миле талевски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mile-talevski/ За подобро да се разбереме Mon, 24 Apr 2023 11:07:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png миле талевски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mile-talevski/ 32 32 СДСМ смета дека Мицкоски води хајка против неизградените коридори https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sdsm-smeta-deka-mitskoski-vodi-hajka-protiv-neizgradenite-koridori/ Mon, 24 Apr 2023 11:07:12 +0000 https://republika.mk/?p=633530

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски под заложништво на проруската Левица водат хајка против стратешкиот проект за изградба на коридорите 8 и 10д и против реномирана американска компанија.Изградбата на коридорите 8 и 10Д е најголемиот инфраструктурен проект во нашата држава, вреден 1,3 милијарди евра.600 милиони евра од овие пари ќе завршат кај наши домашни компании набројува Mиле Талевски, пратеник на СДСМ.Гледаме дека со невистини и спинови Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ застанаа против реализација на овој проект важен за развојот на земјата.Мицкоски не знае што е ниту градежништво ниту градба, тој е последен претставник на Црвената буржоазија.Мицкоски кариерата ја започнал кај својот татко на факултет, каде бил асистент токму кај својот родител, а потоа таму бил и вработен.Ништо сам во животот нема направено. Една шајка во животот нема заковано, освен онаа лажната во рекламен спот во 2020 година кога и ги загуби изборите.Мицкоски е последен што може да зборува за проекти, за градење и градежништво.Видовме што се случува во Скопје и во општините кои ги води ВМРО-ДПМНЕ.Нема ниту еден проект од најавените од страна на Мицкоски.

Бидејќи почна да се промовира како шета по планини, Мицкоски може да биде аранжиран за планински туризам во Агенцијата за промоција на туризмот, но и за таму не го бива.Се што ќе фатат Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ е погрешно и осудено на неуспех.Тоа најдобро се гледа со автопатот Кичево – Охрид, синоним за криминал и корупција, за провизии од тендери на штета на државата и граѓаните.Зарем треба да дозволиме нови паушални, скандалозни постапки и процеси на градби кои траат 10 години?Секако не. Хајката на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ против овој проект е политички мотивирана, во заложништво на проруската Левица.

The post СДСМ смета дека Мицкоски води хајка против неизградените коридори appeared first on Република.

]]>

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски под заложништво на проруската Левица водат хајка против стратешкиот проект за изградба на коридорите 8 и 10д и против реномирана американска компанија.Изградбата на коридорите 8 и 10Д е најголемиот инфраструктурен проект во нашата држава, вреден 1,3 милијарди евра.600 милиони евра од овие пари ќе завршат кај наши домашни компании набројува Mиле Талевски, пратеник на СДСМ.Гледаме дека со невистини и спинови Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ застанаа против реализација на овој проект важен за развојот на земјата.Мицкоски не знае што е ниту градежништво ниту градба, тој е последен претставник на Црвената буржоазија.Мицкоски кариерата ја започнал кај својот татко на факултет, каде бил асистент токму кај својот родител, а потоа таму бил и вработен.Ништо сам во животот нема направено. Една шајка во животот нема заковано, освен онаа лажната во рекламен спот во 2020 година кога и ги загуби изборите.Мицкоски е последен што може да зборува за проекти, за градење и градежништво.Видовме што се случува во Скопје и во општините кои ги води ВМРО-ДПМНЕ.Нема ниту еден проект од најавените од страна на Мицкоски. Бидејќи почна да се промовира како шета по планини, Мицкоски може да биде аранжиран за планински туризам во Агенцијата за промоција на туризмот, но и за таму не го бива.Се што ќе фатат Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ е погрешно и осудено на неуспех.Тоа најдобро се гледа со автопатот Кичево – Охрид, синоним за криминал и корупција, за провизии од тендери на штета на државата и граѓаните.Зарем треба да дозволиме нови паушални, скандалозни постапки и процеси на градби кои траат 10 години?Секако не. Хајката на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ против овој проект е политички мотивирана, во заложништво на проруската Левица.

The post СДСМ смета дека Мицкоски води хајка против неизградените коридори appeared first on Република.

]]>
Да им веруваме на институциите, вели Талевски од СДСМ за вчерашните убиства сред Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/da-im-veruvame-na-institutsiite-veli-talevski-od-sdsm-za-vcherashnite-ubistva-sred-skopje/ Tue, 07 Mar 2023 13:36:49 +0000 https://republika.mk/?p=616930

Мојот апел е да им веруваме на институциите, на МВР и на Обвинителството, и да дозволиме да ја завршат сопствената работа. Сето она што се случува не треба да има каков било политички момент, порача на денешната прес-конференција пратеникот на СДСМ, Миле Талевски, одговорајќи на прашањето во врска со синоќешниот вооружен инцидент во близина на Старата скопска чаршија во Скопје.

Тој напомена оти очекува МВР во најбрз временски период да даде точна информација за се она што се случувало и дека во најбрз период ќе биде расчистен случајот.

Знаеме дека имаме првични соопштенија од страна на МВР дека се преземени сите оперативно технички активности и мерки кои се во нивната надлежност. Јас, како претседател на Комисијата за одбрана и безбедност, сум задоволен од работата на министерот Оливер Спасовски. Анализите покажуваат дека имаме подобрување на откривачката дејност во делот на криминалистичката полиција, односно во делот на криминалистичко откривање и докување на кривилните дела. Во споредба со претходната година, во јануари и февруари, во последниве два месеци имаме намалување на процентот на сторени кривични дела. Да им дадеме доверба на институциите да си ја завршат сопствената работа, со оглед на тоа дека она кое се случува не треба да има каков било политички момент, додаде Талевски.

The post Да им веруваме на институциите, вели Талевски од СДСМ за вчерашните убиства сред Скопје appeared first on Република.

]]>

Мојот апел е да им веруваме на институциите, на МВР и на Обвинителството, и да дозволиме да ја завршат сопствената работа. Сето она што се случува не треба да има каков било политички момент, порача на денешната прес-конференција пратеникот на СДСМ, Миле Талевски, одговорајќи на прашањето во врска со синоќешниот вооружен инцидент во близина на Старата скопска чаршија во Скопје. Тој напомена оти очекува МВР во најбрз временски период да даде точна информација за се она што се случувало и дека во најбрз период ќе биде расчистен случајот.
Знаеме дека имаме првични соопштенија од страна на МВР дека се преземени сите оперативно технички активности и мерки кои се во нивната надлежност. Јас, како претседател на Комисијата за одбрана и безбедност, сум задоволен од работата на министерот Оливер Спасовски. Анализите покажуваат дека имаме подобрување на откривачката дејност во делот на криминалистичката полиција, односно во делот на криминалистичко откривање и докување на кривилните дела. Во споредба со претходната година, во јануари и февруари, во последниве два месеци имаме намалување на процентот на сторени кривични дела. Да им дадеме доверба на институциите да си ја завршат сопствената работа, со оглед на тоа дека она кое се случува не треба да има каков било политички момент, додаде Талевски.

The post Да им веруваме на институциите, вели Талевски од СДСМ за вчерашните убиства сред Скопје appeared first on Република.

]]>
Заврши седницата на собраниската Комисија за одбрана и безбедност-кој ги постави одговор нема https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zavrshi-sednitsata-na-sobraniskata-komisija-za-odbrana-i-bezbednost-koj-gi-postavi-odgovor-nema/ Mon, 26 Dec 2022 14:44:37 +0000 https://republika.mk/?p=590194

Заврши седницата на собраниската Комисија за одбрана и безбедност на која министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски го презентираше Извештајот за мерките и активностите кои МВР ги презело во врска со лажните дојави за поставени експлозивни направи.

– На мое барање како претседател на Комисијата и на барање на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесовме до МВР да ни достави информација за сите мерки и активности кои МВР ги има преземено во делот на она што значи електронски напади во објектите на подрачјето на целата држава. Од страна на министерот за внатрешни работи во петокот ни беше доставена комплетната информација и јас веднаш свикав Комисија која денеска се одржа. Од страна на министерот беа детално презентирани сите мерки и активности што МВР ги има преземено во делот на откривање и спречување на сите овие напади, изјави претседателот на Комисијата Миле Талевски.

Тој вели дека информацијата што стигнала од страна на МВР била класифицирана како државна тајна.

– Жалам што пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ не учествуваше во работата на Комисијата за одбрана и безбедност со оглед на тоа дека и претходно јас како претседател на Комисијата имав координација со пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и го усогласивме и договоривме терминот за одржување на оваа Комисија, но од за мене неразбирливи причини ја напуштија работата на Комисијата и не учествуваа во целата дебата односно презентација на Извештајот од страна на министерот, рече Талевски.

The post Заврши седницата на собраниската Комисија за одбрана и безбедност-кој ги постави одговор нема appeared first on Република.

]]>

Заврши седницата на собраниската Комисија за одбрана и безбедност на која министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски го презентираше Извештајот за мерките и активностите кои МВР ги презело во врска со лажните дојави за поставени експлозивни направи.
– На мое барање како претседател на Комисијата и на барање на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесовме до МВР да ни достави информација за сите мерки и активности кои МВР ги има преземено во делот на она што значи електронски напади во објектите на подрачјето на целата држава. Од страна на министерот за внатрешни работи во петокот ни беше доставена комплетната информација и јас веднаш свикав Комисија која денеска се одржа. Од страна на министерот беа детално презентирани сите мерки и активности што МВР ги има преземено во делот на откривање и спречување на сите овие напади, изјави претседателот на Комисијата Миле Талевски.
Тој вели дека информацијата што стигнала од страна на МВР била класифицирана како државна тајна. – Жалам што пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ не учествуваше во работата на Комисијата за одбрана и безбедност со оглед на тоа дека и претходно јас како претседател на Комисијата имав координација со пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и го усогласивме и договоривме терминот за одржување на оваа Комисија, но од за мене неразбирливи причини ја напуштија работата на Комисијата и не учествуваа во целата дебата односно презентација на Извештајот од страна на министерот, рече Талевски.

The post Заврши седницата на собраниската Комисија за одбрана и безбедност-кој ги постави одговор нема appeared first on Република.

]]>