милутин ристески Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/milutin-risteski/ За подобро да се разбереме Sun, 13 Feb 2022 14:23:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png милутин ристески Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/milutin-risteski/ 32 32 Ристески: Првите 100 дена на Муцунски најавуваат катастрофа во локалните политики во Аеродром https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/risteski-prvite-100-dena-na-mucunski-najavuvaat-katastrofa-vo-lokalnite-politiki-vo-aerodrom/ Sun, 13 Feb 2022 14:23:27 +0000 https://republika.mk/?p=457916

Координаторот на советничката група на СДСМ и коалицијата во Општина Аеродром, Милутин Ристески, изјави дека во првите 100 дена од својот мандат градоначалникот Муцунски успеа да направи еден хотел за пчели и еден легнат полицаец.

Цели 100 дена Муцунски ја замајува јавноста со наводни бришења на градежни маркици, а всушност само го информира Советот дека има намера да покрене иницијатива за промена на деталните урбанистички планови.

Редовното дневно празнење на контејнерите го претставува како невиден успех, а периодичното чистење на дивите депонии како успешно реализиран проект.

Вети дека нема да ја финансира партијата со средства од општината, а просториите на урбаните заедници ги претвори во партиски штабови каде унијата на жени на ОК Аеродром реализира партиски активности на ВМРО-ДПМНЕ.

Вети транспарентна општина, а распиша оглас за вработување на партиски кадри за време на Божиќните празници.

Првите 100 дена Муцунски ги потроши на евтини ПР трикови кои создаваат илузија дека нешто се работи. Вистината е дека паѓаат во вода сите предизборни ветувања.

Тимчо Муцунски не е ништо поразличен од останатите градоначалници на неговата партија кои својата неспособност ја покриваат со евтина партиска пропаганда.

Ако по утрото денот се познава првите 100 дена на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ најавуваат катаастрофа во локалните политики. Наследија функционални општини, полни буџети и започнати проекти, а не реализираат ништо.

Граѓаните на Аеродром не се наивни. За помалку од 4 години повторно ќе има избори. Ваквиот нечесен однос на Муцунски кон граѓаните никој нема да му го прости.

Аеродром не заборава. На лажни ветувања избори не се добиваат 2 пати - наведе Ристески.

The post Ристески: Првите 100 дена на Муцунски најавуваат катастрофа во локалните политики во Аеродром appeared first on Република.

]]>

Координаторот на советничката група на СДСМ и коалицијата во Општина Аеродром, Милутин Ристески, изјави дека во првите 100 дена од својот мандат градоначалникот Муцунски успеа да направи еден хотел за пчели и еден легнат полицаец.
Цели 100 дена Муцунски ја замајува јавноста со наводни бришења на градежни маркици, а всушност само го информира Советот дека има намера да покрене иницијатива за промена на деталните урбанистички планови. Редовното дневно празнење на контејнерите го претставува како невиден успех, а периодичното чистење на дивите депонии како успешно реализиран проект. Вети дека нема да ја финансира партијата со средства од општината, а просториите на урбаните заедници ги претвори во партиски штабови каде унијата на жени на ОК Аеродром реализира партиски активности на ВМРО-ДПМНЕ. Вети транспарентна општина, а распиша оглас за вработување на партиски кадри за време на Божиќните празници. Првите 100 дена Муцунски ги потроши на евтини ПР трикови кои создаваат илузија дека нешто се работи. Вистината е дека паѓаат во вода сите предизборни ветувања. Тимчо Муцунски не е ништо поразличен од останатите градоначалници на неговата партија кои својата неспособност ја покриваат со евтина партиска пропаганда. Ако по утрото денот се познава првите 100 дена на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ најавуваат катаастрофа во локалните политики. Наследија функционални општини, полни буџети и започнати проекти, а не реализираат ништо. Граѓаните на Аеродром не се наивни. За помалку од 4 години повторно ќе има избори. Ваквиот нечесен однос на Муцунски кон граѓаните никој нема да му го прости. Аеродром не заборава. На лажни ветувања избори не се добиваат 2 пати - наведе Ристески.

The post Ристески: Првите 100 дена на Муцунски најавуваат катастрофа во локалните политики во Аеродром appeared first on Република.

]]>