миленици Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/milenici/ За подобро да се разбереме Tue, 13 Feb 2024 18:59:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png миленици Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/milenici/ 32 32 И кучињата и мачките ќе мора да патуваат со „Северна“ https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/i-kuchinata-i-machkite-ke-mora-da-patuvaat-so-severna/ Tue, 13 Feb 2024 18:59:13 +0000 https://republika.mk/?p=743757

Сопствениците на кучиња и други животни во Македонија за кои е задолжителна патна исправа за патување во странство треба да имаат патни исправи со „Северна“ место Република Македонија.

Ветеринарните амбуланти, кои ги издаваат овие документи, засега немаат добиено известување дали тие што имаат патни исправи за милениците со старото име задолжително треба да ги сменат. Но, за разлика од проблемите на граѓаните со налепниците НМК, испаѓа дека државата била поорганизирана за патните исправи на кучињата, мачките и останатите животни, па патни исправи за нив со „Северна“ се издаваат повеќе години.

The post И кучињата и мачките ќе мора да патуваат со „Северна“ appeared first on Република.

]]>

Сопствениците на кучиња и други животни во Македонија за кои е задолжителна патна исправа за патување во странство треба да имаат патни исправи со „Северна“ место Република Македонија. Ветеринарните амбуланти, кои ги издаваат овие документи, засега немаат добиено известување дали тие што имаат патни исправи за милениците со старото име задолжително треба да ги сменат. Но, за разлика од проблемите на граѓаните со налепниците НМК, испаѓа дека државата била поорганизирана за патните исправи на кучињата, мачките и останатите животни, па патни исправи за нив со „Северна“ се издаваат повеќе години.

The post И кучињата и мачките ќе мора да патуваат со „Северна“ appeared first on Република.

]]>
Ќе може ли и милениците да се превезуваат во автобусите на ЈСП Скопје? https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/kje-moze-li-i-milenicite-da-se-prevezuvaat-vo-avtobusite-na-jsp-skopje/ Sat, 15 Oct 2022 19:55:25 +0000 https://republika.mk/?p=561559

Иницијативата „Зелен хуман град“ објави анкета на која граѓаните можат да го дадат својот глас за тоа дали се за или против тоа Град Скопје да дозволи користење на јавен транспорт во придружба на миленик.

Во образложението на анкетата се вели дека граѓаните кои имаат миленици се една од најдискриминираните група на граѓани во Македонија.

Доколку не располагате со сопствено возило, или немате доволно пари за такси на кратки и долги дестинации, вие не смеете да користите ниту еден јавен транспорт било каде во земјава. Од една страна државата и институции промовираат одговорно сопствеништво, ненапуштање на миленици (секако само на постери), од друга страна го скратуваат основното човеково право на слободно движење, оневозможувајќи ги луѓето со своите миленици да стигнат дури и до ветеринар и во најитните ситуации, а камоли да ги спроведуваат посакуваните семејни активности со нив, стои во објаснувањето на предлогот.

Поради тие причини се бара измена и дополнување наОдлуката за линиски превоз на патници во градот Скопје со што ќе се овозможи граѓаните со миленици да го користат градскиот превоз, без разлика дали нивните милениците се во служба на придружба, се додека се уредно сместени во транспортер за мали миленици или се на поводници кога станува збор за кучиња.

Доколку анкетата покаже дека овој предлог има поддршка од граѓаните тој ќе биде доставен до Советот на Град Скопје.

The post Ќе може ли и милениците да се превезуваат во автобусите на ЈСП Скопје? appeared first on Република.

]]>

Иницијативата „Зелен хуман град“ објави анкета на која граѓаните можат да го дадат својот глас за тоа дали се за или против тоа Град Скопје да дозволи користење на јавен транспорт во придружба на миленик. Во образложението на анкетата се вели дека граѓаните кои имаат миленици се една од најдискриминираните група на граѓани во Македонија.
Доколку не располагате со сопствено возило, или немате доволно пари за такси на кратки и долги дестинации, вие не смеете да користите ниту еден јавен транспорт било каде во земјава. Од една страна државата и институции промовираат одговорно сопствеништво, ненапуштање на миленици (секако само на постери), од друга страна го скратуваат основното човеково право на слободно движење, оневозможувајќи ги луѓето со своите миленици да стигнат дури и до ветеринар и во најитните ситуации, а камоли да ги спроведуваат посакуваните семејни активности со нив, стои во објаснувањето на предлогот.
Поради тие причини се бара измена и дополнување наОдлуката за линиски превоз на патници во градот Скопје со што ќе се овозможи граѓаните со миленици да го користат градскиот превоз, без разлика дали нивните милениците се во служба на придружба, се додека се уредно сместени во транспортер за мали миленици или се на поводници кога станува збор за кучиња. Доколку анкетата покаже дека овој предлог има поддршка од граѓаните тој ќе биде доставен до Советот на Град Скопје.

The post Ќе може ли и милениците да се превезуваат во автобусите на ЈСП Скопје? appeared first on Република.

]]>
Папа Франциск: Чувањето домашни миленици наместо деца ни ја одзема човечноста https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/papa-francisk-chuvanjeto-domashni-milenici-namesto-deca-ni-ja-odzema-chovechnosta-2/ Thu, 06 Jan 2022 08:03:29 +0000 https://republika.mk/?p=441225

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, ризикуваше во средата да го предизвика гневот на сопствениците на разни животинки ширум светот, сугерирајќи дека луѓето кои ги заменуваат децата со домашни миленичиња искажуваат „одредена себичност“.

Зборувајќи за родителството во текот на општата аудиенција во Ватикан, папата изрази жалење што домашните миленици „понекогаш го заземаат местото на децата“ во општеството.

Денес… гледаме облик на себичност. Гледаме дека некои луѓе не сакаат да имаат дете. Понекогаш имаат едно, и тоа е тоа, но имаат кучиња и мачки кои ги заменуваат децата. Ова може да ги насмее луѓето, но тоа е стварноста, забележа папата Франциск.

Практика е, продолжи поглаварот на католичката заедница од 1,3 милијариди луѓе во светот, „отфрлањето на татковското и мајчинството и нѐ смалува, ни ја одзема човечноста.

Значи, „цивилизацијата старее без човечност, бидејќи го губиме богатството на татковството и мајчинството, а земјата е таа која пати“, рече папата Франциск во салата именувана по еден од неговите претходници во Светата столица, папата Павле Шести.

Папата Франциск во минатото беше фотографиран како гали кучиња, дозволи јагне да му се префрли преку рамото во текот на Богојавление во 2014-та, а дури галеше и тигар и младенче од пантер. Но додека неговиот непосреден претходник Бенедикт Шеснаесетти беше љубител на мачките, не е познато дали Франциск има домашен миленик во својата ватиканска резиденција.

Папата Франциск во 2014 година за дневниот весник Il Messaggero рече дека да се има домашни миленичиња наместо деца претставува „уште еден феномен на културната деградација“, како и дека емоционалниот однос со домашните миленичиња е „полесен“ од „сложениот“ однос меѓу родителите и децата.

Во средата, пак, папата повикувајќи ги двојките кои од биолошки причини не можат да имаат деца да размислат за посвојување, ги повика потенцијалните родители да „не се плашат“.

Да се има деца секогаш е ризик, но поголем е ризикот во тоа да немаш деца, со отфрлање на татковството.

Аргентинскиот понтификс во минатото ја осудуваше „демографската зима“ или падот на наталитетот во развиениот свет. На почетокот од годинава го критикуваше модерното општество во коешто кариерата и заработката на многумина им се адут во градењето на семејството, нарекувајќи го таквиот менталитет „гангрена за општеството“.

The post Папа Франциск: Чувањето домашни миленици наместо деца ни ја одзема човечноста appeared first on Република.

]]>

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, ризикуваше во средата да го предизвика гневот на сопствениците на разни животинки ширум светот, сугерирајќи дека луѓето кои ги заменуваат децата со домашни миленичиња искажуваат „одредена себичност“. Зборувајќи за родителството во текот на општата аудиенција во Ватикан, папата изрази жалење што домашните миленици „понекогаш го заземаат местото на децата“ во општеството.
Денес… гледаме облик на себичност. Гледаме дека некои луѓе не сакаат да имаат дете. Понекогаш имаат едно, и тоа е тоа, но имаат кучиња и мачки кои ги заменуваат децата. Ова може да ги насмее луѓето, но тоа е стварноста, забележа папата Франциск. Практика е, продолжи поглаварот на католичката заедница од 1,3 милијариди луѓе во светот, „отфрлањето на татковското и мајчинството и нѐ смалува, ни ја одзема човечноста. Значи, „цивилизацијата старее без човечност, бидејќи го губиме богатството на татковството и мајчинството, а земјата е таа која пати“, рече папата Франциск во салата именувана по еден од неговите претходници во Светата столица, папата Павле Шести.
Папата Франциск во минатото беше фотографиран како гали кучиња, дозволи јагне да му се префрли преку рамото во текот на Богојавление во 2014-та, а дури галеше и тигар и младенче од пантер. Но додека неговиот непосреден претходник Бенедикт Шеснаесетти беше љубител на мачките, не е познато дали Франциск има домашен миленик во својата ватиканска резиденција. Папата Франциск во 2014 година за дневниот весник Il Messaggero рече дека да се има домашни миленичиња наместо деца претставува „уште еден феномен на културната деградација“, како и дека емоционалниот однос со домашните миленичиња е „полесен“ од „сложениот“ однос меѓу родителите и децата. Во средата, пак, папата повикувајќи ги двојките кои од биолошки причини не можат да имаат деца да размислат за посвојување, ги повика потенцијалните родители да „не се плашат“.
Да се има деца секогаш е ризик, но поголем е ризикот во тоа да немаш деца, со отфрлање на татковството.
Аргентинскиот понтификс во минатото ја осудуваше „демографската зима“ или падот на наталитетот во развиениот свет. На почетокот од годинава го критикуваше модерното општество во коешто кариерата и заработката на многумина им се адут во градењето на семејството, нарекувајќи го таквиот менталитет „гангрена за општеството“.

The post Папа Франциск: Чувањето домашни миленици наместо деца ни ја одзема човечноста appeared first on Република.

]]>