Министерот за култура и туризам Зоран Љутков Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ministerot-za-kultura-i-turizam-zoran-lutkov/ За подобро да се разбереме Wed, 27 Nov 2024 10:17:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Министерот за култура и туризам Зоран Љутков Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ministerot-za-kultura-i-turizam-zoran-lutkov/ 32 32 Свечен настан за 30 години дипломатски односи и цврсто македонско-јапонско пријателство https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/svechen-nastan-za-30-godini-diplomatski-odnosi-i-tsvrsto-makedonsko-japonsko-prijatelstvo/ Wed, 27 Nov 2024 10:17:44 +0000 https://republika.mk/?p=842173

Во Македонскиот народен театар вчеравечер се одржа свечен настан по повод одбележувањето на значајниот јубилеј – 30 години од воспоставувањето дипломатски односи меѓу РС Македонија и Јапонија.

Пред присутните гости, дипломатскиот кор, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и комесарот за културна соработка на Јапонија, Шуничи Токура, се обрати министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, кој изрази уверување дека и во иднина, низ заеднички дијалог и соработка, ќе работиме на континуитетот и желбата заеднички да ја градиме понатамошната културна соработка меѓу РС Македонија и Јапонија.

„Комесарот Токура, од земјата на изгрејсонцето, денес е драг гостин во земјата на сонцето, меѓу пријатели, меѓу свои, меѓу луѓе што исклучително високо ја ценат и ја вреднуваат јапонската култура“, рече министерот Љутков, изразувајќи благодарност за донациите во културата од Јапонија, кои се знак на пријателство и се драгоцен придонес за развој на македонската култура и зацврстување на меѓусебните односи.

Министерот Љутков го истакна значењето на потпишаниот Меморандум за соработка, кој ќе донесе интензивирање на соработката во културата меѓу двете држави, на соработката во рамките на проектите од УНЕСКО и во филмската дејност. Тој го истакна и учеството на Македонија на „ЕКСПО ОСАКА 2025“ со изложбата на проектот на Кензо Танге за реконструкција на централното подрачје на Скопје по катастрофалниот земјотрес во 1963 година.

„Искрено сметам дека токму ова се навистина гестови на меѓусебна доверба и пријателство кои и во иднина очекуваме да се надградуваат и дополнително да ги зацврствуваат културните врски што постојат меѓу нашите две пријателски земји“, рече министерот Љутков на свеченоста во МНТ.

По повод 30-годишнината од дипломатските односи меѓу двете земји, гостите ги поздравија комесарот за културна соработка на Јапонија, Шуничи Токура, јапонскиот амбасадор Оцака Казуја и заменик-министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски, кои ги подвлекоа исклучително добрите билатерални односи, поддршката што Јапонија ја дава на Македонија како еден од најголемите донатори, а беше истакнато и македонско-јапонското пријателство кое има цврст темел и кое во иднина уште повеќе ќе се продлабочува.

Свеченоста продолжи со концерт на Националниот џез-оркестар, кој изведе композиции инспирирани од македонското изворно творештво, како и авторска композиција на гостинот Нобуо Ватанабе од Јапонија.

 

The post Свечен настан за 30 години дипломатски односи и цврсто македонско-јапонско пријателство appeared first on Република.

]]>

Во Македонскиот народен театар вчеравечер се одржа свечен настан по повод одбележувањето на значајниот јубилеј – 30 години од воспоставувањето дипломатски односи меѓу РС Македонија и Јапонија. Пред присутните гости, дипломатскиот кор, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и комесарот за културна соработка на Јапонија, Шуничи Токура, се обрати министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, кој изрази уверување дека и во иднина, низ заеднички дијалог и соработка, ќе работиме на континуитетот и желбата заеднички да ја градиме понатамошната културна соработка меѓу РС Македонија и Јапонија. „Комесарот Токура, од земјата на изгрејсонцето, денес е драг гостин во земјата на сонцето, меѓу пријатели, меѓу свои, меѓу луѓе што исклучително високо ја ценат и ја вреднуваат јапонската култура“, рече министерот Љутков, изразувајќи благодарност за донациите во културата од Јапонија, кои се знак на пријателство и се драгоцен придонес за развој на македонската култура и зацврстување на меѓусебните односи. Министерот Љутков го истакна значењето на потпишаниот Меморандум за соработка, кој ќе донесе интензивирање на соработката во културата меѓу двете држави, на соработката во рамките на проектите од УНЕСКО и во филмската дејност. Тој го истакна и учеството на Македонија на „ЕКСПО ОСАКА 2025“ со изложбата на проектот на Кензо Танге за реконструкција на централното подрачје на Скопје по катастрофалниот земјотрес во 1963 година. „Искрено сметам дека токму ова се навистина гестови на меѓусебна доверба и пријателство кои и во иднина очекуваме да се надградуваат и дополнително да ги зацврствуваат културните врски што постојат меѓу нашите две пријателски земји“, рече министерот Љутков на свеченоста во МНТ. По повод 30-годишнината од дипломатските односи меѓу двете земји, гостите ги поздравија комесарот за културна соработка на Јапонија, Шуничи Токура, јапонскиот амбасадор Оцака Казуја и заменик-министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски, кои ги подвлекоа исклучително добрите билатерални односи, поддршката што Јапонија ја дава на Македонија како еден од најголемите донатори, а беше истакнато и македонско-јапонското пријателство кое има цврст темел и кое во иднина уште повеќе ќе се продлабочува. Свеченоста продолжи со концерт на Националниот џез-оркестар, кој изведе композиции инспирирани од македонското изворно творештво, како и авторска композиција на гостинот Нобуо Ватанабе од Јапонија.  

The post Свечен настан за 30 години дипломатски односи и цврсто македонско-јапонско пријателство appeared first on Република.

]]>
Средба на министерот Зоран Љутков со евроамбасадорот Дејвид Гир https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/sredba-na-ministerot-zoran-lutkov-so-evroambasadorot-dejvid-gir/ Mon, 15 Jul 2024 10:19:29 +0000 https://republika.mk/?p=796965

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска оствари средба со евроамбасадорот Дејвид Гир и со претставници од делегацијата на ЕУ во Скопје.

На средбата, министерот Љутков изрази благодарност за соработката со делегацијата на ЕУ во областа на културата, како и за поддршката во евроинтеграциските процеси како еден од најважните приоритети на Владата и на Министерството за култура и туризам.

Двајцата соговорници потенцираа дека соработката со делегацијата на ЕУ, како најзначен партнер на Министерството за култура и туризам, продолжува и во иднина во делот на поддршката на заштитата на културното наследство, размената на идеи, вредности и традиции што се од суштинска улога во градењето на заедничкиот европски простор.

Во тој контекст, министерот Љутков и евроамбасадорот Гир се согласија дека од особено значење е интеграцијата на Министерството за култура и секторот за туризам. Ова ќе придонесе за развој на креативните и културните индустрии што, секако, е и еден од приоритетите на Министерството.

Евроамбасадорот Гир даде поддршка на новите политики на Министерството за култура и туризам и програмата „Креативна Европа 2021 – 2027“. Исто така, беше поздравена и соработката во однос на организацијата на Министерскиот состанок на министрите за култура и туризам и за образование и наука кој, во партнерство со ЕУ, треба да се реализира во септември годинава.

 

The post Средба на министерот Зоран Љутков со евроамбасадорот Дејвид Гир appeared first on Република.

]]>

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска оствари средба со евроамбасадорот Дејвид Гир и со претставници од делегацијата на ЕУ во Скопје. На средбата, министерот Љутков изрази благодарност за соработката со делегацијата на ЕУ во областа на културата, како и за поддршката во евроинтеграциските процеси како еден од најважните приоритети на Владата и на Министерството за култура и туризам. Двајцата соговорници потенцираа дека соработката со делегацијата на ЕУ, како најзначен партнер на Министерството за култура и туризам, продолжува и во иднина во делот на поддршката на заштитата на културното наследство, размената на идеи, вредности и традиции што се од суштинска улога во градењето на заедничкиот европски простор. Во тој контекст, министерот Љутков и евроамбасадорот Гир се согласија дека од особено значење е интеграцијата на Министерството за култура и секторот за туризам. Ова ќе придонесе за развој на креативните и културните индустрии што, секако, е и еден од приоритетите на Министерството. Евроамбасадорот Гир даде поддршка на новите политики на Министерството за култура и туризам и програмата „Креативна Европа 2021 – 2027“. Исто така, беше поздравена и соработката во однос на организацијата на Министерскиот состанок на министрите за култура и туризам и за образование и наука кој, во партнерство со ЕУ, треба да се реализира во септември годинава.  

The post Средба на министерот Зоран Љутков со евроамбасадорот Дејвид Гир appeared first on Република.

]]>