мимоза ќека Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mimoza-kjeka/ За подобро да се разбереме Sat, 02 Nov 2024 08:35:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png мимоза ќека Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mimoza-kjeka/ 32 32 Koнцерт – Пијано дуо Мимоза Ќека и Јована Трајчева https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/kontsert-pijano-duo-mimoza-keka-i-jovana-trajcheva/ Sat, 02 Nov 2024 08:35:45 +0000 https://republika.mk/?p=833377

Пијано дуото Мимоза Ќека и Јована Трајчева вечерва во 19:19 часот ќе одржат концерт во Салон 19:19 при Културно-информативниот центар во Скопје. Пијанистките ќе изведат дела од Астор Пјацола, Јоханес Брамс и Џорџ Гершвин.

Мимоза Ќека и Јована Трајчева заедно настапуваат од 2018 година. Тие остваруваат успешни проекти како хуманитарниот концерт „Есенска бајка“ за СОС Детско Село, концертните турнеи „Пијанистички звуци“ и серијалот „Празнична рапсодија“ во Филхармонија. Во 2023 година настапија со концерт за две пијана „ФИДАН“ како дел од сезоната на Националната филхармонија.

Мимоза Ќека е македонска пијанистка со меѓународна кариера, посветена на класичната музика, предавањето и музичкото истражување. Нејзиниот репертоар вклучува дела од барок до современа музика, а во 2022 година го издала својот соло албум „Non-Fungible“ со дела од Бах, Скрјабин и Барбер. Во 2021 година Мимоза ја одбранила својата докторска дисертација на тема „Употребата на дигиталните технологии во квантитативната анализа на пијанистичката изведба“, истражувајќи нови методи за анализа на музичките изведби што претставува значаен придонес во музичката наука. Студирала под водство на маестра Лилја Зилберштајн, со која го стекнала магистерскиот степен. Низ годините, таа настапувала на престижни фестивали како Охридско лето, Siena Summer Festival, Франкофонски Фестивал Солеј, Златна Лира, Денови на македонска музика, Есенски музички свечености, а под диригентската палка на Саша Николовски Ѓумар го има изведено Концертот за пијано и оркестар бр. 2 од К. Сен Санс. Концертирала и во градови ширум светот, меѓу кои Париз, Рим, Бристол, Милано, Прага, Трст, Сиена, Скопје, Њујорк и Истанбул. Нејзиното учество во проектот TEME и усовршувањето на Академијата „Киџана“ во Сиена, Италија, дополнително ја збогатиле нејзината кариера.

Јована Трајчева започнала со музичко образование на седумгодишна возраст во класата на проф. Кармен Костова, а го завршила во класата на реномираниот руски педагог проф. Људмила Романова во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“. Во 2015 година дипломирала на Факултетот за музичка уметност во класата на проф. Нина Костова, а во 2017 година го стекнала магистерскиот степен по музичка интерпретација со истата професорка. Јована успешно настапува на фестивали како Скопско лето, Денови на македонска музика, Musica Viva и Есенски Музички Свечености, а остварува и солистички концерти во македонските градови Скопје, Охрид и Тетово. Особено значаен е нејзиниот рецитал во црквата „Св. Софија“ во Охрид во 2017 година. Надвор од Македонија, Јована настапува во Рим, Ибица, Милано и во Cite des Arts во Париз, а има соработувано и со Македонската филхармонија под диригентската палка на Ле Фи Фи. Од 2015 година, Јована е активно вклучена во педагогијата, работејќи како професорка по пијано во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“. 

The post Koнцерт – Пијано дуо Мимоза Ќека и Јована Трајчева appeared first on Република.

]]>

Уникатен рецитал на младата пијанистка Ќека на „Охридско лето“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/unikaten-retsital-na-mladata-pijanistka-keka-na-ohridsko-leto/ Thu, 17 Aug 2023 10:25:18 +0000 https://republika.mk/?p=672970

Младата, но мошне талентирана македонска пијанистка Мимоза Ќека вчеравечер ја воодушеви публиката на фестивалот „Охридско лето“ одржувајќи рецитал под акустичните сводови на црквата „Света Софија“.

Музичката критика вели дека „..нејзината изведба се одликува со јасна и сугестивна творечка имагинација, со прецизно изработен динамички, артикулациски и ритмички план и извонредно изградена пијанистичка техника…“ што впрочем се потврди и вчеравечер на целовечерниот концерт. Нејзиниот репертоар се протега од барок до современи автори, изведувајќи широк спектар на музички дела. Ќека вели дека и репертоарот со кој настапи на „Охридско лето“ бил внимателно одбран, водејќи сметка тоа да бидат композиции кои не се често изведувани на фестивалската програма.

Се претставив со програма составена од круцијални композитори на пијанистичката техника и пијаното воопшто. Бетовен, Јаначек, Шопен и Лист. Кога ја избирав гледав да не биде некоја многу застапена програма низ годините на „Охридско лето“, така што се обидов овој концепт да го осмислам како уникатен, вели пијанистката Ќека.

Реномираната македонска пијанистка, која на 26-годишна возраст се стекна со титулата доктор по музичка уметност при Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј’’ во Скопје е носител на десет високи државни и меѓународни награди и признанија на натпревари во Италија, Франција, Србија, Босна и Херцеговина и Македонија.

Се трудам сите мои рецитали да бидат со различна програма, да донесам една поврзаност на сите композитори, од барокот на пример, од Бах, па дури и мајсторите пред Бах, сѐ до современите дела. На докторатот ја изведував Барбер Сонатата која што е наградена за современо дело во САД. Сите композитори ми се омилени, не можам да извојам ниту еден и сите сакам да ги свирам, додава младата македонска пијанистка.

Пијанистката Мимоза Ќека настапува како уметник – изведувач на рецитали, како член на камерни ансамбли, пијано дуо и со симфониски оркестри. Нејзините интернационални гостувања вклучуваат концерти и солистички рецитали во Прага, Рим, Париз, Милано, Трст, Сиена, Бристол и Њујорк.

Минатата година таа го издаде својот соло албум „Non-Fungible“ со музика од Бах, Скрјабин и Барбер.

The post Уникатен рецитал на младата пијанистка Ќека на „Охридско лето“ appeared first on Република.

]]>

Младата, но мошне талентирана македонска пијанистка Мимоза Ќека вчеравечер ја воодушеви публиката на фестивалот „Охридско лето“ одржувајќи рецитал под акустичните сводови на црквата „Света Софија“. Музичката критика вели дека „..нејзината изведба се одликува со јасна и сугестивна творечка имагинација, со прецизно изработен динамички, артикулациски и ритмички план и извонредно изградена пијанистичка техника…“ што впрочем се потврди и вчеравечер на целовечерниот концерт. Нејзиниот репертоар се протега од барок до современи автори, изведувајќи широк спектар на музички дела. Ќека вели дека и репертоарот со кој настапи на „Охридско лето“ бил внимателно одбран, водејќи сметка тоа да бидат композиции кои не се често изведувани на фестивалската програма.
Се претставив со програма составена од круцијални композитори на пијанистичката техника и пијаното воопшто. Бетовен, Јаначек, Шопен и Лист. Кога ја избирав гледав да не биде некоја многу застапена програма низ годините на „Охридско лето“, така што се обидов овој концепт да го осмислам како уникатен, вели пијанистката Ќека.
Реномираната македонска пијанистка, која на 26-годишна возраст се стекна со титулата доктор по музичка уметност при Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј’’ во Скопје е носител на десет високи државни и меѓународни награди и признанија на натпревари во Италија, Франција, Србија, Босна и Херцеговина и Македонија.
Се трудам сите мои рецитали да бидат со различна програма, да донесам една поврзаност на сите композитори, од барокот на пример, од Бах, па дури и мајсторите пред Бах, сѐ до современите дела. На докторатот ја изведував Барбер Сонатата која што е наградена за современо дело во САД. Сите композитори ми се омилени, не можам да извојам ниту еден и сите сакам да ги свирам, додава младата македонска пијанистка.
Пијанистката Мимоза Ќека настапува како уметник – изведувач на рецитали, како член на камерни ансамбли, пијано дуо и со симфониски оркестри. Нејзините интернационални гостувања вклучуваат концерти и солистички рецитали во Прага, Рим, Париз, Милано, Трст, Сиена, Бристол и Њујорк. Минатата година таа го издаде својот соло албум „Non-Fungible“ со музика од Бах, Скрјабин и Барбер.  

The post Уникатен рецитал на младата пијанистка Ќека на „Охридско лето“ appeared first on Република.

]]>
Вечерва на На „Охридско лето“ концерт на нашата пијанистка Мимоза Ќека https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vecherva-na-na-ohridsko-leto-kontsert-na-nashata-pijanistka-mimoza-keka/ Wed, 16 Aug 2023 07:36:42 +0000 https://republika.mk/?p=672563

Годинешната фестивалска програма „Охридско лето“ ја продолжува со содржина од музичкиот дел, со концерт на нашата реномирана пијанистка, Мимоза Ќека.

Мимоза Ќека на 26-годишна возраст се стекнува со титулата доктор по музичка уметност при Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј’’ во Скопје под менторство на проф. Тодор Светиев и проф. д-р Димитрије Бужаровски. Врз нејзиниот професионален и уметнички развој силно влијаaт повеќемина исклучителни уметници вклучително маестра Лилија Зилберштајн, под чие менторство ги завршува магистерските студии и се стекнува со диплома Магистер по музичка уметност.

Пијанистката Ќека настапува како уметник – изведувач на рецитали, како член на камерни ансамбли, пијано дуо и со симфониски оркестри. Нејзините интернационални гостувања вклучуваат концерти и солистички рецитали во Прага, Рим, Париз, Милано, Трст, Сиена, Бристол и Њујорк. Настапува на Летниот фестивал во Сиена, на Интернационалниот франкофонски фестивал „Солел“, a редовно настапува и на домашната сцена на фестивалите: „Есенски музички свечености,“ „Златна Лира” и Денови на македонска музика. За нејзините изведба критиката вели дека се одликуваат со „јасна и сугестивна творечка имагинација, со прецизно изработен динамички, артикулациски и ритмички план и извонредно изградена пијанистичка техника…“, како и дека „фасцинира со емоционалната и физичка сила, а вулканската природа – очигледен столб врз кој таа со необјасниво лесен пристап ја совладува генијалната уметничка природа на Лист… “.

Нејзиниот репертоар се протега од барок до современи автори, изведувајќи широк спектар на музички дела. Во 2022 година, Мимоза Ќека го издава својот соло албум „Non-Fungible“ со музика од Бах, Скрјабин и Барбер.

Пијанистката Ќека е носител на десет високи државни и меѓународни награди и признанија на натпревари во Италија, Франција, Србија, Босна и Херцеговина и Македонија и има настапувано на голем број мајсторски курсеви во престижни музички академии меѓу кои Академија Киџана во Италија. Во 2019 година таа учествува во проектот TEME (Транснационален европски музички претприемач) во Италија, дел од програмата „Music Moves Europe“.

Вчеерашниот концерт ќе се одржи во катедралната црква „Света Софија“ од 21 часот, а на програмта се дела на Бетовен, Јаначек, Шопен и Лист.

The post Вечерва на На „Охридско лето“ концерт на нашата пијанистка Мимоза Ќека appeared first on Република.

]]>

Годинешната фестивалска програма „Охридско лето“ ја продолжува со содржина од музичкиот дел, со концерт на нашата реномирана пијанистка, Мимоза Ќека. Мимоза Ќека на 26-годишна возраст се стекнува со титулата доктор по музичка уметност при Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј’’ во Скопје под менторство на проф. Тодор Светиев и проф. д-р Димитрије Бужаровски. Врз нејзиниот професионален и уметнички развој силно влијаaт повеќемина исклучителни уметници вклучително маестра Лилија Зилберштајн, под чие менторство ги завршува магистерските студии и се стекнува со диплома Магистер по музичка уметност. Пијанистката Ќека настапува како уметник – изведувач на рецитали, како член на камерни ансамбли, пијано дуо и со симфониски оркестри. Нејзините интернационални гостувања вклучуваат концерти и солистички рецитали во Прага, Рим, Париз, Милано, Трст, Сиена, Бристол и Њујорк. Настапува на Летниот фестивал во Сиена, на Интернационалниот франкофонски фестивал „Солел“, a редовно настапува и на домашната сцена на фестивалите: „Есенски музички свечености,“ „Златна Лира” и Денови на македонска музика. За нејзините изведба критиката вели дека се одликуваат со „јасна и сугестивна творечка имагинација, со прецизно изработен динамички, артикулациски и ритмички план и извонредно изградена пијанистичка техника…“, како и дека „фасцинира со емоционалната и физичка сила, а вулканската природа – очигледен столб врз кој таа со необјасниво лесен пристап ја совладува генијалната уметничка природа на Лист… “. Нејзиниот репертоар се протега од барок до современи автори, изведувајќи широк спектар на музички дела. Во 2022 година, Мимоза Ќека го издава својот соло албум „Non-Fungible“ со музика од Бах, Скрјабин и Барбер. Пијанистката Ќека е носител на десет високи државни и меѓународни награди и признанија на натпревари во Италија, Франција, Србија, Босна и Херцеговина и Македонија и има настапувано на голем број мајсторски курсеви во престижни музички академии меѓу кои Академија Киџана во Италија. Во 2019 година таа учествува во проектот TEME (Транснационален европски музички претприемач) во Италија, дел од програмата „Music Moves Europe“. Вчеерашниот концерт ќе се одржи во катедралната црква „Света Софија“ од 21 часот, а на програмта се дела на Бетовен, Јаначек, Шопен и Лист.  

The post Вечерва на На „Охридско лето“ концерт на нашата пијанистка Мимоза Ќека appeared first on Република.

]]>
Рецитал на пијанистката Мимоза Ќека во Македонскиот културен центар во Њујорк https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/recital-na-pijanistkata-mimoza-kjeka-vo-makedonskiot-kulturen-centar-vo-njujork/ Mon, 13 Jun 2022 08:47:36 +0000 https://republika.mk/?p=514368

На 15 јуни, среда, со почеток во 19 часот во Македонскиот културен центар (Gallery MC) во Њујорк, САД, ќе се одржи рецитал на пијанистката Мимоза Ќека. Рециталната програма со својот креативен и актуелен карактер, вклучува фундаментални дела за пијано од музиката на 18тиот, 20тиот и 21виот век, со дела од македонски современи композитори.
Рециталната програма му овозможува на слушателот да го осознае стилот на компонирање на современите македонски композитори од втората половина на 20тиот век па сѐ до денес: Свитата за пијано соло оп. 27 од Томислав Зографски, објавена во 1960 година, како и Вечеринките врз теми од македонски народни песни за пијано оп. 52 од Димитрије Бужаровски објавени во 2004 година. Свитата е една од најизведуваните композиции од Томислав Зографски, а за неа добил прва награда на првиот конкурс за класична музика во 1960 година. Во однос на Вечеринките, овој циклус на композиции е напишан во музичката форма Ноктурно и обработуваат теми од македонски народни песни. Проектот е поддржан од Министерството за култура на Република Македонија. Пијанистката Мимоза Ќека, дипломира на Факултетот за музичка уметност – Скопје во класата на проф. м-р Тодор Светиев, магистрира под менторство на проф.
Мимоза Ќека настапува во рамки на фестивалите Златна лира, Есенски музички свечености, Денови на македонска музика, Musica Viva, Нов културен бран, Festival international de piano Jeunes Talents во Монтрон-ле-Бен, Франција, Фестивалот на класична музика во Сиена, Италија, Фестивалот на Франкофонијата Солеј во Созопол, Бугарија, на Интернационалниот Фестивал Concerti del Tempietto во Театро Марчело Рим, Италија, на Les dimanches musicaux во Париз, Франција, во рамки на пролетната концертна сезона 2019 на Bristol Music Club во Бристол, Обединето Кралство. Автор и учесник е на повеќе проекти- Хуманитарен пијано дуо концерт за СОС Детско Село Есенска Бајка, Новогодишен пијано дуо концерт Празнична Рапсодија бр. 1 и бр. 2, Концертна турнеја Пијанистички звуци во Париз и Рим. Во 2019 година е избрана да учествува во TEME Project (Transnational European Music Entrepreneur), како еден од десетте учесници од цела Европа, проект поддржан од Европската комисија, дел од програмата на Европската Унија – Music Moves Europe.
Опсервер: Пијанистката Мимоза Ќека ќе одржи рецитал во Македонскиот културен центар (Gallery MC) во Њујорк | opserver.mk

The post Рецитал на пијанистката Мимоза Ќека во Македонскиот културен центар во Њујорк appeared first on Република.

]]>

На 15 јуни, среда, со почеток во 19 часот во Македонскиот културен центар (Gallery MC) во Њујорк, САД, ќе се одржи рецитал на пијанистката Мимоза Ќека. Рециталната програма со својот креативен и актуелен карактер, вклучува фундаментални дела за пијано од музиката на 18тиот, 20тиот и 21виот век, со дела од македонски современи композитори. Рециталната програма му овозможува на слушателот да го осознае стилот на компонирање на современите македонски композитори од втората половина на 20тиот век па сѐ до денес: Свитата за пијано соло оп. 27 од Томислав Зографски, објавена во 1960 година, како и Вечеринките врз теми од македонски народни песни за пијано оп. 52 од Димитрије Бужаровски објавени во 2004 година. Свитата е една од најизведуваните композиции од Томислав Зографски, а за неа добил прва награда на првиот конкурс за класична музика во 1960 година. Во однос на Вечеринките, овој циклус на композиции е напишан во музичката форма Ноктурно и обработуваат теми од македонски народни песни. Проектот е поддржан од Министерството за култура на Република Македонија. Пијанистката Мимоза Ќека, дипломира на Факултетот за музичка уметност – Скопје во класата на проф. м-р Тодор Светиев, магистрира под менторство на проф. Мимоза Ќека настапува во рамки на фестивалите Златна лира, Есенски музички свечености, Денови на македонска музика, Musica Viva, Нов културен бран, Festival international de piano Jeunes Talents во Монтрон-ле-Бен, Франција, Фестивалот на класична музика во Сиена, Италија, Фестивалот на Франкофонијата Солеј во Созопол, Бугарија, на Интернационалниот Фестивал Concerti del Tempietto во Театро Марчело Рим, Италија, на Les dimanches musicaux во Париз, Франција, во рамки на пролетната концертна сезона 2019 на Bristol Music Club во Бристол, Обединето Кралство. Автор и учесник е на повеќе проекти- Хуманитарен пијано дуо концерт за СОС Детско Село Есенска Бајка, Новогодишен пијано дуо концерт Празнична Рапсодија бр. 1 и бр. 2, Концертна турнеја Пијанистички звуци во Париз и Рим. Во 2019 година е избрана да учествува во TEME Project (Transnational European Music Entrepreneur), како еден од десетте учесници од цела Европа, проект поддржан од Европската комисија, дел од програмата на Европската Унија – Music Moves Europe. Опсервер: Пијанистката Мимоза Ќека ќе одржи рецитал во Македонскиот културен центар (Gallery MC) во Њујорк | opserver.mk

The post Рецитал на пијанистката Мимоза Ќека во Македонскиот културен центар во Њујорк appeared first on Република.

]]>
Пијанистката Мимоза Ќека објави албум со дела од Барбер, Бах и Скрјабин https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/pijanistkata-mimoza-kjeka-objavi-album-so-dela-od-barber-bah-i-skrjabin/ Fri, 11 Mar 2022 16:43:56 +0000 https://republika.mk/?p=471430

Новиот албум од класичната музика на пијанистиката Мимоза Ќека со дела од Самуел Барбер, Јохан Себастијан Бах и Александар Скрјабин  е веќе достапен за слушање на платформите Јутјуб, Спотифај, Епл музик, Дизери Амазон мјузик.

Албумот носи наслов „Non-Fungible Scriabin Barber Bach“ и е прва соло албумска објава на пијанистката. Тој обединува повеќе музички стилови почнувајќи од барокна музика, романтизам и современа класична музика на 20-тиот век.

Во албумот се содржани две пијано-сонати и токата, а Сонатата оп. 26 од американскиот композитор Самуел Барбер е премиерно изведена и снимена на просторот на Република Македонија.

Мимоза Ќека почнува да учи пијано на петгодишна возраст, додипломските студии по пијано ги завршува во класата на проф. Тодор Светиев при Факултетот за музичка уметност во Скопје, магистрира под менторство на проф. Лилија Зилберштајн, а во 2021 година се стекнува со титулата доктор по музичка уметност.

Настапува во рамки на фестивалите Златна лира, Нов културен бран, Есенски Музички свечености, Денови на македонска музика, „Festival international de piano Jeunes Talents“ во Франција, Сиена летен Фестивал на класична музика во Италија, Солеј – Фестивал на Франкофонијата во Бугарија, Интернационален фестивал Concerti del Tempietto во Театро Марчело Рим, Италија, Музички недели во Париз, како и во склоп на концертната сезона на „Bristol Music Club“ во Обединето Кралство.

Посебно се издвојува нејзиниот настап со Симфонискиот оркестар на ФМУ-Скопје, под диригентство на маестро Саша Николовски – Ѓумар со изведба на Концертот бр. 2 за пијано и оркестар од К. Сен-Санс.

Настапува и во камерни состави, со ансамблот „ConTempora“, дуо пијано, а остварува и пијано соработка. Мимоза Ќека е ангажирана на Факултетот за музичка уметност во Скопје како поканет уметник – стручњак од практика и е член на Сојузот на музички уметници на Македонија.

The post Пијанистката Мимоза Ќека објави албум со дела од Барбер, Бах и Скрјабин appeared first on Република.

]]>

Новиот албум од класичната музика на пијанистиката Мимоза Ќека со дела од Самуел Барбер, Јохан Себастијан Бах и Александар Скрјабин  е веќе достапен за слушање на платформите Јутјуб, Спотифај, Епл музик, Дизери Амазон мјузик. Албумот носи наслов „Non-Fungible Scriabin Barber Bach“ и е прва соло албумска објава на пијанистката. Тој обединува повеќе музички стилови почнувајќи од барокна музика, романтизам и современа класична музика на 20-тиот век. Во албумот се содржани две пијано-сонати и токата, а Сонатата оп. 26 од американскиот композитор Самуел Барбер е премиерно изведена и снимена на просторот на Република Македонија. Мимоза Ќека почнува да учи пијано на петгодишна возраст, додипломските студии по пијано ги завршува во класата на проф. Тодор Светиев при Факултетот за музичка уметност во Скопје, магистрира под менторство на проф. Лилија Зилберштајн, а во 2021 година се стекнува со титулата доктор по музичка уметност. Настапува во рамки на фестивалите Златна лира, Нов културен бран, Есенски Музички свечености, Денови на македонска музика, „Festival international de piano Jeunes Talents“ во Франција, Сиена летен Фестивал на класична музика во Италија, Солеј – Фестивал на Франкофонијата во Бугарија, Интернационален фестивал Concerti del Tempietto во Театро Марчело Рим, Италија, Музички недели во Париз, како и во склоп на концертната сезона на „Bristol Music Club“ во Обединето Кралство. Посебно се издвојува нејзиниот настап со Симфонискиот оркестар на ФМУ-Скопје, под диригентство на маестро Саша Николовски – Ѓумар со изведба на Концертот бр. 2 за пијано и оркестар од К. Сен-Санс. Настапува и во камерни состави, со ансамблот „ConTempora“, дуо пијано, а остварува и пијано соработка. Мимоза Ќека е ангажирана на Факултетот за музичка уметност во Скопје како поканет уметник – стручњак од практика и е член на Сојузот на музички уметници на Македонија.

The post Пијанистката Мимоза Ќека објави албум со дела од Барбер, Бах и Скрјабин appeared first on Република.

]]>