министерства Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ministerstva/ За подобро да се разбереме Fri, 31 May 2024 14:43:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png министерства Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ministerstva/ 32 32 В понеделник се очекува да бидат поднесени законските измени за трансформација на министерствата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/v-ponedelnik-se-ochekuva-da-bidat-podneseni-zakonskite-izmeni-za-transformatsija-na-ministerstvata/ Fri, 31 May 2024 14:43:47 +0000 https://republika.mk/?p=783602

В понеделник група пратеници од новото владејачко мнозинство се очекува да ги поднесат законските измени во Собранието преку кои се планира формирање нови и трансформација на постоечките министерства, брифираат за МИА партиски извори.

Претседателот на Собранието Африм Гаши вчера најави дека на првата седница што ќе ja закаже, уште пред формирањето на Владата, ќе се најдат измени на системските закони за да се овозможи формирање нови и трансформација на постоечките министерства. Но, исто така на дневен ред би можеле да се најдат и измени со кои ќe се избегнат предвремени избори за градоначалници.

Сега сме исправени пред предизвикот да имаме носители на општините кои ќе се изберат за пет, шест месеци и после за седум, осум месеци пак да има избори. Мислам дека не е во ред и спротивно е на Уставот некој да се избере со четиригодишен мандат, а некој да се избере со исти гласови на избори со мандат од осум месеци. Мислиме дека е неуставно и треба да се поправи со закон кој ќе овозможи тоа да биде можно, вели Гаши во интервју за Радио Слободна Европа.

За измените на овие системски закони потребно е двотретинско мнозинство.

The post В понеделник се очекува да бидат поднесени законските измени за трансформација на министерствата appeared first on Република.

]]>

В понеделник група пратеници од новото владејачко мнозинство се очекува да ги поднесат законските измени во Собранието преку кои се планира формирање нови и трансформација на постоечките министерства, брифираат за МИА партиски извори. Претседателот на Собранието Африм Гаши вчера најави дека на првата седница што ќе ja закаже, уште пред формирањето на Владата, ќе се најдат измени на системските закони за да се овозможи формирање нови и трансформација на постоечките министерства. Но, исто така на дневен ред би можеле да се најдат и измени со кои ќe се избегнат предвремени избори за градоначалници.
Сега сме исправени пред предизвикот да имаме носители на општините кои ќе се изберат за пет, шест месеци и после за седум, осум месеци пак да има избори. Мислам дека не е во ред и спротивно е на Уставот некој да се избере со четиригодишен мандат, а некој да се избере со исти гласови на избори со мандат од осум месеци. Мислиме дека е неуставно и треба да се поправи со закон кој ќе овозможи тоа да биде можно, вели Гаши во интервју за Радио Слободна Европа.
За измените на овие системски закони потребно е двотретинско мнозинство.

The post В понеделник се очекува да бидат поднесени законските измени за трансформација на министерствата appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ ќе се обиде да состави нова влада со реорганизирани министерства, најавува Мисајловски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-ke-se-obide-da-sostavi-nova-vlada-so-reorganizirani-ministerstva-najavuva-misajlovski/ Mon, 13 May 2024 19:00:53 +0000 https://republika.mk/?p=777739

ВМРО-ДПМНЕ ќе се обиде да состави влада која уште на почетокот ќе биде со реорганизирани министерства како што оваа партија најавуваше во изборната кампања. Ова во емисијата „360 степени“ на МРТ 1 го кажа потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски. За да го реализира ова, на идниот мандатар ќе му биде потребна двотретинска поддршка во Собранието за промена на Законот за организација и работа на органите на државната управа.

Ќе се потрудиме тоа да го направиме. Се разбира, мандатарот, односно претседателот Христијан Мицкоски, ќе се потруди да го направи во законскиот рок што ќе следува и мислам дека ќе успее како мандатар да направи една од подобрите влади“, рече Мисајловски.

Во изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ предвидени се министерство за економија и труд, министерство за енергетика, рударство и минерални суровини, министерство за социјална политика, демографија и млади, министерство за спорт, министерство за култура и туризам, како и министерство за дигитална трансформација.

 

The post ВМРО-ДПМНЕ ќе се обиде да состави нова влада со реорганизирани министерства, најавува Мисајловски appeared first on Република.

]]>

ВМРО-ДПМНЕ ќе се обиде да состави влада која уште на почетокот ќе биде со реорганизирани министерства како што оваа партија најавуваше во изборната кампања. Ова во емисијата „360 степени“ на МРТ 1 го кажа потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски. За да го реализира ова, на идниот мандатар ќе му биде потребна двотретинска поддршка во Собранието за промена на Законот за организација и работа на органите на државната управа.
Ќе се потрудиме тоа да го направиме. Се разбира, мандатарот, односно претседателот Христијан Мицкоски, ќе се потруди да го направи во законскиот рок што ќе следува и мислам дека ќе успее како мандатар да направи една од подобрите влади“, рече Мисајловски.
Во изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ предвидени се министерство за економија и труд, министерство за енергетика, рударство и минерални суровини, министерство за социјална политика, демографија и млади, министерство за спорт, министерство за култура и туризам, како и министерство за дигитална трансформација.  

The post ВМРО-ДПМНЕ ќе се обиде да состави нова влада со реорганизирани министерства, најавува Мисајловски appeared first on Република.

]]>
Бразилците го зголемуваат бројот на министри за 14: Новата влада на Бразил ќе има 37 министри https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/brazilcite-go-zgolemuvaat-brojot-na-ministri-za-14-novata-vlada-na-brazil-kje-ima-37-ministri/ Sun, 18 Dec 2022 12:07:42 +0000 https://republika.mk/?p=587174

Владата на новоизбраниот претседател на Бразил Луис Инасио Лула да Силва ќе има 37 министри, односно многу повеќе од владата на Жаир Болсонаро, која имаше 23 министри, соопшти идниот кабинет на претседателот.

Иако бројот на сектори се зголеми за 60 отсто за време на третиот мандат на Лула да Силва, кој почнува на 1 јануари, неговиот кабинет вели дека бројот на државни службеници кои работат во министерствата ќе остане практично непроменет.

Претседателот (Лула) побара од нас да ги распарчиме министерствата, но без да отвориме нови работни места. Трошоците и обемот на расходите ќе бидат исти, без разлика на бројот на министерствата. Одлучивме владата да има 37 министерства, изјави министерот за социјални работи Руи Коста.

Според неговите зборови, ќе се формира Министерство за автохтони народи, кое ќе го води претставник на тие народи.

Лула да Силва (77) по трет пат ќе биде претседател на Бразил, по два мандати од 2003 до 2010 година. Во неговиот втор мандат во владата имаше 37 министри.

The post Бразилците го зголемуваат бројот на министри за 14: Новата влада на Бразил ќе има 37 министри appeared first on Република.

]]>

Владата на новоизбраниот претседател на Бразил Луис Инасио Лула да Силва ќе има 37 министри, односно многу повеќе од владата на Жаир Болсонаро, која имаше 23 министри, соопшти идниот кабинет на претседателот. Иако бројот на сектори се зголеми за 60 отсто за време на третиот мандат на Лула да Силва, кој почнува на 1 јануари, неговиот кабинет вели дека бројот на државни службеници кои работат во министерствата ќе остане практично непроменет.
Претседателот (Лула) побара од нас да ги распарчиме министерствата, но без да отвориме нови работни места. Трошоците и обемот на расходите ќе бидат исти, без разлика на бројот на министерствата. Одлучивме владата да има 37 министерства, изјави министерот за социјални работи Руи Коста.
Според неговите зборови, ќе се формира Министерство за автохтони народи, кое ќе го води претставник на тие народи. Лула да Силва (77) по трет пат ќе биде претседател на Бразил, по два мандати од 2003 до 2010 година. Во неговиот втор мандат во владата имаше 37 министри.

The post Бразилците го зголемуваат бројот на министри за 14: Новата влада на Бразил ќе има 37 министри appeared first on Република.

]]>
Зголемување и по 15.000 денари по вработен: Ова ќе се платите по министерствата во 2023 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/zgolemuvanje-i-po-15-000-denari-po-vraboten-ova-kje-se-platite-po-ministerstvata-vo-2023-godina/ Tue, 06 Dec 2022 08:25:12 +0000 https://republika.mk/?p=582385

Просечната бруто плата во Владата ќе се зголеми за 5.350 денари и догодина ќе изнесува 64.200 денари, а за 6.600 денари се намалува просекот во Собранието и во 2023 просекот ќе изнесува 66.900 денари, анализира Порталб.

Во најголем дел од министерствата ќе зголеми просечната бруто-плата по вработен.

Во Министерството за образование каде просечните бруто плати се повисоки во однос на дел од другите ресори, догодина планиран е раст за 13.500 денари при што просекот ќе достигне 58.822 денари. Позначаен раст од речиси 15.000 денари ќе има и во Министерството за финансии со што во 2023 година просечната бруто плата таму ќе достигне до 60.685 денари. Раст од 4.000 денари е пресметан и за Министерството за внатрешни работи каде догодина просечната бруто плата ќе изнесува 62.112 денари. За 7.100 денари има зголемување во Министерството за одбрана со што просекот ќе изнесува 55.068 денари.

Највисоки просечни бруто плати 2023

Министерстви за надворешни работи     122.243 денари

Министерстви за внатрешни работи         62.112 денари

Министерстви за финансии                         60.685 денари

Министерството за одбрана                        55.058 денари

Министерстви за економија                        50.600 денари

Министерстви за локална самоуправа     50.214 денари

Кај еден од ресорите со повисоки плати, Министерството за надворешни работи , просекот на бруто платата ќе се зголеми за 5.350 денари и догодина ќе изнесува 122.243 денари.

Раст на прсечната бруто плата има и во Министерството за здравство каде ќе достигне 49.752 денари, повеќе за 2.200 денари во однос на годинава, за 2.500 се зголемуваат и просечната  бруто платата во Министерството за култура со што ќе достигне 49.509 денари и во Министерството за земјоделство каде ќе изнесува 43.358 денари. За околу 4.000 денари ќе се зголеми просекот во Министерството за информатичко општество и ќе достигне 41.910 денари, за околу 600 денари ќе има зголемување во Министерството за труд и социјална политика каде прсекот ќе биде 41.216 денари, за 700 денари има раст на просечната бруто плата во Министерството за животна средина каде догодина ќе достигне 47.319 денари,

Позначително за 4.500 денари се намалува просекот во Министерството за локална самоуправа со што догодина ќе изнесува 50.214 денари, намалување за околу 1.000 денари има во Министерството за транспорт со што просекот  ќе изнесува 44.600 денари, а во Министерството за политички систем намалувањето изнесува 4.900 денари, со што просечната бруто платата ќе изнесува 38.282 денари. Во Министерството за економија просекот останува на речиси исто ниво од 50.600 денари како и во Министерството за правда каде со минимално зголемување ќе изнесува 44.357 денари.

Целата анализа на Порталб

The post Зголемување и по 15.000 денари по вработен: Ова ќе се платите по министерствата во 2023 година appeared first on Република.

]]>

Просечната бруто плата во Владата ќе се зголеми за 5.350 денари и догодина ќе изнесува 64.200 денари, а за 6.600 денари се намалува просекот во Собранието и во 2023 просекот ќе изнесува 66.900 денари, анализира Порталб. Во најголем дел од министерствата ќе зголеми просечната бруто-плата по вработен. Во Министерството за образование каде просечните бруто плати се повисоки во однос на дел од другите ресори, догодина планиран е раст за 13.500 денари при што просекот ќе достигне 58.822 денари. Позначаен раст од речиси 15.000 денари ќе има и во Министерството за финансии со што во 2023 година просечната бруто плата таму ќе достигне до 60.685 денари. Раст од 4.000 денари е пресметан и за Министерството за внатрешни работи каде догодина просечната бруто плата ќе изнесува 62.112 денари. За 7.100 денари има зголемување во Министерството за одбрана со што просекот ќе изнесува 55.068 денари.

Највисоки просечни бруто плати 2023

Министерстви за надворешни работи     122.243 денари Министерстви за внатрешни работи         62.112 денари Министерстви за финансии                         60.685 денари Министерството за одбрана                        55.058 денари Министерстви за економија                        50.600 денари Министерстви за локална самоуправа     50.214 денари Кај еден од ресорите со повисоки плати, Министерството за надворешни работи , просекот на бруто платата ќе се зголеми за 5.350 денари и догодина ќе изнесува 122.243 денари. Раст на прсечната бруто плата има и во Министерството за здравство каде ќе достигне 49.752 денари, повеќе за 2.200 денари во однос на годинава, за 2.500 се зголемуваат и просечната  бруто платата во Министерството за култура со што ќе достигне 49.509 денари и во Министерството за земјоделство каде ќе изнесува 43.358 денари. За околу 4.000 денари ќе се зголеми просекот во Министерството за информатичко општество и ќе достигне 41.910 денари, за околу 600 денари ќе има зголемување во Министерството за труд и социјална политика каде прсекот ќе биде 41.216 денари, за 700 денари има раст на просечната бруто плата во Министерството за животна средина каде догодина ќе достигне 47.319 денари, Позначително за 4.500 денари се намалува просекот во Министерството за локална самоуправа со што догодина ќе изнесува 50.214 денари, намалување за околу 1.000 денари има во Министерството за транспорт со што просекот  ќе изнесува 44.600 денари, а во Министерството за политички систем намалувањето изнесува 4.900 денари, со што просечната бруто платата ќе изнесува 38.282 денари. Во Министерството за економија просекот останува на речиси исто ниво од 50.600 денари како и во Министерството за правда каде со минимално зголемување ќе изнесува 44.357 денари. Целата анализа на Порталб

The post Зголемување и по 15.000 денари по вработен: Ова ќе се платите по министерствата во 2023 година appeared first on Република.

]]>
Ристески: Шест часовно работно време за сите работници, а не само за органите на државната управа https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/risteski-shest-chasovno-rabotno-vreme-za-site-rabotnici-a-ne-samo-za-organite-na-drzavnata-uprava/ Tue, 17 May 2022 19:48:54 +0000 https://republika.mk/?p=503576

Комплетниот систем на заштита на работничките права е функционален само на хартија, а во пракса сведоци сме на секојдневни пријави за прекршувања на основните работнички права, кои не се процесираат или делумно се процесираат, пишува Новица Ристески координаторот на Левица во својата колумна.

Наместо да слабее аморалната и противзаконска влијателна, разурнувачка моќ на корпорациите и елитите врз работничкиот труд, таа во пракса зема се посилен замав, грубо обезвреднувајќи го трудот на работникот.

Владата на РМ, во 2019 година донела одлука со која полното работното време на министерствата и другите органи на државната управа е скратено на 6 часа, од 08:00 до 14:00 часот. Од друга страна, обичните работници се приморани да работат по 8 часа минимум, без никаква заштита и поданичка зависност од волјата на работодавачот.

Сегашната модерна работно-професионална организација не е компатибилна со 40 часовното неделно работно време бидејќи ја саботира продуктивноста како суштински елемент на работниот ангажман.  Тоа значи дека колку природата на работата е покреативна и посложена толку е попотребно да се стави поголем акцент на приватниот живот на работникот.

Гледано во национален контекст, односите со семејството се традиционални вредности коишто треба да се чуваат и дополнително да се развиваат. Работникот мора да има  исполнет семеен и социјален живот кој ќе му помогне да го канализира оптоварувањето на работното место и да биде попродуктивен.

Дури и компаративно гледано во неколку развиени држави во светот како Финска, Шведска, Данска, Норвешка, Јапонија, САД се преземени конкретни чекори во правец на намалување на полното работно време и праксата дава очекувани резултати.

Дополнително поткрепување на фактичката состојба се меѓународните правни акти, како на пример Универзалната декларација за човекови права, кои државава ги има ратификувано и кои задолжително предвидуваат право на работа за секој, но исклучиво под праведни и поволни услови без никаква дискриминација. Што значи доколку се  имплементира 6 часовно полно работно време за органите на државната управа тогаш редно е доследно да се почитува меѓународното право, кое сме го прифатиле во внатрешниот правен поредок и да се почитуваат практичните општествени односи и 6 часовното работно време да стане право и за останатите работници во државава.

Евентуалното законско решение во насока на намалување на полното работно време на 6 часа, ќе овозможи: 1) доследно почитување на меѓународните акти; 2) еднакви работнички права; 3) поголема продуктивност на работникот; 4) справувањето со прекувремената работа, невработеноста; и 5) заштита на животната средина преку намалени емисии на јаглерод.

Левица како единствена работничка партија која ги штити достоинството и интересите на работниците и се залага за безусловно намалување на класните разлики во општеството, во своите програмски заложби предвидува 6 часовно работно време за сите работници, со што работничките права во тој контекст ќе бидат изедначени и унапредени, пишува Ристески.

The post Ристески: Шест часовно работно време за сите работници, а не само за органите на државната управа appeared first on Република.

]]>

Комплетниот систем на заштита на работничките права е функционален само на хартија, а во пракса сведоци сме на секојдневни пријави за прекршувања на основните работнички права, кои не се процесираат или делумно се процесираат, пишува Новица Ристески координаторот на Левица во својата колумна.
Наместо да слабее аморалната и противзаконска влијателна, разурнувачка моќ на корпорациите и елитите врз работничкиот труд, таа во пракса зема се посилен замав, грубо обезвреднувајќи го трудот на работникот. Владата на РМ, во 2019 година донела одлука со која полното работното време на министерствата и другите органи на државната управа е скратено на 6 часа, од 08:00 до 14:00 часот. Од друга страна, обичните работници се приморани да работат по 8 часа минимум, без никаква заштита и поданичка зависност од волјата на работодавачот. Сегашната модерна работно-професионална организација не е компатибилна со 40 часовното неделно работно време бидејќи ја саботира продуктивноста како суштински елемент на работниот ангажман.  Тоа значи дека колку природата на работата е покреативна и посложена толку е попотребно да се стави поголем акцент на приватниот живот на работникот. Гледано во национален контекст, односите со семејството се традиционални вредности коишто треба да се чуваат и дополнително да се развиваат. Работникот мора да има  исполнет семеен и социјален живот кој ќе му помогне да го канализира оптоварувањето на работното место и да биде попродуктивен. Дури и компаративно гледано во неколку развиени држави во светот како Финска, Шведска, Данска, Норвешка, Јапонија, САД се преземени конкретни чекори во правец на намалување на полното работно време и праксата дава очекувани резултати. Дополнително поткрепување на фактичката состојба се меѓународните правни акти, како на пример Универзалната декларација за човекови права, кои државава ги има ратификувано и кои задолжително предвидуваат право на работа за секој, но исклучиво под праведни и поволни услови без никаква дискриминација. Што значи доколку се  имплементира 6 часовно полно работно време за органите на државната управа тогаш редно е доследно да се почитува меѓународното право, кое сме го прифатиле во внатрешниот правен поредок и да се почитуваат практичните општествени односи и 6 часовното работно време да стане право и за останатите работници во државава. Евентуалното законско решение во насока на намалување на полното работно време на 6 часа, ќе овозможи: 1) доследно почитување на меѓународните акти; 2) еднакви работнички права; 3) поголема продуктивност на работникот; 4) справувањето со прекувремената работа, невработеноста; и 5) заштита на животната средина преку намалени емисии на јаглерод. Левица како единствена работничка партија која ги штити достоинството и интересите на работниците и се залага за безусловно намалување на класните разлики во општеството, во своите програмски заложби предвидува 6 часовно работно време за сите работници, со што работничките права во тој контекст ќе бидат изедначени и унапредени, пишува Ристески.

The post Ристески: Шест часовно работно време за сите работници, а не само за органите на државната управа appeared first on Република.

]]>