минимална кошничка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/minimalna-koshnichka/ За подобро да се разбереме Thu, 28 Dec 2023 13:17:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png минимална кошничка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/minimalna-koshnichka/ 32 32 Трошоците за основни потреби на четиричлено семејство, според новата пресметка, чинат 56.522 денари https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/troshotsite-za-osnovni-potrebi-na-chetirichleno-semejstvo-spored-novata-presmetka-chinat-56-522-denari/ Thu, 28 Dec 2023 13:17:01 +0000 https://republika.mk/?p=727530

Сојузот на синдикати на Македонија ја презентираше новата методологија на синдикалната минимална кошница, која ќе претставува основa по којa синдикатите од 2024 година ќе се залагаат за зголемување на платите на работниците.

Според пресметката на професорите и поранешни министри за финансии кои ја изработија новата синдикална минимална кошница, Никола Поповски и Драган Тевдовски, за основните потреби на семејство од двајца родители и две деца кои се ученици потребни се 56.522 денари.

Структурата на кошницата, која не е променета од 2011 година, сега има четири нови ставки или вкупно 11.

На презентацијата беше посочено дека потешко им е на семејствата кои плаќаат кирија, бидејќи нивната синдикална кошница е поскапа 21.324 денари поради трошоците за станарина, вода, струја и греење.

Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов го истакна значењето на синдикалната минимална кошничка, за која рече, дека нејзиното воведување во 2011 година било основ за донесување на нов закон за минимална плата. Синдикалната минимална кошничка, вели Трендафилов, пред неколку години беше главен аргумент за зголемување на минималната плата за 2806 денари, подоцна за 2175 денари, како и според направените пресметки за 2.500 денари во март наредната година.

-Минатиот период се изнаслушавме критики околу пресметката на синдикалната кошничка, затоа се одлучивме да ангажираме одлични експерти во својата област, поранешни министри за финансии, кои ќе дадат значаен придонес за начинот по кој ние ќе ја креираме новата методологија за синдикаланта минимална кошничка и која ќе ги претставува основните потреби на едно четиричлено домаќинство, посочи Трендафилов.

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, која беше присутна на презентацијата, истакна дека е задоволна што во нејзиниот мандат се направени значајни исчекори во подобрување на правата на работниците, посочувајќи на недела неработен ден, новиот предлог Закон за работни односи, новиот колективен договор, како и Законот за минимална плата.

The post Трошоците за основни потреби на четиричлено семејство, според новата пресметка, чинат 56.522 денари appeared first on Република.

]]>

Сојузот на синдикати на Македонија ја презентираше новата методологија на синдикалната минимална кошница, која ќе претставува основa по којa синдикатите од 2024 година ќе се залагаат за зголемување на платите на работниците. Според пресметката на професорите и поранешни министри за финансии кои ја изработија новата синдикална минимална кошница, Никола Поповски и Драган Тевдовски, за основните потреби на семејство од двајца родители и две деца кои се ученици потребни се 56.522 денари. Структурата на кошницата, која не е променета од 2011 година, сега има четири нови ставки или вкупно 11. На презентацијата беше посочено дека потешко им е на семејствата кои плаќаат кирија, бидејќи нивната синдикална кошница е поскапа 21.324 денари поради трошоците за станарина, вода, струја и греење. Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов го истакна значењето на синдикалната минимална кошничка, за која рече, дека нејзиното воведување во 2011 година било основ за донесување на нов закон за минимална плата. Синдикалната минимална кошничка, вели Трендафилов, пред неколку години беше главен аргумент за зголемување на минималната плата за 2806 денари, подоцна за 2175 денари, како и според направените пресметки за 2.500 денари во март наредната година. -Минатиот период се изнаслушавме критики околу пресметката на синдикалната кошничка, затоа се одлучивме да ангажираме одлични експерти во својата област, поранешни министри за финансии, кои ќе дадат значаен придонес за начинот по кој ние ќе ја креираме новата методологија за синдикаланта минимална кошничка и која ќе ги претставува основните потреби на едно четиричлено домаќинство, посочи Трендафилов. Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, која беше присутна на презентацијата, истакна дека е задоволна што во нејзиниот мандат се направени значајни исчекори во подобрување на правата на работниците, посочувајќи на недела неработен ден, новиот предлог Закон за работни односи, новиот колективен договор, како и Законот за минимална плата.

The post Трошоците за основни потреби на четиричлено семејство, според новата пресметка, чинат 56.522 денари appeared first on Република.

]]>
Минималната кошничка во декември поскапела во однос на ноември https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/minimalna-koshnichka-vo-dekemvri-poskapela-vo-odnos-na-noemvri/ Mon, 10 Jan 2022 14:00:50 +0000 https://republika.mk/?p=442625

За околу 150 денари се зголемени минималните трошоци на едно семејство во декември во однос на ноември, покажуваат пресметките на Сојузот на синдикати на Македонија, кој секој месец ја објавува вредноста на минималната синдикална кошничка.

Според пресметките на Синдикатот, за храна и пијалоци, во декември биле потребни минимум 15.091 денар, а за режиски трошоци 10.930 денари. За превоз, минималните трошоци изнесувале 2.633 денари, а за хигиена 2.397 денари.

Споредено со последно објавените податоци на Државниот завод за статистика за просечна нето плата исплатена во октомври, минималните трошоци се повисоки за 5.848 денари.

The post Минималната кошничка во декември поскапела во однос на ноември appeared first on Република.

]]>

За околу 150 денари се зголемени минималните трошоци на едно семејство во декември во однос на ноември, покажуваат пресметките на Сојузот на синдикати на Македонија, кој секој месец ја објавува вредноста на минималната синдикална кошничка. Според пресметките на Синдикатот, за храна и пијалоци, во декември биле потребни минимум 15.091 денар, а за режиски трошоци 10.930 денари. За превоз, минималните трошоци изнесувале 2.633 денари, а за хигиена 2.397 денари. Споредено со последно објавените податоци на Државниот завод за статистика за просечна нето плата исплатена во октомври, минималните трошоци се повисоки за 5.848 денари.

The post Минималната кошничка во декември поскапела во однос на ноември appeared first on Република.

]]>