милениче Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mileniche/ За подобро да се разбереме Fri, 21 Jan 2022 20:18:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png милениче Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mileniche/ 32 32 Запознајте го Кефир, најголемата мачка во светот https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/zapoznajte-go-kefir-najgolemata-machka-vo-svetot/ Fri, 21 Jan 2022 20:00:46 +0000 https://republika.mk/?p=447890

Мејн Кун од Стари Оскол во Русија е веројатно најголемата домашна мачка на светот. Има неполни две години, па се очекува уште да расте. Неговата сопственичка Јулија Минина го вика Кефир, по снежнобелата боја на крзното.

Кога ќе влезе некој нов во нашиот дом, мисли дека е куче, вели Јулија смеејќи се.

Сепак, сосема оправдано е некој да помисли дека Кефир е куче кога има други 12 килограми или трипати повеќе од просечна мачка.

Сопственичката, која за Кефир зборува како за свое дете, го фали дека е многу паметен и културен.

Кога имаме гости, го краде целото внимание и на сите им дозволува да го галат.

Мејн Кун потекнува од државата Мејн и се смета за еден од најстарите видови мачки во Cеверна Америка. Во родната земја е ценета поради ловечките способности, па го носи прекарот „нежен џин“. Главно се чуваат во затворено, а ги опишуваат како разиграни животни со особини слични на куче.

До осумдесеттите години на минатиот век се верувало дека Мејн мачките се најголемите припитомени мачки на светот (сега се знае дека најгоелми припитомени мачки се мачките савана). Просечната тежина на овие мачки е 8 кг за мажјаците, а 5 кг за женките, a можат да досегнат и должина до 1 метар вклучувајќи го и опашот.

Но, Кефир одамна не е просечен, а Милина не може да живее живот како пред него.

Навечер знае да биде напорен. Додека беше маче, не ми пречеше, но сега е тежок и често ме буди, се жали Јулија.

The post Запознајте го Кефир, најголемата мачка во светот appeared first on Република.

]]>

Мејн Кун од Стари Оскол во Русија е веројатно најголемата домашна мачка на светот. Има неполни две години, па се очекува уште да расте. Неговата сопственичка Јулија Минина го вика Кефир, по снежнобелата боја на крзното.
Кога ќе влезе некој нов во нашиот дом, мисли дека е куче, вели Јулија смеејќи се.
Сепак, сосема оправдано е некој да помисли дека Кефир е куче кога има други 12 килограми или трипати повеќе од просечна мачка. Сопственичката, која за Кефир зборува како за свое дете, го фали дека е многу паметен и културен.
Кога имаме гости, го краде целото внимание и на сите им дозволува да го галат.
Мејн Кун потекнува од државата Мејн и се смета за еден од најстарите видови мачки во Cеверна Америка. Во родната земја е ценета поради ловечките способности, па го носи прекарот „нежен џин“. Главно се чуваат во затворено, а ги опишуваат како разиграни животни со особини слични на куче. До осумдесеттите години на минатиот век се верувало дека Мејн мачките се најголемите припитомени мачки на светот (сега се знае дека најгоелми припитомени мачки се мачките савана). Просечната тежина на овие мачки е 8 кг за мажјаците, а 5 кг за женките, a можат да досегнат и должина до 1 метар вклучувајќи го и опашот. Но, Кефир одамна не е просечен, а Милина не може да живее живот како пред него.