министер за образование и наука Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/minister-za-obrazovanie-i-nauka/ За подобро да се разбереме Tue, 16 Jul 2024 08:16:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png министер за образование и наука Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/minister-za-obrazovanie-i-nauka/ 32 32 Јаневска: Ни треба консензус за темелот на образованието, не може секој министер да менува од корен https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/janevska-ni-treba-konsenzus-za-temelot-na-obrazovanieto-ne-mozhe-sekoj-minister-da-menuva-od-koren/ Tue, 16 Jul 2024 08:16:50 +0000 https://republika.mk/?p=797265

Примарно на што треба да се посветиме е континуитет на образовниот систем и точно да знаеме што сакаме од наставните програми, каков млад човек да ни дадат. Ние сакаме писмени, образовани деца, на секое ниво од образованието. Знаењето кое ќе го нуди образовниот систем, треба да му овозможи на младиот човек да се вклопи во општеството, да биде корисен прво за себе, а потоа и за државата.

Ова го нагласи министерката за образование и наука Весна Јаневска во Топ тема на ТВ Телма, појаснувајќи дека во образованието ништо не може да се постигне набрзина и дека е неопходен консензус на сите политички субјекти за основните принципи по кои тоа ќе се реализира и ќе оневозможи секој министер да менува по свое.

Пред собраниската Комисија за образование, наука и спорт соопштив дека како министер со мојот тим планираме да направиме Стратегија, Декларација, како ќе се договориме така ќе го наречеме тој документ за обединување на сите политички субјекти. Драфтот ќе им биде понуден на сите, да дадат забелешки. Идејата е откако ќе го усогласиме тој документ, да го ставиме на јавна собраниска расправа, сите политички субјекти да се согласат и Собранието да го донесе. Да не може следниот министер по мене, и следните потоа, да прават реформи како тие што мислат дека треба. Има консензус дека образованието ни е лошо, но сега ќе се договориме како ќе делуваме во наредните 10 години“, рече министерката Јаневска.

Таа посочи дека наставните програми за 7, 8 и 9 одделение се ставаат на јавна расправа, по што ќе се одлучи што ќе остане, а што ќе се менува.

Следната година почнуваме со нова наставна програма за седмо одделение, која ќе се базира на забелешките што ќе ги дадат наставниците, родителите и стручните лица на јавната расправа што ја отворивме преку нашата веб страна. И наставните програми за осмо и деветто одделение ќе бидат изработени на истиот принцип“, рече Јаневска, додавајќи дека Владата сака да има континуитет во образованието, но без брзи реформи и како што рече, натурени неподготвени промени.

The post Јаневска: Ни треба консензус за темелот на образованието, не може секој министер да менува од корен appeared first on Република.

]]>

Примарно на што треба да се посветиме е континуитет на образовниот систем и точно да знаеме што сакаме од наставните програми, каков млад човек да ни дадат. Ние сакаме писмени, образовани деца, на секое ниво од образованието. Знаењето кое ќе го нуди образовниот систем, треба да му овозможи на младиот човек да се вклопи во општеството, да биде корисен прво за себе, а потоа и за државата. Ова го нагласи министерката за образование и наука Весна Јаневска во Топ тема на ТВ Телма, појаснувајќи дека во образованието ништо не може да се постигне набрзина и дека е неопходен консензус на сите политички субјекти за основните принципи по кои тоа ќе се реализира и ќе оневозможи секој министер да менува по свое.