Министерство за екомонија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ministerstvo-za-ekomonija/ За подобро да се разбереме Thu, 05 Sep 2024 11:09:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Министерство за екомонија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ministerstvo-za-ekomonija/ 32 32 Од денеска започнува доделувањето на ваучери-потврди за туризам од 18.000 денари за работници со ниски приходи https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/od-deneska-zapochnuva-dodeluvaneto-na-vaucheri-potvrdi-za-turizam-od-18-000-denari-za-rabotnitsi-so-niski-prihodi/ Thu, 05 Sep 2024 17:06:57 +0000 https://republika.mk/?p=813475

Согласно Програмата за поддршка на домашниот туризам за работници со ниски приходи во 2024 година, од денеска започнува доделувањето на ваучерите-потврди за одмор за работници со ниски приходи, објави министерот за економија и труд Бесар Дурмиши.
Министерството за економија и труд ја објави листата на лицата кои аплицирале и се добитници на ваучери согласно јавниот повик објавен на почетокот на годината.
"Решенијата за граѓаните кои аплицирале, ги исполниле условите согласно јавниот повик се потпишани, согласно принципот прв дојден прв услужен. Ваучери за одмор за работници со ниски приходи во домашните туристички капацитети во вредност од 18.000 денари ќе добијат 1.777 лица" соопшти министерот Дурмиши.
Министерството за економија и труд ќе издава ваучери-потврди за работници со ниски приходи до исцрпување на средствата предвидени со Програмата за поддршка на домашниот туризам за работници со ниски приходи во 2024 година.
Главната цел на оваа мерка е да им се овозможи на лицата со ниски приходи да можат да ги посетат домашните туристички центри и истовремено да им се помогне на домашните туристички капацитети да го зголемат обемот на работа надвор од туристичката сезона.
По ребалансот на буџетот, за оваа мерка се предвидени вкупно 32 милиони денари за 1777 ваучери-потврди за лица со ниски приходи кои ќе можат да ги користат во некој од туристичките центри во нашата земја.
Овие ваучери може да се користат од 15 септември до 1 декември во некој од угостителските објекти за сместување кои се пријавиле во Министерство за економија и труд. Списокот на хотели и победнички лица ќе можете да го најдете на веб-страницата на MEP.
Министерството за економија и труд продолжува посветено да ги поддржува компаниите, граѓаните и туристичките центри во земјата, а транспарентноста ќе биде примарна за нас.

The post Од денеска започнува доделувањето на ваучери-потврди за туризам од 18.000 денари за работници со ниски приходи appeared first on Република.

]]>

Согласно Програмата за поддршка на домашниот туризам за работници со ниски приходи во 2024 година, од денеска започнува доделувањето на ваучерите-потврди за одмор за работници со ниски приходи, објави министерот за економија и труд Бесар Дурмиши. Министерството за економија и труд ја објави листата на лицата кои аплицирале и се добитници на ваучери согласно јавниот повик објавен на почетокот на годината. "Решенијата за граѓаните кои аплицирале, ги исполниле условите согласно јавниот повик се потпишани, согласно принципот прв дојден прв услужен. Ваучери за одмор за работници со ниски приходи во домашните туристички капацитети во вредност од 18.000 денари ќе добијат 1.777 лица" соопшти министерот Дурмиши. Министерството за економија и труд ќе издава ваучери-потврди за работници со ниски приходи до исцрпување на средствата предвидени со Програмата за поддршка на домашниот туризам за работници со ниски приходи во 2024 година. Главната цел на оваа мерка е да им се овозможи на лицата со ниски приходи да можат да ги посетат домашните туристички центри и истовремено да им се помогне на домашните туристички капацитети да го зголемат обемот на работа надвор од туристичката сезона. По ребалансот на буџетот, за оваа мерка се предвидени вкупно 32 милиони денари за 1777 ваучери-потврди за лица со ниски приходи кои ќе можат да ги користат во некој од туристичките центри во нашата земја. Овие ваучери може да се користат од 15 септември до 1 декември во некој од угостителските објекти за сместување кои се пријавиле во Министерство за економија и труд. Списокот на хотели и победнички лица ќе можете да го најдете на веб-страницата на MEP. Министерството за економија и труд продолжува посветено да ги поддржува компаниите, граѓаните и туристичките центри во земјата, а транспарентноста ќе биде примарна за нас.

The post Од денеска започнува доделувањето на ваучери-потврди за туризам од 18.000 денари за работници со ниски приходи appeared first on Република.

]]>