за одбрана.

Со смената на Шоле, тоа значи дека Габриел Ескобар, заменик помошник државен секретар, останува единствениот претставник на САД за Балканот.

Честитки пријателе за номинацијата. Дерек беше клучен член и лидер на мојот тим. Потврдата на неговата номинација ќе биде голема добивка за Секретаријатот за одбрана. Нашата нација ќе има голема корист од неговата посветена служба, напиша Блинкен на Твитер.

The post Дерек Шоле назначен за потсекретар за политика во Министерството за одбрана на САД appeared first on Република.

]]>

Дерек Шоле повеќе не е специјален советник во американскиот Стејт департмент задолжен за регионот на Западен Балкан. Ентони Блинкен, американскиот државен секретар, му честиташе на Шоле на својот профил на Твитер за неговото ново назначување како потсекретар за политика во Министерството за одбрана.
Со смената на Шоле, тоа значи дека Габриел Ескобар, заменик помошник државен секретар, останува единствениот претставник на САД за Балканот.
Честитки пријателе за номинацијата. Дерек беше клучен член и лидер на мојот тим. Потврдата на неговата номинација ќе биде голема добивка за Секретаријатот за одбрана. Нашата нација ќе има голема корист од неговата посветена служба, напиша Блинкен на Твитер.

The post Дерек Шоле назначен за потсекретар за политика во Министерството за одбрана на САД appeared first on Република.

]]>
Петровска: Буџетот за одбрана постојано расте, следната година ќе достигнеме 2 проценти од БДП https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/petrovska-budhetot-za-odbrana-postojano-raste-slednata-godina-ke-dostigneme-2-protsenti-od-bdp/ Sat, 15 Jul 2023 09:04:38 +0000 https://republika.mk/?p=661592

Развојот на технологијата и порастот на неконвенционалните безбедносни предизвици наложуваат државите да ги зголемат инвестициите во одбраната и безбедноста на своите граѓани, истакна министерката за одбрана Славјанка Петровска.

-Заложбата на сите земји членки е дека веќе 2 проценти, согласно претходните заложби, максимумот којашто треба да ја постигне секоја членка до 2024 година, сега ќе биде долната граница којашто секоја земја ќе треба да го постигне, рече министерката Петровска во емисијата „Трилинг“ на ТВ 24 зборувајќи околу заклучоците од Самитот на НАТО во Вилнус.

Петровска нагласи дека Буџетот на Министерството за одбрана расте постојано, а оваа година тој е 1,85 проценти од БДП, односно 274 милиони евра, дополнувајќи дека станува збор за доволно средства за реализација на започнатите и новите проекти за модернизација на Армијата.

-Извесно е дека следната година ќе го достигнеме минимумот од 2 проценти од БДП за одбрана. Она што е важно е и начинот на кој ги трошиме тие средства. Во НАТО Алијансата се почитува принципот најмалку 20 проценти од буџетот за одбрана да биде наменет за модернизација и опремување и Република Македонија тоа го прави. Минатата година беа 30 проценти, оваа година се испланирани 33 проценти од буџетот, рече Петровска, соопштуваат од прес-службата на Министерството за одбрана.

Министерката Петровска за полигонот Криволак истакна дека како држава треба да ни биде гордост што имаме таков капацитет.

-Полигонот Криволак прераснува во сериозен национален капацитет, но и во капацитет на НАТО Алијансата. Се почесто и почесто многу од нашите сојузници бараат да го користат Криволак и за изведување на вежбовни активност, а многу често го користиме и за изведување на мултинационални вежби, посочи Петровска.

The post Петровска: Буџетот за одбрана постојано расте, следната година ќе достигнеме 2 проценти од БДП appeared first on Република.

Пристигна воен конвој со нови лесни оклопни возила JLTV за Армијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pristigna-voen-konvoj-so-novi-lesni-oklopni-vozila-jltv-za-armijata/ Fri, 02 Jun 2023 08:08:14 +0000 https://republika.mk/?p=647048

Министерството за одбрана информира дека пристигна воен конвој со нови возила на Армијата – лесни оклопни возила JLTV Oshkosh, кои се од американско производство.

Лесните оклопни возила JLTV се дел од процесот за модернизација и опремување на Армијата согласно НАТО стандардите и ќе бидат поддршка на Лесната пешадиска баталјонска група во Штип, која воедно е нашата НАТО единица, соопшти денеска МО.

Проектот „Набавка на лесни оклопни возила на тркала“ е започнат во 2019 година со склучување договори помеѓу владите на Република Македонија и САД. Досега се пристигнати 32 возила од овој тип.

The post Пристигна воен конвој со нови лесни оклопни возила JLTV за Армијата appeared first on Република.

Петровска: Со новиот закон ќе се зголемат правата и обврските на вработените во Министерството за одбрана https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/petrovska-so-noviot-zakon-ke-se-zgolemat-pravata-i-obvrskite-na-vrabotenite-vo-ministerstvoto-za-odbrana/ Mon, 26 Dec 2022 16:52:07 +0000 https://republika.mk/?p=590232

Идејата на Предлог-законот за вработените во Министерството за одбрана не е само да се дадат права на вработените, напротив, да се предвидат и зголемените обврски кои ги имаат тие, но на крајот од денот треба да се има предвид дека вработените во Министерството се дел од безбедносната структура во државата и навистина тие треба да гарантираат за сето она што значи безбедност на Република Македонија, изјави министерката за одбрана Славјанка Петровска на јавна расправа за овој Предлог-Закон.

Петровска додаде дека во овој момент вработените во Министерството кои се под Законот за административни службеници се во нерамноправна позиција во однос на другите категории на вработени и тоа значително влијае на нивната мотивираност, меѓутоа и во извршувањето на она што значи обем и секојдневни задолженија.

Со оглед на тоа дека сега учествуваме во различни процеси, во различни видови на планирања, креирања на политики и донесување на одлуки во самата Алијанса, неопходно е да се направат суштински измени во статусот и обврските, но се разбира и правата на вработените во Министерството за одбрана, особено заради тоа што станува збор за комбинирана структура каде што има вработени кои се поделени сега во моментов под Законот за вработени во администрацијата, меѓутоа и вработени согласно Законот за служба во Армијата, нагласи Петровска.

Како новини на овој закон, Петровска вели дека ќе се предвидат критични специјалности во Министерството, односно ќе се предвиди како да се реши недостатокот на вработените кои поседуваат посебни специјалности и познавање на информатичка технологија, како и многу други права и обврски за вработените.

Според претседателот на Комитетот за Проектот МКД-НАТО 2030, Марјан Ѓуровски, искуствата на другите членки од Алијансата наметнуваат посебно издвојување на вработените во МО од останатите вработени во јавната и државната администрација.

Македонското членство во НАТО, промената на безбедносната парадигма и новите безбедносни ризици и закани ја наметнуваат потребата од еден инклузивен пристап каде што вработените од Министерството за одбрана, заедно со луѓето од академската заедница и невладиниот сектор изработуваат предлог законско решение со кое значајно ќе се одобри статусот и стандардот на вработените во Министерството за одбрана, имајќи го предвид зголемениот обем на работни обврски кои тие ги имаат и пред се работата со специфични безбедносно класифицирани информации, изјави Ѓуровски

Тој информира дека буџетот наменет за Министерството за одбрана ќе остане ист, но, како што рече, пред се важни се безбедносните и економските аспекти.

Секој оној што ќе работи овде ќе има исти права и обврски и со лицата кои носат униформа од Армијата, а се во Министерството за одбрана, дополнително ќе имаат специфични обврски заради промена на местото, позицијата и обврските кои ги добива Македонија како земја членка на НАТО, но и пред се обврска на безбедносна проверка имајќи предвид дека во изминатиот период бевме ризични, и, покрај економската оправданост на законот се зголемува и безбедносната одржливост на системот за безбедност и одбрана со различните ризици и закани со кои секојдневно се соочуваме, изјави Ѓуровски.

The post Петровска: Со новиот закон ќе се зголемат правата и обврските на вработените во Министерството за одбрана appeared first on Република.

]]>

Идејата на Предлог-законот за вработените во Министерството за одбрана не е само да се дадат права на вработените, напротив, да се предвидат и зголемените обврски кои ги имаат тие, но на крајот од денот треба да се има предвид дека вработените во Министерството се дел од безбедносната структура во државата и навистина тие треба да гарантираат за сето она што значи безбедност на Република Македонија, изјави министерката за одбрана Славјанка Петровска на јавна расправа за овој Предлог-Закон.
Петровска додаде дека во овој момент вработените во Министерството кои се под Законот за административни службеници се во нерамноправна позиција во однос на другите категории на вработени и тоа значително влијае на нивната мотивираност, меѓутоа и во извршувањето на она што значи обем и секојдневни задолженија.
Со оглед на тоа дека сега учествуваме во различни процеси, во различни видови на планирања, креирања на политики и донесување на одлуки во самата Алијанса, неопходно е да се направат суштински измени во статусот и обврските, но се разбира и правата на вработените во Министерството за одбрана, особено заради тоа што станува збор за комбинирана структура каде што има вработени кои се поделени сега во моментов под Законот за вработени во администрацијата, меѓутоа и вработени согласно Законот за служба во Армијата, нагласи Петровска.
Како новини на овој закон, Петровска вели дека ќе се предвидат критични специјалности во Министерството, односно ќе се предвиди како да се реши недостатокот на вработените кои поседуваат посебни специјалности и познавање на информатичка технологија, како и многу други права и обврски за вработените. Според претседателот на Комитетот за Проектот МКД-НАТО 2030, Марјан Ѓуровски, искуствата на другите членки од Алијансата наметнуваат посебно издвојување на вработените во МО од останатите вработени во јавната и државната администрација.
Македонското членство во НАТО, промената на безбедносната парадигма и новите безбедносни ризици и закани ја наметнуваат потребата од еден инклузивен пристап каде што вработените од Министерството за одбрана, заедно со луѓето од академската заедница и невладиниот сектор изработуваат предлог законско решение со кое значајно ќе се одобри статусот и стандардот на вработените во Министерството за одбрана, имајќи го предвид зголемениот обем на работни обврски кои тие ги имаат и пред се работата со специфични безбедносно класифицирани информации, изјави Ѓуровски
Тој информира дека буџетот наменет за Министерството за одбрана ќе остане ист, но, како што рече, пред се важни се безбедносните и економските аспекти.
Секој оној што ќе работи овде ќе има исти права и обврски и со лицата кои носат униформа од Армијата, а се во Министерството за одбрана, дополнително ќе имаат специфични обврски заради промена на местото, позицијата и обврските кои ги добива Македонија како земја членка на НАТО, но и пред се обврска на безбедносна проверка имајќи предвид дека во изминатиот период бевме ризични, и, покрај економската оправданост на законот се зголемува и безбедносната одржливост на системот за безбедност и одбрана со различните ризици и закани со кои секојдневно се соочуваме, изјави Ѓуровски.

The post Петровска: Со новиот закон ќе се зголемат правата и обврските на вработените во Министерството за одбрана appeared first on Република.

]]>
Новогодишни пакетчиња за децата на припадниците на Армијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/novogodishni-paketchinja-za-decata-na-pripadnicite-na-armijata/ Sat, 24 Dec 2022 07:29:56 +0000 https://republika.mk/?p=589387

Во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец денеска ќе се одржи прием за семејствата на припадниците на Армијата кои извршуваат задачи во мировни операции во странство и поделба на новогодишни пакетчиња на децата на армиските припадници.

Како што е најавено, министерката за одбрана Славјанка Петровска и началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски на пладне заедно со семејствата ќе воспостават видео-конференциска врска со припадниците на Армијата кои извршуваат задачи во операциите во Косово, Босна и Херцеговина, Летонија, Романија, Бугарија, Либан, Централноафриканската Република и Ирак. Потоа ќе следи поделба на новогодишни пакетчиња на децата на мировниците.

Со пристигнување на Дедо Мраз со армиски хеликоптер ќе следи традиционалната церемонија на поделба на новогодишни пакетчиња на децата на загинатите и починати припадници од воздухопловниот ВИНГ, како и на децата на припадници на Армијата од останатите армиски команди и единици и Министерството за одбрана.

Манифестацијата на поделба на пакетчиња од страна на армискиот Дедо Мраз, која е во организација на воздухопловниот ВИНГ ќе се реализира на воениот дел од Меѓународниот аеродром „Скопје“ во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец.

Оваа активност, која традиционално се одржува во пресрет на новогодишните празници и е особено интересна за најмладите, поради симболично пристигнување на Дедо Мраз со транспортен воен хеликоптер, поради епидемиолошките мерки за заштита од пандемијата со Ковид 19 не се изведуваше во изминатите две години, потсетуваат од Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата.

The post Новогодишни пакетчиња за децата на припадниците на Армијата appeared first on Република.

]]>

Во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец денеска ќе се одржи прием за семејствата на припадниците на Армијата кои извршуваат задачи во мировни операции во странство и поделба на новогодишни пакетчиња на децата на армиските припадници. Како што е најавено, министерката за одбрана Славјанка Петровска и началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски на пладне заедно со семејствата ќе воспостават видео-конференциска врска со припадниците на Армијата кои извршуваат задачи во операциите во Косово, Босна и Херцеговина, Летонија, Романија, Бугарија, Либан, Централноафриканската Република и Ирак. Потоа ќе следи поделба на новогодишни пакетчиња на децата на мировниците. Со пристигнување на Дедо Мраз со армиски хеликоптер ќе следи традиционалната церемонија на поделба на новогодишни пакетчиња на децата на загинатите и починати припадници од воздухопловниот ВИНГ, како и на децата на припадници на Армијата од останатите армиски команди и единици и Министерството за одбрана. Манифестацијата на поделба на пакетчиња од страна на армискиот Дедо Мраз, која е во организација на воздухопловниот ВИНГ ќе се реализира на воениот дел од Меѓународниот аеродром „Скопје“ во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец.
Оваа активност, која традиционално се одржува во пресрет на новогодишните празници и е особено интересна за најмладите, поради симболично пристигнување на Дедо Мраз со транспортен воен хеликоптер, поради епидемиолошките мерки за заштита од пандемијата со Ковид 19 не се изведуваше во изминатите две години, потсетуваат од Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата.

The post Новогодишни пакетчиња за децата на припадниците на Армијата appeared first on Република.

]]>
Државниот секретар во Министерството за одбрана Драган Николиќ поднесе оставка https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/drzavniot-sekretar-vo-ministerstvoto-za-odbrana-dragan-nikolikj-podnese-ostavka/ Fri, 02 Sep 2022 08:39:02 +0000 https://republika.mk/?p=546665

Државниот секретар во Министерството за одбрана Драган Николиќ поднесе оставка на функцијата од лични и здравствени причини.

Како што соопшти Министерството за одбрана, Николиќ беше државен секретар во одбраната повеќе од пет години, од 28 јуни 2017 до 1 септември 2022 година.

Во периодот кога Николиќ беше поставен на оваа висока функција во Министерството, Република Македонија стана полноправна членка на Алијансата, а во рамки на институцијата беа направени значајни чекори во однос на подобрувањето на условите за работа и статусот на припадниците на Армијата, а беа започнати и досега најголемите процеси на модернизација и опремување, се вели во соопштението.

Од Министерството за одбрана и Армијата му се заблагодаруваат на Николиќ за досегашниот ангажман на позицијата државен секретар и неговиот личен придонес во развојот на институционалните капацитети.

The post Државниот секретар во Министерството за одбрана Драган Николиќ поднесе оставка appeared first on Република.

]]>

Државниот секретар во Министерството за одбрана Драган Николиќ поднесе оставка на функцијата од лични и здравствени причини. Како што соопшти Министерството за одбрана, Николиќ беше државен секретар во одбраната повеќе од пет години, од 28 јуни 2017 до 1 септември 2022 година.
Во периодот кога Николиќ беше поставен на оваа висока функција во Министерството, Република Македонија стана полноправна членка на Алијансата, а во рамки на институцијата беа направени значајни чекори во однос на подобрувањето на условите за работа и статусот на припадниците на Армијата, а беа започнати и досега најголемите процеси на модернизација и опремување, се вели во соопштението.
Од Министерството за одбрана и Армијата му се заблагодаруваат на Николиќ за досегашниот ангажман на позицијата државен секретар и неговиот личен придонес во развојот на институционалните капацитети.

The post Државниот секретар во Министерството за одбрана Драган Николиќ поднесе оставка appeared first on Република.

]]>
Министерство за одбрана: Американските бомбардери Б-52 со прелетот над Скопје го демонстрираа силното сојузништво во НАТО https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ministerstvo-za-odbrana-amerikanskite-bombarderi-b-52-so-preletot-nad-skopje-go-demonstriraa-silnoto-sojuznishtvo-vo-nato/ Mon, 22 Aug 2022 16:15:35 +0000 https://republika.mk/?p=542922

Два воени воздухоплова од типот Б-52 на Воздухопловните сили на САД денеска извршија прелет над Скопје, што е уште еден приказ на заедништвото и  силното сојузништво во НАТО, како и посветеноста на сите земји членки на безбедноста и стабилноста на евроатлантската област, соопшти Министерството за одбрана.

Во однос на прелетот на двата американски бомбардери, потполковникот Јован Азмановски од  Генералштабот на Армијата истакна дека нашето небо е безбедно и нашето членство е повеќе од видливо.

Граѓаните на Скопје и земјата денеска можеа да видат прелет на два стратешки бомбардери Б52 од американското воено воздухопловство, коишто го покажуваат нашето членство во НАТО Алијансата, безбедноста и сигурноста над нашето небо и небото над сојузниците, рече потполковникот Азмановски.

Министерството информира дека бомбардерите Б-52 во Македонија влегоа од Бугарија кај Крива Паланка, извршија низок прелет над главниот град, по што македонскиот воздушен простор го напуштија кај Дебар.

Воздухопловните сили на САД во текот на денот ќе извршат прелети и над  воздушниот простор на Албанија, Црна Гора и Хрватска.

The post Министерство за одбрана: Американските бомбардери Б-52 со прелетот над Скопје го демонстрираа силното сојузништво во НАТО appeared first on Република.

]]>

Два воени воздухоплова од типот Б-52 на Воздухопловните сили на САД денеска извршија прелет над Скопје, што е уште еден приказ на заедништвото и  силното сојузништво во НАТО, како и посветеноста на сите земји членки на безбедноста и стабилноста на евроатлантската област, соопшти Министерството за одбрана. Во однос на прелетот на двата американски бомбардери, потполковникот Јован Азмановски од  Генералштабот на Армијата истакна дека нашето небо е безбедно и нашето членство е повеќе од видливо.
Граѓаните на Скопје и земјата денеска можеа да видат прелет на два стратешки бомбардери Б52 од американското воено воздухопловство, коишто го покажуваат нашето членство во НАТО Алијансата, безбедноста и сигурноста над нашето небо и небото над сојузниците, рече потполковникот Азмановски.
Министерството информира дека бомбардерите Б-52 во Македонија влегоа од Бугарија кај Крива Паланка, извршија низок прелет над главниот град, по што македонскиот воздушен простор го напуштија кај Дебар. Воздухопловните сили на САД во текот на денот ќе извршат прелети и над  воздушниот простор на Албанија, Црна Гора и Хрватска.

The post Министерство за одбрана: Американските бомбардери Б-52 со прелетот над Скопје го демонстрираа силното сојузништво во НАТО appeared first on Република.

]]>
Mинистерството за одбрана не потврдува дали на Украина и дадовме четири Сухои https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/miniterstvoto-za-odbrana-ne-potvrduva-dali-na-ukraina-i-dadovme-chetiri-suhoi/ Thu, 04 Aug 2022 08:14:55 +0000 https://republika.mk/?p=536622

Министерството за одбрана засега не потврдува дали на Украина и се испратени четири авиони „СУ-25“.

– Точните детали за сите три одлуки, нивната содржина и објаснување ќе бидат декласифицирани и транспарентно објавени. Со досега донесените одлуки не се нарушува борбената готовност на нашата армија, наведуваат од Министерството за одбрана за МИА.

Дел од медиумите објавија дека четирите воени авиони „СУ-25“ што Македонија ги набави од Украина за време на конфликтот во 2001 година, деновиве му се донирани на Киев.

Претходно, Македонија и донираше тенкови Т -72 на Украина.

На тоа реагираше официјална Москва. Портпаролката на руското МНР, Марија Захарова вчера изјави дека донацијата е голема грешка на властите во Скопје „со што придонесува за продолжување на криминална активност на режимот во Киев против цивилното население во Донбас“.

Со контрареакција на изјавата на Захарова, вчера со заедничко соопштение излегоа министерствата за надворешни работи и за одбрана на РСМ.

-Република Македонија е суверена држава која одлуките ги носи самостојно водејќи се од принципите на почитување на меѓународното право, Повелбата на ООН, принципите и заложбите на ОБСЕ за заштита на европската безбедносна архитектура и глобалната стабилност. Македонија уште од самиот почеток ја осуди воената интервенција во Украина и застана во поддршка на територијалниот интегритет, суверенитет и независнот на Украина, а пред се во поддршка на мирот, човековите права и меѓународниот поредок заснован на правила. Имено, досега, Владата на Република Македонија донесе неколку Одлуки за воено – техничка помош со кои и помагаме на Украина во одбрана на својот територијален интегритет кој е загрозен од воената интервенција, се посочува во соопштението. 

Република Македонија, се додава понатаму, како членка на најмоќниот воено – политички сојуз – НАТО Алијансата, одлучно стои зад позицијата и решителноста на Алијансата да биде гарант на мирот и безбедноста на своите земји – членки и да ги штити вредностите, слободата и безбедноста на сегашните и идните генерации

The post Mинистерството за одбрана не потврдува дали на Украина и дадовме четири Сухои appeared first on Република.

]]>

Министерството за одбрана засега не потврдува дали на Украина и се испратени четири авиони „СУ-25“. – Точните детали за сите три одлуки, нивната содржина и објаснување ќе бидат декласифицирани и транспарентно објавени. Со досега донесените одлуки не се нарушува борбената готовност на нашата армија, наведуваат од Министерството за одбрана за МИА. Дел од медиумите објавија дека четирите воени авиони „СУ-25“ што Македонија ги набави од Украина за време на конфликтот во 2001 година, деновиве му се донирани на Киев. Претходно, Македонија и донираше тенкови Т -72 на Украина. На тоа реагираше официјална Москва. Портпаролката на руското МНР, Марија Захарова вчера изјави дека донацијата е голема грешка на властите во Скопје „со што придонесува за продолжување на криминална активност на режимот во Киев против цивилното население во Донбас“. Со контрареакција на изјавата на Захарова, вчера со заедничко соопштение излегоа министерствата за надворешни работи и за одбрана на РСМ.
-Република Македонија е суверена држава која одлуките ги носи самостојно водејќи се од принципите на почитување на меѓународното право, Повелбата на ООН, принципите и заложбите на ОБСЕ за заштита на европската безбедносна архитектура и глобалната стабилност. Македонија уште од самиот почеток ја осуди воената интервенција во Украина и застана во поддршка на територијалниот интегритет, суверенитет и независнот на Украина, а пред се во поддршка на мирот, човековите права и меѓународниот поредок заснован на правила. Имено, досега, Владата на Република Македонија донесе неколку Одлуки за воено – техничка помош со кои и помагаме на Украина во одбрана на својот територијален интегритет кој е загрозен од воената интервенција, се посочува во соопштението. 
Република Македонија, се додава понатаму, како членка на најмоќниот воено – политички сојуз – НАТО Алијансата, одлучно стои зад позицијата и решителноста на Алијансата да биде гарант на мирот и безбедноста на своите земји – членки и да ги штити вредностите, слободата и безбедноста на сегашните и идните генерации

The post Mинистерството за одбрана не потврдува дали на Украина и дадовме четири Сухои appeared first on Република.

]]>
МНР и МО со заеднички одговор до Русија и Захарова: Oдлуките ги носиме самостојно https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mnr-i-mo-so-zaednichki-odgovor-do-rusija-i-zaharova-odlukite-gi-nosime-samostojno/ Wed, 03 Aug 2022 12:47:29 +0000 https://republika.mk/?p=536448

Македонија е суверена држава која одлуките ги носи самостојно водејќи се од принципите на почитување на меѓународното право, Повелбата на ООН, принципите и заложбите на ОБСЕ за заштита на европската безбедносна архитектура и глобалната стабилност, се наведува во заедничкото соопштение на МНР и Министерството за одбрана како реакција на изјавата на портпаролката на руското МНР, Марија Захарова.

Cеверна Македонија уште од самиот почеток ја осуди воената интервенција во Украина и застана во поддршка на територијалниот интегритет, суверенитет и независнот на Украина, а пред се во поддршка на мирот, човековите права и меѓународниот поредок заснован на правила. Имено, досега, Владата на Република Cеверна Македонија донесе неколку Одлуки за воено – техничка помош со кои и помагаме на Украина во одбрана на својот територијален интегритет кој е загрозен од воената интервенција, се посочува во соопштението.

Како членка на најмоќниот воено – политички сојуз – НАТО Алијансата, се додава, Македонија одлучно стои зад позицијата и решителноста на Алијансата да биде гарант на мирот и безбедноста на своите земји – членки и да ги штити вредностите, слободата и безбедноста на сегашните и идните генерации.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова, денеска изјави дека Москва смета дека е голема грешка одлуката на властите на Македонија да ѝ донираат на Украина тенкови Т-72. Според неа, иако станува збор за застарена опрема, со донацијата се дава поддршка за „продолжување на криминалните активностите на режимот во Киев“.

https://republika.mk/vesti/makedonija/zaharova-donacijata-na-tenkovi-od-skopje-za-kiev-e-golema-greshka-na-makedonskite-vlasti/

И покрај тоа што, според северномакедонските власти, тоа е „безопасна“ донација на застарена опрема, останува фактот дека лојалното кон НАТО Скопје е вклучено во испораката на оружје а Украина, со што придонесува за продолжување на криминална активност на режимот во Киев против цивилното население во Донбас. Луѓето кои исповедаат демократија, слобода и човекови права треба да го знаат тоа. Сето ова води кон дополнително влошување на ситуацијата. Сметаме дека ова е голема грешка на раководството на Македонија, вели Захарова во изјавата објавена на веб страницата на МНР на Русија.

The post МНР и МО со заеднички одговор до Русија и Захарова: Oдлуките ги носиме самостојно appeared first on Република.

]]>

Македонија е суверена држава која одлуките ги носи самостојно водејќи се од принципите на почитување на меѓународното право, Повелбата на ООН, принципите и заложбите на ОБСЕ за заштита на европската безбедносна архитектура и глобалната стабилност, се наведува во заедничкото соопштение на МНР и Министерството за одбрана како реакција на изјавата на портпаролката на руското МНР, Марија Захарова.
Cеверна Македонија уште од самиот почеток ја осуди воената интервенција во Украина и застана во поддршка на територијалниот интегритет, суверенитет и независнот на Украина, а пред се во поддршка на мирот, човековите права и меѓународниот поредок заснован на правила. Имено, досега, Владата на Република Cеверна Македонија донесе неколку Одлуки за воено – техничка помош со кои и помагаме на Украина во одбрана на својот територијален интегритет кој е загрозен од воената интервенција, се посочува во соопштението.
Како членка на најмоќниот воено – политички сојуз – НАТО Алијансата, се додава, Македонија одлучно стои зад позицијата и решителноста на Алијансата да биде гарант на мирот и безбедноста на своите земји – членки и да ги штити вредностите, слободата и безбедноста на сегашните и идните генерации. Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова, денеска изјави дека Москва смета дека е голема грешка одлуката на властите на Македонија да ѝ донираат на Украина тенкови Т-72. Според неа, иако станува збор за застарена опрема, со донацијата се дава поддршка за „продолжување на криминалните активностите на режимот во Киев“. https://republika.mk/vesti/makedonija/zaharova-donacijata-na-tenkovi-od-skopje-za-kiev-e-golema-greshka-na-makedonskite-vlasti/

И покрај тоа што, според северномакедонските власти, тоа е „безопасна“ донација на застарена опрема, останува фактот дека лојалното кон НАТО Скопје е вклучено во испораката на оружје а Украина, со што придонесува за продолжување на криминална активност на режимот во Киев против цивилното население во Донбас. Луѓето кои исповедаат демократија, слобода и човекови права треба да го знаат тоа. Сето ова води кон дополнително влошување на ситуацијата. Сметаме дека ова е голема грешка на раководството на Македонија, вели Захарова во изјавата објавена на веб страницата на МНР на Русија.

The post МНР и МО со заеднички одговор до Русија и Захарова: Oдлуките ги носиме самостојно appeared first on Република.

]]>
„Напишав 10 објави за партијата, два агитациони текста“: Ќе даде ли МО одговор за бившиот декан и неговата „работа“? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/napishav-10-objavi-za-partijata-dva-agitacioni-teksta-kje-dade-li-mo-odgovor-za-bivshiot-dekan-i-negovata-rabota/ Sun, 29 May 2022 10:28:41 +0000 https://republika.mk/?p=508245

Напишав десет објави на социјалната мрежа „Фејсбук“ за поддршка на коалицијата „Можеме“ во предизборната кампања, напишав два агитациони текста на профилот на Партијата на пензионерите.

Ова се само две од точките кои проф. д-р Темелко Ристески ги напишал во својот Извештај за извршената работа доставен до Државниот секретар во Министерството за одбрана, каде бил ангажирал со договор на дело.

Скандалозниот Извештај за неговата „изцрпна“ работа во Министерството во текот на јули 2020 година, беше објавен вчера, по што следеа остри критики од јавноста, но засега министерката Славјанка Петровска и институцијата со која раководи останаа глуви и слепи на прозивките и не најдоа за сходно да го искоментираат овој скандал.

Полковникот Драган Ковачки, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, вели дека овде се отвораат многу прашања, за кои очекува одговор од МО.

Додека ја чекаме Министерот за одбрана Славјанка Петровска да се произнесе за криминалот од 90 милиони со резервните делови за оклопните транспортери (платени по цена за транспортери, а примени делови со многу послаби карактеристики т.е. за камион), ќе објавам уште еден Извештај како доказ за злоупотреба на државни пари кои овој пат се исплатени на угледен професор по право (бил и Декан на ФОН) за неговиот ангажман за потребите на Министерство за одбрана, односно на СДСМ, вели Ковачки, повикувајќи ја јавноста да го погледне документот што „угледниот професор и договорец на дело, не се срамел да го напише и потпише и сè ќе ви биде јасно“.

Ковачки понатаму објаснува дека Министерството за одбрана, за потребите на партијата СДСМ, по Договор за дело си ангажирало извесен професор доктор на правни науки кој имал ЗАДОЛЖЕНИЕ да пишува текстови на социјалните мрежи со поддршка за нивната коалиција „Можеме", да ја следи изборната кампања и да заедно со генералот во пензија Илија Николовски вршат агитација во АРМ за потребите на нивната коалиција. За неговите активности, ангажираниот договорец на дело, си составил извештај и го доставил до Државниот секретар на МО. Секако, продолжува Ковачки, за тоа што ги фалел СДСМ на мрежите, а го омаловажувал ВМРО-ДПМНЕ, си земал народни пари.

Устите на неспособните од СДСМ им се полни со департизација на АРМ, вели Ковачки, потенцирајќи дека го прават токму спротивното. Знаат дека не ги бива, вели тој, а толку се бескрупулозни што од угледен професор и доктор на науки направиле класичен бот за социјални мрежи (!!!).

Ковачки додава дека се отвораат многу прашања, но еве само 5:

1. Колку такви „професионални“ договорци на дело - ботови има во МО?
2. Колку такви има во другите институции?
3. Колку пари од буџетот се испумпани на овој начин?
4. Има ли друга држава-членка на НАТО во која се случуваат вакви злоупотреби на службената позиција од страна на раководните лица?
5. Нормално ли е во држава-членка на НАТО, после ваков скандал Министерот да остане на позиција?

Ковачки бесно додава дека додека генералите на АРМ за службените возила си плаќаат од џеб за промена на масло, а старешините собираат пари за хартија за печатење, раководството на Министерството тоа не го интересира, туку има друг приоритет - тотално да ја партизира институцијата и во услови на криза да си ги наградува своите.

Ова е дрскост и ова е забеганост!
За ова мора да има одговорност, потенцира Ковачки.

The post „Напишав 10 објави за партијата, два агитациони текста“: Ќе даде ли МО одговор за бившиот декан и неговата „работа“? appeared first on Република.

]]>

Напишав десет објави на социјалната мрежа „Фејсбук“ за поддршка на коалицијата „Можеме“ во предизборната кампања, напишав два агитациони текста на профилот на Партијата на пензионерите. Ова се само две од точките кои проф. д-р Темелко Ристески ги напишал во својот Извештај за извршената работа доставен до Државниот секретар во Министерството за одбрана, каде бил ангажирал со договор на дело. Скандалозниот Извештај за неговата „изцрпна“ работа во Министерството во текот на јули 2020 година, беше објавен вчера, по што следеа остри критики од јавноста, но засега министерката Славјанка Петровска и институцијата со која раководи останаа глуви и слепи на прозивките и не најдоа за сходно да го искоментираат овој скандал. Полковникот Драган Ковачки, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, вели дека овде се отвораат многу прашања, за кои очекува одговор од МО.
Додека ја чекаме Министерот за одбрана Славјанка Петровска да се произнесе за криминалот од 90 милиони со резервните делови за оклопните транспортери (платени по цена за транспортери, а примени делови со многу послаби карактеристики т.е. за камион), ќе објавам уште еден Извештај како доказ за злоупотреба на државни пари кои овој пат се исплатени на угледен професор по право (бил и Декан на ФОН) за неговиот ангажман за потребите на Министерство за одбрана, односно на СДСМ, вели Ковачки, повикувајќи ја јавноста да го погледне документот што „угледниот професор и договорец на дело, не се срамел да го напише и потпише и сè ќе ви биде јасно“.
Ковачки понатаму објаснува дека Министерството за одбрана, за потребите на партијата СДСМ, по Договор за дело си ангажирало извесен професор доктор на правни науки кој имал ЗАДОЛЖЕНИЕ да пишува текстови на социјалните мрежи со поддршка за нивната коалиција „Можеме", да ја следи изборната кампања и да заедно со генералот во пензија Илија Николовски вршат агитација во АРМ за потребите на нивната коалиција. За неговите активности, ангажираниот договорец на дело, си составил извештај и го доставил до Државниот секретар на МО. Секако, продолжува Ковачки, за тоа што ги фалел СДСМ на мрежите, а го омаловажувал ВМРО-ДПМНЕ, си земал народни пари. Устите на неспособните од СДСМ им се полни со департизација на АРМ, вели Ковачки, потенцирајќи дека го прават токму спротивното. Знаат дека не ги бива, вели тој, а толку се бескрупулозни што од угледен професор и доктор на науки направиле класичен бот за социјални мрежи (!!!). Ковачки додава дека се отвораат многу прашања, но еве само 5:
1. Колку такви „професионални“ договорци на дело - ботови има во МО? 2. Колку такви има во другите институции? 3. Колку пари од буџетот се испумпани на овој начин? 4. Има ли друга држава-членка на НАТО во која се случуваат вакви злоупотреби на службената позиција од страна на раководните лица? 5. Нормално ли е во држава-членка на НАТО, после ваков скандал Министерот да остане на позиција?
Ковачки бесно додава дека додека генералите на АРМ за службените возила си плаќаат од џеб за промена на масло, а старешините собираат пари за хартија за печатење, раководството на Министерството тоа не го интересира, туку има друг приоритет - тотално да ја партизира институцијата и во услови на криза да си ги наградува своите.
Ова е дрскост и ова е забеганост! За ова мора да има одговорност, потенцира Ковачки.

The post „Напишав 10 објави за партијата, два агитациони текста“: Ќе даде ли МО одговор за бившиот декан и неговата „работа“? appeared first on Република.

]]>
Министерството за одбрана ќе изнајмува мобилни тоалети во вредност од над 42.000 евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ministerstvoto-za-odbrana-kje-iznajmuva-mobilni-toaleti-vo-vrednost-od-nad-42-000-evra/ Wed, 18 May 2022 18:03:07 +0000 https://republika.mk/?p=503980

Министерството за одбрана ќе изнајмува мобилни тоалетни кабини во вредност од 2.600.000 денари или 42.276 евра.

На електронскиот систем за јавна набавка објавен е тендер склучен помеѓу Министерството за одбрана со фирмата МАСС-МОБИЛЕН САНИТАРЕН СЕРВИС ДООЕЛ Скопје каде што стои дека се изнајмуваат мобилни тоалетни кабини за потребите на командите и единиците на Армијата во време траење од 2 години.

Вкупната вредност со која ќе бидат платени е 42.267 евра, или месечно Министерството за одбрана за изнајмување на мобилните тоалетни кабини ќе плаќа по 1.761 евра.

Воедно, во услови кога граѓаните се соочуваат со инфлација, низок животен стандард, сиромаштија, а државата се соочува со криза на секое поле, независниот синдикат на професионални војници НСПВМ незадоволен од третманот на Министерството за одбрана најави поставување на шатори и вреќи за спиење долж тротоарот пред Владата се додека не ги исполни нивните барања, во однос на подобрување на условите за работа, зголемен буџет на МОРСМ, на подобрување на опремата на вработените, како и на корекција во Законот за служба во Армијата за подобрување на условите за живот и работа на вработените.

Но, и покрај најавите на независниот синдикат на професионални војници за најавениот протест се уште нема реакција од страна на министерката Славјанка Петровска за можно наоѓање на решение и испочитување и исполнување на нивните барања.

The post Министерството за одбрана ќе изнајмува мобилни тоалети во вредност од над 42.000 евра appeared first on Република.

]]>

Министерството за одбрана ќе изнајмува мобилни тоалетни кабини во вредност од 2.600.000 денари или 42.276 евра. На електронскиот систем за јавна набавка објавен е тендер склучен помеѓу Министерството за одбрана со фирмата МАСС-МОБИЛЕН САНИТАРЕН СЕРВИС ДООЕЛ Скопје каде што стои дека се изнајмуваат мобилни тоалетни кабини за потребите на командите и единиците на Армијата во време траење од 2 години. Вкупната вредност со која ќе бидат платени е 42.267 евра, или месечно Министерството за одбрана за изнајмување на мобилните тоалетни кабини ќе плаќа по 1.761 евра. Воедно, во услови кога граѓаните се соочуваат со инфлација, низок животен стандард, сиромаштија, а државата се соочува со криза на секое поле, независниот синдикат на професионални војници НСПВМ незадоволен од третманот на Министерството за одбрана најави поставување на шатори и вреќи за спиење долж тротоарот пред Владата се додека не ги исполни нивните барања, во однос на подобрување на условите за работа, зголемен буџет на МОРСМ, на подобрување на опремата на вработените, како и на корекција во Законот за служба во Армијата за подобрување на условите за живот и работа на вработените. Но, и покрај најавите на независниот синдикат на професионални војници за најавениот протест се уште нема реакција од страна на министерката Славјанка Петровска за можно наоѓање на решение и испочитување и исполнување на нивните барања.

The post Министерството за одбрана ќе изнајмува мобилни тоалети во вредност од над 42.000 евра appeared first on Република.

]]>
Петар Богојески добил отказ од Министерството за одбрана, на Фејсбук споделил вест за руско влијание https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/petar-bogojeski-dobil-otkaz-od-ministerstvoto-za-odbrana-na-fejsbuk-spodelil-vest-za-rusko-vlijanie/ Thu, 07 Apr 2022 13:44:41 +0000 https://republika.mk/?p=484826

Mинистерството за одбрана (МО) му дало отказ на државниот советник Петар Богојески, по покрената дисциплинска постапка против него, поради споделен линк од портал на фан-страница, а во врска со руско влијание во македонско-бугарскиот спор и во редовите на МПЦ-ОА, пренесе „Дојче веле“.

Информиран сум за изречена мерка – отказ, по дисциплински престап. Во текот на вчерашниот ден имало обид за достава на таа одлука на неовластена адреса, а секако и до мене, но поради отсуство од работа, не е доставена. Ова е школски пример за прогон од власта кон неистомисленици, особено обид да се замолчи опозицијата со недозволени, недемократски средства – вели Богојески.

Тој тврди дека против него се воделе повеќе нарачани дисциплински постапки, со цел да биде замолчен како опозициски активист, лидер на „Македонски концепт“.

Отказот бил последниот чин, откако претходно со друга постапка бил распореден на пониска работна позиција. Имено, во февруари годинава, му била изречена дисциплинска мерка – распоредување на работно место во непосредно пониско ниво, заради однесување спротивно на одредбите на Кодексот од Законот за административни службеници. Причината, исто така, била личен политички коментар на Богојески на Фејсбук, во однос на Израел и Палестина, а постапката била покрената по пријава од надворешен субјект.

Додека таа постапка е во фаза на жалба пред второстепен орган, Богојески сега се соочува со последната мерка – отказ, поради случај кога споделил линк од текст кој говори за руско влијание во редовите на МПЦ-ОА. Тој искоментирал „дека рускиот обид за спречување на устоличувањето на МПЦ-ОА во православната екумена, нема да успее“, посочувајќи притоа претставник на Православната охридска архиепископија (ПОА) како „изрод“.

Иронијата да биде уште поголема, јас сум обвинет за споделени вести за руско влијание во македонско-бугарските односи и во Македонија, нешто што го потврдија и бугарскиот и македонскиот премиер, но и низа министри и релевантни фактори – вели Богојески.

The post Петар Богојески добил отказ од Министерството за одбрана, на Фејсбук споделил вест за руско влијание appeared first on Република.

]]>

Mинистерството за одбрана (МО) му дало отказ на државниот советник Петар Богојески, по покрената дисциплинска постапка против него, поради споделен линк од портал на фан-страница, а во врска со руско влијание во македонско-бугарскиот спор и во редовите на МПЦ-ОА, пренесе „Дојче веле“.
Информиран сум за изречена мерка – отказ, по дисциплински престап. Во текот на вчерашниот ден имало обид за достава на таа одлука на неовластена адреса, а секако и до мене, но поради отсуство од работа, не е доставена. Ова е школски пример за прогон од власта кон неистомисленици, особено обид да се замолчи опозицијата со недозволени, недемократски средства – вели Богојески.
Тој тврди дека против него се воделе повеќе нарачани дисциплински постапки, со цел да биде замолчен како опозициски активист, лидер на „Македонски концепт“. Отказот бил последниот чин, откако претходно со друга постапка бил распореден на пониска работна позиција. Имено, во февруари годинава, му била изречена дисциплинска мерка – распоредување на работно место во непосредно пониско ниво, заради однесување спротивно на одредбите на Кодексот од Законот за административни службеници. Причината, исто така, била личен политички коментар на Богојески на Фејсбук, во однос на Израел и Палестина, а постапката била покрената по пријава од надворешен субјект. Додека таа постапка е во фаза на жалба пред второстепен орган, Богојески сега се соочува со последната мерка – отказ, поради случај кога споделил линк од текст кој говори за руско влијание во редовите на МПЦ-ОА. Тој искоментирал „дека рускиот обид за спречување на устоличувањето на МПЦ-ОА во православната екумена, нема да успее“, посочувајќи притоа претставник на Православната охридска архиепископија (ПОА) како „изрод“.
Иронијата да биде уште поголема, јас сум обвинет за споделени вести за руско влијание во македонско-бугарските односи и во Македонија, нешто што го потврдија и бугарскиот и македонскиот премиер, но и низа министри и релевантни фактори – вели Богојески.

The post Петар Богојески добил отказ од Министерството за одбрана, на Фејсбук споделил вест за руско влијание appeared first on Република.

]]>
Петровска: Министерството е жртва на спротиставени судски одлуки https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/petrovska-ministerstvoto-e-zrtva-na-sprotistaveni-sudski-odluki/ Thu, 10 Mar 2022 23:29:11 +0000 https://republika.mk/?p=471021

Министерката за одбрана Славјанка Петровска во дебатниот магазин „Клик Плус“ на ТВ21 посочи дека нема никаков проблем со исплата на платите во војската.

Според Петровска, тие течат редовно.

Околу додатоците, Петровска вели дека има многу тужби, а додава и дека Министерството е жртва на спротиставени судски одлуки.

„Тука спаѓаат различни видови на додатоци кои што се предвидени во Законот за служба на Aрмијата, но морам да кажам дека е наидено на конфликт, спротиставеност помеѓу одредби од Законот за служба на Aрмијата, со Законот за работни односи, па делумно и со Колективниот договор“, вели Петровска.

The post Петровска: Министерството е жртва на спротиставени судски одлуки appeared first on Република.

]]>

Министерката за одбрана Славјанка Петровска во дебатниот магазин „Клик Плус“ на ТВ21 посочи дека нема никаков проблем со исплата на платите во војската. Според Петровска, тие течат редовно. Околу додатоците, Петровска вели дека има многу тужби, а додава и дека Министерството е жртва на спротиставени судски одлуки.
„Тука спаѓаат различни видови на додатоци кои што се предвидени во Законот за служба на Aрмијата, но морам да кажам дека е наидено на конфликт, спротиставеност помеѓу одредби од Законот за служба на Aрмијата, со Законот за работни односи, па делумно и со Колективниот договор“, вели Петровска.

The post Петровска: Министерството е жртва на спротиставени судски одлуки appeared first on Република.

]]>
Министерството за одбрана распродава целосно дресирани службени кучиња https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ministerstvoto-za-odbrana-rasprodava-celosno-dresirani-sluzbeni-kuchinja/ Mon, 31 Jan 2022 11:07:45 +0000 https://republika.mk/?p=451899

Македонското Министерство за одбрана објави продажба на 11 службени кучиња по цена од 60 до 200 евра. Се продаваат осум германски и три белгиски овчари, објави српската национална телевиџија РТС.

Кучињата се стари меѓу шест месеци и година ипол, а овие животни поминале низ комплетна обука.

Како што пишува телевизијата, продажбата на службени кучиња е втора одлука на новата македонска министерка за одбрана Славјанка Петровска, која претходно најави можност македонската армија е подготвена, доколку тоа го побара НАТО, да се вклучи во евентуален вооружен конфликт меѓу Украина и Русија.

The post Министерството за одбрана распродава целосно дресирани службени кучиња appeared first on Република.

]]>

Македонското Министерство за одбрана објави продажба на 11 службени кучиња по цена од 60 до 200 евра. Се продаваат осум германски и три белгиски овчари, објави српската национална телевиџија РТС. Кучињата се стари меѓу шест месеци и година ипол, а овие животни поминале низ комплетна обука. Како што пишува телевизијата, продажбата на службени кучиња е втора одлука на новата македонска министерка за одбрана Славјанка Петровска, која претходно најави можност македонската армија е подготвена, доколку тоа го побара НАТО, да се вклучи во евентуален вооружен конфликт меѓу Украина и Русија.

The post Министерството за одбрана распродава целосно дресирани службени кучиња appeared first on Република.

]]>
Сајбер напад врз белгиското Министерство за одбрана https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sajber-napad-vrz-belgiskoto-ministerstvo-za-odbrana/ Wed, 12 Jan 2022 13:50:53 +0000 https://republika.mk/?p=443762

Системот за електронска пошта на белгиското Министерство за одбрана не работел 4 недели поради сајбер нападот минатиот месец.

Според извештаите на белгиските медиуми, претставници на Министерството за одбрана сфатиле дека биле хакирани на 16 декември. Додека нападите беа насочени кон надворешниот систем за е-пошта, мејловите испратени однадвор стигнаа до персоналот на Министерството, но персоналот не можеше да одговори.

Портпаролот на Министерството, Лудивин Дедондер, рече дека откако дефектот во системот продолжи 4 недели, сообраќајот на е-пошта е обновен вчера.

Дедондер изјави дека го однеле целиот систем офлајн, проверувајќи сè пред повторно да се поврзат со надворешниот свет.

Димитри Модаерт, функционер на синдикатот во кој се здружени армиските работници, тврди дека проблемите продолжуваат. Модаер вели дека вработените во Министерството не можат ниту да остваруваат едноставни интернет повици, додека пак апликациите за пораки како што е WhatsApp се користат за одржување на работите.

Од Министерството не соопштија за тоа кој и кој го организирал сајбер нападот.

The post Сајбер напад врз белгиското Министерство за одбрана appeared first on Република.

]]>

Системот за електронска пошта на белгиското Министерство за одбрана не работел 4 недели поради сајбер нападот минатиот месец. Според извештаите на белгиските медиуми, претставници на Министерството за одбрана сфатиле дека биле хакирани на 16 декември. Додека нападите беа насочени кон надворешниот систем за е-пошта, мејловите испратени однадвор стигнаа до персоналот на Министерството, но персоналот не можеше да одговори. Портпаролот на Министерството, Лудивин Дедондер, рече дека откако дефектот во системот продолжи 4 недели, сообраќајот на е-пошта е обновен вчера. Дедондер изјави дека го однеле целиот систем офлајн, проверувајќи сè пред повторно да се поврзат со надворешниот свет. Димитри Модаерт, функционер на синдикатот во кој се здружени армиските работници, тврди дека проблемите продолжуваат. Модаер вели дека вработените во Министерството не можат ниту да остваруваат едноставни интернет повици, додека пак апликациите за пораки како што е WhatsApp се користат за одржување на работите. Од Министерството не соопштија за тоа кој и кој го организирал сајбер нападот.

The post Сајбер напад врз белгиското Министерство за одбрана appeared first on Република.

]]>