министерка за култура Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ministerka-za-kultura/ За подобро да се разбереме Tue, 27 Aug 2024 11:26:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png министерка за култура Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ministerka-za-kultura/ 32 32 Љутков: Формирана е комисија која работи на случајот со злоупотребите од службената картичка, злоупотреби има и кај капиталните инвестиции https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/lutkov-formirana-e-komisija-koja-raboti-na-sluchajot-so-zloupotrebite-od-sluzhbenata-kartichka-zloupotrebi-ima-i-kaj-kapitalnite-investitsii/ Tue, 27 Aug 2024 11:23:25 +0000 https://republika.mk/?p=810573

Жал ми е што претходната министерка за култура се дрзна да излезе и да ги негира наводите за злоупотреба на буџетски пари, бидејќи со ова ја негира институцијата со која раководела. Има премногу злоупотреби не само во делот на трошењето на народните пари на службената картица, туку има големи злоупотреби и незаконски работења и во делот на капиталните инвестиции. Полека ќе излегуваат на виделина, изјави денеска министерот за култура и туризам Зоран Љутков.

Тој за време на неговата посета во НУБ „Св. Климент Охридски“, одговорајќи на новинарско прашање во врска со наводните злоупотреби на буџетски пари од претходната министерка Бисера Костадиновска-Стојчевска за време на службени патувања, потенцираше дека е формирана работна група која работи на овој случај. Има извештај што и како е трошено.

Формирана е работна група. Како министер за култура и туризам кога стапувам на позиција, барам отчетност од тоа што се работело во претходните години. Побарав отчетност во претходните две и пол години додека била таа министерка, бидејќи преземам функција, сакам да знам каква е состојбата. Имам направено многу работни групи, кои што работат на многу процеси, рече Љутков.

Една работна група е, како што посочи, да се откочат процесите во заштитата на културното наследство, бидејќи постоеле средства што не се трошеле. Според министерот, тешки последици може да има по одредени процеси кои што ги преземала министерката во последните две и пол години.

Зошто тоа не се трошело? Зошто не се распишувале тендери? Тоа е страшно, ќе се појавам на посебна прес-конференција да откријам страшни работи во делот на нејзиното работење, но работните групи полека ги испитуваат случаите и го испитуваат случајот со трошењето на службената картица. Таму има извештај што е трошено и како е трошено. Како таа ја негира работната група, кога работела со тие луѓе. Тие луѓе со кои соработувала министерката се потпишани на извештајот и се дел од работната група, рече Љутков.

Како што посочи, она што го презентира ВМРО-ДПМНЕ, е само дел од информациите со коишто располагаат.

Има премногу злоупотреби, не само во делот на трошењето на народните пари на службената картица, туку има големи злоупотреби и незаконски работења и во делот на капиталните инвестиции, додаде Љутков.

ВМРО-ДПМНЕ од викендот почна со прес-конференции наречени „Бисера Антоанета“ на кои тврди дека поранешната министерка за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска на службени патувања трошела буџетски средства за приватни цели.

По ова, Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) отвори предмет по допрен глас за да се утврдат наводите за злоупотреба на буџетски пари од страна на поранешната министерка. Претседателката на Антикорупциската комисија Татјана Димитровска во изјава за МИА вели дека денеска ќе го испратат барањето за обезбедувањето на документацијата.

Костадиновска-Стојчевска на прес-конференција посочи дека ќе одговара ако се утврди неправилност, а во спротивно најави тужба против ВМРО-ДПМНЕ.

The post Љутков: Формирана е комисија која работи на случајот со злоупотребите од службената картичка, злоупотреби има и кај капиталните инвестиции appeared first on Република.

]]>

Жал ми е што претходната министерка за култура се дрзна да излезе и да ги негира наводите за злоупотреба на буџетски пари, бидејќи со ова ја негира институцијата со која раководела. Има премногу злоупотреби не само во делот на трошењето на народните пари на службената картица, туку има големи злоупотреби и незаконски работења и во делот на капиталните инвестиции. Полека ќе излегуваат на виделина, изјави денеска министерот за култура и туризам Зоран Љутков. Тој за време на неговата посета во НУБ „Св. Климент Охридски“, одговорајќи на новинарско прашање во врска со наводните злоупотреби на буџетски пари од претходната министерка Бисера Костадиновска-Стојчевска за време на службени патувања, потенцираше дека е формирана работна група која работи на овој случај. Има извештај што и како е трошено.
Формирана е работна група. Како министер за култура и туризам кога стапувам на позиција, барам отчетност од тоа што се работело во претходните години. Побарав отчетност во претходните две и пол години додека била таа министерка, бидејќи преземам функција, сакам да знам каква е состојбата. Имам направено многу работни групи, кои што работат на многу процеси, рече Љутков.
Една работна група е, како што посочи, да се откочат процесите во заштитата на културното наследство, бидејќи постоеле средства што не се трошеле. Според министерот, тешки последици може да има по одредени процеси кои што ги преземала министерката во последните две и пол години.
Зошто тоа не се трошело? Зошто не се распишувале тендери? Тоа е страшно, ќе се појавам на посебна прес-конференција да откријам страшни работи во делот на нејзиното работење, но работните групи полека ги испитуваат случаите и го испитуваат случајот со трошењето на службената картица. Таму има извештај што е трошено и како е трошено. Како таа ја негира работната група, кога работела со тие луѓе. Тие луѓе со кои соработувала министерката се потпишани на извештајот и се дел од работната група, рече Љутков.
Како што посочи, она што го презентира ВМРО-ДПМНЕ, е само дел од информациите со коишто располагаат.
Има премногу злоупотреби, не само во делот на трошењето на народните пари на службената картица, туку има големи злоупотреби и незаконски работења и во делот на капиталните инвестиции, додаде Љутков.
ВМРО-ДПМНЕ од викендот почна со прес-конференции наречени „Бисера Антоанета“ на кои тврди дека поранешната министерка за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска на службени патувања трошела буџетски средства за приватни цели. По ова, Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) отвори предмет по допрен глас за да се утврдат наводите за злоупотреба на буџетски пари од страна на поранешната министерка. Претседателката на Антикорупциската комисија Татјана Димитровска во изјава за МИА вели дека денеска ќе го испратат барањето за обезбедувањето на документацијата. Костадиновска-Стојчевска на прес-конференција посочи дека ќе одговара ако се утврди неправилност, а во спротивно најави тужба против ВМРО-ДПМНЕ.  

The post Љутков: Формирана е комисија која работи на случајот со злоупотребите од службената картичка, злоупотреби има и кај капиталните инвестиции appeared first on Република.

]]>
Синдикат на културата: Министерката сака да го спречи растот на платите во културата https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/sindikat-na-kulturata-ministerkata-saka-da-go-sprechi-rastot-na-platite-vo-kulturata/ Fri, 06 Oct 2023 20:52:44 +0000 https://republika.mk/?p=688771

Денесka во 17 часот од страна на министерката Бисера Костадиновска Стојческа е испратен допис до институциите од културата во кој наложува на секој вработен да му се изготви поединечен акт/ решение/ договор со кој работодавачот со едностран акт ќе ги менува правата од работен однос, во случајов правото на плата уредено со Колективен договор за култура и Општиот колективен договор за јавен сектор, чие право од 10% зголемување на плата, спротивно на член 14 од ОКД за јавен сектор го ограничува до февруари 2024 година.

Ваквото своеволие на министерката Бисера Костадиновска Стојческа јасно произлегува од злоупотребата на заклучокот на Влада за доследна примена на Општиот колективен договор, пробувајќи преку наводно постапување по истиот да ја ограничи основната бруто плата на вработените во културата и да не дозволи раст предвиден со колективните договори.

Вакво ограничување како во културата, во другите дејности од јавниот сектор не се случува и ниту еден вработен во јавниот сектор не се соочува со ваква примена на Заклучокот на Влада и Општиот колективен договор за јавен сектор.
Со ова се потврдува дека целото министерување на Бисера Костадиновска Стојческа е сведено исклучиво на барање креативни начини на поништување на колективниот довор во културата.

Ја известуваме министерката јавно и во понеделник со допис лично до неа дека не прифаќаме вакви небулозни, еднострани акти донесени без согласност на синдикатите.

извор: Денешен.мк

The post Синдикат на културата: Министерката сака да го спречи растот на платите во културата appeared first on Република.

]]>

Денесka во 17 часот од страна на министерката Бисера Костадиновска Стојческа е испратен допис до институциите од културата во кој наложува на секој вработен да му се изготви поединечен акт/ решение/ договор со кој работодавачот со едностран акт ќе ги менува правата од работен однос, во случајов правото на плата уредено со Колективен договор за култура и Општиот колективен договор за јавен сектор, чие право од 10% зголемување на плата, спротивно на член 14 од ОКД за јавен сектор го ограничува до февруари 2024 година. Ваквото своеволие на министерката Бисера Костадиновска Стојческа јасно произлегува од злоупотребата на заклучокот на Влада за доследна примена на Општиот колективен договор, пробувајќи преку наводно постапување по истиот да ја ограничи основната бруто плата на вработените во културата и да не дозволи раст предвиден со колективните договори.
Вакво ограничување како во културата, во другите дејности од јавниот сектор не се случува и ниту еден вработен во јавниот сектор не се соочува со ваква примена на Заклучокот на Влада и Општиот колективен договор за јавен сектор.
Со ова се потврдува дека целото министерување на Бисера Костадиновска Стојческа е сведено исклучиво на барање креативни начини на поништување на колективниот довор во културата.
Ја известуваме министерката јавно и во понеделник со допис лично до неа дека не прифаќаме вакви небулозни, еднострани акти донесени без согласност на синдикатите. извор: Денешен.мк

The post Синдикат на културата: Министерката сака да го спречи растот на платите во културата appeared first on Република.

]]>
Комисија за култура на ВМРО-ДПМНЕ: Како голем познавач на културата, министерката го стави својот потпис за формирања на шест нови национални културни институции, досега ниту една од нив не функционира https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/komisija-za-kultura-na-vmro-dpmne-kako-golem-poznavach-na-kulturata-ministerkata-go-stavi-svojot-potpis-za-formirana-na-shest-novi-natsionalni-kulturni-institutsii-dosega-nitu-edna-od-niv-ne-funktsion/ Mon, 17 Apr 2023 13:58:38 +0000 https://republika.mk/?p=631465

ЏЕЗ-ИМПРОВИЗАЦИЈАТА НА МИНИСТЕРКАТА ЗА КУЛТУРА

Оставка е решението Бисера!

Три недели државните службеници од културата протестираат пред Министерството за финансии и Владата на Република Македонија во надеж дека некој ќе ги слушне нивните барања за рамноправен третман и достоинствени плати како нивните колеги од Министерството за финансии. Но според омилениот принцип на власта „Сите се еднакви, ама некои се поеднакви од другите“ вработените од Министерството за финансии веќе имаат плата повисока за 30%. Очиггледно, тие се „поеднаквите“.
Бисера Костадиновска Стојчевска, министерка за култура во Владата на ДУИ и СДС, три недели, наводно ја даваше својата поддршка на нејзините вработени од кои зависи реализацијата на националната програма за култура на неколку стотини културни оператори. Резултатите од досегашните протести кои министерката јавно, пред медиумите ги поддржа, донесоа само покачување на нејзината плата за 78% и на платите на избраните директори. Многумина останаа разочарани, со болно чувство дека се подмолно изманипулирани и понижени. Ваквите постапки на министерката покажуваат дека во неа не може да се гледа сериозен и искрен соговорник, туку само провиден манипулатор кој пред себе има некоја друга скриена агенда.
А обемот на таа агенда е прилично широк.
- Хаосот кој настана со поднесувањето на измените на девет закони по скратена процедура, меѓу кои е и Законот за заштита на културното наследство, само ја потврдува нетранспарентноста и „матната“ страна на владините проекти. Иако Законот за заштита на културното наследство е повлечен, кај јавноста остана реалниот сомнеж дека зад оваа постапка не се крие согледба за направен превид, туку манипулативен обид да се протнат измените низ некои други, тајни, „задни вратничиња“.
- Како голем познавач на културата, министерката го стави својот потпис на согласноста за формирања на шест нови национални културни институции. Досега, ниту една од нив не функционира. Зошто? Едноставно, затоа што министерката нема соодветна, професионална анализа за финкционалното делување на овие институции. Има желба, или подобро кажано – агенда. Новиот, национален џез оркестар го „насади“ во зградата на Филхармонијата, а од револтот на нејзините вработени произлезе петиција во која јасно се наведуваат причините за нивното несогласување - просторот да го делат со друг национален оркестар.
Се гледа дека Бисера Костадиновска Стојчевска е голем почитувач на џезот, посебно на фри-џезот и импровизациите, па ваквиот начин на работење министерката за култура го имплементира и во културната политика. Тоа го прави прилично неуко и лаички. За музичка импровизација сепак е потребен божествен талент, повеќегодишно искуство и искрена посветеност.
А за политичка импровизација...што треба?!
Централна комисија
за култура на ВМРО-ДПМНЕ

The post Комисија за култура на ВМРО-ДПМНЕ: Како голем познавач на културата, министерката го стави својот потпис за формирања на шест нови национални културни институции, досега ниту една од нив не функционира appeared first on Република.

Мицкоски: За вакво ли развеселување мислеше министерката за култура? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mickoski-za-vakvo-li-razveseluvanje-misleshe-ministerkata-za-kultura/ Mon, 15 Aug 2022 09:46:06 +0000 https://republika.mk/?p=540451

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за исвиркувањето на водителката во моментите кога почна да зборува на македонски јазик на прославата во саботата вечерта на плоштадот „Секндербег“ во Скопје по повод годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор за Дојче веле (ДВ) рече дека тоа е голем скандал и праша дали министерката за култура мислела на вакво развеселување кога го правдаше трошењето народни пари за партиски прослави.

Се работи за настан платен со владини, односно државни пари. На тој настан се исвиркува македонскиот јазик, истиот тој кој Владата евтино го распродава и во преговорите со Бугарија. За вакво ли развеселување мислеше министерката за култура, кога го правдаше трошењето народни пари за вакви партиски прослави. Срамот е голем што од Владата отсуствува секаква реакција. Со национализам политика не се тера. Ова само ја покажува поделеноста на општеството и постоењето на два паралелни света. Таквите бариери се градени од политичките елити на власта за полесно да може да ги остваруваат личните интереси поврзани со бизнис-мотиви, додека граѓаните Македонци и Албанци тонат во вештачката омраза која е подгревана од политичарите на кои тоа им одговара, вели Мицкоски.

Според него, нема простор за славење кога народот страда и живее во сиромаштија.

Тоа покажува колку е вештачка самата прослава која е со партиски предзнак и исклучиво во функција на изборите во Тетово. Имаме Рамковен договор, но Арачиново нема канализација. Имаме партиска прослава на рамковниот, но Тетово нема вода за пиење, посочува Мицкоски.

Тој додава дека Владата и премиерот молчат на сето ова, а Македонците, исто како и Албанците, масовно се иселуваат и нагласува дека тоа се работите што треба да се менуваат.

The post Мицкоски: За вакво ли развеселување мислеше министерката за култура? appeared first on Република.

Авторите стравуваат од цензура по потпишаниот протокол со Бугарија, министерката за култура вели: Нека творат слободно теми што ќе расположат https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/avtorite-stravuvaat-od-cenzura-po-potpishaniot-protokol-so-bugarija-ministerkata-za-kultura-veli-neka-tvorat-slobodno-temi-shto-kje-raspolozat/ Fri, 05 Aug 2022 08:53:42 +0000 https://republika.mk/?p=536998

По потпишувањето на протоколот со Бугарија, авторите си го поставуваат прашањето: Дали следи цензура на слободната и креативна мисла?, а министерка за култура, вели: Нека творат слободно, теми што ќе расположат, пишува „Гласот на Америка“.

Никој, односно Министерството за култура, нема да ја има улогата на полицаец и да будно да следи кој што ќе направи. Слободата на уметникот е голема. Тој има право да се изрази и тоа право никој не може да му го ограничи во ниту еден момент, вели министерката Бисера Костадиновска – Стојчевска.

Слободно нека творат. Но, да се твори во духот кон тоа што ќе ги расположи народот и публиката. Не нешто што повторно ќе го врати народот назад, кон едни мрачни времиња кадешто навистина не видовме ништо добро, посочува министерката за култура за Гласот на Америка.

Целиот текст овде.

The post Авторите стравуваат од цензура по потпишаниот протокол со Бугарија, министерката за култура вели: Нека творат слободно теми што ќе расположат appeared first on Република.

Министерката повика на оптимално и разумно трошење во културата на средбата со директорите на националните установи https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/ministerkata-povika-na-optimalno-i-razumno-troshenje-vo-kulturata-na-sredbata-so-direktorite-na-nacionalnite-ustanovi/ Fri, 25 Mar 2022 08:10:02 +0000 https://republika.mk/?p=478178

Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска повика на оптимално и разумно трошење во условви на четири светски кризи на средбата со директорите на националните установи која се одржа вчера.

Со директорите на сите национални установи во културата, отворено зборувавме за предизвиците кои мораме заеднички да ги решиме во услови на четири светски кризи: здравствена, економска, енергетска, безбедносна. Насоките од Владата за штедење се однесуваат на сите и повикуваат на домаќинско работење во сите сектори, па и во културата, рече Костадиновска Стојчевска.

Според Костадинвоска Стојчевска сега е време да се покаже солидарност.

Штедиме и ние во Министерството за култура. На потег се менаџерските способности на сите од нас. Повикувам на оптимално, рационално и разумно трошење, во наредниот период. Да преземеме мерки кои нема да се трајни, а кои ќе ни овозможат да ја одржиме културата жива, но и да го запазиме нејзиниот квалитет, рече Костадиновска Стојчевска.

The post Министерката повика на оптимално и разумно трошење во културата на средбата со директорите на националните установи appeared first on Република.

Министерката за култура и СКРМ се договорија да се формира нова комисија за обновување на Колективниот договор https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/ministerkata-za-kultura-i-skrm-se-dogovorija-da-se-formira-nova-komisija-za-obnovuvanje-na-kolektivniot-dogovor/ Tue, 22 Feb 2022 14:30:04 +0000 https://republika.mk/?p=462004

Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска и претставници на Синдикатот на  културата на Република Македонија (СКРМ) се договориле да се формира нова комисија за обновување на Колективниот договор за култура и негово подобрување во однос на одредбите кои предизвикуваат забуни или можност за различно толкување.

СКРМ информираше дека на денешниот состанок со министерката Костадиновска Стојчевска присустувал и советникот во Владата Милан Живковиќ.

Министерката ја искажа својата силна поддршка за правата на вработените во инситуциите од културата и истакна дека проблемот со неисплатените плати поради „недела неработен ден“ ќе биде надминат уште во текот на денот, а кај оние институции каде што е исплатена плата, ќе бидат извршени дополнителни корекции и работењето во недела ќе биде исплатено согласно Законот за работни односи. Беше договорена поголема соработка меѓу синдикатот и министерството, при што од страна на Министерката беше потенцирана нејзината подготовеност за почеста директна комуникација, велат од СКРМ.

Договорена е и отворена средба со членовите на СКРМ, која ќе се одржи во 10 часот во петок, 25 февруари во Националната опера и балет.

На состанокот биле разгледани проблемите со неспроведување на заклучоците на Комисијата за следење на примената и толкување на Колективниот договор, како и прекршувањата на Колективниот договор од страна на службите во Министерствиото за култура и одредени директори, кои директно ги поткопуваат социјалните политики на Владата и правата на вработените во културата.

Синдикатот алрамираше и за неквалификуваните директори и за членовите на Управните одбори кои не ги исполнуваат законските критериуми.
Од страна на Министерката Костадиновска Стојчевска и советникот во Владата Милан Живковиќ, добивме уверување дека во институциите од културата ќе биде извршено покачување на платите согласно Колективниот договор за култура и Законот за минимална плата. Во оваа прилика сакаме да ги повикаме сите политички субјекти во државата да бидат свесни за финансиските последици од глобалната инфлација и да бидат конструктивни во што поскоро усвојување на Законот за минимална плата како основа за спирално покачување на сите плати во државата и подигнување на животниот стандард на граѓаните, велат од СКРМ.

The post Министерката за култура и СКРМ се договорија да се формира нова комисија за обновување на Колективниот договор appeared first on Република.

]]>

Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска и претставници на Синдикатот на  културата на Република Македонија (СКРМ) се договориле да се формира нова комисија за обновување на Колективниот договор за култура и негово подобрување во однос на одредбите кои предизвикуваат забуни или можност за различно толкување. СКРМ информираше дека на денешниот состанок со министерката Костадиновска Стојчевска присустувал и советникот во Владата Милан Живковиќ.
Министерката ја искажа својата силна поддршка за правата на вработените во инситуциите од културата и истакна дека проблемот со неисплатените плати поради „недела неработен ден“ ќе биде надминат уште во текот на денот, а кај оние институции каде што е исплатена плата, ќе бидат извршени дополнителни корекции и работењето во недела ќе биде исплатено согласно Законот за работни односи. Беше договорена поголема соработка меѓу синдикатот и министерството, при што од страна на Министерката беше потенцирана нејзината подготовеност за почеста директна комуникација, велат од СКРМ.
Договорена е и отворена средба со членовите на СКРМ, која ќе се одржи во 10 часот во петок, 25 февруари во Националната опера и балет. На состанокот биле разгледани проблемите со неспроведување на заклучоците на Комисијата за следење на примената и толкување на Колективниот договор, како и прекршувањата на Колективниот договор од страна на службите во Министерствиото за култура и одредени директори, кои директно ги поткопуваат социјалните политики на Владата и правата на вработените во културата.
Синдикатот алрамираше и за неквалификуваните директори и за членовите на Управните одбори кои не ги исполнуваат законските критериуми. Од страна на Министерката Костадиновска Стојчевска и советникот во Владата Милан Живковиќ, добивме уверување дека во институциите од културата ќе биде извршено покачување на платите согласно Колективниот договор за култура и Законот за минимална плата. Во оваа прилика сакаме да ги повикаме сите политички субјекти во државата да бидат свесни за финансиските последици од глобалната инфлација и да бидат конструктивни во што поскоро усвојување на Законот за минимална плата како основа за спирално покачување на сите плати во државата и подигнување на животниот стандард на граѓаните, велат од СКРМ.

The post Министерката за култура и СКРМ се договорија да се формира нова комисија за обновување на Колективниот договор appeared first on Република.

]]>
Костадиновска-Стојчевска во Драмски театар и во Театар „Комедија“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/kostadinovska-stojchevska-vo-dramski-teatar-i-vo-teatar-komedija/ Sat, 29 Jan 2022 19:29:56 +0000 https://republika.mk/?p=451330

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска ги посети Драмскиот театар – Скопје и Театарот „Комедија“ каде што имаше можност да поразговара со директорите на овие установи за тековните проекти.

На средбата со в.д. директорката на Драмскиот театар, Катерина Коцевска-Хаџи Василева, беше истакната неопходноста од продолжување на инвестициите со цел да се обезбедат соодветни услови за функционирање на оваа установа.

Минатата година беа направени одредени интервенции во објектот, беше набавена и светлосна опрема, а оваа година треба да започне обновата на сценскиот под за што ќе бидат издвоени значителни средства. Во Драмскиот театар, меѓу другото, во февруари ќе почнат подготовките за новата претстава „Моето име е Горан Стефановски“, во режија на Бранислав Миќуновиќ, која премиерно ќе биде изведена на 26 март.

Претставата „Мојот маж“ во режија на Нела Витошевиќ, пак, ќе гостува на Меѓународниот фестивал „РУТА група Триглав“, кој ќе се одржи во Љубљана, Словенија.

Министерката Костадиновска-Стојчевска се сретна и со Дарко Спасов, в.д. директор на Театар „Комедија“, институција која годинава одбележува 10 години од формирањето. Тој ја информираше министерката за плановите и за проектите за нови гостувања и премиери, како и за традиционалниот фестивал „Гола месечина“.

Костадиновска-Стојчевска најави дека годинава ќе продолжи финансирањето во делот на инвестициите за објектот, за подобрување на условите за работа, во кој функционира и НУ Турски театар.

The post Костадиновска-Стојчевска во Драмски театар и во Театар „Комедија“ appeared first on Република.

]]>

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска ги посети Драмскиот театар – Скопје и Театарот „Комедија“ каде што имаше можност да поразговара со директорите на овие установи за тековните проекти. На средбата со в.д. директорката на Драмскиот театар, Катерина Коцевска-Хаџи Василева, беше истакната неопходноста од продолжување на инвестициите со цел да се обезбедат соодветни услови за функционирање на оваа установа. Минатата година беа направени одредени интервенции во објектот, беше набавена и светлосна опрема, а оваа година треба да започне обновата на сценскиот под за што ќе бидат издвоени значителни средства. Во Драмскиот театар, меѓу другото, во февруари ќе почнат подготовките за новата претстава „Моето име е Горан Стефановски“, во режија на Бранислав Миќуновиќ, која премиерно ќе биде изведена на 26 март. Претставата „Мојот маж“ во режија на Нела Витошевиќ, пак, ќе гостува на Меѓународниот фестивал „РУТА група Триглав“, кој ќе се одржи во Љубљана, Словенија. Министерката Костадиновска-Стојчевска се сретна и со Дарко Спасов, в.д. директор на Театар „Комедија“, институција која годинава одбележува 10 години од формирањето. Тој ја информираше министерката за плановите и за проектите за нови гостувања и премиери, како и за традиционалниот фестивал „Гола месечина“. Костадиновска-Стојчевска најави дека годинава ќе продолжи финансирањето во делот на инвестициите за објектот, за подобрување на условите за работа, во кој функционира и НУ Турски театар.

The post Костадиновска-Стојчевска во Драмски театар и во Театар „Комедија“ appeared first on Република.

]]>
Бисера Костадиновска Стојчевска: Подготвена сум за предизвиците и за соочување со проблемите https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/bisera-kostadinovska-stojchevska-podgotvena-sum-za-predizvicite-i-za-soochuvanje-so-problemite/ Mon, 17 Jan 2022 11:34:06 +0000 https://republika.mk/?p=445772

Досегашната министерка за култура Ирена Стефоска, во Министерството за култура и ја предаде функцијата на новоизбраната министерка, Бисера Костадиновска Стојчевска.

На новоименуваната министерка Костадиновска - Стојчевска, Стефоска ѝ посака срдечно добредојде во Министерството и многу успех во мандатот. Таа подвлече дека во ресорот се започнати повеќе процеси и проекти кои се од системско значење за уредување на културата, а кои поради сложеноста се одвиваат во повеќе фази кои бараат континуитет. Некои од нив се во сферата на заштитата на културното наследство, инвестициите, нормативата, евроинтеграциите, УНЕСКО, како и функционалната анализа во самото Министерство за култура. Стефоска им се  заблагодари за довербата и соработката на својот тим и на сите вработени во Министерството, како и на културните работници и на уметниците, стои во соопштението на Министерството за култура.

 Новоименуваната министерка за култура, Бисера Костадиновска - Стојчевска, се заблагодари на убавите желби упатени од Стефоска и рече дека позицијата министерка за култура на Република Северна Македонија ја презема со голема чест и одговорност.

Подготвена сум за предизвиците и за соочување со проблемите, но и за убавината и прогресот што културата ги носи како силен обединувачки елемент во секое општество. Искрено верувам дека сите заедно ќе оствариме нови цели и успеси со трајни вредности“,рече министерката Костадиновска – Стојчевска.

The post Бисера Костадиновска Стојчевска: Подготвена сум за предизвиците и за соочување со проблемите appeared first on Република.

Стефоска: Културата мора да си го заземе местото што и припаѓа, таа е вредносниот систем во едно општество https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/stefoska-kulturata-mora-da-si-go-zazeme-mestoto-shto-i-pripagja-taa-e-vrednosniot-sistem-vo-edno-opshtestvo/ Thu, 13 Jan 2022 09:48:42 +0000 https://republika.mk/?p=444052

Ако згаснале едно чудо редакции за култура на телевизиите и на другите медиуми сосема е јасно дека културата во фокусот на јавноста е таму некаде на маргините, што е недопустливо за една мала земја. Културата е клучен ресурс и за внатрешните работи во земјата, таа е исклучително важна. Интеркултурниот дијалог во смисла на интеретничкиот дијалог, во смисла на институционалната и вонинституционалната сцена, независната, во смисла на извозен продукт на една мала земја која има со што да се гордее како во живата култура така и со културното наследство, рече министерката за култура во заминување Ирена Стефоска во „Утрински брифинг“.

Таа се сложува со констатацијата дека секторите култура и образование во владите на СДСМ секогаш се третирале како попатни сектори. Наследничката на Стефоска е петта министерка која ќе го преземе овој сектор и тоа е една неконзистетност на политиките.

Тоа не е впечаток, тоа е факт. Неконзистентност на владејачката партија во политиките во образованието и културата. Јас станав министер на покана на СДСМ, јас не сум член на партијата, но ја прифатив довербата која ми беше дадена, одговорно и професионално да се бавам во овие година и пол. Мислам дека во година и пол успеавме да ја поместиме културата од минус 100 во фокусот на владините политики до таму некаде, можеби до нула. На новата министерка и остануваат сите отворени процеси во културата, визии стратегии да ги продожи. Културата мора да си го заземе местото што и припаѓа. Културата не е само одење во театар и на концерт, културата не е само уметноста или како арт или литературата како книжевност. Тоа е толку широк поим. Култура е стил и начин на живеење, културата е вредносниот систем во едно општество, содржи обичаи, традиции и верувања и затоа е толку важна, нагласи Стефоска.

Целиот разговор овде.

The post Стефоска: Културата мора да си го заземе местото што и припаѓа, таа е вредносниот систем во едно општество appeared first on Република.

]]>

Ако згаснале едно чудо редакции за култура на телевизиите и на другите медиуми сосема е јасно дека културата во фокусот на јавноста е таму некаде на маргините, што е недопустливо за една мала земја. Културата е клучен ресурс и за внатрешните работи во земјата, таа е исклучително важна. Интеркултурниот дијалог во смисла на интеретничкиот дијалог, во смисла на институционалната и вонинституционалната сцена, независната, во смисла на извозен продукт на една мала земја која има со што да се гордее како во живата култура така и со културното наследство, рече министерката за култура во заминување Ирена Стефоска во „Утрински брифинг“. Таа се сложува со констатацијата дека секторите култура и образование во владите на СДСМ секогаш се третирале како попатни сектори. Наследничката на Стефоска е петта министерка која ќе го преземе овој сектор и тоа е една неконзистетност на политиките.