министер за култура и туризам Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/minister-za-kultura-i-turizam/ За подобро да се разбереме Wed, 18 Sep 2024 12:40:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png министер за култура и туризам Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/minister-za-kultura-i-turizam/ 32 32 Љутков: Македонското културно наследство е скапоцен дел од европското богатство https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/lutkov-makedonskoto-kulturno-nasledstvo-e-skapotsen-del-od-evropskoto-bogatstvo/ Wed, 18 Sep 2024 12:40:34 +0000 https://republika.mk/?p=817479

На денешната конференција на Европските денови на културното наследство, министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, ги поздрави учесниците истакнувајќи го значењето на конференцијата, која е еден од најшироко прифатните културни настани кој ги обединува луѓето од целиот европски континент.

Македонската култура е симбол на континуитет и еволуција, која го збогатува заедничкиот европски идентитет со својата автентичност, прикажувајќи го нашиот народ како чувар на своите традиции, но и како учесник во создавањето една нова, модерна и креативна Европа“, рече министерот Љутков, говорејќи на темата на конференцијата, „Македонското наследство на вмреженоста и поврзаноста“.

Министерот Љутков порача дека со зачувувањето на европското културно наследство, ние го чуваме и нашиот идентитет, учиме од минатото и ја цениме различноста што нè обединува. Во тој контекст, министерот додаде: „Македонското културно наследство е скапоцен дел од големиот мозаик на европските вредности, со вековна традиција која ги отсликува нашата историја, уметност и духовност. Нашите археолошки наоѓалишта, црковни споменици, традиционални обичаи и уметнички дела сведочат за длабоките културни врски со вековите и го претставуваат нашиот уникатен придонес во европската културна ризница“.

По усвојувањето на Европската културна конвенција на 19 декември 1954 година од страна на Советот на Европа, како документ кој има цел да ја промовира културната соработка меѓу европските земји и да го зачува и да го заштити заедничкото културно наследство на европските народи, Деновите на европското наследство се широко прифатен настан кој се одбележува со илјадници активности низ цела Европа.

На темата „Македонското наследство на вмреженоста и поврзаноста“, во нашата земја оваа година ќе бидат организирани настани во 14 градови и села, со учество на 20 музеи, невладини организации и други институции кои се ангажирани на полето на културното наследство.

Министерот Љутков ја изрази посветеноста на Владата и на Министерството за култура и туризам за унапредување на состојбите во заштитата на културното наследство како врвен приоритет кој овозможува афирмација и промоција на нашата држава во Европа.

На отворањето на конференцијата, учесниците и присутните гости во Порта „Македонија“ ги поздравија и Викторија Трајков, заменик-министер за европски прашања; Штефен Худолин, шеф за соработка во Делегацијата на Европската Унија; Весела Честоева, директорка на Управата за заштита на културното наследство.

На конференцијата, на повеќе панел-дискусии свои излагања ќе имаат дваесетина експерти од земјава и од странство.

 

The post Љутков: Македонското културно наследство е скапоцен дел од европското богатство appeared first on Република.

]]>

На денешната конференција на Европските денови на културното наследство, министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, ги поздрави учесниците истакнувајќи го значењето на конференцијата, која е еден од најшироко прифатните културни настани кој ги обединува луѓето од целиот европски континент.
Македонската култура е симбол на континуитет и еволуција, која го збогатува заедничкиот европски идентитет со својата автентичност, прикажувајќи го нашиот народ како чувар на своите традиции, но и како учесник во создавањето една нова, модерна и креативна Европа“, рече министерот Љутков, говорејќи на темата на конференцијата, „Македонското наследство на вмреженоста и поврзаноста“.
Министерот Љутков порача дека со зачувувањето на европското културно наследство, ние го чуваме и нашиот идентитет, учиме од минатото и ја цениме различноста што нè обединува. Во тој контекст, министерот додаде: „Македонското културно наследство е скапоцен дел од големиот мозаик на европските вредности, со вековна традиција која ги отсликува нашата историја, уметност и духовност. Нашите археолошки наоѓалишта, црковни споменици, традиционални обичаи и уметнички дела сведочат за длабоките културни врски со вековите и го претставуваат нашиот уникатен придонес во европската културна ризница“. По усвојувањето на Европската културна конвенција на 19 декември 1954 година од страна на Советот на Европа, како документ кој има цел да ја промовира културната соработка меѓу европските земји и да го зачува и да го заштити заедничкото културно наследство на европските народи, Деновите на европското наследство се широко прифатен настан кој се одбележува со илјадници активности низ цела Европа. На темата „Македонското наследство на вмреженоста и поврзаноста“, во нашата земја оваа година ќе бидат организирани настани во 14 градови и села, со учество на 20 музеи, невладини организации и други институции кои се ангажирани на полето на културното наследство. Министерот Љутков ја изрази посветеноста на Владата и на Министерството за култура и туризам за унапредување на состојбите во заштитата на културното наследство како врвен приоритет кој овозможува афирмација и промоција на нашата држава во Европа. На отворањето на конференцијата, учесниците и присутните гости во Порта „Македонија“ ги поздравија и Викторија Трајков, заменик-министер за европски прашања; Штефен Худолин, шеф за соработка во Делегацијата на Европската Унија; Весела Честоева, директорка на Управата за заштита на културното наследство. На конференцијата, на повеќе панел-дискусии свои излагања ќе имаат дваесетина експерти од земјава и од странство.  

The post Љутков: Македонското културно наследство е скапоцен дел од европското богатство appeared first on Република.

]]>
Љутков: Изработен е проект за темелна реконструкција на Музејот на Македонија, во минатите години не се направило ништо да се подобри состојбата https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/lutkov-izraboten-e-proekt-za-temelna-rekonstruktsija-na-muzejot-na-makedonija-vo-minatite-godini-ne-se-napravilo-nishto-da-se-podobri-sostojbata/ Tue, 20 Aug 2024 10:42:02 +0000 https://republika.mk/?p=808250

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, кој денеска го посети Музејот на Република Македонија и оствари средба со в. д. директорот на Музејот Борче Топуковски, информираше дека е изработен проект за темелна реконструкција на оваа установа. Како што посочи, во тек е постапката за добивање на одобрение за градба, со што веднаш би почнала реконструкцијата на покривот, а за темелна реконструкција на другиот дел од објектот ќе следува тендер во следниот период.

Љутков потсети дека последната интервенција на овој музејски комплекс е направена во 2010 година.

Ќе се залагаме да го вратиме сјајот на ова музејска институција и за таа цел е веќе изработен проект за темелна реконструкција. Министерството за култура и туризам веќе е во постапка за добивање на одобрение за градба, со што веднаш би почнала реконструкцијата на покривот во овој момент, за што имаме обезбедено и средства. За темелна реконструкција на другиот дел од објектот, во следниот период ќе следува тендер со повеќе годишна јавна набавка, рече министерот.

Тој се надева дека во многу краток период ќе ја добијат дозволата и до крајот на годината веќе ќе биде завршена реконструкцијата на кровот. Посочи оти е убеден дека со реализација на сите фази од проектот конечно ќе добиеме музејска институција по сите стандарди која што е чувар на нашето културно наследство.

Музејот на Македонија е најстар и најголем во Македонија, кој што го собира, го чува, го проучува и го презентира нашето културно наследство. Музејот е навистина во многу лоша очајна состојба, а тоа покажува низ годините наназад каков третман имаме кон културното наследство и дека иако многу се ветувало во последните години, всушност ништо не се направило за да се подобри состојбата на најстариот Музеј во Македонија, додаде Љутков.

Како што потенцираше, галеријата на икони која што е заштитена како посебно значење од прва категорија, после земјотресот во 2016 година кога имало проблеми со кровот и со протекување, морала да биде преместана и ставена во депоата и да се чува во несоодветни услови.

Има проблеми за вработените кои мора да интервенираат во многу ситуации, а кога зборуваме веќе и за вработените, морам да кажам дека во последните три години имало 30 заминувања во пензија, а всушност е вработено само едно лице. Тоа покажува каков е односот кон нашата култура, традиција, кон нашето културно наследство и односот кон институциите, додаде Љутков.

Тој најави дека во наредниот период, до Новата година, ќе ги посети сите институции кои се под надлежност на Министерство за култура и туризам.

Заедно со стручните лица ќе ги увидиме состојбите и ќе донесеме одлуки и предлози до Влада што треба да се направи најбрзо за да може да се интервенира, да не се направат штети во наредниот период, рече Љутков.

В. д. директорот на Музејот на Македонија Борче Топуковски по посетата со министерот изјави дека се надева со текот на времето Музејот ќе го добие сјајот кој што го заслужува.

Ние ја имаме највредната музејска збирка во државата - тоа е галеријата на икони. Меѓутоа, и другите етнолошки музејски предмети се исто така вредни и се значајни за презентација на нашето културно наследство. Затоа денеска имавме продуктивна средба со министерот, и ние вработените имаме огромна надеж дека ќе тргнеме од мртва точка и дека со текот на времето ќе му го дадеме сјајот на Музејот каков што заслужува, рече Топуковски.

 

The post Љутков: Изработен е проект за темелна реконструкција на Музејот на Македонија, во минатите години не се направило ништо да се подобри состојбата appeared first on Република.

]]>

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, кој денеска го посети Музејот на Република Македонија и оствари средба со в. д. директорот на Музејот Борче Топуковски, информираше дека е изработен проект за темелна реконструкција на оваа установа. Како што посочи, во тек е постапката за добивање на одобрение за градба, со што веднаш би почнала реконструкцијата на покривот, а за темелна реконструкција на другиот дел од објектот ќе следува тендер во следниот период. Љутков потсети дека последната интервенција на овој музејски комплекс е направена во 2010 година.
Ќе се залагаме да го вратиме сјајот на ова музејска институција и за таа цел е веќе изработен проект за темелна реконструкција. Министерството за култура и туризам веќе е во постапка за добивање на одобрение за градба, со што веднаш би почнала реконструкцијата на покривот во овој момент, за што имаме обезбедено и средства. За темелна реконструкција на другиот дел од објектот, во следниот период ќе следува тендер со повеќе годишна јавна набавка, рече министерот.
Тој се надева дека во многу краток период ќе ја добијат дозволата и до крајот на годината веќе ќе биде завршена реконструкцијата на кровот. Посочи оти е убеден дека со реализација на сите фази од проектот конечно ќе добиеме музејска институција по сите стандарди која што е чувар на нашето културно наследство.
Музејот на Македонија е најстар и најголем во Македонија, кој што го собира, го чува, го проучува и го презентира нашето културно наследство. Музејот е навистина во многу лоша очајна состојба, а тоа покажува низ годините наназад каков третман имаме кон културното наследство и дека иако многу се ветувало во последните години, всушност ништо не се направило за да се подобри состојбата на најстариот Музеј во Македонија, додаде Љутков.
Како што потенцираше, галеријата на икони која што е заштитена како посебно значење од прва категорија, после земјотресот во 2016 година кога имало проблеми со кровот и со протекување, морала да биде преместана и ставена во депоата и да се чува во несоодветни услови.
Има проблеми за вработените кои мора да интервенираат во многу ситуации, а кога зборуваме веќе и за вработените, морам да кажам дека во последните три години имало 30 заминувања во пензија, а всушност е вработено само едно лице. Тоа покажува каков е односот кон нашата култура, традиција, кон нашето културно наследство и односот кон институциите, додаде Љутков.
Тој најави дека во наредниот период, до Новата година, ќе ги посети сите институции кои се под надлежност на Министерство за култура и туризам.
Заедно со стручните лица ќе ги увидиме состојбите и ќе донесеме одлуки и предлози до Влада што треба да се направи најбрзо за да може да се интервенира, да не се направат штети во наредниот период, рече Љутков.
В. д. директорот на Музејот на Македонија Борче Топуковски по посетата со министерот изјави дека се надева со текот на времето Музејот ќе го добие сјајот кој што го заслужува.
Ние ја имаме највредната музејска збирка во државата - тоа е галеријата на икони. Меѓутоа, и другите етнолошки музејски предмети се исто така вредни и се значајни за презентација на нашето културно наследство. Затоа денеска имавме продуктивна средба со министерот, и ние вработените имаме огромна надеж дека ќе тргнеме од мртва точка и дека со текот на времето ќе му го дадеме сјајот на Музејот каков што заслужува, рече Топуковски.
 

The post Љутков: Изработен е проект за темелна реконструкција на Музејот на Македонија, во минатите години не се направило ништо да се подобри состојбата appeared first on Република.

]]>
Љутков од Охрид: Научните стојалишта на македонистите од светот се придонес во афирмацијата на македонскиот идентитет https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/lutkov-od-ohrid-nauchnite-stojalishta-na-makedonistite-od-svetot-se-pridones-vo-afirmatsijata-na-makedonskiot-identitet/ Fri, 16 Aug 2024 16:37:21 +0000 https://republika.mk/?p=807313

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков во своето поздравно обраќање на свеченото отворање на 57. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ во Охрид порача дека „континуираното повеќедецениско одржувањето на оваа школа е потврда за живиот научен интерес за македонскиот јазик како словенски јазик и дел од Балканскиот јазичен сојуз, за преокупацијата не само на лингвистиката туку и на научната мисла воопшто, со неговите корени, историски, јазични и други аспекти“.

Тој додаде дека годинава, кога се чествува големиот јубилеј 75 години од основањето на најстариот државен Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Семинарот кој се одржува во една од колевките на славјанството, во градот полн со духовна и културна симболика, древниот Охрид, ги одбележува и значајните јубилеи на великаните на македонската наука и култура: 150 години од раѓањето на македонскиот великан – филолог, кодификатор, етнограф и публицист Крсте Мисирков; 95 години од раѓањето на поетот, есеист и литературен критичар Гане Тодоровски и 90 години од раѓањето на неповторливиот поет, романописец и драмски автор Петре М. Андреевски.

„Овие дејци имале јасна визија и биле верни чувари на јазикот како врвно национално богатство и суштина на нашиот идентитет и култура. Затоа, чествувањето на овие јубилеи нека претставува поттик за доследно исполнување на светиот завет пред основоположниците на нашата национална култура, јазик и писменост“, рече министерот Љутков.

Поздравувајќи ги еминентните македонисти и слависти од земјата и од странство Љутков рече дека сфаќањето на јазикот како душа на народот, како на наша единствена татковина, и присуството на респектабилен број на учесници, несомнено претставува не само израз на нивниот научен интерес туку и на љубовта кон Република Македонија.

„Затоа, сакам да ги уверам сите дека стојалиштето за јазичните, идентитетските и други важни теми на современото мултикултурно општество на секој објективен и непристрасен научник, раководен искучиво од начелото на научната вистина е многу повредно од кое и да е друго стојалиште што се потпира врз арбитрирани политички, идеолошки или слични аргументи“, рече министерот Зоран Љутков.

Тој изрази убедување дека тие ќе дадат значаен придонес кон изучувањето на македонскиот јазик, а со тоа и кон афирмацијата на нашата нација и националниот идентитет на Република Македонија како членка на меѓународната заедница.

На отворањето во Конгресниот центар на УКИМ во Охрид се обратија и претседателката на државата, Гордана Силјановска Давкова, министерката за образование и наука Весна Јаневска, ректорката на УКИМ, проф. д-р Билјана Ангелова и директорката на МСМЈЛК при УКИМ, проф. д-р Кристина Николовска.

 

 

The post Љутков од Охрид: Научните стојалишта на македонистите од светот се придонес во афирмацијата на македонскиот идентитет appeared first on Република.

]]>

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков во своето поздравно обраќање на свеченото отворање на 57. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ во Охрид порача дека „континуираното повеќедецениско одржувањето на оваа школа е потврда за живиот научен интерес за македонскиот јазик како словенски јазик и дел од Балканскиот јазичен сојуз, за преокупацијата не само на лингвистиката туку и на научната мисла воопшто, со неговите корени, историски, јазични и други аспекти“. Тој додаде дека годинава, кога се чествува големиот јубилеј 75 години од основањето на најстариот државен Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Семинарот кој се одржува во една од колевките на славјанството, во градот полн со духовна и културна симболика, древниот Охрид, ги одбележува и значајните јубилеи на великаните на македонската наука и култура: 150 години од раѓањето на македонскиот великан – филолог, кодификатор, етнограф и публицист Крсте Мисирков; 95 години од раѓањето на поетот, есеист и литературен критичар Гане Тодоровски и 90 години од раѓањето на неповторливиот поет, романописец и драмски автор Петре М. Андреевски. „Овие дејци имале јасна визија и биле верни чувари на јазикот како врвно национално богатство и суштина на нашиот идентитет и култура. Затоа, чествувањето на овие јубилеи нека претставува поттик за доследно исполнување на светиот завет пред основоположниците на нашата национална култура, јазик и писменост“, рече министерот Љутков. Поздравувајќи ги еминентните македонисти и слависти од земјата и од странство Љутков рече дека сфаќањето на јазикот како душа на народот, како на наша единствена татковина, и присуството на респектабилен број на учесници, несомнено претставува не само израз на нивниот научен интерес туку и на љубовта кон Република Македонија. „Затоа, сакам да ги уверам сите дека стојалиштето за јазичните, идентитетските и други важни теми на современото мултикултурно општество на секој објективен и непристрасен научник, раководен искучиво од начелото на научната вистина е многу повредно од кое и да е друго стојалиште што се потпира врз арбитрирани политички, идеолошки или слични аргументи“, рече министерот Зоран Љутков. Тој изрази убедување дека тие ќе дадат значаен придонес кон изучувањето на македонскиот јазик, а со тоа и кон афирмацијата на нашата нација и националниот идентитет на Република Македонија како членка на меѓународната заедница. На отворањето во Конгресниот центар на УКИМ во Охрид се обратија и претседателката на државата, Гордана Силјановска Давкова, министерката за образование и наука Весна Јаневска, ректорката на УКИМ, проф. д-р Билјана Ангелова и директорката на МСМЈЛК при УКИМ, проф. д-р Кристина Николовска.    

The post Љутков од Охрид: Научните стојалишта на македонистите од светот се придонес во афирмацијата на македонскиот идентитет appeared first on Република.

]]>
„Галичка свадба“ е чувар на македонскиот културен и национален идентитет https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/galichka-svadba-e-chuvar-na-makedonskiot-kulturen-i-natsionalen-identitet/ Sun, 14 Jul 2024 17:28:02 +0000 https://republika.mk/?p=796758

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, присуствуваше на традиционалната манифестација „Галичка свадба“, каде што на младенците, Стефана Димитрова и Даријан Кочоски, им го честиташе бракот со најубави желби за среќна иднина.

Оваа манифестација игра огромна улога во зачувувањето и афирмацијата на оригиналниот фолклор, традиционалните вредности, архитектурата и народното творештво, како темели на нашиот културен и национален идентитет“, вели министерот Љутков.

Тој ги потенцира свадбарските обичаи и ритуали, богатиот колорит на народните носии, изворните песни и автентичните ора на „Галичка свадба“ како едни од најавтентичните обичаи во македонскиот фолклор и нематеријално културно добро со огромно значење за државата.

„Галичка свадба“ е атрактивна манифестација која привлекува голем број домашни и странски гости. Свадбарските обичаи започнаа вчера со обредот „фрлање три пушки“ и со „виорење на свадбениот бајрак“. Вчеравечер настап имаше и Националниот ансамбл „Танец“, кој го изведе „Тешкото“ – препознатливото оро за печалбарскиот Галичник.

Галичник и оваа година со успех ја афирмира богатата и уникатна традиција на свадбарските обреди, кои продолжија денеска на денот на венчавката на младенците во црквата во Галичник, а свеченоста ќе заврши со испраќање на тапанџиите и зурлаџиите, како финале на уште едно издание на единствената манифестација „Галичка свадба“.

фото: Министерство за култура и туризам

The post „Галичка свадба“ е чувар на македонскиот културен и национален идентитет appeared first on Република.

]]>

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, присуствуваше на традиционалната манифестација „Галичка свадба“, каде што на младенците, Стефана Димитрова и Даријан Кочоски, им го честиташе бракот со најубави желби за среќна иднина.
Оваа манифестација игра огромна улога во зачувувањето и афирмацијата на оригиналниот фолклор, традиционалните вредности, архитектурата и народното творештво, како темели на нашиот културен и национален идентитет“, вели министерот Љутков.
Тој ги потенцира свадбарските обичаи и ритуали, богатиот колорит на народните носии, изворните песни и автентичните ора на „Галичка свадба“ како едни од најавтентичните обичаи во македонскиот фолклор и нематеријално културно добро со огромно значење за државата. „Галичка свадба“ е атрактивна манифестација која привлекува голем број домашни и странски гости. Свадбарските обичаи започнаа вчера со обредот „фрлање три пушки“ и со „виорење на свадбениот бајрак“. Вчеравечер настап имаше и Националниот ансамбл „Танец“, кој го изведе „Тешкото“ – препознатливото оро за печалбарскиот Галичник. Галичник и оваа година со успех ја афирмира богатата и уникатна традиција на свадбарските обреди, кои продолжија денеска на денот на венчавката на младенците во црквата во Галичник, а свеченоста ќе заврши со испраќање на тапанџиите и зурлаџиите, како финале на уште едно издание на единствената манифестација „Галичка свадба“. фото: Министерство за култура и туризам

The post „Галичка свадба“ е чувар на македонскиот културен и национален идентитет appeared first on Република.

]]>
Ново откритие во „Тумба Маџари“, локалитетот ќе се прогласи за културно наследство од особено значење, најави министерот за култура и туризам Зоран Љутков https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/novo-otkritie-vo-tumba-madhari-lokalitetot-ke-se-proglasi-za-kulturno-nasledstvo-od-osobeno-znachene-najavi-ministerot-za-kultura-i-turizam-zoran-lutkov/ Thu, 04 Jul 2024 12:42:32 +0000 https://republika.mk/?p=793433

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков денеска од неолитскиот локалитет „Тумба Маџари“ ја информираше јавноста за новото откритие од актуелните археолошки истражувања, фигурина од типот на „Голема Мајка“.

Новооткриената фигурина, заедно со уште една амфора, се значајни предмети кои ја збогатуваат ризницата на раритетни откритија на тлото на државата и даваат посебна ексклузивност на македонската археологија, историја и култура“, рече министерот Љутков.

Тој додаде дека за Министерството за култура и туризам, новите откритија се важни и во насока на тоа што укажуваат дека границите на локалитетот се прошируваат.

Жалам што во годините наназад археолошки истражувања биле во застој, се определувале средства само за одржување, но како што сум информиран веќе е изготвен Елаборат за валоризација на локалитетот и Министерството за култура и туризам ќе даде силна поддршка во заштитата на културното наследство како наш врвен приоритет.

Овој локалитет ќе се прогласи за културно наследство од особено значење и ‘Тумба Маџари’, како дел од урбано Скопје, повидливо ќе се стави и во функција на културниот туризам“, истакна Љутков, кој додаде дека вгодина, ќе бидат зголемени минималните средства кои годинава се определни за поддршка на археолошките истражувања на локалитетот.

Министерот Љутков го истакна партнерскиот однос на Археолошкиот музеј и Општина Газа Баба во одржувањето на вредниот локалитет, и посочи дека грижата за „Тумба Маџари“ е успешен пример на соработка помеѓу централните установи и локалната самоуправа.

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски изрази задоволство од продолжување на истражувањата на локалитетот и новите откритија, додавајќи дека тие продолжуваат со негова афирмација и промоција надвор од границите на државата.

Тој ја поддржа иницијативана на Министерството за прогласување на локалитетот за културно наследство од особено значење што, како што рече ќе обезбеди трајна заштита на ова непроценливо културно наследство.

Директорката на Археолошкиот музеј, Славица Бабамова, во годината во која Музејот одбележува 100 години од своето формирање, му врачи награда на градоначалникот Стефковски, за децениската поддршка што ја добиваат во заштитата на првиот музеј под отворено небо.

Со оглед на тоа што археолошките истражувања на локалитетот годинава продолжуваат по 10 годишен застој, раководителката на проектот, археологот Елена Стојанова-Канзурова, посочи на уникатноста на наодите од Скопскиот и од Пелагонискиот регион од неолитскиот период во светски рамки, и токму поради тоа најави апликација за нивно впишување на листата на светско културно наследство на УНЕСКО.

 

The post Ново откритие во „Тумба Маџари“, локалитетот ќе се прогласи за културно наследство од особено значење, најави министерот за култура и туризам Зоран Љутков appeared first on Република.

]]>

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков денеска од неолитскиот локалитет „Тумба Маџари“ ја информираше јавноста за новото откритие од актуелните археолошки истражувања, фигурина од типот на „Голема Мајка“.
Новооткриената фигурина, заедно со уште една амфора, се значајни предмети кои ја збогатуваат ризницата на раритетни откритија на тлото на државата и даваат посебна ексклузивност на македонската археологија, историја и култура“, рече министерот Љутков.
Тој додаде дека за Министерството за култура и туризам, новите откритија се важни и во насока на тоа што укажуваат дека границите на локалитетот се прошируваат.
Жалам што во годините наназад археолошки истражувања биле во застој, се определувале средства само за одржување, но како што сум информиран веќе е изготвен Елаборат за валоризација на локалитетот и Министерството за култура и туризам ќе даде силна поддршка во заштитата на културното наследство како наш врвен приоритет. Овој локалитет ќе се прогласи за културно наследство од особено значење и ‘Тумба Маџари’, како дел од урбано Скопје, повидливо ќе се стави и во функција на културниот туризам“, истакна Љутков, кој додаде дека вгодина, ќе бидат зголемени минималните средства кои годинава се определни за поддршка на археолошките истражувања на локалитетот.
Министерот Љутков го истакна партнерскиот однос на Археолошкиот музеј и Општина Газа Баба во одржувањето на вредниот локалитет, и посочи дека грижата за „Тумба Маџари“ е успешен пример на соработка помеѓу централните установи и локалната самоуправа. Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски изрази задоволство од продолжување на истражувањата на локалитетот и новите откритија, додавајќи дека тие продолжуваат со негова афирмација и промоција надвор од границите на државата. Тој ја поддржа иницијативана на Министерството за прогласување на локалитетот за културно наследство од особено значење што, како што рече ќе обезбеди трајна заштита на ова непроценливо културно наследство. Директорката на Археолошкиот музеј, Славица Бабамова, во годината во која Музејот одбележува 100 години од своето формирање, му врачи награда на градоначалникот Стефковски, за децениската поддршка што ја добиваат во заштитата на првиот музеј под отворено небо. Со оглед на тоа што археолошките истражувања на локалитетот годинава продолжуваат по 10 годишен застој, раководителката на проектот, археологот Елена Стојанова-Канзурова, посочи на уникатноста на наодите од Скопскиот и од Пелагонискиот регион од неолитскиот период во светски рамки, и токму поради тоа најави апликација за нивно впишување на листата на светско културно наследство на УНЕСКО.  

The post Ново откритие во „Тумба Маџари“, локалитетот ќе се прогласи за културно наследство од особено значење, најави министерот за култура и туризам Зоран Љутков appeared first on Република.

]]>