министерка за образование и наука Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ministerka-za-obrazovanie-i-nauka/ За подобро да се разбереме Tue, 13 Aug 2024 11:39:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png министерка за образование и наука Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ministerka-za-obrazovanie-i-nauka/ 32 32 Јаневска: На први септември учебници или материјали за учење ќе има по сите предмети во основното образование, освен за странските јазици https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/janevska-na-prvi-septemvri-uchebnitsi-ili-materijali-za-uchene-ke-ima-po-site-predmeti-vo-osnovnoto-obrazovanie-osven-za-stranskite-jazitsi/ Tue, 13 Aug 2024 11:39:17 +0000 https://republika.mk/?p=806138

Освен учебниците по странски јазици кои ги нема неколку години наназад и за кои последниот тендер спроведен од претходното раководство е во жалбена постапка, учениците и наставниците во основните училишта на први септември ќе имаат учебници или материјали за учење за сите други предмети.

Ова го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска во утринската програма на Канал 5 ТВ, каде говореше за фокусот на Министерството за образование и наука во моментов, но и приоритетите кон кои ќе биде насочена работата во следниот период.

Дел од учебниците се веќе дистрибуирани, а дел се печатат и според договорот со печатницата, треба на први септември да бидат во училиштата. За жал, затекнавме и предмети по кои нема учебници, иако претходната Влада ја информираше јавноста дека се обезбедени. Ги посочив странските јазици, но и предметите за јазикот и културата на заедниците за кои во најголем дел поради лошиот квалитет на предложените учебници, истите не се одобрени. Но, направивме напори и за нив да обезбедиме материјали во дигитална форма кои ќе можат учениците да ги користат, рече Јаневска.

Таа додаде дека се работи на враќање на историјата како посебен предмет во македонското образование, затоа што, според мислењето на домашната и светската експертска јавност, историјата е национален предмет со исклучително значење. Како што рече, на часовите по историја се учат факти за случувања и личности, но предметот побудува и патриотизам и лојалност кон сопствената држава и затоа треба да му се посвети посебно и повеќе внимание низ образовниот систем.

Информираше дека со Министерството за култура и со Бирото за развој на образованието се дискутира за можностите за поддршка на домашни анимирани серии, филмови и едукативни емисии соодветни на возраста на учениците, како и сликовници и книги за успешни личности, за географски локалитети и слично, кои би можеле да бидат дел од формалниот воспитно – образовен процес во Македонија.

Јаневска се осврна и на предучилишното образование, кое треба да премине под надлежност на Министерството за образование и наука, потенцирајќи дека Владата прави сериозни напори за да обезбеди услови за што повеќе деца да влезат во градинките и да стекнуваат знаења кои се добра подготовка пред вклучување во училишното образование.

Потребно е време и средства за состојбите значително да се подобрат. Гледате дека се градат нови капацитети. Општините добиваат големи парични средства и очекувам дека со дел од истите ќе предвидат и изградба на нови градинки“, додаде министерката.

The post Јаневска: На први септември учебници или материјали за учење ќе има по сите предмети во основното образование, освен за странските јазици appeared first on Република.

]]>

Освен учебниците по странски јазици кои ги нема неколку години наназад и за кои последниот тендер спроведен од претходното раководство е во жалбена постапка, учениците и наставниците во основните училишта на први септември ќе имаат учебници или материјали за учење за сите други предмети. Ова го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска во утринската програма на Канал 5 ТВ, каде говореше за фокусот на Министерството за образование и наука во моментов, но и приоритетите кон кои ќе биде насочена работата во следниот период.
Дел од учебниците се веќе дистрибуирани, а дел се печатат и според договорот со печатницата, треба на први септември да бидат во училиштата. За жал, затекнавме и предмети по кои нема учебници, иако претходната Влада ја информираше јавноста дека се обезбедени. Ги посочив странските јазици, но и предметите за јазикот и културата на заедниците за кои во најголем дел поради лошиот квалитет на предложените учебници, истите не се одобрени. Но, направивме напори и за нив да обезбедиме материјали во дигитална форма кои ќе можат учениците да ги користат, рече Јаневска.
Таа додаде дека се работи на враќање на историјата како посебен предмет во македонското образование, затоа што, според мислењето на домашната и светската експертска јавност, историјата е национален предмет со исклучително значење. Како што рече, на часовите по историја се учат факти за случувања и личности, но предметот побудува и патриотизам и лојалност кон сопствената држава и затоа треба да му се посвети посебно и повеќе внимание низ образовниот систем. Информираше дека со Министерството за култура и со Бирото за развој на образованието се дискутира за можностите за поддршка на домашни анимирани серии, филмови и едукативни емисии соодветни на возраста на учениците, како и сликовници и книги за успешни личности, за географски локалитети и слично, кои би можеле да бидат дел од формалниот воспитно – образовен процес во Македонија. Јаневска се осврна и на предучилишното образование, кое треба да премине под надлежност на Министерството за образование и наука, потенцирајќи дека Владата прави сериозни напори за да обезбеди услови за што повеќе деца да влезат во градинките и да стекнуваат знаења кои се добра подготовка пред вклучување во училишното образование.
Потребно е време и средства за состојбите значително да се подобрат. Гледате дека се градат нови капацитети. Општините добиваат големи парични средства и очекувам дека со дел од истите ќе предвидат и изградба на нови градинки“, додаде министерката.

The post Јаневска: На први септември учебници или материјали за учење ќе има по сите предмети во основното образование, освен за странските јазици appeared first on Република.

]]>
Јаневска: Секој универзитет кој работел спротивно на законот, ќе биде затворен https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/janevska-sekoj-univerzitet-koj-rabotel-sprotivno-na-zakonot-ke-bide-zatvoren/ Mon, 08 Jul 2024 16:12:37 +0000 https://republika.mk/?p=794664

Многу скоро ќе направиме ревизија на легалното работење на бројни универзитети и како што секогаш сум истакнувала, тие што работат спротивно на Законот, нема да можат да постојат и понатаму, додека тие што работат легално и продуцираат квалитетен кадар да не се плашат и понатаму ќе можат да работат.

Ова го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска во интервју за МРТВ, напоменувајќи дека треба да се направи модернизација на студиските програми.

Но, она што е горлив проблем во државата се премногу факултети, премногу универзитети и премногу студиски програми со многу малку студенти, додаде Јаневска.

Говорејќи за проблемот со изградбата на објектот на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, Јаневска напомена дека претходната власт, иако имала изградена зграда, не вложила ништо за нејзината финализација, ниту пак вложила да го заштити објектот од пропаѓање.

На состанокот со Деканот на ФИНКИ, размислувавме за неколку можни решенија и можам да кажам дека процедурите се во тек. Се водат разговори и преговори со други институции, каде што привремено би можеле да бидат сместени студентите од ФИНКИ.

Струката е многу барана, истакна Јаневска, напоменувајќи дека треба да се размислува и на тоа дека вештачката интелигенција полека ќе го заземе својот простор, како на ФИНКИ, така и на други факултети, за што во најскоро време ќе се реализира анализа на пазарот на трудот, по што и најверојатно ќе следи и редукција на квотите на одредени факултети.

The post Јаневска: Секој универзитет кој работел спротивно на законот, ќе биде затворен appeared first on Република.

]]>

Многу скоро ќе направиме ревизија на легалното работење на бројни универзитети и како што секогаш сум истакнувала, тие што работат спротивно на Законот, нема да можат да постојат и понатаму, додека тие што работат легално и продуцираат квалитетен кадар да не се плашат и понатаму ќе можат да работат. Ова го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска во интервју за МРТВ, напоменувајќи дека треба да се направи модернизација на студиските програми.