Милтон Манаки Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/milton-manaki/ За подобро да се разбереме Tue, 05 Mar 2024 13:44:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Милтон Манаки Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/milton-manaki/ 32 32 Во Битола одбележани 60 години од смртта на Милтон Манаки https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vo-bitola-odbelezhani-60-godini-od-smrtta-na-milton-manaki/ Tue, 05 Mar 2024 13:44:37 +0000 https://republika.mk/?p=751539

Комуната на Власите „Браќа Манаки“ и Кино клубот „Браќа Манаки“ во соработка со Општина Битола на пригоден начин одбележаа 60 години од смртта на Милтон Манаки.

На влашките гробишта во Битола, за ликот, делото и аманетот на Манаки зборуваше Стефче Хаџиантоновски, а за традицијата што ја поддржува градот, градоначалникот Тони Коњановски.

Локалната самоуправа е поддржувач на делото на браќата Манаки. Денешниот ден, 60 години од упокојувањето на Милтон Манаки го одбележуваме достојно, а институциите со гордост го носат името на Манаки. Како локална самоуправа ќе продолжиме со поддршка на делото на Манаки, на фестивалот на филмската камера, но и на се што остави и се наоѓа во опусот на браќата Манаки, истакна градоначалникот Коњановски.

Во рамки на манифестациите посветени на Милтон Манаки, вечер во битолското Кино „Манаки“ ќе бидат емитувани проекции од фондот на македонската Кинотека.

The post Во Битола одбележани 60 години од смртта на Милтон Манаки appeared first on Република.

]]>

Комуната на Власите „Браќа Манаки“ и Кино клубот „Браќа Манаки“ во соработка со Општина Битола на пригоден начин одбележаа 60 години од смртта на Милтон Манаки. На влашките гробишта во Битола, за ликот, делото и аманетот на Манаки зборуваше Стефче Хаџиантоновски, а за традицијата што ја поддржува градот, градоначалникот Тони Коњановски.
Локалната самоуправа е поддржувач на делото на браќата Манаки. Денешниот ден, 60 години од упокојувањето на Милтон Манаки го одбележуваме достојно, а институциите со гордост го носат името на Манаки. Како локална самоуправа ќе продолжиме со поддршка на делото на Манаки, на фестивалот на филмската камера, но и на се што остави и се наоѓа во опусот на браќата Манаки, истакна градоначалникот Коњановски.
Во рамки на манифестациите посветени на Милтон Манаки, вечер во битолското Кино „Манаки“ ќе бидат емитувани проекции од фондот на македонската Кинотека.

The post Во Битола одбележани 60 години од смртта на Милтон Манаки appeared first on Република.

]]>
Проекции на филмови по повод 60-годишнината од смртта на Милтон Манаки вво Кинотека https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/proektsii-na-filmovi-po-povod-60-godishninata-od-smrtta-na-milton-manaki-vvo-kinoteka/ Tue, 05 Mar 2024 08:27:16 +0000 https://republika.mk/?p=751310

По повод 60-годишнината од смртта на Милтон Манаки, во киносалата на Кинотеката вечерва ќе бидат прикажани документарниот филм „Манаки - Приказна во слики“ за фотографската дејност на Јанаки и Милтон Манаки, целокупниот опус од 42 филма кои овие балкански кинематографски пионери ги снимиле со култната Камера 300, како и филмска репортажа од 1956 година со тогаш „живата битолска легенда“ Милтон Манаки.

Најпрвин, со почеток во 18 часот, Роберт Јанкуловски, редовен професор на Факултетот за ликовни уметности при УКИМ и основач на „Македонски центар за фотографија“, ќе одржи презентацијата под наслов „Фотографиите на Манаки, записи низ времето“.

Потоа следува проекцијата на документарниот филм „Манаки - Приказна во слики“ (2018, 70 мин., црно-бел/колор) во режија на самиот Јанкуловски, а по сценарио на Илинденка Петрушева и Јанкуловски. Филмот е посветен на фотографската работа на Јанаки и Милтон Манаки, првите балкански сниматели, и преку оригинални документарни фотографии го следи нивното професионално патешествие од отворањето на првото фотографско ателје во 1898 година во Јанина, се до нивната преселба во Битола каде покрај фотографско ателје, градат и киносала и почнуваат да се бават професионално со киноприкажување на филмови.

Веднаш по документарниот филм ќе биде прикажана и кратката филмска репортажа под наслов „Средба со нашиот прв филмски снимател“ снимена во 1956 за потребите на филмскиот журнал „Филмски репортер бр.4“ подготвен од страна на екипата на Вардар филм од Скопје.

Подоцна, со почеток во 20 часот, ќе се одржи проекција на 42-та наслови на браќата Манаки снимени со нивната камера со сериски бр.300, а кои помладиот брат Милтон во 1963 година, пред својата смрт, ги предал на чување во Државниот Архив на Македонија.

 

The post Проекции на филмови по повод 60-годишнината од смртта на Милтон Манаки вво Кинотека appeared first on Република.

]]>

По повод 60-годишнината од смртта на Милтон Манаки, во киносалата на Кинотеката вечерва ќе бидат прикажани документарниот филм „Манаки - Приказна во слики“ за фотографската дејност на Јанаки и Милтон Манаки, целокупниот опус од 42 филма кои овие балкански кинематографски пионери ги снимиле со култната Камера 300, како и филмска репортажа од 1956 година со тогаш „живата битолска легенда“ Милтон Манаки. Најпрвин, со почеток во 18 часот, Роберт Јанкуловски, редовен професор на Факултетот за ликовни уметности при УКИМ и основач на „Македонски центар за фотографија“, ќе одржи презентацијата под наслов „Фотографиите на Манаки, записи низ времето“. Потоа следува проекцијата на документарниот филм „Манаки - Приказна во слики“ (2018, 70 мин., црно-бел/колор) во режија на самиот Јанкуловски, а по сценарио на Илинденка Петрушева и Јанкуловски. Филмот е посветен на фотографската работа на Јанаки и Милтон Манаки, првите балкански сниматели, и преку оригинални документарни фотографии го следи нивното професионално патешествие од отворањето на првото фотографско ателје во 1898 година во Јанина, се до нивната преселба во Битола каде покрај фотографско ателје, градат и киносала и почнуваат да се бават професионално со киноприкажување на филмови. Веднаш по документарниот филм ќе биде прикажана и кратката филмска репортажа под наслов „Средба со нашиот прв филмски снимател“ снимена во 1956 за потребите на филмскиот журнал „Филмски репортер бр.4“ подготвен од страна на екипата на Вардар филм од Скопје. Подоцна, со почеток во 20 часот, ќе се одржи проекција на 42-та наслови на браќата Манаки снимени со нивната камера со сериски бр.300, а кои помладиот брат Милтон во 1963 година, пред својата смрт, ги предал на чување во Државниот Архив на Македонија.  

The post Проекции на филмови по повод 60-годишнината од смртта на Милтон Манаки вво Кинотека appeared first on Република.

]]>
Кинотека ја одбележува 60-годишнината од смртта на Милтон Манаки https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/kinoteka-ja-odbelezhuva-60-godishninata-od-smrtta-na-milton-manaki/ Mon, 04 Mar 2024 08:01:39 +0000 https://republika.mk/?p=750918

Кинотека на Македонија се приклучува кон одбележувањето на 60-годишнината од смртта на Милтон Манаки, со две проекции во вторник, на 5 март.

Со почеток во 18 часот, м-р Роберт Јанкуловски, редовен професор на Факултетот за ликовни уметности при УКИМ и основач на „Македонски центар за фотографија“, ќе одржи презентацијата под наслов „Фотографиите на Манаки, записи низ времето“.

Потоа следува проекцијата на документарниот филм „Манаки - Приказна во слики“ (2018, 70 мин., црно-бел/колор) во режија на самиот Јанкуловски, а по сценарио на Илинденка Петрушева и Јанкуловски. Филмот е посветен на фотографската работа на Јанаки и Милтон Манаки, првите балкански сниматели, и преку оригинални документарни фотографии го следи нивното професионално патешествие од отворањето на првото фотографско ателје во 1898 година во Јанина, се до нивната преселба во Битола каде покрај фотографско ателје, градат и киносала и почнуваат да се бават професионално со киноприкажување на филмови.

Веднаш по документарниот филм ќе биде прикажана и кратката филмска репортажа под наслов „Средба со нашиот прв филмски снимател“ снимена во 1956 за потребите на филмскиот журнал „Филмски репортер бр.4“ подготвен од страна на екипата на Вардар филм од Скопје. Редактор на оваа приказна за Милтон Манаки е тогаш младиот режисер Димитрие Рули Османли, кој токму преку серијата журнали ќе почне и практично да се занимава со филм, откако три години претходно ќе дипломира филмска и театарска режија на Високата филмска школа во Белград. Османли во неколку наврати има истакнато дека бил под големо влијание на „чичко Милтон“ кој го разгорел неговиот интерес за подвижните слики уште кога бил младо момче во Битола (меѓу двете светски војни), нагласувајќи дека прв пат видел камера токму во рацете на Милтон – легендарната камера Bioscope No.300 – но и додека првите филмски проекции кои ги следел биле токму оние во киното на браќата Манаки на Широк сокак.

Подоцна, со почеток во 20 часот, ќе се одржи проекција на 42-та наслови на браќата Манаки снимени со нивната Камера со сериски бр.300, а кои помладиот брат Милтон во 1963 година, пред својата смрт, ги предал на чување во Државниот Архив на Македонија. Во 1996 година Кинотеката направи 35мм заштитна архивска копија од овие оригинални нитратни филмски ленти (кои денес се чуваат во бункер, заради лесната запаливост), а во 2012/2013 година истите беа дигитализирани и дигитално реставрирани во Унгарската филмска лабораторија во Будимпешта. Веднаш потоа дигитилизираните материјали беа објавени на ДВД и промовирани пред јавноста.

Позначајни моменти забележани со камерата на Манакиевци се снимката на 114-годишната баба Деспина како преде во родното село Авдела – која е воедно и прв филмски кадар снимен на ова тло - потоа историската посета на турскиот султан Мехмед Решад V на Битола и Солун, посетатата на принцот Александар Караѓорѓевиќ на Битола, погребот на митрополитот Емилијанос од Гревена, празнувањето на Водици во Бер и во Битола, празнувањето на Духовден на гробишта, снимки од свадби и други верски обичаи, посетата на големата романска делегација на Битола и околината, празнични поворки за време на Хуриетот, односно Младотурската револуција, итн. Пред проекцијата, професорот и советник филмолог д-р Атанас Чупоски ќе има излагање за делото на Милтон Манаки, а присутните ќе добијат примерок од ДВД изданието со дигитално реставрираните филмови на Браќата Манаки.

Во книжарницата на Кинотеката, за време на целиот настан, ќе бидат изложени печатени изданија за животот и делото на браќата Манаки, како што се биографската книга „Манаки“ (2003, Кинотека на Македонија) на авторот Игор Старделов, фото-монографијата „Манаки“ (2017, Македонски центар за фотографија) на Роберт Јанкулоски, сценариото на Димитрие Османли за нереализираната филмска комедија под наслов „Екселенции, мирно! – Филм во книга“, печатено во 1994 година, и други.

Милтон Манаки е роден 1880 година, во влашкото село Авдела, во близина на Гревена, денешна Грција. Тој бил две години помлад од Јанаки, но за разлика од него не покажал голем интерес за школо, туку повеќе бил авантурист и боем. Фотографскиот занает го усовршува под менторство на Јанаки, во нивното прво фотографско ателје во Јанина, а во 1905 браќата го отвораат познатото фото-ателје на битолскиот Широк сокак. Во тој период, според подоценежните раскажувања на Милтон, Јанаки ја набавил филмската камера со сериски број 300 од моделот Bioscope, произведена од компанијата Charles Urban Trading Co. Тогаш започнува и снимателската активност на браќата Манаки и тие на филмска лента ќе забележат многу настани, верски и етнографски обичаи, воени и цивилни паради, армии, политички фигури итн., денес бесценети сведоштва за историјата и на Битола и битолскиот крај, но и за целата држава.

Милтон го надживеал Јанаки за цела деценија и починал во 1964 година во Битола. Целокупното творештво браќата Манаки – и фотографското и снимателското – една година пред своето заминување Милтон ќе ги депонира во Државниот архив во Скопје и Околискиот историски архив во Битола. Оттаму денес можеме да се пофалиме дека нашите државни институции се чувари на значајното творештво на Јанаки и Милтон Манаки.

 

The post Кинотека ја одбележува 60-годишнината од смртта на Милтон Манаки appeared first on Република.

]]>

Кинотека на Македонија се приклучува кон одбележувањето на 60-годишнината од смртта на Милтон Манаки, со две проекции во вторник, на 5 март. Со почеток во 18 часот, м-р Роберт Јанкуловски, редовен професор на Факултетот за ликовни уметности при УКИМ и основач на „Македонски центар за фотографија“, ќе одржи презентацијата под наслов „Фотографиите на Манаки, записи низ времето“. Потоа следува проекцијата на документарниот филм „Манаки - Приказна во слики“ (2018, 70 мин., црно-бел/колор) во режија на самиот Јанкуловски, а по сценарио на Илинденка Петрушева и Јанкуловски. Филмот е посветен на фотографската работа на Јанаки и Милтон Манаки, првите балкански сниматели, и преку оригинални документарни фотографии го следи нивното професионално патешествие од отворањето на првото фотографско ателје во 1898 година во Јанина, се до нивната преселба во Битола каде покрај фотографско ателје, градат и киносала и почнуваат да се бават професионално со киноприкажување на филмови. Веднаш по документарниот филм ќе биде прикажана и кратката филмска репортажа под наслов „Средба со нашиот прв филмски снимател“ снимена во 1956 за потребите на филмскиот журнал „Филмски репортер бр.4“ подготвен од страна на екипата на Вардар филм од Скопје. Редактор на оваа приказна за Милтон Манаки е тогаш младиот режисер Димитрие Рули Османли, кој токму преку серијата журнали ќе почне и практично да се занимава со филм, откако три години претходно ќе дипломира филмска и театарска режија на Високата филмска школа во Белград. Османли во неколку наврати има истакнато дека бил под големо влијание на „чичко Милтон“ кој го разгорел неговиот интерес за подвижните слики уште кога бил младо момче во Битола (меѓу двете светски војни), нагласувајќи дека прв пат видел камера токму во рацете на Милтон – легендарната камера Bioscope No.300 – но и додека првите филмски проекции кои ги следел биле токму оние во киното на браќата Манаки на Широк сокак. Подоцна, со почеток во 20 часот, ќе се одржи проекција на 42-та наслови на браќата Манаки снимени со нивната Камера со сериски бр.300, а кои помладиот брат Милтон во 1963 година, пред својата смрт, ги предал на чување во Државниот Архив на Македонија. Во 1996 година Кинотеката направи 35мм заштитна архивска копија од овие оригинални нитратни филмски ленти (кои денес се чуваат во бункер, заради лесната запаливост), а во 2012/2013 година истите беа дигитализирани и дигитално реставрирани во Унгарската филмска лабораторија во Будимпешта. Веднаш потоа дигитилизираните материјали беа објавени на ДВД и промовирани пред јавноста. Позначајни моменти забележани со камерата на Манакиевци се снимката на 114-годишната баба Деспина како преде во родното село Авдела – која е воедно и прв филмски кадар снимен на ова тло - потоа историската посета на турскиот султан Мехмед Решад V на Битола и Солун, посетатата на принцот Александар Караѓорѓевиќ на Битола, погребот на митрополитот Емилијанос од Гревена, празнувањето на Водици во Бер и во Битола, празнувањето на Духовден на гробишта, снимки од свадби и други верски обичаи, посетата на големата романска делегација на Битола и околината, празнични поворки за време на Хуриетот, односно Младотурската револуција, итн. Пред проекцијата, професорот и советник филмолог д-р Атанас Чупоски ќе има излагање за делото на Милтон Манаки, а присутните ќе добијат примерок од ДВД изданието со дигитално реставрираните филмови на Браќата Манаки. Во книжарницата на Кинотеката, за време на целиот настан, ќе бидат изложени печатени изданија за животот и делото на браќата Манаки, како што се биографската книга „Манаки“ (2003, Кинотека на Македонија) на авторот Игор Старделов, фото-монографијата „Манаки“ (2017, Македонски центар за фотографија) на Роберт Јанкулоски, сценариото на Димитрие Османли за нереализираната филмска комедија под наслов „Екселенции, мирно! – Филм во книга“, печатено во 1994 година, и други. Милтон Манаки е роден 1880 година, во влашкото село Авдела, во близина на Гревена, денешна Грција. Тој бил две години помлад од Јанаки, но за разлика од него не покажал голем интерес за школо, туку повеќе бил авантурист и боем. Фотографскиот занает го усовршува под менторство на Јанаки, во нивното прво фотографско ателје во Јанина, а во 1905 браќата го отвораат познатото фото-ателје на битолскиот Широк сокак. Во тој период, според подоценежните раскажувања на Милтон, Јанаки ја набавил филмската камера со сериски број 300 од моделот Bioscope, произведена од компанијата Charles Urban Trading Co. Тогаш започнува и снимателската активност на браќата Манаки и тие на филмска лента ќе забележат многу настани, верски и етнографски обичаи, воени и цивилни паради, армии, политички фигури итн., денес бесценети сведоштва за историјата и на Битола и битолскиот крај, но и за целата држава. Милтон го надживеал Јанаки за цела деценија и починал во 1964 година во Битола. Целокупното творештво браќата Манаки – и фотографското и снимателското – една година пред своето заминување Милтон ќе ги депонира во Државниот архив во Скопје и Околискиот историски архив во Битола. Оттаму денес можеме да се пофалиме дека нашите државни институции се чувари на значајното творештво на Јанаки и Милтон Манаки.  

The post Кинотека ја одбележува 60-годишнината од смртта на Милтон Манаки appeared first on Република.

]]>
На 5 март во Кинотека: Проекции на филмови по повод 60-годишнината од смртта на Милтон Манаки https://arhiva3.republika.mk/scena/film/na-5-mart-vo-kinoteka-proektsii-na-filmovi-po-povod-60-godishninata-od-smrtta-na-milton-manaki/ Tue, 27 Feb 2024 12:21:44 +0000 https://republika.mk/?p=748936

На 5. март, 60 години по смртта на Милтон Манаки, во киносалата на Кинотеката ќе се прикажуват документарниот филм „Манаки - Приказна во слики“ за фотографската дејност на Јанаки и Милтон Манаки, и респективниот опус од 42 филма кои овие балкански кинематографски пионери ги снимиле со култната Камера 300 -

Кинотека на  Македонија се приклучува кон одбележувањето на 60-годишнината од смртта на Милтон Манаки, со две проекции во вторник, на 5 март.

Најпрвин, со почеток во 18 часот, м-р Роберт Јанкуловски, редовен професор на Факултетот за ликовни уметности при УКИМ и основач на „Македонски центар за фотографија“, ќе одржи презентацијата под наслов „Фотографиите на Манаки, записи низ времето“.

Потоа следува проекцијата на документарниот филм „Манаки - Приказна во слики“ (2018, 70 мин., црно-бел/колорво режија на самиот Јанкуловски, а по сценарио на Илинденка Петрушева и Јанкуловски.Филмот е посветен на фотографската работа на Јанаки и Милтон Манаки, првите балкански снимателии преку оригинални документарни фотографии го следи нивното професионално патешествие од отворањето на првото фотографско ателје во 1898 година во Јанина, се до нивната преселба во Битола каде покрај фотографско ателје, градат и киносала и почнуваат да се бават професионално со киноприкажување на филмови.

Подоцна, со почеток во 20 часот, ќе се одржи проекција на 42-та наслови на браќата Манаки снимени со нивната Камера со сериски бр.300, а кои помладиот брат Милтон во 1963 година, пред својата смрт, ги предал на чување во Државниот Архив на Македонија. Во 1996 година Кинотеката направи 35мм заштитна архивска копија од овие оригинални нитратни филмски ленти (кои денес се чуваат во бункер, заради лесната запаливост), а во 2012/2013 година истите беа дигитализирани и дигитално реставрирани во Унгарската филмска лабораторија во Будимпешта. Веднаш потоа дигитилизираните материјали беа објавени на ДВД и промовирани пред јавноста.

Позначајни моменти забележани со камерата на Манакиевци се снимката на 114-годишната баба Деспина како преде во родното село Авдела – која е воедно и прв филмски кадар снимен на ова тло - потоа историската посета на турскиот султан Мехмед Решад на Битола и Солун, посетатата на принцот Александар Караѓорѓевиќ на Битола, погребот на митрополитот Емилијанос од Гревена, празнувањето на Водици во Бер и во Битола, празнувањето на Духовден на гробишта, снимки од свадби и други верски обичаи, посетата на големата романска делегација на Битола и околината, празнични поворки за време на Хуриетот, односно Младотурската револуција, итн. Пред проекцијата, професорот и советник филмолог д-р Атанас Чупоски ќе има излагање за делото на Милтон Манаки, а присутните ќе добијат примерок од ДВД изданието со дигитално реставрираните филмови на Браќата Манаки.

Милтон Манаки е роден 1880 година, во влашкото село Авдела, во близина на Гревена, денешна Грција. Тој бил две години помлад од Јанаки, но за разлика од него не покажал голем интерес за школо, туку повеќе бил авантурист и боем. Фотографскиот занает го усовршува под менторство на Јанаки, во нивното прво фотографско ателје во Јанина, а во 1905 браќата го отвораат познатото фото-ателје на битолскиот Широк сокак. Во тој период, според подоценежните раскажувања на Милтон, Јанаки ја набавил филмската камера со сериски број 300 од моделот Bioscope, произведена од компанијата Charles Urban Trading Co. Тогаш започнува и снимателската активност на браќата Манаки и тие на филмска лента ќе забележат многу настани, верски и етнографски обичаи, воени и цивилни паради, армии, политички фигури итн., денес бесценети сведоштва за историјата и на Битола и битолскиот крај, но и за целата држава.

Милтон го надживеал Јанаки за цела деценија и починал во 1964 година во Битола. Целокупното творештво браќата Манаки – и фотографското и снимателското – една година пред своето заминување Милтон ќе ги депонира во Државниот архив во Скопје и Околискиот историски архив во Битола. Оттаму денес можеме да се пофалиме дека нашите државни институции се чувари на значајното творештво на Јанаки и Милтон Манаки.

 

 

The post На 5 март во Кинотека: Проекции на филмови по повод 60-годишнината од смртта на Милтон Манаки appeared first on Република.

]]>

На 5. март, 60 години по смртта на Милтон Манаки, во киносалата на Кинотеката ќе се прикажуват документарниот филм „Манаки - Приказна во слики“ за фотографската дејност на Јанаки и Милтон Манаки, и респективниот опус од 42 филма кои овие балкански кинематографски пионери ги снимиле со култната Камера 300 - Кинотека на  Македонија се приклучува кон одбележувањето на 60-годишнината од смртта на Милтон Манаки, со две проекции во вторник, на 5 март. Најпрвин, со почеток во 18 часот, м-р Роберт Јанкуловски, редовен професор на Факултетот за ликовни уметности при УКИМ и основач на „Македонски центар за фотографија“, ќе одржи презентацијата под наслов „Фотографиите на Манаки, записи низ времето“. Потоа следува проекцијата на документарниот филм „Манаки - Приказна во слики“ (2018, 70 мин., црно-бел/колорво режија на самиот Јанкуловски, а по сценарио на Илинденка Петрушева и Јанкуловски.Филмот е посветен на фотографската работа на Јанаки и Милтон Манаки, првите балкански снимателии преку оригинални документарни фотографии го следи нивното професионално патешествие од отворањето на првото фотографско ателје во 1898 година во Јанина, се до нивната преселба во Битола каде покрај фотографско ателје, градат и киносала и почнуваат да се бават професионално со киноприкажување на филмови. Подоцна, со почеток во 20 часот, ќе се одржи проекција на 42-та наслови на браќата Манаки снимени со нивната Камера со сериски бр.300, а кои помладиот брат Милтон во 1963 година, пред својата смрт, ги предал на чување во Државниот Архив на Македонија. Во 1996 година Кинотеката направи 35мм заштитна архивска копија од овие оригинални нитратни филмски ленти (кои денес се чуваат во бункер, заради лесната запаливост), а во 2012/2013 година истите беа дигитализирани и дигитално реставрирани во Унгарската филмска лабораторија во Будимпешта. Веднаш потоа дигитилизираните материјали беа објавени на ДВД и промовирани пред јавноста. Позначајни моменти забележани со камерата на Манакиевци се снимката на 114-годишната баба Деспина како преде во родното село Авдела – која е воедно и прв филмски кадар снимен на ова тло - потоа историската посета на турскиот султан Мехмед Решад на Битола и Солун, посетатата на принцот Александар Караѓорѓевиќ на Битола, погребот на митрополитот Емилијанос од Гревена, празнувањето на Водици во Бер и во Битола, празнувањето на Духовден на гробишта, снимки од свадби и други верски обичаи, посетата на големата романска делегација на Битола и околината, празнични поворки за време на Хуриетот, односно Младотурската револуција, итн. Пред проекцијата, професорот и советник филмолог д-р Атанас Чупоски ќе има излагање за делото на Милтон Манаки, а присутните ќе добијат примерок од ДВД изданието со дигитално реставрираните филмови на Браќата Манаки. Милтон Манаки е роден 1880 година, во влашкото село Авдела, во близина на Гревена, денешна Грција. Тој бил две години помлад од Јанаки, но за разлика од него не покажал голем интерес за школо, туку повеќе бил авантурист и боем. Фотографскиот занает го усовршува под менторство на Јанаки, во нивното прво фотографско ателје во Јанина, а во 1905 браќата го отвораат познатото фото-ателје на битолскиот Широк сокак. Во тој период, според подоценежните раскажувања на Милтон, Јанаки ја набавил филмската камера со сериски број 300 од моделот Bioscope, произведена од компанијата Charles Urban Trading Co. Тогаш започнува и снимателската активност на браќата Манаки и тие на филмска лента ќе забележат многу настани, верски и етнографски обичаи, воени и цивилни паради, армии, политички фигури итн., денес бесценети сведоштва за историјата и на Битола и битолскиот крај, но и за целата држава. Милтон го надживеал Јанаки за цела деценија и починал во 1964 година во Битола. Целокупното творештво браќата Манаки – и фотографското и снимателското – една година пред своето заминување Милтон ќе ги депонира во Државниот архив во Скопје и Околискиот историски архив во Битола. Оттаму денес можеме да се пофалиме дека нашите државни институции се чувари на значајното творештво на Јанаки и Милтон Манаки.    

The post На 5 март во Кинотека: Проекции на филмови по повод 60-годишнината од смртта на Милтон Манаки appeared first on Република.

]]>
Изложба на дигитализирани фотографии на браќата Манаки во Кинотека по повод 140 години од раѓањето на Милтон Манаки https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/izlozba-na-digitalizirani-fotografii-na-brakjata-manaki-vo-kinoteka-po-povod-140-godini-od-ragjanjeto-na-milton-manaki/ Fri, 02 Sep 2022 07:59:28 +0000 https://republika.mk/?p=546631

Кинотека ја чествува 140-годишнината од раѓањето на Милтон Манаки. По тој повод во фоајето на Кинотеката, за времетраењето на Фестивалот на нем и класичен филм кој е во тек и ќе трае до 7 септевмри ќе бидат изложени дигитализирани фотографии од фотографскиот опус на браќата Манаки. Автор на оваа изложба е Роберт Јанкулоски (1969), фотограф, режисер, кинематографер и проучувач на историјата на фотографијата на овие простори.

По повод јубилејот, покрај најавената изложба, на 7 септември (среда), на последниот ден од Фестивалот на нем и класичен филм, посетителите на проекциите на трите етнолошки документарни филмови на Вера Кличкова ќе добијат ДВД со дигитално реставрираните филмови на браќата Манаки.

Милтон Манаки и неговиот постар брат Јанаки се филмски пионери не само во Македонија, туку и пошироко на Балканот.

По смртта на Јанаки, во 1955 година, Милтон целокупната филмска и фотографска оставина ја депонирал во Државниот архив на тогашна ФНР Југославија. Во 1976 година, по основањето на Кинотеката на Македонија, филмските ленти се предадени на чување во овој наш национален филмски архив, и во текот на изминативе децении тие беа реставрирани и заштитени со изработка на архивски копии, а во 2011 година и дигитализирани, дигитално реставрирани и прогласени на национално културно наследство.

Фотографскиот опус, пак, денес се чува во Државниот архив, односно во Одделението на Државниот архив во Битола, а со заложба на Роберт Јанкулоски и „Македонскиот Центар за фотографија“ (МЦФ) – поголем дел од овие материјали се и дигитализирани, па и прикажан во рамките на неколку тематски изложби на Балканов и во Македонија.

Во тек е постапка за прогласување на комплетната архивска граѓа од фондот на браќата Манаки во Државниот архив на Македонија – за културно наследство од исклучително национално значење.

Кинотеката, исто така, продолжува да ја инспирира и образува филмската (општа и стручна) публика, особено младата и преку изработка и презентација на разни кратки пропагандни, едукативни и информативно-забавни видео-записи, со тематики кои ги опфаќаат не само првите филмски дејци - како што се Милтон и Јанаки Манаки, и останатите пионери на македонскиот филм - туку и другите неодминливи, реномирани и докажани филмски автори и филмови, и од домашната и од светската кинематографија.

Токму затоа, на профилите на Кинотека на социјалните мрежи деновиве ќе биде промовиран и видео-записот „ФилмОмаж Манаки“, подготвен од млади филмски автори и соработници на Кинотеката, во кој тие говорат за браќата Манаки како нивна инспирација.

The post Изложба на дигитализирани фотографии на браќата Манаки во Кинотека по повод 140 години од раѓањето на Милтон Манаки appeared first on Република.

]]>

Кинотека ја чествува 140-годишнината од раѓањето на Милтон Манаки. По тој повод во фоајето на Кинотеката, за времетраењето на Фестивалот на нем и класичен филм кој е во тек и ќе трае до 7 септевмри ќе бидат изложени дигитализирани фотографии од фотографскиот опус на браќата Манаки. Автор на оваа изложба е Роберт Јанкулоски (1969), фотограф, режисер, кинематографер и проучувач на историјата на фотографијата на овие простори. По повод јубилејот, покрај најавената изложба, на 7 септември (среда), на последниот ден од Фестивалот на нем и класичен филм, посетителите на проекциите на трите етнолошки документарни филмови на Вера Кличкова ќе добијат ДВД со дигитално реставрираните филмови на браќата Манаки. Милтон Манаки и неговиот постар брат Јанаки се филмски пионери не само во Македонија, туку и пошироко на Балканот. По смртта на Јанаки, во 1955 година, Милтон целокупната филмска и фотографска оставина ја депонирал во Државниот архив на тогашна ФНР Југославија. Во 1976 година, по основањето на Кинотеката на Македонија, филмските ленти се предадени на чување во овој наш национален филмски архив, и во текот на изминативе децении тие беа реставрирани и заштитени со изработка на архивски копии, а во 2011 година и дигитализирани, дигитално реставрирани и прогласени на национално културно наследство. Фотографскиот опус, пак, денес се чува во Државниот архив, односно во Одделението на Државниот архив во Битола, а со заложба на Роберт Јанкулоски и „Македонскиот Центар за фотографија“ (МЦФ) – поголем дел од овие материјали се и дигитализирани, па и прикажан во рамките на неколку тематски изложби на Балканов и во Македонија. Во тек е постапка за прогласување на комплетната архивска граѓа од фондот на браќата Манаки во Државниот архив на Македонија – за културно наследство од исклучително национално значење. Кинотеката, исто така, продолжува да ја инспирира и образува филмската (општа и стручна) публика, особено младата и преку изработка и презентација на разни кратки пропагандни, едукативни и информативно-забавни видео-записи, со тематики кои ги опфаќаат не само првите филмски дејци - како што се Милтон и Јанаки Манаки, и останатите пионери на македонскиот филм - туку и другите неодминливи, реномирани и докажани филмски автори и филмови, и од домашната и од светската кинематографија. Токму затоа, на профилите на Кинотека на социјалните мрежи деновиве ќе биде промовиран и видео-записот „ФилмОмаж Манаки“, подготвен од млади филмски автори и соработници на Кинотеката, во кој тие говорат за браќата Манаки како нивна инспирација.

The post Изложба на дигитализирани фотографии на браќата Манаки во Кинотека по повод 140 години од раѓањето на Милтон Манаки appeared first on Република.

]]>
Отворена изложбата „140 години од раѓањето на Милтон Манаки“ во Заводот и музеј во Битола https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/otvorena-izlozbata-140-godini-od-ragjanjeto-na-milton-manaki-vo-zavodot-i-muzej-vo-bitola/ Tue, 23 Aug 2022 07:00:51 +0000 https://republika.mk/?p=543072

„140 години од раѓањето на Милтон Манаки 1882 – 2022“ е насловот на изложбата што вчера веше отворена во Заводот и музеј во Битола. Изложбата ја организира Државниот архив во рамките на 43. издание на фестивалот „Браќа Манаки“, а ја отвори министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.

Една фотографија – илјада зборови, но, има фотографии што ви ги одземаат сите зборови, сите противречни аргументи. Токму такви се и овие фотографии и подвижни слики на браќата Манаки. Од првото „Ателје за уметничка фотографија“ во Битола, купувањето на тристотиот примерок на камерата „Бајоскоп“ (Bioscope) во Лондон, до нивното кино „Манаки“, всушност е создадена историја, не само со културна и уметничка вредност. Од „браќа мечтатели“ до „браќа на светлината“, љубопитниот Јанаки и темпераментниот Милтон, биле хроничари на турбулентната прва половина од 20 век – рече Костадиновска-Стојчевска.

Освен што ги овековечиле случувањата во кралските дворови во Букурешт, во Белград и на османлискиот двор, тие оставиле и траен запис од илинденците, како и од страдањата на македонскиот народ во крвавиот период по Илинденското востание.

Објективот не го испуштиле од рака – од Илинден 1903 до фашистичкиот пораз 1944 и влегувањето на македонските партизани во Битола. Со еднаква професионалност и страст направиле илјадници фотографии и подвижни слики и од кралеви и од селани, и од окупатори и од револуционери, и од порази и од победи, и од сити и од прегладнети, и од палати и цркви и од трошни куќи, и од дијадеми и од носии, и од царски балови и од народни игри и ора – рече Костадиновска-Стојчевска.

Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ е првиот и најстар светски филмски фестивал посветен на креативноста на светските кинематографери. Започна во 1979 година по иницијатива на еден од главните основачи, Друштвото на филмските работници на Македонија (кое годинава ја одбележува и својата 65-годишнина), во соработка со Битола и со Кинотеката на Македонија. Основан е во чест и како инспирација од богатиот фотографско-филмски опус на браќата Манаки: Јанаки (1878-1954) и Милтон (1882-1964).

Во почетокот замислен како Манакиеви средби, а потоа и Фестивал на филмската камера на eксјугословенските кинематографери, фестивалот растел со голем потенцијал, а по независноста на Македонија, прогласена на 8 септември 1991, прерасна во Интернационален фестивал на светските кинематографери, чии играни филмови се во конкуренција за трите фестивалски награди: Златната, Сребрената и Бронзената камера 300.

Од 2013 година е воведена и наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ што ја доделува Друштвото на филмските работници на Република Македонија.

 

The post Отворена изложбата „140 години од раѓањето на Милтон Манаки“ во Заводот и музеј во Битола appeared first on Република.

]]>

„140 години од раѓањето на Милтон Манаки 1882 – 2022“ е насловот на изложбата што вчера веше отворена во Заводот и музеј во Битола. Изложбата ја организира Државниот архив во рамките на 43. издание на фестивалот „Браќа Манаки“, а ја отвори министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.
Една фотографија – илјада зборови, но, има фотографии што ви ги одземаат сите зборови, сите противречни аргументи. Токму такви се и овие фотографии и подвижни слики на браќата Манаки. Од првото „Ателје за уметничка фотографија“ во Битола, купувањето на тристотиот примерок на камерата „Бајоскоп“ (Bioscope) во Лондон, до нивното кино „Манаки“, всушност е создадена историја, не само со културна и уметничка вредност. Од „браќа мечтатели“ до „браќа на светлината“, љубопитниот Јанаки и темпераментниот Милтон, биле хроничари на турбулентната прва половина од 20 век – рече Костадиновска-Стојчевска.
Освен што ги овековечиле случувањата во кралските дворови во Букурешт, во Белград и на османлискиот двор, тие оставиле и траен запис од илинденците, како и од страдањата на македонскиот народ во крвавиот период по Илинденското востание.
Објективот не го испуштиле од рака – од Илинден 1903 до фашистичкиот пораз 1944 и влегувањето на македонските партизани во Битола. Со еднаква професионалност и страст направиле илјадници фотографии и подвижни слики и од кралеви и од селани, и од окупатори и од револуционери, и од порази и од победи, и од сити и од прегладнети, и од палати и цркви и од трошни куќи, и од дијадеми и од носии, и од царски балови и од народни игри и ора – рече Костадиновска-Стојчевска.
Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ е првиот и најстар светски филмски фестивал посветен на креативноста на светските кинематографери. Започна во 1979 година по иницијатива на еден од главните основачи, Друштвото на филмските работници на Македонија (кое годинава ја одбележува и својата 65-годишнина), во соработка со Битола и со Кинотеката на Македонија. Основан е во чест и како инспирација од богатиот фотографско-филмски опус на браќата Манаки: Јанаки (1878-1954) и Милтон (1882-1964). Во почетокот замислен како Манакиеви средби, а потоа и Фестивал на филмската камера на eксјугословенските кинематографери, фестивалот растел со голем потенцијал, а по независноста на Македонија, прогласена на 8 септември 1991, прерасна во Интернационален фестивал на светските кинематографери, чии играни филмови се во конкуренција за трите фестивалски награди: Златната, Сребрената и Бронзената камера 300. Од 2013 година е воведена и наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ што ја доделува Друштвото на филмските работници на Република Македонија.  

The post Отворена изложбата „140 години од раѓањето на Милтон Манаки“ во Заводот и музеј во Битола appeared first on Република.

]]>