Министерски совет Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ministerski-sovet/ За подобро да се разбереме Sat, 20 Aug 2022 07:23:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Министерски совет Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ministerski-sovet/ 32 32 Русија формираше Министерски совет на „ослободените територии“ во Харков https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rusija-formirashe-ministerski-sovet-na-oslobodenite-teritorii-vo-harkov/ Sat, 20 Aug 2022 07:18:09 +0000 https://republika.mk/?p=542219

Властите назначени од Русија, кои ја зазедоа украинската област Харков, формираа Министерски совет. Информацијата ја соопшти шефот на окупациската воено-цивилна администрација во североисточниот украински регион Виталиј Ганчев.

Тој вчера објави дека потпишал указ за именување на Андреј Алексеенко за негов заменик и претседател на Министерскиот совет на регионот Харков.

Претходно вчера, Алексеенко поднесе оставка од функцијата градоначалник на јужниот руски град Краснодар, кој се наоѓа на нешто повеќе од 200 километри од анектираниот од Русија украински полуостров Крим.

Новоформираниот Министерски совет на „ослободените територии“ на регионот Харков првенствено ќе се занимава со економски и финансиски прашања, прецизира Ганчев.

Русија контролира околу 30 отсто од североисточниот украински регион. Харков, вториот по големина град во Украина, беше гранатиран од руската војска, при што само во последните денови загинаа 15 луѓе, според локалните власти.

Русија официјално не ги објави плановите за анексија на областа Харков Сепак, според Институтот за проучување на војната, тинк-тенк со седиште во Вашингтон, таа сака да го анектира овој граничен украински регион, или барем дел од него.

Окупациските власти во областите Запорожје и Херсон во јужна Украина веќе ја објавија својата намера да организираат референдуми за приклучување кон Руската Федерација веќе следниот месец. Сè уште не е јасно дали овие избори ќе се одржат, и евентуално кога.

Според ТАСС, Русија зазела 70 отсто од областа Запорожје и од март го контролира Херсон. Украина, пак, тврди дека ја вратила под контрола својата територија и подготвува контраофанзива за повторно да го заземе Херсон.

The post Русија формираше Министерски совет на „ослободените територии“ во Харков appeared first on Република.

]]>

Властите назначени од Русија, кои ја зазедоа украинската област Харков, формираа Министерски совет. Информацијата ја соопшти шефот на окупациската воено-цивилна администрација во североисточниот украински регион Виталиј Ганчев. Тој вчера објави дека потпишал указ за именување на Андреј Алексеенко за негов заменик и претседател на Министерскиот совет на регионот Харков. Претходно вчера, Алексеенко поднесе оставка од функцијата градоначалник на јужниот руски град Краснодар, кој се наоѓа на нешто повеќе од 200 километри од анектираниот од Русија украински полуостров Крим. Новоформираниот Министерски совет на „ослободените територии“ на регионот Харков првенствено ќе се занимава со економски и финансиски прашања, прецизира Ганчев. Русија контролира околу 30 отсто од североисточниот украински регион. Харков, вториот по големина град во Украина, беше гранатиран од руската војска, при што само во последните денови загинаа 15 луѓе, според локалните власти. Русија официјално не ги објави плановите за анексија на областа Харков Сепак, според Институтот за проучување на војната, тинк-тенк со седиште во Вашингтон, таа сака да го анектира овој граничен украински регион, или барем дел од него. Окупациските власти во областите Запорожје и Херсон во јужна Украина веќе ја објавија својата намера да организираат референдуми за приклучување кон Руската Федерација веќе следниот месец. Сè уште не е јасно дали овие избори ќе се одржат, и евентуално кога. Според ТАСС, Русија зазела 70 отсто од областа Запорожје и од март го контролира Херсон. Украина, пак, тврди дека ја вратила под контрола својата територија и подготвува контраофанзива за повторно да го заземе Херсон.

The post Русија формираше Министерски совет на „ослободените територии“ во Харков appeared first on Република.

]]>
Министерката Петровска на министерски состанок на НАТО во Брисел https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ministerkata-petrovska-na-ministerski-sostanok-na-nato-vo-brisel/ Wed, 15 Jun 2022 06:23:02 +0000 https://republika.mk/?p=515294

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска и утре во седиштето на Алијансата во Брисел ќе учествува на состанокот на Северноатлантскиот совет на ниво министри за одбрана на земјите – членки на НАТО.

Петровска и министрите за одбрана на 29-те сојузници на состаноците ќе разговараат за две клучни теми за Алијансата – одвраќањето и одбраната, како и споделувањето на товарот. Министерката ќе учествува и на работна вечера на министрите за одбрана на НАТО и на ЕУ, Финска, Шведска, Украина и Грузија, на состанокот на земјите – членки кои придонесуваат во т.н. Зајакнато присуство на Алијансата во Латвија, како и на состанокот на Контакт групата за Украина.

Во седиштето на Алијансата, министерката Петровска ќе се сретне со помошникот генерален секретар за инвестиции во одбраната, Камил Гранд, a ќе оствари и повеќе билатерални средби со министри за одбрана на сојузничките земји.

The post Министерката Петровска на министерски состанок на НАТО во Брисел appeared first on Република.

]]>

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска и утре во седиштето на Алијансата во Брисел ќе учествува на состанокот на Северноатлантскиот совет на ниво министри за одбрана на земјите – членки на НАТО. Петровска и министрите за одбрана на 29-те сојузници на состаноците ќе разговараат за две клучни теми за Алијансата – одвраќањето и одбраната, како и споделувањето на товарот. Министерката ќе учествува и на работна вечера на министрите за одбрана на НАТО и на ЕУ, Финска, Шведска, Украина и Грузија, на состанокот на земјите – членки кои придонесуваат во т.н. Зајакнато присуство на Алијансата во Латвија, како и на состанокот на Контакт групата за Украина. Во седиштето на Алијансата, министерката Петровска ќе се сретне со помошникот генерален секретар за инвестиции во одбраната, Камил Гранд, a ќе оствари и повеќе билатерални средби со министри за одбрана на сојузничките земји.

The post Министерката Петровска на министерски состанок на НАТО во Брисел appeared first on Република.

]]>