Мина Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mina/ За подобро да се разбереме Fri, 01 Dec 2023 08:58:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Мина Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mina/ 32 32 Руски генерал загина во експлозија на мина во Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ruski-general-zagina-vo-eksplozija-na-mina-vo-ukraina/ Fri, 01 Dec 2023 20:53:46 +0000 https://republika.mk/?p=718210

Рускиот генерал Владимир Завадски загинал во експлозија на мина во Украина, објавија медиумите повикувајќи се на извори блиски до Кремљ.

Генерал-мајор Завадски (45) беше заменик командант на 14. армиски корпус.

Руското Министерство за одбрана не излезе со соопштение за ова.

Се верува дека најмалку шест руски генерали загинале од почетокот на инвазијата на Москва на Украина во февруари 2022 година.

The post Руски генерал загина во експлозија на мина во Украина appeared first on Република.

]]>

Рускиот генерал Владимир Завадски загинал во експлозија на мина во Украина, објавија медиумите повикувајќи се на извори блиски до Кремљ. Генерал-мајор Завадски (45) беше заменик командант на 14. армиски корпус. Руското Министерство за одбрана не излезе со соопштение за ова. Се верува дека најмалку шест руски генерали загинале од почетокот на инвазијата на Москва на Украина во февруари 2022 година.

The post Руски генерал загина во експлозија на мина во Украина appeared first on Република.

]]>
Промоција на романот „Мина“ од Игор Анѓелков https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/promotsija-na-romanot-mina-od-igor-angelkov/ Thu, 14 Sep 2023 09:13:14 +0000 https://republika.mk/?p=681808

Утревечер, петок, 15 септември, со почеток во 19 часот во кафе-книжарницата „Буква“, ќе се одржи промоцијата на романот „Мина“ од Игор Анѓелков. Промотори ќе бидат Ана Мартиноска и Максим Ристески, кои низ разговор со авторот ќе се обидат да дојдат до суштината на ова дело, кое беше објавено во мај како 222 издание во едицијата „ПРОаЗА“ на издавачката куќа „Или-Или“. Ова е шеста прозна книга на писателот, а негов четврти роман. Промоцијата е воведен настан на фестивалот „АртАреа“, кој за време на викендот нуди и други возбудливи книжевни доживувања.

Се обидов да напишам роман кој ќе биде голем како и самиот живот. За таа цел се повикав на сеќавањата кои се најповикуваното и најпосакуваното задоволство за писателите. Тие ми помогнаа да антиципирам еден книжевен став за некои минати времиња кои ги детерминираат овие во кои живуркаме денес и овде. Како централен лик земав жена-борец која всушност е комплетен аутсајдер, но јас верувам во моќта на „малиот“ човек, бидејќи не секогаш низ книжевноста и уметноста мора да се третираат приказните на значајните историски фигури или личности од нивната блиска околина за да се пренесе одредена книжевна „вистина“. Паралелно со ова во книгата се одвиваат и размислувањата за тоа што значи да се биде писател денес и овде, во овој контекст во кој живееме, а самата книжевност е прекрасна платформа за тоа, бидејќи таа остана последниоит бастион каде слободно може да се трага по вистинската вистина, вели Анѓелков.

Според промотерката на романот, Ана Мартиноска, покрај мотивските автобиографски поклопувања од една и автопоетичките промислувања од друга страна, она што останува како константа е дека во „Мина“, Игор Анѓелков повторно го потврдува она што во една прилика го означивме како непретенциозен стил кој „едновремено успева да биде и длабок, и ангажиран, и актуелен, и компактен во изразот, и искрен до коска“.

Со здрава доза на фантазија свртувајќи се кон минатото, ама со акцент на она што ја детерминира сегашноста, препознавајќи ја својата сила во едноставноста на раскажувањето, Анѓелков одново нè заробува во имагинативна и емотивна, тематски комплексна и слоевита нарација, вели Мартиноска.

Игор Анѓелков (1974) дипломирал на Интердисциплинарните студии по новинарство, а
магистрирал на мастер студиите по „Медиуми и комуникации“ на Правниот факултет при
Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Веќе две ипол децении активно е присутен во периодиката со низа критички осврти и рецензии од областа на филмот, музиката, книжевноста, уметноста... Неговите текстови можат да се прочитаат на www.herojnaedenden.mk. Официјалното книжевно деби го имаше со збирката раскази „Кротки приказни“ (2006), a потоа следеа и романите „Крај-пат“ (2010), „Фото синтеза“ (2013) и „Шрапнел“ (2020) (последните два беа финалисти за „Рациновото признание“). Минатата година ја објави збирката раскази „Двојна експозиција“ (2022). Анѓелков зад себе има и три дела од областа на филмската есеистика: „Филм.мкд“ (2015, Државната награда за публицистика „Мито Хаџивасилев Јасмин“), „Филмски град“ (2018) и „Филмотопија“ (2022).

The post Промоција на романот „Мина“ од Игор Анѓелков appeared first on Република.

]]>

Утревечер, петок, 15 септември, со почеток во 19 часот во кафе-книжарницата „Буква“, ќе се одржи промоцијата на романот „Мина“ од Игор Анѓелков. Промотори ќе бидат Ана Мартиноска и Максим Ристески, кои низ разговор со авторот ќе се обидат да дојдат до суштината на ова дело, кое беше објавено во мај како 222 издание во едицијата „ПРОаЗА“ на издавачката куќа „Или-Или“. Ова е шеста прозна книга на писателот, а негов четврти роман. Промоцијата е воведен настан на фестивалот „АртАреа“, кој за време на викендот нуди и други возбудливи книжевни доживувања.
Се обидов да напишам роман кој ќе биде голем како и самиот живот. За таа цел се повикав на сеќавањата кои се најповикуваното и најпосакуваното задоволство за писателите. Тие ми помогнаа да антиципирам еден книжевен став за некои минати времиња кои ги детерминираат овие во кои живуркаме денес и овде. Како централен лик земав жена-борец која всушност е комплетен аутсајдер, но јас верувам во моќта на „малиот“ човек, бидејќи не секогаш низ книжевноста и уметноста мора да се третираат приказните на значајните историски фигури или личности од нивната блиска околина за да се пренесе одредена книжевна „вистина“. Паралелно со ова во книгата се одвиваат и размислувањата за тоа што значи да се биде писател денес и овде, во овој контекст во кој живееме, а самата книжевност е прекрасна платформа за тоа, бидејќи таа остана последниоит бастион каде слободно може да се трага по вистинската вистина, вели Анѓелков.
Според промотерката на романот, Ана Мартиноска, покрај мотивските автобиографски поклопувања од една и автопоетичките промислувања од друга страна, она што останува како константа е дека во „Мина“, Игор Анѓелков повторно го потврдува она што во една прилика го означивме како непретенциозен стил кој „едновремено успева да биде и длабок, и ангажиран, и актуелен, и компактен во изразот, и искрен до коска“.
Со здрава доза на фантазија свртувајќи се кон минатото, ама со акцент на она што ја детерминира сегашноста, препознавајќи ја својата сила во едноставноста на раскажувањето, Анѓелков одново нè заробува во имагинативна и емотивна, тематски комплексна и слоевита нарација, вели Мартиноска.
Игор Анѓелков (1974) дипломирал на Интердисциплинарните студии по новинарство, а магистрирал на мастер студиите по „Медиуми и комуникации“ на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Веќе две ипол децении активно е присутен во периодиката со низа критички осврти и рецензии од областа на филмот, музиката, книжевноста, уметноста... Неговите текстови можат да се прочитаат на www.herojnaedenden.mk. Официјалното книжевно деби го имаше со збирката раскази „Кротки приказни“ (2006), a потоа следеа и романите „Крај-пат“ (2010), „Фото синтеза“ (2013) и „Шрапнел“ (2020) (последните два беа финалисти за „Рациновото признание“). Минатата година ја објави збирката раскази „Двојна експозиција“ (2022). Анѓелков зад себе има и три дела од областа на филмската есеистика: „Филм.мкд“ (2015, Државната награда за публицистика „Мито Хаџивасилев Јасмин“), „Филмски град“ (2018) и „Филмотопија“ (2022).

The post Промоција на романот „Мина“ од Игор Анѓелков appeared first on Република.

]]>
„Мина“ – нов роман на Игор Анѓелков https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/mina-nov-roman-na-igor-angelkov/ Thu, 04 May 2023 18:57:29 +0000 https://republika.mk/?p=637053

Деновиве од печат излезе новиот роман „Мина“ од Игор Анѓелков, како 222 издание во едицијата „ПРОаЗА“ на издавачката куќа ИЛИ-ИЛИ. По збирката раскази „Двојна експозиција“ објавена минатиот септември, ова е четврти роман, а вкупно шеста прозна книга на авторот, роман со мирис на чај од тегавец, вкус на палачинки со шеќер, завиен во плетен џемпер, со календарче под перница… како што гласи поднасловот на книгата.

Ана Мартиноска во поговорот насловен „Експлозивна семејна сага за ретка жена со ретко име“ пишува:

Покрај мотивските автобиографски поклопувања од една и автопоетичките промислувања од друга страна, она што останува како константа е дека во „Мина“ Игор Анѓелков повторно го потврдува она што во една прилика го означивме како непретенциозен стил кој „едновремено успева да биде и длабок, и ангажиран, и актуелен, и компактен во изразот, и искрен до коска“. Со здрава доза на фантазија свртувајќи се кон минатото, ама со акцент на она што ја детерминира сегашноста, препознавајќи ја својата сила во едноставноста на раскажувањето, Анѓелков одново нè заробува во имагинативна и емотивна, тематски комплексна и слоевита нарација.

Покрај навигирањето низ овие лавиринти низ туѓата приказна, она што за секој читател е веројатно најважно е дека оваа книга ќе ве упати на зрело преиспитување на сопственото семејно наследство кое, сакале да признаеме или не, ја одредува насоката на нашата, лична животна авантура и со тоа, нé потсетува на сопствената минливост. Од сите овие причини, и уште многу кои допрва ќе ги откриваме со секое следно препрочитување, сé појасно станува дека секое ново дело на Анѓелков веќе нема да се чита исклучиво само по себе, туку и како дел од еден поголем циклус на дела кои создаваат една голема книжевна приказна или дури и во контекст на комплетниот опус на авторот“.

Деновиве Анѓелков ќе ја промовира и потпишува книгата на штандот на ИЛИ-ИЛИ на актуелниот Саем на книгата во „Борис Трајковски“.

The post „Мина“ – нов роман на Игор Анѓелков appeared first on Република.

]]>

Деновиве од печат излезе новиот роман „Мина“ од Игор Анѓелков, како 222 издание во едицијата „ПРОаЗА“ на издавачката куќа ИЛИ-ИЛИ. По збирката раскази „Двојна експозиција“ објавена минатиот септември, ова е четврти роман, а вкупно шеста прозна книга на авторот, роман со мирис на чај од тегавец, вкус на палачинки со шеќер, завиен во плетен џемпер, со календарче под перница… како што гласи поднасловот на книгата. Ана Мартиноска во поговорот насловен „Експлозивна семејна сага за ретка жена со ретко име“ пишува:
Покрај мотивските автобиографски поклопувања од една и автопоетичките промислувања од друга страна, она што останува како константа е дека во „Мина“ Игор Анѓелков повторно го потврдува она што во една прилика го означивме како непретенциозен стил кој „едновремено успева да биде и длабок, и ангажиран, и актуелен, и компактен во изразот, и искрен до коска“. Со здрава доза на фантазија свртувајќи се кон минатото, ама со акцент на она што ја детерминира сегашноста, препознавајќи ја својата сила во едноставноста на раскажувањето, Анѓелков одново нè заробува во имагинативна и емотивна, тематски комплексна и слоевита нарација. Покрај навигирањето низ овие лавиринти низ туѓата приказна, она што за секој читател е веројатно најважно е дека оваа книга ќе ве упати на зрело преиспитување на сопственото семејно наследство кое, сакале да признаеме или не, ја одредува насоката на нашата, лична животна авантура и со тоа, нé потсетува на сопствената минливост. Од сите овие причини, и уште многу кои допрва ќе ги откриваме со секое следно препрочитување, сé појасно станува дека секое ново дело на Анѓелков веќе нема да се чита исклучиво само по себе, туку и како дел од еден поголем циклус на дела кои создаваат една голема книжевна приказна или дури и во контекст на комплетниот опус на авторот“.