Миле Јанкиески Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mile-jankieski/ За подобро да се разбереме Tue, 14 Nov 2023 10:29:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Миле Јанкиески Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/mile-jankieski/ 32 32 Адвокатите денеска ќе соопштат што понатаму: Јанакиески незаконски бил држен во притвор, пресуди судот во Стразбур https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/advokatite-deneska-ke-soopshtat-shto-ponatamu-janakieski-nezakonski-bil-drzhen-vo-pritvor-presudi-sudot-vo-strazbur/ Tue, 14 Nov 2023 10:21:12 +0000 https://republika.mk/?p=701359

Европскиот суд за човекови права утврдил дека поранешниот министер за транспорт, Миле Јанакиески незаконски му бил продолжуван домашниот притвор.

„Судот смета дека постои повреда на правото на слбоода на Миле Јанакиески (член 5.3 од ЕКСП) поради непостоење на доволни причини за негово лишување од слобода“, стои во пресудата на ЕСЧП.

Јанакиески речиси пет години беше во домашен, па ефективен притвор кој го издржуваше во затворот „Скопје“ во Шутка. Сега, Европскиот суд носи заклучок дека има повреда на два членови кои се однесуваат на човековите права.

Неговите адвокати денеска ќе соопштат што понатаму по оваа пресуда. Јанакиески беше држен во притвор за случаите „27 април“ и „шпански скали“. „27 април“ е вратен на повторно судење а „шпански скали“ застаре.

The post Адвокатите денеска ќе соопштат што понатаму: Јанакиески незаконски бил држен во притвор, пресуди судот во Стразбур appeared first on Република.

]]>

Европскиот суд за човекови права утврдил дека поранешниот министер за транспорт, Миле Јанакиески незаконски му бил продолжуван домашниот притвор. „Судот смета дека постои повреда на правото на слбоода на Миле Јанакиески (член 5.3 од ЕКСП) поради непостоење на доволни причини за негово лишување од слобода“, стои во пресудата на ЕСЧП. Јанакиески речиси пет години беше во домашен, па ефективен притвор кој го издржуваше во затворот „Скопје“ во Шутка. Сега, Европскиот суд носи заклучок дека има повреда на два членови кои се однесуваат на човековите права. Неговите адвокати денеска ќе соопштат што понатаму по оваа пресуда. Јанакиески беше држен во притвор за случаите „27 април“ и „шпански скали“. „27 април“ е вратен на повторно судење а „шпански скали“ застаре.

The post Адвокатите денеска ќе соопштат што понатаму: Јанакиески незаконски бил држен во притвор, пресуди судот во Стразбур appeared first on Република.

]]>
Застаре и случајот „Траекторија“ за кинеските автопати https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zastare-i-sluchajot-traektorija-za-kineskite-avtopati/ Fri, 03 Nov 2023 11:12:56 +0000 https://republika.mk/?p=697750

Обвинителката Лиле Стефанова го повлече обвинението за случајот со кодно име „Траекторија“ кое се однесува на изградбата на кинеските автопати.

Во случајот, за злоупотреба на службената положба обвинети беа поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот вицепремиер за економски прашања, Владимир Пешевски, поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиевски и тогашниот директор на Улици и Патишта, Љупчо Ѓоргиевски.

Стефанова рече дека тоа го прави заради донесените измени во Кривичниот законик со кои се намалија казните па застареле и ќривичните дела кои им се ставаа на товар на обвинетите.

Судењето за овој предмет почна во 2018. година и никогаш не доби првостепена пресуда.

The post Застаре и случајот „Траекторија“ за кинеските автопати appeared first on Република.

]]>

Обвинителката Лиле Стефанова го повлече обвинението за случајот со кодно име „Траекторија“ кое се однесува на изградбата на кинеските автопати. Во случајот, за злоупотреба на службената положба обвинети беа поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот вицепремиер за економски прашања, Владимир Пешевски, поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиевски и тогашниот директор на Улици и Патишта, Љупчо Ѓоргиевски. Стефанова рече дека тоа го прави заради донесените измени во Кривичниот законик со кои се намалија казните па застареле и ќривичните дела кои им се ставаа на товар на обвинетите. Судењето за овој предмет почна во 2018. година и никогаш не доби првостепена пресуда.

The post Застаре и случајот „Траекторија“ за кинеските автопати appeared first on Република.

]]>
Миле Јанакиески однесен во „Идризово“: Не се чувствувам безбедно, но ќе се издржи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mile-janakieski-odnesen-vo-idrizovo-ne-se-chuvstvuvam-bezbedno-no-ke-se-izdrzhi/ Thu, 06 Jul 2023 14:08:06 +0000 https://republika.mk/?p=658703

Ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, правосилно осуден за „Титаник“, е однесен во затворот „Идризово“. Тој за „Макфакс“ посочи дека не се чувствува безбедно, а имајќи предвид што се случувало претходно. Јанакиески со торби влезе во полициското возило, кое дојде да го спроведе.

„Земајќи предвид што ми се случи претходно – не, но сè ќе се издржи. Важно е фамилијата да биде здрава и жива“, рече Јанакиески за „Макфакс“.

Целиот текст и видеото можете да ги погледнете тука.

 

The post Миле Јанакиески однесен во „Идризово“: Не се чувствувам безбедно, но ќе се издржи appeared first on Република.

]]>

Ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, правосилно осуден за „Титаник“, е однесен во затворот „Идризово“. Тој за „Макфакс“ посочи дека не се чувствува безбедно, а имајќи предвид што се случувало претходно. Јанакиески со торби влезе во полициското возило, кое дојде да го спроведе. „Земајќи предвид што ми се случи претходно – не, но сè ќе се издржи. Важно е фамилијата да биде здрава и жива“, рече Јанакиески за „Макфакс“. Целиот текст и видеото можете да ги погледнете тука.  

The post Миле Јанакиески однесен во „Идризово“: Не се чувствувам безбедно, но ќе се издржи appeared first on Република.

]]>
Случајот вратен на повторно судење: Aпелација ја укина пресудата за т.н. „Организатори на 27 април“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sluchajot-vraten-na-povtorno-sudene-apelatsija-gi-ukina-presuditite-za-t-n-organizatori-na-27-april/ Mon, 03 Apr 2023 13:39:49 +0000 https://republika.mk/?p=626765

Апелациониот суд Скопје денеска ги уважи жалбите на обвинетите Трајко Вељаноски, Спиро Ристовски, Миле Јанакиески и Владимир Атанасовски, ја укина првостепената пресуда и предметот „Организатори на 27 април“ го врати на повторно судење пред Основниот кривичен суд Скопје, соопштија од судот. Од Скопска апелација велат дека Основниот кривичен суд требало во поголема мера да го разгледа прашањето за одредбите кои се однесуваат за амнестија на кривичното гонење.

На 26 јули 2021 година, Основниот кривичен суд го осуди поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски денеска во Основниот кривичен суд на 6 години и 6 месеци затвор, ексминистрите Миле Јанакиески и Спире Ристовски на 6 години и три месеци затвор, а поранешниот директор на УБК Владимир Атанасовски на 6 години затвор за Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, околу организација на нападот на Собранието на 27 април 2017 година.

За избеганите Никола Груевски во Унгарија и Никола Бошкоски – Боксер од УБК, кој е побегнат во Солун, постапката е запрена до нивно наоѓање, односно апсење.

„Првостепениот суд сторил и суштествена повреда на одредбите на кривичната постапка од член 415 став 3 од Законот за кривична постапка, односно го повредил правото на одбрана на обвинетите која влијаела врз законитото и правилното донесување на пресудата и врз правото на обвинетите на правично судење, бидејќи не го расправил во доволна мера прашањето за одредбите кои се однесуваат за амнестија на кривичното гонење. Првостепниот суд не ги утврдил правилно и со сигурност сите решителни факти по однос на преземените процесни дејствија кои го исклучуваат кривичното гонење во смисла на член 416 став 1 точка 3 в.в со член 113 од Кривичниот законик. Ова, од причини што при постапувањето и одлучувањето во предметот, првостепениот суд ги занемарил истакнатите приговори, како во формална, така и во материјална смисла по однос на примената на Законот за амнестија (Сл.весник на РМ бр.233/2018) кој во член 1 став 1 и 2 ги пропишува условите кои се однесуваат на лицата поврзани со настаните од 27 април 2017 година, за ослободување од кривично гонење, за запирање на поведените постапки и ослободување од издржување на казната затвор“, се вели во соопштението на Апелациониот суд Скопје.

Понатаму, од Апелациониот суд Скопје велат дека при постапување со предметот, Основниот кривичен суд Скопје сторил суштествени повреди на одредбите на кривичната постапка, кои придонеле првостепениот суд да не биде во можност правилно да го примени материјалното право – Кривичниот законик.P

The post Случајот вратен на повторно судење: Aпелација ја укина пресудата за т.н. „Организатори на 27 април“ appeared first on Република.

]]>

Апелациониот суд Скопје денеска ги уважи жалбите на обвинетите Трајко Вељаноски, Спиро Ристовски, Миле Јанакиески и Владимир Атанасовски, ја укина првостепената пресуда и предметот „Организатори на 27 април“ го врати на повторно судење пред Основниот кривичен суд Скопје, соопштија од судот. Од Скопска апелација велат дека Основниот кривичен суд требало во поголема мера да го разгледа прашањето за одредбите кои се однесуваат за амнестија на кривичното гонење. На 26 јули 2021 година, Основниот кривичен суд го осуди поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски денеска во Основниот кривичен суд на 6 години и 6 месеци затвор, ексминистрите Миле Јанакиески и Спире Ристовски на 6 години и три месеци затвор, а поранешниот директор на УБК Владимир Атанасовски на 6 години затвор за Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, околу организација на нападот на Собранието на 27 април 2017 година. За избеганите Никола Груевски во Унгарија и Никола Бошкоски – Боксер од УБК, кој е побегнат во Солун, постапката е запрена до нивно наоѓање, односно апсење.
„Првостепениот суд сторил и суштествена повреда на одредбите на кривичната постапка од член 415 став 3 од Законот за кривична постапка, односно го повредил правото на одбрана на обвинетите која влијаела врз законитото и правилното донесување на пресудата и врз правото на обвинетите на правично судење, бидејќи не го расправил во доволна мера прашањето за одредбите кои се однесуваат за амнестија на кривичното гонење. Првостепниот суд не ги утврдил правилно и со сигурност сите решителни факти по однос на преземените процесни дејствија кои го исклучуваат кривичното гонење во смисла на член 416 став 1 точка 3 в.в со член 113 од Кривичниот законик. Ова, од причини што при постапувањето и одлучувањето во предметот, првостепениот суд ги занемарил истакнатите приговори, како во формална, така и во материјална смисла по однос на примената на Законот за амнестија (Сл.весник на РМ бр.233/2018) кој во член 1 став 1 и 2 ги пропишува условите кои се однесуваат на лицата поврзани со настаните од 27 април 2017 година, за ослободување од кривично гонење, за запирање на поведените постапки и ослободување од издржување на казната затвор“, се вели во соопштението на Апелациониот суд Скопје.
Понатаму, од Апелациониот суд Скопје велат дека при постапување со предметот, Основниот кривичен суд Скопје сторил суштествени повреди на одредбите на кривичната постапка, кои придонеле првостепениот суд да не биде во можност правилно да го примени материјалното право – Кривичниот законик.P

The post Случајот вратен на повторно судење: Aпелација ја укина пресудата за т.н. „Организатори на 27 април“ appeared first on Република.

]]>
Рустеми нема да го гони Јанакиески дека нарaчал динамит за рушење на „Космос“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/rustemi-nema-da-go-goni-janakieski-deka-narachal-dinamit-za-rushenje-na-kosmos/ Wed, 27 Apr 2022 11:11:45 +0000 https://republika.mk/?p=494249

Во текот на постапката со сигурност се докажа дека обвинетите ги сториле делата што им се ставаат на товар. Обвинетиот Никола Груевски ја злоупотребил својата позиција и влијание како премиер да ја оствари својата желба да му го урне комплексот Космос на својот политички противник Фијат Цановски и да му нанесе финансиска штета, изјави денеска во завршен збор за случајот „ТНТ“, јавниот обвинител Бурим Рустеми.

Во координација со останатите обвинети Миле Јанакиевски и Тони Трајковски, Рустеми рече, дека Груевски успеал во својата намера.

– Обвинетиот Тони Трајковски се согласил и го прифатил планот за одмазда. Од изнесените докази во постапката јасно се покажа дека одлуката за уривање на објектот ја донел Никола Груевски, изјави Рустеми.

Според него, значајно е што Миле Јанакиевски во својот завршен збор ја потврдил автентичноста на телефонските разговори и комуникација, што пак претставува олеснителна околност за него во случајот.

Јавниот обвинител Рустеми на судот му предложи обвинетите да ги прогласи за виновни и да ги казни согласно закон.

– Во однос на обвинетиот Миле Јанакиевски, кој на некој начин се извини сметам дека судот треба да ја цени оваа олеснителна околност. Како отежнителни околности, судот да го цени тоа што обвинетите делото го сториле од политички побуди и тоа што не изразија каење за делото. Сметам дека судот треба да изрече ефективна казна затвор за обвинетите, изјави Рустеми.

На почетокот, обвинителот Рустеми, во завршен збор изврши прецизирање на обвинението и се откажа од еден став од обвинението за „злоупотреба на службена должност” против обвинетиот Миле Јанакиевски, како и на висината на штетата од уривањето на комплексот, што според вештачењата се проценува на 654 милиони денари.

Законот за кривична постапка, според адвокатот Дончо Наков не предвидува прецизирање на обвинителен акт.

– Според одбраната се работи за целосна измена на обвинителен акт и барам да ми се достави копија од записник бидејќи постои според мене измена и за да можам да го дадам својот завршен збор, изјави Наков.

Бранителот по службена должност на обвинетиот Никола Груевски, во завршен збор, рече дека Груевски ниту потпишал, ниту пак можел да потпише некаква одлука во Општина Гази Баба, истовремено оспорувајќи ја автентичноста на снимените аудио разговори кои биле изнесени во случајот.

– Обвинетиот ниту има вина, ниту има доказ дека нешто потпишал, а единствен доказ против него се аудио снимки чија автентичност не може да се потврди. Ценам дека овој суд нема ниту една законска причина да го прогласи за виновен и дека треба да биде ослободен од обвинение, изјави бранителот по службена должност на Груевски.

Случајот го води судијата Огнен Ставрев.

За делото обвинети се повеќе лица меѓу кои екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и тогашниот градоначалник на Општина Гази Баба Тони Трајковски, поранешниот премиер Никола Груевски, на кого му се суди во отсуство, како и еден градежен инспектор и тројца вработени во општина Гази Баба

The post Рустеми нема да го гони Јанакиески дека нарaчал динамит за рушење на „Космос“ appeared first on Република.

]]>

Во текот на постапката со сигурност се докажа дека обвинетите ги сториле делата што им се ставаат на товар. Обвинетиот Никола Груевски ја злоупотребил својата позиција и влијание како премиер да ја оствари својата желба да му го урне комплексот Космос на својот политички противник Фијат Цановски и да му нанесе финансиска штета, изјави денеска во завршен збор за случајот „ТНТ“, јавниот обвинител Бурим Рустеми. Во координација со останатите обвинети Миле Јанакиевски и Тони Трајковски, Рустеми рече, дека Груевски успеал во својата намера.
– Обвинетиот Тони Трајковски се согласил и го прифатил планот за одмазда. Од изнесените докази во постапката јасно се покажа дека одлуката за уривање на објектот ја донел Никола Груевски, изјави Рустеми.
Според него, значајно е што Миле Јанакиевски во својот завршен збор ја потврдил автентичноста на телефонските разговори и комуникација, што пак претставува олеснителна околност за него во случајот. Јавниот обвинител Рустеми на судот му предложи обвинетите да ги прогласи за виновни и да ги казни согласно закон.
– Во однос на обвинетиот Миле Јанакиевски, кој на некој начин се извини сметам дека судот треба да ја цени оваа олеснителна околност. Како отежнителни околности, судот да го цени тоа што обвинетите делото го сториле од политички побуди и тоа што не изразија каење за делото. Сметам дека судот треба да изрече ефективна казна затвор за обвинетите, изјави Рустеми.
На почетокот, обвинителот Рустеми, во завршен збор изврши прецизирање на обвинението и се откажа од еден став од обвинението за „злоупотреба на службена должност” против обвинетиот Миле Јанакиевски, како и на висината на штетата од уривањето на комплексот, што според вештачењата се проценува на 654 милиони денари. Законот за кривична постапка, според адвокатот Дончо Наков не предвидува прецизирање на обвинителен акт.
– Според одбраната се работи за целосна измена на обвинителен акт и барам да ми се достави копија од записник бидејќи постои според мене измена и за да можам да го дадам својот завршен збор, изјави Наков.
Бранителот по службена должност на обвинетиот Никола Груевски, во завршен збор, рече дека Груевски ниту потпишал, ниту пак можел да потпише некаква одлука во Општина Гази Баба, истовремено оспорувајќи ја автентичноста на снимените аудио разговори кои биле изнесени во случајот.
– Обвинетиот ниту има вина, ниту има доказ дека нешто потпишал, а единствен доказ против него се аудио снимки чија автентичност не може да се потврди. Ценам дека овој суд нема ниту една законска причина да го прогласи за виновен и дека треба да биде ослободен од обвинение, изјави бранителот по службена должност на Груевски.
Случајот го води судијата Огнен Ставрев. За делото обвинети се повеќе лица меѓу кои екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и тогашниот градоначалник на Општина Гази Баба Тони Трајковски, поранешниот премиер Никола Груевски, на кого му се суди во отсуство, како и еден градежен инспектор и тројца вработени во општина Гази Баба

The post Рустеми нема да го гони Јанакиески дека нарaчал динамит за рушење на „Космос“ appeared first on Република.

]]>
Лиле Стефанова побара условни казни за Јанкуловска и Протоѓер, ублажена казна за Јанакиески https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/lile-stefanova-pobara-uslovni-kazni-za-jankulovska-i-protogjer-ublazena-kazna-za-janakieski/ Fri, 11 Feb 2022 15:16:37 +0000 https://republika.mk/?p=457273

Откако денеска признаа вина осуммина обвинети во предметот „Титаник“ на згаснатото СЈО, обвинителката Лиле Стефанова во судот рече дека како олеснителна околност треба да се цени признанието на вина и се заложи за намалени казни или за условни казни. Стефанова побара условни казни за Гордана Јанкуловска, Мартин Протоѓер и Билјана Бришковска-Бошковски, а според законските одредби ублажување на казните за Миле Јанакиески и Коста Митровски. Пресудата ќе биде на следното рочиште, а процесот по трет пат продолжува за тие што рекоа дека не се виновни.

Стефанова додаде дека смета оти судот ќе ја цени нивната одлука да признаат вина иако, рече, имаат отежителни околности.

Обвинителката побара и за обвинетата Билјана Бришковска-Бошкоски ублажување на казната и нејзино условување, истакнувајќи дека таа пред судот дала впечатлива изјава и дека има и други семејни и здравствени околности.

Вина денеска признаа уште четворица обвинети. Примена на законските одредби за ублажување и условување на казната обвинителката побара и за Катерина Беловска, Киро Тодоровски, Мунир Пепиќ и Коста Митровски.

Таа наведе дека обвинетиот Мартин Протоѓер е невработен татко на три деца кој има и здравствени проблеми, но кој беше присутен на рочиштата. Стефанова побара судот да изрече казна според законот, но и да ги искористи одредбите според кои казната може и да се намали и услови. Таа забележа дека за него не се води друга судска постапка и дека нема сторено друго кривично дело.

Обвинителката побара и за Миле Јанакиески да ги цени олеснителните околности и да изрече ублажена казна.

За Гордана Јанкулоска Стефанова оцени дека отежнителна околност е што била министерка за внатрешни работи, но дека сепак во функција на ублажување и условување на казната треба да се имаат предвид здравствената состојба и семејниот статус како мајка.

За останатите кои не признаа вина судскиот процес процес ќе почне по третпат одново поради смена на поротник, меѓу кои се обвинетите поранешниот пратеник Илија Димовски и екс функционерот Кирил Божиновски.

 

The post Лиле Стефанова побара условни казни за Јанкуловска и Протоѓер, ублажена казна за Јанакиески appeared first on Република.

]]>

Откако денеска признаа вина осуммина обвинети во предметот „Титаник“ на згаснатото СЈО, обвинителката Лиле Стефанова во судот рече дека како олеснителна околност треба да се цени признанието на вина и се заложи за намалени казни или за условни казни. Стефанова побара условни казни за Гордана Јанкуловска, Мартин Протоѓер и Билјана Бришковска-Бошковски, а според законските одредби ублажување на казните за Миле Јанакиески и Коста Митровски. Пресудата ќе биде на следното рочиште, а процесот по трет пат продолжува за тие што рекоа дека не се виновни. Стефанова додаде дека смета оти судот ќе ја цени нивната одлука да признаат вина иако, рече, имаат отежителни околности. Обвинителката побара и за обвинетата Билјана Бришковска-Бошкоски ублажување на казната и нејзино условување, истакнувајќи дека таа пред судот дала впечатлива изјава и дека има и други семејни и здравствени околности. Вина денеска признаа уште четворица обвинети. Примена на законските одредби за ублажување и условување на казната обвинителката побара и за Катерина Беловска, Киро Тодоровски, Мунир Пепиќ и Коста Митровски. Таа наведе дека обвинетиот Мартин Протоѓер е невработен татко на три деца кој има и здравствени проблеми, но кој беше присутен на рочиштата. Стефанова побара судот да изрече казна според законот, но и да ги искористи одредбите според кои казната може и да се намали и услови. Таа забележа дека за него не се води друга судска постапка и дека нема сторено друго кривично дело. Обвинителката побара и за Миле Јанакиески да ги цени олеснителните околности и да изрече ублажена казна. За Гордана Јанкулоска Стефанова оцени дека отежнителна околност е што била министерка за внатрешни работи, но дека сепак во функција на ублажување и условување на казната треба да се имаат предвид здравствената состојба и семејниот статус како мајка. За останатите кои не признаа вина судскиот процес процес ќе почне по третпат одново поради смена на поротник, меѓу кои се обвинетите поранешниот пратеник Илија Димовски и екс функционерот Кирил Божиновски.  

The post Лиле Стефанова побара условни казни за Јанкуловска и Протоѓер, ублажена казна за Јанакиески appeared first on Република.

]]>
Одложено судењето за „Шпански скали“, Јанакиески во самоизолација https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/odlozeno-sudenjeto-za-shpanski-skali-janakieski-vo-samoizolacija/ Mon, 07 Feb 2022 09:59:16 +0000 https://republika.mk/?p=455033

Судењето за случајот „Шпански скали” се одложува за 18 февруари поради отсуство на првобвинетиот, поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, кој е позитивен на КОВИД-19.

Судијката Фанка Јанчулева Михаиловска на почетокот на денешното рочиште, информираше дека одбраната на Јанакиевски, на 7 февруари бранителот на Јанакиевски поднел барање за одлагање на закажаното рочиште бидејќо тој е позитивен на КОВИД-19 и приложил решение за самоизолација од 3 февруари.

Во случајот „Шпански скали“, покрај ексминистерот Јанакиески, обвинети се Димитар Димовски, Билјана Дејановска-Димитровска, Виолета Самарџиска, Анета Јорданова, Дејан Митевски, Емилија Радојкова, Снежана Крстевска, Ристо Папазов, Лидија Смиљановска и Марјан Јованов.

Тие се товарат дека со незаконската продажба на парцелите пред зградата на ЕВН на плоштадот во Скопје ја оштетиле државата за 2,6 милиони евра.

The post Одложено судењето за „Шпански скали“, Јанакиески во самоизолација appeared first on Република.

]]>

Судењето за случајот „Шпански скали” се одложува за 18 февруари поради отсуство на првобвинетиот, поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, кој е позитивен на КОВИД-19. Судијката Фанка Јанчулева Михаиловска на почетокот на денешното рочиште, информираше дека одбраната на Јанакиевски, на 7 февруари бранителот на Јанакиевски поднел барање за одлагање на закажаното рочиште бидејќо тој е позитивен на КОВИД-19 и приложил решение за самоизолација од 3 февруари. Во случајот „Шпански скали“, покрај ексминистерот Јанакиески, обвинети се Димитар Димовски, Билјана Дејановска-Димитровска, Виолета Самарџиска, Анета Јорданова, Дејан Митевски, Емилија Радојкова, Снежана Крстевска, Ристо Папазов, Лидија Смиљановска и Марјан Јованов. Тие се товарат дека со незаконската продажба на парцелите пред зградата на ЕВН на плоштадот во Скопје ја оштетиле државата за 2,6 милиони евра.

The post Одложено судењето за „Шпански скали“, Јанакиески во самоизолација appeared first on Република.

]]>