министерство за локална самоуправа Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ministerstvo-za-lokalna-samouprava/ За подобро да се разбереме Wed, 26 Jun 2024 14:35:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png министерство за локална самоуправа Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ministerstvo-za-lokalna-samouprava/ 32 32 Перински се сретна со градоначалникот на Гази Баба, Стефковски https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/perinski-se-sretna-so-gradonachalnikot-na-gazi-baba-stefkovski/ Wed, 26 Jun 2024 14:18:42 +0000 https://republika.mk/?p=791032

Денес започнав со средби со градоначалниците, како дел од мојата работна агенда.
Денес се сретнав со градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски при што се разговаравме за досегашната соработка на општината со централната власт и за динамиката и начинот на соработка во иднина.
Се разговараше за развојните потенцијали на општините и подобрување на условите за живеење на граѓаните, за што се сложивме дека е можно да се оствари само преку заедничка соработка помеѓу централната и локалната власт.
Во таа смисла, посочив дека соработката со локалната самоуправа е високо на агендата на новата влада и се планира голем дел од капиталните проекти коишто ги адресираат потребите на граѓаните да бидат реализирани преку општините во следниот период - објави министерот за локална самоуправа, Златко Перински

The post Перински се сретна со градоначалникот на Гази Баба, Стефковски appeared first on Република.

]]>

Денес започнав со средби со градоначалниците, како дел од мојата работна агенда. Денес се сретнав со градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски при што се разговаравме за досегашната соработка на општината со централната власт и за динамиката и начинот на соработка во иднина. Се разговараше за развојните потенцијали на општините и подобрување на условите за живеење на граѓаните, за што се сложивме дека е можно да се оствари само преку заедничка соработка помеѓу централната и локалната власт. Во таа смисла, посочив дека соработката со локалната самоуправа е високо на агендата на новата влада и се планира голем дел од капиталните проекти коишто ги адресираат потребите на граѓаните да бидат реализирани преку општините во следниот период - објави министерот за локална самоуправа, Златко Перински

The post Перински се сретна со градоначалникот на Гази Баба, Стефковски appeared first on Република.

]]>
Трошоците за енергија на општините зголемени за една милијарда во однос на лани https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/troshocite-za-energija-na-opshtinite-zgolemeni-za-edna-milijarda-vo-odnos-na-lani/ Sun, 18 Dec 2022 09:15:04 +0000 https://republika.mk/?p=587111

Според анализата направена заедно со УНДП за функционирањето на општините во оваа криза, во сите општини во земјава вкупните трошоци за енергија во периодот јануари-септември 2022 година споредени со истиот период минатата година се зголемени за една милијарда денари, што во споредба со вкупните приходи коишто изнесуваат околу 40 милијарди денари претставува голем трошок, изјави во интервју за МИА, министерот за локална самоуправа, Ристо Пенов.

Општините овој трошок го префрлиле во намалување на капиталните инвестиции и тоа уште повеќе ги зголемува трошоците. Згора на тоа, според анализата, со дополнителни 800 милиони денари општините ги зголемиле своите долгови и ги издигнале на ниво 4.2 милијарди денари, што во однос на 40 милијарди приходи е повеќе од 10 проценти, потенцира Пенов.

Според него, трошоци за енергија на општините е зголемена за една милијарда во однос на лани, а од друга страна капиталните инвестиции се намалени за 1,9 милијарди денари.

Тоа е скоро, дупло. Каде е потрошена таа дополнителна милијарда, во некои неекономски, неефикасни мерки, проекти, подвлече Пенов.

Тој додаде дека оваа ситуација говори за лош менаџмент од страна на овие општински раководства во оваа година.

Сето тоа говори за еден многу лош менаџерски однос на, не сакам да речам само градоначалниците, туку и советите и управите во општините, заклучува министерот Пенов.

Тој вели дека околу ова прашање не би можело да се предложи брзо решение, затоа што, како што вели, процесот на децентрализација се регулира со закон што се носи со двотретинско мнозинство и во оваа состојба на блокада на Парламентот, анализите и предлозите што се прават со УНДП, со УСАИД и со помош на Швајцарската амбасада, не можат да бидат изнесени во јавност, бидејќи „би изгореле“ во јавната дебата без да можеме да добиеме или да очекуваме некаков ефект во Собранието.

The post Трошоците за енергија на општините зголемени за една милијарда во однос на лани appeared first on Република.

Милевски му ја предаде функцијата на Пенов https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/milevski-mu-ja-predade-funkcijata-na-penov/ Sat, 29 Oct 2022 07:32:07 +0000 https://republika.mk/?p=567013

Во Министерството за локална самоуправа вчера попладне е направено формално примопредавање на должноста министер за локална самоуправа. По изборот во Собранието, новиот министер за локална самоуправа Ристо Пенов во кабинетот беше пречекан од досегашниот министер, Горан Милевски.

Како што соопштија од МЛС, на средбата се разговараше за реализацијата на тековните проекти на Министерството за локална самоуправа за имплементација на политиките за локален и регионален развој, за спроведувањето на ИПА Програмите за прекугранична соработка, како и за финансиската поддршка на општините и на планските региони што се реализира од буџетските програми на Министерството за локална самоуправа и на Бирото за регионален развој.

The post Милевски му ја предаде функцијата на Пенов appeared first on Република.

]]>

Во Министерството за локална самоуправа вчера попладне е направено формално примопредавање на должноста министер за локална самоуправа. По изборот во Собранието, новиот министер за локална самоуправа Ристо Пенов во кабинетот беше пречекан од досегашниот министер, Горан Милевски. Како што соопштија од МЛС, на средбата се разговараше за реализацијата на тековните проекти на Министерството за локална самоуправа за имплементација на политиките за локален и регионален развој, за спроведувањето на ИПА Програмите за прекугранична соработка, како и за финансиската поддршка на општините и на планските региони што се реализира од буџетските програми на Министерството за локална самоуправа и на Бирото за регионален развој.

The post Милевски му ја предаде функцијата на Пенов appeared first on Република.

]]>
Министерство за локална самоуправа демантира дека потрошило за 79 отсто повеќе струја во септември оваа година во споредба со септември лани https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ministerstvo-za-lokalna-samouprava-demantira-deka-potroshilo-za-79-otsto-povekje-struja-vo-septemvri-ovaa-godina-vo-sporedba-so-septemvri-lani/ Wed, 19 Oct 2022 18:26:57 +0000 https://republika.mk/?p=563273

Демант од Министерство за локална самоуправа

Информацијата што денес ја објавија повеќе медиуми повикувајќи се на официјални податоци од Владата дека Министерството за локална самоуправа потрошило за 79 отсто повеќе струја во септември оваа година во споредба со септември лани, содржи неточни и невистинити податоци.

Веста, за жал, се заснова на погрешни податоци содржани во официјалната Информација со споредбена анализа за потрошена електрична енергија од државните институции која беше усвоена на вчерашната седница на Владата. Според таа информација, Министерството за локална самоуправа во септември оваа година потрошило 14.908 киловатчасови, што е неточен податок.

Според евиденцијата во книговодството на Министерството за локална самоуправа – доставените фактури од ЕВН за периодот од 01.09.2022 до 30.09.2022 година министерството потрошило вкупно 4701,45 киловатчасови електрична енергија, а во споредбениот период од 01.09. до 30.09.2021 вкупно 8245 киловатчасови.

Тоа е значајно намалување или заштеда за 43 отсто електрична енергија, што го вбројува министерството во државните институции и министерства кои заштедиле најмногу.

The post Министерство за локална самоуправа демантира дека потрошило за 79 отсто повеќе струја во септември оваа година во споредба со септември лани appeared first on Република.

]]>

Демант од Министерство за локална самоуправа Информацијата што денес ја објавија повеќе медиуми повикувајќи се на официјални податоци од Владата дека Министерството за локална самоуправа потрошило за 79 отсто повеќе струја во септември оваа година во споредба со септември лани, содржи неточни и невистинити податоци. Веста, за жал, се заснова на погрешни податоци содржани во официјалната Информација со споредбена анализа за потрошена електрична енергија од државните институции која беше усвоена на вчерашната седница на Владата. Според таа информација, Министерството за локална самоуправа во септември оваа година потрошило 14.908 киловатчасови, што е неточен податок. Според евиденцијата во книговодството на Министерството за локална самоуправа – доставените фактури од ЕВН за периодот од 01.09.2022 до 30.09.2022 година министерството потрошило вкупно 4701,45 киловатчасови електрична енергија, а во споредбениот период од 01.09. до 30.09.2021 вкупно 8245 киловатчасови. Тоа е значајно намалување или заштеда за 43 отсто електрична енергија, што го вбројува министерството во државните институции и министерства кои заштедиле најмногу.

The post Министерство за локална самоуправа демантира дека потрошило за 79 отсто повеќе струја во септември оваа година во споредба со септември лани appeared first on Република.

]]>
Ковачевски: Во Владата ќе се менува само министерот за локална самоуправа https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-vo-vladata-kje-se-menuva-samo-ministerot-za-lokalna-samouprava/ Mon, 03 Oct 2022 12:38:13 +0000 https://republika.mk/?p=556846

Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека во Владата ќе има промена само на министерското место за локална самоуправа, но не и на челните места на други министерства.

Ви кажав, смена ќе има во Министерство за локална самоуправа, со оглед на тоа дека имаме оставка на министерот. Нема друг план. Друго нема во план, рече премиерот Ковачевски, кој денеска присуствуваше на првиот академски час на Економскиот факултет при УКИМ во Скопје.

На забелешката дека функционери на СДСМ најавиле „мали промени“ во Владата, Ковачевски потенцира дека станува збор за „многу мали промени“.

Јас сметам дека ќе бидат многу мали, со оглед на тоа што Владата функционира во полн капацитет и ги извршува своите обврски и ја реализира Програмата така како што е договорено, рече премиерот.

За тоа кога ќе биде изборот на новиот министер за локална самоуправа, Ковачевски рече дека тоа треба да се координира со претседателот на Собранието и изрази задоволство што предлогот од Либерално демократската партија за оваа позиција е Ристо Пенов, бидејќи, како што рече, за него тој бил еден од најдобрите градоначалници не само на Скопје, туку воопшто во државата, „којшто зад себе има голем број успешни проекти на коишто и ден денес сите сме сведоци“.

Ковачевски нагласи дека прво мора да се потврди оставката на министерот за локална самоуправа, а дури потоа и изборот на нов министер на седница на Собрание.

Меѓутоа, тоа мора да се координира со претседателот на Собранието, во однос на дневниот ред на нови седници, како што се закажуваат, рече Ковачевски.

Премиерот соопшти дека го чул предлогот Пенов да биде нов министер за локална самоуправа, но рече дека се уште нема добиено официјален допис од ЛДП. Засега, рече Ковачевски, се се сведува на изјави коишто ги видовме.

The post Ковачевски: Во Владата ќе се менува само министерот за локална самоуправа appeared first on Република.

]]>

Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека во Владата ќе има промена само на министерското место за локална самоуправа, но не и на челните места на други министерства.
Ви кажав, смена ќе има во Министерство за локална самоуправа, со оглед на тоа дека имаме оставка на министерот. Нема друг план. Друго нема во план, рече премиерот Ковачевски, кој денеска присуствуваше на првиот академски час на Економскиот факултет при УКИМ во Скопје.
На забелешката дека функционери на СДСМ најавиле „мали промени“ во Владата, Ковачевски потенцира дека станува збор за „многу мали промени“.
Јас сметам дека ќе бидат многу мали, со оглед на тоа што Владата функционира во полн капацитет и ги извршува своите обврски и ја реализира Програмата така како што е договорено, рече премиерот.
За тоа кога ќе биде изборот на новиот министер за локална самоуправа, Ковачевски рече дека тоа треба да се координира со претседателот на Собранието и изрази задоволство што предлогот од Либерално демократската партија за оваа позиција е Ристо Пенов, бидејќи, како што рече, за него тој бил еден од најдобрите градоначалници не само на Скопје, туку воопшто во државата, „којшто зад себе има голем број успешни проекти на коишто и ден денес сите сме сведоци“. Ковачевски нагласи дека прво мора да се потврди оставката на министерот за локална самоуправа, а дури потоа и изборот на нов министер на седница на Собрание.