милионери Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/milioneri/ За подобро да се разбереме Sun, 12 May 2024 08:50:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png милионери Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/milioneri/ 32 32 Се повеќе милионери во Њујорк https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/se-poveke-milioneri-vo-nujork/ Sun, 12 May 2024 08:50:29 +0000 https://republika.mk/?p=777178

Њујорк е дом на речиси 350.000 милионери, повеќе од кој било друг град, што е зголемување за повеќе од 48 отсто за десет години, според глобалното рангирање на најбогатите градови на Henley & Partners, консултантска фирма за имиграција.

Тоа значи дека приближно секој 24-ти жител на овој град со 8,26 милиони жители има седумцифрена нето вредност.

Извештајот откри дека Њујорк е дом на 60 милијардери и 744 луѓе кои можат да инвестираат повеќе од 100 милиони долари, според Блумберг.

Бумот на финансиските пазари во последните години поттикна раст во најбогатите градови во светот, вели Јерг Штефен, извршен директор на Henley&Partners.

Меѓутоа, тоа не е секаде, а Лондон изгуби 10 отсто од своето милионерско население во последната деценија, делумно поради одлуката на Велика Британија да ја напушти Европската унија.

Хонг Конг забележа пад од 4 отсто во своите милионери, бидејќи богатите иселеници се собраа во Сингапур поради строгите ограничувања во Кина за време на пандемијата „Ковид-19“.

Некои градови во пораст го вклучуваат кинескиот Шенжен, каде што бројот на милионери пораснал за 140 отсто во изминатата деценија.

Популацијата на милионери се удвои во Бенгалуру, Индија, Хо Ши Мин Сити, Виетнам и Скотсдејл, Аризона.

Дубаи е најбогат град на Блискиот Исток, а на 21 место во светот.

Според богатството по глава на жител, Монако е на првото место во светот, каде повеќе од 40 отсто од населението се милионери, а Њујорк е втор.

The post Се повеќе милионери во Њујорк appeared first on Република.

]]>

Њујорк е дом на речиси 350.000 милионери, повеќе од кој било друг град, што е зголемување за повеќе од 48 отсто за десет години, според глобалното рангирање на најбогатите градови на Henley & Partners, консултантска фирма за имиграција. Тоа значи дека приближно секој 24-ти жител на овој град со 8,26 милиони жители има седумцифрена нето вредност. Извештајот откри дека Њујорк е дом на 60 милијардери и 744 луѓе кои можат да инвестираат повеќе од 100 милиони долари, според Блумберг. Бумот на финансиските пазари во последните години поттикна раст во најбогатите градови во светот, вели Јерг Штефен, извршен директор на Henley&Partners. Меѓутоа, тоа не е секаде, а Лондон изгуби 10 отсто од своето милионерско население во последната деценија, делумно поради одлуката на Велика Британија да ја напушти Европската унија. Хонг Конг забележа пад од 4 отсто во своите милионери, бидејќи богатите иселеници се собраа во Сингапур поради строгите ограничувања во Кина за време на пандемијата „Ковид-19“. Некои градови во пораст го вклучуваат кинескиот Шенжен, каде што бројот на милионери пораснал за 140 отсто во изминатата деценија. Популацијата на милионери се удвои во Бенгалуру, Индија, Хо Ши Мин Сити, Виетнам и Скотсдејл, Аризона. Дубаи е најбогат град на Блискиот Исток, а на 21 место во светот. Според богатството по глава на жител, Монако е на првото место во светот, каде повеќе од 40 отсто од населението се милионери, а Њујорк е втор.

The post Се повеќе милионери во Њујорк appeared first on Република.

]]>
Во овие пет земји живеат најмногу милионери, тие сочинуваат дури 10 отсто од населението https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/vo-ovie-pet-zemji-zhiveat-najmnogu-milioneri-tie-sochinuvaat-duri-10-otsto-od-naselenieto/ Sat, 08 Jul 2023 14:05:59 +0000 https://republika.mk/?p=659211

Веб-страницата World of Statistics на Твитер ја објави листата на земји со најголем број милионери.

Швајцарија има најбогати луѓе меѓу возрасните, каде милионерите сочинуваат 15,5 отсто од населението.

Следува Хонг Конг со 15,3 отсто, потоа Кувајт со 15 отсто, Сингапур со 12,7 отсто и Австралија со 11,2 отсто.

Во останатите земји на листата, милионерите сочинуваат помалку од 10 отсто од населението.

Во САД се 9,7 отсто, Нов Зеланд 9,6 отсто, Холандија 8,5 отсто, Данска 8,5 отсто, Канада 7,6 отсто и Шведска 7,3 отсто.

Целата листа можете да ја видите на Твитер.

The post Во овие пет земји живеат најмногу милионери, тие сочинуваат дури 10 отсто од населението appeared first on Република.

]]>

Веб-страницата World of Statistics на Твитер ја објави листата на земји со најголем број милионери. Швајцарија има најбогати луѓе меѓу возрасните, каде милионерите сочинуваат 15,5 отсто од населението. Следува Хонг Конг со 15,3 отсто, потоа Кувајт со 15 отсто, Сингапур со 12,7 отсто и Австралија со 11,2 отсто. Во останатите земји на листата, милионерите сочинуваат помалку од 10 отсто од населението. Во САД се 9,7 отсто, Нов Зеланд 9,6 отсто, Холандија 8,5 отсто, Данска 8,5 отсто, Канада 7,6 отсто и Шведска 7,3 отсто. Целата листа можете да ја видите на Твитер.

The post Во овие пет земји живеат најмногу милионери, тие сочинуваат дури 10 отсто од населението appeared first on Република.

]]>
Осумгодишник најмлад милионер во Македонија во 2021 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/osumgodishnik-najmlad-milioner-vo-makedonija-vo-2021-godina/ Mon, 27 Feb 2023 12:05:11 +0000 https://republika.mk/?p=613720

Даночните пријави што минале низ системот на Управата за јавни приходи покажуваат дека најмладиот милионер во Македонија во 2021 година имал осум години. Директорката на управата за јавни, Сања Лукаревска, денес ги соопшти резултатите од анализата на годишните даночни пријави за 2021 година.

Во категоријата најмлад и највозрасен милионер, лице што во 2021 година било на 8-годишна возраст остварило доход од 1.020.508 денари по основ на семејна пензија, а лице на 96 години остварило доход во износ од 1,2 милион денари. Кај двете лица најголемиот приход е остварен по основ на пензија - рече директорката Лукаревска.

На врвот на листата со пријавен годишен бруто-доход од 244,2 милиони денари за 2021 година е граѓанин од Скопје, најголем дел од примања е од плата и дополнителни примања од странство по основ на други лични примања.
Највисоката годишна бруто-плата во 2021 година е исплатена кај граѓанин од Скопје. Платата е остварена во дејноста трговија на големо со производи од тутун и изнесува 122, 3 милиони денари.

На листата на највисоко рангирани бруто-плати се најдоа и платите исплатени во производство на метални производи, одгледување свињи, болници, трговија со фармацевтски производи, управувачки дејности, компјутерско програмирање.

Највисокото лично примање по основ на извршена работа изнесува 121,8 милион денари на годишно ниво, доход остварен во странство.
Граѓани од Скопје во 2021 година ја оствариле и највисоката капитална добивка во износ од 130,1 милион денари од продажба на сопственички удел, а највисоката исплатена дивиденда во износ од 203 милиони денари му е исплатена на граѓанин на Велес од исплатувач чија дејност е трговија на мало во неспецијализирани продавници, претежно со храна, пијалаци и тутун.

На врвот на листата за остварување доход од самостојно вршење дејност повторно се скопјани. Највисокиот износ е 102,4 милиона денари. Во десетте топ-рангирани на листата се наоѓаат адвокати, нотари, угостители, одгледувачи на жито и мешункасти растенија, трговија на мало со делови на моторни возила, малтерисување и производители на амбалажа од хартија.

Жител на Ресен со 12,6 милиони денари остварил највисок доход од продажба на земјоделски производи.

Скопјанец остварил највисок бруто-доход од закуп и подзакуп на имот за издавање земјиште, станови, деловни простории, превозни средства и друг вид имот, кој изнесува 37 милиони денари.

Скопјанец е прворангиран и за остварен бруто-доход од авторски права и други стварни права во износ од 22 милиона денари.
По основ на право од индустриска сопственост исто така е граѓанин на Скопје, кој остварил бруто-доход од 5,5 милиони денари.
По основ на игри на среќа на жител на Скопје му се исплатени 41,1 милион денари од Државната лотарија, а второрангираниот во оваа категорија, кој исто така е од Скопје, остварил добивка од игри на среќа, главно од обложувачници, во износ од 31,3 милион денари.
Најбогат пензионер е скопјанец со пријавена странска пензија во износ од 5,8 милион денари на годишно ниво.
Највисок годишен бруто-доход по основ на уплатени премии и исплатена осигурена сума во износ од 2,9 милиона денари остварило лице од Тетово.

Директорката Лукаревска најави дека деновиве почнуваат со генерирање на даночните пријави за 2022 година и апелира граѓаните да ги потврдат и коригираат.

The post Осумгодишник најмлад милионер во Македонија во 2021 година appeared first on Република.

]]>

Даночните пријави што минале низ системот на Управата за јавни приходи покажуваат дека најмладиот милионер во Македонија во 2021 година имал осум години. Директорката на управата за јавни, Сања Лукаревска, денес ги соопшти резултатите од анализата на годишните даночни пријави за 2021 година.
Во категоријата најмлад и највозрасен милионер, лице што во 2021 година било на 8-годишна возраст остварило доход од 1.020.508 денари по основ на семејна пензија, а лице на 96 години остварило доход во износ од 1,2 милион денари. Кај двете лица најголемиот приход е остварен по основ на пензија - рече директорката Лукаревска.
На врвот на листата со пријавен годишен бруто-доход од 244,2 милиони денари за 2021 година е граѓанин од Скопје, најголем дел од примања е од плата и дополнителни примања од странство по основ на други лични примања. Највисоката годишна бруто-плата во 2021 година е исплатена кај граѓанин од Скопје. Платата е остварена во дејноста трговија на големо со производи од тутун и изнесува 122, 3 милиони денари. На листата на највисоко рангирани бруто-плати се најдоа и платите исплатени во производство на метални производи, одгледување свињи, болници, трговија со фармацевтски производи, управувачки дејности, компјутерско програмирање. Највисокото лично примање по основ на извршена работа изнесува 121,8 милион денари на годишно ниво, доход остварен во странство. Граѓани од Скопје во 2021 година ја оствариле и највисоката капитална добивка во износ од 130,1 милион денари од продажба на сопственички удел, а највисоката исплатена дивиденда во износ од 203 милиони денари му е исплатена на граѓанин на Велес од исплатувач чија дејност е трговија на мало во неспецијализирани продавници, претежно со храна, пијалаци и тутун. На врвот на листата за остварување доход од самостојно вршење дејност повторно се скопјани. Највисокиот износ е 102,4 милиона денари. Во десетте топ-рангирани на листата се наоѓаат адвокати, нотари, угостители, одгледувачи на жито и мешункасти растенија, трговија на мало со делови на моторни возила, малтерисување и производители на амбалажа од хартија. Жител на Ресен со 12,6 милиони денари остварил највисок доход од продажба на земјоделски производи. Скопјанец остварил највисок бруто-доход од закуп и подзакуп на имот за издавање земјиште, станови, деловни простории, превозни средства и друг вид имот, кој изнесува 37 милиони денари. Скопјанец е прворангиран и за остварен бруто-доход од авторски права и други стварни права во износ од 22 милиона денари. По основ на право од индустриска сопственост исто така е граѓанин на Скопје, кој остварил бруто-доход од 5,5 милиони денари. По основ на игри на среќа на жител на Скопје му се исплатени 41,1 милион денари од Државната лотарија, а второрангираниот во оваа категорија, кој исто така е од Скопје, остварил добивка од игри на среќа, главно од обложувачници, во износ од 31,3 милион денари. Најбогат пензионер е скопјанец со пријавена странска пензија во износ од 5,8 милион денари на годишно ниво. Највисок годишен бруто-доход по основ на уплатени премии и исплатена осигурена сума во износ од 2,9 милиона денари остварило лице од Тетово. Директорката Лукаревска најави дека деновиве почнуваат со генерирање на даночните пријави за 2022 година и апелира граѓаните да ги потврдат и коригираат.

The post Осумгодишник најмлад милионер во Македонија во 2021 година appeared first on Република.

]]>
Британско МО: Илјадници милионери се обидуваат да ја напуштат Русија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/britansko-mo-iljadnici-milioneri-se-obiduvaat-da-ja-napushtat-rusija/ Fri, 17 Jun 2022 08:30:16 +0000 https://republika.mk/?p=516230

Скептицизмот кон војната е особено силен меѓу руската бизнис елита и заедницата, објави Министерството за одбрана на Велика Британија во најновиот извештај за проценка на руско-украинската ситуација.

Илјадници милионери сега се обидуваат да ја напуштат Русија. Со тоа што деловните и олигарските заедници ќе продолжат да си заминуваат, веројатно ќе се зголеми долгорочната штета, што војната веќе ја нанесе на економијата на земјата“, тврди британското Министерство.

Апликациите за преместување сугерираат дека 15.000 руски милионери веројатно веќе се обидуваат да си заминат, се наведува во извештајот.

The post Британско МО: Илјадници милионери се обидуваат да ја напуштат Русија appeared first on Република.

]]>

Скептицизмот кон војната е особено силен меѓу руската бизнис елита и заедницата, објави Министерството за одбрана на Велика Британија во најновиот извештај за проценка на руско-украинската ситуација. Илјадници милионери сега се обидуваат да ја напуштат Русија. Со тоа што деловните и олигарските заедници ќе продолжат да си заминуваат, веројатно ќе се зголеми долгорочната штета, што војната веќе ја нанесе на економијата на земјата“, тврди британското Министерство. Апликациите за преместување сугерираат дека 15.000 руски милионери веројатно веќе се обидуваат да си заминат, се наведува во извештајот.

The post Британско МО: Илјадници милионери се обидуваат да ја напуштат Русија appeared first on Република.

]]>
„Милионери патриоти“ бараат повисоко оданочување на богатите за да се намали нееднаквоста во светот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/milioneri-patrioti-baraat-povisoko-odanochuvanje-na-bogatite-za-da-se-namali-neednakvosta-vo-svetot/ Tue, 24 May 2022 19:07:29 +0000 https://republika.mk/?p=506154

Група милионери, на светскиот економски форум во Давос што се одржува до 26 мај, ги повикаа владите ширум светот да ги оданочат најбогатите граѓани со цел да се справат со растечкиот јаз меѓу богатите и сиромашните.

Необичните демонстранти, кои се опишуваат себеси како „милионери патриоти“, ги повикаа светските лидери кои присуствуваат на годишната конференција веднаш да воведат нови даноци за богатите, со цел да се реши скандалот со трошоците на животот што се случува во неколку нации во светот, објави британски „Гардијан“.

Добротворната организација „Оксфам“ неодамна објави дека растечката нееднаквост може да доведе до екстремна сиромаштија на уште 263 милиони луѓе оваа година.

Недозволиво е нашите политички лидери да ги слушаат оние кои имаат најмногу, а најмалку знаат за економските последици од оваа криза, а притоа многу од нив плаќаат исклучително ниски даноци - посочуваат „милионерите патриоти“.

Тие нагласуваат дека единствениот кредибилен исход од оваа конференција е да бидат оданочени најбогатите.

Оданочете ги делегатите кои присуствуваат на Давос 2022 година - велат тие.

Протестот беше организиран во моментот кога беше откриено дека во Велика Британија има рекордни 177 милијардери, со заедничко богатство од 653 милијарди фунти.

Во исто време, се предвидува дека повеќе од 250.000 домаќинства во Велика Британија следната година ќе паднат во мизерија поради растечките сметки за храна и енергија.

Според Националниот институт за економски и социјални истражувања (NIESR), тоа би го зголемило вкупниот број на екстремно сиромашни на околу 1,2 милиони, освен ако владата не им помогне на најсиромашните семејства.

The post „Милионери патриоти“ бараат повисоко оданочување на богатите за да се намали нееднаквоста во светот appeared first on Република.

]]>

Група милионери, на светскиот економски форум во Давос што се одржува до 26 мај, ги повикаа владите ширум светот да ги оданочат најбогатите граѓани со цел да се справат со растечкиот јаз меѓу богатите и сиромашните. Необичните демонстранти, кои се опишуваат себеси како „милионери патриоти“, ги повикаа светските лидери кои присуствуваат на годишната конференција веднаш да воведат нови даноци за богатите, со цел да се реши скандалот со трошоците на животот што се случува во неколку нации во светот, објави британски „Гардијан“. Добротворната организација „Оксфам“ неодамна објави дека растечката нееднаквост може да доведе до екстремна сиромаштија на уште 263 милиони луѓе оваа година.
Недозволиво е нашите политички лидери да ги слушаат оние кои имаат најмногу, а најмалку знаат за економските последици од оваа криза, а притоа многу од нив плаќаат исклучително ниски даноци - посочуваат „милионерите патриоти“.
Тие нагласуваат дека единствениот кредибилен исход од оваа конференција е да бидат оданочени најбогатите.
Оданочете ги делегатите кои присуствуваат на Давос 2022 година - велат тие.
Протестот беше организиран во моментот кога беше откриено дека во Велика Британија има рекордни 177 милијардери, со заедничко богатство од 653 милијарди фунти. Во исто време, се предвидува дека повеќе од 250.000 домаќинства во Велика Британија следната година ќе паднат во мизерија поради растечките сметки за храна и енергија. Според Националниот институт за економски и социјални истражувања (NIESR), тоа би го зголемило вкупниот број на екстремно сиромашни на околу 1,2 милиони, освен ако владата не им помогне на најсиромашните семејства.

The post „Милионери патриоти“ бараат повисоко оданочување на богатите за да се намали нееднаквоста во светот appeared first on Република.

]]>
Рускиот бизнисмен и милијардер Олег Тинков: 90 отсто од Русите се против војната https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ruskiot-biznismen-i-milijarder-oleg-tinkov-90-otsto-od-rusite-se-protiv-vojnata/ Tue, 19 Apr 2022 19:29:12 +0000 https://republika.mk/?p=490692

Рускиот бизнисмен и милијардер Олег Тинков, санкциониран од британската влада, на Инстаграм проговори за руската агресија.

Тој, меѓу другото, рече дека „90 отсто од Русите се против војната“, пренесува Гардијан.

Не гледам никаква корист од оваа луда војна. Умираат невини луѓе и војници. Генералите се будат со мамурлак и сфаќаат дека имаат посрана војска. Колку може да биде добра армијата, кога се друго во државата е извалкано со непотизам и ласкање, додаде Тинков.

The post Рускиот бизнисмен и милијардер Олег Тинков: 90 отсто од Русите се против војната appeared first on Република.

]]>

Рускиот бизнисмен и милијардер Олег Тинков, санкциониран од британската влада, на Инстаграм проговори за руската агресија. Тој, меѓу другото, рече дека „90 отсто од Русите се против војната“, пренесува Гардијан.
Не гледам никаква корист од оваа луда војна. Умираат невини луѓе и војници. Генералите се будат со мамурлак и сфаќаат дека имаат посрана војска. Колку може да биде добра армијата, кога се друго во државата е извалкано со непотизам и ласкање, додаде Тинков.

The post Рускиот бизнисмен и милијардер Олег Тинков: 90 отсто од Русите се против војната appeared first on Република.

]]>
Секој седми Швајцарец е милионер https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sekoj-sedmi-shvajcarec-e-milioner/ Tue, 15 Feb 2022 08:44:58 +0000 https://republika.mk/?p=458693

Германија е на самиот врв во Европа по личното богатство акумулирано во вредност од повеќе од 16 трилиони евра, покажува студијата на Швајцарскиот институт, во која се нагласува натамошното проширување на јазот меѓу богатите и сиромашните.

И покрај падот на економската активност, личното богатство порасна во 2020 година, првата година од пандемијата, според истражувањето на 16 земји од ЕУ и Швајцарија.

Германија ја предводи Европа со лично богатство од 16,4 трилиони евра, а потоа следат Франција со 12.600 милијарди евра и Велика Британија и Италија со по 10.000 милијарди евра, покажува студијата на Redesigning Financial Services (RSF), институт со седиште во Цирих.

Реалниот бруто домашен производ на 16 земји од Унијата и Швајцарија се намали за 6,4 отсто во пандемијата 2020 година, додека личното богатство се зголеми за 3,9 отсто, на рекордни 69 милијарди евра.

Ова покажува дека јазот во богатството меѓу богатите и сиромашните се зголемува, а таквиот тренд ќе продолжи, велат авторите на истражувањето.

Според нивниот извештај за богатството во Европа, Германија забележала и најголем број милионери, 2,9 милиони, а потоа следат Британија и Франција со по 2,5 милиони.

Швајцарија, пак, води по уделот на милионери, кој достигнува 14,1 отсто, што значи дека приближно секој седми граѓанин припаѓа на таа група.

Истражувањето покажа и сè поизразена концентрација на богатство. Така, најбогатите 10 проценти од европските домаќинства поседуваат околу половина од нето богатството на Европа. Најбогатиот еден процент од Европејците поседуваат 19 отсто од вкупното богатство.

The post Секој седми Швајцарец е милионер appeared first on Република.

]]>

Германија е на самиот врв во Европа по личното богатство акумулирано во вредност од повеќе од 16 трилиони евра, покажува студијата на Швајцарскиот институт, во која се нагласува натамошното проширување на јазот меѓу богатите и сиромашните. И покрај падот на економската активност, личното богатство порасна во 2020 година, првата година од пандемијата, според истражувањето на 16 земји од ЕУ и Швајцарија. Германија ја предводи Европа со лично богатство од 16,4 трилиони евра, а потоа следат Франција со 12.600 милијарди евра и Велика Британија и Италија со по 10.000 милијарди евра, покажува студијата на Redesigning Financial Services (RSF), институт со седиште во Цирих. Реалниот бруто домашен производ на 16 земји од Унијата и Швајцарија се намали за 6,4 отсто во пандемијата 2020 година, додека личното богатство се зголеми за 3,9 отсто, на рекордни 69 милијарди евра. Ова покажува дека јазот во богатството меѓу богатите и сиромашните се зголемува, а таквиот тренд ќе продолжи, велат авторите на истражувањето. Според нивниот извештај за богатството во Европа, Германија забележала и најголем број милионери, 2,9 милиони, а потоа следат Британија и Франција со по 2,5 милиони. Швајцарија, пак, води по уделот на милионери, кој достигнува 14,1 отсто, што значи дека приближно секој седми граѓанин припаѓа на таа група. Истражувањето покажа и сè поизразена концентрација на богатство. Така, најбогатите 10 проценти од европските домаќинства поседуваат околу половина од нето богатството на Европа. Најбогатиот еден процент од Европејците поседуваат 19 отсто од вкупното богатство.

The post Секој седми Швајцарец е милионер appeared first on Република.

]]>