минимална кошница Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/minimalna-koshnitsa/ За подобро да се разбереме Tue, 22 Oct 2024 11:07:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png минимална кошница Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/minimalna-koshnitsa/ 32 32 За основен живот во Македонија потребни се 61.249,00 денари https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/za-osnoven-zhivot-vo-makedonija-potrebni-se-61-249-00-denari/ Tue, 22 Oct 2024 11:07:53 +0000 https://republika.mk/?p=829773

Сојузот на синдикатите на Македонија(ССМ) ја пресмета вредноста на синдикалната минимална кошница за месец октомври 2024 година. За едно четиричлено семејство да може основно да живее му се потребни 61 249,00 денари, и споредена со месец септември е пониска за само 57 денари.

Доколку се изнајмува стан од 60 м2, за октомври кошницата изнесува 76.624,00 денари.

Според првиот човек на ССМ, Слободан Трендафилов, иако мерката на Владата за ограничување на висината на маржите даде дел од посакуваниот резултат, алчноста на трговците е поголема и државата под итно треба да ги заузда.

ССМ бараат Владата да ги вклучи при креирање на мерките за тие да бидат подобри, и дека потребни се поголеми контроли, а доколку е потребно и казни за несовесните трговци кои се богатат на грбот на работниците и граѓаните.

The post За основен живот во Македонија потребни се 61.249,00 денари appeared first on Република.

]]>

Сојузот на синдикатите на Македонија(ССМ) ја пресмета вредноста на синдикалната минимална кошница за месец октомври 2024 година. За едно четиричлено семејство да може основно да живее му се потребни 61 249,00 денари, и споредена со месец септември е пониска за само 57 денари. Доколку се изнајмува стан од 60 м2, за октомври кошницата изнесува 76.624,00 денари. Според првиот човек на ССМ, Слободан Трендафилов, иако мерката на Владата за ограничување на висината на маржите даде дел од посакуваниот резултат, алчноста на трговците е поголема и државата под итно треба да ги заузда. ССМ бараат Владата да ги вклучи при креирање на мерките за тие да бидат подобри, и дека потребни се поголеми контроли, а доколку е потребно и казни за несовесните трговци кои се богатат на грбот на работниците и граѓаните.

The post За основен живот во Македонија потребни се 61.249,00 денари appeared first on Република.

]]>
Минималната синдикална кошница во август е поскапа за 629 денари во однос на јули и сега изнесува 61.199 денари https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/minimalnata-sindikalna-koshnitsa-vo-avgust-e-poskapa-za-629-denari-vo-odnos-na-juli-i-sega-iznesuva-61-199-denari/ Tue, 20 Aug 2024 10:53:19 +0000 https://republika.mk/?p=808259

За 629 денари се зголемиле минималните месечни трошоци на едно семејство во август во споредба со јули, објави денеска Сојузот на синдикати на Македонија, кој ја изработува синдикалната минимална кошница. Според пресметките на ССМ, во август вредноста на минималната кошница изнесувала 61.199 денари.

Во периодот од јануари до август, минималната кошница е зголемена за 4.036 денари, а од кога се пресметува по новата методологија, односно од декември лани до август годинава за 4.677 денари.

Податоците од Синдикалната минимална кошница покажуваат дека и без зголемување на платите, трошоците за живот вртоглаво растат, нема оправдување за тоа, а истото никој не се обидува да го спречи, а ги прави граѓаните, работниците и пензионерите уште посиромашни. Податоците од Синдикалната минимална кошница треба да ги разбијат дилемите на сите оние кои мислат дека работничките плати се највиновни за растот на инфлацијата односно растот на трошоците за живот. Само со зголемување на платите може да се зачува животниот стандард на работниците и токму затоа барањата на работниците за зголемување на платите се оправдани, велат од ССМ.

Државниот завод за статистика измери инфлација во јули од три проценти на годишно ниво.

 

The post Минималната синдикална кошница во август е поскапа за 629 денари во однос на јули и сега изнесува 61.199 денари appeared first on Република.

]]>

За 629 денари се зголемиле минималните месечни трошоци на едно семејство во август во споредба со јули, објави денеска Сојузот на синдикати на Македонија, кој ја изработува синдикалната минимална кошница. Според пресметките на ССМ, во август вредноста на минималната кошница изнесувала 61.199 денари. Во периодот од јануари до август, минималната кошница е зголемена за 4.036 денари, а од кога се пресметува по новата методологија, односно од декември лани до август годинава за 4.677 денари.
Податоците од Синдикалната минимална кошница покажуваат дека и без зголемување на платите, трошоците за живот вртоглаво растат, нема оправдување за тоа, а истото никој не се обидува да го спречи, а ги прави граѓаните, работниците и пензионерите уште посиромашни. Податоците од Синдикалната минимална кошница треба да ги разбијат дилемите на сите оние кои мислат дека работничките плати се највиновни за растот на инфлацијата односно растот на трошоците за живот. Само со зголемување на платите може да се зачува животниот стандард на работниците и токму затоа барањата на работниците за зголемување на платите се оправдани, велат од ССМ.
Државниот завод за статистика измери инфлација во јули од три проценти на годишно ниво.  

The post Минималната синдикална кошница во август е поскапа за 629 денари во однос на јули и сега изнесува 61.199 денари appeared first on Република.

]]>
Минималната кошница за јули е 48.620 денари https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/minimalnata-koshnitsa-za-juli-e-48-620-denari/ Tue, 08 Aug 2023 19:39:33 +0000 https://republika.mk/?p=670138

Во јули годинава на едно четиричлено семејство му биле неопходни 48.620 денари за задоволување на минималната синдикална кошница, покажуваат пресметките на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ).

Од нив 20.004 денари или 44,6 отсто биле неопходни за исхрана и пијалаци, 13.664 денари, односно 30,46 отсто за домување, 3,247 денари или 7,24 отсто за хигиена, 3,720 денари или 8,29 отсто за превоз, 2.327 денари за облека и обувки, 1.068 денари за култура и 822 денари за одржување на здравје. Вкупно за сите потреби биле потребни 44.853 денари, а кога на тоа ќе се додадат трошоците на животот 3.768 денари или поточно инфлацијата од 8,4 отсто се доаѓа до сумата од 48.620 денари.

-Иако се намалува инфлацијата од месец за месец и за јули изнесува 8,4 отсто, сепак минималната кошница е зголемена од претходниот месец јуни за 441,00 денар. Тоа зголемување го трпат работниците и граѓаните во оваа држава, а најголемо зголемување има во домување односно комунални трошоци за 2,4 отсто и кај исхрана и пијалаци за еден отсто, велат од ССМ.

 

The post Минималната кошница за јули е 48.620 денари appeared first on Република.

]]>

Во јули годинава на едно четиричлено семејство му биле неопходни 48.620 денари за задоволување на минималната синдикална кошница, покажуваат пресметките на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ). Од нив 20.004 денари или 44,6 отсто биле неопходни за исхрана и пијалаци, 13.664 денари, односно 30,46 отсто за домување, 3,247 денари или 7,24 отсто за хигиена, 3,720 денари или 8,29 отсто за превоз, 2.327 денари за облека и обувки, 1.068 денари за култура и 822 денари за одржување на здравје. Вкупно за сите потреби биле потребни 44.853 денари, а кога на тоа ќе се додадат трошоците на животот 3.768 денари или поточно инфлацијата од 8,4 отсто се доаѓа до сумата од 48.620 денари. -Иако се намалува инфлацијата од месец за месец и за јули изнесува 8,4 отсто, сепак минималната кошница е зголемена од претходниот месец јуни за 441,00 денар. Тоа зголемување го трпат работниците и граѓаните во оваа држава, а најголемо зголемување има во домување односно комунални трошоци за 2,4 отсто и кај исхрана и пијалаци за еден отсто, велат од ССМ.  

The post Минималната кошница за јули е 48.620 денари appeared first on Република.

]]>