Мимоза Рајл Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mimoza-rajl/ За подобро да се разбереме Mon, 13 Jun 2022 07:42:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Мимоза Рајл Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mimoza-rajl/ 32 32 Мултимедијална промоција на книгата „Соништата на писателот“ од Мимоза Рајл под мотото „Убавината ќе го спаси светот“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/multimedijalna-promocija-na-knigata-sonishtata-na-pisatelot-od-mimoza-rajl-pod-mototo-ubavinata-kje-go-spasi-svetot/ Mon, 13 Jun 2022 07:42:23 +0000 https://republika.mk/?p=514316

Со мултимедијален настан, вчеравечер (9 јуни), во „Салон 19:19“ при Културно-информативниот центар – Скопје, беше промовирана новата книга „Соништата на писателот“ од проф. д-р Мимоза Рајл. На промоцијата имаше книжевна, драмска, музичка и ликовна презентација, со еминентни уметници, актери и музичари.

„Соништата на писателот“, во издание на „Арс Ламина“, е најновото дело на д-р Рајл во корпусот на едно разнородно уметничко творештво, во кое преку главните ликови ги решаваме вечните прашања, се соочуваме со себеси и со нашиот животен пат, сè до новата свесност на убавината и смислата. Инспирација за книгата се делата на славниот руски писател Фјодор Достоевски, a неговата позната мисла „Убавината ќе го спаси светот“ беше мотото на промоцијата.

-Оваа книга ни покажува како, каде и зошто мораме веднаш да седнеме на иста маса со Бога и да ги решиме вечните прашања, да воспоставиме темелна, непроменлива структура во себе, со која се воздигнуваме сè до светлината. Има ли Бог, има ли бесмртност, зошто смртта и од каде свесното прифаќање на смртта во човековата егзистенција? Каков е овој свет, од каде дојдовме и каде повторно се враќаме? Да, мислевме дека овие прашања немаат темелна разрешница, но Достоевски нè повикува со целиот свој генијален, умствен и уметнички капацитет да погледнеме од еден друг центар, кој го заборавивме живеејќи во суровиот материјалистички свет. По читањето на оваа книга речиси е невозможно да не се најдете среде рајските опкружувања на вашите најдлабоки соништа, да не ги поминете пеколните искушенија еднаш засекогаш, соништа што ќе ве воздигнат, да останете исти, да не се случи кај вас страсна, но темелна внатрешна трансформација, по која копнеевте целиот живот - истакнува авторката Мимоза Рајл, додавајќи дека ова е книга за патот од страдањето до златната доба на убавината и на смислата.

Настанот почна со драмска изведба на делови од театарската претстава „Помеѓу пеколот и рајот“, во режија на Елеонора Теова. Улогите ги толкуваа актерите на ЕСРА - Тања Соколовска и Стефан Петровски.

На промоцијата учествуваа: Димитрина Мицковска (актерка), Татјана Димовска-Атанасова (уредничка во „Арс Ламина“), Маријан Камиловски (академски сликар), Роберт и Мирјана Ристов („Уметникот како сонувач и патник“), Бојан Јовановиќ (директор на театарот „Бора Станковиќ“ – Србија), а специјален гостин на промоцијата беше Зоран Витанов („За Достоевски“).

Во музичкиот дел настапија: Јасна Аврамовска (пијано), Дарко Мариновски (пијано), Ева Живковска (сопран), Ада Богоевска (виолончело), Марија Богоевска (пијано) и Ева Богоевска (виолина). Тие изведоа класични дела од Сергеј Рахманинов, Џакомо Пучини, Лудвиг ван Бетовен, Антонин Дворжак и Камиј Сен-Санс.

На бината беше изведена и баладата „Свет во светот“, која е со текст на Мимоза Рајл, со музика од Дарко Мариновски, а аранжманот е на Андријана Јаневска. Исполнуваат Александар Здравков (вокал) и Дарко Мариновски (пијано).

Кон крајот на промоцијата Мимоза Рајл ја рецитираше песната „Кој ги пали сите ѕвезди“. Сцената бепе збогатена со дела од академскиот сликар Ѓорѓи Мечалов.

Д-р Мимоза Рајл е директор на Институтот за сценски уметности на „Интернационалниот универзитет Еуропа Прима“ во Скопје. Таа е професор по естетика на аудиовизуелните уметности, како и есеист, колумнист, театарски критичар и поет.

The post Мултимедијална промоција на книгата „Соништата на писателот“ од Мимоза Рајл под мотото „Убавината ќе го спаси светот“ appeared first on Република.

]]>

Со мултимедијален настан, вчеравечер (9 јуни), во „Салон 19:19“ при Културно-информативниот центар – Скопје, беше промовирана новата книга „Соништата на писателот“ од проф. д-р Мимоза Рајл. На промоцијата имаше книжевна, драмска, музичка и ликовна презентација, со еминентни уметници, актери и музичари. „Соништата на писателот“, во издание на „Арс Ламина“, е најновото дело на д-р Рајл во корпусот на едно разнородно уметничко творештво, во кое преку главните ликови ги решаваме вечните прашања, се соочуваме со себеси и со нашиот животен пат, сè до новата свесност на убавината и смислата. Инспирација за книгата се делата на славниот руски писател Фјодор Достоевски, a неговата позната мисла „Убавината ќе го спаси светот“ беше мотото на промоцијата. -Оваа книга ни покажува како, каде и зошто мораме веднаш да седнеме на иста маса со Бога и да ги решиме вечните прашања, да воспоставиме темелна, непроменлива структура во себе, со која се воздигнуваме сè до светлината. Има ли Бог, има ли бесмртност, зошто смртта и од каде свесното прифаќање на смртта во човековата егзистенција? Каков е овој свет, од каде дојдовме и каде повторно се враќаме? Да, мислевме дека овие прашања немаат темелна разрешница, но Достоевски нè повикува со целиот свој генијален, умствен и уметнички капацитет да погледнеме од еден друг центар, кој го заборавивме живеејќи во суровиот материјалистички свет. По читањето на оваа книга речиси е невозможно да не се најдете среде рајските опкружувања на вашите најдлабоки соништа, да не ги поминете пеколните искушенија еднаш засекогаш, соништа што ќе ве воздигнат, да останете исти, да не се случи кај вас страсна, но темелна внатрешна трансформација, по која копнеевте целиот живот - истакнува авторката Мимоза Рајл, додавајќи дека ова е книга за патот од страдањето до златната доба на убавината и на смислата. Настанот почна со драмска изведба на делови од театарската претстава „Помеѓу пеколот и рајот“, во режија на Елеонора Теова. Улогите ги толкуваа актерите на ЕСРА - Тања Соколовска и Стефан Петровски. На промоцијата учествуваа: Димитрина Мицковска (актерка), Татјана Димовска-Атанасова (уредничка во „Арс Ламина“), Маријан Камиловски (академски сликар), Роберт и Мирјана Ристов („Уметникот како сонувач и патник“), Бојан Јовановиќ (директор на театарот „Бора Станковиќ“ – Србија), а специјален гостин на промоцијата беше Зоран Витанов („За Достоевски“). Во музичкиот дел настапија: Јасна Аврамовска (пијано), Дарко Мариновски (пијано), Ева Живковска (сопран), Ада Богоевска (виолончело), Марија Богоевска (пијано) и Ева Богоевска (виолина). Тие изведоа класични дела од Сергеј Рахманинов, Џакомо Пучини, Лудвиг ван Бетовен, Антонин Дворжак и Камиј Сен-Санс. На бината беше изведена и баладата „Свет во светот“, која е со текст на Мимоза Рајл, со музика од Дарко Мариновски, а аранжманот е на Андријана Јаневска. Исполнуваат Александар Здравков (вокал) и Дарко Мариновски (пијано). Кон крајот на промоцијата Мимоза Рајл ја рецитираше песната „Кој ги пали сите ѕвезди“. Сцената бепе збогатена со дела од академскиот сликар Ѓорѓи Мечалов. Д-р Мимоза Рајл е директор на Институтот за сценски уметности на „Интернационалниот универзитет Еуропа Прима“ во Скопје. Таа е професор по естетика на аудиовизуелните уметности, како и есеист, колумнист, театарски критичар и поет.

The post Мултимедијална промоција на книгата „Соништата на писателот“ од Мимоза Рајл под мотото „Убавината ќе го спаси светот“ appeared first on Република.

]]>