милош вучевиќ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/milosh-vuchevikj/ За подобро да се разбереме Mon, 25 Nov 2024 08:31:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png милош вучевиќ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/milosh-vuchevikj/ 32 32 Вучевиќ: Виновниците ќе одговараат ако судот утрвди вина, не зошто некој од улица го побарал тоа https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vuchevik-vinovnitsite-ke-odgovaraat-ako-sudot-utrvdi-vina-ne-zoshto-nekoj-od-ulitsa-go-pobaral-toa/ Mon, 25 Nov 2024 08:31:22 +0000 https://republika.mk/?p=841456

Српскиот премиер Милош Вучевиќ денеска изјави дека сите што се виновни за падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад, кога загинаа 15 лица, ќе одговараат „но не затоа што некој го побарал на улица“, туку ќе се утврди нивната вина од страна на судот. Вучевиќ за Радио телевизија на Србија (РТС) изјави дека Србија мора да продолжи да функционира како држава и општество.

Народот мора да продолжи понатаму, тоа не значи дека е заинтересиран за утврдување одговорност, бидејќи животот мора да продолжи и Србија не смее да запре, ниту семејствата кои ги загубија своите најблиски, мора да продолжат да живеат. За доброто на загинатите треба да продолжиме и да се погрижиме тоа никогаш да не се повтори, а виновниците ќе бидат кривично гонети затоа што тоа ќе го утврди судот, а не затоа што некој на улица го кажал тоа, посочи Вучевиќ.

Тој потсети дека Обвинителството приведе 13 лица и додаде дека „работи онака како што мисли дека треба да работи, а не под влијание на извршната власт“.

The post Вучевиќ: Виновниците ќе одговараат ако судот утрвди вина, не зошто некој од улица го побарал тоа appeared first on Република.

]]>

Премиерот Мицкоски утре во Белград ќе се сретне со српскиот претседател Вучиќ и премиерот Вучевиќ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/premierot-mitskoski-utre-vo-belgrad-ke-se-sretne-so-srpskiot-pretsedatel-vuchik-i-premierot-vuchevik/ Thu, 21 Nov 2024 18:05:12 +0000 https://republika.mk/?p=840510

Премиерот Христијан Мицкоски утре во Белград ќе има одвоени средби со српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерот Милош Вучевиќ.

Мицкоски ја предводи македонската делегација која ќе присуствува на третиот меѓународен саем за вино, храна, ракија и туризам „Винска визија на Отворен Балкан“. Според информациите од македонската Влада, премиерот ќе се обрати на отворањето на винскиот саем, како и на македонската вечер.

The post Премиерот Мицкоски утре во Белград ќе се сретне со српскиот претседател Вучиќ и премиерот Вучевиќ appeared first on Република.

]]>

Премиерот Христијан Мицкоски утре во Белград ќе има одвоени средби со српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерот Милош Вучевиќ. Мицкоски ја предводи македонската делегација која ќе присуствува на третиот меѓународен саем за вино, храна, ракија и туризам „Винска визија на Отворен Балкан“. Според информациите од македонската Влада, премиерот ќе се обрати на отворањето на винскиот саем, како и на македонската вечер.

The post Премиерот Мицкоски утре во Белград ќе се сретне со српскиот претседател Вучиќ и премиерот Вучевиќ appeared first on Република.

]]>
Вучевиќ: Подготвен сум за мојата одговорност да се расправа во српскиот Парламент, ќе има уште оставки https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vuchevik-podgotven-sum-za-mojata-odgovornost-da-se-rasprava-vo-srpskiot-parlament-ke-ima-ushte-ostavki/ Fri, 15 Nov 2024 10:17:46 +0000 https://republika.mk/?p=838036

За мојата одговорност ќе се разговара во Парламентот и подготвен сум за тоа, изјави денеска српскиот премиер Милош Вучевиќ, наведувајќи дека опозицијата има право да бара импичмент на власта по несреќата во Нови Сад, но дека „мора да бидат свесни дека состојбата на настрешницата на железничката станица не е политичко прашање, тоа е прашање на експерти од струката“.

Вучевиќ за белградски медиуми утрово изјави дека е сигурен дека повеќе министри ќе поднесат оставки, но дека е важно да се направи разлика помеѓу политичка и кривична одговорност. Тој смета дека мора да се донесе рационална одлука за оставки и дека таквите одлуки не се носат под притисок на јавноста и социјалните мрежи.

Тоа е сосема природен процес по сè што ни се случи на 1 ноември, ќе има уште оставки. Но, политичката одговорност нема врска со кривичната одговорност. Утврдувањето на кривичната одговорност е на Обвинителството кое си ја врши работата, додаде Вучевиќ.

The post Вучевиќ: Подготвен сум за мојата одговорност да се расправа во српскиот Парламент, ќе има уште оставки appeared first on Република.

]]>

За мојата одговорност ќе се разговара во Парламентот и подготвен сум за тоа, изјави денеска српскиот премиер Милош Вучевиќ, наведувајќи дека опозицијата има право да бара импичмент на власта по несреќата во Нови Сад, но дека „мора да бидат свесни дека состојбата на настрешницата на железничката станица не е политичко прашање, тоа е прашање на експерти од струката“. Вучевиќ за белградски медиуми утрово изјави дека е сигурен дека повеќе министри ќе поднесат оставки, но дека е важно да се направи разлика помеѓу политичка и кривична одговорност. Тој смета дека мора да се донесе рационална одлука за оставки и дека таквите одлуки не се носат под притисок на јавноста и социјалните мрежи. Тоа е сосема природен процес по сè што ни се случи на 1 ноември, ќе има уште оставки. Но, политичката одговорност нема врска со кривичната одговорност. Утврдувањето на кривичната одговорност е на Обвинителството кое си ја врши работата, додаде Вучевиќ.

The post Вучевиќ: Подготвен сум за мојата одговорност да се расправа во српскиот Парламент, ќе има уште оставки appeared first on Република.

]]>
Премиерот на Србија Вучевиќ: Градското собрание во Нови Сад е симбол на градот и неговиот слободарски дух https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/premierot-na-srbija-vuchevik-gradskoto-sobranie-vo-novi-sad-e-simbol-na-gradot-i-negoviot-slobodarski-duh/ Tue, 05 Nov 2024 22:03:55 +0000 https://republika.mk/?p=834520

По повод вечерашниот протест во Нови Сад говореше и српскиот премиер Милош Вучевиќ.

- Градското собрание е симбол на градот и неговиот слободарски дух. Не се работи за зградата, туку за тоа што таа претставува за жителите на Нови Сад. Покажавте дека имате апсолутно непочитување кон загинатите, кон болката на нивните семејства, кон вистината, кон утврдувањето на вината на одговорните. Ги интересира само преку насилство да дојдат на власт. За вас нема ниту едно светилиште. Ниту човечко, ниту во симболична смисла.

- =

The post Премиерот на Србија Вучевиќ: Градското собрание во Нови Сад е симбол на градот и неговиот слободарски дух appeared first on Република.

Вучевиќ: Политичка одговорност мора да има, но одлуката треба да се донесе со ладна глава https://arhiva3.republika.mk/vesti/vuchevik-politichka-odgovornost-mora-da-ima-no-odlukata-treba-da-se-donese-so-ladna-glava/ Sun, 03 Nov 2024 16:33:53 +0000 https://republika.mk/?p=833800

Премиерот на Србија, Милош Вучевиќ, изјави дека обвинителството и полицијата работат на утврдување кривична одговорност за несреќата во Нови Сад, дека нема бегање од одлуката за политичка одговорност и таа објективно ќе се согледа и ќе се утврди во наредните денови, јави дописникот на МИА од Белград.

Премиерот Вучевиќ додаде дека политичка одговорност мора да постои и дека треба да се направи на мирен и одговорен начин.

Зборував со претседателот на Србија и таа одлука ќе ја донесеме со ладна глава, рационално, а не со твитови и објави на социјалните мрежи, изјави Вучевиќ за новинарите во Шангај, каде што учествува на кинескиот саем за увоз.

Вучевиќ посочи дека нема бегање од таа одлука и дека ќе биде резултат на одговорна политичка дискусија и објективна проценка на состојбите и дека тука не се работи за кривична, туку за политичка одговорност поврзана со менаџментот на државата, градот, ресорот или некоја фирма, и дека кривичното дело ќе го утврдуваат полицијата и обвинителството, односно судот.

Ќе видиме каква ќе биде конечната одлука. Не се бега од тоа, не се краде време. Мислам дека најважно е да се разбере болката на семејствата на оние кои настрадаа, да се дозволи она што е дел од обичајот, дел од културата, а тоа е семејствата да можат на мир да ги погребаат и да ги испратат своите настрадани и сите да го почитуваат тоа, рече Вучевиќ.

Тој кажа и дека истрагата е во рацете на јавното обвинителство и полицијата, додавајќи дека бил информиран дека се сослушуваат и земаат изјави од сите кои се во синџирот на одлучување и носење одлуки за реконструкција или работи на железничката станица во Нови Сад.

Многу работи се непознати во моментов и вистината мора да се каже. Никој не ги има сите податоци бидејќи навистина е многу сложено прашање дали е направено или не, ако е така кога е направено и што е направено, зборуваме за целата железничка станица, потоа како се случи несреќата, што се случи, како е можно конструкцијата да попушти, како е можно наеднаш да попушти..., рече српскиот премиер.

Тој забележа дека има спротивставени мислења од луѓето од струката и дека градежните стручњаци можат да помогнат и да кажат што се случило.

The post Вучевиќ: Политичка одговорност мора да има, но одлуката треба да се донесе со ладна глава appeared first on Република.

]]>

Премиерот на Србија, Милош Вучевиќ, изјави дека обвинителството и полицијата работат на утврдување кривична одговорност за несреќата во Нови Сад, дека нема бегање од одлуката за политичка одговорност и таа објективно ќе се согледа и ќе се утврди во наредните денови, јави дописникот на МИА од Белград. Премиерот Вучевиќ додаде дека политичка одговорност мора да постои и дека треба да се направи на мирен и одговорен начин.
Зборував со претседателот на Србија и таа одлука ќе ја донесеме со ладна глава, рационално, а не со твитови и објави на социјалните мрежи, изјави Вучевиќ за новинарите во Шангај, каде што учествува на кинескиот саем за увоз.
Вучевиќ посочи дека нема бегање од таа одлука и дека ќе биде резултат на одговорна политичка дискусија и објективна проценка на состојбите и дека тука не се работи за кривична, туку за политичка одговорност поврзана со менаџментот на државата, градот, ресорот или некоја фирма, и дека кривичното дело ќе го утврдуваат полицијата и обвинителството, односно судот.
Ќе видиме каква ќе биде конечната одлука. Не се бега од тоа, не се краде време. Мислам дека најважно е да се разбере болката на семејствата на оние кои настрадаа, да се дозволи она што е дел од обичајот, дел од културата, а тоа е семејствата да можат на мир да ги погребаат и да ги испратат своите настрадани и сите да го почитуваат тоа, рече Вучевиќ.
Тој кажа и дека истрагата е во рацете на јавното обвинителство и полицијата, додавајќи дека бил информиран дека се сослушуваат и земаат изјави од сите кои се во синџирот на одлучување и носење одлуки за реконструкција или работи на железничката станица во Нови Сад.
Многу работи се непознати во моментов и вистината мора да се каже. Никој не ги има сите податоци бидејќи навистина е многу сложено прашање дали е направено или не, ако е така кога е направено и што е направено, зборуваме за целата железничка станица, потоа како се случи несреќата, што се случи, како е можно конструкцијата да попушти, како е можно наеднаш да попушти..., рече српскиот премиер.
Тој забележа дека има спротивставени мислења од луѓето од струката и дека градежните стручњаци можат да помогнат и да кажат што се случило.

The post Вучевиќ: Политичка одговорност мора да има, но одлуката треба да се донесе со ладна глава appeared first on Република.

]]>
Mицкоски: Дијалогот е единствен пат за решавање на спорови и недоразбирања https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-dijalogot-e-edinstven-pat-za-reshavane-na-sporovi-i-nedorazbirana/ Mon, 07 Oct 2024 11:16:05 +0000 https://republika.mk/?p=823789

Споделуваме многу повеќе од заедничка граница. Многу од граѓаните на двете земји споделуваат историја, култура, семејни врски и, најважно од сè, заеднички стремежи за просперитет и мир за нашите народи.

Разговаравме за начините како да ја продлабочиме економската соработка, како да ги поврземе нашите луѓе и како да создадеме можности за идните генерации кои доаѓаат, изјави премиерот Христијан Мицкоски на заедничката-прес-конференција со неговиот српски колега Милош Вучевиќ.

Мицкоски рече дека разговарале за предизвиците со кои се соочува регионот, и посочиле дека е неопходно „во овие турбулентни времиња, да бидеме заедно, да бидеме глас на разумот и да работиме кон стабилност и безбедност на целиот регион“.

-Ја истакнавме важноста на дијалогот како единствен пат за решавање на спорови и недоразбирања. Во однос на нашите европски аспирации, ја потврдивме заедничката визија дека иднината на регионот е Европската Унија. Знаеме дека патот до таму не е лесен, но веруваме дека со заеднички напори и поддршка можеме да ги исполниме критериумите и да ги донесеме придобивките од европската интеграција на граѓаните во регионот, рече Мицкоски.

https://republika.mk/vesti/ekonomija/ekonomskata-sorabotka-glavna-tema-na-sredbata-na-mitskoski-so-srpskiot-premier-vuchevik/

Премиерот истакна дека зборувале и во делот за енергетското поврзување на двете земји.

-Ја истакнавме важноста од изградбата на гасниот интерконектор којшто ги поврзува или ќе ги поврзува во иднина двете земји. Бидејќи ние сме сега во фаза на завршување на тендерска постапка со којашто конечно ќе отпочне изградбата на интерконекторот со нашиот јужен сосед, за да обезбедиме дополнителна опција за снабдување на гас на Централна Европа, нагласи Мицкоски.

Српскиот премиер од своја страна, исткна дека Македонија и Србија имаат традиционално добри односи, и се согласи со Мицкоски дека клучно за Србија е изградбата на интерконекторот и нов пат за снабдување со природен гас за Србија, преку Македонија.

-Силно го поддржуваме заедничкиот пат. Србија верува во заедничка европска иднина на целиот регион. Даваме целосна поддршка на Македонија на нејзиниот европски пат. Сметаме дека ЕУ мора од поодамна да даде можност на Македонија за нејзиниот напредок кон Унијата, тоа јавно сакаме да го кажеме и веруваме во заедничката европска судбина или приказна за целиот регион. Овој регион заслужува шанса и поддршка од целата Европска Унија, рече Вучевиќ, кој е во официјална посета на земјава.

The post Mицкоски: Дијалогот е единствен пат за решавање на спорови и недоразбирања appeared first on Република.

]]>

Споделуваме многу повеќе од заедничка граница. Многу од граѓаните на двете земји споделуваат историја, култура, семејни врски и, најважно од сè, заеднички стремежи за просперитет и мир за нашите народи. Разговаравме за начините како да ја продлабочиме економската соработка, како да ги поврземе нашите луѓе и како да создадеме можности за идните генерации кои доаѓаат, изјави премиерот Христијан Мицкоски на заедничката-прес-конференција со неговиот српски колега Милош Вучевиќ. Мицкоски рече дека разговарале за предизвиците со кои се соочува регионот, и посочиле дека е неопходно „во овие турбулентни времиња, да бидеме заедно, да бидеме глас на разумот и да работиме кон стабилност и безбедност на целиот регион“.
-Ја истакнавме важноста на дијалогот како единствен пат за решавање на спорови и недоразбирања. Во однос на нашите европски аспирации, ја потврдивме заедничката визија дека иднината на регионот е Европската Унија. Знаеме дека патот до таму не е лесен, но веруваме дека со заеднички напори и поддршка можеме да ги исполниме критериумите и да ги донесеме придобивките од европската интеграција на граѓаните во регионот, рече Мицкоски.
https://republika.mk/vesti/ekonomija/ekonomskata-sorabotka-glavna-tema-na-sredbata-na-mitskoski-so-srpskiot-premier-vuchevik/ Премиерот истакна дека зборувале и во делот за енергетското поврзување на двете земји.
-Ја истакнавме важноста од изградбата на гасниот интерконектор којшто ги поврзува или ќе ги поврзува во иднина двете земји. Бидејќи ние сме сега во фаза на завршување на тендерска постапка со којашто конечно ќе отпочне изградбата на интерконекторот со нашиот јужен сосед, за да обезбедиме дополнителна опција за снабдување на гас на Централна Европа, нагласи Мицкоски.
Српскиот премиер од своја страна, исткна дека Македонија и Србија имаат традиционално добри односи, и се согласи со Мицкоски дека клучно за Србија е изградбата на интерконекторот и нов пат за снабдување со природен гас за Србија, преку Македонија.
-Силно го поддржуваме заедничкиот пат. Србија верува во заедничка европска иднина на целиот регион. Даваме целосна поддршка на Македонија на нејзиниот европски пат. Сметаме дека ЕУ мора од поодамна да даде можност на Македонија за нејзиниот напредок кон Унијата, тоа јавно сакаме да го кажеме и веруваме во заедничката европска судбина или приказна за целиот регион. Овој регион заслужува шанса и поддршка од целата Европска Унија, рече Вучевиќ, кој е во официјална посета на земјава.

The post Mицкоски: Дијалогот е единствен пат за решавање на спорови и недоразбирања appeared first on Република.

]]>
Економската соработка главна тема на средбата на Мицкоски со српскиот премиер Вучевиќ https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ekonomskata-sorabotka-glavna-tema-na-sredbata-na-mitskoski-so-srpskiot-premier-vuchevik/ Mon, 07 Oct 2024 10:58:21 +0000 https://republika.mk/?p=823766

Денес, тука во Скопје имавме значајна и искрена средба со премиерот на Република Србија, господинот Милош Вучевиќ.Нашата средба беше повеќе од формален состанок, таа беше израз на заедничката желба за подобра иднина и зацврстување на врските помеѓу нашите две земји,oбјави премиерот Христијан Мицкоски.

Во срцето на нашите разговори беше разбирањето дека споделуваме многу повеќе од заедничка граница. Многу од граѓаните на двете земји споделуваат историја, култура, семејни врски и, најважно од сè, заеднички стремежи за просперитет и мир за нашите народи.

Разговаравме за начините како да ја продлабочиме економската соработка, како да ги поврземе нашите луѓе и како да создадеме можности за идните генерации кои доаѓаат.

Посебно се осврнавме на културната соработка и образованието. Се согласивме дека инвестирањето во младите е инвестирање во иднината. Кога нашите млади уште повеќе ќе се поврзат, ќе учат едни од други и ќе создадат заеднички проекти, тогаш сме сигурни дека регионот ќе оди напред.

Исто така, зборувавме за предизвиците со кои се соочува регионот. Во овие турбулентни времиња, неопходно е да бидеме заедно, да бидеме глас на разумот и да работиме кон стабилност и безбедност на целиот регион. Ја истакнавме важноста на дијалогот како единствен пат за решавање на спорови и недоразбирања.

Во однос на нашите европски аспирации, ја потврдивме заедничката визија дека иднината на регионот е Европската Унија. Знаеме дека патот до таму не е лесен, но веруваме дека со заеднички напори и поддршка можеме да ги исполниме критериумите и да ги донесеме придобивките од европската интеграција на граѓаните во регионот.

Исто така можам да кажам дека зборувавме во делот на енергетското поврзување на двете земји. Посебно ја истакнавме важноста од изградбата на гасниот интерконектор којшто ги поврзува или ќе ги поврзува во иднина двете земји. Бидејќи ние сме сега во фаза на завршување на тендерска постапка со којашто конечно ќе отпочне изградбата на интерконекторот со нашиот јужен сосед, за да обезбедиме дополнителна опција за снабдување на гас на Централна Европа. Овој интерконектор со нашиот северен сосед е исклучително значаен. Тоа беше еден од важните сегменти во нашите разговори.

Во фаза сме да го пуштиме во употреба или продуктоводот или во јасноста познат како нафтовод којшто ја поврзува нашата земја со нашиот јужен сосед. Цениме дека тоа би било добра опција, да истиот тој продуктовод или нафтовод биде поврзан и со нашиот северен сосед и на тој начин да обезбедиме уште еден коридор.

Зборувавме и за изградба на брзата пруга којашто е дел од Коридорот 10, којашто претставува стратешки приоритет на нашата Влада исто како што е и Коридорот 8. Но заеднички приоритет е изградба на Коридорот 10 и со нашиот северен и со нашиот северен сосед. И на тој начин практично ги опфативме оние теми кои што се важни, видовте и самите, присуствувавте на потпишување на Меморандум за соработка во делот на енергетиката, рударството и минералните суровини. Така што можам да кажам дека регионалното поврзување останува приоритет за двете држави и тоа регионално поврзување да биде дел од идното поврзување и интегрирање во рамките на Европската Унија.

Исто така ја отворивме темата за одржување на заеднички влади, нешто кое што го правиме вообичаено со владини седници, истото што го правиме и со другите наши соседи. Така што мислам дека односите помеѓу двете земји се на исклучително високо ниво и во периодот кој што следи истите треба да ги продлабочуваме.

Како македонска Влада нашата ориентација е многу пати повторена, ќе ја повторам и денеска, а тоа е да градиме добрососедски односи со сите наши соседи и нормално заеднички како регион да бидеме дел од Европска Унија.

The post Економската соработка главна тема на средбата на Мицкоски со српскиот премиер Вучевиќ appeared first on Република.

Прес-конференција на македонскиот и српскиот премиер https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pres-konferentsija-na-makedonskiot-i-srpskiot-premier/ Mon, 07 Oct 2024 10:14:46 +0000 https://republika.mk/?p=823748

Заедничка прес- конференција на македонскиот премиер Христијан Мицкоски и на неговиот колега од Србија Милош Вучевиќ:

https://www.youtube.com/live/mmV1AnKqUm4?si=37IY5S0iLsULv406

The post Прес-конференција на македонскиот и српскиот премиер appeared first on Република.

]]>

Заедничка прес- конференција на македонскиот премиер Христијан Мицкоски и на неговиот колега од Србија Милош Вучевиќ: https://www.youtube.com/live/mmV1AnKqUm4?si=37IY5S0iLsULv406  

The post Прес-конференција на македонскиот и српскиот премиер appeared first on Република.

]]>
Официјален пречек на српскиот премиер Вучевиќ пред Владата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ofitsijalen-prechek-na-srpskiot-premier-vuchevik-pred-vladata/ Mon, 07 Oct 2024 08:27:42 +0000 https://republika.mk/?p=823714

Премиерот Христијан Мицкоски ја пречекува српската делегација предводена од премиерот Милош Вучевиќ, по што во 11 и 45 ќе следува прес-конференција на двајцата премиери.

The post Официјален пречек на српскиот премиер Вучевиќ пред Владата appeared first on Република.

Српскиот премиер со делегација денеска во Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/srpskiot-premier-so-delegatsija-deneska-vo-makedonija/ Mon, 07 Oct 2024 05:51:45 +0000 https://republika.mk/?p=823639

Премиерот на Република Србија Милош Вучевиќ денеска, со владина делегација, ќе ја посети земјава. Вучевиќ ќе биде пречекан од премиерот Хриситијан Мицкоски.

Како што информира владината прес-служба, во рамки на посетата ќе се одржи тет-а-тет средба меѓу претседателите на владите од двете земји, а потоа и пленарна средба меѓу двете делегации, по што ќе следи потпишување меморандум за соработка меѓу македонското Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини и српското Министерство за рударство и енергетика.

Предвидена е и заедничка прес конференција на Мицкоски и Вучевиќ.

Според Владата на Србија, Вучевиќ ќе има средба и со претставници од српските здруженија, културно-уметнички друштва, политички партии, како и српски компании кои работат во Македонија.

The post Српскиот премиер со делегација денеска во Македонија appeared first on Република.

]]>

Премиерот на Република Србија Милош Вучевиќ денеска, со владина делегација, ќе ја посети земјава. Вучевиќ ќе биде пречекан од премиерот Хриситијан Мицкоски. Како што информира владината прес-служба, во рамки на посетата ќе се одржи тет-а-тет средба меѓу претседателите на владите од двете земји, а потоа и пленарна средба меѓу двете делегации, по што ќе следи потпишување меморандум за соработка меѓу македонското Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини и српското Министерство за рударство и енергетика. Предвидена е и заедничка прес конференција на Мицкоски и Вучевиќ. Според Владата на Србија, Вучевиќ ќе има средба и со претставници од српските здруженија, културно-уметнички друштва, политички партии, како и српски компании кои работат во Македонија.

The post Српскиот премиер со делегација денеска во Македонија appeared first on Република.

]]>
Српскиот премир Вучевиќ утре во посета на Скопје, со Мицкоски ќе потпишат Меморандум https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/srpskiot-premir-vuchevik-utre-vo-poseta-na-skopje-so-mitskoski-ke-potpishat-memorandum/ Sun, 06 Oct 2024 11:50:08 +0000 https://republika.mk/?p=823431

Премиерот на Република Србија, Милош Вучевиќ утре со владина делегација ќе ја посети Република Македонија каде ќе оствари средба со премиерот Христијан Мицковски, а ќе се потпише Меморандум за разбирање и соработка во областа на гасот, јави дописникот на МИА од Белград.

Според соопштението од Владата на Р. Србија, српскиот премиер ќе биде пречекан во 10:00 часот пред зградата на Владата на Македонија, по што ќе следи тет-а-тет средба меѓу премиерот на Македонија Христијан Мицкоски и премиерот на Република Србија Милош Вучевиќ.

По средбата на двата премиера, предвидена е средба на делегациите на Владата на Македонија и Владата на Република Србија. Потоа ќе се потпише Меморандум за разбирање и соработка во областа на гасот помеѓу Министерството за рударство и енергетика на Република Србија и Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини на Република Македонија.

Предвидени се и изјави за медиумите на премиерите Вучевиќ и Мицкоски.

Како што соопштија од Владата на Србија, премиерот на Република Србија, Милош Вучевиќ, ќе има обраќање и на собирот на кој ќе присуствуваат претставници на српските здруженија, културно-уметнички друштва, политички партии, како и српски компании кои работат во Македонија.

The post Српскиот премир Вучевиќ утре во посета на Скопје, со Мицкоски ќе потпишат Меморандум appeared first on Република.

]]>

Премиерот на Република Србија, Милош Вучевиќ утре со владина делегација ќе ја посети Република Македонија каде ќе оствари средба со премиерот Христијан Мицковски, а ќе се потпише Меморандум за разбирање и соработка во областа на гасот, јави дописникот на МИА од Белград. Според соопштението од Владата на Р. Србија, српскиот премиер ќе биде пречекан во 10:00 часот пред зградата на Владата на Македонија, по што ќе следи тет-а-тет средба меѓу премиерот на Македонија Христијан Мицкоски и премиерот на Република Србија Милош Вучевиќ. По средбата на двата премиера, предвидена е средба на делегациите на Владата на Македонија и Владата на Република Србија. Потоа ќе се потпише Меморандум за разбирање и соработка во областа на гасот помеѓу Министерството за рударство и енергетика на Република Србија и Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини на Република Македонија. Предвидени се и изјави за медиумите на премиерите Вучевиќ и Мицкоски. Како што соопштија од Владата на Србија, премиерот на Република Србија, Милош Вучевиќ, ќе има обраќање и на собирот на кој ќе присуствуваат претставници на српските здруженија, културно-уметнички друштва, политички партии, како и српски компании кои работат во Македонија.

The post Српскиот премир Вучевиќ утре во посета на Скопје, со Мицкоски ќе потпишат Меморандум appeared first on Република.

]]>
Во понеделник изменет сообраќај во Скопје, доаѓа српскиот премиер https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/vo-ponedelnik-izmenet-soobrakaj-vo-skopje-doaga-srpskiot-premier/ Sat, 05 Oct 2024 12:01:33 +0000 https://republika.mk/?p=823072

Во понеделник во официјална посета на Македонија ќе присуствува премиерот на Србија, Милош Вучевиќ. Поради тоа ќе има посебен режим за сообраќај низ улиците во Скопје.

„СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека на 07.10.2024 (понеделник) поради официјална посета на претседателот на Владата на Република Србија, Милош Вучевиќ, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје. СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници“, велат од МВР.

The post Во понеделник изменет сообраќај во Скопје, доаѓа српскиот премиер appeared first on Република.

]]>

Во понеделник во официјална посета на Македонија ќе присуствува премиерот на Србија, Милош Вучевиќ. Поради тоа ќе има посебен режим за сообраќај низ улиците во Скопје. „СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека на 07.10.2024 (понеделник) поради официјална посета на претседателот на Владата на Република Србија, Милош Вучевиќ, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје. СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници“, велат од МВР.

The post Во понеделник изменет сообраќај во Скопје, доаѓа српскиот премиер appeared first on Република.

]]>
Вучевиќ: Во септември 2025 година првата класа на Војската на Србија од редовниот регрутен состав https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vuchevik-vo-septemvri-2025-godina-prvata-klasa-na-vojskata-na-srbija-od-redovniot-regruten-sostav/ Sun, 29 Sep 2024 13:06:46 +0000 https://republika.mk/?p=820744

Премиерот на Србија, Милош Вучевиќ, денеска изјави дека планот е првата генерација на редовното служење на задолжителна воена обврска од 75 дена, да биде во касарните во септември 2025 година, јави дописникот на МИА од Белград.

Вучевиќ за ТВ „Прва“ кажа дека во март следната година, до Собранието на Србија ќе се поднесе предлог за измена на законот со кој ќе се дефинира и регулира се што е поврзано со служењето на воениот рок.

Владата на Србија на 20 септември го усвои Заклучокот за формирање Работна група за разгледување на активностите и мерките за активирање на обврската за служење на воениот рок во времетраење од 75 дена.

Обврската за служењето на воениот рок во Србија беше укината на 1 јануари 2011 година, со што земјата премина на моделот на професионални вооружени сили, со можност за доброволно служење воен рок.

Вучевиќ рече дека „идејата е во септември 2025 година Војската на Србија (ВС) да биде подготвена да ја прими првата генерација регрути“, и дека, како што наведе, „есента 2025 година можеме да ги очекуваме првите класи на ВС од регрутниот состав“.

Тој рече дека кога сите капацитети ќе се подигнат до максимум, српските вооружени сили, односно Министерството за одбрана, планираат до 20.000 регрути годишно да служат воен рок.

Тој потсети дека задолжителниот воен рок е предвидено да важи за регрутите „од 18 години, односно од 19 до 30 години“, а жените ќе имаат право на доброволно служење воен рок, кој ќе трае 75 дена.

-Веќе нема да има преклопување меѓу старата и младата војска, па кој е „џомба“, а кој „гуштер“, секогаш ќе има само една класа војници и ќе има различни услови, нема тоа да биде враќање на 80-тите и 90-тите (години од минатиот век), рече Вучевиќ.

Тој кажа и дека има разлики помеѓу она што е „приговор на совест“ (некој да бара, од лични причини, да не служи војска) и цивилното (во градинките, геронтолошките центри...) служење на воениот рок и дека се што е поврзано со ова треба да се презентираа пред Министерството за одбрана и ВС.

The post Вучевиќ: Во септември 2025 година првата класа на Војската на Србија од редовниот регрутен состав appeared first on Република.

]]>

Премиерот на Србија, Милош Вучевиќ, денеска изјави дека планот е првата генерација на редовното служење на задолжителна воена обврска од 75 дена, да биде во касарните во септември 2025 година, јави дописникот на МИА од Белград. Вучевиќ за ТВ „Прва“ кажа дека во март следната година, до Собранието на Србија ќе се поднесе предлог за измена на законот со кој ќе се дефинира и регулира се што е поврзано со служењето на воениот рок. Владата на Србија на 20 септември го усвои Заклучокот за формирање Работна група за разгледување на активностите и мерките за активирање на обврската за служење на воениот рок во времетраење од 75 дена. Обврската за служењето на воениот рок во Србија беше укината на 1 јануари 2011 година, со што земјата премина на моделот на професионални вооружени сили, со можност за доброволно служење воен рок. Вучевиќ рече дека „идејата е во септември 2025 година Војската на Србија (ВС) да биде подготвена да ја прими првата генерација регрути“, и дека, како што наведе, „есента 2025 година можеме да ги очекуваме првите класи на ВС од регрутниот состав“. Тој рече дека кога сите капацитети ќе се подигнат до максимум, српските вооружени сили, односно Министерството за одбрана, планираат до 20.000 регрути годишно да служат воен рок. Тој потсети дека задолжителниот воен рок е предвидено да важи за регрутите „од 18 години, односно од 19 до 30 години“, а жените ќе имаат право на доброволно служење воен рок, кој ќе трае 75 дена.
-Веќе нема да има преклопување меѓу старата и младата војска, па кој е „џомба“, а кој „гуштер“, секогаш ќе има само една класа војници и ќе има различни услови, нема тоа да биде враќање на 80-тите и 90-тите (години од минатиот век), рече Вучевиќ.
Тој кажа и дека има разлики помеѓу она што е „приговор на совест“ (некој да бара, од лични причини, да не служи војска) и цивилното (во градинките, геронтолошките центри...) служење на воениот рок и дека се што е поврзано со ова треба да се презентираа пред Министерството за одбрана и ВС.

The post Вучевиќ: Во септември 2025 година првата класа на Војската на Србија од редовниот регрутен состав appeared first on Република.

]]>
Српскиот премиер со честитка за Илинден https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/srpskiot-premier-so-chestitka-za-ilinden/ Fri, 02 Aug 2024 17:22:00 +0000 https://republika.mk/?p=802886

Ви го честитам, во име на Владата на Република Србија и во свое име, Илинден-празникот на македонската национална заедница во Србија и на македонскиот народ во целина“, порача српскиот премиер Милош Вучевиќ, јави дописникот на МИА од Белград.

Тој во писмото до Македонскиот национален совет во Србија, покрај честитката, се заблогадари на поканата да присуствува на централното одбележување на Илинден во местото Јабука крај Панчево, поздравувајќи ги сите културни и просветни работници кои го негуваат македонскиот идентитет во Србија.

-Српскиот и македонскиот народ го поврзува големо почитување кон Светиот пророк Илија, на чиј ден се одиграа значајни настани во историјата на Македонија. Јабука, како и славниот манастир Св.Прохор Пчињски, се места каде е секогаш добро да се собираме и да ги јакнеме односите на двата народа, напиша срскиот премиер.

Вучевиќ во писмото до претседателката на Македонскиот национален совет, Зорица Митровиќ, упати искрена надеж во продолжување на негувањето на правата на македонската национална заедница и градењето на мостови на пријатество со останатите заедници и мнозинскиот народ во Република Србија

The post Српскиот премиер со честитка за Илинден appeared first on Република.

]]>

Ви го честитам, во име на Владата на Република Србија и во свое име, Илинден-празникот на македонската национална заедница во Србија и на македонскиот народ во целина“, порача српскиот премиер Милош Вучевиќ, јави дописникот на МИА од Белград. Тој во писмото до Македонскиот национален совет во Србија, покрај честитката, се заблогадари на поканата да присуствува на централното одбележување на Илинден во местото Јабука крај Панчево, поздравувајќи ги сите културни и просветни работници кои го негуваат македонскиот идентитет во Србија.
-Српскиот и македонскиот народ го поврзува големо почитување кон Светиот пророк Илија, на чиј ден се одиграа значајни настани во историјата на Македонија. Јабука, како и славниот манастир Св.Прохор Пчињски, се места каде е секогаш добро да се собираме и да ги јакнеме односите на двата народа, напиша срскиот премиер.
Вучевиќ во писмото до претседателката на Македонскиот национален совет, Зорица Митровиќ, упати искрена надеж во продолжување на негувањето на правата на македонската национална заедница и градењето на мостови на пријатество со останатите заедници и мнозинскиот народ во Република Србија

The post Српскиот премиер со честитка за Илинден appeared first on Република.

]]>
Вучевиќ: Државата Србија ќе знае решително да одговори на заканата од тероризам https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vuchevik-drzhavata-srbija-ke-znae-reshitelno-da-odgovori-na-zakanata-od-terorizam/ Sat, 29 Jun 2024 14:57:04 +0000 https://republika.mk/?p=791883

Премиерот на Србија, Милош Вучевиќ, најостро го осуди „грозоморниот терористички напад“ денеска во Белград, пред израелската амбасада, нагласувајќи дека државата Србија ќе знае решително да одговори на заканата од тероризам и им порача на граѓаните дека можат да се чувствуваат безбедно, јави дописникот на МИА од Белград.

-Ова беше чин на лудило, кое не може да се припише на ниту една религија и ниту еден народ. Тоа е кривично дело извршено од поединец со име и презиме. Затоа, ги повикувам граѓаните да останат смирени и да не подлегнуваат на пропаганд на тие што би сакале да не поделат меѓусебно, соопшти срспкиот премиер во врска со ранувањето на припадникот на Жандармеријата пред израелската амбасада.

Тој порача дека „државата Србија ќе знае решително да одговори на заканата од тероризам“.

Припадник на Жандармеријата М.Ј (34) кој работи на обезбедување на израеласката амбасада во Белград, денеска беше нападнат и ранет од самострел од непознато лице, при што во самоодбрана употреби огнено оружје и го совлада напаѓачот, кој им подлегна на повредите.

Според министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ, се работи за терористички акт, зад кои постои сомнеж дека стои вахабистичко движење и дека превентивно се уапсени уште неколку лица во близина на полициските објекти.

The post Вучевиќ: Државата Србија ќе знае решително да одговори на заканата од тероризам appeared first on Република.

]]>

Премиерот на Србија, Милош Вучевиќ, најостро го осуди „грозоморниот терористички напад“ денеска во Белград, пред израелската амбасада, нагласувајќи дека државата Србија ќе знае решително да одговори на заканата од тероризам и им порача на граѓаните дека можат да се чувствуваат безбедно, јави дописникот на МИА од Белград.
-Ова беше чин на лудило, кое не може да се припише на ниту една религија и ниту еден народ. Тоа е кривично дело извршено од поединец со име и презиме. Затоа, ги повикувам граѓаните да останат смирени и да не подлегнуваат на пропаганд на тие што би сакале да не поделат меѓусебно, соопшти срспкиот премиер во врска со ранувањето на припадникот на Жандармеријата пред израелската амбасада.
Тој порача дека „државата Србија ќе знае решително да одговори на заканата од тероризам“. Припадник на Жандармеријата М.Ј (34) кој работи на обезбедување на израеласката амбасада во Белград, денеска беше нападнат и ранет од самострел од непознато лице, при што во самоодбрана употреби огнено оружје и го совлада напаѓачот, кој им подлегна на повредите. Според министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ, се работи за терористички акт, зад кои постои сомнеж дека стои вахабистичко движење и дека превентивно се уапсени уште неколку лица во близина на полициските објекти.

The post Вучевиќ: Државата Србија ќе знае решително да одговори на заканата од тероризам appeared first on Република.

]]>
Вучевиќ: За Србите на Косово секој ден е „терор“, Курти би сакал Србија да направи погрешен чекор за да дојде до ескалација https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vuchevik-za-srbite-na-kosovo-sekoj-den-e-teror-kurti-bi-sakal-srbija-da-napravi-pogreshen-chekor-za-da-dojde-do-eskalatsija/ Sat, 29 Jun 2024 10:02:27 +0000 https://republika.mk/?p=791772

Премиерот на Србија, Милош Вучевиќ, изјави дека за Србите на Косово секој ден е „терор“ и дека премиерот на Косово, Албин Курти, би сакал Србија да направи „погрешен чекор“ за да дојде до ескалација, јави дописникот на МИА од Белград.

Тој на Радио-телевизија на Србија (РТС) рече дека „Курти продолжува со својата политика“, дека вчера властите во Приштина ги „нападнале институциите на Електропривреда Србија“ и дека се надева дека некој од меѓународната заедница ќе реагира, иако се плаши дека „сепак нема да реагира“.

Вучевиќ кажа дека добрата вест е што во Косово успешно е спроведен завршниот испит за основците.

На вчерашната свечена седница на Владата во Крушевац по повод Видовдан, како што рече српскиот премеир, фокусот бил ставен на внатрешната и надворешната безбедност на Србија, зачувувањето на културниот идентитет и културното наследство и економијата.

Добро е што во првиот квартал од годинава привлековме повеќе од две милијарди евра директни странски инвестиции, имаме 615 милијарди на сметка на буџетот, имаме најголеми девизни резерви – 27 милијарди евра. Сето ова покажува дека Србија е економски стабилна, изјави Вучевиќ за РТС.

Коментирајќи ја перспективата за пристапување на Србија во Европската Унија, Вучевиќ рече дека земјата „останува на европскиот пат“ и дека според годишниот извештај се создадени услови за отворање нов кластер, но дека тоа „секогаш на крајот завршува со политичка оценка дали некому му се политички погодни“.

Тоа се сведе на прашање на политика, а не на прашање за исполнување на пристапниот процес, рече Вучевиќ и додаде дека Србија направила многу на полето на владеењето на правото, политичкиот систем, економијата и инфраструктурата.

The post Вучевиќ: За Србите на Косово секој ден е „терор“, Курти би сакал Србија да направи погрешен чекор за да дојде до ескалација appeared first on Република.

]]>

Премиерот на Србија, Милош Вучевиќ, изјави дека за Србите на Косово секој ден е „терор“ и дека премиерот на Косово, Албин Курти, би сакал Србија да направи „погрешен чекор“ за да дојде до ескалација, јави дописникот на МИА од Белград. Тој на Радио-телевизија на Србија (РТС) рече дека „Курти продолжува со својата политика“, дека вчера властите во Приштина ги „нападнале институциите на Електропривреда Србија“ и дека се надева дека некој од меѓународната заедница ќе реагира, иако се плаши дека „сепак нема да реагира“. Вучевиќ кажа дека добрата вест е што во Косово успешно е спроведен завршниот испит за основците. На вчерашната свечена седница на Владата во Крушевац по повод Видовдан, како што рече српскиот премеир, фокусот бил ставен на внатрешната и надворешната безбедност на Србија, зачувувањето на културниот идентитет и културното наследство и економијата.
Добро е што во првиот квартал од годинава привлековме повеќе од две милијарди евра директни странски инвестиции, имаме 615 милијарди на сметка на буџетот, имаме најголеми девизни резерви – 27 милијарди евра. Сето ова покажува дека Србија е економски стабилна, изјави Вучевиќ за РТС.
Коментирајќи ја перспективата за пристапување на Србија во Европската Унија, Вучевиќ рече дека земјата „останува на европскиот пат“ и дека според годишниот извештај се создадени услови за отворање нов кластер, но дека тоа „секогаш на крајот завршува со политичка оценка дали некому му се политички погодни“.
Тоа се сведе на прашање на политика, а не на прашање за исполнување на пристапниот процес, рече Вучевиќ и додаде дека Србија направила многу на полето на владеењето на правото, политичкиот систем, економијата и инфраструктурата.

The post Вучевиќ: За Србите на Косово секој ден е „терор“, Курти би сакал Србија да направи погрешен чекор за да дојде до ескалација appeared first on Република.

]]>
Српскиот премиер: Враќањето на задолжителниот воен рок е потребно за одржување на мирот, а не за војна https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/srpskiot-premier-vrakaneto-na-zadolzhitelniot-voen-rok-e-potrebno-za-odrzhuvane-na-mirot-a-ne-za-vojna/ Fri, 28 Jun 2024 15:41:08 +0000 https://republika.mk/?p=791619

Премиерот на Србија, Милош Вучевиќ, во Крушевац изјави дека силно го поддржува предлогот за задолжително враќање на воениот рок, не за да се подготвува за војна и да подготвува млади луѓе да одат на некои боишта, туку за да гарантира независност, слобода и мир, јави дописникот на МИА од Белград.

Колку е нашата армија посилна, толку е посигурен мирот. Токму спротивното од оние кои велат дека не треба да се инвестира во армијата или дека не треба да ја зајакнуваме армијата со вооружување со воена опрема и пред се со човечки ресурси, затоа што не ја кажуваат вистината и не разбираат дека силна, моќна армија, добро опремена, обучена и побројна е најдобриот гарант за зачувување на мирот, посочи тој.

Според него, тоа е најголемата пречка за сите оние кои се злонамерни кон Србија.

Додека бев министер за одбрана, го направивме тој лаборат, односно предлог за одлука за враќање или укинување на суспензијата на задолжителниот воен рок, бидејќи задолжителниот воен рок беше суспендиран во 2011 година и го испративме тоа до воениот кабинет на претседателот на Републиката и врховниот командант на српските вооружени сили и сега чекаме јавната расправа, објасни Вучевиќ.

Тој рече дека оваа година е идеална за да разговараат за тоа, бидејќи Министерството за одбрана на српските вооружени сили, како што рече, доколку се донесе ваква политичка одлука, мора да има временска рамка да подготви се што е потребно за тоа.

-Го погледнав истражувањето и има голема поддршка за враќање на воениот рок. Станува збор за мажи на возраст од 20 до 30 години кои би служеле задолжителен воен рок и ја поддржуваат таквата одлука, рече тој.

Вучевиќ истакна дека станува збор за пократко служење воен рок, кое би траело три до четири месеци.

-Што се однесува до мене, како премиер силно ја поддржувам таа одлука и не само како премиер, туку како татко на два сина, немам проблем и не сакам нашите деца да одат во каква било војна, и сакам нашата земја да е безбедна, како и нејзините граѓани, рече тој.

The post Српскиот премиер: Враќањето на задолжителниот воен рок е потребно за одржување на мирот, а не за војна appeared first on Република.

]]>

Премиерот на Србија, Милош Вучевиќ, во Крушевац изјави дека силно го поддржува предлогот за задолжително враќање на воениот рок, не за да се подготвува за војна и да подготвува млади луѓе да одат на некои боишта, туку за да гарантира независност, слобода и мир, јави дописникот на МИА од Белград.
Колку е нашата армија посилна, толку е посигурен мирот. Токму спротивното од оние кои велат дека не треба да се инвестира во армијата или дека не треба да ја зајакнуваме армијата со вооружување со воена опрема и пред се со човечки ресурси, затоа што не ја кажуваат вистината и не разбираат дека силна, моќна армија, добро опремена, обучена и побројна е најдобриот гарант за зачувување на мирот, посочи тој.
Според него, тоа е најголемата пречка за сите оние кои се злонамерни кон Србија.
Додека бев министер за одбрана, го направивме тој лаборат, односно предлог за одлука за враќање или укинување на суспензијата на задолжителниот воен рок, бидејќи задолжителниот воен рок беше суспендиран во 2011 година и го испративме тоа до воениот кабинет на претседателот на Републиката и врховниот командант на српските вооружени сили и сега чекаме јавната расправа, објасни Вучевиќ.
Тој рече дека оваа година е идеална за да разговараат за тоа, бидејќи Министерството за одбрана на српските вооружени сили, како што рече, доколку се донесе ваква политичка одлука, мора да има временска рамка да подготви се што е потребно за тоа. -Го погледнав истражувањето и има голема поддршка за враќање на воениот рок. Станува збор за мажи на возраст од 20 до 30 години кои би служеле задолжителен воен рок и ја поддржуваат таквата одлука, рече тој. Вучевиќ истакна дека станува збор за пократко служење воен рок, кое би траело три до четири месеци. -Што се однесува до мене, како премиер силно ја поддржувам таа одлука и не само како премиер, туку како татко на два сина, немам проблем и не сакам нашите деца да одат во каква било војна, и сакам нашата земја да е безбедна, како и нејзините граѓани, рече тој.

The post Српскиот премиер: Враќањето на задолжителниот воен рок е потребно за одржување на мирот, а не за војна appeared first on Република.

]]>
Српскиот премиер: Србија нема да дозволи рудникот за литиум да ги „уништи“ реките, шумите и полињата https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/srpskiot-premier-srbija-nema-da-dozvoli-potentsijalniot-rudnik-za-litium-da-gi-unishti-rekite-shumite-i-polinata/ Tue, 25 Jun 2024 19:35:43 +0000 https://republika.mk/?p=790765

Премиерот на Србија, Милош Вучевиќ, порача дека српската влада нема да дозволи потенцијалниот рудник за литиум да ги уништи српските „реки“ и „планини“.

Вучевиќ сепак, нагласи дека „економскиот потенцијал“ не треба да се игнорира.

Никогаш нема да дозволиме некој да ги уништи српските реки, полиња, езера, шуми, ливади, планини и рамнини, но исто така нема да се откажеме од нешто што би можело да биде силен економски потенцијал и мотор за развојот на Србија во иднина, изјави Вучевиќ.

Неговата изјава ја пренесоа француски медиуми, објавувајќи делови од интервју од АФП.

The post Српскиот премиер: Србија нема да дозволи рудникот за литиум да ги „уништи“ реките, шумите и полињата appeared first on Република.

]]>

Премиерот на Србија, Милош Вучевиќ, порача дека српската влада нема да дозволи потенцијалниот рудник за литиум да ги уништи српските „реки“ и „планини“. Вучевиќ сепак, нагласи дека „економскиот потенцијал“ не треба да се игнорира.
Никогаш нема да дозволиме некој да ги уништи српските реки, полиња, езера, шуми, ливади, планини и рамнини, но исто така нема да се откажеме од нешто што би можело да биде силен економски потенцијал и мотор за развојот на Србија во иднина, изјави Вучевиќ.
Неговата изјава ја пренесоа француски медиуми, објавувајќи делови од интервју од АФП.

The post Српскиот премиер: Србија нема да дозволи рудникот за литиум да ги „уништи“ реките, шумите и полињата appeared first on Република.

]]>
Вучевиќ: Србија е подготвена да направи компромиси со Косово https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vuchevik-srbija-e-podgotvena-da-napravi-kompromisi-so-kosovo/ Tue, 25 Jun 2024 18:17:06 +0000 https://republika.mk/?p=790751

Српскиот премиер Милош Вучевиќ, пред состанокот од висок профил меѓу водачите на двата ривали во Брисел оваа недела, изјави дека Србија е подготвена да направи „договори и компромиси“ во разговорите со Косово.

Ние сме подготвени да направиме договори и компромиси, компромиси што значат дека ниту една страна не е апсолутен победник или апсолутен губитник, но дека Србија и Албанците мора да бидат подеднакво задоволни - или подобро кажано, подеднакво незадоволни, изјави Вучевиќ.

The post Вучевиќ: Србија е подготвена да направи компромиси со Косово appeared first on Република.

Вучевиќ: Некој си поигрува со пожар на Западен Балкан https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vuchevik-nekoj-si-poigruva-so-pozhar-na-zapaden-balkan/ Wed, 22 May 2024 10:20:07 +0000 https://republika.mk/?p=780803

Премиерот на Србија, Милош Вучевиќ, денес изјави дека притисоците од Западот да ја поддржат Резолуцијата за геноцидот во Сребреница се огромни и дека, како што наведе, „постојат индиции дека Грција, а можеби и Романија, ќе го сменат својот став“, јави дописникот на МИА од Белград.

Тешко им е на Србите да разберат дека Грците гласаат за ова, исто како што ни беше мачно да гледаме како Гркинка предлага влез на Косово во Советот на Европа, рече Вучевиќ, на телевизија Прва, во врска со апелот на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, Грција да се воздржи од гласање за резолуцијата во Генералното собрание на Обединетите нации.

Тој оцени дека усвојувањето на резолуцијата ќе има последици и за Србија и за регионот на Западен Балкан, дека следен чекор е укинување на Република Српска и ревизија на Дејтонскиот спор, како и дека некој си поигрува со пожар на Западен Балкан.

Вучевиќ кажа дека „инженерите“ на резолуцијата намерно избрале за неа да гласаат од земји или народи блиски до Србите за дополнително да не понижат.

Резолуцијата го означува српскиот народ како геноциден, иако ние сме народ кој страда, рече тој.

Според него, амандманите на Црна Гора на резолуцијата „во суштина не менуваат ништо во неа, туку фрлаат прашина во очи“.

Не можеме да го запреме гласањето на таа резолуција, бидејќи таква е геополитиката, но за нас ќе биде голем успех ако мнозинството земји бидат против и се воздржат. Тоа ќе биде јасна порака до светот дека суштински потфрлија, иако формално ќе ја изгласаат, изјави премиерот Вучевиќ.

The post Вучевиќ: Некој си поигрува со пожар на Западен Балкан appeared first on Република.

]]>

Премиерот на Србија, Милош Вучевиќ, денес изјави дека притисоците од Западот да ја поддржат Резолуцијата за геноцидот во Сребреница се огромни и дека, како што наведе, „постојат индиции дека Грција, а можеби и Романија, ќе го сменат својот став“, јави дописникот на МИА од Белград.
Тешко им е на Србите да разберат дека Грците гласаат за ова, исто како што ни беше мачно да гледаме како Гркинка предлага влез на Косово во Советот на Европа, рече Вучевиќ, на телевизија Прва, во врска со апелот на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, Грција да се воздржи од гласање за резолуцијата во Генералното собрание на Обединетите нации.
Тој оцени дека усвојувањето на резолуцијата ќе има последици и за Србија и за регионот на Западен Балкан, дека следен чекор е укинување на Република Српска и ревизија на Дејтонскиот спор, како и дека некој си поигрува со пожар на Западен Балкан. Вучевиќ кажа дека „инженерите“ на резолуцијата намерно избрале за неа да гласаат од земји или народи блиски до Србите за дополнително да не понижат.