министер за спорт Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/minister-za-sport/ За подобро да се разбереме Wed, 11 Sep 2024 18:56:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png министер за спорт Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/minister-za-sport/ 32 32 Министерот Борко Ристовски најави нови капитални проекти и повеќе наменски средства за спортот https://arhiva3.republika.mk/sport/ministerot-borko-ristovski-najavi-novi-kapitalni-proekti-i-poveke-namenski-sredstva-za-sportot/ Wed, 11 Sep 2024 19:25:19 +0000 https://republika.mk/?p=815484

Македонскиот спорт многу брзо ќе ги почувствува позитивните придобивки од формирање на новото Министерство за спорт со реализација на програмата и зацртаните проекти, најави министерот за спорт Борко Ристовски во вечерашното гостување во емисијата „За или против“ на ТВ Алфа.

-При крај сме со изработката на новите правилници и критериуми кои ќе значат финансирање на спортот на вистински начин без можност за корупција и разни влијанија. Уште еднаш ќе повторам дека Агенцијата за млади и спорт воопшто ги немаше буџетирано тие средства од околу 10 милиони евра државна помош за спортот. Ние со ребалансот на буџетот ги обезбедивме тие средстава и направивме еден поинаков начин на финансирање. Во прв план ќе се финансира врвниот спорт со околу 85 милиони денари што не е мала сума, потоа доаѓаат средствата од т.н. ваучер, односно, државна помош или субвенционирање во спортот кои се во висина од 550 милиони денари, па пред крај на годината уште една транша од околу 85 милиони денари наменети за развој на женскиот спорт, поддршка на млади таленти и за сите оние кои што имаат индивидуални програми, како и за рекреативниот спорт. Се обидуваме да ги опфатиме сите гранки во спортот и да ставиме акцент на врвниот спорт и поддршка на младите таленти преку финансирање на нивните програми што е апсолутно различно од сѐ она што беше досега, истакна Ристовски.

- Ако Министерството за спорт во овие неполни три месеци колку што функционира успеа да изнајде средства од околу 160 милиони за финансирање во спортот, моралната дилема ми е и се наметнува прашањето каде биле или каде оделе досега овие средства? Можеби биле распределувани како што биле, но јасно е дека парите не оделе на вистинско место затоа што не гледавме развој на спортот – посочи министерот за спорт.

Ристовски потенцираше дека резултатите, проектите и активноста на федерациите и клубовите ќе бидат основниот критериум по кој во иднина ќе се распределуваат средствата од државата наменети за поддршка на спортот. Посебен акцент ќе биде ставен на врвниот спорт и поддршка на младите таленти, но и на подобрување на спортската инфраструктура.

-Од следната година планираме досегашните 10 милиони евра кои што беа државна субвенција за спортот да ги зголемиме на 15 милиони евра, што значи за 50% да ја зголемиме помошта од државата за спортот. Средствата од тој „спортски денар“ од нафтените деривати планираме да ги искористиме во капитални инвестиции. Тоа подразбира сѐ она што е за реновирање, реконструкција и изградба на нови објекти кои ќе значат подобри услови за спортот. Нашата насока на функционирање ќе биде во тој дел. За следната година во план ни е изградба на 5 нови спортски сали, отпочнување на новиот спортски комплекс во Гази Баба, изградба на спортска сала во населба Бутел наменета за олимписки спортови... Не можеме и не смееме да си дозволиме тој луксуз да бараме резултати од спортистите, од екипите и од федерациите, а да ги немаат основните услови за функционирање, да немаа сала каде да тренираат. Мора да почнеме од основата, а тоа е создавање нормални услови за функционирање на спортот – истакна министерот Борко Ристовски.

The post Министерот Борко Ристовски најави нови капитални проекти и повеќе наменски средства за спортот appeared first on Република.

]]>

Македонскиот спорт многу брзо ќе ги почувствува позитивните придобивки од формирање на новото Министерство за спорт со реализација на програмата и зацртаните проекти, најави министерот за спорт Борко Ристовски во вечерашното гостување во емисијата „За или против“ на ТВ Алфа.
-При крај сме со изработката на новите правилници и критериуми кои ќе значат финансирање на спортот на вистински начин без можност за корупција и разни влијанија. Уште еднаш ќе повторам дека Агенцијата за млади и спорт воопшто ги немаше буџетирано тие средства од околу 10 милиони евра државна помош за спортот. Ние со ребалансот на буџетот ги обезбедивме тие средстава и направивме еден поинаков начин на финансирање. Во прв план ќе се финансира врвниот спорт со околу 85 милиони денари што не е мала сума, потоа доаѓаат средствата од т.н. ваучер, односно, државна помош или субвенционирање во спортот кои се во висина од 550 милиони денари, па пред крај на годината уште една транша од околу 85 милиони денари наменети за развој на женскиот спорт, поддршка на млади таленти и за сите оние кои што имаат индивидуални програми, како и за рекреативниот спорт. Се обидуваме да ги опфатиме сите гранки во спортот и да ставиме акцент на врвниот спорт и поддршка на младите таленти преку финансирање на нивните програми што е апсолутно различно од сѐ она што беше досега, истакна Ристовски.
- Ако Министерството за спорт во овие неполни три месеци колку што функционира успеа да изнајде средства од околу 160 милиони за финансирање во спортот, моралната дилема ми е и се наметнува прашањето каде биле или каде оделе досега овие средства? Можеби биле распределувани како што биле, но јасно е дека парите не оделе на вистинско место затоа што не гледавме развој на спортот – посочи министерот за спорт. Ристовски потенцираше дека резултатите, проектите и активноста на федерациите и клубовите ќе бидат основниот критериум по кој во иднина ќе се распределуваат средствата од државата наменети за поддршка на спортот. Посебен акцент ќе биде ставен на врвниот спорт и поддршка на младите таленти, но и на подобрување на спортската инфраструктура.
-Од следната година планираме досегашните 10 милиони евра кои што беа државна субвенција за спортот да ги зголемиме на 15 милиони евра, што значи за 50% да ја зголемиме помошта од државата за спортот. Средствата од тој „спортски денар“ од нафтените деривати планираме да ги искористиме во капитални инвестиции. Тоа подразбира сѐ она што е за реновирање, реконструкција и изградба на нови објекти кои ќе значат подобри услови за спортот. Нашата насока на функционирање ќе биде во тој дел. За следната година во план ни е изградба на 5 нови спортски сали, отпочнување на новиот спортски комплекс во Гази Баба, изградба на спортска сала во населба Бутел наменета за олимписки спортови... Не можеме и не смееме да си дозволиме тој луксуз да бараме резултати од спортистите, од екипите и од федерациите, а да ги немаат основните услови за функционирање, да немаа сала каде да тренираат. Мора да почнеме од основата, а тоа е создавање нормални услови за функционирање на спортот – истакна министерот Борко Ристовски.

The post Министерот Борко Ристовски најави нови капитални проекти и повеќе наменски средства за спортот appeared first on Република.

]]>
Ристовски: Нема веќе пари за фантомски клубови и федерации – корупцијата мора да ја исчистиме! https://arhiva3.republika.mk/vesti/ristovski-nema-veke-pari-za-fantomski-klubovi-i-federatsii-koruptsijata-mora-da-ja-ischistime/ Mon, 22 Jul 2024 15:22:15 +0000 https://republika.mk/?p=799269

Примарна цел ми е спортот да го исчистиме од корупција или, пак, во голема мера таа да биде намалена. Без тоа нема напредок односно подобри резултати, вели министерот за спорт Борко Ристовски во интервју за Спорт 1.

Верувам дека ќе успееме да го завршиме сите инфраструктурни проекти што ги почнавме и кои ги планираме и да донесеме нов Закон за спорт, кој ќе биде далеку пофункционален од сегашниот. Ако го оствариме сето ова, заедно со другите работи што го предвидовме во програмата со која дојдовме на власт тогаш би бил презадоволен, рече тој.

Уште пред изборите вети дека по еден денар од акцизата нафтени деривати ќе заврши во спортот и вели дека е во план тоа и да го исполни.

-На овој начин би се собрале дополнителни 800 милиони денари, од кои планираме 85-отсто од нив да бидат насочени во капитални инвестиции токму во инфраструктурата. Веќе најавивме реконструкција на салата ‘Расадник’, почнавме да го решаваме проблемот со двете сали во Прилеп и најавивме изградба на спортски комплекс во Гази Баба со две сали, од кои едната би била со капацитет од 4.200 седишта, а другата би била за борешки вештини. Ваков спортски комплекс планираме да се изгради и во Битола, како и атлетска патека во Гевгелија. Сето ова и тоа што понатака ќе го правиме на други места планираме да биде самоодржливо. Лесно е да се изгради, но тешко е да се сочува, поради што планираме греењето и ладењето да биде со соларни панели и централизиран систем, кој би можел да одржува и користи долги години. Сакаме спортистите да ги имаат идеалните услови за работа во лето и во зима, без грижа дали ќе им биде топло односно дека ќе им студи, вели Ристовски.

Целото интервју со него прочитајте го на СПОРТ 1

The post Ристовски: Нема веќе пари за фантомски клубови и федерации – корупцијата мора да ја исчистиме! appeared first on Република.

Новиот министер за спорт со јасна порака: Транспарентноста и отчетноста се наш приоритет https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/noviot-minister-za-sport-so-jasna-poraka-transparentnosta-i-otchetnosta-se-nash-prioritet/ Mon, 24 Jun 2024 14:23:36 +0000 https://republika.mk/?p=790342

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска оствари работна средба со директорот на Државниот завод за ревизија, Максим Ацевски. На средбата се разговараше за тековните и идни проекти во спортскиот сектор, како и за финансиската транспарентност и отчетност во работата на министерството.

Министерот нагласи дека соработката со Државниот завод за ревизија е од клучно значење за обезбедување на интегритетот и правилното користење на буџетските средства наменети за спортот. „Транспарентноста и одговорното управување со средствата се приоритети на нашето министерство и оваа средба е важен чекор во таа насока, истакна тој.

Директорот на Државниот завод за ревизија ја потврди поддршката на заводот за напорите на Министерството за спорт и изрази спремност за понатамошна соработка. „Нашата мисија е да обезбедиме ефективна контрола и надзор врз финансирањето на сите проекти и активности. Заедно можеме да постигнеме повисоко ниво на транспарентност и ефикасност“, рече директорот.

На крајот од средбата, двете страни се согласија дека континуираната комуникација и соработка се неопходни за постигнување на заедничките цели и унапредување на спортскиот сектор во Република Македонија.

The post Новиот министер за спорт со јасна порака: Транспарентноста и отчетноста се наш приоритет appeared first on Република.

]]>

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска оствари работна средба со директорот на Државниот завод за ревизија, Максим Ацевски. На средбата се разговараше за тековните и идни проекти во спортскиот сектор, како и за финансиската транспарентност и отчетност во работата на министерството.
Министерот нагласи дека соработката со Државниот завод за ревизија е од клучно значење за обезбедување на интегритетот и правилното користење на буџетските средства наменети за спортот. „Транспарентноста и одговорното управување со средствата се приоритети на нашето министерство и оваа средба е важен чекор во таа насока, истакна тој.
Директорот на Државниот завод за ревизија ја потврди поддршката на заводот за напорите на Министерството за спорт и изрази спремност за понатамошна соработка. „Нашата мисија е да обезбедиме ефективна контрола и надзор врз финансирањето на сите проекти и активности. Заедно можеме да постигнеме повисоко ниво на транспарентност и ефикасност“, рече директорот. На крајот од средбата, двете страни се согласија дека континуираната комуникација и соработка се неопходни за постигнување на заедничките цели и унапредување на спортскиот сектор во Република Македонија.  