Милош Земан Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/milosh-zeman/ За подобро да се разбереме Mon, 13 May 2024 09:40:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Милош Земан Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/milosh-zeman/ 32 32 Земан: Да се договори примирје и да започнат преговори меѓу Украина и Русија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zeman-da-se-dogovori-primirje-i-da-zapochnat-pregovori-megu-ukraina-i-rusija/ Mon, 13 May 2024 09:40:10 +0000 https://republika.mk/?p=777540

Поранешниот претседател на Чешка, Милош Земан денеска апелираше да се договори примирје и да започнат мировни преговори меѓу Украина и Русија, бидејќи тоа успешно ќе ја блокира руската офанзива на фронтот, а во сегашната ситуација Украина нема да биде осудена на пораз доколку руската армија ја пробие нејзината одбранбена линија.

Ги разбирам оние кои бараат мирно решение…. затоа што предупредуваат за моменталната ситуација на бојното поле што може да доведе до нарушување на украинската одбрана и мировните преговори може да ја блокираат руската офанзива, изјави Земан во интервју за чешкиот таблоид Блеск.

Поранешниот чешки претседател нагласи дека е за помош на Украина, вклучително и испорака на оружје и муниција, што чешката опозиција го критикува, но дека иако порано постоела надеж дека Украина ќе ги ослободи окупираните територии, сега воените аналитичари предупредуваат на ризикот на поразот, пренесе Бета.

Јасно кажувам дека не би сакал пораз на Украина. Историски гледано, Украина не може да ги врати своите територии во догледна иднина, дури и ако помошта од Запад значително се зголеми, изјави Земан.

Поранешниот чешки претседател рече дека идеите Западот да помогне со испраќање свои војници, за кои зборува францускиот претседател Емануел Макрон, наидуваат на отпор главно кај членките на НАТО.

Разберете дека во моментот на загинување на првите француски војници на украинска територија, тоа ќе предизвика внатрешно-политичка криза во Франција. Затоа, дури и таква варијанта не е многу веројатна. Затоа велам, пред Русите да постигнат поголем успех на бојното поле, потребно е барем да се постигне договор за примирје и со блокирање на таа руска офанзива, рече Земан

The post Земан: Да се договори примирје и да започнат преговори меѓу Украина и Русија appeared first on Република.

]]>

Поранешниот претседател на Чешка, Милош Земан денеска апелираше да се договори примирје и да започнат мировни преговори меѓу Украина и Русија, бидејќи тоа успешно ќе ја блокира руската офанзива на фронтот, а во сегашната ситуација Украина нема да биде осудена на пораз доколку руската армија ја пробие нејзината одбранбена линија. Ги разбирам оние кои бараат мирно решение…. затоа што предупредуваат за моменталната ситуација на бојното поле што може да доведе до нарушување на украинската одбрана и мировните преговори може да ја блокираат руската офанзива, изјави Земан во интервју за чешкиот таблоид Блеск. Поранешниот чешки претседател нагласи дека е за помош на Украина, вклучително и испорака на оружје и муниција, што чешката опозиција го критикува, но дека иако порано постоела надеж дека Украина ќе ги ослободи окупираните територии, сега воените аналитичари предупредуваат на ризикот на поразот, пренесе Бета. Јасно кажувам дека не би сакал пораз на Украина. Историски гледано, Украина не може да ги врати своите територии во догледна иднина, дури и ако помошта од Запад значително се зголеми, изјави Земан. Поранешниот чешки претседател рече дека идеите Западот да помогне со испраќање свои војници, за кои зборува францускиот претседател Емануел Макрон, наидуваат на отпор главно кај членките на НАТО. Разберете дека во моментот на загинување на првите француски војници на украинска територија, тоа ќе предизвика внатрешно-политичка криза во Франција. Затоа, дури и таква варијанта не е многу веројатна. Затоа велам, пред Русите да постигнат поголем успех на бојното поле, потребно е барем да се постигне договор за примирје и со блокирање на таа руска офанзива, рече Земан

The post Земан: Да се договори примирје и да започнат преговори меѓу Украина и Русија appeared first on Република.

]]>
Поранешниот чешки претседател Земан е во тешка, но стабилна здравствена состојба https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/poraneshniot-cheshki-pretsedatel-zeman-e-vo-teshka-no-stabilna-zdravstvena-sostojba/ Fri, 15 Mar 2024 15:15:20 +0000 https://republika.mk/?p=755184

Поранешниот чешки претседател Милош Земан (79) е во тешка, но стабилна состојба, еден ден откако беше опериран поради згрутчување на крвта во ногата, соопштија здравствените власти.

Универзитетската болница Мотол во Прага соопшти дека Милош Земан имал недоволен проток на крв во едната нога поради згрутчување на крвта. За време на операцијата, нормалниот проток на крв е вратен во ногата, но се уште не е познато колку време Земан би можел да остане во болница.

Земан боледува од дијабетес и невропатија поради што неколку пати беше хоспитализиран. Тој има проблем со одењето, поради што користи инвалидска количка.

Вториот и последен претседателски мандат на Земан заврши во март минатата година.

The post Поранешниот чешки претседател Земан е во тешка, но стабилна здравствена состојба appeared first on Република.

]]>

Поранешниот чешки претседател Милош Земан (79) е во тешка, но стабилна состојба, еден ден откако беше опериран поради згрутчување на крвта во ногата, соопштија здравствените власти. Универзитетската болница Мотол во Прага соопшти дека Милош Земан имал недоволен проток на крв во едната нога поради згрутчување на крвта. За време на операцијата, нормалниот проток на крв е вратен во ногата, но се уште не е познато колку време Земан би можел да остане во болница. Земан боледува од дијабетес и невропатија поради што неколку пати беше хоспитализиран. Тој има проблем со одењето, поради што користи инвалидска количка. Вториот и последен претседателски мандат на Земан заврши во март минатата година.

The post Поранешниот чешки претседател Земан е во тешка, но стабилна здравствена состојба appeared first on Република.

]]>
Чешкиот претседател предвидува дека Русија ќе се повлече од Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/cheshkiot-pretsedatel-predviduva-deka-rusija-ke-se-povleche-od-ukraina/ Mon, 26 Dec 2022 22:07:50 +0000 https://republika.mk/?p=590301

Чешкиот претседател Милош Земан, повика на дополнителна поддршка за Украина, вклучително и воена поддршка, тврдејќи дека Русија на крајот ќе мора да ја напушти Украина.

Убеден сум дека притисокот на слободните земји порано или подоцна ќе ја принуди Русија да ја напушти територијата на Украина, рече Земан во своето традиционално божиќно телевизиско обраќање.

Тој изјави дека секогаш се залагал за коректни економски односи меѓу неговата земја и Русија, особено поради нејзините важни енергетски резерви.

Сега, сепак, безбедноста на светот, а со тоа и на Чешка беше под закана. Во такви ситуации, економските интереси мораа да бидат на задното место на безбедносните интереси, истакна тој.

До руската воена операција во Украина, Земан важеше за противник на строгите санкции на ЕУ против Русија. Затоа тој често беше критикуван како „проруски настроен“.

Овогодишното божиќно обраќање беше последното на Земан како шеф на државата. По два мандата, тој веќе не може да се кандидира за трет мандат на изборите на 13 и 14 јануари.

The post Чешкиот претседател предвидува дека Русија ќе се повлече од Украина appeared first on Република.

]]>

Чешкиот претседател Милош Земан, повика на дополнителна поддршка за Украина, вклучително и воена поддршка, тврдејќи дека Русија на крајот ќе мора да ја напушти Украина.
Убеден сум дека притисокот на слободните земји порано или подоцна ќе ја принуди Русија да ја напушти територијата на Украина, рече Земан во своето традиционално божиќно телевизиско обраќање.
Тој изјави дека секогаш се залагал за коректни економски односи меѓу неговата земја и Русија, особено поради нејзините важни енергетски резерви.
Сега, сепак, безбедноста на светот, а со тоа и на Чешка беше под закана. Во такви ситуации, економските интереси мораа да бидат на задното место на безбедносните интереси, истакна тој.
До руската воена операција во Украина, Земан важеше за противник на строгите санкции на ЕУ против Русија. Затоа тој често беше критикуван како „проруски настроен“. Овогодишното божиќно обраќање беше последното на Земан како шеф на државата. По два мандата, тој веќе не може да се кандидира за трет мандат на изборите на 13 и 14 јануари.

The post Чешкиот претседател предвидува дека Русија ќе се повлече од Украина appeared first on Република.

]]>
Земан: Русија стана ирационална, Путин можеби не блефира https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zeman-rusija-stana-iracionalna-putin-mozebi-ne-blefira/ Fri, 23 Sep 2022 07:56:15 +0000 https://republika.mk/?p=553379

Чешкиот претседател Милош Земан предупреди дека руската политика станува се поирационална и оти е можно Владимир Путин да не блефира кога му се заканува на светот со нуклеарно оружје.

За жал, ирационалноста е сè поприсутна во руската политика. Токму затоа не се осмелувам да тврдам дека заплашувањето со нуклеарно оружје е само блефирање. На крајот на краиштата, самиот Путин во своето обраќање јасно кажа: Јас не блефирам, изјави Земан во интервју за чешкиот дневен весник Млада Фронта Днес.

Според чешкиот претседател, делумната мобилизација во Русија е резултат на руските воени неуспеси во Украина и нагласи дека ниту една демократска земја не може да ги признае референдумите кога тие се организираат под вооружен притисок.

Опасни се тие закани со нуклеарно оружје под многу провиден изговор: овие окупирани територии се руски по референдумот и во согласност со нашата доктрина, ние сме должни да ја браниме руската територија со какво било оружје. Референдуми организирани под вооружен притисок не можат да бидат признаени од ниту една демократска земја, рече Земан.

The post Земан: Русија стана ирационална, Путин можеби не блефира appeared first on Република.

]]>

Чешкиот претседател Милош Земан предупреди дека руската политика станува се поирационална и оти е можно Владимир Путин да не блефира кога му се заканува на светот со нуклеарно оружје. За жал, ирационалноста е сè поприсутна во руската политика. Токму затоа не се осмелувам да тврдам дека заплашувањето со нуклеарно оружје е само блефирање. На крајот на краиштата, самиот Путин во своето обраќање јасно кажа: Јас не блефирам, изјави Земан во интервју за чешкиот дневен весник Млада Фронта Днес. Според чешкиот претседател, делумната мобилизација во Русија е резултат на руските воени неуспеси во Украина и нагласи дека ниту една демократска земја не може да ги признае референдумите кога тие се организираат под вооружен притисок. Опасни се тие закани со нуклеарно оружје под многу провиден изговор: овие окупирани територии се руски по референдумот и во согласност со нашата доктрина, ние сме должни да ја браниме руската територија со какво било оружје. Референдуми организирани под вооружен притисок не можат да бидат признаени од ниту една демократска земја, рече Земан.

The post Земан: Русија стана ирационална, Путин можеби не блефира appeared first on Република.

]]>
Претседателот на Чешка не дозволува да помине Законот за истополови бракови- стави вето https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pretsedatelot-na-cheshka-ne-dozvoluva-da-pomine-zakonot-za-istopolovi-brakovi-stavi-veto/ Fri, 10 Jun 2022 13:43:33 +0000 https://republika.mk/?p=513548

Чешкиот претседател Милош Земан денеска изјави дека е подготвен да стави вето на предложениот закон со кој на истополовите парови во државата ќе им се даде право за граѓански венчавки, доколку парламентот го одобри.

Предлог-законот подготвен од пратеници од целиот политички спектар денеска беше доставен до Долниот дом на чешкиот парламент, но не е одреден датум за почеток на неговата расправа.

– Би сакал да објавам дека ќе ставам вето, доколку навистина добијам за потпис таков закон, рече Земан по средбата со унгарската колешка Каталин Новак.

Земан нагласи дека Чешка веќе дозволува граѓански заедници за истополови парови, но дека „семејството е заедница само на маж и жена“.

The post Претседателот на Чешка не дозволува да помине Законот за истополови бракови- стави вето appeared first on Република.

]]>

Чешкиот претседател Милош Земан денеска изјави дека е подготвен да стави вето на предложениот закон со кој на истополовите парови во државата ќе им се даде право за граѓански венчавки, доколку парламентот го одобри. Предлог-законот подготвен од пратеници од целиот политички спектар денеска беше доставен до Долниот дом на чешкиот парламент, но не е одреден датум за почеток на неговата расправа. – Би сакал да објавам дека ќе ставам вето, доколку навистина добијам за потпис таков закон, рече Земан по средбата со унгарската колешка Каталин Новак. Земан нагласи дека Чешка веќе дозволува граѓански заедници за истополови парови, но дека „семејството е заедница само на маж и жена“.

The post Претседателот на Чешка не дозволува да помине Законот за истополови бракови- стави вето appeared first on Република.

]]>
Претседателот на Чешка тврди дека нема да има војна со Русија: Паниката беше бламажа за американските тајни служби https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pretsedatelot-na-cheshka-tvrdi-deka-nema-da-ima-vojna-so-rusija-panikata-beshe-blamaza-za-amerikanskite-tajni-sluzbi/ Thu, 17 Feb 2022 08:54:51 +0000 https://republika.mk/?p=459667

Чешкиот претседател Милош Земан ја обвини ЦИА за „бламажа“ поради најавите за руски напад врз Украина оваа недела и повтори дека верува оти нема да има војна освен можеби ограничен конфликт во сепаратистичките области на Украина.

Русите не се луди да се вклучат во операција која ќе им нанесе повеќе штета отколку корист. Кога станува збор за американските тајни служби, ова им е трета бламажа. Првата беше војната во Ирак каде не беше пронајдено оружје за масовно уништување. Втората во Авганистан кога тврдеа дека талибанците никогаш нема да го освојат Кабул. А третата е сега - изјави Земан во интервју што го објави чешкиот весник „Млада Фронта Днес“.

Чешкиот претседател изјави дека не верува оти нападот врз Украина не се случил затоа што западните разузнавачки служби однапред предупредија дека знаат за плановите и можноста за агресија врз Украина.

Мислам дека тоа е обид да се скрие срамот. Веста дојде од американски извори пред пет дена. И како што можете да видите, тоа не се случи. Во секој случај, тоа беше извештај на ЦИА. И не се прашувам какви извори на информации има. Само врз основа на споменатите три случаи се сомневам во квалитетот на тие извори - истакна Земан.

Претседателот на Чешка, сепак, не ја исклучува можноста дека во Украина ќе има војна.

Не можам да исклучам некој локален конфликт на границите на Доњецк или Луганск. Но, тоа е нешто сосема различно од руска агресија врз Украина. Западот го прави ова, а генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг вели дека Русите се подготвени и војната може да почне во секој момент, но против тоа зборува повлекувањето на руските единици - вели Земан.

Според него, распоредувањето на руски трупи на границата со Украина е само воена вежба која русите ја завршуваат на своја територија.

The post Претседателот на Чешка тврди дека нема да има војна со Русија: Паниката беше бламажа за американските тајни служби appeared first on Република.