Милевски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/milevski/ За подобро да се разбереме Sun, 03 Jul 2022 16:05:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Милевски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/milevski/ 32 32 Бојаџиев: ВМРО ДПМНЕ нема да поддржи промена на Уставот, но Владата може да си го потпише Протоколот и да не закопа за следните 10 години https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bojadziev-vmro-dpmne-nema-da-poddrzi-promena-na-ustavot-no-vladata-moze-da-si-go-potpishe-protokolot-i-da-ne-zakopa-za-slednite-10-godini/ Sun, 03 Jul 2022 16:05:11 +0000 https://republika.mk/?p=523152

Ректорот на Американ Колеџ Марјан Бојаџиев ги повика претседателите на ЛДП, ДОМ и Демократски сојуз Горан Милевски, Маја Морачанин и Павле Трајанов да го одбијат францускиот предлог.

Мoжат да ја создадат историјата. Или да потонат во неа. Once in a lifetime opportunity! ВМРО ДПМНЕ нема да поддржи промена на Уставот, но Владата може да си го потпише Протоколот и да не закопа за следните 10 години, пишува Бојаџиев на Фејсбук.

The post Бојаџиев: ВМРО ДПМНЕ нема да поддржи промена на Уставот, но Владата може да си го потпише Протоколот и да не закопа за следните 10 години appeared first on Република.

]]>

Милевски: Подготвени сме да го отвориме Законот за локалната самоуправа, време е за преиспитување на системот преку широк процес на консултација https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/milevski-podgotveni-sme-da-go-otvorime-zakonot-za-lokalnata-samouprava-vreme-e-za-preispituvanje-na-sistemot-preku-shirok-proces-na-konsultacija/ Fri, 29 Apr 2022 12:32:28 +0000 https://republika.mk/?p=495305

Министерот за локална самоуправа Горан Милевски најави дека Министерството за локална самоуправа е подготвено да го отвори за консултација Законот за локалната самоуправа и другите закони кои што се однесуваат на локалната самоуправа, Законот за меѓуопштинска соработка, Законот за градот Скопје, а ако се наметне за потребно и Законот за територијална организација на локалната самоуправа.

- По 20 години од донесувањето, подготвени сме да го отвориме Законот за локалната самоуправа, во пакет со другите закони од областа. Законот за локалната самоуправа е системски закон, свесни сме за значењето и улогата на локалната самоуправа за демократскиот и за економскиот развој на државата и затоа ќе  организираме широк консултативен процес, ќе бидат поканети сите засегнати страни, граѓанскиот, бизнис секторот, експертската и академската јавност, секој граѓанин. Процесот ќе го водиме со вклученост на сите надлежни министерства, со ЗЕЛС и со локалните власти, сакаме да дојдеме до решенија кои што ќе обезбедат поголема стабилност и функционалност на општините, поголема отчетност и одговорност на локалните власти и поголема вклученост на граѓаните, рече министерот Милевски.

Министерот за локална самоуправа зборуваше и за поддршката од Владата и од Министерството за локална самоуправа за развој на општините и на планските региони.

- Преку контируирана работа, само во изминатите 100 дена, отворени се два  јавни повици за нови проекти и се финансирани 48 проекти за прекугранична соработка и за развој на општините  во вкупна вредност од 20 милиони евра. Јавниот повик за проекти од Програмата за територијална соработка Еуро-Мед е отворен до 24 мај, а јавниот повик за проекти од ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Македонија и Србија е отворен до 8 јуни. Сите одобрени проекти ќе бидат кофинансирани од Министерството за локална самоуправа во износ од 15%.

Во изминатите 100 дена се потпишани договори за кофинансирање на 7 проекти од ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Македонија и Србија, 11 проекти од ИПА Програмата меѓу Македонија и Албанија, одобрени се 22 проекти од ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Македонија и Грција, а се финансират и  8 проекти преку Програмата “ЕУ за општините”.

The post Милевски: Подготвени сме да го отвориме Законот за локалната самоуправа, време е за преиспитување на системот преку широк процес на консултација appeared first on Република.

]]>

Министерот за локална самоуправа Горан Милевски најави дека Министерството за локална самоуправа е подготвено да го отвори за консултација Законот за локалната самоуправа и другите закони кои што се однесуваат на локалната самоуправа, Законот за меѓуопштинска соработка, Законот за градот Скопје, а ако се наметне за потребно и Законот за територијална организација на локалната самоуправа. - По 20 години од донесувањето, подготвени сме да го отвориме Законот за локалната самоуправа, во пакет со другите закони од областа. Законот за локалната самоуправа е системски закон, свесни сме за значењето и улогата на локалната самоуправа за демократскиот и за економскиот развој на државата и затоа ќе  организираме широк консултативен процес, ќе бидат поканети сите засегнати страни, граѓанскиот, бизнис секторот, експертската и академската јавност, секој граѓанин. Процесот ќе го водиме со вклученост на сите надлежни министерства, со ЗЕЛС и со локалните власти, сакаме да дојдеме до решенија кои што ќе обезбедат поголема стабилност и функционалност на општините, поголема отчетност и одговорност на локалните власти и поголема вклученост на граѓаните, рече министерот Милевски. Министерот за локална самоуправа зборуваше и за поддршката од Владата и од Министерството за локална самоуправа за развој на општините и на планските региони. - Преку контируирана работа, само во изминатите 100 дена, отворени се два  јавни повици за нови проекти и се финансирани 48 проекти за прекугранична соработка и за развој на општините  во вкупна вредност од 20 милиони евра. Јавниот повик за проекти од Програмата за територијална соработка Еуро-Мед е отворен до 24 мај, а јавниот повик за проекти од ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Македонија и Србија е отворен до 8 јуни. Сите одобрени проекти ќе бидат кофинансирани од Министерството за локална самоуправа во износ од 15%. Во изминатите 100 дена се потпишани договори за кофинансирање на 7 проекти од ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Македонија и Србија, 11 проекти од ИПА Програмата меѓу Македонија и Албанија, одобрени се 22 проекти од ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Македонија и Грција, а се финансират и  8 проекти преку Програмата “ЕУ за општините”.

The post Милевски: Подготвени сме да го отвориме Законот за локалната самоуправа, време е за преиспитување на системот преку широк процес на консултација appeared first on Република.

]]>
Милевски: Сега сме најблиску до една изборна единица https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/milevski-sega-sme-najblisku-do-edna-izborna-edinica/ Sat, 26 Mar 2022 20:51:00 +0000 https://republika.mk/?p=479068

Сега сме најблиску до завршување на процесот, да добиеме една изборна единица. За жал, дел од политичките партии се колебливи во овој процес, нејасно зошто, рече вечерва претседателот на ЛДП и министер за локална самоуправа Горан Милевски.

Како што истакна Милевски во Дневникот на Сител ТВ, од симулациите кои може да се направат од последните избори дали ќе бидат шест изборни единици или една изборна единица со цензус укажуваат на тоа дека разликата меѓу бројот на пратеници е плус минус еден.

Милевски смета дека може да се најде консензус кај сите и тоа да биде една изборна едница со изборен праг од 2,5 отсто. Заговарањата, како што рече, се за два или три отсто.

Мислам дека сите би се согласиле од 2,5 отсто. Единствен кој прави кочница во овој процес е Алијанса на Албанците на Зијадин Села. Тука не би требало да се обвинува ДУИ и да се обвинува СДСМ, бидејќи такви се обвинувањата од опозицијата. ДУИ никогаш не рекле дека не разговараат, за нив е прифатлив моделот шест изборни единици, но, никогаш не рекле дека не се за една изборна единица. Тука се за да разговаат, изјави Милевски.

Според него, владината програма предвидува промена на изборниот модел во една изборна единица.

Ако е до ДУИ, ДУИ нема да прави проблем. ВМРО-ДПМНЕ залудно ја обвинува валдејачката структура дека помалите партии се изманипулирани, дека СДСМ не дава. Единствен проблем е АА. Ако ВМРО-ДПМНЕ има искрени намери да отвориме една изборна единица, тогаш да изврши притисок врз нивниот коалициски парнер да се согласи на една изборна единица со цензус. Гарантирам дека ако АА се согласи, тогаш ова решение ќе биде усвоено во Парламентот, дека од Владата ниту една партија нема да биде кочничар на демократските процеси во однос на изборниот модел. Се друго е популизам, рече Милевски.

The post Милевски: Сега сме најблиску до една изборна единица appeared first on Република.

]]>

Сега сме најблиску до завршување на процесот, да добиеме една изборна единица. За жал, дел од политичките партии се колебливи во овој процес, нејасно зошто, рече вечерва претседателот на ЛДП и министер за локална самоуправа Горан Милевски. Како што истакна Милевски во Дневникот на Сител ТВ, од симулациите кои може да се направат од последните избори дали ќе бидат шест изборни единици или една изборна единица со цензус укажуваат на тоа дека разликата меѓу бројот на пратеници е плус минус еден. Милевски смета дека може да се најде консензус кај сите и тоа да биде една изборна едница со изборен праг од 2,5 отсто. Заговарањата, како што рече, се за два или три отсто.
Мислам дека сите би се согласиле од 2,5 отсто. Единствен кој прави кочница во овој процес е Алијанса на Албанците на Зијадин Села. Тука не би требало да се обвинува ДУИ и да се обвинува СДСМ, бидејќи такви се обвинувањата од опозицијата. ДУИ никогаш не рекле дека не разговараат, за нив е прифатлив моделот шест изборни единици, но, никогаш не рекле дека не се за една изборна единица. Тука се за да разговаат, изјави Милевски.
Според него, владината програма предвидува промена на изборниот модел во една изборна единица.
Ако е до ДУИ, ДУИ нема да прави проблем. ВМРО-ДПМНЕ залудно ја обвинува валдејачката структура дека помалите партии се изманипулирани, дека СДСМ не дава. Единствен проблем е АА. Ако ВМРО-ДПМНЕ има искрени намери да отвориме една изборна единица, тогаш да изврши притисок врз нивниот коалициски парнер да се согласи на една изборна единица со цензус. Гарантирам дека ако АА се согласи, тогаш ова решение ќе биде усвоено во Парламентот, дека од Владата ниту една партија нема да биде кочничар на демократските процеси во однос на изборниот модел. Се друго е популизам, рече Милевски.

The post Милевски: Сега сме најблиску до една изборна единица appeared first on Република.

]]>
Милевски на регионална конференција во Приштина: Балканот има ново лице, ние сме фактор на стабилност https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/milevski-na-regionalna-konferencija-vo-prishtina-balkanot-ima-novo-lice-nie-sme-faktor-na-stabilnost/ Thu, 24 Mar 2022 12:06:41 +0000 https://republika.mk/?p=477671

Пораката што многупати ја има упатено мојата држава е јасна, недвосмислена и отпорна на многуте различни предизвици со кои што се соочуваме секој ден: Регионот ќе биде стабилен и ќе може да се развива преку соработка и преку јасен одговор на Европската Унија за признавање и за обезбедување на континуитет на евроинтеграциските процеси. Секој застој е ризик и за развојот и за севкупната безбедност, рече министерот за локална самоуправа Горан Милевски на регионалната конференција “Предизвиците и перспективите на регионалниот развој во Западен Балкан” која што денеска и утре се одржува во Приштина. 

Ние, и од оваа конференција испраќаме порака дека Балканот има ново лице, ние сме фактор на стабилност и сме цврсто решени да опстоиме во напорите за економски и демократски развој на нашите држави и на регионот, со соработка и со поддршка од Европската Унија чии што принципи се вградени во нашите политики, рече Милевски.

Милевски истакна дека Република Македонија посебно внимание посветува на регионалниот развој, притоа водејќи сметка за развојот на државата врз основа на принципите на ЕУ и на развојните цели на ОН, но и за балансиран развој внатре во државата, меѓу планските региони и меѓу општините.

Свесни сме дека само со намалување на внатрешните развојни разлики ќе можеме да создадеме услови за имплементација на европските стандарди во сите области, што го определуваат квалитетот на живеење на граѓаните, рече Милевски. 

Во организација на Министерството за регионален развој на Република Косово, на Конференцијата учествуваат претставници од Албанија, Македонија, Турција, Црна Гора, Полска, Германија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и на Бугарија.

The post Милевски на регионална конференција во Приштина: Балканот има ново лице, ние сме фактор на стабилност appeared first on Република.

Милевски на видео средба со лидерката на Голос од Украина, пратеничката Кира Рудик https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/milevski-na-video-sredba-so-liderkata-na-golos-od-ukraina-pratenichkata-kira-rudik/ Thu, 10 Mar 2022 12:55:10 +0000 https://republika.mk/?p=470663

Претседателот на ЛДП Горан Милевски оствари средба преку видео врска со лидерката на Голос од Украина, пратеничката Кира Рудик, која утрото пред средбата учествуваше на воена обука. На средбата на која присуствуваа и пратениците на ЛДП Моника Зајкова и Боби Мојсовски, Милевски и изрази поддршка на Украина, како и апелира Европа да направи се за да го спречи Путин во воените дејствија и да се заштитат цивилите од бомбардирања.

На лудоста на Путин мора да се стави крај. Да му се дадат 48 часа да се повлече од Чернобил, бидејќи состојбата станува критична. Веќе 15ти ден украинскиот народ страда. Киев не смее да стане нов Алепо (н.з. Сирија). Путин продолжува да лаже - во Украина се бомбардираат луѓе, деца умираат, а цивилите топат снег за да имаат вода во Мариупол. Руските окупациски трупи се пред самите градови и ни треба поддршка за воздушна одбрана. Имаме медицинска опрема и воена опрема но не ни е заштитено небото, затоа ни недостасуваат воени авиони и противвоздушна одбрана, изјави Рудик од украинските либерали.

Таа преку молба апелира до целиот свет, особено НАТО, да испрати воздушна заштита, истакнувајќи ја сериозноста на состојбата со нуклеарната централа во Чернобил.

Се може да се случи, но доколку има нуклеарна експлозија сите ќе бидеме беспомошни, појаснува Рудик и вели дека украинската армија е подготвена и мотивирана од меѓународната поддршка, дека пристигнала помош и од 16.000 доброволци. Тие знаат дека голем дел од рускиот народ ја осудува оваа војна, додава Рудик.

Во името на сите членови на ЛДП и на македонските граѓани, Милевски изрази сочувство за изгубените животи и за повредените во безумните воени операции раководени од Кремљ во Украина, кои со ништо не може да бидат оправдани. Милевски потсети дека ЛДП целосно застанала во одбрана на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, а за таа цел на иницијатива на ЛДП е изгласана декларација во Собранието со која се осудува руската агресија.

Потребно е итно прекинување на сите воени дејствија и безусловно повлекување на руските воени сили на територијата на Руската Федерација. Восхитени сме од борбеноста и одлучноста на Украинците во одбрана на нивната татковина. Учествувавме и на протестите организирани од Украинските здруженија во Скопје и заедно со колегите од регионот, од Европа и целиот демократски свет, ќе продолжиме со конкретни активности да влијаеме за запре инвазијата врз Украина. Проблемите се решаваат со дијалог а не со војна, истакна Милевски.

И пратеничката Зајкова вели дека е во постојана комуникација со граѓани од Украина. Изразувајќи ужаснатост за страдањата на цивилното население во Украина, таа укажа на големата руска пропаганда на која се изложени македонците, особено преку медиуми на српски јазик, при што се нема точна слика за случувањата во Украина и за потребата од помош на украинското население.

ЛДП и Голос се полноправни членки на АЛДЕ, во која неодамна е примена по итна постапка и партијата „Слуга на народот“ на украинскиот претседател Зеленски.

The post Милевски на видео средба со лидерката на Голос од Украина, пратеничката Кира Рудик appeared first on Република.

]]>

Претседателот на ЛДП Горан Милевски оствари средба преку видео врска со лидерката на Голос од Украина, пратеничката Кира Рудик, која утрото пред средбата учествуваше на воена обука. На средбата на која присуствуваа и пратениците на ЛДП Моника Зајкова и Боби Мојсовски, Милевски и изрази поддршка на Украина, како и апелира Европа да направи се за да го спречи Путин во воените дејствија и да се заштитат цивилите од бомбардирања.
На лудоста на Путин мора да се стави крај. Да му се дадат 48 часа да се повлече од Чернобил, бидејќи состојбата станува критична. Веќе 15ти ден украинскиот народ страда. Киев не смее да стане нов Алепо (н.з. Сирија). Путин продолжува да лаже - во Украина се бомбардираат луѓе, деца умираат, а цивилите топат снег за да имаат вода во Мариупол. Руските окупациски трупи се пред самите градови и ни треба поддршка за воздушна одбрана. Имаме медицинска опрема и воена опрема но не ни е заштитено небото, затоа ни недостасуваат воени авиони и противвоздушна одбрана, изјави Рудик од украинските либерали.
Таа преку молба апелира до целиот свет, особено НАТО, да испрати воздушна заштита, истакнувајќи ја сериозноста на состојбата со нуклеарната централа во Чернобил.
Се може да се случи, но доколку има нуклеарна експлозија сите ќе бидеме беспомошни, појаснува Рудик и вели дека украинската армија е подготвена и мотивирана од меѓународната поддршка, дека пристигнала помош и од 16.000 доброволци. Тие знаат дека голем дел од рускиот народ ја осудува оваа војна, додава Рудик.
Во името на сите членови на ЛДП и на македонските граѓани, Милевски изрази сочувство за изгубените животи и за повредените во безумните воени операции раководени од Кремљ во Украина, кои со ништо не може да бидат оправдани. Милевски потсети дека ЛДП целосно застанала во одбрана на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, а за таа цел на иницијатива на ЛДП е изгласана декларација во Собранието со која се осудува руската агресија.
Потребно е итно прекинување на сите воени дејствија и безусловно повлекување на руските воени сили на територијата на Руската Федерација. Восхитени сме од борбеноста и одлучноста на Украинците во одбрана на нивната татковина. Учествувавме и на протестите организирани од Украинските здруженија во Скопје и заедно со колегите од регионот, од Европа и целиот демократски свет, ќе продолжиме со конкретни активности да влијаеме за запре инвазијата врз Украина. Проблемите се решаваат со дијалог а не со војна, истакна Милевски.
И пратеничката Зајкова вели дека е во постојана комуникација со граѓани од Украина. Изразувајќи ужаснатост за страдањата на цивилното население во Украина, таа укажа на големата руска пропаганда на која се изложени македонците, особено преку медиуми на српски јазик, при што се нема точна слика за случувањата во Украина и за потребата од помош на украинското население. ЛДП и Голос се полноправни членки на АЛДЕ, во која неодамна е примена по итна постапка и партијата „Слуга на народот“ на украинскиот претседател Зеленски.

The post Милевски на видео средба со лидерката на Голос од Украина, пратеничката Кира Рудик appeared first on Република.

]]>
Милевски на средба со Караџов во Софија: Интензивна соработка меѓу градоначалниците и општините на двете земји https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/milevski-na-sredba-so-karadzov-vo-sofija-intenzivna-sorabotka-megju-gradonachalnicite-i-opshtinite-na-dvete-zemji/ Thu, 10 Feb 2022 12:39:27 +0000 https://republika.mk/?p=456762

Деловник за работа на заедничката работна група за имплементација на меморандумот за соработка помеѓу министерството за регионален развој и јавни работи на Република Бугарија и министерството за локална самоуправа на Република Македонија беше темата на средбата во Софија на министерот за локална самоуправа Горан Милевски со Гроздан Караџов, заменик министер-претседател на Република Бугарија и министер на регионален развој и јавни работи.

Денеска го направивме иницијалниот состанок во пријателска атмосфера на кој го договоривме тимот за меѓусебна соработка, како и деловникот за работа по кој што ќе работи оваа заедничка комисија. Ние утврдивме дека минимум два пати годишно од двете страни на границата да имаме средби, преку тоа ќе ја интензивираме соработката помеѓу здруженијата на двете страни во Општините, рече Милевски.

Тој додаде дека според планот ќе се интензивираат соработките помеѓу двете земји, особено сите оние Општини кои што припаѓаат на регионот за Програмата за прекугранична соработка помеѓу Бугарија и Македонија финансирана од ЕУ се со цел навремено да ги подготват нивните проекти за идниот период поточно за 2021-2027 година за претстојната ИПА 3 програма преку која максимално треба да се искористат проектите за развој на општините, а се во интерес на граѓаните од двете страни на границата. 

Граничниот премин Клепало е многу важен, така што од бугарска страна ветија дека ќе се интензивираат активностите за почеток на изработка на проектите и на реализацијата на градежните активности за отворање на овој граничен премин кој е важен за цела Источна Македонија, истакна Милевски.

Заедничката работна група (ЗРГ) ќе спроведува активности поврзани со спроведувањето на приоритетите од Меморандумот за соработка помеѓу Министерството за регионален развој и јавни работи на Република Бугарија и Министерството за локална самоуправа на Република Македонија.

Важно е дека во блиска иднина ќе остваруваме средба на градоначалниците на Општините од двете страни на границите меѓу Бугарија така што тие ќе се запознаат подобро и со тоа да разменуваат искуства како подобро да ги менаџираат Општините. За тоа се надевам сите овие средби ќе придонесат за развој на проектот за граничниот премин Клепало каде што ние се активираме и со тоа ќе се оствари поголема соработка помеѓу граѓанскиот и бизнис секторот, појасни Караџов.

The post Милевски на средба со Караџов во Софија: Интензивна соработка меѓу градоначалниците и општините на двете земји appeared first on Република.