милена стевановиќ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/milena-stevanovikj/ За подобро да се разбереме Mon, 18 Sep 2023 15:44:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png милена стевановиќ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/milena-stevanovikj/ 32 32 Стевановиќ: Инфекцијата со Ковид-19 ќе ја има како што го има и сезонскиот грип https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/stevanovik-infektsijata-so-kovid-19-ke-ja-ima-kako-shto-go-ima-i-sezonskiot-grip/ Mon, 18 Sep 2023 15:44:02 +0000 https://republika.mk/?p=682947

Нема простор за паника кога е во прашање Ковид-19, инфекцијата ќе биде присутна како што е присутен грипот, изјави директорката на Клиниката за инфективни болести, Милена Стевановиќ.

– Шестмина хоспитализирани пациенти имаме во моментов, примени изминатите денови, повозрасни, над 70 години, сите со сериозни коморбидитети и тешки болести, како малигност, срцева болест. Двајца од нив се во сериозно тешка состојба. Во тек на вчерашното дежурство, има десетина амбулантски прегледи на ковид позитивни, со лесна клиничка слика, за лекување во домашни услови. Повеќето пациенти се со лесна клиничка слика. Веројатно ќе се зголемува бројот, со оглед на тоа што луѓе се вратија од различни страни на светот. Епидемиолошки, тоа е многу логичен след, појасни таа.

Таа нагласи дека во секој случај, во болнички установи и аптеки, обавезно треба да се носат заштитни маски. Главно е, додаде, да се лимитира комуникацијата со болни и не е сменета препораката за заштита.

Во текот на август, во Македонија се вкупно 112 случаи на Ковид-19, покажуваат податоците на Институтот за јавно здравје.

– Во однос на претходниот месец, јули, се регистрира зголемување на бројот на пријавени од Ковид-19 за 4,6 пати, a во однос на месец август 2022 година, се регистрира многукратно намалување на заболените. Од заболените во август 2023, најголем број на заболени се пријавени од Скопје, а највисока инциденца се регистрира во Кавадарци“, пишува во извештајот на Институтот за јавно здравје.

Триесет и пет од заболените лица се со реинфекции. Во текот на месецот пријавено е едно починато лице. Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи, со најголем број на случаи пријавени во возрасната група над 60 години.

Во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, во текот на месец август се тестирани вкупно 512 материјали со зголемување на бројот на тестирани за 1,4 проценти во однос на минатиот месец. Од почетокот на пандемијата, заклучно со 31 август годинава, пријавени се вкупно 348.491 потврден случај на Ковид-19 и 9.942 смртни случаи. Бројот на аплицирани дози на Ковид-19 вакцина во текот на август останува непроменет во однос на претходниот месец.

The post Стевановиќ: Инфекцијата со Ковид-19 ќе ја има како што го има и сезонскиот грип appeared first on Република.

]]>

Нема простор за паника кога е во прашање Ковид-19, инфекцијата ќе биде присутна како што е присутен грипот, изјави директорката на Клиниката за инфективни болести, Милена Стевановиќ.
– Шестмина хоспитализирани пациенти имаме во моментов, примени изминатите денови, повозрасни, над 70 години, сите со сериозни коморбидитети и тешки болести, како малигност, срцева болест. Двајца од нив се во сериозно тешка состојба. Во тек на вчерашното дежурство, има десетина амбулантски прегледи на ковид позитивни, со лесна клиничка слика, за лекување во домашни услови. Повеќето пациенти се со лесна клиничка слика. Веројатно ќе се зголемува бројот, со оглед на тоа што луѓе се вратија од различни страни на светот. Епидемиолошки, тоа е многу логичен след, појасни таа.
Таа нагласи дека во секој случај, во болнички установи и аптеки, обавезно треба да се носат заштитни маски. Главно е, додаде, да се лимитира комуникацијата со болни и не е сменета препораката за заштита. Во текот на август, во Македонија се вкупно 112 случаи на Ковид-19, покажуваат податоците на Институтот за јавно здравје.
– Во однос на претходниот месец, јули, се регистрира зголемување на бројот на пријавени од Ковид-19 за 4,6 пати, a во однос на месец август 2022 година, се регистрира многукратно намалување на заболените. Од заболените во август 2023, најголем број на заболени се пријавени од Скопје, а највисока инциденца се регистрира во Кавадарци“, пишува во извештајот на Институтот за јавно здравје.
Триесет и пет од заболените лица се со реинфекции. Во текот на месецот пријавено е едно починато лице. Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи, со најголем број на случаи пријавени во возрасната група над 60 години. Во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, во текот на месец август се тестирани вкупно 512 материјали со зголемување на бројот на тестирани за 1,4 проценти во однос на минатиот месец. Од почетокот на пандемијата, заклучно со 31 август годинава, пријавени се вкупно 348.491 потврден случај на Ковид-19 и 9.942 смртни случаи. Бројот на аплицирани дози на Ковид-19 вакцина во текот на август останува непроменет во однос на претходниот месец.

The post Стевановиќ: Инфекцијата со Ковид-19 ќе ја има како што го има и сезонскиот грип appeared first on Република.

]]>
Стевановиќ: Болничарката од Инфективна од денеска го прима лекот против конго-кримска треска https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/stevanovik-bolnicharkata-od-infektivna-od-deneska-go-prima-lekot-protiv-kongo-krimska-treska/ Thu, 10 Aug 2023 12:41:55 +0000 https://republika.mk/?p=670810

Инфективната клиника го доби лекот рипавирин наменет за тешка форма на конго кримска хеморагична треска, а од утрово го прима заболената болничарка од истата клиника.

Директорката на клиниката, Милена Стевановиќ истакна дека случаите со болничарката и пациентката од Штип која почина од конго-кримска хеморагична треска се различни и дека лекот рипавирин немало да ја спаси.

Пациентката од Штип беше дијагностицирана и почината во неколку часа и не можела да биде спасена со лекот. Ниту една држава нема ваков тип на лек во залиха, освен колегите инфектолози и организациите кои работат во ендемски подрачја каде што има вакви вакви ендемски трески. Досега ние не сме имале пациент со конго-кримска треска. Болничкарката која е хоспитализирана е стабилна, влегува во фазата во која се очекува крварење. Денеска одлучивме дека треба да почне да го прима лекот кој стигна во нашата земја. Се држиме до искуството до оние кои имаат најмногу прегледано пациенти во светот и сметам дека сме на добар пат. Овој лек е еден сегмент од лекувањето. За жал, никаде не е изразено како процент колкав е процентот на преживување со давањето на овој лек. Целта е да се помине кризата во развојот на болеста, овој лек е антивирусен и целта е да с спречи размножувањето на вирусот и да се намали неговата моќ. Овој лек може да има несакани ефекти и затоа во нашето лекување се вклучени хематолог и трансфузиолог – рече Стевановиќ.

Сите медицински работници кои се под надзор поради контакт со болничарката од Инфективна, колегите епидемиолози континуирано ги следат до 14-от ден од надзорот.

48-годишната болничарка е хоспитализирана на Инфективна. Заразата ја доби од младата жена од Штипско која почина по убод од крлеж. Двата потврдени случаи на конго-кримска хеморагична треска ставија под надзор 39 лица.

The post Стевановиќ: Болничарката од Инфективна од денеска го прима лекот против конго-кримска треска appeared first on Република.

]]>

Инфективната клиника го доби лекот рипавирин наменет за тешка форма на конго кримска хеморагична треска, а од утрово го прима заболената болничарка од истата клиника. Директорката на клиниката, Милена Стевановиќ истакна дека случаите со болничарката и пациентката од Штип која почина од конго-кримска хеморагична треска се различни и дека лекот рипавирин немало да ја спаси.
Пациентката од Штип беше дијагностицирана и почината во неколку часа и не можела да биде спасена со лекот. Ниту една држава нема ваков тип на лек во залиха, освен колегите инфектолози и организациите кои работат во ендемски подрачја каде што има вакви вакви ендемски трески. Досега ние не сме имале пациент со конго-кримска треска. Болничкарката која е хоспитализирана е стабилна, влегува во фазата во која се очекува крварење. Денеска одлучивме дека треба да почне да го прима лекот кој стигна во нашата земја. Се држиме до искуството до оние кои имаат најмногу прегледано пациенти во светот и сметам дека сме на добар пат. Овој лек е еден сегмент од лекувањето. За жал, никаде не е изразено како процент колкав е процентот на преживување со давањето на овој лек. Целта е да се помине кризата во развојот на болеста, овој лек е антивирусен и целта е да с спречи размножувањето на вирусот и да се намали неговата моќ. Овој лек може да има несакани ефекти и затоа во нашето лекување се вклучени хематолог и трансфузиолог – рече Стевановиќ.
Сите медицински работници кои се под надзор поради контакт со болничарката од Инфективна, колегите епидемиолози континуирано ги следат до 14-от ден од надзорот. 48-годишната болничарка е хоспитализирана на Инфективна. Заразата ја доби од младата жена од Штипско која почина по убод од крлеж. Двата потврдени случаи на конго-кримска хеморагична треска ставија под надзор 39 лица.

The post Стевановиќ: Болничарката од Инфективна од денеска го прима лекот против конго-кримска треска appeared first on Република.

]]>
Koлку е опасен „кракен“: Вирус кој е лесно пренослив, но не предизвикува тешка клиничка слика https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/kolku-e-opasen-kraken-virus-koj-e-lesno-prenosliv-no-ne-predizvikuva-teshka-klinichka-slika/ Wed, 25 Jan 2023 07:24:44 +0000 https://republika.mk/?p=600674

Заштитата од новиот сој на Ковид-19, „кракен“, е идентична со претходните. Неопходен е сериозен пристап на граѓаните и придржување до дадените препораки. Тоа се носење маска во здравствени институции, во затворен простор како што е јавниот транспорт, како и избегнување на затворени простории преполни со луѓе, вели во изјава за МИА директорката на Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби, Милена Стевановиќ.

Во земјава е регистриран првиот случај на „кракен“ кај пациент од Гевгелија. Очекувањата се дека овој сој на вирусот ќе почне да осцилира и кај нас, како и во другите земји, но, како што нагласува Стевановиќ, нема место за паника.

-Таа не помогна ни во највисоките трендови на развој на пандемијата, па нема ни сега, вели Стевановиќ.

Додава дека станува збор за вирус кој е лесно пренослив, но дека не предизвикува тешка клиничка слика. Ризик да се развие потешка клиничка слика постои кај пациентите со тешки хронични болести.

-Од клиничките искуства во светот, засега не се остава впечаток дека предизвикува потешка клиничка слика или различни симптоми од досегашните. Ризикот за потешка клиничка слика сѐ уште го има приматот кај пациенти со тешки хронични болести, како и кај повозрасните лица. Секако, постои можност за копликација, посебно поради сезоната на грип, каде може да има и повеќе вирусни инфекции одеднаш, а во деференцијали дијагностички сѐ потешко се разликуваат, нагласува Стевановиќ.

Институтот за јавно здравје во неделата соопшти дека во земјава е регистриран првиот случај на „кракен“ кај пациент од Гевгелија, кој, како што вели Стевановиќ во изјава за МИА, не патувал надвор од државата и нема тешка клиничка слика. Третиран е амбулантски.

The post Koлку е опасен „кракен“: Вирус кој е лесно пренослив, но не предизвикува тешка клиничка слика appeared first on Република.

]]>

Заштитата од новиот сој на Ковид-19, „кракен“, е идентична со претходните. Неопходен е сериозен пристап на граѓаните и придржување до дадените препораки. Тоа се носење маска во здравствени институции, во затворен простор како што е јавниот транспорт, како и избегнување на затворени простории преполни со луѓе, вели во изјава за МИА директорката на Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби, Милена Стевановиќ. Во земјава е регистриран првиот случај на „кракен“ кај пациент од Гевгелија. Очекувањата се дека овој сој на вирусот ќе почне да осцилира и кај нас, како и во другите земји, но, како што нагласува Стевановиќ, нема место за паника.
-Таа не помогна ни во највисоките трендови на развој на пандемијата, па нема ни сега, вели Стевановиќ.
Додава дека станува збор за вирус кој е лесно пренослив, но дека не предизвикува тешка клиничка слика. Ризик да се развие потешка клиничка слика постои кај пациентите со тешки хронични болести.
-Од клиничките искуства во светот, засега не се остава впечаток дека предизвикува потешка клиничка слика или различни симптоми од досегашните. Ризикот за потешка клиничка слика сѐ уште го има приматот кај пациенти со тешки хронични болести, како и кај повозрасните лица. Секако, постои можност за копликација, посебно поради сезоната на грип, каде може да има и повеќе вирусни инфекции одеднаш, а во деференцијали дијагностички сѐ потешко се разликуваат, нагласува Стевановиќ.
Институтот за јавно здравје во неделата соопшти дека во земјава е регистриран првиот случај на „кракен“ кај пациент од Гевгелија, кој, како што вели Стевановиќ во изјава за МИА, не патувал надвор од државата и нема тешка клиничка слика. Третиран е амбулантски.

The post Koлку е опасен „кракен“: Вирус кој е лесно пренослив, но не предизвикува тешка клиничка слика appeared first on Република.

]]>
Стевановиќ: Следиме препораки и внимаваме на состојбата со мајмунските сипаници https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/stevanovikj-sledime-preporaki-i-vnimavame-na-sostojbata-so-majmunskite-sipanici/ Wed, 25 May 2022 19:59:25 +0000 https://republika.mk/?p=506939

Ги следиме препораките, внимаваме на состојбата, како во земјата, така и надвор. Апелираме до луѓето кои патуваат, да внимаваат, да се заштитат, да држат дистанца. Патувањето во ризичните подрачја не се препорачува и затоа треба да бидеме исклучително одговорни, апелира Милена Стевановиќ, директорка на Универзитетска Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во врска со мајмунските сипаници.

Во гостување на Сител Телевизја, во Тема на денот, Стевановиќ посочи дека не треба да се потценува нашиот здравствен систем и оти сите пациенти ќе бидат следени, евидентирани и третирани на Клиниката за инфективни болести.

– Немојте да ја намалувате вредноста на нашиот систем. Нашиот систем е далеку од идеален, но е подготвен и цврсто стоиме на нашите нозе и имаме капацитет да се справиме со заразна болест. Во моментот кога ќе излезат комерцијалните тестови за сипаниците, ќе ги имаме и ние – додаде таа.

Во однос на инкубацијата за мајмунските сипаници, Стевановиќ појасни дека таа трае 21 ден, што значи дека човек може да биде инфициран до 21 ден, а да нема никакви симптоми, како што се појава на висока температура, главоболка, отекување на лимфните жлезди.

Како и секоја друга вирусна инфекција, така и кај мајмунските сипаници, таа вели дека најпогодени би биле младите, повозрасните лица и лицата со хронични болести.

– Прекинатите ланци на вакцинација, ќе доведе до појава на сериозни вирусни болести. Мојот апел е вакцинацијата да не престане и да не се дозволи пропуштање на вакцинацијата кај децата. Тоа е причина зошто ни се јавуваат поранешните вирусни болести – вели Стевановиќ.

The post Стевановиќ: Следиме препораки и внимаваме на состојбата со мајмунските сипаници appeared first on Република.

]]>

Ги следиме препораките, внимаваме на состојбата, како во земјата, така и надвор. Апелираме до луѓето кои патуваат, да внимаваат, да се заштитат, да држат дистанца. Патувањето во ризичните подрачја не се препорачува и затоа треба да бидеме исклучително одговорни, апелира Милена Стевановиќ, директорка на Универзитетска Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во врска со мајмунските сипаници.
Во гостување на Сител Телевизја, во Тема на денот, Стевановиќ посочи дека не треба да се потценува нашиот здравствен систем и оти сите пациенти ќе бидат следени, евидентирани и третирани на Клиниката за инфективни болести.
– Немојте да ја намалувате вредноста на нашиот систем. Нашиот систем е далеку од идеален, но е подготвен и цврсто стоиме на нашите нозе и имаме капацитет да се справиме со заразна болест. Во моментот кога ќе излезат комерцијалните тестови за сипаниците, ќе ги имаме и ние – додаде таа.
Во однос на инкубацијата за мајмунските сипаници, Стевановиќ појасни дека таа трае 21 ден, што значи дека човек може да биде инфициран до 21 ден, а да нема никакви симптоми, како што се појава на висока температура, главоболка, отекување на лимфните жлезди. Како и секоја друга вирусна инфекција, така и кај мајмунските сипаници, таа вели дека најпогодени би биле младите, повозрасните лица и лицата со хронични болести.