министерство за финансии Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ministerstvo-za-finansii/ За подобро да се разбереме Sat, 05 Oct 2024 10:37:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png министерство за финансии Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ministerstvo-za-finansii/ 32 32 МФ: „Фич” ги потврди кредибилните и конзистентни политики на земјата, задржан кедитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/mf-fich-gi-potvrdi-kredibilnite-i-konzistentni-politiki-na-zemjata-zadrzhan-keditniot-rejting-bb-so-stabilen-izgled/ Sat, 05 Oct 2024 10:37:29 +0000 https://republika.mk/?p=823021

Кредитната агенција „Фич” во најновиот извештај за земјата го потврди кредитниот рејтинг „ББ+” со стабилен изглед. Тоа според „Фич” се должи на кредибилните и конзистентни макроекономски политки поддржани од долгогодишната политика на фиксен девизен курс, подобри показатели во управувањето од земјите со слични економски перформанси, како и реформите на среден рок поврзани со евроинтеграцијата.

Агенцијата очекува раст на економијата во наредните години во просек од 3,5%, а спроведувањето на кредибилна среднорочна фискална стратегија со постепено намалување на буџетскиот дефицит да биде клучен фактор за стабилизирање на долгот. Очекува умерено намалување на буџетскиот дефицити на ниво до 3,5% во 2026 година. Намалувањето го темели на очекувањата да се нормализираат заостанатите долгови, поради кои со ребалансот дефицитот беше ревидиран.

„Фич” како важна алка на фискалната политика ја наведува борбата со сивата економија преку дигитализација на процесите, при што е нотирана намерата на Владата за воведување електронска фактура.

Долгот, според „Фич” ќе се движи над пропишаниот лимит согласно Законот за буџет. Во извештајот нотира дека ќе се реализира заем од 500 милиони евра од Унгарија со пониски каматни стапки од оние на меѓународните пазари, со цел да се покријат буџетските потреби. Во периодот 2025-2026 година очекуваат поголем обем на домашно задолжување на домашниот пазар, придружено со поволни заеми, вклучувајќи од Светска банка и од ЕБОР. Сметаат дека средствата од Линијата за претпазливост и ликвидност од ММФ кои беа одобрени и претставуваа резерви нема да се искористат.

Растот според „Фич” ќе биде поттикнат од реализацијата на инвестициите, особено инфраструктурните на Коридорите 8 и 10д. Позитивно влијание исто така ќе има поддршката што ја добива РС Македонија од ЕУ, како дел од евроинтегративниот процес.

Задржаниот кредитен рејтинг е потврда на политиките на новата Влада во насока на активна фискална консолидација и стабилизирање на јавните финансии, кои ќе бидат продолжени во наредниот период со донесената Фискална стратегија, Стратегијата за управување со јавниот долг и Буџетот за 2025 година, којшто е во фаза на подготовка.

Кредитната агенција „Фич” два пати во годината објавува извештаи за кредитниот рејтинг на земјата. Во април исто така беше потврден кредитниот рејтинг на земјата „ББ+” со стабилен изглед. Кредитниот рејтинг „ББ+” со стабилен изглед се одржува од 2019 годинa.

Кредитниот рејтинг на земјата, а воедно и политиките што ги спроведува, ги оценува и Кредитната агенција „ Стандард и пурс” два пати во годината.

Кредитниот рејтинг којшто го изготвуваат агенциите за кредитен рејтинг го покажува степенот на ризик од инвестирање и е еден од клучните индикатори коишто потенцијалните инвеститори ги земаат предвид при носењето на нивните одлуки.

The post МФ: „Фич” ги потврди кредибилните и конзистентни политики на земјата, задржан кедитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед appeared first on Република.

]]>

Кредитната агенција „Фич” во најновиот извештај за земјата го потврди кредитниот рејтинг „ББ+” со стабилен изглед. Тоа според „Фич” се должи на кредибилните и конзистентни макроекономски политки поддржани од долгогодишната политика на фиксен девизен курс, подобри показатели во управувањето од земјите со слични економски перформанси, како и реформите на среден рок поврзани со евроинтеграцијата. Агенцијата очекува раст на економијата во наредните години во просек од 3,5%, а спроведувањето на кредибилна среднорочна фискална стратегија со постепено намалување на буџетскиот дефицит да биде клучен фактор за стабилизирање на долгот. Очекува умерено намалување на буџетскиот дефицити на ниво до 3,5% во 2026 година. Намалувањето го темели на очекувањата да се нормализираат заостанатите долгови, поради кои со ребалансот дефицитот беше ревидиран. „Фич” како важна алка на фискалната политика ја наведува борбата со сивата економија преку дигитализација на процесите, при што е нотирана намерата на Владата за воведување електронска фактура. Долгот, според „Фич” ќе се движи над пропишаниот лимит согласно Законот за буџет. Во извештајот нотира дека ќе се реализира заем од 500 милиони евра од Унгарија со пониски каматни стапки од оние на меѓународните пазари, со цел да се покријат буџетските потреби. Во периодот 2025-2026 година очекуваат поголем обем на домашно задолжување на домашниот пазар, придружено со поволни заеми, вклучувајќи од Светска банка и од ЕБОР. Сметаат дека средствата од Линијата за претпазливост и ликвидност од ММФ кои беа одобрени и претставуваа резерви нема да се искористат. Растот според „Фич” ќе биде поттикнат од реализацијата на инвестициите, особено инфраструктурните на Коридорите 8 и 10д. Позитивно влијание исто така ќе има поддршката што ја добива РС Македонија од ЕУ, како дел од евроинтегративниот процес. Задржаниот кредитен рејтинг е потврда на политиките на новата Влада во насока на активна фискална консолидација и стабилизирање на јавните финансии, кои ќе бидат продолжени во наредниот период со донесената Фискална стратегија, Стратегијата за управување со јавниот долг и Буџетот за 2025 година, којшто е во фаза на подготовка. Кредитната агенција „Фич” два пати во годината објавува извештаи за кредитниот рејтинг на земјата. Во април исто така беше потврден кредитниот рејтинг на земјата „ББ+” со стабилен изглед. Кредитниот рејтинг „ББ+” со стабилен изглед се одржува од 2019 годинa. Кредитниот рејтинг на земјата, а воедно и политиките што ги спроведува, ги оценува и Кредитната агенција „ Стандард и пурс” два пати во годината. Кредитниот рејтинг којшто го изготвуваат агенциите за кредитен рејтинг го покажува степенот на ризик од инвестирање и е еден од клучните индикатори коишто потенцијалните инвеститори ги земаат предвид при носењето на нивните одлуки.

The post МФ: „Фич” ги потврди кредибилните и конзистентни политики на земјата, задржан кедитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед appeared first on Република.

]]>
Вработувањата во судството и обвинителството останувале нереализирани иако биле буџетирани https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/vrabotuvanata-vo-sudstvoto-i-obvinitelstvoto-ostanuvale-nerealizirani-iako-bile-budhetirani/ Thu, 01 Aug 2024 12:17:59 +0000 https://republika.mk/?p=802366

На Обвинителството и судството не им се скратени средства. Кратење има само во делот на новите вработувања затоа што вработувањата не биле реализирани онака како што биле буџетирани, велат од Министерството за финансии.

Од Министерството за финансии појаснуваат дека парите наменети за нови вработувања во судството и обвинителството останувале нереализирани по што тие си ги пренаменувале парите за плати.

И кога високо сме буџетирале, сме имале ситуации да не се реализира, велат од Министерството за финансии, додавајќи дека порастот на буџетот на судството доминира во делот на категории плати.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на денешната средба со новинарите посочи дека скратен е само делот за вработување затоа што во изминатиот период се покажало дека за ова се двоеле пари од Буџетот, но дека не се вработувале нови кадри.

– И обвинителство и судство има право од 35 проценти додатоци заради ризичност. Тоа не значи дека на нив им следува и дека треба да го земат, имаат право на тоа во одредени такви ситуации. Тие предвидуваат во ставката плати постојано како да ќе вработуваат нови кадри. Никого не вработуваат, тук таму по некој и потоа си ги пренаменуваат средствата, а нови вработувања нема никаде, вели министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.

Во однос на забелешките од обвинителството и судската власт дека нивните буџети треба да изнесуваат одреден процент од републичкиот Буџет, од Министерството за финансии велат дека нивото на буџетирање во овие две области го задоволува процентот што го имаат другите земји, но дека процентот на ефикасност е низок и дека довербата во судството е ниски два проценти.

– Прво да одговорат зошто се зголемуваат пресудите од Европскиот суд за човекови права каде почнавме да плаќаме огромни суми затоа што не постапувале на време, велат од Министерството за финансии.

За годинава, како што посочија оттаму, Обвинителството нема доставено ниту годишен план за вработувања.

Претставниците на Судскиот буџетски совет и на државното Јавно обвинителство Силвија Јаневска и Љубомир Коцевски на првиот ден од расправата за ребалансот на Буџетот излегоа со забелешки дека не смее да има кратење на средствата наменети за судската власт и за обвинителството, бидејќи тоа ќе влијае на нивната автономија и на квалитетот и ефикасноста на правдата.

Во ребалансот, како што изјави министерката, обезбедени се пари и за јавните повици што ги распиша Министерството за економија за набавка на инвертер клими.

The post Вработувањата во судството и обвинителството останувале нереализирани иако биле буџетирани appeared first on Република.

]]>

На Обвинителството и судството не им се скратени средства. Кратење има само во делот на новите вработувања затоа што вработувањата не биле реализирани онака како што биле буџетирани, велат од Министерството за финансии. Од Министерството за финансии појаснуваат дека парите наменети за нови вработувања во судството и обвинителството останувале нереализирани по што тие си ги пренаменувале парите за плати. И кога високо сме буџетирале, сме имале ситуации да не се реализира, велат од Министерството за финансии, додавајќи дека порастот на буџетот на судството доминира во делот на категории плати. Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на денешната средба со новинарите посочи дека скратен е само делот за вработување затоа што во изминатиот период се покажало дека за ова се двоеле пари од Буџетот, но дека не се вработувале нови кадри.
– И обвинителство и судство има право од 35 проценти додатоци заради ризичност. Тоа не значи дека на нив им следува и дека треба да го земат, имаат право на тоа во одредени такви ситуации. Тие предвидуваат во ставката плати постојано како да ќе вработуваат нови кадри. Никого не вработуваат, тук таму по некој и потоа си ги пренаменуваат средствата, а нови вработувања нема никаде, вели министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.
Во однос на забелешките од обвинителството и судската власт дека нивните буџети треба да изнесуваат одреден процент од републичкиот Буџет, од Министерството за финансии велат дека нивото на буџетирање во овие две области го задоволува процентот што го имаат другите земји, но дека процентот на ефикасност е низок и дека довербата во судството е ниски два проценти.
– Прво да одговорат зошто се зголемуваат пресудите од Европскиот суд за човекови права каде почнавме да плаќаме огромни суми затоа што не постапувале на време, велат од Министерството за финансии.
За годинава, како што посочија оттаму, Обвинителството нема доставено ниту годишен план за вработувања. Претставниците на Судскиот буџетски совет и на државното Јавно обвинителство Силвија Јаневска и Љубомир Коцевски на првиот ден од расправата за ребалансот на Буџетот излегоа со забелешки дека не смее да има кратење на средствата наменети за судската власт и за обвинителството, бидејќи тоа ќе влијае на нивната автономија и на квалитетот и ефикасноста на правдата. Во ребалансот, како што изјави министерката, обезбедени се пари и за јавните повици што ги распиша Министерството за економија за набавка на инвертер клими.

The post Вработувањата во судството и обвинителството останувале нереализирани иако биле буџетирани appeared first on Република.

]]>
Владата го задолжи Министерството за финансии да изготви Закон со кој ќе се регулира специјалната финансиска соработка со Унгарија https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/vladata-go-zadolzhi-ministerstvoto-za-finansii-da-izgotvi-zakon-so-koj-ke-se-regulira-spetsijalnata-finansiska-sorabotka-so-ungarija/ Wed, 24 Jul 2024 15:39:33 +0000 https://republika.mk/?p=799914

Денеска Владата на Република Македонија одржа редовна седница на која донесе повеќе одлуки и решенија.
Владата го задолжи Министерството за финансии да изготви Закон со кој ќе се регулира специјалната финансиска соработка со Унгарија за обезбедување на 500 милиони евра кој ќе бидат наменети за капитални проекти во општините и домашното стопанство.

The post Владата го задолжи Министерството за финансии да изготви Закон со кој ќе се регулира специјалната финансиска соработка со Унгарија appeared first on Република.

]]>

Денеска Владата на Република Македонија одржа редовна седница на која донесе повеќе одлуки и решенија. Владата го задолжи Министерството за финансии да изготви Закон со кој ќе се регулира специјалната финансиска соработка со Унгарија за обезбедување на 500 милиони евра кој ќе бидат наменети за капитални проекти во општините и домашното стопанство.

The post Владата го задолжи Министерството за финансии да изготви Закон со кој ќе се регулира специјалната финансиска соработка со Унгарија appeared first on Република.

]]>
Ќе им се одземат лиценците за приредување игри на среќа на две друштва, не ги платиле давачките утврдени со закон https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ke-im-se-odzemat-litsentsite-za-prireduvane-igri-na-sreka-na-dve-drushtva-ne-gi-platile-davachkite-utvrdeni-so-zakon/ Mon, 22 Jul 2024 13:09:32 +0000 https://republika.mk/?p=799227

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска информираше дека е иницирана постапка за одземање на лиценца за приредување игри на среќа на две друштва заради неисполнување на условите од издадената лиценца за приредување игри на среќа

Министерството за финансии ја иницираше постапката откако од УЈП како надзорен орган на приредувањето на игри на среќа го доби записникот од извршената надворешна контрола над работењето на овие друштва“, рече Кочоска.

Нагласи дека првичното барање од Министерството за финансии за добивање на записникот до УЈП е доставено уште во јули 2023 година по што се направени неколку ургенции, а конечно е постапено од страна на Управата дури во јуни 2024 година, откако доаѓа новото раководство.

Во одговор на новинарско прашање рече дека не може да се направи точна проценка за штетата врз Буџетот, но додаде дека станува збор за голем износ. Дополнително ќе треба да се утврди дали двете друштва се поврзани со поранешни функционери. Едното, како што кажа, не е од Скопје.

Едното од друштвата е основано во 2022 година и од 2022 година до денес нема ниту еден денар платено каква било давачка кон буџетот и сето тоа е констатирано во записник од страна на УЈП. Дали има одредени оштетувања кон буџетот – има, затоа што има пред се давачки коишто согласно законот требало да ги плаќа, посочи Димитриеска Кочоска.

The post Ќе им се одземат лиценците за приредување игри на среќа на две друштва, не ги платиле давачките утврдени со закон appeared first on Република.

]]>

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска информираше дека е иницирана постапка за одземање на лиценца за приредување игри на среќа на две друштва заради неисполнување на условите од издадената лиценца за приредување игри на среќа Министерството за финансии ја иницираше постапката откако од УЈП како надзорен орган на приредувањето на игри на среќа го доби записникот од извршената надворешна контрола над работењето на овие друштва“, рече Кочоска. Нагласи дека првичното барање од Министерството за финансии за добивање на записникот до УЈП е доставено уште во јули 2023 година по што се направени неколку ургенции, а конечно е постапено од страна на Управата дури во јуни 2024 година, откако доаѓа новото раководство. Во одговор на новинарско прашање рече дека не може да се направи точна проценка за штетата врз Буџетот, но додаде дека станува збор за голем износ. Дополнително ќе треба да се утврди дали двете друштва се поврзани со поранешни функционери. Едното, како што кажа, не е од Скопје. Едното од друштвата е основано во 2022 година и од 2022 година до денес нема ниту еден денар платено каква било давачка кон буџетот и сето тоа е констатирано во записник од страна на УЈП. Дали има одредени оштетувања кон буџетот – има, затоа што има пред се давачки коишто согласно законот требало да ги плаќа, посочи Димитриеска Кочоска.

The post Ќе им се одземат лиценците за приредување игри на среќа на две друштва, не ги платиле давачките утврдени со закон appeared first on Република.

]]>
Димитриеска-Кочоска ја презеде функцијата министер за финансии https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/dimitrieska-kochoska-ja-prezede-funktsijata-minister-za-finansii/ Mon, 24 Jun 2024 12:58:57 +0000 https://republika.mk/?p=790288

Во Министерството за финансии утрово беше извршено примопредавање на функцијата министер за финансии. Новата министерка Гордана Димитриеска-Кочоска ја презеде функцијата од досегашниот министер за финансии Фатмир Бесими.

На средбата Бесими ја запозна новата министерка со тековните активности и проекти на кои се работи во Министерството за финансии. При тоа беше посочено дека Министерството има значајна улога и дека е најважно да се спроведат реформи коишто ќе обезбедат одржливост во финансиите и економски раст.

„Ја презедов оваа функција од мојот претходник, поранешниот министер Фатмир Бесими, обврзувајќи се на посветена и чесна работа за време на извршувањето на функцијата“, напиша министерката Димитриеска-Кочоска на својот ФБ профил.

Димитриеска-Кочоска е дел од Владата на премиерот Христијан Мицкоски, која беше изгласана вчера во Собранието на Р Македонија.

The post Димитриеска-Кочоска ја презеде функцијата министер за финансии appeared first on Република.

]]>

Во Министерството за финансии утрово беше извршено примопредавање на функцијата министер за финансии. Новата министерка Гордана Димитриеска-Кочоска ја презеде функцијата од досегашниот министер за финансии Фатмир Бесими. На средбата Бесими ја запозна новата министерка со тековните активности и проекти на кои се работи во Министерството за финансии. При тоа беше посочено дека Министерството има значајна улога и дека е најважно да се спроведат реформи коишто ќе обезбедат одржливост во финансиите и економски раст.
„Ја презедов оваа функција од мојот претходник, поранешниот министер Фатмир Бесими, обврзувајќи се на посветена и чесна работа за време на извршувањето на функцијата“, напиша министерката Димитриеска-Кочоска на својот ФБ профил.
Димитриеска-Кочоска е дел од Владата на премиерот Христијан Мицкоски, која беше изгласана вчера во Собранието на Р Македонија.

The post Димитриеска-Кочоска ја презеде функцијата министер за финансии appeared first on Република.

]]>
Олеснета трговија со ЕУ и поедноставни плаќања не носат до европскиот заеднички пазар https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/olesneta-trgovija-so-eu-i-poednostavni-plakana-ne-nosat-do-evropskiot-zaednichki-pazar/ Wed, 15 May 2024 15:41:39 +0000 https://republika.mk/?p=778420

Олеснување на трговијата помеѓу земјите од Западен Балкан и Европската унија и поедноставени и побрзи постапки за плаќањата се конкретните активности на кои работат двете страни во рамки на Планот за раст на Западен Балкан. Станува збор за активности коишто директно не инкорпорираат во европскиот пазар. Со забрзување на протокот на стоки до големиот европски пазар и олеснување на плаќањата за компаниите не прави еднакви со земјите од ЕУ. Ова го порачал заменик-министерот за финансии Филип Николоски, кој учествуваше на министерскиот состанок посветен на Планот за раст на Западен Балкан во Котор.

-Денеска имаме можност да разговараме за конкретни активности во рамки на Планот за раст на Западен Балкан и нашето приближување до ЕУ. Олеснувањето на трговијата и поедноставени постапки во плаќањата, што се теми на денешниот состанок,  се чекори коишто не прават дел од големото европско семејство. РС Македонија веќе врши подготовки за пристапување во СЕПА регионот што значи отстранување на пазарните бариери со земјите од ЕУ, подигнување на кредибилитетот на финансискиот сектор на меѓународната сцена, продлабочување на трговските односи со европскиот економски регион, поедноставни, побрзи и поевтини услуги за граѓаните и компаниите. Од друга страна преку зелените коридори се обезбедува непречен проток на стоки меѓу регионот и ЕУ и намалување на времето чекање на граничните премини. Тоа се клучните елементи за нашето економско поврзување со ЕУ, рече Николоски.

Имено, како што информираат од Министерството за финансии, олеснувањето на трговијата ќе се постигне преку проширување на зелените коридори на   граничните премини помеѓу Западен Балкан и ЕУ, а олеснувањето на плаќањата ќе се обезбеди со пристапот на земјата во СЕПА регионот.

Македонија веќе има изразено подготвеност да ги исполни критериумите за пристапување во СЕПА регионот. Министерството за финансии и Народната банка работеа на подготовка на апликацијата, и нацрт верзијата е веќе поднесена на крајот април 2024 година и се очекува финалната апликација да се достави во предвидениот рок на крајот на јуни 2024 година.

Станува збор, како што потенцираше заменик-министерот за финансии, за мерки кои ќе овозможат земјите од регионот пред да станат полноправни членки на ЕУ да ги уживаат придобивките од заедничкиот пазар, чиј потенцијал ќе го поттикне економскиот раст и развој и ќе придонесе за забрзана економска конвергенција на Западен Балкан кон ЕУ.

-Планот за раст како алатка е особено значајна и треба сите земји да вложат максимални напори да ја искористат оваа подадена рака за да се  изоди патот до ЕУ побрзо и да се ползуваат придобивките од тоа членство поскоро. Нема друга алтернатива и за РС Македонија и за останатите земји од Западен Балкан и од тој пат не треба да отстапиме. Тоа е за подобро утре на сите граѓани од Западен Балкан и заштита од негативни влијание што ги создаваат кризите, како војната во Украина и тензиите на Блискиот Исток, потенцираше заменик-министерот Николоски, кој истакнал дека националната Реформска агенда е веќе подготвена.

Од Министерството за финансии посочуваат дека во ЕУ е усвоена регулативата за формирање на механизмот за реформи и раст на Западен Балкан и се отвора целосно патот за пристап до финансиската поддршка за спроведување на реформите во износ од 6 милијарди евра за целиот регион, а за земјава околу 850 милиони евра.

Министерскиот состанок во Котор се одржува во рамки на Регионалниот самит на лидери под мотото „Еден регион, заедничка визија“, на кој ќе учествува и техничкиот премиер Талат Џафери.

The post Олеснета трговија со ЕУ и поедноставни плаќања не носат до европскиот заеднички пазар appeared first on Република.

]]>

Олеснување на трговијата помеѓу земјите од Западен Балкан и Европската унија и поедноставени и побрзи постапки за плаќањата се конкретните активности на кои работат двете страни во рамки на Планот за раст на Западен Балкан. Станува збор за активности коишто директно не инкорпорираат во европскиот пазар. Со забрзување на протокот на стоки до големиот европски пазар и олеснување на плаќањата за компаниите не прави еднакви со земјите од ЕУ. Ова го порачал заменик-министерот за финансии Филип Николоски, кој учествуваше на министерскиот состанок посветен на Планот за раст на Западен Балкан во Котор. -Денеска имаме можност да разговараме за конкретни активности во рамки на Планот за раст на Западен Балкан и нашето приближување до ЕУ. Олеснувањето на трговијата и поедноставени постапки во плаќањата, што се теми на денешниот состанок,  се чекори коишто не прават дел од големото европско семејство. РС Македонија веќе врши подготовки за пристапување во СЕПА регионот што значи отстранување на пазарните бариери со земјите од ЕУ, подигнување на кредибилитетот на финансискиот сектор на меѓународната сцена, продлабочување на трговските односи со европскиот економски регион, поедноставни, побрзи и поевтини услуги за граѓаните и компаниите. Од друга страна преку зелените коридори се обезбедува непречен проток на стоки меѓу регионот и ЕУ и намалување на времето чекање на граничните премини. Тоа се клучните елементи за нашето економско поврзување со ЕУ, рече Николоски. Имено, како што информираат од Министерството за финансии, олеснувањето на трговијата ќе се постигне преку проширување на зелените коридори на   граничните премини помеѓу Западен Балкан и ЕУ, а олеснувањето на плаќањата ќе се обезбеди со пристапот на земјата во СЕПА регионот. Македонија веќе има изразено подготвеност да ги исполни критериумите за пристапување во СЕПА регионот. Министерството за финансии и Народната банка работеа на подготовка на апликацијата, и нацрт верзијата е веќе поднесена на крајот април 2024 година и се очекува финалната апликација да се достави во предвидениот рок на крајот на јуни 2024 година. Станува збор, како што потенцираше заменик-министерот за финансии, за мерки кои ќе овозможат земјите од регионот пред да станат полноправни членки на ЕУ да ги уживаат придобивките од заедничкиот пазар, чиј потенцијал ќе го поттикне економскиот раст и развој и ќе придонесе за забрзана економска конвергенција на Западен Балкан кон ЕУ. -Планот за раст како алатка е особено значајна и треба сите земји да вложат максимални напори да ја искористат оваа подадена рака за да се  изоди патот до ЕУ побрзо и да се ползуваат придобивките од тоа членство поскоро. Нема друга алтернатива и за РС Македонија и за останатите земји од Западен Балкан и од тој пат не треба да отстапиме. Тоа е за подобро утре на сите граѓани од Западен Балкан и заштита од негативни влијание што ги создаваат кризите, како војната во Украина и тензиите на Блискиот Исток, потенцираше заменик-министерот Николоски, кој истакнал дека националната Реформска агенда е веќе подготвена. Од Министерството за финансии посочуваат дека во ЕУ е усвоена регулативата за формирање на механизмот за реформи и раст на Западен Балкан и се отвора целосно патот за пристап до финансиската поддршка за спроведување на реформите во износ од 6 милијарди евра за целиот регион, а за земјава околу 850 милиони евра. Министерскиот состанок во Котор се одржува во рамки на Регионалниот самит на лидери под мотото „Еден регион, заедничка визија“, на кој ќе учествува и техничкиот премиер Талат Џафери.

The post Олеснета трговија со ЕУ и поедноставни плаќања не носат до европскиот заеднички пазар appeared first on Република.

]]>
МФ: Се разгледуваа одлуките на осигурителните друштва за зголемување на премијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/mf-se-razgleduvaa-odlukite-na-osiguritelnite-drushtva-za-zgolemuvane-na-premijata/ Fri, 26 Apr 2024 11:05:35 +0000 https://republika.mk/?p=771364

Министерството за финансии во врска со донесените одлуки од страна на осигурителните компании за зголемување на висината на бруто-премијата за осигурување од автомобилска одговорност, денеска ја свика Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност која одржа седница со цел да ги разгледа сите аспекти од носењето на овие одлуки. При тоа заклучи во понеделник на нова седница да разгледа Извештај од Националното биро за осигурување за оправданоста и исправноста на донесените одлуки од страна на осигурителните компании и да преземе соодветни чекори во насока на заштита на крајните потрошувачи.

Истовремено, Министерството за финансии врз основа на добиеното известување од страна на Агенцијата за супервизија на осигурување, која е регулатор на осигурителниот сектор, денеска се обрати и до Комисијата за заштита на конкуренцијата, со цел да се испита дали се прекршени правилата на фер и конкурентно однесување, а согласно oдредбите од Законот за заштита на конкуренцијата.

Имено, Комисијата за автомобилска одговорност која е именувана од страна на Владата на Република  Македонија согласно Законот за задолжително осигурување во сообраќајот (Службен Весник на Република Македонија бр. 88/05, 70/06, 81/08, 47/11, 135/11, 112/14 и 145/15) ја сочинуваат членови од Министерството за финансии, Националното биро за осигурување и Агенцијата за супервизија на осигурувањето, е надлежна за утврдување на Тарифата на премии за осигурување на сопствениците на моторни возила од одговорност за штети предизвикани на трети лица. Односно утврдување на премијата за осигурување која ја плаќа договорувачот на осигурувањето-осигуреникот, a која се состои од техничка премија, која ја утврдува Владата на предлог на Комисијата и дел на премија за вршење на дејноста на осигурување (режиски трошоци) што го утврдуваат осигурителните друштва самостојно со посебна одлука на Друштвото за осигурување.

При тоа посочуваме дека техничката премија којашто е дел од премијата за осигурување која ја плаќа договорувачот на осигурувањето-осигуреникот, a која ја утврдува Владата на предлог на Комисијата, останува непроменета. Со донесените одлуки од страна на осигурителните друштва, кои се доставени до Агенцијата за супервизија на осигурувањето на 23 април 2024 година, а со примена од 25 април 2024 година, е извршена корекција на цената во делот на премија за вршење на дејноста на осигурување (режиски трошоци).

Министерството за финансии беше информирано во текот на вчерашниот ден од страна на Агенцијата за супервизија на осигурувањето, како регулатор на осигурителниот пазар во земјата, дека мнозинството друштва за осигурување донеле одлуки и доставиле известување до Агенцијата за зголемување на висината на бруто-премијата за осигурување од автомобилска одговорност на 23 април 2024 година со примена од 25 април 2024 година, а со интервенција во делот на премијата за вршење на дејноста осигурување (режиските трошоци) кои осигурителните друштва самостојно ја утврдуваат.

Министерството за финансии со цел транспарентност и предвидливост на процесите во своето работење практикува инклузивен пристап и кооперативност со засегнатите страни при донесување на одлуките, информираат оттаму.

The post МФ: Се разгледуваа одлуките на осигурителните друштва за зголемување на премијата appeared first on Република.

]]>

Министерството за финансии во врска со донесените одлуки од страна на осигурителните компании за зголемување на висината на бруто-премијата за осигурување од автомобилска одговорност, денеска ја свика Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност која одржа седница со цел да ги разгледа сите аспекти од носењето на овие одлуки. При тоа заклучи во понеделник на нова седница да разгледа Извештај од Националното биро за осигурување за оправданоста и исправноста на донесените одлуки од страна на осигурителните компании и да преземе соодветни чекори во насока на заштита на крајните потрошувачи. Истовремено, Министерството за финансии врз основа на добиеното известување од страна на Агенцијата за супервизија на осигурување, која е регулатор на осигурителниот сектор, денеска се обрати и до Комисијата за заштита на конкуренцијата, со цел да се испита дали се прекршени правилата на фер и конкурентно однесување, а согласно oдредбите од Законот за заштита на конкуренцијата. Имено, Комисијата за автомобилска одговорност која е именувана од страна на Владата на Република  Македонија согласно Законот за задолжително осигурување во сообраќајот (Службен Весник на Република Македонија бр. 88/05, 70/06, 81/08, 47/11, 135/11, 112/14 и 145/15) ја сочинуваат членови од Министерството за финансии, Националното биро за осигурување и Агенцијата за супервизија на осигурувањето, е надлежна за утврдување на Тарифата на премии за осигурување на сопствениците на моторни возила од одговорност за штети предизвикани на трети лица. Односно утврдување на премијата за осигурување која ја плаќа договорувачот на осигурувањето-осигуреникот, a која се состои од техничка премија, која ја утврдува Владата на предлог на Комисијата и дел на премија за вршење на дејноста на осигурување (режиски трошоци) што го утврдуваат осигурителните друштва самостојно со посебна одлука на Друштвото за осигурување. При тоа посочуваме дека техничката премија којашто е дел од премијата за осигурување која ја плаќа договорувачот на осигурувањето-осигуреникот, a која ја утврдува Владата на предлог на Комисијата, останува непроменета. Со донесените одлуки од страна на осигурителните друштва, кои се доставени до Агенцијата за супервизија на осигурувањето на 23 април 2024 година, а со примена од 25 април 2024 година, е извршена корекција на цената во делот на премија за вршење на дејноста на осигурување (режиски трошоци). Министерството за финансии беше информирано во текот на вчерашниот ден од страна на Агенцијата за супервизија на осигурувањето, како регулатор на осигурителниот пазар во земјата, дека мнозинството друштва за осигурување донеле одлуки и доставиле известување до Агенцијата за зголемување на висината на бруто-премијата за осигурување од автомобилска одговорност на 23 април 2024 година со примена од 25 април 2024 година, а со интервенција во делот на премијата за вршење на дејноста осигурување (режиските трошоци) кои осигурителните друштва самостојно ја утврдуваат. Министерството за финансии со цел транспарентност и предвидливост на процесите во своето работење практикува инклузивен пристап и кооперативност со засегнатите страни при донесување на одлуките, информираат оттаму.

The post МФ: Се разгледуваа одлуките на осигурителните друштва за зголемување на премијата appeared first on Република.

]]>
МФ: Системска контрола на финансиските друштва по стапување на сила на Правилникот за кредитен ризик – проценка на кредитната способност и идентификација на клиентот https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/mf-sistemska-kontrola-na-finansiskite-drushtva-po-stapuvane-na-sila-na-pravilnikot-za-krediten-rizik-protsenka-na-kreditnata-sposobnost-i-identifikatsija-na-klientot/ Fri, 12 Apr 2024 14:43:50 +0000 https://republika.mk/?p=765479

Финансиските друштва кои што работат на територијата на Македонија од почетокот на овој месец имаат обврска да воспостават систем за управување со кредитен ризик за идентификување, мерење, контрола и следење на кредитниот ризик кој што вклучува меѓу другото процедура за процена на кредитната способност, како и процедура за идентификација и ажурирање на податоците на клиентите, соопштуваат од Министерството за финансии.

Начинот на управување со кредитниот ризик е пропишан со новиот Правилник кој е донесен од Министерството за финансии и кој претставува основа за системска контрола во работењето на финансиските друштва.

- Со примена на Правилникот се оневозможува финансиското друштво да одобри кредит на барател кој не е кредитоспособен, односно финансиското друштво пред склчување на договорот за кредит треба да ја процени кредитната способност на барателот на кредит врз основа на информации од страна на барателот и релевантна надворешна база на податоци. Доколку од проценката на кредитната способност финансиското друштво утврди дека вкупните месечни обврски на барателот на кредит надминуваат 70 проценти од неговите вкупни месечни приходи, финансиското друштво нема да може да одобри нов кредит. На овој начин ќе се спречи презадолженоста на граѓаните, стои во соопштението од МФ.

Покрај проценувањето на кредитната способност, со Правилникот се обезбедува поголема заштита на потрошувачите на услугите на финансиските друштва од злоупотреба на личните податоци, на начин што се доуредува постапката по која финансиските друштва треба да вршат идентификација и ажурирање на податоците на клиентите и кредитобарателите.

- Финансиското друштво при идентификација треба да обезбеди податоци од клиентот наведени во Правилникот кои што стануваат дел од кредитното досие и истите задолжително се наведуваат и во апликацијата за кредит, како и во договорите за потрошувачки кредит. Притоа, финансиските друштва нема да можат да одобрат потрошувачки кредит по електронски пат на физичко лице доколку кој било податок во апликацијата или доставените докази се разликува од податоците коишто се дел од кредитното досие, дополнуваат оттаму.

Воспоставувањето на системот за управување со кредитен ризик, пропишан со овој Правилник, произлегува од последните измени и дополнувања на Законот за финансиските друштва, кои беа донесени со цел поголема заштита на граѓаните кои ги користат услугите на финансиските друштва и зголемување на довербата во финансиските друштва.

Во таа насока со Законот се постави максимален износ на сите трошоци поврзани со кредитот, се укина можноста за земање кредит за затворање на претходно.

The post МФ: Системска контрола на финансиските друштва по стапување на сила на Правилникот за кредитен ризик – проценка на кредитната способност и идентификација на клиентот appeared first on Република.

]]>

Финансиските друштва кои што работат на територијата на Македонија од почетокот на овој месец имаат обврска да воспостават систем за управување со кредитен ризик за идентификување, мерење, контрола и следење на кредитниот ризик кој што вклучува меѓу другото процедура за процена на кредитната способност, како и процедура за идентификација и ажурирање на податоците на клиентите, соопштуваат од Министерството за финансии. Начинот на управување со кредитниот ризик е пропишан со новиот Правилник кој е донесен од Министерството за финансии и кој претставува основа за системска контрола во работењето на финансиските друштва.
- Со примена на Правилникот се оневозможува финансиското друштво да одобри кредит на барател кој не е кредитоспособен, односно финансиското друштво пред склчување на договорот за кредит треба да ја процени кредитната способност на барателот на кредит врз основа на информации од страна на барателот и релевантна надворешна база на податоци. Доколку од проценката на кредитната способност финансиското друштво утврди дека вкупните месечни обврски на барателот на кредит надминуваат 70 проценти од неговите вкупни месечни приходи, финансиското друштво нема да може да одобри нов кредит. На овој начин ќе се спречи презадолженоста на граѓаните, стои во соопштението од МФ.
Покрај проценувањето на кредитната способност, со Правилникот се обезбедува поголема заштита на потрошувачите на услугите на финансиските друштва од злоупотреба на личните податоци, на начин што се доуредува постапката по која финансиските друштва треба да вршат идентификација и ажурирање на податоците на клиентите и кредитобарателите.
- Финансиското друштво при идентификација треба да обезбеди податоци од клиентот наведени во Правилникот кои што стануваат дел од кредитното досие и истите задолжително се наведуваат и во апликацијата за кредит, како и во договорите за потрошувачки кредит. Притоа, финансиските друштва нема да можат да одобрат потрошувачки кредит по електронски пат на физичко лице доколку кој било податок во апликацијата или доставените докази се разликува од податоците коишто се дел од кредитното досие, дополнуваат оттаму.
Воспоставувањето на системот за управување со кредитен ризик, пропишан со овој Правилник, произлегува од последните измени и дополнувања на Законот за финансиските друштва, кои беа донесени со цел поголема заштита на граѓаните кои ги користат услугите на финансиските друштва и зголемување на довербата во финансиските друштва. Во таа насока со Законот се постави максимален износ на сите трошоци поврзани со кредитот, се укина можноста за земање кредит за затворање на претходно.

The post МФ: Системска контрола на финансиските друштва по стапување на сила на Правилникот за кредитен ризик – проценка на кредитната способност и идентификација на клиентот appeared first on Република.

]]>
МФ: Потврден кредитниот рејтинг на Македонија ББ+ со стабилен изглед од „Фич“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/mf-potvrden-kreditniot-rejting-na-makedonija-bb-so-stabilen-izgled-od-fich/ Sat, 06 Apr 2024 09:18:03 +0000 https://republika.mk/?p=762988

Република Македонија води кредибилни и конзистентни макроекономски политики поткрепени од долгогодишната политика на фиксен девизен курс, подобрите показатели за управување од земјите со слични економски перформанси и евроинтегративниот процес, кој е основа на реформите на среден рок. Ова се фактори со коишто земјата во најновиот извештај на Кредитната агенција „Фич“, го задржа кредитниот рејтинг позициониран на „ББ+“ со стабилен изглед, соопшти денеска Министерството за финансии.

Како што наведува во извештајот „Фич“ очекува растот да зајакне во 2024 година, буџетскиот дефицит да се намали, а инфлацијата да се намалува.

Во 2024 година, според „Фич“, растот се очекува да зајакне на 2,9 проценти поттикнат главно од приватната потрошувачка, поткрепена од растот на платите, потоа реализацијата на проектот на автопатите на коридорите 8 и 10д, како и континуираниот прилив на странски директни инвестиции. „Фич“ прогнозира растот дополнително да се зголеми во 2025 година на 3,6%, базиран на подобрените изгледи кај клучните трговски партнери на земјата. Позитивно влијание се очекува и од финансиската поддршка преку новиот европски План за раст на Западен Балкан.

Според „Фич“, како што е наведено во извештајот, во 2024 година се очекува да се намали буџетскиот дефицит на 3,8 проценти од БДП, под влијание на мерките преземени на приходната страна и зголемувањето на економската активност. Заштеди се лоцираат и во делот на енергетските и земјоделските субвенции. Во 2023 година, домашните извори за финансирање беа значителни, но, исто така финансирањето беше поткрепено од меѓународните финансиски институции..

-Инфлацијата, согласно извештајот на „Фич“ се нормализира и во февруари изнесува три проценти и се очекува просечно во 2024 таа да изнесува 3,7 проценти, додека во 2025 година да се спушти на 2,8 проценти. Според „Фич“, позитивно влијание се очекува од напредокот во евроинтеграцискиот процес и спроведување на реформите, посочува Министерството за финансии.

Кредитниот рејтинг на една земја го покажува степенот на ризик од инвестирање во неа и претставува еден од клучните индикатори коишто потенцијалните инвеститори ги земаат предвид при носење на нивните одлуки. Кредитниот рејтинг „ББ+“ со стабилен изглед РС Македонија го одржува од 2019 годинa.

Кредитната агенција „Стандард и пурс“ која исто така ги оценува кредитниот рејтинг на земјата, а воедно и политиките што ги спроведува на почетокот на годината даде оценка за конзистентност на политиките и напорите за фискална консолидација и економски раст.

The post МФ: Потврден кредитниот рејтинг на Македонија ББ+ со стабилен изглед од „Фич“ appeared first on Република.

]]>

Република Македонија води кредибилни и конзистентни макроекономски политики поткрепени од долгогодишната политика на фиксен девизен курс, подобрите показатели за управување од земјите со слични економски перформанси и евроинтегративниот процес, кој е основа на реформите на среден рок. Ова се фактори со коишто земјата во најновиот извештај на Кредитната агенција „Фич“, го задржа кредитниот рејтинг позициониран на „ББ+“ со стабилен изглед, соопшти денеска Министерството за финансии.
Како што наведува во извештајот „Фич“ очекува растот да зајакне во 2024 година, буџетскиот дефицит да се намали, а инфлацијата да се намалува. Во 2024 година, според „Фич“, растот се очекува да зајакне на 2,9 проценти поттикнат главно од приватната потрошувачка, поткрепена од растот на платите, потоа реализацијата на проектот на автопатите на коридорите 8 и 10д, како и континуираниот прилив на странски директни инвестиции. „Фич“ прогнозира растот дополнително да се зголеми во 2025 година на 3,6%, базиран на подобрените изгледи кај клучните трговски партнери на земјата. Позитивно влијание се очекува и од финансиската поддршка преку новиот европски План за раст на Западен Балкан. Според „Фич“, како што е наведено во извештајот, во 2024 година се очекува да се намали буџетскиот дефицит на 3,8 проценти од БДП, под влијание на мерките преземени на приходната страна и зголемувањето на економската активност. Заштеди се лоцираат и во делот на енергетските и земјоделските субвенции. Во 2023 година, домашните извори за финансирање беа значителни, но, исто така финансирањето беше поткрепено од меѓународните финансиски институции..
-Инфлацијата, согласно извештајот на „Фич“ се нормализира и во февруари изнесува три проценти и се очекува просечно во 2024 таа да изнесува 3,7 проценти, додека во 2025 година да се спушти на 2,8 проценти. Според „Фич“, позитивно влијание се очекува од напредокот во евроинтеграцискиот процес и спроведување на реформите, посочува Министерството за финансии.
Кредитниот рејтинг на една земја го покажува степенот на ризик од инвестирање во неа и претставува еден од клучните индикатори коишто потенцијалните инвеститори ги земаат предвид при носење на нивните одлуки. Кредитниот рејтинг „ББ+“ со стабилен изглед РС Македонија го одржува од 2019 годинa. Кредитната агенција „Стандард и пурс“ која исто така ги оценува кредитниот рејтинг на земјата, а воедно и политиките што ги спроведува на почетокот на годината даде оценка за конзистентност на политиките и напорите за фискална консолидација и економски раст.

The post МФ: Потврден кредитниот рејтинг на Македонија ББ+ со стабилен изглед од „Фич“ appeared first on Република.

]]>
Уставниот суд одлучи: Вработените во МФ нема да добиваат 30 отсто повисоки плати и нема да ги вратат паричните средства што претходно ги добиле https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ustavniot-sud-odluchi-vrabotenite-vo-mf-nema-da-dobivaat-30-otsto-povisoki-plati-i-nema-da-gi-vratat-parichnite-sredstva-shto-prethodno-gi-dobile/ Thu, 15 Feb 2024 14:44:55 +0000 https://republika.mk/?p=744472

Уставниот суд донел конечна одлука за платите на вработените во Министерството за финансии (МФ). Како што соопшти денеска претседателката на Судот, Добрила Кацарска, се работи за укинувачка одлука, а не за поништувачка, а тоа значи дека во иднина вработените нема да го земаат надополнувањето на платата и нема да ги вратат паричните средства што претходно ги добиле.

Според Кацарска, Уставниот суд оформил предмет и по иницијативата поднесена од Државната комисија за спречување на корупцијата за оспорување на балансерот за вработувањата по националност.

Донесена е конечна одлука со која е укината оспорената одредба од законот. Се работи за укинувачка одлука, а не за поништувачка, што значи, во иднина вработените нема да го земаат тоа надополнување на плата, како што гласеше во Законот, и нема да ги вратат паричните средства што претходно ги добиле, истакна Кацарска, одговорајќи на новинарски прашања по промоцијата на поштенска марка по повод 60 години Уставен суд.

The post Уставниот суд одлучи: Вработените во МФ нема да добиваат 30 отсто повисоки плати и нема да ги вратат паричните средства што претходно ги добиле appeared first on Република.

]]>

Уставниот суд донел конечна одлука за платите на вработените во Министерството за финансии (МФ). Како што соопшти денеска претседателката на Судот, Добрила Кацарска, се работи за укинувачка одлука, а не за поништувачка, а тоа значи дека во иднина вработените нема да го земаат надополнувањето на платата и нема да ги вратат паричните средства што претходно ги добиле. Според Кацарска, Уставниот суд оформил предмет и по иницијативата поднесена од Државната комисија за спречување на корупцијата за оспорување на балансерот за вработувањата по националност.
Донесена е конечна одлука со која е укината оспорената одредба од законот. Се работи за укинувачка одлука, а не за поништувачка, што значи, во иднина вработените нема да го земаат тоа надополнување на плата, како што гласеше во Законот, и нема да ги вратат паричните средства што претходно ги добиле, истакна Кацарска, одговорајќи на новинарски прашања по промоцијата на поштенска марка по повод 60 години Уставен суд.

The post Уставниот суд одлучи: Вработените во МФ нема да добиваат 30 отсто повисоки плати и нема да ги вратат паричните средства што претходно ги добиле appeared first on Република.

]]>
Вработени во МФ бараат исплата на додатокот на плата од 30 отсто https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/vraboteni-vo-mf-baraat-isplata-na-dodatokot-na-plata-od-30-otsto/ Tue, 13 Feb 2024 12:48:07 +0000 https://republika.mk/?p=743615

Вработени во Министерството за финансии бараат веднаш да се започне со исплата на додатокот на плата во висина од 30 отсто за сите вработени, согласно член 9 од Законот за извршување на буџет, согласно уредбата објавена во Службен весник, од причина како што нагласуваат, сите тие ги исполнуваат условите, имаат зголемен обем на работа и сложеност во постапките.

Во врска со доставувањето на Колективниот договор во Министерството за финансии со кое баравме да го потпише почитуваниот министер Фатмир Бесими, а кој се однесува на зголемување на платите за 30 отсто за сите вработени во Министерството и за органите во состав, информираме дека во зададениот рок до 12 февруари, немаме никаква информација дали е потпишан, ако не е, да ни се образложи од кои причини, нагласуваат тие во писмениот допис до МИА.

Протести и штрајкови најави во петокот, Синдикатот на Министерството за финансии при УПОЗ, ако не се потпише колективен договор.

The post Вработени во МФ бараат исплата на додатокот на плата од 30 отсто appeared first on Република.

МФ убедува: Основните прехранбени производи остануваат со најниска повластена стапка од 5% https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/mf-ubeduva-osnovnite-prehranbeni-proizvodi-ostanuvaat-so-najniska-povlastena-stapka-od-5/ Fri, 06 Oct 2023 12:39:09 +0000 https://republika.mk/?p=688596

Основните прехранбени производи, кои се дел од секојдневната употреба на граѓаните ќе се и понатаму оданочуваат по најниска даночна стапка на ДДВ, односно нема промена и таа останува на 5% како што тоа е предвидено со Законот за Данок на додадена вредност и поблиску дефинирано со Одлуката за определување на добрата и услугите кои подлежат на повластена стапка на ДДВ која Владата ја донесе на 28 септември, а која стапува на сила од денеска. Донесените одлуки нема да влијаат на пораст на крајната цена на основните прехранбени производи, информираат од Министерството за финансии.

Листата останува долга и таа претставува најширока листа во однос на земјите од регионот и во земјите од ЕУ, а целта на донесувањето на одлуката за примена на повластена стапка од 5% кај одредени производи е со цел заштита на стандардот на граѓаните, заштита на здравјето на граѓаните, како и оданочување со праведна даночна стапка на производите кои што не претставуваат основна човечка исхрана.

Одлуката содржи над 1600 производи, кои со новата одлука ќе продолжат и понатаму да се оданочуваат со најниската даночна стапка од 5%. Тука спаѓаат месо – говедско и свинско, кланични производи во саламура, чадено и сушено, риба – пастрмка, крап, други слатководни риби, ослич, млеко, павлака, кисело млеко, јогурт, ќефир, сирење, најголем дел од кашкавалот, путер, јајца, природен мед, желудници, зеленчукот и овошјето, урми, смокви, агруми (портокали, лимон, мандарина, грејфрут), брашно од пченица и и брашно од жита, пченица, јачмен, рж, ориз, пченка, соја, кикиритки, сончогледово масло, маслиново масло, пченкарно масло, маргарин, колбаси и други конзервирани производи од месо, конзервирани риби – туна, сардина, сардинели, паплини, шеќер, какао во прав, тестенини, леб, бисквити, ајвар, конзервирани кратставици и корнишони, кисела зелка, конзервирани печурки, слатки пиперки, џемови и слатка, ќечап и други сосови од домат, супи, оцет, сол, ореви, костени…..

На листата меѓу другото се и семенски материјал, ѓубрива, земјоделски алати и механизација, а истата е дополнета со менструални производи а додека пак прометот на пелетите за греење останува да се оданочува со 5%, појаснуваат од ресорот финансии.

Од таму листата на производи коишто ќе се оданочуваат со повластена стапка од 10% се производи кои не претставуваат производи за основна исхрана односно имаат карактеристика на производи кои не се дел од секојдневната трпеза и производи а дел од производите не се препорачуваат за човековото здравје.

На оваа листа меѓу другите се различни производи од лососи, козјо месо, посебни видови на туна кои се ретки, и кои не се во општа употреба, бадеми, индиски ореви, бразилски ореви, тропско овошје, некои видови зачини, палмино масло, кавијар, посебен вид на кашкавали кои не претставуваат традиционален производи и се од растително потекло и слично. Исто така поместувањето на некои од производите на оваа листа се со цел и заштита на домашното производство и заштита на економијата.

Направените измени се дел од пошироката даночна реформа, која претставува усогласување со европската легислатива, согласно препораките од ЕУ и Меѓунродниот монетарен фонд и истатата е за поголема правично, праведност и заштаита на стандардот на граѓаните. Исто така предлог-листата во рамки на инклузивниот процес што се водеше за воспоставување на новиот даночен концепт, беше споделена со сите засегнати страни и подолг период беше споделена со јавноста и преку веб-страната на Министерството за финансии.

Примената на овие две одлуки не влијаат на донесената одлука на Владата за замрзнати цени на основните производи, затоа што тие производи опфатени со владината одлука се дел од листата со повластена даночна стапка од 5% и кај нив нема промена.

Република Македонија останува со најниски даночни стапки на ДДВ (редовни и повластени) и целата човечка исхрана останува да се оданочува со повластена стапка на ДДВ, а најголем дел од истата односно основните човечки производи продолжуваат да се оданочуваат со пониска повласта стапка од 5%, стои во соопштението на Министерството за финансии.

The post МФ убедува: Основните прехранбени производи остануваат со најниска повластена стапка од 5% appeared first on Република.

]]>

Основните прехранбени производи, кои се дел од секојдневната употреба на граѓаните ќе се и понатаму оданочуваат по најниска даночна стапка на ДДВ, односно нема промена и таа останува на 5% како што тоа е предвидено со Законот за Данок на додадена вредност и поблиску дефинирано со Одлуката за определување на добрата и услугите кои подлежат на повластена стапка на ДДВ која Владата ја донесе на 28 септември, а која стапува на сила од денеска. Донесените одлуки нема да влијаат на пораст на крајната цена на основните прехранбени производи, информираат од Министерството за финансии. Листата останува долга и таа претставува најширока листа во однос на земјите од регионот и во земјите од ЕУ, а целта на донесувањето на одлуката за примена на повластена стапка од 5% кај одредени производи е со цел заштита на стандардот на граѓаните, заштита на здравјето на граѓаните, како и оданочување со праведна даночна стапка на производите кои што не претставуваат основна човечка исхрана. Одлуката содржи над 1600 производи, кои со новата одлука ќе продолжат и понатаму да се оданочуваат со најниската даночна стапка од 5%. Тука спаѓаат месо – говедско и свинско, кланични производи во саламура, чадено и сушено, риба – пастрмка, крап, други слатководни риби, ослич, млеко, павлака, кисело млеко, јогурт, ќефир, сирење, најголем дел од кашкавалот, путер, јајца, природен мед, желудници, зеленчукот и овошјето, урми, смокви, агруми (портокали, лимон, мандарина, грејфрут), брашно од пченица и и брашно од жита, пченица, јачмен, рж, ориз, пченка, соја, кикиритки, сончогледово масло, маслиново масло, пченкарно масло, маргарин, колбаси и други конзервирани производи од месо, конзервирани риби – туна, сардина, сардинели, паплини, шеќер, какао во прав, тестенини, леб, бисквити, ајвар, конзервирани кратставици и корнишони, кисела зелка, конзервирани печурки, слатки пиперки, џемови и слатка, ќечап и други сосови од домат, супи, оцет, сол, ореви, костени….. На листата меѓу другото се и семенски материјал, ѓубрива, земјоделски алати и механизација, а истата е дополнета со менструални производи а додека пак прометот на пелетите за греење останува да се оданочува со 5%, појаснуваат од ресорот финансии. Од таму листата на производи коишто ќе се оданочуваат со повластена стапка од 10% се производи кои не претставуваат производи за основна исхрана односно имаат карактеристика на производи кои не се дел од секојдневната трпеза и производи а дел од производите не се препорачуваат за човековото здравје. На оваа листа меѓу другите се различни производи од лососи, козјо месо, посебни видови на туна кои се ретки, и кои не се во општа употреба, бадеми, индиски ореви, бразилски ореви, тропско овошје, некои видови зачини, палмино масло, кавијар, посебен вид на кашкавали кои не претставуваат традиционален производи и се од растително потекло и слично. Исто така поместувањето на некои од производите на оваа листа се со цел и заштита на домашното производство и заштита на економијата. Направените измени се дел од пошироката даночна реформа, која претставува усогласување со европската легислатива, согласно препораките од ЕУ и Меѓунродниот монетарен фонд и истатата е за поголема правично, праведност и заштаита на стандардот на граѓаните. Исто така предлог-листата во рамки на инклузивниот процес што се водеше за воспоставување на новиот даночен концепт, беше споделена со сите засегнати страни и подолг период беше споделена со јавноста и преку веб-страната на Министерството за финансии. Примената на овие две одлуки не влијаат на донесената одлука на Владата за замрзнати цени на основните производи, затоа што тие производи опфатени со владината одлука се дел од листата со повластена даночна стапка од 5% и кај нив нема промена. Република Македонија останува со најниски даночни стапки на ДДВ (редовни и повластени) и целата човечка исхрана останува да се оданочува со повластена стапка на ДДВ, а најголем дел од истата односно основните човечки производи продолжуваат да се оданочуваат со пониска повласта стапка од 5%, стои во соопштението на Министерството за финансии.

The post МФ убедува: Основните прехранбени производи остануваат со најниска повластена стапка од 5% appeared first on Република.

]]>
МФ: Нов закон за решавање банки за зајакнување на финансиската стабилност https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/mf-nov-zakon-za-reshavane-banki-za-zajaknuvane-na-finansiskata-stabilnost/ Wed, 04 Oct 2023 13:05:51 +0000 https://republika.mk/?p=687905

Собранието на Република Македонија го усвои Законот за решавање банки, предложен од Министерството за финансии, а со кој земјава воспоставува регулаторна рамка за зајакнување на финансиската стабилност во земјава и навремена интервенција во кредитна инститиуија која е во проблем.

Станува збор за сосема нов закон кој има за цел воспоставување инструменти за ефикасно решавање на проблемите на нестабилни и проблематични кредитни институции неопходни за спречување несолвентност, односно за ублажување на негативните последици настанати поради несолвентноста, а се со цел зачувување на одржувањето на функционирањето на кредитната институција. На тој начин се избегнува спасување на овие институции со користење на средствата на даночните обврзници, односно со новото законско решение ќе се воспостави сет на алатки за доволно рана и брза интервенција во кредитна институција којашто се соочува со проблеми во работењето, информират од Министерството за финансии.

Законот покрај одржување на финансиската стабилност и избегнување на значително негативно влијание врз финансискиот систем, ќе обезбеди и континуитет на критичните функции на банката, заштита на јавните средства преку сведување на минимум на можноста за користење вонредна државна финансиска помош, заштита на депонентите коишто имаат обезбедени депозити, како и заштита на средствата на клиентите на банката.

Со законот се воспоставува Фонд за решавање банки, и ќе се дефинира начинот на користење на средства, ќе се утврдат процесот, условите и инструментите за решавање банки, начините на финансирање на решавањето и слично, а орган надлежен за решавање на банките ќе биде Народната банка. Со предложеното законко решение предвидена е можноста за примена на државни инструменти, меѓу кои и директна интервенција, но тие ќе се користат само во исклучителни можности и тоа само како последна можност, откако ќе се исцрпат сите останати инструменти пропишани во Предлогот. Повратот на средствата кои ќе се користат за интеревенција ќе се врши со продажба на влогот на државата во банката која државата би го стекната со примена на инструментите.

Со Законот се сака да се постигне пазарна дисциплина и доверба на јавноста во банкарскиот сектор, унапредување на регулаторната и супервизорската рамка, заштита на јавните средства, непристрасност и независност во вршење на активностите на надлежниот орган за решавање на банки, како и стручност, професионалност и висок степен на професионална одговорност на вработените во банките и на вработените во Народната банка на Република Македонија.

Новиот закон, исто така, претставува доследна примена на европското законодавство, односно усогласување со Директивата 2014/59/ЕУ на Европската комисија за формирање на рамка за заздравување и решавање на кредитни институции и инвестициски фирми.

The post МФ: Нов закон за решавање банки за зајакнување на финансиската стабилност appeared first on Република.

]]>

Собранието на Република Македонија го усвои Законот за решавање банки, предложен од Министерството за финансии, а со кој земјава воспоставува регулаторна рамка за зајакнување на финансиската стабилност во земјава и навремена интервенција во кредитна инститиуија која е во проблем. Станува збор за сосема нов закон кој има за цел воспоставување инструменти за ефикасно решавање на проблемите на нестабилни и проблематични кредитни институции неопходни за спречување несолвентност, односно за ублажување на негативните последици настанати поради несолвентноста, а се со цел зачувување на одржувањето на функционирањето на кредитната институција. На тој начин се избегнува спасување на овие институции со користење на средствата на даночните обврзници, односно со новото законско решение ќе се воспостави сет на алатки за доволно рана и брза интервенција во кредитна институција којашто се соочува со проблеми во работењето, информират од Министерството за финансии. Законот покрај одржување на финансиската стабилност и избегнување на значително негативно влијание врз финансискиот систем, ќе обезбеди и континуитет на критичните функции на банката, заштита на јавните средства преку сведување на минимум на можноста за користење вонредна државна финансиска помош, заштита на депонентите коишто имаат обезбедени депозити, како и заштита на средствата на клиентите на банката. Со законот се воспоставува Фонд за решавање банки, и ќе се дефинира начинот на користење на средства, ќе се утврдат процесот, условите и инструментите за решавање банки, начините на финансирање на решавањето и слично, а орган надлежен за решавање на банките ќе биде Народната банка. Со предложеното законко решение предвидена е можноста за примена на државни инструменти, меѓу кои и директна интервенција, но тие ќе се користат само во исклучителни можности и тоа само како последна можност, откако ќе се исцрпат сите останати инструменти пропишани во Предлогот. Повратот на средствата кои ќе се користат за интеревенција ќе се врши со продажба на влогот на државата во банката која државата би го стекната со примена на инструментите. Со Законот се сака да се постигне пазарна дисциплина и доверба на јавноста во банкарскиот сектор, унапредување на регулаторната и супервизорската рамка, заштита на јавните средства, непристрасност и независност во вршење на активностите на надлежниот орган за решавање на банки, како и стручност, професионалност и висок степен на професионална одговорност на вработените во банките и на вработените во Народната банка на Република Македонија. Новиот закон, исто така, претставува доследна примена на европското законодавство, односно усогласување со Директивата 2014/59/ЕУ на Европската комисија за формирање на рамка за заздравување и решавање на кредитни институции и инвестициски фирми.

The post МФ: Нов закон за решавање банки за зајакнување на финансиската стабилност appeared first on Република.

]]>
Ќе се формира Фонд за енергетска ефикасност за поддршка на инвестиции за енергетска ефикасност https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ke-se-formira-fond-za-energetska-efikasnost-za-poddrshka-na-investitsii-za-energetska-efikasnost/ Tue, 03 Oct 2023 15:06:14 +0000 https://republika.mk/?p=687548

Собранието на РС Македонија денеска ги усвои измените и дополнувањата на Законот за Развојна банка на РС Македонија, предложени од Министерството за финансии, со кој се овозможи воспоставување Фонд за енергетска ефикасност преку кој директно ќе се финансираат инвестиции за енергетска ефикасност.

Имено и средствата од денеска издадените зелени обврзници во износ од 10 милиони евра ќе бидат насочени во овој Фонд за поддршка на зелени проекти.

Како што денеска информираа од МФ, Фондот за енергетска ефикасност ќе функционира како посебна организациска единица во Развојната банка, а неговото основање на долг рок ќе придонесе за економска и финансиска одржливост и ќе се овозможи заштеда на енергија, зачувување на природните ресурси, како и намалувањето на загадувањето на животната средина.

– Воспоставувањето на Фондот за енергетска ефикасност е во насока на градење ефикасна и ефективна структура  којашто ќе придонесе за исполнување на веќе воспоставените цели на Република Македонија за декарбонизација, утврдени во Стратегијата за развој на енергетиката до 2040 година, а во која се земени предвид трендовите на енергетската политика на глобално ниво, со цел да се поддржи развојот преку директно финансирање на инвестиции за енергетска ефикасност, појаснуваат од МФ.

Со Фондот ќе се овозможи и одобрување кредити, издавање гаранции и одобрување грантови на правните и физичките лица во земјава.

– Почетниот капитал на Фондот за енергетска ефикасност е во износ од пет милиони евра, обезбеден од Светската банка во рамки на Проектот за енергетска ефикасност, којшто се надополнува со средствата обезбедени преку издавањето на зелената обврзница од 10 милиони евра. Фондот во иднина ќе се надополнува и од други извори за зелени инвестиции, се подвлекува во соопштението од МФ.

Формирањето на Фондот претставува усогласување со ЕУ директивите за енергетска ефикасност, а со цел ваквиот национален фонд да даде поддршка на националните иницијативи за енергетска ефикасност.

Собранието денеска ги усвои и измените и дополнувањата на Законот за акцизи кои произлегуваат од ЕУ Директивите и претставуваат усогласување на акцизната стапка кај цигарите со минималната акцизна стапка во ЕУ.

The post Ќе се формира Фонд за енергетска ефикасност за поддршка на инвестиции за енергетска ефикасност appeared first on Република.

]]>

Собранието на РС Македонија денеска ги усвои измените и дополнувањата на Законот за Развојна банка на РС Македонија, предложени од Министерството за финансии, со кој се овозможи воспоставување Фонд за енергетска ефикасност преку кој директно ќе се финансираат инвестиции за енергетска ефикасност. Имено и средствата од денеска издадените зелени обврзници во износ од 10 милиони евра ќе бидат насочени во овој Фонд за поддршка на зелени проекти. Како што денеска информираа од МФ, Фондот за енергетска ефикасност ќе функционира како посебна организациска единица во Развојната банка, а неговото основање на долг рок ќе придонесе за економска и финансиска одржливост и ќе се овозможи заштеда на енергија, зачувување на природните ресурси, како и намалувањето на загадувањето на животната средина. – Воспоставувањето на Фондот за енергетска ефикасност е во насока на градење ефикасна и ефективна структура  којашто ќе придонесе за исполнување на веќе воспоставените цели на Република Македонија за декарбонизација, утврдени во Стратегијата за развој на енергетиката до 2040 година, а во која се земени предвид трендовите на енергетската политика на глобално ниво, со цел да се поддржи развојот преку директно финансирање на инвестиции за енергетска ефикасност, појаснуваат од МФ. Со Фондот ќе се овозможи и одобрување кредити, издавање гаранции и одобрување грантови на правните и физичките лица во земјава. – Почетниот капитал на Фондот за енергетска ефикасност е во износ од пет милиони евра, обезбеден од Светската банка во рамки на Проектот за енергетска ефикасност, којшто се надополнува со средствата обезбедени преку издавањето на зелената обврзница од 10 милиони евра. Фондот во иднина ќе се надополнува и од други извори за зелени инвестиции, се подвлекува во соопштението од МФ. Формирањето на Фондот претставува усогласување со ЕУ директивите за енергетска ефикасност, а со цел ваквиот национален фонд да даде поддршка на националните иницијативи за енергетска ефикасност. Собранието денеска ги усвои и измените и дополнувањата на Законот за акцизи кои произлегуваат од ЕУ Директивите и претставуваат усогласување на акцизната стапка кај цигарите со минималната акцизна стапка во ЕУ.

The post Ќе се формира Фонд за енергетска ефикасност за поддршка на инвестиции за енергетска ефикасност appeared first on Република.

]]>
Министерство за финансии: Од 2015 до 2022 година утврдени се 17 нерегуларности со ЕУ средства за кои се преземени конкретни постапки https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ministerstvo-za-finansii-od-2015-do-2022-godina-utvrdeni-se-17-neregularnosti-so-eu-sredstva-za-koi-se-prezemeni-konkretni-postapki/ Thu, 27 Jul 2023 16:12:51 +0000 https://republika.mk/?p=665978

Одделението за координација на борба против измама на ЕУ средствата (АФКОС) не располага со податоци кои произлегуваат од Европската канцеларија за борба против измама (ОЛАФ) од причина што согласно Рамковната спогодба за ИПА на земјава и регулативата на ОЛАФ, Европската канцеларија нема обврска да го информира АФКОС во врска со тековни или завршени истраги или со исходи од нив, посочуваат од Министерството за финансии (МФ) во одговор за МИА во однос на медиумските информации за истраги поврзани со злоупотреби во земјава.

Од Министерството посочуваат дека земјава е посветена да ги почитува прописите и правилата на помошта од ЕУ, која е основа за успешна соработка и имплементација на европската помош и во овој процес од 2009 година има индиректно и децентрализирано управување со претпристапните фондови на Унијата.

И покрај препораката за кандидатски статус во ЕУ Украина и Молдавија нема да влезат во претпристапните фондови, јави дописничката на МИА од Брисел

Во таа смисла истакнуваме дека Република Македонија, исто така, работи на откривање на евентуални нерегуларности, по кои во понатамошна постапка постапуваат надлежни органи. Согласно воспоставениот систем за управување со нерегуларности, во случај на детектирање на одредена нерегуларност од страна на ИПА структурите или дојава, односно сигнал за потенцијална нерегуларност добиена од надворешни извори или од службите на Европската Комисија, ИПА структурите во Министерството за финансии прават првична анализа на случајот и понатаму случајот се проследува до надлежните институции за преземање на понатамошни дејствија: Управата за финансиска полиција, АФКОС, ОЈО/ОЈО ГОКК и Државното правобранителство, се додава во одговорот.

Од МФ наведуваат дека во периодот од 2015 до 2022 година се утврдени нерегуларности во 17 случаи за кои се преземени конкретни постапки.

Согласно меѓународните договори и воспоставениот систем за управување со нерегуларности, ИПА структурите во Министерство за финансии на редовна квартална основа известува за статусот на секој случај и до Европската комисија, поточно ОЛАФ – Европска службата за борба против измама, преку електронскиот систем за известување на нерегуларности, се потенцира во одговорот.

Европската канцеларија Европска канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) покрена истрага против Европската агенција за погранична и крајбрежна стража (ФРОНТЕКС) поради обвинувањата за вознем

МФ потсетува и дека 21 минатиот месец беа потпишани меморандумите за соработка меѓу Mинистерството за финансии и клучните институции во областа на заштита на финансиските интереси, како резултат на добрата пракса во земјите членки на ЕУ, во делот на ефикасна и ефективна заштита на финансиските интереси на Унијата, преку воспоставување на солидна координација на системот за заштита на финансиските интереси на Европската Унија.

- Исто така, секој граѓанин може да пријави сомнеж за нерегуларност на следните адреси - https://cfcd.finance.gov.mk/?page_id=4971&lang=en, nepravilnosti_EU@finance.gov.mk на официјалната веб страна на Министерството за финансии во делот „пријавување неправилности“ и на OLAF-FMB-SPE@ec.europa.eu, се додова во одговорот на Министерството за МИА.

„Еуроњус Албанија“ минтата недела објави дека ОЛАФ во последните пет години отворила 36 истраги за земјите од Западен Балкан за злоупотреба или неправилности поврзани со европските фондови, од кои 18 се однесуваат на злоупотреба на европските фондовите во земјава. Според истиот извор, ОЛАФ подготвила седум препораки за европските институции и за македонските власти.

Во Извештајот на ОЛАФ за истражните перформанси и трендовите на измама во 2022 година, се наведува дека за Македонија биле отворени четири истраги, од кои три се затворени со соодветни препораки.

The post Министерство за финансии: Од 2015 до 2022 година утврдени се 17 нерегуларности со ЕУ средства за кои се преземени конкретни постапки appeared first on Република.

]]>

Одделението за координација на борба против измама на ЕУ средствата (АФКОС) не располага со податоци кои произлегуваат од Европската канцеларија за борба против измама (ОЛАФ) од причина што согласно Рамковната спогодба за ИПА на земјава и регулативата на ОЛАФ, Европската канцеларија нема обврска да го информира АФКОС во врска со тековни или завршени истраги или со исходи од нив, посочуваат од Министерството за финансии (МФ) во одговор за МИА во однос на медиумските информации за истраги поврзани со злоупотреби во земјава.
Од Министерството посочуваат дека земјава е посветена да ги почитува прописите и правилата на помошта од ЕУ, која е основа за успешна соработка и имплементација на европската помош и во овој процес од 2009 година има индиректно и децентрализирано управување со претпристапните фондови на Унијата. И покрај препораката за кандидатски статус во ЕУ Украина и Молдавија нема да влезат во претпристапните фондови, јави дописничката на МИА од Брисел
Во таа смисла истакнуваме дека Република Македонија, исто така, работи на откривање на евентуални нерегуларности, по кои во понатамошна постапка постапуваат надлежни органи. Согласно воспоставениот систем за управување со нерегуларности, во случај на детектирање на одредена нерегуларност од страна на ИПА структурите или дојава, односно сигнал за потенцијална нерегуларност добиена од надворешни извори или од службите на Европската Комисија, ИПА структурите во Министерството за финансии прават првична анализа на случајот и понатаму случајот се проследува до надлежните институции за преземање на понатамошни дејствија: Управата за финансиска полиција, АФКОС, ОЈО/ОЈО ГОКК и Државното правобранителство, се додава во одговорот.
Од МФ наведуваат дека во периодот од 2015 до 2022 година се утврдени нерегуларности во 17 случаи за кои се преземени конкретни постапки.
Согласно меѓународните договори и воспоставениот систем за управување со нерегуларности, ИПА структурите во Министерство за финансии на редовна квартална основа известува за статусот на секој случај и до Европската комисија, поточно ОЛАФ – Европска службата за борба против измама, преку електронскиот систем за известување на нерегуларности, се потенцира во одговорот.
Европската канцеларија Европска канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) покрена истрага против Европската агенција за погранична и крајбрежна стража (ФРОНТЕКС) поради обвинувањата за вознем МФ потсетува и дека 21 минатиот месец беа потпишани меморандумите за соработка меѓу Mинистерството за финансии и клучните институции во областа на заштита на финансиските интереси, како резултат на добрата пракса во земјите членки на ЕУ, во делот на ефикасна и ефективна заштита на финансиските интереси на Унијата, преку воспоставување на солидна координација на системот за заштита на финансиските интереси на Европската Унија. - Исто така, секој граѓанин може да пријави сомнеж за нерегуларност на следните адреси - https://cfcd.finance.gov.mk/?page_id=4971&lang=en, nepravilnosti_EU@finance.gov.mk на официјалната веб страна на Министерството за финансии во делот „пријавување неправилности“ и на OLAF-FMB-SPE@ec.europa.eu, се додова во одговорот на Министерството за МИА. „Еуроњус Албанија“ минтата недела објави дека ОЛАФ во последните пет години отворила 36 истраги за земјите од Западен Балкан за злоупотреба или неправилности поврзани со европските фондови, од кои 18 се однесуваат на злоупотреба на европските фондовите во земјава. Според истиот извор, ОЛАФ подготвила седум препораки за европските институции и за македонските власти. Во Извештајот на ОЛАФ за истражните перформанси и трендовите на измама во 2022 година, се наведува дека за Македонија биле отворени четири истраги, од кои три се затворени со соодветни препораки.

The post Министерство за финансии: Од 2015 до 2022 година утврдени се 17 нерегуларности со ЕУ средства за кои се преземени конкретни постапки appeared first on Република.

]]>
Власта ќе се задолжува кај граѓаните – во јуни прва граѓанска обврзница https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/vlasta-ke-se-zadolzhuva-kaj-graganite-vo-juni-prva-graganska-obvrznitsa/ Mon, 15 May 2023 19:57:01 +0000 https://republika.mk/?p=641129

Министерството за финансии планира да се задолжува и кај граѓаните преку нова граѓанска обврзница. Таа ќе се издаде во јуни, а државата ќе ги намени парите за капитални проекти. Министерот за финансии Фатмир Бесими не прецизираше колкава ќе биде точно каматата, но рече дека таа ќе биде меѓу каматните стапки на банкарските депозити и еврообврзницата. Во оваа обврзница граѓаните ќе може да ги вложуваат своите заштеди, а каматата што ќе ја добијат ќе биде поголема од банкарската.

  • Имам дилема дали и јас да купам обврзница, поради конфликт на интереси, но тоа може да го сторат премиерот и другите министри. За мене, ќе ја консултирам Државната комисија за спречување на корупцијата, но, еве ви кажувам јас ќе си купам една обврзница од 10.000 денари, макар и да ме казни ДКСК, рече Бесими.

Воедно министерот укажа дека обврзницата ќе може да се тргува на берзата, со што граѓаните кои имаат купено обврзница, а не можат да го чекаат рокот од две години за поврат на средствата, можат да си ги повратат парите преку продажба на берза.

Бесими очекува од овој инструмент да има прилив од околу 50 милиони евра.

  • Ова го планираме две години, на граѓаните да им овозможиме да купуваат обврзници и да ги вложат своите пари во сигурна инвестиција. Ова е начин да се зачува вредноста, бидејќи поради високата инфлација нивните пари ја губат вредноста, а со обврзницата ќе бидат заштитени, истакна Бесими.

И додека власта попезно најавува задолжување и кај граѓаните, екс министерот за финансии, Џевдет Хајредини, за Алфа рече дека со ваквиот начин преку граѓанска обврзница само се потврдува дека државната каса станува се попразна, а власта по секоја цена бара начин да ја пополнува буџетската дупка, која станува се поголема.

  • Ова се правии за Владата да најде пари за да ги покрие потребите за нивните трошења, односно на овој начин уште повеќе ќе се продлабочи државната дупка во Македонија. Ситуацијата е таква што очигледно дека мораат тоа да го прават, оти потребата од финансии е лоша. Се земаат пари од секаде, се зема од надвор, се зема од банките. Тешка е очигледно ситуацијата и не се прикажува реално состојбата. Многу е лоша реалната состојба, а јавноста нема информации што се случува, изјави Хајредини.

Според Народната банка, во март на годишно ниво каматната стапка на денарските депозити без девизна клаузула била 1,5%. Последната еврообврзница што ја издаде државата беше со купонска каматна стапка од 6,96%. Колку за илустрација, како што посочи и Бесими, Хрватска издаде граѓанска обврзница со камата од 3,5%.

The post Власта ќе се задолжува кај граѓаните – во јуни прва граѓанска обврзница appeared first on Република.

]]>

Министерството за финансии планира да се задолжува и кај граѓаните преку нова граѓанска обврзница. Таа ќе се издаде во јуни, а државата ќе ги намени парите за капитални проекти. Министерот за финансии Фатмир Бесими не прецизираше колкава ќе биде точно каматата, но рече дека таа ќе биде меѓу каматните стапки на банкарските депозити и еврообврзницата. Во оваа обврзница граѓаните ќе може да ги вложуваат своите заштеди, а каматата што ќе ја добијат ќе биде поголема од банкарската.
  • Имам дилема дали и јас да купам обврзница, поради конфликт на интереси, но тоа може да го сторат премиерот и другите министри. За мене, ќе ја консултирам Државната комисија за спречување на корупцијата, но, еве ви кажувам јас ќе си купам една обврзница од 10.000 денари, макар и да ме казни ДКСК, рече Бесими.
Воедно министерот укажа дека обврзницата ќе може да се тргува на берзата, со што граѓаните кои имаат купено обврзница, а не можат да го чекаат рокот од две години за поврат на средствата, можат да си ги повратат парите преку продажба на берза. Бесими очекува од овој инструмент да има прилив од околу 50 милиони евра.
  • Ова го планираме две години, на граѓаните да им овозможиме да купуваат обврзници и да ги вложат своите пари во сигурна инвестиција. Ова е начин да се зачува вредноста, бидејќи поради високата инфлација нивните пари ја губат вредноста, а со обврзницата ќе бидат заштитени, истакна Бесими.
И додека власта попезно најавува задолжување и кај граѓаните, екс министерот за финансии, Џевдет Хајредини, за Алфа рече дека со ваквиот начин преку граѓанска обврзница само се потврдува дека државната каса станува се попразна, а власта по секоја цена бара начин да ја пополнува буџетската дупка, која станува се поголема.
  • Ова се правии за Владата да најде пари за да ги покрие потребите за нивните трошења, односно на овој начин уште повеќе ќе се продлабочи државната дупка во Македонија. Ситуацијата е таква што очигледно дека мораат тоа да го прават, оти потребата од финансии е лоша. Се земаат пари од секаде, се зема од надвор, се зема од банките. Тешка е очигледно ситуацијата и не се прикажува реално состојбата. Многу е лоша реалната состојба, а јавноста нема информации што се случува, изјави Хајредини.
Според Народната банка, во март на годишно ниво каматната стапка на денарските депозити без девизна клаузула била 1,5%. Последната еврообврзница што ја издаде државата беше со купонска каматна стапка од 6,96%. Колку за илустрација, како што посочи и Бесими, Хрватска издаде граѓанска обврзница со камата од 3,5%.

The post Власта ќе се задолжува кај граѓаните – во јуни прва граѓанска обврзница appeared first on Република.

]]>
Експерти од Трезорот на САД ќе работат на унапредување на капацитетите на Министерството за финансии https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/eksperti-od-trezorot-na-sad-ke-rabotat-na-unapreduvane-na-kapatsitetite-na-ministerstvoto-za-finansii/ Sat, 15 Apr 2023 08:00:40 +0000 https://republika.mk/?p=630927

Експерти од Трезорот на САД ќе дадат поддршка за унапредувањето на капацитетите на Трезорот на Министерството за финансии. Денеска, во Вашингтон, министерот за финансии, Фатмир Бесими потпиша спогодба со заменик помошник секретарот на Трезорот на САД, Џејсон Орландо, со кој се овозможува техничка помош за поддршка на јакнењето на капацитетите во нашиот трезор.Како што соопшти Министерството за финансии, експертите кои ќе работат со колегите од трезорот, ќе дадат поддршка во области како формулирање и реализација на буџет, индикатори на успех, проекции на готовински текови и слично. Експертската поддршка ќе стартува од септември годинава.Залагањата на Министерството за финансии се преку континуирано јакнење на своите капацитети да придонесува кон унапредување во управувањето со јавните финансии. Оттаму, ќе се потпишат договори за експертска поддршка и во други две сфери, стои во соопштението на Министерството.Минатата година со носењето и почетокот на имплементацијата на новиот Закон за буџети, започна најголемата реформа во јавните финансии од осамостојувањето на државата, која предвидува интегрираностна финансисиите, индикатори на успех, и управување со финансиите водено од резултати, додаваат од Министерството.

The post Експерти од Трезорот на САД ќе работат на унапредување на капацитетите на Министерството за финансии appeared first on Република.

Ревизорите со резерва за вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи на МФ за 2021 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/revizorite-so-rezerva-za-vistinitosta-i-objektivnosta-na-finansiskite-izveshtai-na-mf-za-2021-godina/ Thu, 23 Mar 2023 12:28:15 +0000 https://republika.mk/?p=622862

Државниот завод за ревизија ги објави конечните ревизорски извештаи на Министерството за финансии за 2021 година.

Од извршената ревизија на финансиските извештаи на МФ и ревизијата на усогласеност на сметката на основен буџет (631) за 2021 година, ревизорите изразиле мислење со резерва за вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и мислење без резерва за усогласеноста на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива, упатства и воспоставените политики.

Со извршената ревизија на финансиските извештаи за 2021 година, заедно со ревизија на усогласеност, констатиравме дека пописот на средствата не е извршен целосно согласно со Правилникот за сметководството на буџетите и буџетските корисници, во делот на пописот на постојаните средства и ситниот инвентар, како и во делот на усогласување на фактички утврдената состојба со сметководствена евиденција на средствата. За утврдената состојба дадена е препорака до одговорните лица во МФ со цел преземање мерки за надминување, наведува ДЗР во резимето за ревизијата.

Од извршената ревизија на финансиските извештаи на Министерство за финансии и ревизија на усогласеност на сметката на основен буџет (637) за 2021 година, исто така е изразено мислење со резерва за вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и мислење без резерва за усогласеноста на финансиските трансакции и информации со релевантната законска регулатива, упатства и воспоставените политики.

Со извршената ревизија на финансиските извештаи за 2021 година, заедно со ревизија на усогласеност, ревизорите констатирале дека е извршено осигурување на дел од недвижниот имот и опрема со кои располага МФ, земјиштето како и дел од објектите за кое МФ има стекнато право на трајно користење, не се сметководствено евидентирани, 35 објекти за кои Министерството има обезбедено имотни листови, сметководствено се евидентирани без вредност, поради необезбедена документација за утврдување на вредноста, пописот на средствата, побарувањата и обврските не е целосно извршен, а во дел од постапките за јавни набавки, предметот на набавка не е утврден како делив заради обезбедување на целосна конкуренција.

Ревизорите истакнуваат дека постои потреба од усогласување на Законот за организација и работа на органите на државната управа со поодделните закони кои го регулираат основањето на државни органи и институции и дека во тек е постапка на донесување Предлог закон за вработените во јавниот сектор во кој е утврдена висината на платата на посебните советници во одделните институции.

Целосните извештаи од ревизијата се достапни линкот на страницата на ДЗР.

The post Ревизорите со резерва за вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи на МФ за 2021 година appeared first on Република.

]]>

Државниот завод за ревизија ги објави конечните ревизорски извештаи на Министерството за финансии за 2021 година. Од извршената ревизија на финансиските извештаи на МФ и ревизијата на усогласеност на сметката на основен буџет (631) за 2021 година, ревизорите изразиле мислење со резерва за вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и мислење без резерва за усогласеноста на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива, упатства и воспоставените политики.
Со извршената ревизија на финансиските извештаи за 2021 година, заедно со ревизија на усогласеност, констатиравме дека пописот на средствата не е извршен целосно согласно со Правилникот за сметководството на буџетите и буџетските корисници, во делот на пописот на постојаните средства и ситниот инвентар, како и во делот на усогласување на фактички утврдената состојба со сметководствена евиденција на средствата. За утврдената состојба дадена е препорака до одговорните лица во МФ со цел преземање мерки за надминување, наведува ДЗР во резимето за ревизијата.
Од извршената ревизија на финансиските извештаи на Министерство за финансии и ревизија на усогласеност на сметката на основен буџет (637) за 2021 година, исто така е изразено мислење со резерва за вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и мислење без резерва за усогласеноста на финансиските трансакции и информации со релевантната законска регулатива, упатства и воспоставените политики. Со извршената ревизија на финансиските извештаи за 2021 година, заедно со ревизија на усогласеност, ревизорите констатирале дека е извршено осигурување на дел од недвижниот имот и опрема со кои располага МФ, земјиштето како и дел од објектите за кое МФ има стекнато право на трајно користење, не се сметководствено евидентирани, 35 објекти за кои Министерството има обезбедено имотни листови, сметководствено се евидентирани без вредност, поради необезбедена документација за утврдување на вредноста, пописот на средствата, побарувањата и обврските не е целосно извршен, а во дел од постапките за јавни набавки, предметот на набавка не е утврден како делив заради обезбедување на целосна конкуренција. Ревизорите истакнуваат дека постои потреба од усогласување на Законот за организација и работа на органите на државната управа со поодделните закони кои го регулираат основањето на државни органи и институции и дека во тек е постапка на донесување Предлог закон за вработените во јавниот сектор во кој е утврдена висината на платата на посебните советници во одделните институции. Целосните извештаи од ревизијата се достапни линкот на страницата на ДЗР.

The post Ревизорите со резерва за вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи на МФ за 2021 година appeared first on Република.

]]>
Вработените во Финансии најавуваат масовни штрајкови: Владата сака да прошверцува автентично толкување на одредбата од чл.66 од Законот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vrabotenite-vo-finansii-najavuvaat-masovni-shtrajkovi-vladata-saka-da-proshvertsuva-avtentichno-tolkuvane-na-odredbata-od-chl-66-od-zakonot/ Tue, 28 Feb 2023 09:37:57 +0000 https://republika.mk/?p=614101

Синдикатoт на вработените во Министерството за финансии изрази големо жалење во врска со последните случувања со зголемувањето на нивните плати и најави масовни штрајкови доколку ветувањата не се исполнети.

Имено пред извесен временски период се донесе Закон за буџети со политички консензус од сите пратенички групи, со кој се предвидува зголемување на платите на сите вработени во министерството за 30%. Министерот за финансии Фатмир Бесими тврди дека тоа покачување се однесува само за определен сектор - Секторот за буџети, а не за сите вработени. Во таа насока на денешната седница на Законодавно-правната комисија, владата сака да прошверцува автентично толкување на одредбата од чл.66 од Законот, со кој што сака да го ограничи правото на покачување само на дел од вработените. Ова е огромен скандал каде што зад очите на јавноста, без консултации со вработените и синдикатите сакаат да го скратат она покачување што законски ни следува на сите вработени во Министерството. Одредбата од чл.66 во Законот е јасна, таа предвидува зголемување на платите на сите вработени во министерството, се вели во реакцијата на Синдикатот на вработените во Министерството за финансии.

Доколку не се зголемат платите на сите вработени во Министерството како што предвидува Законот, велат од Синдикатот, тие како вработени ќе пристапат кон масовни штрајкови.

The post Вработените во Финансии најавуваат масовни штрајкови: Владата сака да прошверцува автентично толкување на одредбата од чл.66 од Законот appeared first on Република.

Oд елитна гимназија за талентирани деца до немање настава по осум стручни предмети – МОН и МФ да изнајдат решение за МИГ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/od-elitna-gimnazija-za-talentirani-detsa-do-nemane-nastava-po-osum-struchni-predmeti-mon-i-mf-da-iznajdat-reshenie-za-mig/ Tue, 31 Jan 2023 08:55:25 +0000 https://republika.mk/?p=602870

Сојузот на средношколци апелира што побрзо да се реши проблемот во Математичко-информатичката гимназија (МИГ) бидејќи апсурдно е, како што пишува во реакција, учениците од оваа гимназија да имаат по само еден до два часа дневно.

Недозволиво е поради неможноста МОН и Министерството за финансии да најдат заедничко решение учениците да немаат настава за осум стручни предмети во МИГ. Со жалење ја констатираме состојбата во гимназијата која беше замислена како елитна образовна институција за учениците талентирани по математика и информатика. Силно веруваме во тоа дека развојот на сите науки е екстремно важен, особено земајќи ја предвид круцијалната улога на средното образование во процесот, наведува Сојузот.

Оттаму потсетуваат дека се залагаат за отворање две нови селективни гимназии – јазична гимназија по примерот на филолошките гимназии во Белград и Сараево и хуманистичко-општествена гимназија по примерот на образовен систем во Франција.

Надлежните мора да ја регулираат ситуацијата во МИГ и да се држат на високите посакувани стандарди – не само бидејќи е уставно право на нејзините ученици, туку и за да ни докаже дека нашите амбиции за развојот на сите науки се реални и остварливи, пишува Сојузот на средношколци.

The post Oд елитна гимназија за талентирани деца до немање настава по осум стручни предмети – МОН и МФ да изнајдат решение за МИГ appeared first on Република.