Министерство за образование и наука Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ministerstvo-za-obrazovanie-i-nauka/ За подобро да се разбереме Thu, 12 Sep 2024 13:09:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Министерство за образование и наука Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ministerstvo-za-obrazovanie-i-nauka/ 32 32 Јаневска се сретна со романската амбасадорка Адела Моника Аксинте https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/janevska-se-sretna-so-romanskata-ambasadorka-adela-monika-aksinte/ Thu, 12 Sep 2024 13:09:14 +0000 https://republika.mk/?p=815774

За продлабочување на соработката во областа на образованието и науката помеѓу Македонија и Романија преку нови заеднички иницијативи за поврзување на образовни установи, размена на ученици, студенти и наставно - научен кадар, денеска разговараа министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска и романската амбасадорка Адела Моника Аксинте.

Јаневска и Аксинте особено се осврнаа на можностите во иднина да се доделуваат стипендии за изучување на македонскиот и на романскиот јазик, литература, култура и цивилизација на Универзитетот во Букурешт, односно на Лекторатот за романски јазик при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Изразувајќи благодарност до амбасадорката за заложбите за понатамошен развој на добрите билатерални односи, министерката Јаневска укажа дека соработката со Романија е од национален интерес и очекува исполнување на одредбите од протоколот за соработка кој двете држави го потпишаа во 2023 година.

The post Јаневска се сретна со романската амбасадорка Адела Моника Аксинте appeared first on Република.

]]>

За продлабочување на соработката во областа на образованието и науката помеѓу Македонија и Романија преку нови заеднички иницијативи за поврзување на образовни установи, размена на ученици, студенти и наставно - научен кадар, денеска разговараа министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска и романската амбасадорка Адела Моника Аксинте. Јаневска и Аксинте особено се осврнаа на можностите во иднина да се доделуваат стипендии за изучување на македонскиот и на романскиот јазик, литература, култура и цивилизација на Универзитетот во Букурешт, односно на Лекторатот за романски јазик при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Изразувајќи благодарност до амбасадорката за заложбите за понатамошен развој на добрите билатерални односи, министерката Јаневска укажа дека соработката со Романија е од национален интерес и очекува исполнување на одредбите од протоколот за соработка кој двете држави го потпишаа во 2023 година.

The post Јаневска се сретна со романската амбасадорка Адела Моника Аксинте appeared first on Република.

]]>
МОН и УНДП ќе продолжат да ги унапредуваат политиките за обезбедување можности за образование за сите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mon-i-undp-ke-prodolzhat-da-gi-unapreduvaat-politikite-za-obezbeduvane-mozhnosti-za-obrazovanie-za-site/ Fri, 19 Jul 2024 13:43:22 +0000 https://republika.mk/?p=798495

Министерството за образование и наука и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) ќе ја продолжат добрата соработка во областа на образованието со особен фокус на обезбедувањето квалитетна поддршка за учениците со попреченост, како и образованието на возрасните.

Ова беше потврдено на денешната средба помеѓу министерката за образование и наука Весна Јаневска и постојаниот претставник на УНДП во Македонија, Армен Григорјан, на која соговорниците разговараа за тековните состојби во образованието, отпочнатите и планираните активности во насока на подигнување на стандардите на услугите за граѓаните.

Министерката Јаневска напомена дека промени веќе се случуваат во сите сегменти на образованието, додека пак, Григорјан потврди дека УНДП ќе продолжи да обезбедува поддршка за проектите кои заеднички се реализираат, а ќе се заложат и за стимулација на младите за избор на образование во т.н. СТЕМ области (наука, технологија, инженерство и математика), соопштија од Министерство за образование и наука.

 

The post МОН и УНДП ќе продолжат да ги унапредуваат политиките за обезбедување можности за образование за сите appeared first on Република.

]]>

Министерството за образование и наука и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) ќе ја продолжат добрата соработка во областа на образованието со особен фокус на обезбедувањето квалитетна поддршка за учениците со попреченост, како и образованието на возрасните. Ова беше потврдено на денешната средба помеѓу министерката за образование и наука Весна Јаневска и постојаниот претставник на УНДП во Македонија, Армен Григорјан, на која соговорниците разговараа за тековните состојби во образованието, отпочнатите и планираните активности во насока на подигнување на стандардите на услугите за граѓаните.
Министерката Јаневска напомена дека промени веќе се случуваат во сите сегменти на образованието, додека пак, Григорјан потврди дека УНДП ќе продолжи да обезбедува поддршка за проектите кои заеднички се реализираат, а ќе се заложат и за стимулација на младите за избор на образование во т.н. СТЕМ области (наука, технологија, инженерство и математика), соопштија од Министерство за образование и наука.
 

The post МОН и УНДП ќе продолжат да ги унапредуваат политиките за обезбедување можности за образование за сите appeared first on Република.

]]>
Јаневска: Mора да креираме Национална стратегија за образование, за која ќе има политички консензус https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/janevska-mora-da-kreirame-natsionalna-strategija-za-obrazovanie-za-koja-ke-ima-politichki-konsenzus/ Tue, 02 Jul 2024 09:17:35 +0000 https://republika.mk/?p=792663

На државата и е потребна Национална стратегија за образование во која ќе се постават принципи за создавање на квалитетен образовен систем во Македонија и ова е една од целите во нашата програма. Тоа ќе биде документ кој ќе го прифатат сите или повеќето политички субјекти и на некој начин ќе биде работна програма за подигнување на квалитетот на образованието. Доколку постигнеме таков консензус, би било добро тој документ да го прифати и Собранието.

Ова го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска во емисијата 360 на МТВ, каде говореше за состојбите во образованието и за приоритетите на кои ќе се фокусира за време на мандатот.

Таа посочи дека на самиот почеток детектирала многу проблеми кои мора итно да се надминат. Затоа, како што рече, немаме време да се фокусираме само на еден или неколку елементи, туку повеќе промени ќе се одвиваат паралелно во основното, средното и високото образование.

Информираше дека во соработка со другите надлежни институции се заложува за обезбедување учебници за сите ученици во основните училишта, имајќи предвид дека во време на претходната Влада не е испечатен ниту еден учебник за седмо одделение, а 90% не се ниту одобрени, иако во јавноста се презентирале поинакви состојби. Повтори и дека заедно со Бирото за развој на образованието ќе се ревидира Концепцијата за основно образование.

Работа на училиштата во една смена и целодневна настава за учениците е исто така во фокусот на политиките на новата министерка за образование и наука.

 

The post Јаневска: Mора да креираме Национална стратегија за образование, за која ќе има политички консензус appeared first on Република.

]]>

На државата и е потребна Национална стратегија за образование во која ќе се постават принципи за создавање на квалитетен образовен систем во Македонија и ова е една од целите во нашата програма. Тоа ќе биде документ кој ќе го прифатат сите или повеќето политички субјекти и на некој начин ќе биде работна програма за подигнување на квалитетот на образованието. Доколку постигнеме таков консензус, би било добро тој документ да го прифати и Собранието. Ова го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска во емисијата 360 на МТВ, каде говореше за состојбите во образованието и за приоритетите на кои ќе се фокусира за време на мандатот. Таа посочи дека на самиот почеток детектирала многу проблеми кои мора итно да се надминат. Затоа, како што рече, немаме време да се фокусираме само на еден или неколку елементи, туку повеќе промени ќе се одвиваат паралелно во основното, средното и високото образование. Информираше дека во соработка со другите надлежни институции се заложува за обезбедување учебници за сите ученици во основните училишта, имајќи предвид дека во време на претходната Влада не е испечатен ниту еден учебник за седмо одделение, а 90% не се ниту одобрени, иако во јавноста се презентирале поинакви состојби. Повтори и дека заедно со Бирото за развој на образованието ќе се ревидира Концепцијата за основно образование. Работа на училиштата во една смена и целодневна настава за учениците е исто така во фокусот на политиките на новата министерка за образование и наука.  

The post Јаневска: Mора да креираме Национална стратегија за образование, за која ќе има политички консензус appeared first on Република.

]]>