милионерка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/milionerka/ За подобро да се разбереме Mon, 09 Sep 2024 14:01:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png милионерка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/milionerka/ 32 32 Милионерка открива зошто штедењето не е клучот за успехот: Еве што правиме погрешно https://arhiva3.republika.mk/zivot/kariera/milionerka-otkriva-zoshto-shtedeneto-ne-e-kluchot-za-uspehot-eve-shto-pravime-pogreshno/ Mon, 09 Sep 2024 10:33:19 +0000 https://republika.mk/?p=814574

Во неодамнешниот подкаст кој стана вирален на Инстаграм, гостинка беше Коди Санчез, позната милионерка кој даде сосема поинаков став за штедењето. Во текот на разговорот, водителот ја замолил да издвои еден финансиски совет кој ќе го промени начинот на кој многу луѓе размислуваат за парите. Она што таа го кажа предизвика поделени мислења.

Коди тврди дека штедењето е илузија на богатство и никогаш нема да ве доведе до вистинска финансиска слобода.

Заштедите никогаш нема да ве збогатат, истакнува таа.

Како што вели, „можете да заштедите како луди, но тоа само ве враќа на нула“.

Заштедата бара огромен труд и жртва, а на крајот се сведува на тоа да живеете во постојан страв да потрошите се што имате, рекла Коди.

Таа објаснува дека е многу подобро да научите како да заработувате повеќе отколку постојано да се фокусирате на тоа како да заштедите пари.

Откако ќе научите како да ги зголемите приходите, станувате незапирливи. Штедењето, од друга страна, може да ве направи премногу претпазливи, што ве спречува да ризикувате и да постигнете поголеми цели.

Секако, ваквиот став предизвика бура од коментари. Многумина не се согласуваат со Коди и тврдат дека штедењето е основа за поголема заработка. Оние кои се занимаваат со финансии истакнуваат дека штедењето може да биде првиот чекор кон инвестирање во нешто попрофитабилно, како недвижен имот или почнување бизнис.

Штедењето, според нив, овозможува создавање основен капитал за понатамошен раст.

Има и такви кои го поддржуваат расмислувањето на Коди и веруваат дека фокусирањето на зголемувањето на приходите е подобар пристап, додека, пак, други сè уште се верни на традиционалната мудрост на штедењето, а оваа дискусија секако го отвори прашањето како да се пристапи до парите во денешниот свет и што е всушност најдобриот пат кон финансиската стабилност.

The post Милионерка открива зошто штедењето не е клучот за успехот: Еве што правиме погрешно appeared first on Република.

]]>

Во неодамнешниот подкаст кој стана вирален на Инстаграм, гостинка беше Коди Санчез, позната милионерка кој даде сосема поинаков став за штедењето. Во текот на разговорот, водителот ја замолил да издвои еден финансиски совет кој ќе го промени начинот на кој многу луѓе размислуваат за парите. Она што таа го кажа предизвика поделени мислења. Коди тврди дека штедењето е илузија на богатство и никогаш нема да ве доведе до вистинска финансиска слобода.
Заштедите никогаш нема да ве збогатат, истакнува таа.
Како што вели, „можете да заштедите како луди, но тоа само ве враќа на нула“.
Заштедата бара огромен труд и жртва, а на крајот се сведува на тоа да живеете во постојан страв да потрошите се што имате, рекла Коди.
Таа објаснува дека е многу подобро да научите како да заработувате повеќе отколку постојано да се фокусирате на тоа како да заштедите пари.
Откако ќе научите како да ги зголемите приходите, станувате незапирливи. Штедењето, од друга страна, може да ве направи премногу претпазливи, што ве спречува да ризикувате и да постигнете поголеми цели.
Секако, ваквиот став предизвика бура од коментари. Многумина не се согласуваат со Коди и тврдат дека штедењето е основа за поголема заработка. Оние кои се занимаваат со финансии истакнуваат дека штедењето може да биде првиот чекор кон инвестирање во нешто попрофитабилно, како недвижен имот или почнување бизнис. Штедењето, според нив, овозможува создавање основен капитал за понатамошен раст. Има и такви кои го поддржуваат расмислувањето на Коди и веруваат дека фокусирањето на зголемувањето на приходите е подобар пристап, додека, пак, други сè уште се верни на традиционалната мудрост на штедењето, а оваа дискусија секако го отвори прашањето како да се пристапи до парите во денешниот свет и што е всушност најдобриот пат кон финансиската стабилност.

The post Милионерка открива зошто штедењето не е клучот за успехот: Еве што правиме погрешно appeared first on Република.

]]>
Во Австралија, 11-годишна милионерка најави забава за нејзиното „пензионирање“ https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/vo-avstralija-11-godishna-milionerka-najavi-zabava-za-nejzinoto-penzionirane/ Thu, 27 Jul 2023 06:56:18 +0000 https://republika.mk/?p=665718

Пикси Кертис, 11-годишна австралиска милионерка, ќе организира забава по повод нејзиното „пензионирање“, откако нејзината мајка Рокси Јаченко ѝ укажала на важноста да се воспостави рамнотежа меѓу образованието и претприемништвото, пишува „Њујорк пост“.

Пикси почна да продава тн. „фиџет-спинери“ за време на корона-пандемијата, по што заработи неколку милиони долари.

Младата претприемачка од Австралија ќе приреди забава за нејзиното (веројатно привремено) повлекување од бизнисот, на денот на нејзиниот 12. роденден за да се сосредоточи на образованието.

The post Во Австралија, 11-годишна милионерка најави забава за нејзиното „пензионирање“ appeared first on Република.

]]>

Пикси Кертис, 11-годишна австралиска милионерка, ќе организира забава по повод нејзиното „пензионирање“, откако нејзината мајка Рокси Јаченко ѝ укажала на важноста да се воспостави рамнотежа меѓу образованието и претприемништвото, пишува „Њујорк пост“. Пикси почна да продава тн. „фиџет-спинери“ за време на корона-пандемијата, по што заработи неколку милиони долари. Младата претприемачка од Австралија ќе приреди забава за нејзиното (веројатно привремено) повлекување од бизнисот, на денот на нејзиниот 12. роденден за да се сосредоточи на образованието.

The post Во Австралија, 11-годишна милионерка најави забава за нејзиното „пензионирање“ appeared first on Република.

]]>