Министерство за информатичко општество и администрација Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ministerstvo-za-informatichko-opshtestvo-i-administratsija/ За подобро да се разбереме Tue, 23 Jan 2024 17:57:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Министерство за информатичко општество и администрација Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ministerstvo-za-informatichko-opshtestvo-i-administratsija/ 32 32 „Македонскиот систем ќе се реформира или ќе пропадне“: Министерот Алиу повика да се одблокира пакетот закони на МИОА https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/makedonskiot-sistem-ke-se-reformira-ili-ke-propadne-ministerot-aliu-povika-da-se-odblokira-paketot-zakoni-na-mioa/ Tue, 23 Jan 2024 21:01:33 +0000 https://republika.mk/?p=736096

Министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу на прес-конференција ги повика пратениците да ги разгледаат, како што рече, уште утре сите дилеми во врска со пакетот закони предложен од МИОА, кои пред повеќе од еден месец се усвоени од Владата, а се заглавени во Собранието.

Се работи за законите поврзани со јавната администрација, за дигитализација и за медиуми на кои МИОА работело подолго време и кои, како што рече Алиу, се клучни и од суштинско значење за олеснување на животот на граѓаните. Алиу посочи дека тие се поврзани и со трите столба – администрација, дигитализација и медиуми од програма на ЕУ „Дигитална Европа“ со која летото нашата држава склучи договор.

Овие предлог-закони значат операционализација на преземените обврски на нашата држава. Овие закони се блокирани и, искрено, јас не ги знам причините зошто се заглавени... Ги повикувам пратениците уште утре во 10 часот да ги разгледаме сите дилеми околу овие закони кои ќе направат суштински промени што ќе го олеснат животот на нашите граѓани. МИОА изминатиот период работеше на цел пакет закони да се унапреди законската регулатива за реформа на јавната администрација, усогласени со стандардите на ЕУ. Иако се усвоени од Владата пред повеќе од еден месец, одложувањето на донесување од Собранието ја попречува неопходната реформа на јавна администрација која е главен услов на ЕУ. Нема повеќе време за губење, реформи сега и веднаш, рече Алиу.

Тој потврди дека се слушнал со премиерот Димитар Ковачевски кој му рекол дека овие закони ќе бидат на пленарна седница на Парламентот во вторник.

Министерот од Алијанса за Албанците ја почна прес-конференцијата во Владата со порака дека „не може да има систем ако тој зависи од волјата и условувањата на индивидуи“ и дека „македонскиот систем ќе се реформира или ќе пропадне“.

The post „Македонскиот систем ќе се реформира или ќе пропадне“: Министерот Алиу повика да се одблокира пакетот закони на МИОА appeared first on Република.

]]>

Министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу на прес-конференција ги повика пратениците да ги разгледаат, како што рече, уште утре сите дилеми во врска со пакетот закони предложен од МИОА, кои пред повеќе од еден месец се усвоени од Владата, а се заглавени во Собранието. Се работи за законите поврзани со јавната администрација, за дигитализација и за медиуми на кои МИОА работело подолго време и кои, како што рече Алиу, се клучни и од суштинско значење за олеснување на животот на граѓаните. Алиу посочи дека тие се поврзани и со трите столба – администрација, дигитализација и медиуми од програма на ЕУ „Дигитална Европа“ со која летото нашата држава склучи договор.
Овие предлог-закони значат операционализација на преземените обврски на нашата држава. Овие закони се блокирани и, искрено, јас не ги знам причините зошто се заглавени... Ги повикувам пратениците уште утре во 10 часот да ги разгледаме сите дилеми околу овие закони кои ќе направат суштински промени што ќе го олеснат животот на нашите граѓани. МИОА изминатиот период работеше на цел пакет закони да се унапреди законската регулатива за реформа на јавната администрација, усогласени со стандардите на ЕУ. Иако се усвоени од Владата пред повеќе од еден месец, одложувањето на донесување од Собранието ја попречува неопходната реформа на јавна администрација која е главен услов на ЕУ. Нема повеќе време за губење, реформи сега и веднаш, рече Алиу.
Тој потврди дека се слушнал со премиерот Димитар Ковачевски кој му рекол дека овие закони ќе бидат на пленарна седница на Парламентот во вторник. Министерот од Алијанса за Албанците ја почна прес-конференцијата во Владата со порака дека „не може да има систем ако тој зависи од волјата и условувањата на индивидуи“ и дека „македонскиот систем ќе се реформира или ќе пропадне“.

The post „Македонскиот систем ќе се реформира или ќе пропадне“: Министерот Алиу повика да се одблокира пакетот закони на МИОА appeared first on Република.

]]>
И Македонија доби место во Вселената https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/i-makedonija-dobi-mesto-vo-vselenata/ Sun, 17 Dec 2023 08:00:23 +0000 https://republika.mk/?p=723823

Македонија ги потпиша финалните акти за добивање орбитална позиција во рамки на Светската радиокомуникациска конференција на ИТУ (WRC-23), која се одржа во Дубаи, известуваат од Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА).

Според министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу, финалните акти го дефинираат начинот на заедничко користење на радиофреквенцискиот спектар и сателитската орбита.

Процесот на координација за добивање на иста орбитална позиција во фиксната и радиодифузната сателитска служба беше долг, но на крај успеавме. Денеска Македонија има место и во орбитата. Нашата орбитална позиција од денеска е сигурна, следен чекор е лансирање на Сателитот, велат од МИОА.

Како што посочуваат од МИОА, второто достигнување за нашата земја на конференцијата е дигиталната дивиденда 3 со која се ослободува фреквенциски простор за шестата генерација мобилни мрежи (6Г) во пониски фреквенциски опсези.

Денес, земји од целиот свет на Светската радиокомуникациска конференција на ИТУ (WRC-23) ја дефинираа дигиталната трансформација, нагласуваат од Министерството.

The post И Македонија доби место во Вселената appeared first on Република.

]]>

Македонија ги потпиша финалните акти за добивање орбитална позиција во рамки на Светската радиокомуникациска конференција на ИТУ (WRC-23), која се одржа во Дубаи, известуваат од Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА). Според министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу, финалните акти го дефинираат начинот на заедничко користење на радиофреквенцискиот спектар и сателитската орбита.