министерство за образование Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ministerstvo-za-obrazovanie/ За подобро да се разбереме Fri, 13 Sep 2024 07:54:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png министерство за образование Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ministerstvo-za-obrazovanie/ 32 32 Дебата за пет закони од областа на образованието, МОН со повик до јавноста да учествува во изработка на најквалитетни решенија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/debata-za-pet-zakoni-od-oblasta-na-obrazovanieto-mon-so-povik-do-javnosta-da-uchestvuva-vo-izrabotka-na-najkvalitetni-reshenija/ Fri, 13 Sep 2024 07:54:41 +0000 https://republika.mk/?p=815881

Министерството за образование и наука информира дека на владиниот ЕНЕР систем и на веб страната на МОН објавени се пет предлог закони од областа на образованието и јавноста може да учествува во креирањето на најквалитетните решенија со кои ќе се унапредат образовните услуги и ќе се обезбедат повеќе права и можности за чинителите на воспитно – образовниот процес.

Како што соопштија денеска од МОН, станува збор за целосно нови предлог закони за средното образование, за стручно образование и обука и за образование на возрасните, како и закони за изменување и дополнување на Законот за основното образование и Законот за Националната рамка за квалификации.

Предлог решенијата се изготвени од работни групи формирани со одлука на министерката за образование и наука, во кои членуваат претставници на МОН и повеќе други надлежни институции, експерти и стручни лица од наставничката и академската фела.

Имајќи предвид дека најдобрите и најефективни законски решенија се носат исклучиво преку инклузивен пристап со учество на сите засегнати чинители, МОН ги охрабрува граѓаните да дадат придонес во подобрувањето на законската регулатива во областа на образованието и со тоа активно да учествуваат во градењето на поквалитетен образовен систем, се наведува во соопштението од МОН.

Сугестии и предлози за надополнување/измена на законските решенија се доставуваат на електронската адреса zakonskaregulativa@mon.gov.mk, а можноста е отворена до крајот на септември.

The post Дебата за пет закони од областа на образованието, МОН со повик до јавноста да учествува во изработка на најквалитетни решенија appeared first on Република.

]]>

Министерството за образование и наука информира дека на владиниот ЕНЕР систем и на веб страната на МОН објавени се пет предлог закони од областа на образованието и јавноста може да учествува во креирањето на најквалитетните решенија со кои ќе се унапредат образовните услуги и ќе се обезбедат повеќе права и можности за чинителите на воспитно – образовниот процес. Како што соопштија денеска од МОН, станува збор за целосно нови предлог закони за средното образование, за стручно образование и обука и за образование на возрасните, како и закони за изменување и дополнување на Законот за основното образование и Законот за Националната рамка за квалификации. Предлог решенијата се изготвени од работни групи формирани со одлука на министерката за образование и наука, во кои членуваат претставници на МОН и повеќе други надлежни институции, експерти и стручни лица од наставничката и академската фела.
Имајќи предвид дека најдобрите и најефективни законски решенија се носат исклучиво преку инклузивен пристап со учество на сите засегнати чинители, МОН ги охрабрува граѓаните да дадат придонес во подобрувањето на законската регулатива во областа на образованието и со тоа активно да учествуваат во градењето на поквалитетен образовен систем, се наведува во соопштението од МОН.
Сугестии и предлози за надополнување/измена на законските решенија се доставуваат на електронската адреса zakonskaregulativa@mon.gov.mk, а можноста е отворена до крајот на септември.  

The post Дебата за пет закони од областа на образованието, МОН со повик до јавноста да учествува во изработка на најквалитетни решенија appeared first on Република.

]]>
Јаневска: Историја, географија и граѓанско повторно посебни предмети https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/janevska-istorija-geografija-i-gragansko-povtorno-posebni-predmeti/ Wed, 26 Jun 2024 17:06:14 +0000 https://republika.mk/?p=791064

Посебните предмети уште од оваа година треба да почнат да функционираат и ќе функционираат како посебни предмети, барем општествените, зашто тие се проблем – историја, географија, граѓанско образование.

Оваа година ќе биде преодна во наставните програми и предмети, а во соработка со Бирото за образование уште веднаш почнуваме да работиме на новите програми и планови, да ги одделиме посебните предмети, да имплементираме она што наставниците и родителите велат дека не функционира и не дава ефект, за следната 2025/2026 година да бидеме комплетно готови со надградената, променета концепција, со нови наставни планови и програми и со нови учебници, најави денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска.

Таа уште утре ќе има средба со СОНК за да почнат, како што рече, првите преговори околу динамиката за подобрување на сите услови на вработените во образованието, а веќе се размислува, напомена, и како ќе одат покачувањата на платите.

Според Јаневска, и за студентите се прават анализи, со оглед дека новата Влада наследила лоша состојба во Буџетот и итно мора да прави ребаланс кој сигурно ќе се случи во јули.

Во врска со е-дневникот, системот ќе стартува, истакна, кога ќе помине периодот на тестирање и на обука, а дотогаш ќе се работи со стариот е-дневник.

-Ветивме дека до крај на мандатот ќе го потпишеме колективниот договор и тоа ќе се случи.

Веќе почнуваме да размислуваме како ќе одат покачувањата на платите во текот на овие години до потпишување на колективниот договор. Во однос на помошта, не се само студентите.

Не е исплатена и помошта на учениците. Вчера почнавме да ги правиме пресметките и анализите зошто не е исплатена.

Исплатена е само за декември, правиме голем напор да се исплтат барем за јануари и февруари, во една транша, па потоа да ги доисплатиме и останатите.

Јас и пред да станам министерка велев, молам за трпение, се ќе биде направено.

За два дена сторивме многу, ќе проодлжиме со исто темпо и тоа што сме го ветиле, ќе го реализираме, потенцира Јаневска, одговорајќи на новинарски прашања пред промоцијата на новиот Информациски систем за управување со образованието.

За концептот што го воведе нејзината претходничка Мила Царовска, Јаневска рече дека нема во целост да се менува и дека добрите решенија ќе останат.

-Не најавив укинување на таа концепција, туку промени, реформа во таа концепција.

Многу пати кажав дека би сакала да имаме некаков контиунитет во образованието и сега велам, тоа што сметаме дека во концепцијата е добро, а има добри нешта, ние ќе ги завршиме.

Од вчера, од мојот прв ден во МОН, бараме начини како да ја подобриме, измениме и доградиме концепцијата. Денеска ќе се сретнам со директорот на Бирото за образование за да се договориме за деталите.

Она што е ветено, ќе се оствари, подвлече министерката. Се осврна и на ветеното мапирање во првите 100 дена.

-Тоа е веќе почнато, иако само два дена се во прашање, за да овозможиме подолга целодневна настава и едносменска настава во школите.

Откако релативно брзо, во текот на летото, ќе ја добиеме реалната состојба, а некои и ќе ги посетиме физички за да видиме што се случува, ќе направиме план, секаде каде што има услови, да се почне со целодневна настава барем до четврто одделение и со едносменска настава.

Бирото се подготвува да го среди наставните планови и програми за подолг престој на децата во училиште и тоа се однесува главно на изборните предмети, како дополнителни часови по математика, македонски, англиски јазик, драмски секции, хор, оркестар, сликање, животни вештини,.

. . , со тоа ќе им го пополниме времето за да не мислат децата дека шест до осум часа ќе мора да стојат над книга.

Во меѓувреме ќе имаат слободен час да напишат домашпно, да научат како се прави проект,. . . Во колку што е можно училишта тоа ќе го направиме веднаш.

Како ќе создаваме услови, така ќе го имплементираме истото, рече Јаневска.

Еден од приоритетите, дополни, ќе биде и работата со талентирани ученици, а во фокус ќе биде и средното стручно образование кое ќе се доусовршува со практично учење во компаниите.

-Немаме време да одиме чекор по чекор, ќе одиме на паралелни линии. Нема да биде изоставено високото образование, каде се потребни исто така значајни промени.

Се надевам дека идната недела или после неа, ќе се сретнам со Управата на универзитетите. И тоа мора брзо да се заврши, да се договориме каде ќе се движиме понатаму, информира Јаневска.

Се осврна и на е-дневникот кој, рече, е убедена дека ќе биде функционален.

-Е-дневникот е инструмент што може да даде многу податоци кои понатаму ќе се користат за анализи на образовниоот систем од кои, пак, ќе можеме да извлекуваме заклучоци.

Убедена сум дека проектот ќе биде функционален, за разлика од претходниот кој имаше потешкотии.

На пример, наставниците мораа ноќе, во еден или во два часот да се приклучат за да можат да сработат она што им е обврска во Е-дневникот. Сега тоа нема да се случи.

Денеска почнуваме со дигитализација. Ќе дозволите еден период за тестирање на системот, да увидиме дали се функционира како што треба.

Верувам дека ќе биде така, но ако има нешто што треба да се промени, да се промени, за да стане комплетно функционален и да го прифатат наставниците со одредени обуки.

Во претходниот Е-дневник, од за мене непозната причина, изостаноците се бришеа, што е апсолутно недозволиво.

Не велам дека тоа беше масовна појава, но се случуваше некои оценки преку ноќ да бидат променети. Сега за такво нешто ќе има забрана и тоа нема да се случува, нагласи министерката.

Ќе се направат напори системот да се профункционира и во градинките.

-Владата предвидува градинките да влезат во рамки на МОН, но не можам да кажам во кој период ќе се случи тоа со оглед дека се случуваат бројни реструктуирања во корист на граѓаните. Дозволете извесен перод да ги привршиме тие работи, за да имаме целосен, интегрален образовен систем, од предучилишно до високо и поствисоко образование, заклучи Јаневска, порачувајќи дека ќе продолжи соработката со европските партнери и дека ќе се надградуваат и дополнуваат, со нивна помош, сите проекти за подобрување на националното образование во сите области – настава, дигитализација и интеграција.

The post Јаневска: Историја, географија и граѓанско повторно посебни предмети appeared first on Република.

]]>

Посебните предмети уште од оваа година треба да почнат да функционираат и ќе функционираат како посебни предмети, барем општествените, зашто тие се проблем – историја, географија, граѓанско образование.
Оваа година ќе биде преодна во наставните програми и предмети, а во соработка со Бирото за образование уште веднаш почнуваме да работиме на новите програми и планови, да ги одделиме посебните предмети, да имплементираме она што наставниците и родителите велат дека не функционира и не дава ефект, за следната 2025/2026 година да бидеме комплетно готови со надградената, променета концепција, со нови наставни планови и програми и со нови учебници, најави денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска.
Таа уште утре ќе има средба со СОНК за да почнат, како што рече, првите преговори околу динамиката за подобрување на сите услови на вработените во образованието, а веќе се размислува, напомена, и како ќе одат покачувањата на платите. Според Јаневска, и за студентите се прават анализи, со оглед дека новата Влада наследила лоша состојба во Буџетот и итно мора да прави ребаланс кој сигурно ќе се случи во јули. Во врска со е-дневникот, системот ќе стартува, истакна, кога ќе помине периодот на тестирање и на обука, а дотогаш ќе се работи со стариот е-дневник. -Ветивме дека до крај на мандатот ќе го потпишеме колективниот договор и тоа ќе се случи. Веќе почнуваме да размислуваме како ќе одат покачувањата на платите во текот на овие години до потпишување на колективниот договор. Во однос на помошта, не се само студентите. Не е исплатена и помошта на учениците. Вчера почнавме да ги правиме пресметките и анализите зошто не е исплатена. Исплатена е само за декември, правиме голем напор да се исплтат барем за јануари и февруари, во една транша, па потоа да ги доисплатиме и останатите. Јас и пред да станам министерка велев, молам за трпение, се ќе биде направено. За два дена сторивме многу, ќе проодлжиме со исто темпо и тоа што сме го ветиле, ќе го реализираме, потенцира Јаневска, одговорајќи на новинарски прашања пред промоцијата на новиот Информациски систем за управување со образованието. За концептот што го воведе нејзината претходничка Мила Царовска, Јаневска рече дека нема во целост да се менува и дека добрите решенија ќе останат. -Не најавив укинување на таа концепција, туку промени, реформа во таа концепција. Многу пати кажав дека би сакала да имаме некаков контиунитет во образованието и сега велам, тоа што сметаме дека во концепцијата е добро, а има добри нешта, ние ќе ги завршиме. Од вчера, од мојот прв ден во МОН, бараме начини како да ја подобриме, измениме и доградиме концепцијата. Денеска ќе се сретнам со директорот на Бирото за образование за да се договориме за деталите. Она што е ветено, ќе се оствари, подвлече министерката. Се осврна и на ветеното мапирање во првите 100 дена. -Тоа е веќе почнато, иако само два дена се во прашање, за да овозможиме подолга целодневна настава и едносменска настава во школите. Откако релативно брзо, во текот на летото, ќе ја добиеме реалната состојба, а некои и ќе ги посетиме физички за да видиме што се случува, ќе направиме план, секаде каде што има услови, да се почне со целодневна настава барем до четврто одделение и со едносменска настава. Бирото се подготвува да го среди наставните планови и програми за подолг престој на децата во училиште и тоа се однесува главно на изборните предмети, како дополнителни часови по математика, македонски, англиски јазик, драмски секции, хор, оркестар, сликање, животни вештини,. . . , со тоа ќе им го пополниме времето за да не мислат децата дека шест до осум часа ќе мора да стојат над книга. Во меѓувреме ќе имаат слободен час да напишат домашпно, да научат како се прави проект,. . . Во колку што е можно училишта тоа ќе го направиме веднаш. Како ќе создаваме услови, така ќе го имплементираме истото, рече Јаневска. Еден од приоритетите, дополни, ќе биде и работата со талентирани ученици, а во фокус ќе биде и средното стручно образование кое ќе се доусовршува со практично учење во компаниите. -Немаме време да одиме чекор по чекор, ќе одиме на паралелни линии. Нема да биде изоставено високото образование, каде се потребни исто така значајни промени. Се надевам дека идната недела или после неа, ќе се сретнам со Управата на универзитетите. И тоа мора брзо да се заврши, да се договориме каде ќе се движиме понатаму, информира Јаневска. Се осврна и на е-дневникот кој, рече, е убедена дека ќе биде функционален. -Е-дневникот е инструмент што може да даде многу податоци кои понатаму ќе се користат за анализи на образовниоот систем од кои, пак, ќе можеме да извлекуваме заклучоци. Убедена сум дека проектот ќе биде функционален, за разлика од претходниот кој имаше потешкотии. На пример, наставниците мораа ноќе, во еден или во два часот да се приклучат за да можат да сработат она што им е обврска во Е-дневникот. Сега тоа нема да се случи. Денеска почнуваме со дигитализација. Ќе дозволите еден период за тестирање на системот, да увидиме дали се функционира како што треба. Верувам дека ќе биде така, но ако има нешто што треба да се промени, да се промени, за да стане комплетно функционален и да го прифатат наставниците со одредени обуки. Во претходниот Е-дневник, од за мене непозната причина, изостаноците се бришеа, што е апсолутно недозволиво. Не велам дека тоа беше масовна појава, но се случуваше некои оценки преку ноќ да бидат променети. Сега за такво нешто ќе има забрана и тоа нема да се случува, нагласи министерката. Ќе се направат напори системот да се профункционира и во градинките.
-Владата предвидува градинките да влезат во рамки на МОН, но не можам да кажам во кој период ќе се случи тоа со оглед дека се случуваат бројни реструктуирања во корист на граѓаните. Дозволете извесен перод да ги привршиме тие работи, за да имаме целосен, интегрален образовен систем, од предучилишно до високо и поствисоко образование, заклучи Јаневска, порачувајќи дека ќе продолжи соработката со европските партнери и дека ќе се надградуваат и дополнуваат, со нивна помош, сите проекти за подобрување на националното образование во сите области – настава, дигитализација и интеграција.

The post Јаневска: Историја, географија и граѓанско повторно посебни предмети appeared first on Република.

]]>
Мицковски: Најлесно преземање на функција е онаа од Јетон Шаќири, нема што да се презима https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskovski-najlesno-prezemane-na-funktsija-e-onaa-od-jeton-shakiri-nema-shto-da-se-prezima/ Mon, 24 Jun 2024 13:36:12 +0000 https://republika.mk/?p=790305

Веројатно најлесно преземање на функција е онаа од Јетон Шаќири, нема што да се презима, треба барем учебници да се печатат на време.
Исто и со путерон од Крива Паланка, идниот само нека ја држи чашата вино повисоко крената - коментира аналитичарот Ивор Мицкоски на својот фејсбук профил.

Новите министри влегоа во своите кабинети. Нивните претходници ги предадоа функциите. Примопредавање имаше и во Министерството за образование, каде Весна Јаневска дојде на местото на Јетон Шаќири.

The post Мицковски: Најлесно преземање на функција е онаа од Јетон Шаќири, нема што да се презима appeared first on Република.

]]>

Веројатно најлесно преземање на функција е онаа од Јетон Шаќири, нема што да се презима, треба барем учебници да се печатат на време. Исто и со путерон од Крива Паланка, идниот само нека ја држи чашата вино повисоко крената - коментира аналитичарот Ивор Мицкоски на својот фејсбук профил.
Новите министри влегоа во своите кабинети. Нивните претходници ги предадоа функциите. Примопредавање имаше и во Министерството за образование, каде Весна Јаневска дојде на местото на Јетон Шаќири.

The post Мицковски: Најлесно преземање на функција е онаа од Јетон Шаќири, нема што да се презима appeared first on Република.

]]>
Неработните 24 април и 8 мај, училиштата сепак ќе ги одработуваат – МОН контра владината одлука https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nerabotnite-24-april-i-8-maj-uchilishtata-sepak-ke-gi-odrabotuvaat-mon-kontra-vladinata-odluka/ Thu, 18 Apr 2024 19:39:55 +0000 https://republika.mk/?p=767741

Деновите на одржување на изборите, 24 април и 8 мај, Владата ги прогласи за неработни и денови кои нема да се одработуваат. И покрај одлуката на владината седница одржана во вторникот, дека истата ќе важи за сите граѓани на територијата на државата, очигледно ова не важи за Министерството за образование.

Од МОН, како што објави претседателот на СОНК, Јаким Неделков, до училиштата испратиле известување во кое се наведува дека овие денови сепак ќе се одработуваат со одржување на часови.

-Со цел да се исполни одредбата од Законот со кој учебната година се остварува во 180 наставни денови, а притоа да не се продолжи учебната година, деновите кога се одржуваат изборите ќе се надоместат со организирање на настава во следните денови:

-18 мај (сабота) со часови од денот 24 април 2024 година и 1 јуни (сабота) со часови за денот 8 мај 2024 година

Воедно за училиштата кои се наоѓаат на територија на Град Скопје за денот 30 ноември 2023 (четврток), кога согласно Нацрт записникот од 199 седница на Владата на Република Македонија, одржана на 14 ноември 2023 година, се одреди како неработен ден за учениците од основните училишта на територија на Град Скопје, наставниот ден ќе се одработи на 15 јуни (сабота) во часови од денот 30 ноември 2023, се вели во известувањето пратено од МОН, а кое го објави Неделков.

Во неговата реакција тој го повика Министерството веднаш да го повлече испратеното известување до училиштата.

-Од кога неработните денови преку ноќ стануваат работни? Министерот за образование веднаш да го повлече Известувањето до училиштата, со кое се задолжуваат да ги одработат ,,неработните” денови, прогласени од Владата, заради одржување на престојните избори, пишува Неделков.

Претседателот на СОНК потсетува дека и други учебни години завршувале и биле верифицирани од страна на министерот со помалку од 180 работни денови, како на пример учебната 2021/22 година.

The post Неработните 24 април и 8 мај, училиштата сепак ќе ги одработуваат – МОН контра владината одлука appeared first on Република.

]]>

Деновите на одржување на изборите, 24 април и 8 мај, Владата ги прогласи за неработни и денови кои нема да се одработуваат. И покрај одлуката на владината седница одржана во вторникот, дека истата ќе важи за сите граѓани на територијата на државата, очигледно ова не важи за Министерството за образование. Од МОН, како што објави претседателот на СОНК, Јаким Неделков, до училиштата испратиле известување во кое се наведува дека овие денови сепак ќе се одработуваат со одржување на часови.
-Со цел да се исполни одредбата од Законот со кој учебната година се остварува во 180 наставни денови, а притоа да не се продолжи учебната година, деновите кога се одржуваат изборите ќе се надоместат со организирање на настава во следните денови: -18 мај (сабота) со часови од денот 24 април 2024 година и 1 јуни (сабота) со часови за денот 8 мај 2024 година Воедно за училиштата кои се наоѓаат на територија на Град Скопје за денот 30 ноември 2023 (четврток), кога согласно Нацрт записникот од 199 седница на Владата на Република Македонија, одржана на 14 ноември 2023 година, се одреди како неработен ден за учениците од основните училишта на територија на Град Скопје, наставниот ден ќе се одработи на 15 јуни (сабота) во часови од денот 30 ноември 2023, се вели во известувањето пратено од МОН, а кое го објави Неделков.
Во неговата реакција тој го повика Министерството веднаш да го повлече испратеното известување до училиштата.
-Од кога неработните денови преку ноќ стануваат работни? Министерот за образование веднаш да го повлече Известувањето до училиштата, со кое се задолжуваат да ги одработат ,,неработните” денови, прогласени од Владата, заради одржување на престојните избори, пишува Неделков.
Претседателот на СОНК потсетува дека и други учебни години завршувале и биле верифицирани од страна на министерот со помалку од 180 работни денови, како на пример учебната 2021/22 година.

The post Неработните 24 април и 8 мај, училиштата сепак ќе ги одработуваат – МОН контра владината одлука appeared first on Република.

]]>
МОН вели дека не се виновни што учебниците доцнат https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mon-veli-deka-ne-se-vinovni-shto-uchebnitsite-dotsnat/ Tue, 05 Sep 2023 12:03:11 +0000 https://republika.mk/?p=679005

Министерството за образование и наука во денешното соопштение се правда дека „согласно законските и подзаконските акти навремено се започнати и извршувани активностите за изработка на учебниците, усогласени со важечката наставна програма“.

Министерството нема законски механизми да влијае на пријавувањето на повиците за авторски тимови и повиците за рецензенти за нов учебник по одреден предмет. А, секој неуспешен повик, повлекува негово повторување, нови рокови и одолговлекување на постапката. Во меѓувреме, се случува да се неопходни корекции во текстовите на предложените учебници, што, исто така води до пролонгирање на процесот. По рецензентската проверка, текстот на учебникот до конечното одобрување, треба да го помине и филтерот на 17-члената Национална комисија за учебници, велат од МОН.

Посочуваат дека учебникот, како едно од наставните средства што се користи за постигнување на целите на воспитно-образовниот процес, треба да овозможи постигнување на националните стандарди на знаење, учење со разбирање и подигнување на креативноста, иновативноста и критичкото размислување кај учениците.

https://republika.mk/vesti/makedonija/kako-pri-ist-protses-na-pechatene-uchebnitsi-porano-gi-imashe-na-1-septevri-a-sega-ne/

Нагласуваме дека во тек е темелна реформа на образованието која наметнува одредени неусогласености да се надминуваат во од. За да можеме да ја финализираме реформата, издигнувајќи го квалитетот на образованието, очекуваме од сите засегнати чинители да дадат поддршка, затоа што нашата цел, а веруваме и на сите останати – родителите, институциите, граѓаните, е учениците да стекнуваат знаења и вештини кои ќе ги направат рамноправни со нивните врсници од развиените земји, додаваат од МОН.

The post МОН вели дека не се виновни што учебниците доцнат appeared first on Република.

]]>

Министерството за образование и наука во денешното соопштение се правда дека „согласно законските и подзаконските акти навремено се започнати и извршувани активностите за изработка на учебниците, усогласени со важечката наставна програма“.
Министерството нема законски механизми да влијае на пријавувањето на повиците за авторски тимови и повиците за рецензенти за нов учебник по одреден предмет. А, секој неуспешен повик, повлекува негово повторување, нови рокови и одолговлекување на постапката. Во меѓувреме, се случува да се неопходни корекции во текстовите на предложените учебници, што, исто така води до пролонгирање на процесот. По рецензентската проверка, текстот на учебникот до конечното одобрување, треба да го помине и филтерот на 17-члената Национална комисија за учебници, велат од МОН.
Посочуваат дека учебникот, како едно од наставните средства што се користи за постигнување на целите на воспитно-образовниот процес, треба да овозможи постигнување на националните стандарди на знаење, учење со разбирање и подигнување на креативноста, иновативноста и критичкото размислување кај учениците. https://republika.mk/vesti/makedonija/kako-pri-ist-protses-na-pechatene-uchebnitsi-porano-gi-imashe-na-1-septevri-a-sega-ne/
Нагласуваме дека во тек е темелна реформа на образованието која наметнува одредени неусогласености да се надминуваат во од. За да можеме да ја финализираме реформата, издигнувајќи го квалитетот на образованието, очекуваме од сите засегнати чинители да дадат поддршка, затоа што нашата цел, а веруваме и на сите останати – родителите, институциите, граѓаните, е учениците да стекнуваат знаења и вештини кои ќе ги направат рамноправни со нивните врсници од развиените земји, додаваат од МОН.

The post МОН вели дека не се виновни што учебниците доцнат appeared first on Република.

]]>
Миа Костова им порача на Образование: Вие сте умоболни https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mia-kostova-im-poracha-na-obrazovanie-vie-ste-umobolni/ Mon, 21 Aug 2023 09:24:08 +0000 https://republika.mk/?p=674100

И Миа Костова, како мајка на шестоодделенец, реагира на хосот што се случува изминатите години во образованието и најавата дека и годинава дел од учебниците нема да бидат готови на почетокот на учебната година.

Андрија од септември ќе биде 6то. Без книги. Одделение од кое на дете треба да му се направи сериозна навика за учење и совладување на материјал тековно од ден во ден. Две години беше онлајн, лани имаа една книга по сите предмети, годинава ни тоа. Дали има некој со здрав разум воопшто кој ќе одговара за овие деца кои за 6 години во образование немаат никаква престава за тоа што е всушност школо? Вие веќе не сте злобни и себични. Вие сте умноболни, порача таа.

The post Миа Костова им порача на Образование: Вие сте умоболни appeared first on Република.

Парите во образованието ќе се трошат по нова формула со четири компоненти https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/parite-vo-obrazovanieto-ke-se-troshat-po-nova-formula-so-chetiri-komponenti/ Mon, 20 Feb 2023 19:43:03 +0000 https://republika.mk/?p=611220

Средствата кои се издвојуваат за образованието од државниот буџет, од година во година растат но, неопходно е да се промени начинот на нивна распределба со цел да се подобри ефикасноста во трошењето, да се обезбедат доволно финансиски ресурси за да се исполнат образовните стандарди во училиштата, да се зајакнат резултатите од трошењето на средствата, и да се обезбеди дека распределбата на средствата за општините и училиштата се заснова на објективни критериуми и е правична, рече министерот за образование и наука Јетон Шаќири на седницата на Комисијата за финансирање на општините, каде беше претставен новиот систем на финансирање на основното образование според стандарден трошок по ученик.

Министерот појасни дека постојната формула за распределба на блок дотациите за основно образование меѓу општините, не тргнува од тоа колку средства им се потребни на училиштата за да обезбедат квалитетно образование за сите ученици и за исполнување на образовните стандарди, соодветно на  различните потреби на секое училиште. Дополнително, постојниот систем на финансирање не овозможува општините да добијат доволно средства за професионален развој на наставниците, средства за поголема инклузивност во училиштата, за превоз на учениците и задоволување на останатите потреби.

„Новата формула има 4 компоненти, од кои првата односно основната компонента е заснована на трошоците по ученик. Со втората, варијабилна компонента, се обезбедуваат средства за превоз на учениците, како и за трошоци за ученици со посебни образовни потреби, за ученици од социјално загрозени семејства, како и за ученици кои следат настава на јазик на помалите етнички заедници. Третата компонента обезбедува средства за општините во периодот на прилагодување кон новата формула на финансирање. Последната е развојна компонента која ќе ги поттикнува училиштата да ги подобруваат резултатите од година во година, согласно конкретни параметри, доколку сакаат да добијат повеќе финансиски средства“, нагласи министерот Шаќири.

Партнери на Министерството за образование и наука во овој сегмент на реформата на националниот образовен систем се Светска банка и УНИЦЕФ.

Обезбедувањето квалитетно образование што ќе им овозможи на децата и младите луѓе да бидат на рамниште на нивните врсници од развиениот свет, со знаења, вештини и компетенции вклучува и оптимално трошење на расположивите финансиски средства.

The post Парите во образованието ќе се трошат по нова формула со четири компоненти appeared first on Република.

]]>

Средствата кои се издвојуваат за образованието од државниот буџет, од година во година растат но, неопходно е да се промени начинот на нивна распределба со цел да се подобри ефикасноста во трошењето, да се обезбедат доволно финансиски ресурси за да се исполнат образовните стандарди во училиштата, да се зајакнат резултатите од трошењето на средствата, и да се обезбеди дека распределбата на средствата за општините и училиштата се заснова на објективни критериуми и е правична, рече министерот за образование и наука Јетон Шаќири на седницата на Комисијата за финансирање на општините, каде беше претставен новиот систем на финансирање на основното образование според стандарден трошок по ученик. Министерот појасни дека постојната формула за распределба на блок дотациите за основно образование меѓу општините, не тргнува од тоа колку средства им се потребни на училиштата за да обезбедат квалитетно образование за сите ученици и за исполнување на образовните стандарди, соодветно на  различните потреби на секое училиште. Дополнително, постојниот систем на финансирање не овозможува општините да добијат доволно средства за професионален развој на наставниците, средства за поголема инклузивност во училиштата, за превоз на учениците и задоволување на останатите потреби.
„Новата формула има 4 компоненти, од кои првата односно основната компонента е заснована на трошоците по ученик. Со втората, варијабилна компонента, се обезбедуваат средства за превоз на учениците, како и за трошоци за ученици со посебни образовни потреби, за ученици од социјално загрозени семејства, како и за ученици кои следат настава на јазик на помалите етнички заедници. Третата компонента обезбедува средства за општините во периодот на прилагодување кон новата формула на финансирање. Последната е развојна компонента која ќе ги поттикнува училиштата да ги подобруваат резултатите од година во година, согласно конкретни параметри, доколку сакаат да добијат повеќе финансиски средства“, нагласи министерот Шаќири.
Партнери на Министерството за образование и наука во овој сегмент на реформата на националниот образовен систем се Светска банка и УНИЦЕФ. Обезбедувањето квалитетно образование што ќе им овозможи на децата и младите луѓе да бидат на рамниште на нивните врсници од развиениот свет, со знаења, вештини и компетенции вклучува и оптимално трошење на расположивите финансиски средства.

The post Парите во образованието ќе се трошат по нова формула со четири компоненти appeared first on Република.

]]>
Директори вршители на должност и наставници приправници денеска протестираа пред Министерството за образование https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/direktori-vrshiteli-na-dolzhnost-i-nastavnitsi-pripravnitsi-deneska-protestiraa-pred-ministerstvoto-za-obrazovanie/ Mon, 20 Feb 2023 13:47:58 +0000 https://republika.mk/?p=611116

Директори вршители на должност и наставници приправници денеска протестираа пред Министерството за образование. Бараат Државниот испитен центар да дозволи термини за полагање на менаџерски испит за лиценца за директори на училишта, студентски домови, граѓански центри.  Револтирани се бидејќи  година и пол државата ги кочи и не им дозволува да се доусовршуват.

Решавање на проблемот побара и штипскиот градоначалник кој најави дека за ова ќе ги извести сите дипломатски преставништва во државата.

Проблемот не ги засега само директорите, туку и наставниците приправници  кои го имат завршено приправничкиот стаж. И тие чекаат за полагање на стручниот испит.

Во државата со овој проблем се соочуваат 111кандидати за директори и над 600наставници приправници. Минатата недела штипските директори и наставници приправници протестираа на градскиот плоштад.

https://republika.mk/vesti/makedonija/jordanov-ke-gi-izvestam-ambasadite-ne-se-dozvoluva-godina-i-pol-nikoj-da-polaga-ova-go-pravat-za-da-nemat-konkurentsija-kadrite-na-sdsm/

The post Директори вршители на должност и наставници приправници денеска протестираа пред Министерството за образование appeared first on Република.

]]>

Директори вршители на должност и наставници приправници денеска протестираа пред Министерството за образование. Бараат Државниот испитен центар да дозволи термини за полагање на менаџерски испит за лиценца за директори на училишта, студентски домови, граѓански центри.  Револтирани се бидејќи  година и пол државата ги кочи и не им дозволува да се доусовршуват. Решавање на проблемот побара и штипскиот градоначалник кој најави дека за ова ќе ги извести сите дипломатски преставништва во државата. Проблемот не ги засега само директорите, туку и наставниците приправници  кои го имат завршено приправничкиот стаж. И тие чекаат за полагање на стручниот испит. Во државата со овој проблем се соочуваат 111кандидати за директори и над 600наставници приправници. Минатата недела штипските директори и наставници приправници протестираа на градскиот плоштад. https://republika.mk/vesti/makedonija/jordanov-ke-gi-izvestam-ambasadite-ne-se-dozvoluva-godina-i-pol-nikoj-da-polaga-ova-go-pravat-za-da-nemat-konkurentsija-kadrite-na-sdsm/

The post Директори вршители на должност и наставници приправници денеска протестираа пред Министерството за образование appeared first on Република.

]]>
Два месеци по стартот на учебната година МОН се пофали: Ја интензивиравме дистрибуцијата на учебниците за основците https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dva-meseci-po-startot-na-uchebnata-godina-mon-se-pofali-ja-intenziviravme-distribucijata-na-uchebnicite-za-osnovcite/ Fri, 02 Dec 2022 11:01:20 +0000 https://republika.mk/?p=580850

Министерството за образование и наука денеска информира дека е интензивирана дистрибуцијата на учебниците за учениците од прво, второ, четврто и петто одделение во основното образование.

Како што информираат, обезбедувањето со потребните наставни материјали за учениците од основните училишта се одвива согласно однапред утврдена динамика.

-Денеска, учениците од кумановските села Лопате и Черкезе, како и училиштата во општините Сарај, Струга и Боговиње согласно договорите за печатење, ќе добијат учебници по албански јазик и математика за прво одделение, природни науки за прво, второ и четврто одделение и историја и општество за четврто и петто одделение, сите на албански наставен јазик. Во текот на вчерашниот ден, исто така согласно четвртиот договор, учебници на албански наставен јазик, беа доставени во општините Липково, Тетово и Желино, се наведува во соопштението од МОН.

The post Два месеци по стартот на учебната година МОН се пофали: Ја интензивиравме дистрибуцијата на учебниците за основците appeared first on Република.

]]>

Министерството за образование и наука денеска информира дека е интензивирана дистрибуцијата на учебниците за учениците од прво, второ, четврто и петто одделение во основното образование. Како што информираат, обезбедувањето со потребните наставни материјали за учениците од основните училишта се одвива согласно однапред утврдена динамика. -Денеска, учениците од кумановските села Лопате и Черкезе, како и училиштата во општините Сарај, Струга и Боговиње согласно договорите за печатење, ќе добијат учебници по албански јазик и математика за прво одделение, природни науки за прво, второ и четврто одделение и историја и општество за четврто и петто одделение, сите на албански наставен јазик. Во текот на вчерашниот ден, исто така согласно четвртиот договор, учебници на албански наставен јазик, беа доставени во општините Липково, Тетово и Желино, се наведува во соопштението од МОН.

The post Два месеци по стартот на учебната година МОН се пофали: Ја интензивиравме дистрибуцијата на учебниците за основците appeared first on Република.

]]>
Постапката за признавање странски дипломи од утре само по електронски пат https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/postapkata-za-priznavanje-stranski-diplomi-od-utre-samo-po-elektronski-pat/ Thu, 03 Nov 2022 08:53:17 +0000 https://republika.mk/?p=569006

Постапката за признавање странски дипломи и образовни квалификации од утре, 4 ноември, ќе се реализира само по електронски пат.

Поднесување барање за нострификација/еквиваленција на образовни квалификации стекнати надвор од Република Македонија, заедно со сите неопходни документи согласно со правните прописи, како и електронско плаќање, ќе се прави преку порталот www.e-uslugi.mon.gov.mk.

-Изработениот позадински софтвер овозможува електронско водење и решавање на предметите од страна на комисиите во Министерството за образование и наука и на овој начин значително се крати времето, но и дел од трошоците кои настануваат при користењето на оваа услуга, велат од Министерството за образование и наука.

МОН нагласува дека процесот на дигитализација на образованието и на образовните услуги продолжува да биде една од неговите приоритетни цели во насока на модернизација и интеграција на националниот образовен систем во европскиот образовен простор. Министерството најавува дигитализација и на други услуги.

The post Постапката за признавање странски дипломи од утре само по електронски пат appeared first on Република.

]]>

Постапката за признавање странски дипломи и образовни квалификации од утре, 4 ноември, ќе се реализира само по електронски пат. Поднесување барање за нострификација/еквиваленција на образовни квалификации стекнати надвор од Република Македонија, заедно со сите неопходни документи согласно со правните прописи, како и електронско плаќање, ќе се прави преку порталот www.e-uslugi.mon.gov.mk.
-Изработениот позадински софтвер овозможува електронско водење и решавање на предметите од страна на комисиите во Министерството за образование и наука и на овој начин значително се крати времето, но и дел од трошоците кои настануваат при користењето на оваа услуга, велат од Министерството за образование и наука.
МОН нагласува дека процесот на дигитализација на образованието и на образовните услуги продолжува да биде една од неговите приоритетни цели во насока на модернизација и интеграција на националниот образовен систем во европскиот образовен простор. Министерството најавува дигитализација и на други услуги.

The post Постапката за признавање странски дипломи од утре само по електронски пат appeared first on Република.

]]>
МОН: Ќе се реновираат над 100 основни училишта за да се подобрат хигиенско-санитарните услови https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mon-kje-se-renoviraat-nad-100-osnovni-uchilishta-za-da-se-podobrat-higiensko-sanitarnite-uslovi/ Wed, 19 Oct 2022 11:58:31 +0000 https://republika.mk/?p=563041

Министерството за образование и наука континуирано вложува во инклузивно образование. Градењето подобар образовен систем значи обезбедување можности секое дете, согласно своите потенцијали, да стекне знаења и вештини што ќе му бидат потребни за да биде релевантен и активен учесник во општествениот живот. За оваа цел, избрани се 118 основни училишта, од сите општини во Република Македонија во кои ќе се изведат реконструктивни зафати за подобрување на пристапноста до и во објектите, како и за подобрување на хигиенско – санитарните услови - информираат од МОН.

Тим на Министерството заедно со стручни лица, врз основ на критериуми поврзани со пополнетоста и искористеноста на капацитететите, извршил увид во состојбата во која се наоѓаат и ги одбрало училишните објекти во кои во следниот период ќе се изградат пристапни рампи, ќе се реновираат санитарните јазли и ќе се изведат посебни тоалети за децата со атипичен развој, а во некои училишта ќе се реновираат и внатрешната столарија и подовите.

Во оваа активност за создавање на училишта без бариери, Министерството за образование и наука има поддршка од Светска банка, во рамки на новата четиригодишна Стратегија на Банката за партнерство со земјата за периодот 2019-2023 година.

Реконструкцијата на училиштата е дел од Проектот за унапредување на основното образование, чија основна цел е да ги подобри условите за учење во основното образование во земјата. Вкупната вредност на проектот изнесува 21,5 милиони евра и истиот се имплементира преку Единица за управување со проектот во рамките на Министерството за образование и наука.

The post МОН: Ќе се реновираат над 100 основни училишта за да се подобрат хигиенско-санитарните услови appeared first on Република.

]]>

Министерството за образование и наука континуирано вложува во инклузивно образование. Градењето подобар образовен систем значи обезбедување можности секое дете, согласно своите потенцијали, да стекне знаења и вештини што ќе му бидат потребни за да биде релевантен и активен учесник во општествениот живот. За оваа цел, избрани се 118 основни училишта, од сите општини во Република Македонија во кои ќе се изведат реконструктивни зафати за подобрување на пристапноста до и во објектите, како и за подобрување на хигиенско – санитарните услови - информираат од МОН.
Тим на Министерството заедно со стручни лица, врз основ на критериуми поврзани со пополнетоста и искористеноста на капацитететите, извршил увид во состојбата во која се наоѓаат и ги одбрало училишните објекти во кои во следниот период ќе се изградат пристапни рампи, ќе се реновираат санитарните јазли и ќе се изведат посебни тоалети за децата со атипичен развој, а во некои училишта ќе се реновираат и внатрешната столарија и подовите. Во оваа активност за создавање на училишта без бариери, Министерството за образование и наука има поддршка од Светска банка, во рамки на новата четиригодишна Стратегија на Банката за партнерство со земјата за периодот 2019-2023 година. Реконструкцијата на училиштата е дел од Проектот за унапредување на основното образование, чија основна цел е да ги подобри условите за учење во основното образование во земјата. Вкупната вредност на проектот изнесува 21,5 милиони евра и истиот се имплементира преку Единица за управување со проектот во рамките на Министерството за образование и наука.

The post МОН: Ќе се реновираат над 100 основни училишта за да се подобрат хигиенско-санитарните услови appeared first on Република.

]]>
Министерството за образование има најголем долг кон ЈСП https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/ministerstvoto-za-obrazovanie-ima-najgolem-dolg-kon-jsp/ Tue, 18 Oct 2022 13:05:53 +0000 https://republika.mk/?p=562557

ЈСП „Скопје“ апелира Владата, општините и сите должници кон претпријатието во најкус можен рок да ги исплатат своите обврски со цел да се овозможи нормално функционирање на претпријатието. Во моментов Владата, односно Министерството за образование и наука има долг кон ЈСП „Скопје“ од 120 милиони денари или околу два милиони евра за бесплатниот превоз на ученици и студентите. Дополнително неколку скопски општини му должат на претпријатието околу 40 милиони денари, соопшти на денешната прес-конференција секретарот на Град Скопје Зоран Глигоров.

Тој информира дека долговите кон ЈСП „Скопје“ се во милиони евра, го оневозможуваат нормалниот работен тек на претпријатието, создаваат проблеми во тековната работа, како исполнување на обврските кои претпријатието ги има кон своите доверители и обврската за исплата на плати кон вработените.

Во услови на економска и енергетска криза кога цените на горивата речиси секојдневно растат, во услови во кои ЈСП „Скопје“ има заостанати долгови наследени од претходните раководства на претпријатието недозволиво е државните институции да се однесуваат игнорантно и да не ги исполнуваат своите обврски, рече Глигоров.

Според него, скопјани заслужуваат квалитетна и редовна услуга, но бидејќи Владата и општините не ги исполнуваат своите обврски кон ЈСП, претпријатието, како што рече, најавува дека од утре, среда, 12 часот ќе отпочне со протест пред Влада се до подмирување на долговите кон ЈСП.

https://republika.mk/vesti/skopje/kje-ostane-li-skopje-bez-javen-prevoz-jsp-utre-izleguva-na-protest-pred-vladata/

The post Министерството за образование има најголем долг кон ЈСП appeared first on Република.

]]>

ЈСП „Скопје“ апелира Владата, општините и сите должници кон претпријатието во најкус можен рок да ги исплатат своите обврски со цел да се овозможи нормално функционирање на претпријатието. Во моментов Владата, односно Министерството за образование и наука има долг кон ЈСП „Скопје“ од 120 милиони денари или околу два милиони евра за бесплатниот превоз на ученици и студентите. Дополнително неколку скопски општини му должат на претпријатието околу 40 милиони денари, соопшти на денешната прес-конференција секретарот на Град Скопје Зоран Глигоров. Тој информира дека долговите кон ЈСП „Скопје“ се во милиони евра, го оневозможуваат нормалниот работен тек на претпријатието, создаваат проблеми во тековната работа, како исполнување на обврските кои претпријатието ги има кон своите доверители и обврската за исплата на плати кон вработените.
Во услови на економска и енергетска криза кога цените на горивата речиси секојдневно растат, во услови во кои ЈСП „Скопје“ има заостанати долгови наследени од претходните раководства на претпријатието недозволиво е државните институции да се однесуваат игнорантно и да не ги исполнуваат своите обврски, рече Глигоров.
Според него, скопјани заслужуваат квалитетна и редовна услуга, но бидејќи Владата и општините не ги исполнуваат своите обврски кон ЈСП, претпријатието, како што рече, најавува дека од утре, среда, 12 часот ќе отпочне со протест пред Влада се до подмирување на долговите кон ЈСП. https://republika.mk/vesti/skopje/kje-ostane-li-skopje-bez-javen-prevoz-jsp-utre-izleguva-na-protest-pred-vladata/

The post Министерството за образование има најголем долг кон ЈСП appeared first on Република.

]]>
Шаќири: Дуалното образование е клучно за поврзување на образовниот систем со пазарот на трудот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/shakjiri-dualnoto-obrazovanie-e-kluchno-za-povrzuvanje-na-obrazovniot-sistem-so-pazarot-na-trudot/ Tue, 27 Sep 2022 12:21:07 +0000 https://republika.mk/?p=554809

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска учествуваше на панел-дискусија во рамки на конференцијата на која Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) за Југоисточна Европа презентираше резултати од истражување спроведено со поддршка на Швајцарија и Австрија со цел детектирање на причините за миграцијата на населението од земјите од Западен Балкан кон поразвиените земји.

Министерство за образование и наука соопшти дека во областа на образованието веќе се спроведуваат низа крупни промени и активности кои кореспондираат со дел од дадените препораки во извештајот.

-Имаме план за реформа на образовниот систем, за да создава поподготвени кадри во иднина. Делуваме преку три аспекти – унапредување на инфраструктурата, набавка на нови наставни програми и учебници и подигнување на мотивацијата за работа на наставниот кадар. Клучно е поврзувањето на образованието со пазарот на трудот и мислам дека најважната активност во тој дел е прифаќањето на концептот на дуално образование. Затоа што овој концепт ги вклучува и компаниите во едукацијата на учениците кои се обучуваат директно на работно место и тоа од една страна овозможува подобра нивна подготовка со практични вештини, а од друга страна компаниите добиваат потенцијална работна сила подготвена за вклучување во работните процеси веднаш по дипломирањето, рече Шаќири.

Министерот потенцираше дека покрај активностите за подобрување на квалитетот на националниот образовен систем, институциите го поддржуваат и образованието на младите и надвор од границите на својата земја, преку доделување стипендии за студирање на најдобрите светски универзитети, преку можности кои ги обезбедуваат билатералните договори со други земји, како и преку учество во програмите за образование и наука на ЕУ – Еразмус и Хоризонт.

– Очекувањата ни се младите во својата земја да го применуваат стекнатото знаење и искуство, да и возвратат за дадените можности и да помогнат во нејзиниот развој заради подобра нивна иднина и заради иднина на нивните деца тука, истакна Шаќири, додавајќи дека грижа се води и за повозрасните граѓани да можат да се обучат, доквалификуваат или преквалификуваат за полесно да се снајдат на пазарот на трудот.

Извештајот на ОЕЦД го презентираше претставникот на организацијата за Југоисточна Европа, Анита Рихтер, а се обратија и амбасадорите на Швајцарија и Австрија во Скопје, Вероник Улман и Георг Вуцас, и заменик-претседателот на Владата за економски прашања Фатмир Битиќи, додека на панел-дискусиите учествуваа повеќе други експерти и претставници на земјите од регионот.

The post Шаќири: Дуалното образование е клучно за поврзување на образовниот систем со пазарот на трудот appeared first on Република.

]]>

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска учествуваше на панел-дискусија во рамки на конференцијата на која Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) за Југоисточна Европа презентираше резултати од истражување спроведено со поддршка на Швајцарија и Австрија со цел детектирање на причините за миграцијата на населението од земјите од Западен Балкан кон поразвиените земји. Министерство за образование и наука соопшти дека во областа на образованието веќе се спроведуваат низа крупни промени и активности кои кореспондираат со дел од дадените препораки во извештајот.
-Имаме план за реформа на образовниот систем, за да создава поподготвени кадри во иднина. Делуваме преку три аспекти – унапредување на инфраструктурата, набавка на нови наставни програми и учебници и подигнување на мотивацијата за работа на наставниот кадар. Клучно е поврзувањето на образованието со пазарот на трудот и мислам дека најважната активност во тој дел е прифаќањето на концептот на дуално образование. Затоа што овој концепт ги вклучува и компаниите во едукацијата на учениците кои се обучуваат директно на работно место и тоа од една страна овозможува подобра нивна подготовка со практични вештини, а од друга страна компаниите добиваат потенцијална работна сила подготвена за вклучување во работните процеси веднаш по дипломирањето, рече Шаќири.
Министерот потенцираше дека покрај активностите за подобрување на квалитетот на националниот образовен систем, институциите го поддржуваат и образованието на младите и надвор од границите на својата земја, преку доделување стипендии за студирање на најдобрите светски универзитети, преку можности кои ги обезбедуваат билатералните договори со други земји, како и преку учество во програмите за образование и наука на ЕУ – Еразмус и Хоризонт.
– Очекувањата ни се младите во својата земја да го применуваат стекнатото знаење и искуство, да и возвратат за дадените можности и да помогнат во нејзиниот развој заради подобра нивна иднина и заради иднина на нивните деца тука, истакна Шаќири, додавајќи дека грижа се води и за повозрасните граѓани да можат да се обучат, доквалификуваат или преквалификуваат за полесно да се снајдат на пазарот на трудот.
Извештајот на ОЕЦД го презентираше претставникот на организацијата за Југоисточна Европа, Анита Рихтер, а се обратија и амбасадорите на Швајцарија и Австрија во Скопје, Вероник Улман и Георг Вуцас, и заменик-претседателот на Владата за економски прашања Фатмир Битиќи, додека на панел-дискусиите учествуваа повеќе други експерти и претставници на земјите од регионот.

The post Шаќири: Дуалното образование е клучно за поврзување на образовниот систем со пазарот на трудот appeared first on Република.

]]>
МОН реши по 40 години да го уништи „Мал битолски Монмартр“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/mon-reshi-po-40-godini-da-go-unishti-mal-bitolski-monmartr/ Tue, 23 Aug 2022 13:37:52 +0000 https://republika.mk/?p=543310

Министерството за образование и наука на Македонија по 4О години го затвора Детско ликовно студио „Свети Кирил и Методиј“ Битола, а со тоа култниот светски бренд „Мал битолски Монмартр“ веќе ќе го нема, алармираат Елена Хаџи-Антоновска, Ангела Каранфилова и Славчо Неделковски кои преку социјалните мрежи испратија апел за спас.

Од таму објаснуваат дека откако Управниот Одбор на Детско ликовно студио „Свети Кирил и Методи„ Битола на О5.О5. оваа година донесе Одлука за целосна реорганизација на активностите на Детско ликовно студио „Свети Кирил и Методиј" Битола кое 41 година е организатор на култната и најстарата, по Гинисова книга на рекорди и најголема, светска детска ликовна колонија од Министерството за образование и наука на Македонија со информации дека веќе нема да ја имаат нивната поддршка.

Иако 3О години министерството обезбедуваше само една плата за едно лице, технички секретар, и електрична енергија сега по „ничија грешка“ се констатира незаконитост во таа активност и веднаш се прекинуваат сите форми на финансирање. Цинична сума од 6О.ООО денари месечно која нас не одржуваше во живот, а годишно 8О деца ги правеше ликовни уметници и амбасадори на својата земја низ светот. Ученици од 5 до 2О годишна возраст кои бесплатно ликовно се едуцираа и го развиваа својот талент во нашите простории но и низ детските ликовни колонии од Хонг Конг, па до Португалија, се вели во реакцијата.

Потенцираат дека само изминатите шест месеци нивни ученици на 1О светски детски ликовни конкурси и 5 светски детски ликовни колонии освоија над 85 награди.

И така нив денес ќе им соопшиме дека нема настава од септември и ќе им речеме: „Браво и збогум!"

Со ова сме доведени во ситуација во која апелираме сите здраворазумни граѓани и општествено одговорни компании во Македонија да ни помогнат со гест на поддршка и финансиска помош за да опстои единствениот светски детски бренд од Македонија - „Мал битолски Монмартр“, велат од Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј" Битола.

Додаваат дека од утре ќе преземат и конкретни активности со комуникација со своите долгогодишни партнери од цел свет - УНЕСКО - Амбасадите на странските земји во Македонија и Генералните конзулати во Битола како и органите на власт, како што велат било тоа да е локална или државна a кои имаат уши а не „граматички грешки“.

Ние нема да дозволиме нечии „граматички грешки" да доведат до бришење на скоро полувековната историја на Детско ликовно студио „Свети Кирил и Методиј" Битола а од вас бараме само поддршка во форма во која сте во можност да ја обезбедите.  Ние нема да дозволиме ликот и делото на светски реномираниот ликовен педагог Коста Хаџи-Антоновски кој ја постави Македонија на светската мапа да замре поради вашите хирови, велат оттаму.

The post МОН реши по 40 години да го уништи „Мал битолски Монмартр“ appeared first on Република.

]]>

Министерството за образование и наука на Македонија по 4О години го затвора Детско ликовно студио „Свети Кирил и Методиј“ Битола, а со тоа култниот светски бренд „Мал битолски Монмартр“ веќе ќе го нема, алармираат Елена Хаџи-Антоновска, Ангела Каранфилова и Славчо Неделковски кои преку социјалните мрежи испратија апел за спас. Од таму објаснуваат дека откако Управниот Одбор на Детско ликовно студио „Свети Кирил и Методи„ Битола на О5.О5. оваа година донесе Одлука за целосна реорганизација на активностите на Детско ликовно студио „Свети Кирил и Методиј" Битола кое 41 година е организатор на култната и најстарата, по Гинисова книга на рекорди и најголема, светска детска ликовна колонија од Министерството за образование и наука на Македонија со информации дека веќе нема да ја имаат нивната поддршка.
Иако 3О години министерството обезбедуваше само една плата за едно лице, технички секретар, и електрична енергија сега по „ничија грешка“ се констатира незаконитост во таа активност и веднаш се прекинуваат сите форми на финансирање. Цинична сума од 6О.ООО денари месечно која нас не одржуваше во живот, а годишно 8О деца ги правеше ликовни уметници и амбасадори на својата земја низ светот. Ученици од 5 до 2О годишна возраст кои бесплатно ликовно се едуцираа и го развиваа својот талент во нашите простории но и низ детските ликовни колонии од Хонг Конг, па до Португалија, се вели во реакцијата.
Потенцираат дека само изминатите шест месеци нивни ученици на 1О светски детски ликовни конкурси и 5 светски детски ликовни колонии освоија над 85 награди. И така нив денес ќе им соопшиме дека нема настава од септември и ќе им речеме: „Браво и збогум!"
Со ова сме доведени во ситуација во која апелираме сите здраворазумни граѓани и општествено одговорни компании во Македонија да ни помогнат со гест на поддршка и финансиска помош за да опстои единствениот светски детски бренд од Македонија - „Мал битолски Монмартр“, велат од Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј" Битола.
Додаваат дека од утре ќе преземат и конкретни активности со комуникација со своите долгогодишни партнери од цел свет - УНЕСКО - Амбасадите на странските земји во Македонија и Генералните конзулати во Битола како и органите на власт, како што велат било тоа да е локална или државна a кои имаат уши а не „граматички грешки“.
Ние нема да дозволиме нечии „граматички грешки" да доведат до бришење на скоро полувековната историја на Детско ликовно студио „Свети Кирил и Методиј" Битола а од вас бараме само поддршка во форма во која сте во можност да ја обезбедите.  Ние нема да дозволиме ликот и делото на светски реномираниот ликовен педагог Коста Хаџи-Антоновски кој ја постави Македонија на светската мапа да замре поради вашите хирови, велат оттаму.

The post МОН реши по 40 години да го уништи „Мал битолски Монмартр“ appeared first on Република.

]]>
Денес се очекува конечен договор меѓу СОНК, МОН и МТСП https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/denes-se-ochekuva-konechen-dogovor-megju-sonk-mon-i-mtsp/ Tue, 17 May 2022 09:16:34 +0000 https://republika.mk/?p=503251

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) во рамки на преговарачкиот процес со медијација, денеска од 13.30 часот ќе има средба со претставници на Министерството за труд и социјална политика, а од 16 часот се очекува и средба со Министерството за образование и наука, потврди за МИА претседателот на Синдикатот Јаким Неделков.

Претходната средба на синдикалците со МОН беше во петокот, кога се преговараше за колективните договори во основно и средно образование, а со МТСП средба имаа во четвртокот кога двете страни разговараа за формирање работна група за нов колективен договор за предучилишните установи, зашто важноста на актуелниот истекува со јуни.

За денеска со МОН се очекува да се разговара и за процентот за зголемување на платите.

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска изјави дека ќе направат напори да се постигне договор бидејќи вторите десет дена од рокот за решавање на спорот со медијација завршуваат утре или задутре.

Ние ќе направиме напори денеска да се постигне договор зашто за многу теми од разговорот сме дојдени блиску до решение на проблемот. Во текот на денот да најдеме решение заедно со помирувачот и двете страни кои сме во преговори да ги прифатиме препораките кои ќе дојдат од страна на помирувачот, рече Шаќири, одговарајќи на новинарско прашање по потпишувањето договор за грант со Банката за развој при Советот за реконструкција на 30 спортски сали во основни и средни училишта.

Преговорачките средби на Синдикатот со двете министерства се одржуваат во рамки на дополнителниот десетдневен рок за помирување, откако на 8 мај истече периодот од првите десет дена за мирно решавање на спорот со медијатор.

Генералниот штрајк кој почна на 11 април, беше ставен во мирување на 28 април кога СОНК беше известен од МТСП за законската одредба од најмногу 20 дена за помирување. Синдикалниот лидер Јаким Неделков тогаш соопшти дека штрајкот ќе биде повторно активиран доколку не ги усогласат ставовите со Владата односно со ресорните министерства.

The post Денес се очекува конечен договор меѓу СОНК, МОН и МТСП appeared first on Република.

]]>

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) во рамки на преговарачкиот процес со медијација, денеска од 13.30 часот ќе има средба со претставници на Министерството за труд и социјална политика, а од 16 часот се очекува и средба со Министерството за образование и наука, потврди за МИА претседателот на Синдикатот Јаким Неделков. Претходната средба на синдикалците со МОН беше во петокот, кога се преговараше за колективните договори во основно и средно образование, а со МТСП средба имаа во четвртокот кога двете страни разговараа за формирање работна група за нов колективен договор за предучилишните установи, зашто важноста на актуелниот истекува со јуни. За денеска со МОН се очекува да се разговара и за процентот за зголемување на платите. Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска изјави дека ќе направат напори да се постигне договор бидејќи вторите десет дена од рокот за решавање на спорот со медијација завршуваат утре или задутре.
Ние ќе направиме напори денеска да се постигне договор зашто за многу теми од разговорот сме дојдени блиску до решение на проблемот. Во текот на денот да најдеме решение заедно со помирувачот и двете страни кои сме во преговори да ги прифатиме препораките кои ќе дојдат од страна на помирувачот, рече Шаќири, одговарајќи на новинарско прашање по потпишувањето договор за грант со Банката за развој при Советот за реконструкција на 30 спортски сали во основни и средни училишта.
Преговорачките средби на Синдикатот со двете министерства се одржуваат во рамки на дополнителниот десетдневен рок за помирување, откако на 8 мај истече периодот од првите десет дена за мирно решавање на спорот со медијатор. Генералниот штрајк кој почна на 11 април, беше ставен во мирување на 28 април кога СОНК беше известен од МТСП за законската одредба од најмногу 20 дена за помирување. Синдикалниот лидер Јаким Неделков тогаш соопшти дека штрајкот ќе биде повторно активиран доколку не ги усогласат ставовите со Владата односно со ресорните министерства.

The post Денес се очекува конечен договор меѓу СОНК, МОН и МТСП appeared first on Република.

]]>
СОНК и МОН на нова преговарачка средба, денеска се очекува конечно решение https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sonk-i-mon-na-nova-pregovarachka-sredba-deneska-se-ochekuva-konechno-reshenie/ Fri, 13 May 2022 06:21:25 +0000 https://republika.mk/?p=501693

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) и Министерството за образование и наука денеска попладне треба да имаат нова средба на која ќе се разговара за процентот на зголемување на платите. По завчерашната, Синдикатот соопшти дека на средбата закажана за денеска очекува да се постигне конечно усогласување на ставовите за ова прашање, како и за колективните договори за основно и средно образование и временска рамка за изработка, потпишување и нивна примена.

Нова преговарачка средба на СОНК со Министерството за труд и социјална политика за отворените прашања во дејноста детска заштита, пак, е договорена за 17 мај откако на вчерашната средба двете страни разговарале за формирање работна група за нов колективен договор за предучилишните установи, зашто важноста на актуелниот истекува со јуни.

МТСП по средбата информираше дека било разговарано и за барањата кои се дел од одлуката за штрајк на вработените во градинките и прашањето за платите на вработените за време на штрајк.

Повикувајќи се на одредбите на Законот за работни односи и Колективниот договор за предучилишните јавни установи, ставот на МТСП е дека на учесниците на штрајкот работодавецот е должен да им уплатува придонеси и даноци од плата, утврдени со посебните прописи, на минималната основица за плаќање на придонесите. Организаторот на штрајкот, пак, од свои средства да им обезбеди надомест на нето-плата за време на штрајк на работниците кои учествувале во штрајкот.

Преговорачките средби на Синдикатот со двете министерства се одржуваат во рамки на дополнителниот десетдневен рок за помирување, откако во неделата истече периодот од првите десет дена за мирно решавање на спорот со медијатор.

Генералниот штрајк кој почна на 11 април, беше ставен во мирување на 28 април кога СОНК беше известен од МТСП за законската одредба од најмногу 20 дена за помирување. Синдикалниот лидер Јаким Неделков тогаш соопшти дека штрајкот ќе биде повторно активиран доколку не ги усогласат ставовите со Владата односно со ресорните министерства.

Синдикатот го организираше штрајкот со барање веднаш да се зголемат платите на вработените во образованието и градинките за 18,4 проценти, односно да се усогласат со порастот на минималната плата, која од март е зголемена од 15.200 на 18.000 денари, и дополнително – минималната плата да биде основица со која ќе се множат коефициентите на сложеност на работни места. Покрај процент за зголемување на платите, на преговарачката маса се и колективните договори во дејностите што ги покрива Синдикатот.

СОНК најпрво одби 10 отсто зголемување на платите на вработените во градинките и во образовните установи, а членството на Синдикатот не ги прифати ни 12 проценти покачување што ги понуди Владата.

The post СОНК и МОН на нова преговарачка средба, денеска се очекува конечно решение appeared first on Република.

]]>

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) и Министерството за образование и наука денеска попладне треба да имаат нова средба на која ќе се разговара за процентот на зголемување на платите. По завчерашната, Синдикатот соопшти дека на средбата закажана за денеска очекува да се постигне конечно усогласување на ставовите за ова прашање, како и за колективните договори за основно и средно образование и временска рамка за изработка, потпишување и нивна примена. Нова преговарачка средба на СОНК со Министерството за труд и социјална политика за отворените прашања во дејноста детска заштита, пак, е договорена за 17 мај откако на вчерашната средба двете страни разговарале за формирање работна група за нов колективен договор за предучилишните установи, зашто важноста на актуелниот истекува со јуни. МТСП по средбата информираше дека било разговарано и за барањата кои се дел од одлуката за штрајк на вработените во градинките и прашањето за платите на вработените за време на штрајк. Повикувајќи се на одредбите на Законот за работни односи и Колективниот договор за предучилишните јавни установи, ставот на МТСП е дека на учесниците на штрајкот работодавецот е должен да им уплатува придонеси и даноци од плата, утврдени со посебните прописи, на минималната основица за плаќање на придонесите. Организаторот на штрајкот, пак, од свои средства да им обезбеди надомест на нето-плата за време на штрајк на работниците кои учествувале во штрајкот. Преговорачките средби на Синдикатот со двете министерства се одржуваат во рамки на дополнителниот десетдневен рок за помирување, откако во неделата истече периодот од првите десет дена за мирно решавање на спорот со медијатор. Генералниот штрајк кој почна на 11 април, беше ставен во мирување на 28 април кога СОНК беше известен од МТСП за законската одредба од најмногу 20 дена за помирување. Синдикалниот лидер Јаким Неделков тогаш соопшти дека штрајкот ќе биде повторно активиран доколку не ги усогласат ставовите со Владата односно со ресорните министерства. Синдикатот го организираше штрајкот со барање веднаш да се зголемат платите на вработените во образованието и градинките за 18,4 проценти, односно да се усогласат со порастот на минималната плата, која од март е зголемена од 15.200 на 18.000 денари, и дополнително – минималната плата да биде основица со која ќе се множат коефициентите на сложеност на работни места. Покрај процент за зголемување на платите, на преговарачката маса се и колективните договори во дејностите што ги покрива Синдикатот. СОНК најпрво одби 10 отсто зголемување на платите на вработените во градинките и во образовните установи, а членството на Синдикатот не ги прифати ни 12 проценти покачување што ги понуди Владата.

The post СОНК и МОН на нова преговарачка средба, денеска се очекува конечно решение appeared first on Република.

]]>
СОНК и Министерствотo не се договорија, продолжуваат преговорите за уште десет дена https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sonk-i-ministerstvoto-ne-se-dogovorija-prodolzuvaat-pregovorite-za-ushte-deset-dena/ Sun, 08 May 2022 17:54:02 +0000 https://republika.mk/?p=499606

Денеска се одржа последната работна средба помеѓу Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) и Министерството за образование и наука закажана од овластениот помирувач.

На средбата бил донесен заклучокот дека двете страни на колективниот работен спор имаат потреба од поголем временски период од 10 дена со оглед на фактот дека преговорите оделе во нагорна линија.

„На денешниот состанок двете страни ја утврдија содржината на препораката според која предвидено е во дополнителните 10 дена да се утврди процентот на усогласување на платите, како и дефинирање на крајни рокови за склучување на нови колективни договори за основно и средно образование“, се вели во соопштение од Синдикатот за наука, образование и култура.

„Содржината на препораката се утврдува со цел во понатамошните преговарања да не се почнува одново туку од каде што е постигната согласност“, додаваат оттаму.

The post СОНК и Министерствотo не се договорија, продолжуваат преговорите за уште десет дена appeared first on Република.

]]>

Денеска се одржа последната работна средба помеѓу Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) и Министерството за образование и наука закажана од овластениот помирувач. На средбата бил донесен заклучокот дека двете страни на колективниот работен спор имаат потреба од поголем временски период од 10 дена со оглед на фактот дека преговорите оделе во нагорна линија.
„На денешниот состанок двете страни ја утврдија содржината на препораката според која предвидено е во дополнителните 10 дена да се утврди процентот на усогласување на платите, како и дефинирање на крајни рокови за склучување на нови колективни договори за основно и средно образование“, се вели во соопштение од Синдикатот за наука, образование и култура.
„Содржината на препораката се утврдува со цел во понатамошните преговарања да не се почнува одново туку од каде што е постигната согласност“, додаваат оттаму.

The post СОНК и Министерствотo не се договорија, продолжуваат преговорите за уште десет дена appeared first on Република.

]]>
Неделков: Попладнево почнуваат преговори меѓу СОНК и МОН, не сме ги прифатиле понудените 12% https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nedelkov-popladnevo-pochnuvaat-pregovori-megju-sonk-i-mon-ne-sme-gi-prifatile-ponudenite-12/ Fri, 29 Apr 2022 11:44:42 +0000 https://republika.mk/?p=495243

Тоа што денеска продолжи наставниот процес не значи дека сме ги прифатиле понудените 12 проценти, рече на денешната прес-конференција претседателот на Синдикатот за образование, наука и култура Јаким Неделков, кој најави дека денска продолжуваат преговорите со Министерството за образование.

Ние не прифативме ништо затоа што така одлучи членството на СОНК и на некој начин повторно се наоѓаме на почеток на преговорите. Со помош на овластен помирувач ќе се обидеме да ги добиеме бараните 18,4 проценти зголемување на платата, нов колективен договор и континуирано зголемување на платите за 2023 и 2024 година, изјави Неделков.

The post Неделков: Попладнево почнуваат преговори меѓу СОНК и МОН, не сме ги прифатиле понудените 12% appeared first on Република.

Се огласи Министерството за обазование: Спремни сме за продолжување на преговорите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/se-oglasi-ministerstvoto-za-obazovanie-spremni-sme-za-prodolzuvanje-na-pregovorite/ Thu, 28 Apr 2022 17:05:36 +0000 https://republika.mk/?p=494920

Министерството за образование и наука ја поздравува денешната одлука наСОНК за мирување на штрајкот, која пред сé е во интерес на учениците и континуитетна процесот на образование и со која се обезбедува уставно загарантираното право на образование на децата.

Тргнувајќи од итноста за заштита на јавниот интерес на граѓаните, правото на образование и последиците кои можат да настанат во случај кога овој процес е прекинат, а воедно земајќи ги предвид и барањата на СОНК, Министерството за образование и наука постапи согласно Законот за мирно решавање на работните спорови и во текот на денешниот ден упати барање до Министерството за труд и социјална политика за одредување на помирувач во овој процес.

Со оваа одлука,Министерството за образование и наука ја искажува спремноста за продолжување на процесот на преговори со социјалните партнери и изнаоѓање на најдоброто решение за сите во овој случај.

Министерството, односно Владата, се и ќе бидат партнери на синдикалните организации, преку обезбедување на социјален дијалог со цел унапредување на работничките права на граѓаните на Република Македонија и во тој процес сме отворени за континуирана соработка и размена на мислења и ставови, чија цел ќепридонесе кон подобри работни услови и мотивирани просветни работници, што ќе влијае и на зголемување на квалитетот на образованието.

The post Се огласи Министерството за обазование: Спремни сме за продолжување на преговорите appeared first on Република.

Шаќири: Времето за штрајкот на СОНК не е соодветно https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/shakjiri-vremeto-za-shtrajkot-na-sonk-ne-e-soodvetno/ Mon, 11 Apr 2022 17:50:02 +0000 https://republika.mk/?p=486953

Министерот за образование и наука, Јетон Шаќири информира дека досега имале работни групи и три состаноци со СОНК, но дека не се дошло до преговори.

-Го разбирам проблемот, но никогаш на ниту еден состанок ниту член или јас како министер не сме кажале дека просветните не заслужуваат повисоки плати. Ќе треба да ја разгледаме можноста како да го решиме проблемот. Разбирам дека последните месеци имаме економски движења, но кога доаѓа крајот на денот секој гледа колку добива, иако мерките се поздравени. Сите средства досега преземени од Владата може да ги пренасочи во друга насока. Затоа викам дека во овој процес и преговори ќе продолжиме. Мислам дека во текот на деновиве ги разгледуваме сите можности и податоци. Сметам дека ќе треба да земеме во предвид одредени варијабли. Не сме во најдобра економска ситуација. Ќе видиме дали има пари во Буџетот. Сакаме да помогнеме на сите, вели Шаќири во емисијата „Топ тема“.

Министерот додаде дека сите имаат непредвидени трошоци во моментов.

-Мораме да најдеме решение. Времето за штрајк не е соодветно. Првпат имаме штрајк во овој месец поради тоа што доаѓа крајот на учебната година. Поразлично е да се има штрајк на почеток на учебна година, појаснува Шаќири.

The post Шаќири: Времето за штрајкот на СОНК не е соодветно appeared first on Република.