милионер Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/milioner/ За подобро да се разбереме Wed, 06 Sep 2023 18:34:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png милионер Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/milioner/ 32 32 Нуди плата од 35.000 евра за „работа од соништата“: Австралиски милионер бара придружник за патувања по светот https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/nudi-plata-od-35-000-evra-za-rabota-od-sonishtata-avstraliski-milioner-bara-pridruzhnik-za-patuvana-po-svetot/ Wed, 06 Sep 2023 19:24:14 +0000 https://republika.mk/?p=679449

Австралискиот Милионер, Метју Лепре, бара личност која ќе патува со него по светот. За оваа „работа од соништата“, како што многумина ја опишуваат, тој нуди плата од околу 52.000 австралиски долари (околу 35.000 евра).

Лепре (31) се занимава со трговија на интернет. Тој ја изградил својата деловна империја, откако го напуштил универзитеот на 23-годишна возраст. Во рамки на својата работа, често и патува. Тој вели дека поради работните обврски, последниве пет години посетил 30-на земји, па сега бара помошник или помошничка што ќе го придружува на патувањата, пишува „Ледбајбл“ (Ladbible).

Барам посветена личност која ќе ми помогне во мојот бизнис. Ми треба десна рака којашто ќе ми помогне во патувањето и административните задачи, вели Лепре.

Може да се пријават и лица без претходно искуство, а конкурсот е отворен за сите кои имаат важечки пасош, кои сакаат да патуваат, педантни се во работата и можат да ја прекинат врската со постојните работни места. Покрај платата, платени се и патните трошоци, а помошникот ќе може да ги вози и скапите автомобили на работодавецот.

Заинтересираните за новото работно место може да се пријават преку неговата интернет-страница „Ecom Warrior Academy“.

Пред четири години Лепре објави сличен повик, па тогаш се пријавија околу 70.000 луѓе. На крајот, студентка по мода ја доби работата. Истата година, тој посака и личен фотограф заради попрофесионален Инстаграм-профил, нудејќи плата од 52.000 австралиски долари.

The post Нуди плата од 35.000 евра за „работа од соништата“: Австралиски милионер бара придружник за патувања по светот appeared first on Република.

]]>

Австралискиот Милионер, Метју Лепре, бара личност која ќе патува со него по светот. За оваа „работа од соништата“, како што многумина ја опишуваат, тој нуди плата од околу 52.000 австралиски долари (околу 35.000 евра). Лепре (31) се занимава со трговија на интернет. Тој ја изградил својата деловна империја, откако го напуштил универзитеот на 23-годишна возраст. Во рамки на својата работа, често и патува. Тој вели дека поради работните обврски, последниве пет години посетил 30-на земји, па сега бара помошник или помошничка што ќе го придружува на патувањата, пишува „Ледбајбл“ (Ladbible).
Барам посветена личност која ќе ми помогне во мојот бизнис. Ми треба десна рака којашто ќе ми помогне во патувањето и административните задачи, вели Лепре.
Може да се пријават и лица без претходно искуство, а конкурсот е отворен за сите кои имаат важечки пасош, кои сакаат да патуваат, педантни се во работата и можат да ја прекинат врската со постојните работни места. Покрај платата, платени се и патните трошоци, а помошникот ќе може да ги вози и скапите автомобили на работодавецот. Заинтересираните за новото работно место може да се пријават преку неговата интернет-страница „Ecom Warrior Academy“. Пред четири години Лепре објави сличен повик, па тогаш се пријавија околу 70.000 луѓе. На крајот, студентка по мода ја доби работата. Истата година, тој посака и личен фотограф заради попрофесионален Инстаграм-профил, нудејќи плата од 52.000 австралиски долари.

The post Нуди плата од 35.000 евра за „работа од соништата“: Австралиски милионер бара придружник за патувања по светот appeared first on Република.

]]>
На просечниот Македонец му се потребни два века да заработи милион евра, на Швајцарецот само 15 години https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/na-prosechniot-makedonets-mu-se-potrebni-dva-veka-da-zaraboti-milion-evra-na-shvajtsaretsot-samo-15-godini/ Tue, 18 Apr 2023 06:26:49 +0000 https://republika.mk/?p=631591

Колку години треба да работи обичен човек за да заработи 1 милион евра? На ова прашање одговара една  студија на порталот Picodi.com. Рангирањето вклучува 102 земји од сите континенти.

Студијата, која ја користи просечната плата како „мерна единица“, открива огромни разлики меѓу земјите ширум светот.

Резултатите се поразувачки за нас. На просечниот Македонец му се потребни два века да ја заработи ова сума. Да, добро прочитавте, поточно 201 година и шест месеци. Зад нас се Албанците, Турците, Аргентинците, нешто пред нас се Хрватите, Бугарите, Србите, Црногорците и Романците.

За споредба, на просечниот Швајцарец ќе му бидат потребни само 15 години да заработи „милионче“, од Сингапур 18 a oд САД 21 година за да стане милионер.

The post На просечниот Македонец му се потребни два века да заработи милион евра, на Швајцарецот само 15 години appeared first on Република.

]]>

Колку години треба да работи обичен човек за да заработи 1 милион евра? На ова прашање одговара една  студија на порталот Picodi.com. Рангирањето вклучува 102 земји од сите континенти. Студијата, која ја користи просечната плата како „мерна единица“, открива огромни разлики меѓу земјите ширум светот. Резултатите се поразувачки за нас. На просечниот Македонец му се потребни два века да ја заработи ова сума. Да, добро прочитавте, поточно 201 година и шест месеци. Зад нас се Албанците, Турците, Аргентинците, нешто пред нас се Хрватите, Бугарите, Србите, Црногорците и Романците. За споредба, на просечниот Швајцарец ќе му бидат потребни само 15 години да заработи „милионче“, од Сингапур 18 a oд САД 21 година за да стане милионер.

The post На просечниот Македонец му се потребни два века да заработи милион евра, на Швајцарецот само 15 години appeared first on Република.

]]>
Дете од осум години е најмладиот милионер во Македонија во 2021 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/dete-od-osum-godini-e-najmladiot-milioner-vo-makedonija-vo-2021-godina/ Mon, 27 Feb 2023 12:04:48 +0000 https://republika.mk/?p=613719

Даночните пријави кои минале низ системот на Управата за јавни приходи покажуваат дека најмладиот милионер во Македонија во 2021 година имал осум години. Директорката на управата за јавни, Сања Лукаревска, денес ги соопшти резултатите од анализата на годишните даночни пријави за 2021 година.

Во категоријата најмлад и највозрасен милионер, лице кое во 2021 година било на 8 годишна возраст остварило доход од 1.020.508 денари по основ на семејна пензија, а лице на 96 години остварило доход во износ од 1,2 милиони денари. Кај двете лица најголемиот приход е остварен по основ на пензија – рече директорката Лукаревска.

На врвот на листата со пријавен бруто годишен доход од 244,2 милиони денари за 2021 година е граѓанин од Скопје, најголем дел од примања се од плата и дополнителни примања од странство по основ на други лични примања.

Највисоката годишна бруто плата во 2021 година исплатена е кај граѓанин од Скопје. Платата е остварена во дејноста трговија на големо со производи од тутун и изнесува 122, 3 милиони денари.

На листата на највисоко рангирани бруто плати се најдоа и платите исплатени во производство на метални производи, одгледување свињи, болници, трговија со фармацевтски производи, управувачки дејности компјутерско програмирање.

Највисокото лично примање по основ на извршена работа изнесува 121,8 милиони денари на годишно ниво, доход е остварен во странство.

Граѓани од Скопје во 2021 година ја остварил и највисоката капитална добивка во износ од 130,1 милион денари од продажба на сопственички удел, додека највисоката исплатена дивиденда во износ од 203 милиони денари е исплатена на граѓанин на Велес, од исплачувач чија дејност е трговија на мало во неспецијализирани продавници претежно со храна, пијалаци и тутун.

На врвот на листата за остварување доход од самостојно вршење дејност повторно се скопјани. Највисокиот износ е 102,4 милиони денари. Во десетте топ рангирани на листата се наоѓаат адвокати, нотари, угостители, одгледувачи на жито и мешункасти растенија, трговија на мало со делови на моторни возила, малтерисување и производители на амбалажа од хартија.

Жител на Ресен со 12,6 милиони денари оставрил највисок доход од продажба на земјоделски производи.

Скопјанец остварил највисок бруто-доход од закуп и подзакуп на имот издавање на земјиште, станови, деловни простории, превозни средства и друг вид на имот кој изнесува 37 милиони денари.

Скопјанец е прворангиран и за остварен бруто-доход од авторски права и други стварни права во износ од 22 милиони денари.

По основ на право од индустриска сопственост исто така е граѓанин на Скопје кој остварил бруто доход од 5,5 милиони денари.

По основ на игри на среќа на жител на Скопје му се исплатени 41,1 милион денари од Државната лотарија, а второрангираниот во оваа категорија кој исто така е од Скопје остварил добивка од игри на среќа, главно од обложувалници во износ од 31,3 милион денари.

Најбогат пензионер е скопјанец со пријавена странска пензија во износ од 5,8 милион денари на годишно ниво.

Највисок годишен бруто доход по основ на уплатени премии и исплатена осигурена сума во износ од 2,9 милион денари остварило лице од Тетово.

Директорката Лукаревска најави дека деновиве почнуваат со генерирање на даночните пријави за 2022 година и апелираше граѓаните да ги потврдат и коригираат.

The post Дете од осум години е најмладиот милионер во Македонија во 2021 година appeared first on Република.

]]>

Даночните пријави кои минале низ системот на Управата за јавни приходи покажуваат дека најмладиот милионер во Македонија во 2021 година имал осум години. Директорката на управата за јавни, Сања Лукаревска, денес ги соопшти резултатите од анализата на годишните даночни пријави за 2021 година.
Во категоријата најмлад и највозрасен милионер, лице кое во 2021 година било на 8 годишна возраст остварило доход од 1.020.508 денари по основ на семејна пензија, а лице на 96 години остварило доход во износ од 1,2 милиони денари. Кај двете лица најголемиот приход е остварен по основ на пензија – рече директорката Лукаревска.
На врвот на листата со пријавен бруто годишен доход од 244,2 милиони денари за 2021 година е граѓанин од Скопје, најголем дел од примања се од плата и дополнителни примања од странство по основ на други лични примања. Највисоката годишна бруто плата во 2021 година исплатена е кај граѓанин од Скопје. Платата е остварена во дејноста трговија на големо со производи од тутун и изнесува 122, 3 милиони денари. На листата на највисоко рангирани бруто плати се најдоа и платите исплатени во производство на метални производи, одгледување свињи, болници, трговија со фармацевтски производи, управувачки дејности компјутерско програмирање. Највисокото лично примање по основ на извршена работа изнесува 121,8 милиони денари на годишно ниво, доход е остварен во странство. Граѓани од Скопје во 2021 година ја остварил и највисоката капитална добивка во износ од 130,1 милион денари од продажба на сопственички удел, додека највисоката исплатена дивиденда во износ од 203 милиони денари е исплатена на граѓанин на Велес, од исплачувач чија дејност е трговија на мало во неспецијализирани продавници претежно со храна, пијалаци и тутун. На врвот на листата за остварување доход од самостојно вршење дејност повторно се скопјани. Највисокиот износ е 102,4 милиони денари. Во десетте топ рангирани на листата се наоѓаат адвокати, нотари, угостители, одгледувачи на жито и мешункасти растенија, трговија на мало со делови на моторни возила, малтерисување и производители на амбалажа од хартија. Жител на Ресен со 12,6 милиони денари оставрил највисок доход од продажба на земјоделски производи. Скопјанец остварил највисок бруто-доход од закуп и подзакуп на имот издавање на земјиште, станови, деловни простории, превозни средства и друг вид на имот кој изнесува 37 милиони денари. Скопјанец е прворангиран и за остварен бруто-доход од авторски права и други стварни права во износ од 22 милиони денари. По основ на право од индустриска сопственост исто така е граѓанин на Скопје кој остварил бруто доход од 5,5 милиони денари. По основ на игри на среќа на жител на Скопје му се исплатени 41,1 милион денари од Државната лотарија, а второрангираниот во оваа категорија кој исто така е од Скопје остварил добивка од игри на среќа, главно од обложувалници во износ од 31,3 милион денари. Најбогат пензионер е скопјанец со пријавена странска пензија во износ од 5,8 милион денари на годишно ниво. Највисок годишен бруто доход по основ на уплатени премии и исплатена осигурена сума во износ од 2,9 милион денари остварило лице од Тетово. Директорката Лукаревска најави дека деновиве почнуваат со генерирање на даночните пријави за 2022 година и апелираше граѓаните да ги потврдат и коригираат.

The post Дете од осум години е најмладиот милионер во Македонија во 2021 година appeared first on Република.

]]>
„Прво што прави наутро е – ми дава пари“, вели сопругата на арапски милионер покажувајќи како живее https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/prvo-shto-pravi-nautro-e-mi-dava-pari-veli-soprugata-na-arapski-milioner-pokazhuvajki-kako-zhivee/ Fri, 27 Jan 2023 13:28:04 +0000 https://republika.mk/?p=601659

Сопруга на милионер од Саудиска Арабија на социјалните мрежи открива како изгледа нејзиното секојдневие и споделува детали од нејзиниот живот со близу еден милион следбеници. Соуди, сопруга на милионер, откри дека деновите ги поминува средувајќи си ги косата и ноктите и дека кога ќе се дотера сака богат оброк. Нејзиниот сопруг Џамал ​​редовно ѝ дава пари за трошење за да го финансира нејзиниот луксузен начин на живот, пишува „The Sun“.

Во една од последните снимки на Тик Ток, Соуди опиша една од нејзините вечери. Имено, таа го поминала пиејќи коктели со 24-каратно злато, врвен оброк, а сето тоа го платил нејзиниот сопруг.

Ова е ден од животот на богата домаќинка која живее во Дубаи. Се разбудивме утрово и Џамал ​​рече дека ќе биде зафатен со работа, па ми даде пари и секако отидов во салонот за убавина. Му се допаѓа кога се грижам за себе и ги трошам неговите пари на мојот изглед. Избрав супер едноставен дизајн на нокти и тој потоа дојде да ме земе. Ми рече да си ја средам косата додека тој работи друга работа. После тоа ми кажа дека сака да ме изненади, па се вративме дома и се пресоблековме, вели таа во видеото.

Во видеото, таа подоцна покажа обетки за кои вели дека Џамал ​​ги дизајнирал специјално за неа, бидејќи, како што вели, тој само сака да ја разгали. Потоа Џамал ​​ја однел во скап ресторан каде нарачале коктели со 24-каратно злато. Џамал ​​дури најмил пејачка да ја пее нејзината омилена песна.

@soudiofarabia Princess treatment is what I need fr ✨ #dubai #fyp #ksa #foryou ♬ Calm Down - Rema & Selena Gomez

The post „Прво што прави наутро е – ми дава пари“, вели сопругата на арапски милионер покажувајќи како живее appeared first on Република.

]]>

Сопруга на милионер од Саудиска Арабија на социјалните мрежи открива како изгледа нејзиното секојдневие и споделува детали од нејзиниот живот со близу еден милион следбеници. Соуди, сопруга на милионер, откри дека деновите ги поминува средувајќи си ги косата и ноктите и дека кога ќе се дотера сака богат оброк. Нејзиниот сопруг Џамал ​​редовно ѝ дава пари за трошење за да го финансира нејзиниот луксузен начин на живот, пишува „The Sun“. Во една од последните снимки на Тик Ток, Соуди опиша една од нејзините вечери. Имено, таа го поминала пиејќи коктели со 24-каратно злато, врвен оброк, а сето тоа го платил нејзиниот сопруг.
Ова е ден од животот на богата домаќинка која живее во Дубаи. Се разбудивме утрово и Џамал ​​рече дека ќе биде зафатен со работа, па ми даде пари и секако отидов во салонот за убавина. Му се допаѓа кога се грижам за себе и ги трошам неговите пари на мојот изглед. Избрав супер едноставен дизајн на нокти и тој потоа дојде да ме земе. Ми рече да си ја средам косата додека тој работи друга работа. После тоа ми кажа дека сака да ме изненади, па се вративме дома и се пресоблековме, вели таа во видеото.
Во видеото, таа подоцна покажа обетки за кои вели дека Џамал ​​ги дизајнирал специјално за неа, бидејќи, како што вели, тој само сака да ја разгали. Потоа Џамал ​​ја однел во скап ресторан каде нарачале коктели со 24-каратно злато. Џамал ​​дури најмил пејачка да ја пее нејзината омилена песна.
@soudiofarabia Princess treatment is what I need fr ✨ #dubai #fyp #ksa #foryou ♬ Calm Down - Rema & Selena Gomez

The post „Прво што прави наутро е – ми дава пари“, вели сопругата на арапски милионер покажувајќи како живее appeared first on Република.

]]>