министерство за култура и туризам Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ministerstvo-za-kultura-i-turizam/ За подобро да се разбереме Mon, 07 Oct 2024 11:46:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png министерство за култура и туризам Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ministerstvo-za-kultura-i-turizam/ 32 32 Министерството за култура и туризам организира инфосесии за објаснување на процесот на аплицирање на Годишните конкурси https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/ministerstvoto-za-kultura-i-turizam-organizira-infosesii-za-objasnuvane-na-protsesot-na-aplitsirane-na-godishnite-konkursi/ Mon, 07 Oct 2024 11:46:00 +0000 https://republika.mk/?p=823810

Од утре започнуваат инфосесиите на Министерството за култура и туризам за олеснување на процесот на аплицирање на Годишните конкурси за поддршка за проекти од национален интерес во културата за 2025 година, соопштија од Министерството.

Инфосесиите ќе ги спроведат тимови од Министерството за култура и туризам, а се наменети за сите корисници на буџетските средства на овие конкурси, со цел да се одговори на сите отворени прашања во врска со пријавувањето.

Штип
8.10.2024 г. (вторник) во 11 часот – НУ Центар за култура „Ацо Шопов“

Струмица
9.10.2024 г. (среда) во 11 часот – НУ Центар за култура „Антон Панов“

Гостивар
10.10.2024 г. (четврток) во 11 часот – НУ Центар за култура „АСНОМ“

Битола
14.10.2024 г. (понеделник) во 11 часот – НУ Народен театар-Битола

Охрид
15.10.2024 г. (вторник) во 11 часот – НУ Центар за култура „Григор Прличев“

The post Министерството за култура и туризам организира инфосесии за објаснување на процесот на аплицирање на Годишните конкурси appeared first on Република.

]]>

Од утре започнуваат инфосесиите на Министерството за култура и туризам за олеснување на процесот на аплицирање на Годишните конкурси за поддршка за проекти од национален интерес во културата за 2025 година, соопштија од Министерството. Инфосесиите ќе ги спроведат тимови од Министерството за култура и туризам, а се наменети за сите корисници на буџетските средства на овие конкурси, со цел да се одговори на сите отворени прашања во врска со пријавувањето. Штип 8.10.2024 г. (вторник) во 11 часот – НУ Центар за култура „Ацо Шопов“ Струмица 9.10.2024 г. (среда) во 11 часот – НУ Центар за култура „Антон Панов“ Гостивар 10.10.2024 г. (четврток) во 11 часот – НУ Центар за култура „АСНОМ“ Битола 14.10.2024 г. (понеделник) во 11 часот – НУ Народен театар-Битола Охрид 15.10.2024 г. (вторник) во 11 часот – НУ Центар за култура „Григор Прличев“

The post Министерството за култура и туризам организира инфосесии за објаснување на процесот на аплицирање на Годишните конкурси appeared first on Република.

]]>
Ќе дадеме голема поддршка за санација на објектот на Националната опера и балет, изјави министерот Љутков по посетата на националната установа https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/ke-dademe-golema-poddrshka-za-sanatsija-na-objektot-na-natsionalnata-opera-i-balet-izjavi-ministerot-lutkov-po-posetata-na-natsionalnata-ustanova/ Wed, 02 Oct 2024 10:31:04 +0000 https://republika.mk/?p=821731

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, во рамките на редовните работни посети на установите, денеска ја посети Националната опера и балет каде што се запозна со проектите и активностите во оваа најстара институција од овој вид во нашата земја.

Министерот Љутков ги поздрави направените интервенции во Националната опера и балет кои се однесуваат на подобрување на условите во оваа установа, за што в.д.директорот Оливер Арсовски, го посочи како пример како за краток период, нецели сто дена, можат да се направат суштински подобрувања во една голема и обемна институција, како што е Националната опера и балет.

[caption id="attachment_821733" align="alignnone" width="2048"] фото: Министерство за култура и туризам[/caption]

Во изминатиов период е извршена ургентна санација на клучните инфраструктурни проблеми, потенцираше Љутков, додавајќи дека комплетно се реновирани службеното фоаје и тоалетите за посетителите, извршени се и молерофарбарски работи на ходниците.

На средбата со новинарите беше истакнато дека во текот на вчерашниот ден е распишана и јавна набавка за реновирање на главниот влез на институцијата, кој, како што беше нагласено е во очајна состојба и во последните седум години немало никаква интервенција во овој сегмент, како и санација на покривните површини во делот на главното фоаје каде што кога врне, водата навлегува насекаде. Министерот Љутков најави дека во наредниот период ќе следат уште интервенции во атаљето на установата, каде во моментов се работи на негово расчистување.

Она, пак, што сакам да го потенцирам, а е од особено значење и се однесува на вработените, е фактот што со ребалансот на буџетот се обезбедени сигурни плати и придонеси, рече министерот Љутков.

Изразувајќи задоволство од работата на новото раководство и од вработените, министерот Љутков најави дека Владата и тој како ресорен министер ќе дадат голема поддршка на оваа институција, која, како што рече, во идниот период ќе понуди богата културна програма на задоволство на сите граѓани.

[caption id="attachment_821734" align="alignnone" width="2048"] фото: Министерство за култура и туризам[/caption]

Министерот Љутков изрази и јавна благодарност до целиот ансамбл на НОБ за одличната изведба на операта „Набуко“ од Верди во Софија, за која има одлични критики на сите нивоа, а особено во делот на т.н. културна дипломатија.

Директорот на Националната опера и балет Оливер Арсовски информираше дека е направена и нова програма за до крајот на годината, која ќе стартува на 16 октомври со кантатата „Кармина Бурана“ од Карл Орф.

Арсовски најави дека ноември ќе биде месец на Пучини кога ќе бидат изведени четири претстави од овој композитор, со пејачи и од странство, како и дека Националната опера и балет и Камерниот оркестар на 8 октомври ќе гостуваат во Виена, каде што пред австриската публика ќе бидат изведени дела и од македонски автори.

Поздравувајќи ги заложбите на министерот Љутков и на Министерството за култура и туризам за поголема поддршка на „живата култура“, директорот на Националната опера и балет најави многу промени во репертоарната политика и на операта и на балетот. Во рамките на посетата, беше споделено и дека набавен е и нов балетски под кој, како што беше посочено, ќе го подобри квалитетот на балетската продукција.

The post Ќе дадеме голема поддршка за санација на објектот на Националната опера и балет, изјави министерот Љутков по посетата на националната установа appeared first on Република.

]]>

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, во рамките на редовните работни посети на установите, денеска ја посети Националната опера и балет каде што се запозна со проектите и активностите во оваа најстара институција од овој вид во нашата земја. Министерот Љутков ги поздрави направените интервенции во Националната опера и балет кои се однесуваат на подобрување на условите во оваа установа, за што в.д.директорот Оливер Арсовски, го посочи како пример како за краток период, нецели сто дена, можат да се направат суштински подобрувања во една голема и обемна институција, како што е Националната опера и балет. [caption id="attachment_821733" align="alignnone" width="2048"] фото: Министерство за култура и туризам[/caption]
Во изминатиов период е извршена ургентна санација на клучните инфраструктурни проблеми, потенцираше Љутков, додавајќи дека комплетно се реновирани службеното фоаје и тоалетите за посетителите, извршени се и молерофарбарски работи на ходниците.
На средбата со новинарите беше истакнато дека во текот на вчерашниот ден е распишана и јавна набавка за реновирање на главниот влез на институцијата, кој, како што беше нагласено е во очајна состојба и во последните седум години немало никаква интервенција во овој сегмент, како и санација на покривните површини во делот на главното фоаје каде што кога врне, водата навлегува насекаде. Министерот Љутков најави дека во наредниот период ќе следат уште интервенции во атаљето на установата, каде во моментов се работи на негово расчистување.
Она, пак, што сакам да го потенцирам, а е од особено значење и се однесува на вработените, е фактот што со ребалансот на буџетот се обезбедени сигурни плати и придонеси, рече министерот Љутков.
Изразувајќи задоволство од работата на новото раководство и од вработените, министерот Љутков најави дека Владата и тој како ресорен министер ќе дадат голема поддршка на оваа институција, која, како што рече, во идниот период ќе понуди богата културна програма на задоволство на сите граѓани. [caption id="attachment_821734" align="alignnone" width="2048"] фото: Министерство за култура и туризам[/caption] Министерот Љутков изрази и јавна благодарност до целиот ансамбл на НОБ за одличната изведба на операта „Набуко“ од Верди во Софија, за која има одлични критики на сите нивоа, а особено во делот на т.н. културна дипломатија. Директорот на Националната опера и балет Оливер Арсовски информираше дека е направена и нова програма за до крајот на годината, која ќе стартува на 16 октомври со кантатата „Кармина Бурана“ од Карл Орф. Арсовски најави дека ноември ќе биде месец на Пучини кога ќе бидат изведени четири претстави од овој композитор, со пејачи и од странство, како и дека Националната опера и балет и Камерниот оркестар на 8 октомври ќе гостуваат во Виена, каде што пред австриската публика ќе бидат изведени дела и од македонски автори. Поздравувајќи ги заложбите на министерот Љутков и на Министерството за култура и туризам за поголема поддршка на „живата култура“, директорот на Националната опера и балет најави многу промени во репертоарната политика и на операта и на балетот. Во рамките на посетата, беше споделено и дека набавен е и нов балетски под кој, како што беше посочено, ќе го подобри квалитетот на балетската продукција.

The post Ќе дадеме голема поддршка за санација на објектот на Националната опера и балет, изјави министерот Љутков по посетата на националната установа appeared first on Република.

]]>
Министерството подготвува нацрти за нов закон за култура и за нова национална стратегија https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/ministerstvoto-podgotvuva-natsrti-za-nov-zakon-za-kultura-i-za-nova-natsionalna-strategija/ Sun, 29 Sep 2024 11:57:57 +0000 https://republika.mk/?p=820733

Нов закон за култура подговува Министерството за култура и туризам, а наскоро ќе биде подготвен и нацрт за нова национална стратегија за културата, соопшти денеска министерот Зоран Љутков.

-Вработените во Министерството работат на нацртот на новиот закон кој сега ќе го имаме прво како еден вид контура и реални потреби коишто ќе ги имаат уметниците, а подоцна, се разбира, ќе имаме и поширока дебата. И како што беа опфатени голем број невладини организации, здруженија и поединци во делот на конкурсите, така ќе бидат опфатени во една поширока дебата и за законот, и не само за законот, туку и во изработката на стратегијата за култура, рече Љутков одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција за Конкурсите за поддршка на проекти од национален интерес во културата кои ќе бидат отворени за аплицирање од утре до крајот на октомври.

Посочи дека предлог-законот за култура од минатата влада е повлечен од процедура во Собранието затоа што, подвлече, и самите предлагачи сфатиле дека не е добар.

-Тој Предлог-законот за остварување јавен интерес во културата мислам беше предложен во 2018. Ние имавме големи реакции за текстот  и како тогашна опозиција не дадовме поддршка и баравме да се направат големи измени. Подоцна тие самите сфатија дека тој закон не е добар бидејќи имаше реакција и од културните работници,  од синдикатите и од опозицијата. Не е заглавен во некои процедури, туку е целосно повлечен од Собранието, колку што имам информација, изјави Љутков.

На прес-конференцијата тој соопшти дека меѓу приоритетите на Министерството за култура и туризам е и изработка на нова Национална стратегија за култура бидејќи важноста на претходната истече во 2022 година.

-Во најкус можен рок ќе предложиме нацрт-текст на овој најважен стратешки документ од областа на културата, кој по консултации со сите засегнати страни, со еден широк консензус планираме да го донесеме во првата половина на 2025 година, соопшти ресорниот министер.

The post Министерството подготвува нацрти за нов закон за култура и за нова национална стратегија appeared first on Република.

Љутков: Немаме плати од јули натаму, ние сега во ребалансот бараме плати до Нова година https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/lutkov-nemame-plati-od-juli-natamu-nie-sega-vo-rebalansot-barame-plati-do-nova-godina/ Sat, 20 Jul 2024 18:33:26 +0000 https://republika.mk/?p=798808

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков информира дека се направени паралелни програми, една за култура и една за туризам, во која единственото важно што ги спојува овие два битни ресори е развивањето на културниот туризам.

Како што изјави Љутков во тема на денот во дневникот на Сител телевизија, според статистиката во економијата најмногу средства има од развивањето на културниот туризам.

Имаме законски рок од пет месеци да ги споиме овие два ресори, уште сме во изработка на нова систематизација и верувам дека некаде во ноември пред да се подготвува буџетот за 2025 година ќе бидеме готови. Сега формиравме неколку тима, кои ќе работат на интегрирање на овие два ресори. Веројатно малку покасно ќе одговорам кои ќе бидат правците на ова министерство, рече министерот Љутков.

Во врска со Агенцијата за филм, министерот информира дека засега оваа Агенција должи два милиони евра, а мојата претпоставка е, подвлече, сега кога ќе завршат ревизиите, должи некаде околу 11 милиони евра. Љутков најави дека ќе најдат начин да има повеќе средства, затоа што до 2017 година имало 7-8 милиони евра, а сега има само 2,5 милиони ева. Не само за филм, туку, најави, ќе ја обновиме и постапката за добивање средства и за телевизиски серии.

Прашан дали од септември ќе има покачување на платите во овој ресор, министерот Љутков информира дека во овој момент ако не се усвои ребалансот на Буџетот, уметниците и другите ресори, рече, немаме плати од јули натаму, ние сега во ребалансот бараме плати до Нова година. Додаде дека постои Колективен договор што е потпишан во 2019 година и тој треба да се почитува додека е на сила.

Ако се покачи минималната плата во март месец, ќе се покачат и платите на вработените во националните установи. Проблемот е што овие колективни договори се правеле парцијално во различни институции и во различни сектори. Не е направен систем за вработените во јавната администрација. Сега се направени парцијални решенија со колективните договори и направен е дисбаланс. Некаде се високи, некаде се ниски платите, дури имаме и различни плати во министерствата каде во едно министерство вработените земаат 30 проценити повеќе, а во друго 30 проценти помалку, а ја вршат истата функција, истакна министерот за култура, додавајќи оти треба да се изнајде начин како да се изедначат и другите со колективните договори и тоа, како што потенцира, ќе биде голем предизвик за Владата во наредниот период.

На прашањето што подразбира неговата идеја еден денар од акцизата на нафтените деривати да оди за културата, појасни дека предлага три денари од акцизата за нафтеите деривати, да не одат директно во Буџетот на Владата, туку директно еден денар да оди за спорт, еден денар култура и еден денар за образование.

Денарот ќе оди директно во култура, што значи дека ние во 2025 нема да бараме во новиот буџет дополните средства во културата, туку тој денар ќе значи 750 милиони денари на годишно ниво, а тоа се некаде 15-16 милиони евра, ако не се лажам и тоа ќе бидат дополнителни средства. Тогаш ќе има буџет и ќе се трошат за програми и за капитални инвестиции, а не за плати. Ние сега немаме прозводство и не сме продуктивни и тоа сакаше да го каже министерката, а за тоа не се виновни уметниците и вработените, туку некој не им обезбедил доволно средства за програми, рече меѓу другото министерот за култура и туризам, Зоран Љутков.

The post Љутков: Немаме плати од јули натаму, ние сега во ребалансот бараме плати до Нова година appeared first on Република.

]]>

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков информира дека се направени паралелни програми, една за култура и една за туризам, во која единственото важно што ги спојува овие два битни ресори е развивањето на културниот туризам. Како што изјави Љутков во тема на денот во дневникот на Сител телевизија, според статистиката во економијата најмногу средства има од развивањето на културниот туризам.
Имаме законски рок од пет месеци да ги споиме овие два ресори, уште сме во изработка на нова систематизација и верувам дека некаде во ноември пред да се подготвува буџетот за 2025 година ќе бидеме готови. Сега формиравме неколку тима, кои ќе работат на интегрирање на овие два ресори. Веројатно малку покасно ќе одговорам кои ќе бидат правците на ова министерство, рече министерот Љутков.
Во врска со Агенцијата за филм, министерот информира дека засега оваа Агенција должи два милиони евра, а мојата претпоставка е, подвлече, сега кога ќе завршат ревизиите, должи некаде околу 11 милиони евра. Љутков најави дека ќе најдат начин да има повеќе средства, затоа што до 2017 година имало 7-8 милиони евра, а сега има само 2,5 милиони ева. Не само за филм, туку, најави, ќе ја обновиме и постапката за добивање средства и за телевизиски серии. Прашан дали од септември ќе има покачување на платите во овој ресор, министерот Љутков информира дека во овој момент ако не се усвои ребалансот на Буџетот, уметниците и другите ресори, рече, немаме плати од јули натаму, ние сега во ребалансот бараме плати до Нова година. Додаде дека постои Колективен договор што е потпишан во 2019 година и тој треба да се почитува додека е на сила.