министерка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ministerka/ За подобро да се разбереме Mon, 25 Nov 2024 10:02:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png министерка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ministerka/ 32 32 Трамп ја номинираше долгогодишната соработничка Брук Ролинс за министер за земјоделство https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/tramp-ja-nominirashe-dolgogodishnata-sorabotnichka-bruk-rolins-za-minister-za-zemjodelstvo/ Mon, 25 Nov 2024 10:02:46 +0000 https://republika.mk/?p=841530

Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, ја номинираше Брук Ролинс за министер за земјоделство. Таа е основач и претседател на America First Policy Institute – аналитички центар кој тесно соработуваше со предизборната кампања на Трамп и во текот на изминатите четири години помогна во обликувањето на политиките на неговата идна администрација.
За време на првиот претседателски мандат на Трамп, Ролинс беше на чело на Советот за внатрешна политика.

-Како нов министер за земјоделство, Брук ќе ги насочи своите напори кон заштита на американските фармери, кои се вистинската база на нашата земја, се вели во изјавата на Трамп.

-Брук е целосно посветена на тоа да го подджи американското земјоделство, да ја заштити прехранбената независноста на Америка и го обнови малите градови кои зависат од земјоделството.

Ако нејзината номинација биде одобрена од Сенатот, Ролинс ќе раководи со институција со околу 100.000 вработени и канцеларии во секој округ на земјата. Нејзините одговорности вклучуваат програми за развој на фармерството и исхраната, шумарството, кредитирањето на домаќинствата и фармите, безбедноста на храната, развојот на руралните подрачја, земјоделските истражувања, трговијата и многу други области.

Буџетот на Министерството за земјоделство во 2024 година изнесуваше 437,2 милијарди долари. Како министер, Ролинс исто така ќе ја советува администрацијата за прашања поврзани со воведување даночни поволности за биогорива.

The post Трамп ја номинираше долгогодишната соработничка Брук Ролинс за министер за земјоделство appeared first on Република.

]]>

Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, ја номинираше Брук Ролинс за министер за земјоделство. Таа е основач и претседател на America First Policy Institute – аналитички центар кој тесно соработуваше со предизборната кампања на Трамп и во текот на изминатите четири години помогна во обликувањето на политиките на неговата идна администрација. За време на првиот претседателски мандат на Трамп, Ролинс беше на чело на Советот за внатрешна политика. -Како нов министер за земјоделство, Брук ќе ги насочи своите напори кон заштита на американските фармери, кои се вистинската база на нашата земја, се вели во изјавата на Трамп. -Брук е целосно посветена на тоа да го подджи американското земјоделство, да ја заштити прехранбената независноста на Америка и го обнови малите градови кои зависат од земјоделството. Ако нејзината номинација биде одобрена од Сенатот, Ролинс ќе раководи со институција со околу 100.000 вработени и канцеларии во секој округ на земјата. Нејзините одговорности вклучуваат програми за развој на фармерството и исхраната, шумарството, кредитирањето на домаќинствата и фармите, безбедноста на храната, развојот на руралните подрачја, земјоделските истражувања, трговијата и многу други области. Буџетот на Министерството за земјоделство во 2024 година изнесуваше 437,2 милијарди долари. Како министер, Ролинс исто така ќе ја советува администрацијата за прашања поврзани со воведување даночни поволности за биогорива.

The post Трамп ја номинираше долгогодишната соработничка Брук Ролинс за министер за земјоделство appeared first on Република.

]]>
На британската министерка за внатрешни работи и била украдена чантата на состанок со полицијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/na-britanskata-ministerka-za-vnatreshni-raboti-i-bila-ukradena-chantata-na-sostanok-so-politsijata/ Thu, 12 Sep 2024 16:10:23 +0000 https://republika.mk/?p=815811

На британската министерка за внатрешни работи Диана Џонсон и е украдена чантата на состанок со припадници на полицијата на кој се разговарало за растечкиот проблем со кражбите.

Џонсон на средба таа истакна дека Велика Британија „е зафатена од епидемија на асоцијално однесување, кражби и ограбување на продавници“.

Кражбата се случи пред два дена во Ворвикшир, централна Англија. Локалната полиција соопшти дека се истражува кражбата на чанта во хотелот каде се одржуваше конференцијата.

Неименуван владин претставник изјави дека украдената чанта не претставува безбедносен ризик.

Британското Министерство за внатрешни работи одби да го коментира случајот.

The post На британската министерка за внатрешни работи и била украдена чантата на состанок со полицијата appeared first on Република.

]]>

На британската министерка за внатрешни работи Диана Џонсон и е украдена чантата на состанок со припадници на полицијата на кој се разговарало за растечкиот проблем со кражбите. Џонсон на средба таа истакна дека Велика Британија „е зафатена од епидемија на асоцијално однесување, кражби и ограбување на продавници“. Кражбата се случи пред два дена во Ворвикшир, централна Англија. Локалната полиција соопшти дека се истражува кражбата на чанта во хотелот каде се одржуваше конференцијата. Неименуван владин претставник изјави дека украдената чанта не претставува безбедносен ризик. Британското Министерство за внатрешни работи одби да го коментира случајот.

The post На британската министерка за внатрешни работи и била украдена чантата на состанок со полицијата appeared first on Република.

]]>
Бисера ги набројува неизградените проекти во културата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bisera-gi-nabrojuva-neizgradenite-proekti-vo-kulturata/ Fri, 29 Mar 2024 18:30:46 +0000 https://republika.mk/?p=760250

Дека владата на СДСМ и ДУИ не сработи ништо за овие години на власт, говори и видеото во кое министерката за култура Бисера Костадинова Стојчевска, ги набројува неизградените проекти во културата.

The post Бисера ги набројува неизградените проекти во културата appeared first on Република.

]]>

Дека владата на СДСМ и ДУИ не сработи ништо за овие години на власт, говори и видеото во кое министерката за култура Бисера Костадинова Стојчевска, ги набројува неизградените проекти во културата.

The post Бисера ги набројува неизградените проекти во културата appeared first on Република.

]]>
Британската министерка за внатрешни работи разрешена од функцијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/britanskata-ministerka-za-vnatreshni-raboti-razreshena-od-funktsijata/ Mon, 13 Nov 2023 10:06:29 +0000 https://republika.mk/?p=700980

Британската министерка за внатрешни работи Суела Браверман е разрешена од функцијата, откако премиерот Риши Сунак презеде акција по нејзиниот неовластен напис во кој го критикуваше начинот на кој беа контролирани пропалестинските протести, наведува извор од кабинетот на премиерот.

Изворот рече дека Сунак „побарал од Суела Браверман да ја напушти Владата и таа прифатила“, јави ДПА.

Конзервативната партија смета дека Сунак спроведува поширока реконструкција што „го зајакнува неговиот тим во Владата за да донесе долгорочни одлуки за посветла иднина“.

Како што е наведено, разрешувањето на една од водечките фигури од десната страна на партијата може да претставува тешкотии за премиерот, бидејќи тој се обидува да ја обедини неговата партија и да биде подготвена за општите избори што се очекуваат следната година.

Според британски медиуми, министерот за надворешни работи Џејмс Клеверли ќе ја замени Браверман на функцијата за внатрешни работи.

The post Британската министерка за внатрешни работи разрешена од функцијата appeared first on Република.

]]>

Британската министерка за внатрешни работи Суела Браверман е разрешена од функцијата, откако премиерот Риши Сунак презеде акција по нејзиниот неовластен напис во кој го критикуваше начинот на кој беа контролирани пропалестинските протести, наведува извор од кабинетот на премиерот. Изворот рече дека Сунак „побарал од Суела Браверман да ја напушти Владата и таа прифатила“, јави ДПА. Конзервативната партија смета дека Сунак спроведува поширока реконструкција што „го зајакнува неговиот тим во Владата за да донесе долгорочни одлуки за посветла иднина“. Како што е наведено, разрешувањето на една од водечките фигури од десната страна на партијата може да претставува тешкотии за премиерот, бидејќи тој се обидува да ја обедини неговата партија и да биде подготвена за општите избори што се очекуваат следната година. Според британски медиуми, министерот за надворешни работи Џејмс Клеверли ќе ја замени Браверман на функцијата за внатрешни работи.

The post Британската министерка за внатрешни работи разрешена од функцијата appeared first on Република.

]]>
Кривични пријави за косовската министерка за образование поради пропусти на почетокот на школската година https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/krivichni-prijavi-za-kosovskata-ministerka-za-obrazovanie-poradi-propusti-na-pochetokot-na-shkolskata-godina/ Mon, 04 Sep 2023 18:34:53 +0000 https://republika.mk/?p=678741

Двете најголеми косовски опозициски партии, Демократската партија на Косово (ПДК) и Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) најавија денеска кривични пријави против министерката за образование, Арберие Нагавци, поради, како што наведуваат, нејзините големи пропусти кои го попречуваат нормалниот почеток на новата учебна година, јави дописникот на МИА од Приштина.

Кривично гонење против министерката Нагавци, на одделни прес-конференции во косовското Собрание, најавија шефовите на пратеничките групи на двете партии, Абељард Тахири (ПДК) и Арбен Гаши (ЛДК), откако денеска беше одложена собраниската дебата за процесот со снабдување на основците со учебници за новата учебна година.

Вонредната седница на законодавниот дом, свикана на барање на опозицијата, беше одложена откако пратениците на владејачката Движење самоопределување (ЛВВ) не се појавија во собраниската сала, со што не беше обезбеден кворум за отворање расправа и евентуално носење одлуки во врска со дејствијата на Министерството за образование.

Шефот на пратениците на ПДК, Тахири ја обвини Нагавци дека со одлуката Министерството да не ги набавува учебниците, туку да ги субвеницонира родителите кои самите ќе ги купат истите за своите деца основци, лишила 210 илјади ученици од опремувањето со потребните книги и воедно не ја исполнила својата законска обврска.

Според Тахири, ЛВВ, на чие чело е премиерот Албин Курти, мораше да биде присутна на сеанцата на која се расправа за прашањето на учебниците, а по ваквото нејзино однесување „од сега натаму навистина нема ниедна единствена причина оваа легислатура да продолжи со работа“.

– Го деградираат Косово на секој можен план. Последниот удар е овој што го нанесуваат на образованието. И денеска тие не се засрамени од нас зашто не дојдоа на сеансата, тие се засрамени од родителите, од учениците, од граѓаните на Република Косово, рече Тахири.

ПДК ги повикува и родителите да поднесат приватни кривични пријави против министерката Нагавци, заради лишувањето на нивните деца од учебници.

И за другата опозициска партија, ЛДК, одлуката за субвенционирање на родителите за купување учебници е незаконска, поради што шефот на пратеничката група на таа партија, Арбен Гаши исто така најави кривична пријава за Нагавци.

Според Гаши, Владата на Курти е неспособна да ја менаџира ситуацијата со учебниците, со што им предизивика „непоправливи економски и емоционални штети на родителите“.

– Тие (пратениците на ЛВВ) постапија неинституционално, онемозвожувајќи му на Собранието да види каде се проблемите со учебниците и кои се преземените и непреземените дејствија на Владата. Оваа влада го прекршува Законот за учебници и Законот за предуниверзитетско образование. Тоа е многу тешко прекршување и поради тоа најверојатно ќе се соочи со кривичен прогон министерката за образование, рече Гаши.

Кривични пријави против министерката Нагавци најавија и неколку издавачки куќи, поради нејзината изјава дека ниту еден понудувач не ги исполнил условите на тендерот на Министерството за набавка на учебници.

The post Кривични пријави за косовската министерка за образование поради пропусти на почетокот на школската година appeared first on Република.

]]>

Двете најголеми косовски опозициски партии, Демократската партија на Косово (ПДК) и Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) најавија денеска кривични пријави против министерката за образование, Арберие Нагавци, поради, како што наведуваат, нејзините големи пропусти кои го попречуваат нормалниот почеток на новата учебна година, јави дописникот на МИА од Приштина. Кривично гонење против министерката Нагавци, на одделни прес-конференции во косовското Собрание, најавија шефовите на пратеничките групи на двете партии, Абељард Тахири (ПДК) и Арбен Гаши (ЛДК), откако денеска беше одложена собраниската дебата за процесот со снабдување на основците со учебници за новата учебна година.
Вонредната седница на законодавниот дом, свикана на барање на опозицијата, беше одложена откако пратениците на владејачката Движење самоопределување (ЛВВ) не се појавија во собраниската сала, со што не беше обезбеден кворум за отворање расправа и евентуално носење одлуки во врска со дејствијата на Министерството за образование.
Шефот на пратениците на ПДК, Тахири ја обвини Нагавци дека со одлуката Министерството да не ги набавува учебниците, туку да ги субвеницонира родителите кои самите ќе ги купат истите за своите деца основци, лишила 210 илјади ученици од опремувањето со потребните книги и воедно не ја исполнила својата законска обврска. Според Тахири, ЛВВ, на чие чело е премиерот Албин Курти, мораше да биде присутна на сеанцата на која се расправа за прашањето на учебниците, а по ваквото нејзино однесување „од сега натаму навистина нема ниедна единствена причина оваа легислатура да продолжи со работа“. – Го деградираат Косово на секој можен план. Последниот удар е овој што го нанесуваат на образованието. И денеска тие не се засрамени од нас зашто не дојдоа на сеансата, тие се засрамени од родителите, од учениците, од граѓаните на Република Косово, рече Тахири. ПДК ги повикува и родителите да поднесат приватни кривични пријави против министерката Нагавци, заради лишувањето на нивните деца од учебници. И за другата опозициска партија, ЛДК, одлуката за субвенционирање на родителите за купување учебници е незаконска, поради што шефот на пратеничката група на таа партија, Арбен Гаши исто така најави кривична пријава за Нагавци. Според Гаши, Владата на Курти е неспособна да ја менаџира ситуацијата со учебниците, со што им предизивика „непоправливи економски и емоционални штети на родителите“. – Тие (пратениците на ЛВВ) постапија неинституционално, онемозвожувајќи му на Собранието да види каде се проблемите со учебниците и кои се преземените и непреземените дејствија на Владата. Оваа влада го прекршува Законот за учебници и Законот за предуниверзитетско образование. Тоа е многу тешко прекршување и поради тоа најверојатно ќе се соочи со кривичен прогон министерката за образование, рече Гаши. Кривични пријави против министерката Нагавци најавија и неколку издавачки куќи, поради нејзината изјава дека ниту еден понудувач не ги исполнил условите на тендерот на Министерството за набавка на учебници.

The post Кривични пријави за косовската министерка за образование поради пропусти на почетокот на школската година appeared first on Република.

]]>
Француска министерка се сликаше за „Плејбој“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/frantsuska-ministerka-se-slikashe-za-plejboj/ Wed, 19 Apr 2023 09:05:39 +0000 https://republika.mk/?p=632012

Сите 100.000 примероци од новиот број на француското издание на „Плејбој“ со министерката Марлен Шјапа на насловницата беа продадени за три часа, изјави уредникот Кристоф Флорентин.

Тој додаде и дека се испечатени дополнителни 60.000 примероци. Инаку, вообичаено, во Франција се продаваат околу 30.000 примероци од секое издание на „Плејбој“. Политичарката позираше во облека и на ниту една фотографија не е гола, но списанието сепак беше „разграбано“, очигледно - поради нејзиното „зачинето“ интервју.

Шјапа предизвика многу контроверзии и критики во Франција затоа што се согласила да се фотографира за „Плејбој“, додека Француската влада се соочува со жестоки демонстрации против пензиските реформи.

Министерката за социјална економија, инаку, позира во бел фустан на фотографиите на Плејбој и говори за феминизмот и правата на жените. Таа е и поранешна државна секретарка за родова еднаквост (2017 - 2020), а во интервјуто го брани правото на жените да бидат токму онакви какви што сакаат да бидат.

Доколку сакаат да се облекуваат како калуѓерки и никогаш да не ги запознаат мажите, треба да бидат поддржани во тоа. Но и ако сакаат да позираат без облека во списание. Горда сум затоа што испишав „еротска литература“, рече таа.

Сегашната министерка задолжена за родова еднаквост, Изабел Ром ја критикуваше одлуката на нејзината претходничка да даде интервју за „Плејбој“.

Се прашувам зошто избра списание кое е кондензат на сите сексистички стереотипи за промовирање на правата на жените? Па, тоа е културата на „жената-објект“, рече Ром.

The post Француска министерка се сликаше за „Плејбој“ appeared first on Република.

]]>

Сите 100.000 примероци од новиот број на француското издание на „Плејбој“ со министерката Марлен Шјапа на насловницата беа продадени за три часа, изјави уредникот Кристоф Флорентин. Тој додаде и дека се испечатени дополнителни 60.000 примероци. Инаку, вообичаено, во Франција се продаваат околу 30.000 примероци од секое издание на „Плејбој“. Политичарката позираше во облека и на ниту една фотографија не е гола, но списанието сепак беше „разграбано“, очигледно - поради нејзиното „зачинето“ интервју. Шјапа предизвика многу контроверзии и критики во Франција затоа што се согласила да се фотографира за „Плејбој“, додека Француската влада се соочува со жестоки демонстрации против пензиските реформи. Министерката за социјална економија, инаку, позира во бел фустан на фотографиите на Плејбој и говори за феминизмот и правата на жените. Таа е и поранешна државна секретарка за родова еднаквост (2017 - 2020), а во интервјуто го брани правото на жените да бидат токму онакви какви што сакаат да бидат.
Доколку сакаат да се облекуваат како калуѓерки и никогаш да не ги запознаат мажите, треба да бидат поддржани во тоа. Но и ако сакаат да позираат без облека во списание. Горда сум затоа што испишав „еротска литература“, рече таа.
Сегашната министерка задолжена за родова еднаквост, Изабел Ром ја критикуваше одлуката на нејзината претходничка да даде интервју за „Плејбој“.
Се прашувам зошто избра списание кое е кондензат на сите сексистички стереотипи за промовирање на правата на жените? Па, тоа е културата на „жената-објект“, рече Ром.

The post Француска министерка се сликаше за „Плејбој“ appeared first on Република.

]]>
Германската министерка за одбрана поднесе оставка поради војната во Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/germanskata-ministerka-za-odbrana-podnese-ostavka-poradi-vojnata-vo-ukraina/ Mon, 16 Jan 2023 10:25:06 +0000 https://republika.mk/?p=597408

Германската министерка за одбрана Кристин Ламбрехт поднесе оставка по критиките за одговорот на Германија на руско-украинската војна.

Како што јавуваат агенциите, министерката во изјавата побарала од канцеларот Олаф Шолц (СПД) да ја разреши од оваа функција. Овој потег доаѓа по многу критикуваната новогодишна порака што таа ја објави на социјалните мрежи.

Во изјавата таа вели дека поради конфликтот во Украина имала „многу посебни искуства“ и дека војната ѝ дала можност за „многу средби со големи и интересни луѓе“. Германскиот дневен весник „Тагесшпигел“ напиша жесток коментар со наслов „Ламбрехт повеќе не може да биде министер“, наведувајќи дека за време на својот говор политичарката ја прикажала војната како „возбудливо професионално искуство“.

Германскиот „Билд“ за нејзиниот говор напиша дека нејзината порака ја посрамоти Германија. „Тагесшпигел“ изјави дека ова обраќање, ако се погледне контекстот на војната во Украина, е „непримерно и срамно“.

Ламбрехт го објасни своето заминување на следниов начин: „Месеците во кои медиумите се фокусираат на мојата личност едвај дозволуваат фактичко известување и дискусија за војниците и безбедносните политички одлуки во интерес на граѓаните на Германија“.

Во соопштението за печатот потпишано од Ламбрехт се наведува и дека прв приоритет мора да биде напорната работа на воениот персонал и војниците, како и бројните мотивирани луѓе на деловното поле.

Затоа решив да ја ставам на располагање мојата позиција, заклучува германската министерка за одбрана.

The post Германската министерка за одбрана поднесе оставка поради војната во Украина appeared first on Република.

]]>

Германската министерка за одбрана Кристин Ламбрехт поднесе оставка по критиките за одговорот на Германија на руско-украинската војна. Како што јавуваат агенциите, министерката во изјавата побарала од канцеларот Олаф Шолц (СПД) да ја разреши од оваа функција. Овој потег доаѓа по многу критикуваната новогодишна порака што таа ја објави на социјалните мрежи. Во изјавата таа вели дека поради конфликтот во Украина имала „многу посебни искуства“ и дека војната ѝ дала можност за „многу средби со големи и интересни луѓе“. Германскиот дневен весник „Тагесшпигел“ напиша жесток коментар со наслов „Ламбрехт повеќе не може да биде министер“, наведувајќи дека за време на својот говор политичарката ја прикажала војната како „возбудливо професионално искуство“. Германскиот „Билд“ за нејзиниот говор напиша дека нејзината порака ја посрамоти Германија. „Тагесшпигел“ изјави дека ова обраќање, ако се погледне контекстот на војната во Украина, е „непримерно и срамно“. Ламбрехт го објасни своето заминување на следниов начин: „Месеците во кои медиумите се фокусираат на мојата личност едвај дозволуваат фактичко известување и дискусија за војниците и безбедносните политички одлуки во интерес на граѓаните на Германија“. Во соопштението за печатот потпишано од Ламбрехт се наведува и дека прв приоритет мора да биде напорната работа на воениот персонал и војниците, како и бројните мотивирани луѓе на деловното поле. Затоа решив да ја ставам на располагање мојата позиција, заклучува германската министерка за одбрана.

The post Германската министерка за одбрана поднесе оставка поради војната во Украина appeared first on Република.

]]>
Среден прст за демонстрантите пред назначувањето за министерка за образование на Велика Британија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sreden-prst-za-demonstrantite-pred-naznachuvanjeto-za-ministerka-za-obrazovanie-na-velika-britanija/ Sat, 09 Jul 2022 11:34:31 +0000 https://republika.mk/?p=526238

Андреа Џенкинс непосредно пред изборот за министер за образование на Велика Британија, го посети во знак на поддршка се уште актуелниот премиер Борис Џонсон пред неговото повлекување од Конзервативната партија, притоа покажувајќи им го средниот прст на оние кои дојдоа да протестираат на Даунинг стрит.

Џенкинс е сопартијка на Џонсон односно член на Конзервативната партија.

The post Среден прст за демонстрантите пред назначувањето за министерка за образование на Велика Британија appeared first on Република.

]]>

Андреа Џенкинс непосредно пред изборот за министер за образование на Велика Британија, го посети во знак на поддршка се уште актуелниот премиер Борис Џонсон пред неговото повлекување од Конзервативната партија, притоа покажувајќи им го средниот прст на оние кои дојдоа да протестираат на Даунинг стрит. Џенкинс е сопартијка на Џонсон односно член на Конзервативната партија.

The post Среден прст за демонстрантите пред назначувањето за министерка за образование на Велика Британија appeared first on Република.

]]>
Новоименувана министерка во владата на Макрон под истрага за обвинение за силување https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/novoimenuvana-ministerka-vo-vladata-na-makron-pod-istraga-za-obvinenie-za-siluvanje/ Wed, 22 Jun 2022 16:12:06 +0000 https://republika.mk/?p=518561

Кризула Захаропулу, новоименуваната министерка во новата влада на францускиот претседател Емануел Макрон, е под истрага поради обвинувања дека силувала две жени додека работела како гинеколог.

Јавното обвинителство на Париз во средата потврди дека се истражуваат два случаи на можно силување на жени во гинеколошка ординација.

Покрената е истрага за две силувања кои наводно биле извршени во медицинската служба на осомничената Крижул Захаропулуминистерка, објави „Дејли мејл“.

Првиот извештај е поднесен на 25 мај, а вториот на 16 јуни, а истрагата е во тек, а Захаропулу веќе е сослушана во полиција. Захаропулу е поранешна пратеничка во Европскиот парламент, родена во Грција.

Таа ѝ се приклучи на француската влада на 20 мај, пред катастрофалните изборни резултати што предизвикаа Макрон да го загуби парламентарното мнозинство. Захаропулу важи за еден од најмоќните политичари во француската влада.

Таа се истакна во 2015 година со тоа што се залагаше за подигање на јавната свест за ендометриозата, нарушување на слузницата на матката што може да има тешки последици кај жените и да влијае на плодноста. И покрај обвинувањата, 46-годишната Кризула досега ја задржа својата функција во француската влада како министерка за развој и меѓународни партнерства. Засега никој од власта не ги коментира овие наводи.

The post Новоименувана министерка во владата на Макрон под истрага за обвинение за силување appeared first on Република.

]]>

Кризула Захаропулу, новоименуваната министерка во новата влада на францускиот претседател Емануел Макрон, е под истрага поради обвинувања дека силувала две жени додека работела како гинеколог. Јавното обвинителство на Париз во средата потврди дека се истражуваат два случаи на можно силување на жени во гинеколошка ординација. Покрената е истрага за две силувања кои наводно биле извршени во медицинската служба на осомничената Крижул Захаропулуминистерка, објави „Дејли мејл“. Првиот извештај е поднесен на 25 мај, а вториот на 16 јуни, а истрагата е во тек, а Захаропулу веќе е сослушана во полиција. Захаропулу е поранешна пратеничка во Европскиот парламент, родена во Грција. Таа ѝ се приклучи на француската влада на 20 мај, пред катастрофалните изборни резултати што предизвикаа Макрон да го загуби парламентарното мнозинство. Захаропулу важи за еден од најмоќните политичари во француската влада. Таа се истакна во 2015 година со тоа што се залагаше за подигање на јавната свест за ендометриозата, нарушување на слузницата на матката што може да има тешки последици кај жените и да влијае на плодноста. И покрај обвинувањата, 46-годишната Кризула досега ја задржа својата функција во француската влада како министерка за развој и меѓународни партнерства. Засега никој од власта не ги коментира овие наводи.

The post Новоименувана министерка во владата на Макрон под истрага за обвинение за силување appeared first on Република.

]]>