Министерство за култура Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ministerstvo-za-kultura/ За подобро да се разбереме Fri, 16 Feb 2024 10:23:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Министерство за култура Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ministerstvo-za-kultura/ 32 32 Полицијата упадна во хрватското Министерство за култура по наредба на европското обвинителство https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/politsijata-upadna-vo-hrvatskoto-ministerstvo-za-kultura-po-naredba-na-evropskoto-obvinitelstvo/ Fri, 16 Feb 2024 10:23:53 +0000 https://republika.mk/?p=744788

По наредба на европското јавно обвинителство (ЕППО), полицијата упадна во Министерството за култура на Хрватска и во тек е претрес на простории, компјутери и одредени лица поврзани со штети нанесени на европските фондови, јавуваат хрватските медиуми.

Според загрепски „Јутарњи лист“, претресот следел откако ЕППО покренала постапка против челниците на Геодетскиот факултет осомничени за проневера на европски фондови.

Нема потврда дали овие активности на полицијата се поврзани со малверзации за кои веќе се осомничени челниците на Геодетскиот факултет.

Според досегашните податоци, никој не е уапсен, но, како што се наведува, истражителите сакаат да добијат податоци, пред сѐ и-мејл кореспонденција и мобилни уреди на одредени лица, кои досега не ги собрале.

The post Полицијата упадна во хрватското Министерство за култура по наредба на европското обвинителство appeared first on Република.

]]>

По наредба на европското јавно обвинителство (ЕППО), полицијата упадна во Министерството за култура на Хрватска и во тек е претрес на простории, компјутери и одредени лица поврзани со штети нанесени на европските фондови, јавуваат хрватските медиуми. Според загрепски „Јутарњи лист“, претресот следел откако ЕППО покренала постапка против челниците на Геодетскиот факултет осомничени за проневера на европски фондови. Нема потврда дали овие активности на полицијата се поврзани со малверзации за кои веќе се осомничени челниците на Геодетскиот факултет. Според досегашните податоци, никој не е уапсен, но, како што се наведува, истражителите сакаат да добијат податоци, пред сѐ и-мејл кореспонденција и мобилни уреди на одредени лица, кои досега не ги собрале.

The post Полицијата упадна во хрватското Министерство за култура по наредба на европското обвинителство appeared first on Република.

]]>
Зарина Првасевда: Да му е мерак на човек да пушти апликација, за да го одбијат, специјално https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/zarina-prvasevda-da-mu-e-merak-na-chovek-da-pushti-aplikatsija-za-da-go-odbijat-spetsijalno/ Tue, 13 Feb 2024 07:26:44 +0000 https://republika.mk/?p=743300

Поради „непостоење на доволна аргументација за негова уметничка и естетска целисходност како проект од национален интерес во музичка и музичко-сценската дејност, поради што проектот беше оценет со помалку од 51 бод.“ Министерството за култура ја одби апликацијата на музичката уметничка Зарина Првасевда. Ова не е првпат да ме одбијат или да ми дадат „3 пари“ за нешто големо, вели таа, но токму тоа ја мотивирало да продолжи со создавањето на музиката, која одекнува сè пошироко.

Ви го пренесуваме нејзиниот статус во целост:

Драги пријатели,

со вас сум слободна и отворена и ве чувствувам како едно мое големо семејство, па можам вака да споделам што имам да кажам на повеќе теми.

Денес, ќе кажам збор - два по повод мојата одбиена апликација од Министерството за Култура. Сигурно прочитавте повеќе вакви статуси деновиве, но еве јас што имам да кажам на темата.

Искрено, секогаш кога ќе ми одбијат апликација од Министерство за култура или ќе ми дадат 3 денари пари за нешто големо, мене ми се посреќува. Да му е мерак на човек да пушти апликација, за да го одбијат, специјално. Еве ќе објаснам и зошто, за тие што имаат малку време и сакаат да знаат:

1. Снимањето на албумот " Ехо " 2021 - ОДБИЕН.
(Недоволно естетска целисходност и автентичност, вели Министерството).
- Се разбира, тоа ме разочара ужасно... Но, не ми ја уби силата и вербата што ја имав. Моите родители се скромни општи работници во државата, а јас во моментот работев за просечна плата, па така, беше речиси невозможно да се наслонам на сопствените финансиски средства за толку голем проект каков што го замислував од дете.
Барав илјадници начини, тропав од врата на врата, раскажував и верував дека некој ќе ми поверува на невидено. Се случи. Еден голем човек, мојот втор татко, не само што поверува, туку и направи да се случи. Иако не беше од " фелата ", нешто слушна и нешто препозна - " Ќе го направиме ова заедно рече, зошто на Македонија и треба нешто вакво. ". Така и би. Со поддршката и љубовта што ја добивав од него и неговото семејство, пријателите, од колегите, моето семејство и публиката која несомнено ми беше дирек кој ме држеше исправено.
НЕ ОД МИНИСТЕРСТВО ЗА КУЛТУРА.
- Мојот прв албум го издадов за странска издавачка куќа, т.е за една од најголемите на Балканот, Croatia Records или бившо Jugoton.
- Го издадов во Април 2022година.
- Истиот, нешто подоцна го освојува 9 - тото место на Балканската светска музичка листа како еден од најслушаните музички изведувачи во 3-тиот квартал на 2022 година.

2. Побарав средства од Министерството за култура кога решив да правам промоција на истиот со концерт Македонската филхармонија - со голем оркестар - ОДБИЕНО.
( Со оглед на тоа дека се обратив малку подоцна од конкурсите, имаа одличен изговор како да ме откачат во еден потег.
“ Не можиме да ти префрлиме пари, не можиме да ти помогнеме со отстапување на салата без финансиски надоместок... Не си во годишна програма. “ , вели Министерство .
Имено, после месец дена талкање од канцеларија до канцеларија со едно ранче на раменици, полно соништа и верба во тоа што имам да го кажам на светот , после многу НЕ, после илјада потсмеви и разочарувања , Пакомак, вели,
" Закажи го концертот ние ќе ти помогниме.".
Концертот, во сопствена лична продукција и организација , закажан на 15.04.2022, голема сала ја Филхармонија - за недела дена - РАСПРОДАДЕН.
Албумот сеуште не издаден, артистот НЕПОЗНАТ, НЕДОВОЛНО ЕСТЕТСКА ЦЕЛИСХОДНОСТ И АВТЕНТИЧНОСТ, концертот се распродава до последна карта.
Ух не... последната ја чував за министерката која што лично ја поканив.
Дали претпоставувате само кое место беше празно во салата?
https://www.youtube.com/watch?v=mUo__QlWmBI&t=1243s

3. Оваа година, поднесувам повторно аплкација за голем концерт во НОБ по повод нов албум , ОДБИЕН.
( цитирам : " СЕ ОДБИВА поради непостоење на доволна аргументација за негова уметничка и естетска целисходност како проект од национален интерес во музичка и музичко-сценската дејност, поради што проектот беше оценет со помалку од 51 бод., " , вели Министерството за Култура ) .
- Имено, во 2023 година ја освоив интернационалната награда за “ Најдобар нов талент за 2023 ” на интернационална платформа UPBeat , која се бави главно со светска традиционална музика, на која тимски работи и истражува во светот. Истата се добиваше по пат на отворено гласање и стручно жири, составено од професионалци во областа.
( Ниеден од Македонија ) .
- Во 2023 година, одржав концерти и се појавии на еминентни сцени во државата и надвор, како: OFF Fest - MК , D-Festival - MK, Budapest Ritmo - Budapest, Hungary , Saint Croix Volvestre - France , SHIP Festival - Croatia, A38 - Budapest, Hungary , BALKAN: MOST festival - Vesprem, Hungary , SoAlive Music Conference - Sofia, Bulgaria, како и солистички концерти низ Македонија: Велес, Кочани, Битола, Прилеп, Штип, Кичево и други, генерално распродадени.
- Во моментов се подготвувам за мојот концерт на еден од најголемите фестивали за Светска традиционална музика во Европа, Balkan Trafik, кој ќе се одржи во Брисел на 27. 04. 2024. Покрај овој концерт, својот концерт ќе го одржам и на Самитот на претседатели на влади и држави од земјите од Европска унија (29 април 2024 г) во Брисел a ќе одржам и уште неколку концерти во регионот за кои сеуште чекам датуми.
- Се подготвувам за снимање на нов албум кој е речиси готов, а богами и за промотивниот концерт во НОБ, кој Министерството за култура го одбива.

Покрај креативната работа на квалтитетот на музика и естетиката која треба да ја презентирам насекаде кадешто се појавувам со сопствениот прекрасен ансамбл составен музичари - професионалци, со високи достигнувања и сериозен придонес кон музичкото творештво, музичко - сценската дејност , издаваштвото во Македонија, во различни правци и насоки од областа, во педагошка работа во областа на музиката во Македонија, кој го одржувам во последните 3 години, треба да мислам на тоа каде и како ќе најдам средства за реализација, како ќе го изведам и сл.
Тоа најдобро знае мојот тим како изгледа, каков е мојот терк на работа за да успејам сите заедно да бидеме на сцена, затоа што ме гледаат постојано, но, нема да се жалам и не ми е тешко. Знам дека макотрпната работа и труд, секогаш на крајот се исплати. Го имам благословот да се бавам со она што живот ми значи и од него да живејам.

Фала му на Бога за тоа.
(Патем... Бидејќи се работи за големи проекти, ќе ми требаат спонзори, несомнено, како невработен и независен уметник во Македонија, па ако имате идеја за фирми - визиониери, секоја е добредојдена) .

Е сега, замислете, да ми беше репер за сопствениот квалитет Министерството за Култура и минстерката Бисера Костадиновска Стојчевска ? Замислете да верував дека ова се вистинските луѓе кои поставуваат стандард за тоа кој е квалитетен, автентичен и естетски издржан во Македонија? Замислете да чекав тие да ме видат или да ми помогнат?

Замислете да застанев со тоа што го работам, затоа што највисоката институција за култура во Македонија ме банира, не ме забележува или не ми дава од средствата кои би требало да бидат наменети за артисти како мене, патем, за афирмација на културата, фолклорот и традиционалната музика од земјава и регионот, во сопствената држава и секаде во светот кадешто настапувам? Замислете да покажувам благодарност и понизност за дадени 1000 евра за концерт кој чини 10 000 и тоа да ми биде стандардот во главата со кој ќе се задоволам ?

Замислете сега да кажам, не ми дадоа пари - не правам концерт или албум.

Кој страда? Музиката. Традиционалната музика, мојата публика која очекува нов албум и се разбира јас.

Напротив, министерство ми прави голема услуга, мислејќи дека нешто ме одбива. Со секое наредно вакво удирање со боздоган по глава, уште повеќе сфаќам колку е голема моќта на поединецот кој поседува компетенции, квалитети и тоа дека силата на еден ваков човек никогаш не може да биде ставена на кантар со обратното. Баби и жаби не можиме да мериме со ист аршин. Има некои работи кои ниедно министерство ниту министер на поединецот не може да му ги земе, затоа и нема од што да стравувам. Одиме понатака (јас и сите мои колеги кои се во истата позиција, на кои прочитав статуси после резултатите) , уште посилни.

Пирејот ќе најде пукнатина од кадешто ќе вирее, колку повеќе го киниш, толку повеќе никнува.
Ќе направам се како и до сега, со Божја помош, само овојпат како наравучение нема да ги правам истите грешки во однос на поканите.
Нема да дозволам некој добар човек кој ќе дојде со љубов на мојот концерт, ќе оддвои од својот скромен буџет и уредно ќе си купи карта, да не може да влезе заради некој којшто општеството ми го наметнува како авторитет, а притоа не само што нема компетенции и познавање од областа, туку нема ни грам од човечките вредности во кои јас верувам и ме водат на патот.

Фала ви драги луѓе, мои поддржувачи и пријатели за се, вашата поддршка живот ми значи. ❤

Патем, со душа ве чекам сите кои сте на 24.04 во Скопје, да си дојдете во Public Room, да уживаме во ова што се вика
" Недоволна аргументација за уметничка и естетска целисходност." , па да се надеваме дека кај вас ќе добијам нешто над 51 бод или т.н прелазна :)))
Ако сеуште има, овде можете да најдете билети : https://bileti.drugastrana.mk/index.php?id=378
Топли прегратки и љубов секому!

The post Зарина Првасевда: Да му е мерак на човек да пушти апликација, за да го одбијат, специјално appeared first on Република.

]]>

Поради „непостоење на доволна аргументација за негова уметничка и естетска целисходност како проект од национален интерес во музичка и музичко-сценската дејност, поради што проектот беше оценет со помалку од 51 бод.“ Министерството за култура ја одби апликацијата на музичката уметничка Зарина Првасевда. Ова не е првпат да ме одбијат или да ми дадат „3 пари“ за нешто големо, вели таа, но токму тоа ја мотивирало да продолжи со создавањето на музиката, која одекнува сè пошироко. Ви го пренесуваме нејзиниот статус во целост: Драги пријатели, со вас сум слободна и отворена и ве чувствувам како едно мое големо семејство, па можам вака да споделам што имам да кажам на повеќе теми. Денес, ќе кажам збор - два по повод мојата одбиена апликација од Министерството за Култура. Сигурно прочитавте повеќе вакви статуси деновиве, но еве јас што имам да кажам на темата. Искрено, секогаш кога ќе ми одбијат апликација од Министерство за култура или ќе ми дадат 3 денари пари за нешто големо, мене ми се посреќува. Да му е мерак на човек да пушти апликација, за да го одбијат, специјално. Еве ќе објаснам и зошто, за тие што имаат малку време и сакаат да знаат: 1. Снимањето на албумот " Ехо " 2021 - ОДБИЕН. (Недоволно естетска целисходност и автентичност, вели Министерството). - Се разбира, тоа ме разочара ужасно... Но, не ми ја уби силата и вербата што ја имав. Моите родители се скромни општи работници во државата, а јас во моментот работев за просечна плата, па така, беше речиси невозможно да се наслонам на сопствените финансиски средства за толку голем проект каков што го замислував од дете. Барав илјадници начини, тропав од врата на врата, раскажував и верував дека некој ќе ми поверува на невидено. Се случи. Еден голем човек, мојот втор татко, не само што поверува, туку и направи да се случи. Иако не беше од " фелата ", нешто слушна и нешто препозна - " Ќе го направиме ова заедно рече, зошто на Македонија и треба нешто вакво. ". Така и би. Со поддршката и љубовта што ја добивав од него и неговото семејство, пријателите, од колегите, моето семејство и публиката која несомнено ми беше дирек кој ме држеше исправено. НЕ ОД МИНИСТЕРСТВО ЗА КУЛТУРА. - Мојот прв албум го издадов за странска издавачка куќа, т.е за една од најголемите на Балканот, Croatia Records или бившо Jugoton. - Го издадов во Април 2022година. - Истиот, нешто подоцна го освојува 9 - тото место на Балканската светска музичка листа како еден од најслушаните музички изведувачи во 3-тиот квартал на 2022 година. 2. Побарав средства од Министерството за култура кога решив да правам промоција на истиот со концерт Македонската филхармонија - со голем оркестар - ОДБИЕНО. ( Со оглед на тоа дека се обратив малку подоцна од конкурсите, имаа одличен изговор како да ме откачат во еден потег. “ Не можиме да ти префрлиме пари, не можиме да ти помогнеме со отстапување на салата без финансиски надоместок... Не си во годишна програма. “ , вели Министерство . Имено, после месец дена талкање од канцеларија до канцеларија со едно ранче на раменици, полно соништа и верба во тоа што имам да го кажам на светот , после многу НЕ, после илјада потсмеви и разочарувања , Пакомак, вели, " Закажи го концертот ние ќе ти помогниме.". Концертот, во сопствена лична продукција и организација , закажан на 15.04.2022, голема сала ја Филхармонија - за недела дена - РАСПРОДАДЕН. Албумот сеуште не издаден, артистот НЕПОЗНАТ, НЕДОВОЛНО ЕСТЕТСКА ЦЕЛИСХОДНОСТ И АВТЕНТИЧНОСТ, концертот се распродава до последна карта. Ух не... последната ја чував за министерката која што лично ја поканив. Дали претпоставувате само кое место беше празно во салата? https://www.youtube.com/watch?v=mUo__QlWmBI&t=1243s 3. Оваа година, поднесувам повторно аплкација за голем концерт во НОБ по повод нов албум , ОДБИЕН. ( цитирам : " СЕ ОДБИВА поради непостоење на доволна аргументација за негова уметничка и естетска целисходност како проект од национален интерес во музичка и музичко-сценската дејност, поради што проектот беше оценет со помалку од 51 бод., " , вели Министерството за Култура ) . - Имено, во 2023 година ја освоив интернационалната награда за “ Најдобар нов талент за 2023 ” на интернационална платформа UPBeat , која се бави главно со светска традиционална музика, на која тимски работи и истражува во светот. Истата се добиваше по пат на отворено гласање и стручно жири, составено од професионалци во областа. ( Ниеден од Македонија ) . - Во 2023 година, одржав концерти и се појавии на еминентни сцени во државата и надвор, како: OFF Fest - MК , D-Festival - MK, Budapest Ritmo - Budapest, Hungary , Saint Croix Volvestre - France , SHIP Festival - Croatia, A38 - Budapest, Hungary , BALKAN: MOST festival - Vesprem, Hungary , SoAlive Music Conference - Sofia, Bulgaria, како и солистички концерти низ Македонија: Велес, Кочани, Битола, Прилеп, Штип, Кичево и други, генерално распродадени. - Во моментов се подготвувам за мојот концерт на еден од најголемите фестивали за Светска традиционална музика во Европа, Balkan Trafik, кој ќе се одржи во Брисел на 27. 04. 2024. Покрај овој концерт, својот концерт ќе го одржам и на Самитот на претседатели на влади и држави од земјите од Европска унија (29 април 2024 г) во Брисел a ќе одржам и уште неколку концерти во регионот за кои сеуште чекам датуми. - Се подготвувам за снимање на нов албум кој е речиси готов, а богами и за промотивниот концерт во НОБ, кој Министерството за култура го одбива. Покрај креативната работа на квалтитетот на музика и естетиката која треба да ја презентирам насекаде кадешто се појавувам со сопствениот прекрасен ансамбл составен музичари - професионалци, со високи достигнувања и сериозен придонес кон музичкото творештво, музичко - сценската дејност , издаваштвото во Македонија, во различни правци и насоки од областа, во педагошка работа во областа на музиката во Македонија, кој го одржувам во последните 3 години, треба да мислам на тоа каде и како ќе најдам средства за реализација, како ќе го изведам и сл. Тоа најдобро знае мојот тим како изгледа, каков е мојот терк на работа за да успејам сите заедно да бидеме на сцена, затоа што ме гледаат постојано, но, нема да се жалам и не ми е тешко. Знам дека макотрпната работа и труд, секогаш на крајот се исплати. Го имам благословот да се бавам со она што живот ми значи и од него да живејам. Фала му на Бога за тоа. (Патем... Бидејќи се работи за големи проекти, ќе ми требаат спонзори, несомнено, како невработен и независен уметник во Македонија, па ако имате идеја за фирми - визиониери, секоја е добредојдена) . Е сега, замислете, да ми беше репер за сопствениот квалитет Министерството за Култура и минстерката Бисера Костадиновска Стојчевска ? Замислете да верував дека ова се вистинските луѓе кои поставуваат стандард за тоа кој е квалитетен, автентичен и естетски издржан во Македонија? Замислете да чекав тие да ме видат или да ми помогнат? Замислете да застанев со тоа што го работам, затоа што највисоката институција за култура во Македонија ме банира, не ме забележува или не ми дава од средствата кои би требало да бидат наменети за артисти како мене, патем, за афирмација на културата, фолклорот и традиционалната музика од земјава и регионот, во сопствената држава и секаде во светот кадешто настапувам? Замислете да покажувам благодарност и понизност за дадени 1000 евра за концерт кој чини 10 000 и тоа да ми биде стандардот во главата со кој ќе се задоволам ? Замислете сега да кажам, не ми дадоа пари - не правам концерт или албум. Кој страда? Музиката. Традиционалната музика, мојата публика која очекува нов албум и се разбира јас. Напротив, министерство ми прави голема услуга, мислејќи дека нешто ме одбива. Со секое наредно вакво удирање со боздоган по глава, уште повеќе сфаќам колку е голема моќта на поединецот кој поседува компетенции, квалитети и тоа дека силата на еден ваков човек никогаш не може да биде ставена на кантар со обратното. Баби и жаби не можиме да мериме со ист аршин. Има некои работи кои ниедно министерство ниту министер на поединецот не може да му ги земе, затоа и нема од што да стравувам. Одиме понатака (јас и сите мои колеги кои се во истата позиција, на кои прочитав статуси после резултатите) , уште посилни. Пирејот ќе најде пукнатина од кадешто ќе вирее, колку повеќе го киниш, толку повеќе никнува. Ќе направам се како и до сега, со Божја помош, само овојпат како наравучение нема да ги правам истите грешки во однос на поканите. Нема да дозволам некој добар човек кој ќе дојде со љубов на мојот концерт, ќе оддвои од својот скромен буџет и уредно ќе си купи карта, да не може да влезе заради некој којшто општеството ми го наметнува како авторитет, а притоа не само што нема компетенции и познавање од областа, туку нема ни грам од човечките вредности во кои јас верувам и ме водат на патот. Фала ви драги луѓе, мои поддржувачи и пријатели за се, вашата поддршка живот ми значи. ❤ Патем, со душа ве чекам сите кои сте на 24.04 во Скопје, да си дојдете во Public Room, да уживаме во ова што се вика " Недоволна аргументација за уметничка и естетска целисходност." , па да се надеваме дека кај вас ќе добијам нешто над 51 бод или т.н прелазна :))) Ако сеуште има, овде можете да најдете билети : https://bileti.drugastrana.mk/index.php?id=378 Топли прегратки и љубов секому!

The post Зарина Првасевда: Да му е мерак на човек да пушти апликација, за да го одбијат, специјално appeared first on Република.

]]>
Пецаков: Власта има тотално непознавање на законите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/petsakov-vlasta-ima-totalno-nepoznavane-na-zakonite/ Mon, 22 Jan 2024 09:24:16 +0000 https://republika.mk/?p=735359

Деновиве е актуелна една несреќна изјава од страна на министерката за култура, дека изградбата катната гаража во Охрид не била од јавен интерес и затоа е блокирано односно нема приоритет кај нив како министерство! Напиша на Фејсбук градоначалникот на општина Охрид, Кирил Пецаков.

– За нештата да бидат појасни, година и пол не малтретираат и мене како градоначалник и граѓаните на Охрид, со милион забелешки,препораки и измени. Иако по сите тие е постапено, упорно не добиваме позитивно мислење од култура, за на крај како што јавно кажав од министерство во стручниот тим да викаат „што си замислуваат тие ќе правеле катана гаража“!

– Во прилог имате закон за експропријација, член 7, каде јасно е напишано што е ЈАВЕН ИНТЕРЕС од локано значење и тука е напишана засебно КАТНА ГАРАЖА!

– Тотална неписменост и непознавање на законите, не само општо, туку и за сопствените ингеренции и надлежности!

– НАПОЗНАВАЊЕТО на законите и постапувањето спротивно од законите со кочење на една од НАЈБИТНИТЕ проекти за Охрид како град си носи и одговорност сама по себе за непостапување! И ви ветувам не ја оставам оваа работа така како шо мислите! 

За жал само докажувате дека далеку сте од менаџирање и водење на една држава, а и најголем срам сте што некогаш ја водел државава! Ви се ближи крајот, порача Пецаков.

The post Пецаков: Власта има тотално непознавање на законите appeared first on Република.

]]>

Деновиве е актуелна една несреќна изјава од страна на министерката за култура, дека изградбата катната гаража во Охрид не била од јавен интерес и затоа е блокирано односно нема приоритет кај нив како министерство! Напиша на Фејсбук градоначалникот на општина Охрид, Кирил Пецаков.
– За нештата да бидат појасни, година и пол не малтретираат и мене како градоначалник и граѓаните на Охрид, со милион забелешки,препораки и измени. Иако по сите тие е постапено, упорно не добиваме позитивно мислење од култура, за на крај како што јавно кажав од министерство во стручниот тим да викаат „што си замислуваат тие ќе правеле катана гаража“! – Во прилог имате закон за експропријација, член 7, каде јасно е напишано што е ЈАВЕН ИНТЕРЕС од локано значење и тука е напишана засебно КАТНА ГАРАЖА! – Тотална неписменост и непознавање на законите, не само општо, туку и за сопствените ингеренции и надлежности! – НАПОЗНАВАЊЕТО на законите и постапувањето спротивно од законите со кочење на една од НАЈБИТНИТЕ проекти за Охрид како град си носи и одговорност сама по себе за непостапување! И ви ветувам не ја оставам оваа работа така како шо мислите! 
За жал само докажувате дека далеку сте од менаџирање и водење на една држава, а и најголем срам сте што некогаш ја водел државава! Ви се ближи крајот, порача Пецаков.

The post Пецаков: Власта има тотално непознавање на законите appeared first on Република.

]]>
Министерството за култура ја презема реконструкцијата на Универзална сала https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/ministerstvoto-za-kultura-ja-prezema-rekonstruktsijata-na-univerzalna-sala/ Thu, 07 Dec 2023 08:21:58 +0000 https://republika.mk/?p=720553

Владата на Република Македонија ја разгледа и усвои Информацијата од Министерството за култура за пренесување на правото на реконструкција, доградба и надградба на објектот Универзална сала во Скопје, со што ова право се пренесува од Град Скопје, на Министерството за култура.

Владата го задолжи Министерството за култура, по приемот на целокупната документација од Градот Скопје, да ја согледа проектно – техничката и финансиската документација за реконструкцијата на објектот на ЈУ Универзална Сала и за потребните финансиски средства да обезбеди согласност за преземање на обврски на буџетски корисници за наредни три години (2024, 2025 и 2026 година).

Владата ја задолжи министерката за култура да го склучи доставениот текст на договор за регулирање на меѓусебните права и обврски помеѓу договорните страни во врска со реконструкција на објектот на Универзална сала во Скопје.

 

The post Министерството за култура ја презема реконструкцијата на Универзална сала appeared first on Република.

]]>

Владата на Република Македонија ја разгледа и усвои Информацијата од Министерството за култура за пренесување на правото на реконструкција, доградба и надградба на објектот Универзална сала во Скопје, со што ова право се пренесува од Град Скопје, на Министерството за култура. Владата го задолжи Министерството за култура, по приемот на целокупната документација од Градот Скопје, да ја согледа проектно – техничката и финансиската документација за реконструкцијата на објектот на ЈУ Универзална Сала и за потребните финансиски средства да обезбеди согласност за преземање на обврски на буџетски корисници за наредни три години (2024, 2025 и 2026 година). Владата ја задолжи министерката за култура да го склучи доставениот текст на договор за регулирање на меѓусебните права и обврски помеѓу договорните страни во врска со реконструкција на објектот на Универзална сала во Скопје.  

The post Министерството за култура ја презема реконструкцијата на Универзална сала appeared first on Република.

]]>
Министерството за култура го објави конкурсот за Град на културата за 2024 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/ministerstvoto-za-kultura-go-objavi-konkursot-za-grad-na-kulturata-za-2024-godina/ Wed, 29 Nov 2023 20:08:25 +0000 https://republika.mk/?p=717684

Министерството за култура го објави Конкурсот за финансирање проект од национален интерес, манифестација „Град на културата во 2024 година“.

На Конкурсот, чија цел е создавање услови за рамномерен културен развој, достапност на културните вредности за граѓаните, како и заживување на културата на локално ниво, може да учествуваат општините во Република Македонија, со исклучок на Град Скопје, и општините во Градот Скопје.

Пријавувањето се врши со електронско аплицирање на Националниот портал за е-услуги: https://uslugi.gov.mk, почнувајќи од 29.11.2023 г. во 8:00 часот, заклучно со 29.12.2023 г. во 23:55 часот. Техничките упатства и поддршката при регистрирањето и процесот на аплицирање, корисниците ќе може да ги најдат на веб-страницата https://uslugi.gov.mk/frequently-asked-questions.nspx), како и преку контакт-центарот на Националниот портал за е-услуги.

Еден од приоритетите на Министерството за култура е унапредувањето и достапноста на македонската култура, а со проектот „Град на културата“ се зајакнуваат културниот развој и развојот на туризмот на локално ниво, а соработката со локалната самоуправа придонесува за економски и туристички поттик на општините низ државава.

„Град на културата“ во 2023 година беше Крушево, чија комплексна и содржајна програма се одвиваше под мотото „Крушево – жив споменик на културата“. Општина Крушево, во годината кога се одбележа и 120 години од Илинденското востание, пулсираше во ритамот на македонската култура и го промовираше македонскиот идентитет и посебност.

The post Министерството за култура го објави конкурсот за Град на културата за 2024 година appeared first on Република.

]]>

Министерството за култура го објави Конкурсот за финансирање проект од национален интерес, манифестација „Град на културата во 2024 година“. На Конкурсот, чија цел е создавање услови за рамномерен културен развој, достапност на културните вредности за граѓаните, како и заживување на културата на локално ниво, може да учествуваат општините во Република Македонија, со исклучок на Град Скопје, и општините во Градот Скопје. Пријавувањето се врши со електронско аплицирање на Националниот портал за е-услуги: https://uslugi.gov.mk, почнувајќи од 29.11.2023 г. во 8:00 часот, заклучно со 29.12.2023 г. во 23:55 часот. Техничките упатства и поддршката при регистрирањето и процесот на аплицирање, корисниците ќе може да ги најдат на веб-страницата https://uslugi.gov.mk/frequently-asked-questions.nspx), како и преку контакт-центарот на Националниот портал за е-услуги. Еден од приоритетите на Министерството за култура е унапредувањето и достапноста на македонската култура, а со проектот „Град на културата“ се зајакнуваат културниот развој и развојот на туризмот на локално ниво, а соработката со локалната самоуправа придонесува за економски и туристички поттик на општините низ државава. „Град на културата“ во 2023 година беше Крушево, чија комплексна и содржајна програма се одвиваше под мотото „Крушево – жив споменик на културата“. Општина Крушево, во годината кога се одбележа и 120 години од Илинденското востание, пулсираше во ритамот на македонската култура и го промовираше македонскиот идентитет и посебност.

The post Министерството за култура го објави конкурсот за Град на културата за 2024 година appeared first on Република.

]]>
Се продолжува рокот за аплицирање на Годишните конкурси од култура за 2024 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/se-prodolzhuva-rokot-za-aplitsirane-na-godishnite-konkursi-od-kultura-za-2024-godina/ Mon, 06 Nov 2023 08:50:33 +0000 https://republika.mk/?p=698668

Поради техничките проблеми кои настанаа поради преоптоварување на системот, Министерството за култура информира дека рокот за аплицирање на Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности во културата за 2024 година се продолжува до 8 ноември (среда), до 23:59 часот.

Нагласуваме дека во последните 24 часа пристигнаа над 800 пријави и апелираме да не се чека последниот момент за да избегнеме попречување во аплицирањето од технички аспект. Пријавувањето на Годишните конкурси се врши со електронско аплицирање на Националниот портал за е-услуги: https://uslugi.gov.mk, велат од Министерството за култура.

The post Се продолжува рокот за аплицирање на Годишните конкурси од култура за 2024 година appeared first on Република.

]]>

Поради техничките проблеми кои настанаа поради преоптоварување на системот, Министерството за култура информира дека рокот за аплицирање на Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности во културата за 2024 година се продолжува до 8 ноември (среда), до 23:59 часот.
Нагласуваме дека во последните 24 часа пристигнаа над 800 пријави и апелираме да не се чека последниот момент за да избегнеме попречување во аплицирањето од технички аспект. Пријавувањето на Годишните конкурси се врши со електронско аплицирање на Националниот портал за е-услуги: https://uslugi.gov.mk, велат од Министерството за култура.

The post Се продолжува рокот за аплицирање на Годишните конкурси од култура за 2024 година appeared first on Република.

]]>
Министерството за култура објави Водич за аплицирање на годишните конкурси за проекти од национален интерес https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/ministerstvoto-za-kultura-objavi-vodich-za-aplitsirane-na-godishnite-konkursi-za-proekti-od-natsionalen-interes/ Sat, 21 Oct 2023 09:36:21 +0000 https://republika.mk/?p=693539

Министерството за култура објави водич за аплицирање на годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности од културата за 2024 година.

Како што информира Министерството, на конкурсите за 2024 година ќе се поддржат проекти кои се во функција на развој, промоција и афирмација на културата, а главните приоритети за секоја дејност или област остануваат исти: квалитет, иновативност, креативност.

И оваа година електронското пријавување целосно се спроведува преку Националниот портал за е-услуги.

Конкурсот е во тек, а рокот за аплицирање на годишните конкурси истекува на 6.11.2023 во 12 часот.

За таа, цел како потсетник за аплицирањето и олеснување на постапката за електронско пријавување, подготвивме Водич кој се состои од: презентација и видео-анимација кои на граѓаните ќе им ја олеснат постапката со објаснување на чекорите како полесно електронски да се пријават во системот. Постапката за аплицирање на Годишните конкурси е: пристапување до Системот за единствена најава (СЕН) https://uslugi.gov.mk преку линкот „Најави се“, надградба на кориснички профил (https://etu.uslugi.gov.mk/pages/home), проверка дали е надограден корисничкиот профил, избор на правно или физичко лице и избор на дејноста (се одбира област за аплицирање со внимание дали е за правно или за физичко лице и внесување на податоците што се бараат, односно пополнувате на апликацијата). Откако ќе се внесат податоците, се клика на копчето „Поднеси“. Ја проверувате апликацијата што ви ја составил системот и ја поднесувате пријавата. Потоа ви се појавува целосната пријава за годишниот конкурс и откако ќе стиснете „Потврди“ ве носи на следниот чекор, прикачување документи. За успешно аплицирање откако ќе ги прикачите документите притиснете „Поднеси документи“ за што ќе добиете потврда, наведуваат од Министерството.

Помош во делот за пријавите, од стручен аспект, корисниците може да побараат во секторите во Министерството за култура. Контактите со конкретни лица по области и нивните е-адреси се објавени на веб-страницата на Министерството за култура (kultura.gov.mk).

The post Министерството за култура објави Водич за аплицирање на годишните конкурси за проекти од национален интерес appeared first on Република.

]]>

Министерството за култура објави водич за аплицирање на годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности од културата за 2024 година. Како што информира Министерството, на конкурсите за 2024 година ќе се поддржат проекти кои се во функција на развој, промоција и афирмација на културата, а главните приоритети за секоја дејност или област остануваат исти: квалитет, иновативност, креативност. И оваа година електронското пријавување целосно се спроведува преку Националниот портал за е-услуги. Конкурсот е во тек, а рокот за аплицирање на годишните конкурси истекува на 6.11.2023 во 12 часот.
За таа, цел како потсетник за аплицирањето и олеснување на постапката за електронско пријавување, подготвивме Водич кој се состои од: презентација и видео-анимација кои на граѓаните ќе им ја олеснат постапката со објаснување на чекорите како полесно електронски да се пријават во системот. Постапката за аплицирање на Годишните конкурси е: пристапување до Системот за единствена најава (СЕН) https://uslugi.gov.mk преку линкот „Најави се“, надградба на кориснички профил (https://etu.uslugi.gov.mk/pages/home), проверка дали е надограден корисничкиот профил, избор на правно или физичко лице и избор на дејноста (се одбира област за аплицирање со внимание дали е за правно или за физичко лице и внесување на податоците што се бараат, односно пополнувате на апликацијата). Откако ќе се внесат податоците, се клика на копчето „Поднеси“. Ја проверувате апликацијата што ви ја составил системот и ја поднесувате пријавата. Потоа ви се појавува целосната пријава за годишниот конкурс и откако ќе стиснете „Потврди“ ве носи на следниот чекор, прикачување документи. За успешно аплицирање откако ќе ги прикачите документите притиснете „Поднеси документи“ за што ќе добиете потврда, наведуваат од Министерството.
Помош во делот за пријавите, од стручен аспект, корисниците може да побараат во секторите во Министерството за култура. Контактите со конкретни лица по области и нивните е-адреси се објавени на веб-страницата на Министерството за култура (kultura.gov.mk).

The post Министерството за култура објави Водич за аплицирање на годишните конкурси за проекти од национален интерес appeared first on Република.

]]>
Љутков: Министерството за култура воопшто не реализира капитални инвестиции, немаме ниту концертна сала како „Европски град на културата“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/lutkov-ministerstvoto-za-kultura-voopshto-ne-realizira-kapitalni-investitsii-nemame-nitu-kontsertna-sala-kako-evropski-grad-na-kulturata/ Tue, 26 Sep 2023 08:38:13 +0000 https://republika.mk/?p=685182

„За да ја носите таа титула Скопје „Европски град на културата“, морате да ги исполните сите услови кои што ги бара таа титула. Вие мора да бидете многу подготвени за тоа. А, ние не видовме наназад долги години барем една иницијатива што ќе го подобри културниот живот на скопјани. А, надежта е дека во тој период ВМРО-ДПМНЕ ќе биде на власт, па така ќе можеме да се надеваме на повеќе културни проекти“, вели Зоран Љутков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Љутков рече дека тоа не е само иницијатива на Град Скопје, се знае дека и тие конци ќе ги влече и министерството за култура.

Во 2028 година ќе бидат централните настани во Скопје. Но, ние мора инфраструктурно да се подготвиме за да ги дочекаме сите проекти. Една од важните работи е што ние во моментов немаме концертна сала, нагласи тој.

Тој посочи дека се кратат капиталните инвестиции во културата, буквално ќе стасаат и до нула.

Еве сега има, не го викаат ребаланс туку прераспределба на средства. Значи ќе нема ниту една капитална инвестиција, рече Љутков.

Љутков укажа министерството за култура нема пари за капитални инвестиции, се што доаѓа од Буџетот оди само во плати.

Мислам дека за „Европски град на културата“ до избори нема ништо да слушнеме од министерството за култура со каква динамика ќе се подготвуваат“, појасни тој.

 

The post Љутков: Министерството за култура воопшто не реализира капитални инвестиции, немаме ниту концертна сала како „Европски град на културата“ appeared first on Република.

]]>

„За да ја носите таа титула Скопје „Европски град на културата“, морате да ги исполните сите услови кои што ги бара таа титула. Вие мора да бидете многу подготвени за тоа. А, ние не видовме наназад долги години барем една иницијатива што ќе го подобри културниот живот на скопјани. А, надежта е дека во тој период ВМРО-ДПМНЕ ќе биде на власт, па така ќе можеме да се надеваме на повеќе културни проекти“, вели Зоран Љутков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. Љутков рече дека тоа не е само иницијатива на Град Скопје, се знае дека и тие конци ќе ги влече и министерството за култура.
Во 2028 година ќе бидат централните настани во Скопје. Но, ние мора инфраструктурно да се подготвиме за да ги дочекаме сите проекти. Една од важните работи е што ние во моментов немаме концертна сала, нагласи тој.
Тој посочи дека се кратат капиталните инвестиции во културата, буквално ќе стасаат и до нула.
Еве сега има, не го викаат ребаланс туку прераспределба на средства. Значи ќе нема ниту една капитална инвестиција, рече Љутков.
Љутков укажа министерството за култура нема пари за капитални инвестиции, се што доаѓа од Буџетот оди само во плати.
Мислам дека за „Европски град на културата“ до избори нема ништо да слушнеме од министерството за култура со каква динамика ќе се подготвуваат“, појасни тој.
 

The post Љутков: Министерството за култура воопшто не реализира капитални инвестиции, немаме ниту концертна сала како „Европски град на културата“ appeared first on Република.

]]>
Министерството за културa: Сите обврски на Агенцијата за филм ќе бидат сервисирани https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/ministerstvoto-za-kultura-site-obvrski-na-agentsijata-za-film-ke-bidat-servisirani/ Tue, 19 Sep 2023 15:44:21 +0000 https://republika.mk/?p=683231

Министерството за култура повторува дека кратење на буџетот за филм нема да има.

https://republika.mk/vesti/kultura/70-makedonski-filmski-rezhiseri-i-produtsenti-baraat-povlekuvane-na-predlogot-za-kratene-na-sredstvata-za-filmska-dejnost/

Со оглед на новото соопштение на Агенцијата за филм, информираме дека, сите обврски кои Агенцијата ги има преземено кон своите корисници, ќе бидат навремено сервисирани, согласно динамиката и месечните планови, велат од Министерството за култура.

The post Министерството за културa: Сите обврски на Агенцијата за филм ќе бидат сервисирани appeared first on Република.

]]>

Министерството за култура повторува дека кратење на буџетот за филм нема да има. https://republika.mk/vesti/kultura/70-makedonski-filmski-rezhiseri-i-produtsenti-baraat-povlekuvane-na-predlogot-za-kratene-na-sredstvata-za-filmska-dejnost/
Со оглед на новото соопштение на Агенцијата за филм, информираме дека, сите обврски кои Агенцијата ги има преземено кон своите корисници, ќе бидат навремено сервисирани, согласно динамиката и месечните планови, велат од Министерството за култура.

The post Министерството за културa: Сите обврски на Агенцијата за филм ќе бидат сервисирани appeared first on Република.

]]>
Агенцијата за филм: Средствата за филмските проекти се потребни веднаш, не може да се чека прераспределба до крајот на годината https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/agentsijata-za-film-sredstvata-za-filmskite-proekti-se-potrebni-vednash-ne-mozhe-da-se-cheka-preraspredelba-do-krajot-na-godinata/ Tue, 19 Sep 2023 13:47:22 +0000 https://republika.mk/?p=683263

Реализацијата на филмските проекти мора да продолжи во согласност со предвидените динамики, велат од Агенцијата за филм.

Од тука нагласија дека во моментот најавени се два филма за снимање локации во Македонија. Интернационалните екипи на земјите учесници, кои се дел од овие проекти, се веќе пристигнати во нашата држава. Финансиските средства, кои се планирани за овие и за другите филмски проекти, се потребни веднаш и не може да чекаат прераспределба на средствата помеѓу буџетските корисници и преземање активности од страна на Министерството за култура до крајот на годината за исплата на договорените проекти.

Агенцијата предупреди на опасноста дека ако овие планирани средства не се стават во функција на проектите како што е планирано и не се исплатат веднаш, се нанесува директна штета на самите проекти бидејќи ќе се случи зголемување на буџетите изразено во илјадници евра и ќе се наштети на реномето на македонската кинематографија.

За ова да се спречи, Агенцијата за филм предлага заедно со Министерството за култура да се разгледаат и ревидираат одлуките на Министерството за прераспределба на средствата од причина што во спротивно штетата би била од огромни размери за македонската кинематографија, која моментно е наш најголем културен амбасадор.

„Агенцијата за филм на Македонија со ова соопштение и со сите дејства што ги презема и предлага заедно со Министерството за култура да се изнајде трајно решение за да се спречи трендот на кратење на буџетот за филмска дејност поради кој тренд во последните четири години буџетот за филмската дејност по основ на ребаланси е намален за 116.000.000,00 (сто и шеснаесет милиони) денари и со тоа да изнајдеме системско решение за стандардизиран буџет за македонската кинематографија“, велат од Агенцијата.

Претходно вчера, 53 режисери и продуценти во отворено писмо до Министерството за култура тврдеа дека се крати предвидениот годишен буџет за филмска дејност, без претходно најава и без консултации од Агенцијата за филм. Како што пишува во писмото, според неофицијални информации, на предлог од страна на Министерството за култура до Владата на Македонија доставен е предлог за кратење на предвидениот годишен буџет за филмска дејност, без претходна најава и без консултација со Агенцијата за филм.

„Доколку овие информации се точни и бидат изгласани во Собранието, ќе дојде до целосно блокирање на филмската дејност бидејќи наведените средства се планирани за проекти од национален интерес, кои се во тек на реализација. На овој начин се нанесува штета на и онака кревката филмска индустрија во Македонија и се доведува во прашање егзистенцијата на филмските автори, продуценти, филмски работници, актери и сите други учесници во процесите на реализација на филмските проекти“, се вели во писмото.

Министерството за култура вчера објави дека не пристапило кон никакво кратење на буџетот во културата, а уште помалку на буџетот на Агенцијата за филм. Министерството потврди дека во моментот во собраниска процедура е донесување одлука за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници и фондовите. Се наведува дека до крајот на буџетската година Министерството ќе ги преземе сите активности за исплата на обврските во согласност со склучените договори, меѓу кои и кон Агенцијата за филм.

 

The post Агенцијата за филм: Средствата за филмските проекти се потребни веднаш, не може да се чека прераспределба до крајот на годината appeared first on Република.

]]>

Реализацијата на филмските проекти мора да продолжи во согласност со предвидените динамики, велат од Агенцијата за филм. Од тука нагласија дека во моментот најавени се два филма за снимање локации во Македонија. Интернационалните екипи на земјите учесници, кои се дел од овие проекти, се веќе пристигнати во нашата држава. Финансиските средства, кои се планирани за овие и за другите филмски проекти, се потребни веднаш и не може да чекаат прераспределба на средствата помеѓу буџетските корисници и преземање активности од страна на Министерството за култура до крајот на годината за исплата на договорените проекти. Агенцијата предупреди на опасноста дека ако овие планирани средства не се стават во функција на проектите како што е планирано и не се исплатат веднаш, се нанесува директна штета на самите проекти бидејќи ќе се случи зголемување на буџетите изразено во илјадници евра и ќе се наштети на реномето на македонската кинематографија. За ова да се спречи, Агенцијата за филм предлага заедно со Министерството за култура да се разгледаат и ревидираат одлуките на Министерството за прераспределба на средствата од причина што во спротивно штетата би била од огромни размери за македонската кинематографија, која моментно е наш најголем културен амбасадор. „Агенцијата за филм на Македонија со ова соопштение и со сите дејства што ги презема и предлага заедно со Министерството за култура да се изнајде трајно решение за да се спречи трендот на кратење на буџетот за филмска дејност поради кој тренд во последните четири години буџетот за филмската дејност по основ на ребаланси е намален за 116.000.000,00 (сто и шеснаесет милиони) денари и со тоа да изнајдеме системско решение за стандардизиран буџет за македонската кинематографија“, велат од Агенцијата. Претходно вчера, 53 режисери и продуценти во отворено писмо до Министерството за култура тврдеа дека се крати предвидениот годишен буџет за филмска дејност, без претходно најава и без консултации од Агенцијата за филм. Како што пишува во писмото, според неофицијални информации, на предлог од страна на Министерството за култура до Владата на Македонија доставен е предлог за кратење на предвидениот годишен буџет за филмска дејност, без претходна најава и без консултација со Агенцијата за филм. „Доколку овие информации се точни и бидат изгласани во Собранието, ќе дојде до целосно блокирање на филмската дејност бидејќи наведените средства се планирани за проекти од национален интерес, кои се во тек на реализација. На овој начин се нанесува штета на и онака кревката филмска индустрија во Македонија и се доведува во прашање егзистенцијата на филмските автори, продуценти, филмски работници, актери и сите други учесници во процесите на реализација на филмските проекти“, се вели во писмото. Министерството за култура вчера објави дека не пристапило кон никакво кратење на буџетот во културата, а уште помалку на буџетот на Агенцијата за филм. Министерството потврди дека во моментот во собраниска процедура е донесување одлука за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници и фондовите. Се наведува дека до крајот на буџетската година Министерството ќе ги преземе сите активности за исплата на обврските во согласност со склучените договори, меѓу кои и кон Агенцијата за филм.  

The post Агенцијата за филм: Средствата за филмските проекти се потребни веднаш, не може да се чека прераспределба до крајот на годината appeared first on Република.

]]>
53 режисери и продуценти во отворено писмо до Министерството за култура реагираат на кратењето на годишниот буџет за филмска дејност https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/53-rezhiseri-i-produtsenti-vo-otvoreno-pismo-do-ministerstvoto-za-kultura-reagiraat-na-krateneto-na-godishniot-budhet-za-filmska-dejnost/ Mon, 18 Sep 2023 13:08:52 +0000 https://republika.mk/?p=682920

Вкупно 53 филмски режисери и продуценти испратија отворено писмо до Министерството за култура во кое реагираат на предлогот за кратењето на предвидениот годишен буџет за филмска дејност, без претходно најава и без консулатации од Агенцијата за филм.

Во отвореното писмо, меѓу потписниците се режисерите Тамара Котевска, Теона Митевска, Ѓорче Ставревски, Дарјан Пејовски, Вардан Тозија, Игор Иванов - Изи, како и продуцентите Роберт Насков, Лабина Митевска, Томи Салковски, Дарко Попов...

Како што пишува во писмото, според неофицијални информации, на предлог од страна на Министерството за култура до Владата на Македонија доставен е предлог за кратење на предвидениот годишен буџет за филмска дејност, без претходна најава и без консултација со Агенцијата за филм.

Дополнително, според нашите информации, Министерството нема да дозволи ниту користење на средствата од сопствената сметка на Агенцијата за филм на која се акумулираат средства од различни извори.

Доколку овие информации се точни и истите бидат изгласани во Собранието, ќе дојде до целосно блокирање на филмската дејност, бидејќи наведените средства се планирани за проекти од национален интерес кои се во тек на реализација.

На овој начин се нанесува штета на и онака кревката филмска индустрија во Македонија и се доведува во прашање егзистенцијата на филмските автори, продуценти, филмски работници, актери и сите останати учесници во процесите на реализација на филмските проекти, се вели во писмото.

Според режисерите и продуцентите потписници на писмото, блокирањето на овие филмови доведува до голема штета врз македонската кинематографија и на интернационално ниво, бидејќи во проектите учествуваат меѓународни продукции кои се финансирани од национални европски фондови и Еуримаж - најголемиот фонд за европски копродукции формиран во рамките на Советот на Европа.

Континуираната пракса на кратењата на буџетот за филмска дејност на Агенцијата за филм во последните години доведува до системско уништување на дејноста, наспроти зголемувањето на содржините и буџетите во цела Европа.

Сето ова се случува во годините кога македонскиот филм ги постигнува најголемите успеси на интернационално ниво.

Од Министерството за култура бараме повлекување на предлогот за кратење на средства за филмска дејност во тековната 2023 година и овозможување на користење на средствата од посебната сметка на Агенцијата.

Во спротивно, ќе немаме друг избор освен нашиот револт да го изразиме со протести и со повлекување на нашите филмови и ТВ серии од кината, платформите и телевизиите во Република Македонија.

Се надеваме дека нема да бидеме доведени до оваа ситуација и дека предлогот за кратење на средствата за производство на филм ќе биде повлечен од страна на Министерството за култура, се вели во отвореното писмо.

 

1. Тамара Котевска - режисер
2. Теона Митевска - режисер
3. Ѓорче Ставрески - режисер
4. Даријан Пејовски - режисер
5. Вардан Тозија - режисер
6. Дина Дума - режисер
7. Марија Апчевска - режисер
8. Игор Иванов - режисер
9. Георги Унковски - режисер
10. Андреј Волкашин - режисер
11. Срѓан Јанакиевиќ - режисер
12. Игор Алексов - режисер
13. Елеонора Венинова - режисер
14. Николче Поповски - режисер
15. Трифун Ситниковски - режисер
16. Лидија Мојсовска - режисер
17. Марко Ѓоковик - режисер
18. Васил Христов - режисер
19. Кристијан Ристевски - режисер и продуцент
20. Кастриот Абдили - режисер и продуцент
21. Батухан Ибрахим, режисер
22. Маријан Гавриловски - режисер
23. Ромир Јакупи - режисер
24. Ибрахим Деари - режисер
25. Мирсад Абази - режисер и актер
26. Авдиљ Тачи - режисер и монтажер
27. Фисник Исмаили - режисер и снимател
28. Андреј Георгиев - режисер
29. Гоце Трајковски - режисер
30. Лабина Митевска - продуцент
31. Марија Димитрова - продуцент
32. Томи Салковски - продуцент
33. Роберт Насков - продуцент
34. Владимир Анастасов - продуцент
35. Ангела Несторовска - продуцент
36. Дејан Илиев - продуцент
37. Иван Унковски - продуцент
38. Ивана Шекутковска - продуцент
39. Елена Станишева - продуцент
40. Јорданчо Петковски - продуцент
41. Сашо Пешев - продуцент
42. Илија Циривири - продуцент
43. Сара Ферро - продуцент
44. Владимир Стојчевски - продуцент
45. Дарко Попов - продуцент
46. Огнен Антов - продуцент
47. Гоце Кралевски - продуцент
48. Атанас Георгиев - продуцент и режисер
49. Роберт Јазаџиски - продуцент
50. Дејан Крајчевски - продуцент
51. Бунјамин Куртиши - продуцент
52. Душан Ефремов - продуцент
53. Сашо Павловски - продуцент и режисер

 

The post 53 режисери и продуценти во отворено писмо до Министерството за култура реагираат на кратењето на годишниот буџет за филмска дејност appeared first on Република.

]]>

Вкупно 53 филмски режисери и продуценти испратија отворено писмо до Министерството за култура во кое реагираат на предлогот за кратењето на предвидениот годишен буџет за филмска дејност, без претходно најава и без консулатации од Агенцијата за филм. Во отвореното писмо, меѓу потписниците се режисерите Тамара Котевска, Теона Митевска, Ѓорче Ставревски, Дарјан Пејовски, Вардан Тозија, Игор Иванов - Изи, како и продуцентите Роберт Насков, Лабина Митевска, Томи Салковски, Дарко Попов... Како што пишува во писмото, според неофицијални информации, на предлог од страна на Министерството за култура до Владата на Македонија доставен е предлог за кратење на предвидениот годишен буџет за филмска дејност, без претходна најава и без консултација со Агенцијата за филм.
Дополнително, според нашите информации, Министерството нема да дозволи ниту користење на средствата од сопствената сметка на Агенцијата за филм на која се акумулираат средства од различни извори. Доколку овие информации се точни и истите бидат изгласани во Собранието, ќе дојде до целосно блокирање на филмската дејност, бидејќи наведените средства се планирани за проекти од национален интерес кои се во тек на реализација. На овој начин се нанесува штета на и онака кревката филмска индустрија во Македонија и се доведува во прашање егзистенцијата на филмските автори, продуценти, филмски работници, актери и сите останати учесници во процесите на реализација на филмските проекти, се вели во писмото.
Според режисерите и продуцентите потписници на писмото, блокирањето на овие филмови доведува до голема штета врз македонската кинематографија и на интернационално ниво, бидејќи во проектите учествуваат меѓународни продукции кои се финансирани од национални европски фондови и Еуримаж - најголемиот фонд за европски копродукции формиран во рамките на Советот на Европа. Континуираната пракса на кратењата на буџетот за филмска дејност на Агенцијата за филм во последните години доведува до системско уништување на дејноста, наспроти зголемувањето на содржините и буџетите во цела Европа.
Сето ова се случува во годините кога македонскиот филм ги постигнува најголемите успеси на интернационално ниво. Од Министерството за култура бараме повлекување на предлогот за кратење на средства за филмска дејност во тековната 2023 година и овозможување на користење на средствата од посебната сметка на Агенцијата. Во спротивно, ќе немаме друг избор освен нашиот револт да го изразиме со протести и со повлекување на нашите филмови и ТВ серии од кината, платформите и телевизиите во Република Македонија. Се надеваме дека нема да бидеме доведени до оваа ситуација и дека предлогот за кратење на средствата за производство на филм ќе биде повлечен од страна на Министерството за култура, се вели во отвореното писмо.
  1. Тамара Котевска - режисер 2. Теона Митевска - режисер 3. Ѓорче Ставрески - режисер 4. Даријан Пејовски - режисер 5. Вардан Тозија - режисер 6. Дина Дума - режисер 7. Марија Апчевска - режисер 8. Игор Иванов - режисер 9. Георги Унковски - режисер 10. Андреј Волкашин - режисер 11. Срѓан Јанакиевиќ - режисер 12. Игор Алексов - режисер 13. Елеонора Венинова - режисер 14. Николче Поповски - режисер 15. Трифун Ситниковски - режисер 16. Лидија Мојсовска - режисер 17. Марко Ѓоковик - режисер 18. Васил Христов - режисер 19. Кристијан Ристевски - режисер и продуцент 20. Кастриот Абдили - режисер и продуцент 21. Батухан Ибрахим, режисер 22. Маријан Гавриловски - режисер 23. Ромир Јакупи - режисер 24. Ибрахим Деари - режисер 25. Мирсад Абази - режисер и актер 26. Авдиљ Тачи - режисер и монтажер 27. Фисник Исмаили - режисер и снимател 28. Андреј Георгиев - режисер 29. Гоце Трајковски - режисер 30. Лабина Митевска - продуцент 31. Марија Димитрова - продуцент 32. Томи Салковски - продуцент 33. Роберт Насков - продуцент 34. Владимир Анастасов - продуцент 35. Ангела Несторовска - продуцент 36. Дејан Илиев - продуцент 37. Иван Унковски - продуцент 38. Ивана Шекутковска - продуцент 39. Елена Станишева - продуцент 40. Јорданчо Петковски - продуцент 41. Сашо Пешев - продуцент 42. Илија Циривири - продуцент 43. Сара Ферро - продуцент 44. Владимир Стојчевски - продуцент 45. Дарко Попов - продуцент 46. Огнен Антов - продуцент 47. Гоце Кралевски - продуцент 48. Атанас Георгиев - продуцент и режисер 49. Роберт Јазаџиски - продуцент 50. Дејан Крајчевски - продуцент 51. Бунјамин Куртиши - продуцент 52. Душан Ефремов - продуцент 53. Сашо Павловски - продуцент и режисер  

The post 53 режисери и продуценти во отворено писмо до Министерството за култура реагираат на кратењето на годишниот буџет за филмска дејност appeared first on Република.

]]>
Во пресрет на Илинден формирани нови национални установи од областа на културата: „Десет дена Крушевска Република“ и „Денови на Смилевскиот конгрес“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vo-presret-na-ilinden-formirani-novi-natsionalni-ustanovi-od-oblasta-na-kulturata-deset-dena-krushevska-republika-i-denovi-na-smilevskiot-kongres/ Tue, 01 Aug 2023 13:39:22 +0000 https://republika.mk/?p=667682

Во пресрет на големиот државен празник, Илинден, кога во државата се прославува Илинденското востание и Првото заседание на АСНОМ со што се конституира македонската држава, Владата донесе одлука за формирање две нови национални установи од областа на културата кои ги афирмираат личностите и настаните поврзани со Илинденскиот период и со македонската државност, информираат од Министерството за култура.

Традиционалните активности со кои се слави слободата, победата, борбата и жедтта на македонскиот народ и сите други народи кои живеат во земјава за слободна, независна и демократска држава, „Десет дена Крушевска Република“ и „Денови на Смилевскиот конгрес“ ќе функционираат преку целата година како национални установи.

Иницијативата за основање на  установата  „Десет дена Крушевска Република“ е со цел  поттикнување на творештвото на современиците инспирирано од Илинден и борбата на македонскиот народ за национално ослободување и за афирмација на Република Македонија. Националната установа Центар за култура „Десет дена Крушевска Република“ – Крушево, ќе биде сместена во објектот на Националната установа Историски Музеј – Крушево, што е во сопственост на Република Македонија.

Иницијативите се поднесени од Министерството за култура каде што е предвидено Национална установа, Манифестација „Денови на Смилевскиот конгрес“ – Смилево, Демир Хисар да ги одбележува деновите на  Смилевскиот Конгрес, како историски настан од значење за македонскиот народ и за спомените за Даме Груев. А ќе биде сместена во објект во село Смилево, што е во сопственост на Република Македонија, односно во некогашната куќа на револуционерот Даме Груев.

Новите национални установи според досегашната нивно постоење и програмски содржини, продолжуваат да дејствуваат во духот на афирмација на настани и личности значајни за илинденскиот период и за македонската државност.

Смилевскиот конгрес е одржан од 2 до 7 мај 1903 година во с. Смилево, Демир Хисар. Овој Конгрес според одлуките што ги донел, претставува една од значајните етапи во подготовките на Илинденското востание. Со тоа, Смилевскиот Конгрес е настан длабоко врежан во свеста на македонскиот народ, што трајно ја определил неговата иднина. А спомените за ликот и делото на Даме Груев, како и други историски личности и настани, се постојан потсетник за поставувањето на темелите на македонската државност, стои во писменото соопштение од Министерството за култура.

 

The post Во пресрет на Илинден формирани нови национални установи од областа на културата: „Десет дена Крушевска Република“ и „Денови на Смилевскиот конгрес“ appeared first on Република.

]]>

Во пресрет на големиот државен празник, Илинден, кога во државата се прославува Илинденското востание и Првото заседание на АСНОМ со што се конституира македонската држава, Владата донесе одлука за формирање две нови национални установи од областа на културата кои ги афирмираат личностите и настаните поврзани со Илинденскиот период и со македонската државност, информираат од Министерството за култура.

Традиционалните активности со кои се слави слободата, победата, борбата и жедтта на македонскиот народ и сите други народи кои живеат во земјава за слободна, независна и демократска држава, „Десет дена Крушевска Република“ и „Денови на Смилевскиот конгрес“ ќе функционираат преку целата година како национални установи.

Иницијативата за основање на  установата  „Десет дена Крушевска Република“ е со цел  поттикнување на творештвото на современиците инспирирано од Илинден и борбата на македонскиот народ за национално ослободување и за афирмација на Република Македонија. Националната установа Центар за култура „Десет дена Крушевска Република“ – Крушево, ќе биде сместена во објектот на Националната установа Историски Музеј – Крушево, што е во сопственост на Република Македонија.

Иницијативите се поднесени од Министерството за култура каде што е предвидено Национална установа, Манифестација „Денови на Смилевскиот конгрес“ – Смилево, Демир Хисар да ги одбележува деновите на  Смилевскиот Конгрес, како историски настан од значење за македонскиот народ и за спомените за Даме Груев. А ќе биде сместена во објект во село Смилево, што е во сопственост на Република Македонија, односно во некогашната куќа на револуционерот Даме Груев.

Новите национални установи според досегашната нивно постоење и програмски содржини, продолжуваат да дејствуваат во духот на афирмација на настани и личности значајни за илинденскиот период и за македонската државност.

Смилевскиот конгрес е одржан од 2 до 7 мај 1903 година во с. Смилево, Демир Хисар. Овој Конгрес според одлуките што ги донел, претставува една од значајните етапи во подготовките на Илинденското востание. Со тоа, Смилевскиот Конгрес е настан длабоко врежан во свеста на македонскиот народ, што трајно ја определил неговата иднина. А спомените за ликот и делото на Даме Груев, како и други историски личности и настани, се постојан потсетник за поставувањето на темелите на македонската државност, стои во писменото соопштение од Министерството за култура.

 

The post Во пресрет на Илинден формирани нови национални установи од областа на културата: „Десет дена Крушевска Република“ и „Денови на Смилевскиот конгрес“ appeared first on Република.

]]>
Маврово и Ростуше во село Тресонче и Општина Кривогаштани ќе добијат мултифункционални културни центри https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/mavrovo-i-rostushe-vo-selo-tresonche-i-opshtina-krivogashtani-ke-dobijat-multifunktsionalni-kulturni-tsentri/ Tue, 04 Jul 2023 07:46:19 +0000 https://republika.mk/?p=657905

По објавениот Оглас на Министерството за култура, за распределба на капиталните дотации во областа на културата, посебно формирана комисија ги разгледа пристигнатите проекти и врз основа на критериумите, процедурите и роковите, од вкупно 13 пристигнати проекти од 11 општини, средства беа доделени за 9 проекти, за чија реализација се распределени околу 40 милиони денари, соопштија  од Министерството.

Така, Маврово и Ростуше во с. Тресонче и Општина Кривогаштани ќе добијат мултифункционални културни центри, Културниот центар во Валандово ќе се санира, а со тоа се обезбедуваат современи услови за работа, инвестираме и во сценската инфраструктура на Крушево како важен културен, историски и туристички центар, како и во живописното Кратово, град кој е сѐ поатрактивна туристичка и културна дестинација. Започнуваме проекти за реконструкција и адаптација на зградата на Центар за култура Крива Паланка, како и за почеток на изградба на дом на култура во Општина Чашка. Продолжуваме со реконструкција на Спомен-домот „АСНОМ“ во Делчево, како и со изградбата на Домот на културата во с. Куклиш, Струмица“, изјави министерката за култура Бисера Костадновска Стојчевска.

На состанокот на кој присуствуваа и дел од градоначалниците на единиците на локалната самоуправа беа споделени информации за одобрените проекти за поддршка на локалните заедници. Притоа Костадиновска-Стојчевска ја истакна важноста на заложбите меѓу државната и централната власт во остварување на заедничките цели.

Според Костадиновска-Стојчевска, капиталните инвестиции им овозможуваат на единиците на локалната самоуправа да реализираат многубројни проекти кои ќе ја збогатат нивната културната понуда. Со нив се предвидува изработка на проектно-техничка документација за изградба на објекти, реконструкција, ревитализација и санација на центри за култура, музејско-изложбени простори, адаптации на простори за културни и за други манифестации, осмислување летни сцени.

Присутните градоначалници од општините кои добија капитални дотации во Програмата за оваа година, се заблагодарија на Министерството за култура и на Владата на Македонија кои, како што рекоа го препознаа квалитетот на понудените проекти, и ја истакнаа важноста од потребата за рамноправен развој и инвестирање во сите општини како и во најмалите рурални средини.

 

The post Маврово и Ростуше во село Тресонче и Општина Кривогаштани ќе добијат мултифункционални културни центри appeared first on Република.

]]>

По објавениот Оглас на Министерството за култура, за распределба на капиталните дотации во областа на културата, посебно формирана комисија ги разгледа пристигнатите проекти и врз основа на критериумите, процедурите и роковите, од вкупно 13 пристигнати проекти од 11 општини, средства беа доделени за 9 проекти, за чија реализација се распределени околу 40 милиони денари, соопштија  од Министерството. Така, Маврово и Ростуше во с. Тресонче и Општина Кривогаштани ќе добијат мултифункционални културни центри, Културниот центар во Валандово ќе се санира, а со тоа се обезбедуваат современи услови за работа, инвестираме и во сценската инфраструктура на Крушево како важен културен, историски и туристички центар, како и во живописното Кратово, град кој е сѐ поатрактивна туристичка и културна дестинација. Започнуваме проекти за реконструкција и адаптација на зградата на Центар за култура Крива Паланка, како и за почеток на изградба на дом на култура во Општина Чашка. Продолжуваме со реконструкција на Спомен-домот „АСНОМ“ во Делчево, како и со изградбата на Домот на културата во с. Куклиш, Струмица“, изјави министерката за култура Бисера Костадновска Стојчевска. На состанокот на кој присуствуваа и дел од градоначалниците на единиците на локалната самоуправа беа споделени информации за одобрените проекти за поддршка на локалните заедници. Притоа Костадиновска-Стојчевска ја истакна важноста на заложбите меѓу државната и централната власт во остварување на заедничките цели. Според Костадиновска-Стојчевска, капиталните инвестиции им овозможуваат на единиците на локалната самоуправа да реализираат многубројни проекти кои ќе ја збогатат нивната културната понуда. Со нив се предвидува изработка на проектно-техничка документација за изградба на објекти, реконструкција, ревитализација и санација на центри за култура, музејско-изложбени простори, адаптации на простори за културни и за други манифестации, осмислување летни сцени. Присутните градоначалници од општините кои добија капитални дотации во Програмата за оваа година, се заблагодарија на Министерството за култура и на Владата на Македонија кои, како што рекоа го препознаа квалитетот на понудените проекти, и ја истакнаа важноста од потребата за рамноправен развој и инвестирање во сите општини како и во најмалите рурални средини.  

The post Маврово и Ростуше во село Тресонче и Општина Кривогаштани ќе добијат мултифункционални културни центри appeared first on Република.

]]>
Министерството за култура го намали буџетот и за јубилејните 60-ти Рацинови средби https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/ministerstvoto-za-kultura-go-namali-budhetot-i-za-jubilejnite-60-ti-ratsinovi-sredbi/ Mon, 05 Jun 2023 16:20:39 +0000 https://republika.mk/?p=648119

За претстојните Рацинови средби кои по 60. јубилеен пат ќе се одржат од 9 до 15 јуни во Велес градот на поетот Коста Солев Рацин, годинава Министерството за култура издвои 204 илјади денари, што е скоро за 50 проценти помалку споредено со лани кога издвои скоро 382 илјади, информира на денешниот прес Александра Андреева од Општина Велес, а која ги организира Рациновите средби преку делегирана надлежност на ЗГ Плус Публика.

Андреева, инфрмира дека заедно годинава Општина Велес од Министерството за култура за Рациновите средби побарале 600 илјади денари, а добиле упола помалку споредено со ланските околу 382 илјади. Годинашната богата програма за претстојните 60 јубулејни Рацинови средби ќе ја чини Општина Велес околу 1 милион денари, во што е вклучен и паричниот дел од 60 илјади за добитникот на Рациновото признание, како и за Втората атлетска трка „Трчаме за Рацин“ што на 11 јуни вечерта ќе се одржи низ велешките главни улици со над 500 учесници.

Инаку годинава 60. Рацинови средби ќе започната со посета на родната куќа на поетот и револуционер Коста Солев Рацин во стариот дел на Велес, а посетата е слободно за сите заинтересирани. Насловена е „На гости кај Рацин“ Отворен ден за запознавање со животот и творештвото на Рацин.

И годинава ултрамаратонците ќе трчаат од Велес до планината Лопушник- местото на погибјето на Рацин, а ќе се одржи и Планинарски марш во чест на Рацин исто на планината Лопушник.

Во соработка со Институтот за македонски јазик и годинава ќе има Научен симпозиум за Рацин, како и промоција на серијалот за Коста Рацин-Црвениот поет.

Во рамките на програмата ќе има традиционално поетско читање освен на возрасни и на млади поети.

На свеченото затворање со богата програма ќе бидат врачени и Почесното и Рациновото признание за 2023 година.

The post Министерството за култура го намали буџетот и за јубилејните 60-ти Рацинови средби appeared first on Република.

]]>

За претстојните Рацинови средби кои по 60. јубилеен пат ќе се одржат од 9 до 15 јуни во Велес градот на поетот Коста Солев Рацин, годинава Министерството за култура издвои 204 илјади денари, што е скоро за 50 проценти помалку споредено со лани кога издвои скоро 382 илјади, информира на денешниот прес Александра Андреева од Општина Велес, а која ги организира Рациновите средби преку делегирана надлежност на ЗГ Плус Публика. Андреева, инфрмира дека заедно годинава Општина Велес од Министерството за култура за Рациновите средби побарале 600 илјади денари, а добиле упола помалку споредено со ланските околу 382 илјади. Годинашната богата програма за претстојните 60 јубулејни Рацинови средби ќе ја чини Општина Велес околу 1 милион денари, во што е вклучен и паричниот дел од 60 илјади за добитникот на Рациновото признание, како и за Втората атлетска трка „Трчаме за Рацин“ што на 11 јуни вечерта ќе се одржи низ велешките главни улици со над 500 учесници. Инаку годинава 60. Рацинови средби ќе започната со посета на родната куќа на поетот и револуционер Коста Солев Рацин во стариот дел на Велес, а посетата е слободно за сите заинтересирани. Насловена е „На гости кај Рацин“ Отворен ден за запознавање со животот и творештвото на Рацин. И годинава ултрамаратонците ќе трчаат од Велес до планината Лопушник- местото на погибјето на Рацин, а ќе се одржи и Планинарски марш во чест на Рацин исто на планината Лопушник. Во соработка со Институтот за македонски јазик и годинава ќе има Научен симпозиум за Рацин, како и промоција на серијалот за Коста Рацин-Црвениот поет. Во рамките на програмата ќе има традиционално поетско читање освен на возрасни и на млади поети. На свеченото затворање со богата програма ќе бидат врачени и Почесното и Рациновото признание за 2023 година.

The post Министерството за култура го намали буџетот и за јубилејните 60-ти Рацинови средби appeared first on Република.

]]>
Саниран е Меморијалниот комплекс на паднатите борци на револуцијата во Штип, дело на архитектот Богдан Богдановски https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/saniran-e-memorijalniot-kompleks-na-padnatite-bortsi-na-revolutsijata-vo-shtip-delo-na-arhitektot-bogdan-bogdanovski/ Wed, 31 May 2023 12:53:10 +0000 https://republika.mk/?p=646487

Министерството за култура, преку надлежните заводи и музеи, започна со реконструкција и санација на сите споменици и спомен-обележја од Народно-ослободителната борба, на личности кои дале придонес во борбата против фашизмот и ослободувањето на нашата држава и на настани коишто се случиле во НОБ и се сведоштво за непокорот и борбата за слобода. Како проект на Владата, предвиден со Буџетот за оваа година, иако согласно Законот за меморијални споменици и спомен-обележја се надлежни општините, односно Градот Скопје, Владата го задолжи Министерството за култура во соработка со надлежните да се реконструираат сите овие споменици и спомен-обележја кои се силен белег на македонската државност и историја.

Во моментов, Завод и музеј-Штип, со средства од Министерството за култура, го санираше искучително значајното дело Меморијален комплекс на паднатите борци на револуцијата, кој е поставен на источната страна на археолошкиот локалитет „Исар“.

Станува збор за архитектонско-скулптурално дело од архитектот Богдан Богдановски, еден од најпознатите архитекти на дваесеттиот век, кој оставил силен печат на уметничкото и архитектонското наследство на некогашна Југославија.

Делото на Богдановиќ (роден 20 август 1922 година во Белград, починал 18 јуни 2010 во Виена) било избрано на конкурс со цел да се одбележи сеќавањето на загинатите партизански војници и цивили во Штип и Штипско за време на Втората светска војна, како чин на комеморација.

За завршувањето на споменичкиот комплекс во Штип на авторот му биле потребни пет години, а неговата свечена инагурација се извршила на денот на ослободувањето на Штип, 8 ноември 1974 година.

Екипите од штипскиот музеј во изминатиот период ги отстранија нечистотиите, вегетацијата, бројните графити на сите делови од комплексот со што се сочуваа изворните, историските, урбанистичко-архитектонските и естетските вредности на делото и се овозможи негово користење за туристички, културни и други активности.

Во овој меморијален комплекс подигнат во чест на паднатите борци во Народно-ослободителната војна, се одбележуваат неколку датуми со учество на делегации, учесници во војната и граѓани, со положување на свежо цвеќе и комеморација. На комплексот се одбележуваат: 11 Октомври, денот на почетокот на народното востание во Македонија, 8 Ноември, денот на ослободувањето на градот Штип и 23 Октомври, денот на македонската револуционерна борба.

 

The post Саниран е Меморијалниот комплекс на паднатите борци на револуцијата во Штип, дело на архитектот Богдан Богдановски appeared first on Република.

]]>

Министерството за култура, преку надлежните заводи и музеи, започна со реконструкција и санација на сите споменици и спомен-обележја од Народно-ослободителната борба, на личности кои дале придонес во борбата против фашизмот и ослободувањето на нашата држава и на настани коишто се случиле во НОБ и се сведоштво за непокорот и борбата за слобода. Како проект на Владата, предвиден со Буџетот за оваа година, иако согласно Законот за меморијални споменици и спомен-обележја се надлежни општините, односно Градот Скопје, Владата го задолжи Министерството за култура во соработка со надлежните да се реконструираат сите овие споменици и спомен-обележја кои се силен белег на македонската државност и историја. Во моментов, Завод и музеј-Штип, со средства од Министерството за култура, го санираше искучително значајното дело Меморијален комплекс на паднатите борци на револуцијата, кој е поставен на источната страна на археолошкиот локалитет „Исар“. Станува збор за архитектонско-скулптурално дело од архитектот Богдан Богдановски, еден од најпознатите архитекти на дваесеттиот век, кој оставил силен печат на уметничкото и архитектонското наследство на некогашна Југославија. Делото на Богдановиќ (роден 20 август 1922 година во Белград, починал 18 јуни 2010 во Виена) било избрано на конкурс со цел да се одбележи сеќавањето на загинатите партизански војници и цивили во Штип и Штипско за време на Втората светска војна, како чин на комеморација. За завршувањето на споменичкиот комплекс во Штип на авторот му биле потребни пет години, а неговата свечена инагурација се извршила на денот на ослободувањето на Штип, 8 ноември 1974 година. Екипите од штипскиот музеј во изминатиот период ги отстранија нечистотиите, вегетацијата, бројните графити на сите делови од комплексот со што се сочуваа изворните, историските, урбанистичко-архитектонските и естетските вредности на делото и се овозможи негово користење за туристички, културни и други активности. Во овој меморијален комплекс подигнат во чест на паднатите борци во Народно-ослободителната војна, се одбележуваат неколку датуми со учество на делегации, учесници во војната и граѓани, со положување на свежо цвеќе и комеморација. На комплексот се одбележуваат: 11 Октомври, денот на почетокот на народното востание во Македонија, 8 Ноември, денот на ослободувањето на градот Штип и 23 Октомври, денот на македонската револуционерна борба.  

The post Саниран е Меморијалниот комплекс на паднатите борци на револуцијата во Штип, дело на архитектот Богдан Богдановски appeared first on Република.

]]>
Министерке, имате проблематичен однос кон традицијата, културата и врвните професионалци https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/ministerke-imate-problematichen-odnos-kon-traditsijata-kulturata-i-vrvnite-profesionaltsi/ Wed, 31 May 2023 09:03:22 +0000 https://republika.mk/?p=646378

Денеска во 14 часот, вработените во Филхармонија ќе одржат протест пред Министерството за култура кое веќе доби црвен картон на последниот концерт од официјалниот дел од концертната сезона „Дамар на слободата“, кој се одржа во петокот на сцената на НОБ, во рамки на фестивалот „Мајски оперски вечери“.

Нашите протести продолжуваат се до конечната промена на штетната одлука која ја донесе Министерството за култура. Колку повеќе Министерството за култура го прологира решавањето на проблемот, толку повеќе се продлабочуваат и последиците кои веќе се одразуваат и на работата на нашата институција.

Негативната медиумска кампања во последниве неколку месеци, направи сериозна штета на угледот и реномето на нашата институција. Нападите на поединци, но и оркестрираните платени текстови во медиумите целосно ја искривија реалната слика за проблемот во јавноста. Сто пати повторена лага – станува вистина беше лајт мотивот на манипулативната медиумска кампања која се уште се води против нашата институција, велат од Филхармонија.

Според вработените, вистината и аргументите се на нивна страна, тоа и е јасно и на министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, која не сакајќи да ја признае сопствената грешка, влезе во отворена војна со институцијата.

Ако работат на решение, треба да бидеме информирани за тоа, а не целосно игнорирани од страна на Министерството за култура. Наместо конструктивност и решавање на проблемот, нашата институција во моментов е „нападната“ од инспекции на Министерството за култура и има блокирана сметка.

Наместо да покажат разбирање за нашиот проблем и да го решат што поскоро, Министерството за култура, со последното соопштение кое го прочитавме во еден од медиумите, повторно не обвини дека „манипулираме со културната јавност и со врвните професионалци од сферата“.

Ние, почитувана министерке, се бориме против манипулациите и лагите поради кои нашата институција во последниве три месеци трпи сериозна штета. А, вие со вашите досегашни потези, изјави и игнорантски однос кон нашата институција само потврдивте дека имате проблематичен однос кон традицијата, културата и кон врвните професионалци кои и дадоа безрезервна поддршка на Филхармонија, велат од Филхармонија.

 

The post Министерке, имате проблематичен однос кон традицијата, културата и врвните професионалци appeared first on Република.

]]>

Денеска во 14 часот, вработените во Филхармонија ќе одржат протест пред Министерството за култура кое веќе доби црвен картон на последниот концерт од официјалниот дел од концертната сезона „Дамар на слободата“, кој се одржа во петокот на сцената на НОБ, во рамки на фестивалот „Мајски оперски вечери“.
Нашите протести продолжуваат се до конечната промена на штетната одлука која ја донесе Министерството за култура. Колку повеќе Министерството за култура го прологира решавањето на проблемот, толку повеќе се продлабочуваат и последиците кои веќе се одразуваат и на работата на нашата институција. Негативната медиумска кампања во последниве неколку месеци, направи сериозна штета на угледот и реномето на нашата институција. Нападите на поединци, но и оркестрираните платени текстови во медиумите целосно ја искривија реалната слика за проблемот во јавноста. Сто пати повторена лага – станува вистина беше лајт мотивот на манипулативната медиумска кампања која се уште се води против нашата институција, велат од Филхармонија.
Според вработените, вистината и аргументите се на нивна страна, тоа и е јасно и на министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, која не сакајќи да ја признае сопствената грешка, влезе во отворена војна со институцијата.
Ако работат на решение, треба да бидеме информирани за тоа, а не целосно игнорирани од страна на Министерството за култура. Наместо конструктивност и решавање на проблемот, нашата институција во моментов е „нападната“ од инспекции на Министерството за култура и има блокирана сметка. Наместо да покажат разбирање за нашиот проблем и да го решат што поскоро, Министерството за култура, со последното соопштение кое го прочитавме во еден од медиумите, повторно не обвини дека „манипулираме со културната јавност и со врвните професионалци од сферата“. Ние, почитувана министерке, се бориме против манипулациите и лагите поради кои нашата институција во последниве три месеци трпи сериозна штета. А, вие со вашите досегашни потези, изјави и игнорантски однос кон нашата институција само потврдивте дека имате проблематичен однос кон традицијата, културата и кон врвните професионалци кои и дадоа безрезервна поддршка на Филхармонија, велат од Филхармонија.
 

The post Министерке, имате проблематичен однос кон традицијата, културата и врвните професионалци appeared first on Република.

]]>
Министерството за култура ја блокирало сметката на Филхармонија, музичарите се заканија со црвен картон за министерката https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/ministerstvoto-za-kultura-ja-blokiralo-smetkata-na-filharmonija-muzicharite-se-zakanija-so-tsrven-karton-za-ministerkata/ Tue, 23 May 2023 12:34:16 +0000 https://republika.mk/?p=643980

Оркестарот на Македонската Филхармонија денеска повторно одржа мирен протест пред Министерството за култура, бидејќи оттаму, се уште немаат конкретен одговор, ниту решение на проблемот кој настана со одлуката новоформираниот Национален џез-оркестар просторно да биде сместен во објектот на Филхармонија. Членовите на оркестарот во континуитет изминатите денови и недели бараат надлежните да ја повлечат оваа одлука, бидејќи според нив е неодржливо двата оркестри да функционираат како два посебни правни субјекти во една зграда, а во петокот првпат протесираа и пред Владата, свирејќи на своите инструменти пред зградата на извршната власт.

Музичарите од оркестарот овој пат протестираа без своите инструменти, но со жолти картони во рецете, а пред Министерството ечеше снимена музика, композициите „Тешкото“ од Глигор Смокварски и 4 симфонија, 2 став од Бетовен. Филхармоничарите ги оставија жолтите картони пред зградата на Министерството и најавија „црвени картони“ за министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска доколку, како што рекоа, наскоро не се најде решение за овој проблем.

Владимир Лазаревски, прв обоист и претседател на Синдикатот на Филхармонија, во своето обраќање на протестот го изрази незадоволството од, како што нагласи, манипулациите и лагите на Министерството за култура и Здружението на џез музичари, но и од опструкциите што во последниот период се прават врз Филхармонија.

Изминатиов период, нашата институција продолжува да биде мета на дезинформации во јавноста, но и на опструкции од страна на Министерството за култура кое дури ја блокираше и сметката на Филхармонија, со што директно се прави дополнителен притисок врз вработените, но и врз работата на нашата институција. Не ни е одобрен финансов план на сопствената сметка, односно во превод, парите што ги имаме, не ни даваат да ги трошиме, истакна Лазаревски.

Тој ја повика министерката за култура да каже зошто месец и половина ја лаже јавноста дека Министерството за култура немало никаква задна намера кога ја донело одлуката за формирање на џез-оркестарот.

Сакаме да го изразиме нашето незадоволство од бесрамното манипулирање и лагите искажани од страна на Министерството за култура и Здружението на џез музичари дека немале никаква задна намера кога ја донеле одлуката за наводно привремено сместување на џез-оркестарот во зградата на Филхармонија, рече Лазаревски.

Според него, и покрај известувањето дека Министерството работи интензивно на проблемот во врска со сместувањето на новоформираниот национален џез оркестар во Македонската филхармонија, до моментов прашањето не е решено, односно одлуката на Владата не е променета.

Бараме што поскоро да се најде решение за проблемот и да се надмине оваа надреална ситуција во која сосема непотребно сме ставени и ние, а пред се, нашата институција со наметнување на нелогичната одлука која беше донесена паушално, без аргументирана основа и образложение, велат вработените во Македонска филхармонија.

Претседателот на Синдикатот на Филхармонија најави и дека вработените и раководството на Филхармонија ќе продолжат со протести и наредната недела пред Министерството за култура и пред Владата.

The post Министерството за култура ја блокирало сметката на Филхармонија, музичарите се заканија со црвен картон за министерката appeared first on Република.

]]>

Оркестарот на Македонската Филхармонија денеска повторно одржа мирен протест пред Министерството за култура, бидејќи оттаму, се уште немаат конкретен одговор, ниту решение на проблемот кој настана со одлуката новоформираниот Национален џез-оркестар просторно да биде сместен во објектот на Филхармонија. Членовите на оркестарот во континуитет изминатите денови и недели бараат надлежните да ја повлечат оваа одлука, бидејќи според нив е неодржливо двата оркестри да функционираат како два посебни правни субјекти во една зграда, а во петокот првпат протесираа и пред Владата, свирејќи на своите инструменти пред зградата на извршната власт. Музичарите од оркестарот овој пат протестираа без своите инструменти, но со жолти картони во рецете, а пред Министерството ечеше снимена музика, композициите „Тешкото“ од Глигор Смокварски и 4 симфонија, 2 став од Бетовен. Филхармоничарите ги оставија жолтите картони пред зградата на Министерството и најавија „црвени картони“ за министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска доколку, како што рекоа, наскоро не се најде решение за овој проблем. Владимир Лазаревски, прв обоист и претседател на Синдикатот на Филхармонија, во своето обраќање на протестот го изрази незадоволството од, како што нагласи, манипулациите и лагите на Министерството за култура и Здружението на џез музичари, но и од опструкциите што во последниот период се прават врз Филхармонија.
Изминатиов период, нашата институција продолжува да биде мета на дезинформации во јавноста, но и на опструкции од страна на Министерството за култура кое дури ја блокираше и сметката на Филхармонија, со што директно се прави дополнителен притисок врз вработените, но и врз работата на нашата институција. Не ни е одобрен финансов план на сопствената сметка, односно во превод, парите што ги имаме, не ни даваат да ги трошиме, истакна Лазаревски.
Тој ја повика министерката за култура да каже зошто месец и половина ја лаже јавноста дека Министерството за култура немало никаква задна намера кога ја донело одлуката за формирање на џез-оркестарот.
Сакаме да го изразиме нашето незадоволство од бесрамното манипулирање и лагите искажани од страна на Министерството за култура и Здружението на џез музичари дека немале никаква задна намера кога ја донеле одлуката за наводно привремено сместување на џез-оркестарот во зградата на Филхармонија, рече Лазаревски.
Според него, и покрај известувањето дека Министерството работи интензивно на проблемот во врска со сместувањето на новоформираниот национален џез оркестар во Македонската филхармонија, до моментов прашањето не е решено, односно одлуката на Владата не е променета.
Бараме што поскоро да се најде решение за проблемот и да се надмине оваа надреална ситуција во која сосема непотребно сме ставени и ние, а пред се, нашата институција со наметнување на нелогичната одлука која беше донесена паушално, без аргументирана основа и образложение, велат вработените во Македонска филхармонија.
Претседателот на Синдикатот на Филхармонија најави и дека вработените и раководството на Филхармонија ќе продолжат со протести и наредната недела пред Министерството за култура и пред Владата.

The post Министерството за култура ја блокирало сметката на Филхармонија, музичарите се заканија со црвен картон за министерката appeared first on Република.

]]>
Вработените во Филхармонијата на протест пред Министерството за култура https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vrabotenite-vo-filharmonijata-na-protest-pred-ministerstvoto-za-kultura/ Tue, 23 May 2023 05:54:07 +0000 https://republika.mk/?p=643784

Денеска во 11 часот, вработените во Македонска филхармонија ќе одржат протест пред Министерството за култура, кое се уште не излезе со решение за проблемот кој настана со одлуката НУ Џез оркестар да биде сместен во објектот на Филхармонија.

Изминатиов период, нашата институција продолжува да биде мета на дезинформации во јавноста, но и на опструкции од страна на Министерството за култура кое ја блокираше и сопствената сметка на Филхармонија, со што директно се прави дополнителен притисок врз вработените, но и врз работата на нашата институција. Бараме што поскоро да се најде решение за проблемот и да се надмине оваа надреална ситуција во која сосема непотребно сме ставени и ние, а пред се, нашата институција со наметнување на нелогичната одлука која беше донесена паушално, без аргументирана основа и образложение, велат од Филхармонија.

The post Вработените во Филхармонијата на протест пред Министерството за култура appeared first on Република.

]]>

Денеска во 11 часот, вработените во Македонска филхармонија ќе одржат протест пред Министерството за култура, кое се уште не излезе со решение за проблемот кој настана со одлуката НУ Џез оркестар да биде сместен во објектот на Филхармонија.
Изминатиов период, нашата институција продолжува да биде мета на дезинформации во јавноста, но и на опструкции од страна на Министерството за култура кое ја блокираше и сопствената сметка на Филхармонија, со што директно се прави дополнителен притисок врз вработените, но и врз работата на нашата институција. Бараме што поскоро да се најде решение за проблемот и да се надмине оваа надреална ситуција во која сосема непотребно сме ставени и ние, а пред се, нашата институција со наметнување на нелогичната одлука која беше донесена паушално, без аргументирана основа и образложение, велат од Филхармонија.

The post Вработените во Филхармонијата на протест пред Министерството за култура appeared first on Република.

]]>
Министерство за култура: На проектот „Врба“ не е утврдено ненаменско користење на средствата, а за „Мајки“ Агенцијата за филм е известена дека не постои основа да биде извршен инспекциски надзор https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/ministerstvo-za-kultura-na-proektot-vrba-ne-e-utvrdeno-nenamensko-koristene-na-sredstvata-a-za-majki-agentsijata-za-film-e-izvestena-deka-ne-postoi-osnova-da-bide-izvrshen-inspektsiski-nadzor/ Fri, 19 May 2023 12:32:37 +0000 https://republika.mk/?p=642718

Oткако Агенцијата за филм информираше за поднесената кривична пријава против Милчо Манчевски, денеска со реакција се јави и „Банана филм“ кои во писмениот демант велат дека ја пријавиле Агенцијата за филм за корупција, која им поднела кривична пријава иако инспекцијата заклучила дека продуцентот „Банана филм“ работел чесно.

Од Министерството за култура, пак велат дека „до Секторот за управен и инспекциски надзор во Министерството за култура била поднесена Иницијативата од Агенцијата за филм на РСМ, Скопје, со барање за вршење вонреден инспекциски надзор во Друштвото за филмска продукција Банана филм ДООЕЛ – Скопје за реализацијата на филмските проекти „Мајки“ и „Врба“, во режија на Милчо Манчевски“.

Во однос на реализацијата на проектот „Врба“, од страна на инспектор за култура е извршен вонреден инспекциски надзор во Банана филм – Скопје, од аспект на Законот за филмската дејност, за што е составен Записник ИП 1 бр. 56-27 од 04.04.2023 г., со којшто, во делот од наводите во Иницијативата, не е утврдено ненаменско користење на средствата или користење на средствата добиени од Агенцијата за филм спротивно на Договорот, од причини што корисникот на средствата се придржувал кон Финансискиот и оперативен план за реализација на проектот, како составен дел од Договорот.

Додека во однос на филмскиот проект ,,Мајки“ (за којшто поранешната НУ Филмски фонд, Скопје, во 2009 г. склучила Догoвор за финансирање со Банана филм – Скопје), Агенцијата за филм е известена дека не постои основа да биде извршен инспекциски надзор врз основа на Законот за филмски фонд на РМ, имајќи предвид дека Законот не е во сила, односно престанал да важи уште од 1 јануари 2014 г., со денот на применувањето на постојниот Закон за филмската дејност.

Со оглед на тоа што во Иницијативата од Агенцијата за филм, меѓу другото, е наведено дека од страна на Агенцијата „констатирани се пропусти, незаконитости и неисполнети обврски за филмскиот проект „Мајки“ од страна на продуцентот, кои се од важност за сите други проекти кои овој продуцент ги реализирал со правниот следбеник на Филмскиот фонд на РМ, сега АФ“, инспекторот за култура немал основа да врши инспекциски надзор за реализација на филмскиот проект „Мајки“, Записникот од извршениот вонреден инспекциски надзор, заедно со Иницијативата од Агенцијата за филм, се доставени до Министерството за финансии, Управа за финансиска полиција, на запознавање и евентуално натамошно постапување доколку Управата процени дека има основа за тоа, велат од Министерство за култура.

The post Министерство за култура: На проектот „Врба“ не е утврдено ненаменско користење на средствата, а за „Мајки“ Агенцијата за филм е известена дека не постои основа да биде извршен инспекциски надзор appeared first on Република.

]]>

Oткако Агенцијата за филм информираше за поднесената кривична пријава против Милчо Манчевски, денеска со реакција се јави и „Банана филм“ кои во писмениот демант велат дека ја пријавиле Агенцијата за филм за корупција, која им поднела кривична пријава иако инспекцијата заклучила дека продуцентот „Банана филм“ работел чесно. Од Министерството за култура, пак велат дека „до Секторот за управен и инспекциски надзор во Министерството за култура била поднесена Иницијативата од Агенцијата за филм на РСМ, Скопје, со барање за вршење вонреден инспекциски надзор во Друштвото за филмска продукција Банана филм ДООЕЛ – Скопје за реализацијата на филмските проекти „Мајки“ и „Врба“, во режија на Милчо Манчевски“.
Во однос на реализацијата на проектот „Врба“, од страна на инспектор за култура е извршен вонреден инспекциски надзор во Банана филм – Скопје, од аспект на Законот за филмската дејност, за што е составен Записник ИП 1 бр. 56-27 од 04.04.2023 г., со којшто, во делот од наводите во Иницијативата, не е утврдено ненаменско користење на средствата или користење на средствата добиени од Агенцијата за филм спротивно на Договорот, од причини што корисникот на средствата се придржувал кон Финансискиот и оперативен план за реализација на проектот, како составен дел од Договорот. Додека во однос на филмскиот проект ,,Мајки“ (за којшто поранешната НУ Филмски фонд, Скопје, во 2009 г. склучила Догoвор за финансирање со Банана филм – Скопје), Агенцијата за филм е известена дека не постои основа да биде извршен инспекциски надзор врз основа на Законот за филмски фонд на РМ, имајќи предвид дека Законот не е во сила, односно престанал да важи уште од 1 јануари 2014 г., со денот на применувањето на постојниот Закон за филмската дејност. Со оглед на тоа што во Иницијативата од Агенцијата за филм, меѓу другото, е наведено дека од страна на Агенцијата „констатирани се пропусти, незаконитости и неисполнети обврски за филмскиот проект „Мајки“ од страна на продуцентот, кои се од важност за сите други проекти кои овој продуцент ги реализирал со правниот следбеник на Филмскиот фонд на РМ, сега АФ“, инспекторот за култура немал основа да врши инспекциски надзор за реализација на филмскиот проект „Мајки“, Записникот од извршениот вонреден инспекциски надзор, заедно со Иницијативата од Агенцијата за филм, се доставени до Министерството за финансии, Управа за финансиска полиција, на запознавање и евентуално натамошно постапување доколку Управата процени дека има основа за тоа, велат од Министерство за култура.

The post Министерство за култура: На проектот „Врба“ не е утврдено ненаменско користење на средствата, а за „Мајки“ Агенцијата за филм е известена дека не постои основа да биде извршен инспекциски надзор appeared first on Република.

]]>
Протест на вработените од Министерството за култура, очекуваат на владината седница да се разгледа нивното барање https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/protest-na-vrabotenite-od-ministerstvoto-za-kultura-ochekuvaat-na-vladinata-sednitsa-da-se-razgleda-nivnoto-barane/ Tue, 11 Apr 2023 10:05:48 +0000 https://republika.mk/?p=629756

Вработените во Министерството за култура, Управата за културно наследство и Агенцијата за филм на денешниот протест пред Владата, што го организираат трета недела по ред, повторно го изразија незадоволството од своите месечни примања и очекуваат на денешната владина седница да се разгледа нивното барање.

Претседателот на Синдикалната организација на УПОЗ при Министерството за култура, Бранко Костовски на протестот посочи оти постојат законски можности за решавање на прашањето на вработените во Министерството за култура и се надева дека денеска на владината седница ќе преовлада разумот и ќе се покаже слух и волја за 190-те вработени во секторот култура.

-Овие денови во повеќе наврати го изразивме нашето незадоволство и го упативме барањето за одобрување согласност за потпишување колективен договор до Министерството за финансии. Каков парадокс, на вработените во неколку државни институции им се ограничува колективното делување и остварувањето на уставно зaгарантираното право на плата. Истовремено, се крши и уставното начело на еднаквост и рамноправност на сите вработени затоа што министерот за финансии едноставно цени дека неговите вработени заслужуваат поголеми примања за работата која ја вршат. И никој од надлежните не се спротиставува на оваа одлука на првиот финансиер, туку напротив, ја аминува, рече Костовски.

Според Костовски, одлуката на владината седница нема само да го манифестира односот кон вработените кои протестираат, туку генерално кон културата која, како што рече, не треба само декларативно да биде темелна вредност во општеството.

Претставниците на Синдикатот на вработените во Министерството за култура, Управата за културно наследство и Агенцијата за филм минатата недела остварија средба со министерот за финансии Фатмир Бесими, на која ги повторија своите барања за покачување на платите, но не изнајдоа заедничко решение.

Костовски најави дека ќе продолжат со протестите се додека не им се исполнат барањата.

The post Протест на вработените од Министерството за култура, очекуваат на владината седница да се разгледа нивното барање appeared first on Република.

]]>

Вработените во Министерството за култура, Управата за културно наследство и Агенцијата за филм на денешниот протест пред Владата, што го организираат трета недела по ред, повторно го изразија незадоволството од своите месечни примања и очекуваат на денешната владина седница да се разгледа нивното барање. Претседателот на Синдикалната организација на УПОЗ при Министерството за култура, Бранко Костовски на протестот посочи оти постојат законски можности за решавање на прашањето на вработените во Министерството за култура и се надева дека денеска на владината седница ќе преовлада разумот и ќе се покаже слух и волја за 190-те вработени во секторот култура. -Овие денови во повеќе наврати го изразивме нашето незадоволство и го упативме барањето за одобрување согласност за потпишување колективен договор до Министерството за финансии. Каков парадокс, на вработените во неколку државни институции им се ограничува колективното делување и остварувањето на уставно зaгарантираното право на плата. Истовремено, се крши и уставното начело на еднаквост и рамноправност на сите вработени затоа што министерот за финансии едноставно цени дека неговите вработени заслужуваат поголеми примања за работата која ја вршат. И никој од надлежните не се спротиставува на оваа одлука на првиот финансиер, туку напротив, ја аминува, рече Костовски. Според Костовски, одлуката на владината седница нема само да го манифестира односот кон вработените кои протестираат, туку генерално кон културата која, како што рече, не треба само декларативно да биде темелна вредност во општеството. Претставниците на Синдикатот на вработените во Министерството за култура, Управата за културно наследство и Агенцијата за филм минатата недела остварија средба со министерот за финансии Фатмир Бесими, на која ги повторија своите барања за покачување на платите, но не изнајдоа заедничко решение. Костовски најави дека ќе продолжат со протестите се додека не им се исполнат барањата.

The post Протест на вработените од Министерството за култура, очекуваат на владината седница да се разгледа нивното барање appeared first on Република.

]]>