мини танцов фестивал Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mini-tantsov-festival/ За подобро да се разбереме Tue, 20 Jun 2023 08:10:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png мини танцов фестивал Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mini-tantsov-festival/ 32 32 ФМУ организира мини танцов фестивал https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/fmu-organizira-mini-tantsov-festival/ Tue, 20 Jun 2023 08:10:15 +0000 https://republika.mk/?p=653271

Факултетот за музичка уметност (ФМУ) - Скопје од денеска до 24 јуни првпат организира мини танцов фестивал „Creadance Dance: Вечери на класичен и современ танц“ чија цел е да се овозможи претставување на студентите на ФМУ од катедрата за балетска педагогија и алумните на факултетот.

Покрај тоа, концептот ги соединува идните студенти и професионалниот танцова кадар. Конципиран е во два изведувачки блока односно во две концертни вечери, соопшти ФМУ.

На малата сцена на Нацоналната опера и балет вечер од 19.30 часот ќе биде презентиран современиот танц од студентите на ФМУ со учество на учениците од ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“. Ексклузивен гостин на вечерта е поранешниот студент на ФМУ, Бојан Мицев, и неговата партнерка Амбре Твардовски со која се дел од Оснабрук танцовата компанија во Германија.

Втората вечер од фестивалот, која ќе се одржи на 24 јуни од 20 часот на големата сцена на НОБ, е со доминантно класична балетска програма. Покрај студентите, ќе настапат истакнати солисти од НОБ - Христина Наќевска и Балаж Лочеи и ученици од средното балетско училиште.

Круна на целиот фестивал е настапот на нашиот реномиран балетски играч Марко Мицов и неговата партнерка Маризе Фумеро од Милвоки балет компанијата од САД. На фестивалот ќе бидат доделени награди за млади надежи и трајни вредности во танцовата уметност на Македонија, соопшти Факултетот за музичка уметност.

Мини танцовиот фестивал е поддржан од Министерството за култура. Влезот за посетители е слободен.

The post ФМУ организира мини танцов фестивал appeared first on Република.

]]>

Факултетот за музичка уметност (ФМУ) - Скопје од денеска до 24 јуни првпат организира мини танцов фестивал „Creadance Dance: Вечери на класичен и современ танц“ чија цел е да се овозможи претставување на студентите на ФМУ од катедрата за балетска педагогија и алумните на факултетот.
Покрај тоа, концептот ги соединува идните студенти и професионалниот танцова кадар. Конципиран е во два изведувачки блока односно во две концертни вечери, соопшти ФМУ.
На малата сцена на Нацоналната опера и балет вечер од 19.30 часот ќе биде презентиран современиот танц од студентите на ФМУ со учество на учениците од ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“. Ексклузивен гостин на вечерта е поранешниот студент на ФМУ, Бојан Мицев, и неговата партнерка Амбре Твардовски со која се дел од Оснабрук танцовата компанија во Германија. Втората вечер од фестивалот, која ќе се одржи на 24 јуни од 20 часот на големата сцена на НОБ, е со доминантно класична балетска програма. Покрај студентите, ќе настапат истакнати солисти од НОБ - Христина Наќевска и Балаж Лочеи и ученици од средното балетско училиште.