министерство за економија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ministerstvo-za-ekonomija/ За подобро да се разбереме Wed, 31 Jul 2024 12:13:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png министерство за економија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ministerstvo-za-ekonomija/ 32 32 Дурмиши на средба со Харасти: Унапредување на социјалниот дијалог, креирање на повеќе работни места и инклузивен пазар на труд https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/durmishi-na-sredba-so-kler-harasti-unapreduvane-na-sotsijalniot-dijalog-kreirane-na-poveke-rabotni-mesta-i-inkluziven-pazar-na-trud-se-nash-prioritet/ Wed, 31 Jul 2024 12:06:06 +0000 https://republika.mk/?p=801974

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши денеска оствари средба со Клер Харасти, директорка на Меѓународната организација на трудот (МОТ) за Централна и Источна Европа.

На средбата се разговараше за досегашниот ангажман на оваа организација во Македонија, за улогата на Меѓународната организација на трудот при носење на социјалните политики, за поддршката при формирањето на Економско-социјалниот совет во 2010 година, како и за имплементацијата на низа политики на пазарот на труд.

Министерот Дурмиши истакна дека блиската соработка на Министерството за економија и труд со МОТ од сега па натаму ќе биде од големо значење за нас.

Како што потенцираше министерот, со реорганизацијата на министерствата, Министерството за економија и труд ги превзема надлежностите од секторот труд, што значи дека фокусот на ова министерство во иднина ќе биде подобрување на работничките права и креирање на политики за подобрување на пазарот на труд во земјата.

Информираше дека согласно тоа сега како Министер за економија и труд ќе преседава и со Економско социјалниот совет (ЕСС)

„Како Влада од особено значење е социјалниот дијалог, односно вклучување на сите засегнати страни при креирање на мерки, мора да ги имаме во предвид интересите и на работниците и на бизнис секторот.Со реорганизацијата на министерствата сега Министерството за економија и труд ја превзема и надлежноста да ја претставува Македонија во МОТ.Тоа значи дека МОТ ќе биде нашиот најзначаен надворешен партнер во областа на трудот, вработувањето, безбедноста и здравјето при работа, минималната плата, меѓународните стандарди на трудот и исполнувањето на меѓународните обврски на Македонија“ кажа министерот Дурмиши на средбата.

Двајцата соговорници се согласија дека клучни прооритети на соработката во иднина ќе бидат унапредување на социјалниот дијалог, креирање на повеќе и подобри работни места, и инклузивен пазар на труд.

Министерот се заблагодари на досегашната поддршка за активностите на МОТ во Македонија за подобрување на правата и условите за живот на работниците во нашата земја и изрази надеж дека воспоставената успешна соработка во иднина  дополнително ќе се продлабочи.

„Во Министерството за економија и труд и кај мене како Министер за економија и труд секогаш ќе имате отворена врата и партнер за заедничко креирање на мерки, посебно за вашата експертска и техничка поддршка во креирањето на законските решенија кои произлегуваат од секторот труд и социјалниот дијалог“ кажа министерот Дурмиши.

The post Дурмиши на средба со Харасти: Унапредување на социјалниот дијалог, креирање на повеќе работни места и инклузивен пазар на труд appeared first on Република.

]]>

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши денеска оствари средба со Клер Харасти, директорка на Меѓународната организација на трудот (МОТ) за Централна и Источна Европа. На средбата се разговараше за досегашниот ангажман на оваа организација во Македонија, за улогата на Меѓународната организација на трудот при носење на социјалните политики, за поддршката при формирањето на Економско-социјалниот совет во 2010 година, како и за имплементацијата на низа политики на пазарот на труд. Министерот Дурмиши истакна дека блиската соработка на Министерството за економија и труд со МОТ од сега па натаму ќе биде од големо значење за нас. Како што потенцираше министерот, со реорганизацијата на министерствата, Министерството за економија и труд ги превзема надлежностите од секторот труд, што значи дека фокусот на ова министерство во иднина ќе биде подобрување на работничките права и креирање на политики за подобрување на пазарот на труд во земјата. Информираше дека согласно тоа сега како Министер за економија и труд ќе преседава и со Економско социјалниот совет (ЕСС) „Како Влада од особено значење е социјалниот дијалог, односно вклучување на сите засегнати страни при креирање на мерки, мора да ги имаме во предвид интересите и на работниците и на бизнис секторот.Со реорганизацијата на министерствата сега Министерството за економија и труд ја превзема и надлежноста да ја претставува Македонија во МОТ.Тоа значи дека МОТ ќе биде нашиот најзначаен надворешен партнер во областа на трудот, вработувањето, безбедноста и здравјето при работа, минималната плата, меѓународните стандарди на трудот и исполнувањето на меѓународните обврски на Македонија“ кажа министерот Дурмиши на средбата. Двајцата соговорници се согласија дека клучни прооритети на соработката во иднина ќе бидат унапредување на социјалниот дијалог, креирање на повеќе и подобри работни места, и инклузивен пазар на труд. Министерот се заблагодари на досегашната поддршка за активностите на МОТ во Македонија за подобрување на правата и условите за живот на работниците во нашата земја и изрази надеж дека воспоставената успешна соработка во иднина  дополнително ќе се продлабочи. „Во Министерството за економија и труд и кај мене како Министер за економија и труд секогаш ќе имате отворена врата и партнер за заедничко креирање на мерки, посебно за вашата експертска и техничка поддршка во креирањето на законските решенија кои произлегуваат од секторот труд и социјалниот дијалог“ кажа министерот Дурмиши.  

The post Дурмиши на средба со Харасти: Унапредување на социјалниот дијалог, креирање на повеќе работни места и инклузивен пазар на труд appeared first on Република.

]]>
Узунов за ТВ21: Логична е реорганизацијата на министерството за економија, досега беше несоодветно споено со социјална политика https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/uzunov-za-tv21-logichna-e-reorganizatsijata-na-ministerstvoto-za-ekonomija-dosega-beshe-nesoodvetno-spoeno-so-sotsijalna-politika/ Sat, 01 Jun 2024 14:51:26 +0000 https://republika.mk/?p=783895

Универзитетскиот професор Ванчо Узунов за ТВ21 за реконструкцијата на министерството за Економија тој вели „да не мислиме дека самата реорганизација по автоматизам ќе создаде подобар квалитет и ќе донесе нешто подобро“.

– Тоа што се реорганизира министерството за Економија и во него се додава труд и пазар на труд целиот фактор работна сила има логика бидејќи тоа како дел беше досега несоодветно споено со социјална политика. Социјална политика е една политика, политика во однос на работна сила како фактор на економски развој е сосема друга политика и повеќе припаѓа во економија тоа е логично. Тоа да се извади енергетика и минерални суровини во посебно министерство изгледа исто така логично. Иако не е ништо особено толку битно. Она што е битно мој коментар е да не мислиме дека самата реорганизација по автоматизам ќе создаде подобар квалитет и ќе донесе нешто подобро. На крај зависи кој таму ќе работи и кој со тие институции ќе раководи. Ако тоа не е добро направено бадијала сите реорганизации, а ако е тоа добро направено или до сега било добро направено во минатото тие институции и во овој досегашен сплет ќе работеле многу подобро од тоа што работеле, вели Узунов.

The post Узунов за ТВ21: Логична е реорганизацијата на министерството за економија, досега беше несоодветно споено со социјална политика appeared first on Република.

Министерство за економија: Надлежните да го решат проблемот со снабдувањето на струја за Слупчане https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ministerstvo-za-ekonomija-nadlezhnite-da-go-reshat-problemot-so-snabduvaneto-na-struja-za-slupchane/ Thu, 27 Jul 2023 09:16:27 +0000 https://republika.mk/?p=665799

Министерството за економија ги повика сите граѓани во државата редовно да си ги подмируваат обврските кои ги имаат кон енергетските компании.

https://republika.mk/vesti/makedonija/ke-odgovara-li-nekoj-shto-granichen-premin-ostana-bez-struja-evn-ne-planira-da-vleguva-vo-slupchane-dodeka-ne-e-sigurno/

Секој граѓанин кој се снабдува со електрична енергија во државата има обврска да плати за електрична енергија толку колку што потрошил. Министерството за економија согласно надлежностите кои произлегуваат од Законот за енергетика, креира клима со цел да се намалат загубите во пренос на електрична енергија како и неовластено користење на електрична енергија. Затоа повикуваме дека секој граѓанин треба да плати за тоа што го потрошил бидејќи така функционира пазарната економија. Ги повикуваме сите надлежни институции да постапат согласно нивните надлежности и да се реши проблемот со снабдување со електрична енергија во Слупчане и околните села и да се овозможи работа на екипите на ЕВН Македонија, велат од Министерството.

The post Министерство за економија: Надлежните да го решат проблемот со снабдувањето на струја за Слупчане appeared first on Република.

]]>

Министерството за економија ги повика сите граѓани во државата редовно да си ги подмируваат обврските кои ги имаат кон енергетските компании. https://republika.mk/vesti/makedonija/ke-odgovara-li-nekoj-shto-granichen-premin-ostana-bez-struja-evn-ne-planira-da-vleguva-vo-slupchane-dodeka-ne-e-sigurno/
Секој граѓанин кој се снабдува со електрична енергија во државата има обврска да плати за електрична енергија толку колку што потрошил. Министерството за економија согласно надлежностите кои произлегуваат од Законот за енергетика, креира клима со цел да се намалат загубите во пренос на електрична енергија како и неовластено користење на електрична енергија. Затоа повикуваме дека секој граѓанин треба да плати за тоа што го потрошил бидејќи така функционира пазарната економија. Ги повикуваме сите надлежни институции да постапат согласно нивните надлежности и да се реши проблемот со снабдување со електрична енергија во Слупчане и околните села и да се овозможи работа на екипите на ЕВН Македонија, велат од Министерството.

The post Министерство за економија: Надлежните да го решат проблемот со снабдувањето на струја за Слупчане appeared first on Република.

]]>
Министерството за економија ги додели Наградите за најдобрите општествено одговорни практики на македонските претпријатија во 2021 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ministerstvoto-za-ekonomija-gi-dodeli-nagradite-za-najdobrite-opshtestveno-odgovorni-praktiki-na-makedonskite-pretprijatija-vo-2021-godina/ Thu, 26 May 2022 12:38:27 +0000 https://republika.mk/?p=507262

Министерството за економија денеска по 13-ти пат ги додели Наградите за најдобрите општествено одговорни практики на македонските претпријатија во 2021 година.

Наградата во 2021 година се доделува за проектите и практиките кои се реализирани во период од две години, од 1-ви јуни 2019 до 1-ви јуни 2021 година, од причина што во 2020 година наградата не беше организирана.  Во 2021 година на конкурсот за наградата се пријавија вкупно 19 проекти од 12 македонски претпријатија.

Заменик-министерот за економија Зоран Маневски на доделувањето на наградите истакна дека компаниите се соочуваа и сеуште се соочуваат со предизвикот за одржување на своите економски операции во таканаречената „нова реалност“. Некои од нив се обидуваат да ја задржат стекнатата пазарна позиција, други едвај ја одржуваат својата ликвидност, трети се борат да изнајдат модалитети за освојување нови конкурентски предности. Ова е период на адаптации, менување на стратегии за работа и воведување нови бизнис тактики.

„Пандемискиот амбиент може да се смета и за еден вид поттик, во такви сложени околности на голема неизвесност и ранливост, компаниите да демонстрираат посветеност на иницијативи за помош на заедницата. Во сферата на општествената одговорност, компаниите може да се ориентираат кон бројни активности што би имале за цел да го олеснат животот и да го помогнат функционирањето не само на сопствените вработени, соработници и клиенти, туку и на пошироката заедница. Ова особено се очекува од поголемите и финансиски помоќни компании. Во услови на оваа пандемија, компаниите можат да ја одиграат централната улога во ублажувањето на тешките последици од кризата“ кажа замениик-министерот Маневски.

„Не радува фактот што општествената одговорност после 13 години претставува составен дел на деловната политики на македонските претпријатија. Сите овие години се наградуваат претпријатија кои ја докажуваат својата посветеност кон општествената благосостојба преку: вложување во заедницата, заштита на животната средина, етичкото управување, односите на пазарот ( потрошувачите и купувачите), односот кон своите вработени, а воедно со тоа работат на подобрување на сопствената конкурентност како на националниот така и на меѓународниот пазар.

Националната Награда за најдобри ОО практики на македонските претпријатија прераснува во традиција, која предизвикува исклучителен интерес кај деловнните субјекти. Оваа награда е начин да докажеме и да ги наградиме успешните примери во примената на концептот на ОО на претпријатијата. Компаниите во нивните деловни активности и во нивната интеракција со заинтересираните страни, на доброволна основа, ги интегрираат социјалните грижи и грижата за заштитата на околината“ кажа Маријана Лончар Велкова, претставник на Координативното тело за општествена одговорност на претпријатијата.

Националната награда за првпат беше доделена во 2008 година  а по 13-ти пат се доделува  за 2021 година..

Времето во кое се спроведувани овие проекти е во услови на пандемија и е неблагодарно да се говори за бројот на проектите во споредба со претходните години.

Добитници на награди на тринаесеттата годишна Национална награда за најдобри општествено одговорни практики 2021

Во 2021 година, на конкурсот за оваа Награда беа пријавени 19 проекти, од 12 претпријатија, од кои 10 се големи претпријатија (82% од вкупниот број субјекти), а 2 се мали и средни (18%), поточно 2 средни. Од вкупно 19 проекти, 17 се на големи претпријатија (89%), а 2 на мали и средни (11%).

Оваа година, за првпат аплицирало 1 претпријатие, заедно со другите искусни општествено-одговорни претпријатија, што покажува дека интересот за Националната награда континуирано расте. Најголем број од пријавените компании се од финансискиот сектор (33%), од услужниот сектор (17%) и прехранбената индустрија (17%).

Четири (4) големи претпријатија аплицираа со вкупно 11 проекти во различни категории.

Во 4 категории конкурира Алкалоид; во 3 категории конкурира А1 Македонија и во 2 категории конкурираа Комерцијална Банка и Макпрогрес - Виница.

Добитници на Националната награда за најдобри општествено одговорни практики на македонските претпријатијата 2021, во вид на статуетки во петте различни категории на наградата, се следните општествено одговорните проекти на:

Алкалоид АД Скопје ( „Луѓето пред сè“); А1  Македонија ДООЕЛ Скопје („The New Normal“);Халк Банка АД Скопје („HalkEco“);Алкалоид АД Скопје („Фотоволтаична електрана“) и НЛБ Банка АД Скопје („НЛБ Рамка за помош“)

Проектите кои влегоа во потесен избор за доделување на статуетка, се наградуваат со Плакети, со кои беа наградени проектите на:

Алкалоид АД Скопје („Заштита на вработените во време на Ковид-19“); А1 Македонија ДООЕЛ Скопје ( „A1 Future Hub); Цементарница УСЈЕ АД Скопје („Грижа за благосостојбата на нашите луѓе“);Комерцијална Банка АД Скопје („е-Продавница за новата ера – Искуства и совети за поголема online продажба”); Комерцијална Банка АД Скопје („Борбата со Ковид-19 е заедничка обврска – Комерцијална го помага јавното здравство“);А1 Македонија ДООЕЛ Скопје („Интернетот не е само игра...Кликај безбедно!“); Фармахем ДООЕЛ Скопје („Со мали чекори до подобро утре!“)

Во конкуренција од 19 проекти од сите категории, Признанието за најинвентивна практика го доби проектот „НЛБ Рамка за помош“ на НЛБ Банка АД Скопје

Признание за најуспешна практика во справување со последиците од кризата предизвикана од Ковид-19, во конкуренција на сите проекти од 5-те категории на Наградата за најдобри општествено одговорни практики во 2021 година доби проектот „The New Normal“ на А1  Македонија ДООЕЛ Скопје

На сите останати проекти, организаторите им доделија Благодарници за учество во Наградата, како признание за вложениот труд, време и средства.

The post Министерството за економија ги додели Наградите за најдобрите општествено одговорни практики на македонските претпријатија во 2021 година appeared first on Република.

]]>

Министерството за економија денеска по 13-ти пат ги додели Наградите за најдобрите општествено одговорни практики на македонските претпријатија во 2021 година. Наградата во 2021 година се доделува за проектите и практиките кои се реализирани во период од две години, од 1-ви јуни 2019 до 1-ви јуни 2021 година, од причина што во 2020 година наградата не беше организирана.  Во 2021 година на конкурсот за наградата се пријавија вкупно 19 проекти од 12 македонски претпријатија. Заменик-министерот за економија Зоран Маневски на доделувањето на наградите истакна дека компаниите се соочуваа и сеуште се соочуваат со предизвикот за одржување на своите економски операции во таканаречената „нова реалност“. Некои од нив се обидуваат да ја задржат стекнатата пазарна позиција, други едвај ја одржуваат својата ликвидност, трети се борат да изнајдат модалитети за освојување нови конкурентски предности. Ова е период на адаптации, менување на стратегии за работа и воведување нови бизнис тактики. „Пандемискиот амбиент може да се смета и за еден вид поттик, во такви сложени околности на голема неизвесност и ранливост, компаниите да демонстрираат посветеност на иницијативи за помош на заедницата. Во сферата на општествената одговорност, компаниите може да се ориентираат кон бројни активности што би имале за цел да го олеснат животот и да го помогнат функционирањето не само на сопствените вработени, соработници и клиенти, туку и на пошироката заедница. Ова особено се очекува од поголемите и финансиски помоќни компании. Во услови на оваа пандемија, компаниите можат да ја одиграат централната улога во ублажувањето на тешките последици од кризата“ кажа замениик-министерот Маневски. „Не радува фактот што општествената одговорност после 13 години претставува составен дел на деловната политики на македонските претпријатија. Сите овие години се наградуваат претпријатија кои ја докажуваат својата посветеност кон општествената благосостојба преку: вложување во заедницата, заштита на животната средина, етичкото управување, односите на пазарот ( потрошувачите и купувачите), односот кон своите вработени, а воедно со тоа работат на подобрување на сопствената конкурентност како на националниот така и на меѓународниот пазар. Националната Награда за најдобри ОО практики на македонските претпријатија прераснува во традиција, која предизвикува исклучителен интерес кај деловнните субјекти. Оваа награда е начин да докажеме и да ги наградиме успешните примери во примената на концептот на ОО на претпријатијата. Компаниите во нивните деловни активности и во нивната интеракција со заинтересираните страни, на доброволна основа, ги интегрираат социјалните грижи и грижата за заштитата на околината“ кажа Маријана Лончар Велкова, претставник на Координативното тело за општествена одговорност на претпријатијата. Националната награда за првпат беше доделена во 2008 година  а по 13-ти пат се доделува  за 2021 година.. Времето во кое се спроведувани овие проекти е во услови на пандемија и е неблагодарно да се говори за бројот на проектите во споредба со претходните години. Добитници на награди на тринаесеттата годишна Национална награда за најдобри општествено одговорни практики 2021 Во 2021 година, на конкурсот за оваа Награда беа пријавени 19 проекти, од 12 претпријатија, од кои 10 се големи претпријатија (82% од вкупниот број субјекти), а 2 се мали и средни (18%), поточно 2 средни. Од вкупно 19 проекти, 17 се на големи претпријатија (89%), а 2 на мали и средни (11%). Оваа година, за првпат аплицирало 1 претпријатие, заедно со другите искусни општествено-одговорни претпријатија, што покажува дека интересот за Националната награда континуирано расте. Најголем број од пријавените компании се од финансискиот сектор (33%), од услужниот сектор (17%) и прехранбената индустрија (17%). Четири (4) големи претпријатија аплицираа со вкупно 11 проекти во различни категории. Во 4 категории конкурира Алкалоид; во 3 категории конкурира А1 Македонија и во 2 категории конкурираа Комерцијална Банка и Макпрогрес - Виница. Добитници на Националната награда за најдобри општествено одговорни практики на македонските претпријатијата 2021, во вид на статуетки во петте различни категории на наградата, се следните општествено одговорните проекти на: Алкалоид АД Скопје ( „Луѓето пред сè“); А1  Македонија ДООЕЛ Скопје („The New Normal“);Халк Банка АД Скопје („HalkEco“);Алкалоид АД Скопје („Фотоволтаична електрана“) и НЛБ Банка АД Скопје („НЛБ Рамка за помош“) Проектите кои влегоа во потесен избор за доделување на статуетка, се наградуваат со Плакети, со кои беа наградени проектите на: Алкалоид АД Скопје („Заштита на вработените во време на Ковид-19“); А1 Македонија ДООЕЛ Скопје ( „A1 Future Hub); Цементарница УСЈЕ АД Скопје („Грижа за благосостојбата на нашите луѓе“);Комерцијална Банка АД Скопје („е-Продавница за новата ера – Искуства и совети за поголема online продажба”); Комерцијална Банка АД Скопје („Борбата со Ковид-19 е заедничка обврска – Комерцијална го помага јавното здравство“);А1 Македонија ДООЕЛ Скопје („Интернетот не е само игра...Кликај безбедно!“); Фармахем ДООЕЛ Скопје („Со мали чекори до подобро утре!“) Во конкуренција од 19 проекти од сите категории, Признанието за најинвентивна практика го доби проектот „НЛБ Рамка за помош“ на НЛБ Банка АД Скопје Признание за најуспешна практика во справување со последиците од кризата предизвикана од Ковид-19, во конкуренција на сите проекти од 5-те категории на Наградата за најдобри општествено одговорни практики во 2021 година доби проектот „The New Normal“ на А1  Македонија ДООЕЛ Скопје На сите останати проекти, организаторите им доделија Благодарници за учество во Наградата, како признание за вложениот труд, време и средства.  

The post Министерството за економија ги додели Наградите за најдобрите општествено одговорни практики на македонските претпријатија во 2021 година appeared first on Република.

]]>
МЕ: Во првите 100 дена од Влада продолживме со мерки за подобар животен стандард https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/me-vo-prvite-100-dena-od-vlada-prodolzivme-so-merki-za-podobar-zivoten-standard/ Thu, 28 Apr 2022 11:48:03 +0000 https://republika.mk/?p=494739

Во првите 100 дена од работата на Владата, Министерството за економија (МЕ) креираше клучни мерки за поддршка на граѓаните и компаниите за подобрување на животниот стандард и целокупната економија. Како што истакнуваат од МЕ, во услови на енергетската криза во земјава, но и пошироко, презеле мерки за поддршка на потрошувачите на електрична енергија со ниски приходи за 2022 година.

Беше објавен јавен повик за финансиска поддршка во вкупен износ од 60 милиони денари, со што потрошувачите со ниски приходи ќе добијат пониски сметки за струја од 600 до 800 денари во период од 12 месеци за над 700 домаќинства, велат од МЕ.

Исто така, додаваат, за да се заштитат граѓаните од ценовни шокови, на предлог на Министерството за економија беше донесена одлука прво за замрзнување на цените на основните производи, која потоа беше заменета со одлуката за замрзнување на профитните маржи со утврдена највисока трговска маржа до 4 отсто од продажната цена во трговијата на големо, односно до 3 отсто од продажната цена во трговијата на мало како посебен услов во трговијата на основните прехранбени производи.

Со оваа одлука, за стоките, со исклучок на белиот и полубелиот леб (цел и исечен на парчиња); сончогледово масло за јадење (без ладно масло) и пченично брашно – тип 400, кои се продаваат по набавна цена, се признаваат оперативните трошоци до 20 отсто од набавната цена во трговијата на големо, односно до 15 отсто од набавната цена во трговијата на мало. Одлуката се применува од 9 март до 31 мај годинава, поради потребата од ограничување на поскапувањата, велат од МЕ.

Со цел заштита на граѓаните од ценовни шокови, нагасуваат, исто така беше донесена одлука за ограничување на извозот на одделни стоки со цел се избегнат шпекулативни дејствија на трговците и производителите и за заштита на домашното производство, домашниот пазар и граѓаните пред се поради ценовните шокови предизвикано од војната во Украина.

Забраната за извоз се однесува на пченица и наполица, јачмен, пченка, брашно од пченица и наполица, семе од сончоглед, масла од семе од сончоглед и е предвидено да трае до 15 мај. Како дел од мерките за заштита на граѓаните од раст на цените Министерството за економија донесе одлука за укинување на царинската давачка за увоз на масло за јадење која трае до 31 мај, прецизираат од МЕ.

Истакнуваат дека во изминатите 100 дена Министерството за економија континуирано ја поддржуваше промоцијата на обновливите извори на енергија во домаќинствата.

Преку Програмата за промоција на обновливите извори на енергија во домаќинствата за 2022 година оваа година се предвидени 30 милиони денари за надоместување на дел од трошоците за набавка и монтажа на фотоволтаични панели за производство на електрична енергија за сопствена потрошувачка за домаќинствата. Продолжува и поддршката за микро, малите и средни компании. Како дел од програмата за конкурентност, иновации и претприемништво на Министерството за економија беа објавен два јавни повици за поддршка на домашни компании со вкупна финансиска поддршка од еден милион евра, посочуваат од МЕ.

Министерството за економија, како што додаваат, меѓу своите приоритети го има и обезбедувањето нови работни места, и даде согласност за потпишување на договорот помеѓу Друштвото за производство на внатрешни компоненти КИЕЛ МАКЕДОНИЈА и НОРМАК ИНВЕСТМЕНТ ГРУП, со што започнува реализацијата на оваа нова инвестиција, чија вредност достигнува износ од 9,2 милиони евра и се планира отворање на околу 300 нови работни места.

Продолжува изработката на Стратегијата за паметна специјализација и развојот на Стратегија за поттикнување на извозот. Исто така, во постапка се и закони, измени и дополнувања на закони во интерес на граѓаните и економскиот развој, велат од МЕ и потенцираат дека како и секогаш, но и поинтензивно од овие 100 дена, ќе продолжат да се грижат за граѓаните, односно за зачувување на стандардот на граѓаните.

The post МЕ: Во првите 100 дена од Влада продолживме со мерки за подобар животен стандард appeared first on Република.