Милчо Манчевски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/milcho-manchevski/ За подобро да се разбереме Tue, 08 Oct 2024 08:19:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Милчо Манчевски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/milcho-manchevski/ 32 32 Кина ќе го прикажува целото филмско творештво на Милчо Манчевски https://arhiva3.republika.mk/scena/film/kina-ke-go-prikazhuva-tseloto-filmsko-tvoreshtvo-na-milcho-manchevski/ Tue, 08 Oct 2024 08:19:36 +0000 https://republika.mk/?p=824045

Државниот филмски архив на Кина обезбеди прикажување на сите филмови на најтрофејниот македонски режисер Милчо Манчевски. Филмскиот архив, кој е и единствениот дистрибутер на странски авторски филмови во Кина, низ земјата ќе ги прикажува „Пред дождот“, „Прашина“, „Сенки“, „Мајки“, „Бикини Мун“, „Врба“, „Кајмак“ и краткометражните „Четврток“ и „Крајот на времето“.

Како што информира продуцентската куќа „Банана филм“, во 2017 година Манчевски беше првиот македонски уметник со сеопфатно претставување во Азија воопшто. Три големи институции во Шангај одвоено го поканија да гостува пред кинеската публика. На јубилејното 20. издание на фестивалот во Шангај во 2017 година имаше ретроспектива на филмовите на Манчевски, а тој беше и во жирито за главната награда на фестивалот. Потоа одржа и мастерклас при Универзитетот во Шангај, а имаше изложба фотографии и се промовираше негова книга со фотографии и есеи што е издадена во Кина. Беше поканет и да предава на државната филмска академија во Пекинг.

Филмовите на Манчевски, како што се наведува, се многу популарни во Кина и се предаваат на универзитетите во Пекинг, Шангај и Чонкинг, а со „Пред дождот“ студентите учат за филмска структура.

„Пред дождот“ беше прв македонски филм прикажан во Кина, наиде на голем успех и има култен статус. Неколку кинески режисери – како Лу Је и Шу Хаолун – го цитираат како еден од клучните филмови во нивниот развој. Менаџерот на Шангајскиот фестивал Мао Лијун вели дека филмската академија го предава „Пред дождот“ „како библија во филмската нарација во три чина“, се вели во соопштението.

- Една вечер ме однесоа низ сокачиња преполни со луѓе, по скали, па во еден стан, низ една соба, па во собата назад, каде што имаше еден огромен постер на стар француски филм, цела библиотека книги и врамени слики на ѕидот: Бергман, Орсон Велс, Тарковски, Жан-Лик Годар, Трифо… Се вика Кафе-кино „Шаброл“, во стан, каде собира само 15 луѓе. Секоја вечер си пуштаат филмови и ги дискутираат. И една од врамените слики на ѕидот, среде Шангај, до Трифо, Вуди Ален и Кишловски, беше турскиот постер на „Пред дождот“, рече Манчевски по ретроспективата во Шангај во 2017 година.

Во 2019 Манчевски беше и во жирито на Интернационалниот филмски фестивал во Хаинан, заедно со француската филмска ѕвезда Изабел Ипер и со американски режисер Абел Ферара.

The post Кина ќе го прикажува целото филмско творештво на Милчо Манчевски appeared first on Република.

]]>

Државниот филмски архив на Кина обезбеди прикажување на сите филмови на најтрофејниот македонски режисер Милчо Манчевски. Филмскиот архив, кој е и единствениот дистрибутер на странски авторски филмови во Кина, низ земјата ќе ги прикажува „Пред дождот“, „Прашина“, „Сенки“, „Мајки“, „Бикини Мун“, „Врба“, „Кајмак“ и краткометражните „Четврток“ и „Крајот на времето“. Како што информира продуцентската куќа „Банана филм“, во 2017 година Манчевски беше првиот македонски уметник со сеопфатно претставување во Азија воопшто. Три големи институции во Шангај одвоено го поканија да гостува пред кинеската публика. На јубилејното 20. издание на фестивалот во Шангај во 2017 година имаше ретроспектива на филмовите на Манчевски, а тој беше и во жирито за главната награда на фестивалот. Потоа одржа и мастерклас при Универзитетот во Шангај, а имаше изложба фотографии и се промовираше негова книга со фотографии и есеи што е издадена во Кина. Беше поканет и да предава на државната филмска академија во Пекинг. Филмовите на Манчевски, како што се наведува, се многу популарни во Кина и се предаваат на универзитетите во Пекинг, Шангај и Чонкинг, а со „Пред дождот“ студентите учат за филмска структура.
„Пред дождот“ беше прв македонски филм прикажан во Кина, наиде на голем успех и има култен статус. Неколку кинески режисери – како Лу Је и Шу Хаолун – го цитираат како еден од клучните филмови во нивниот развој. Менаџерот на Шангајскиот фестивал Мао Лијун вели дека филмската академија го предава „Пред дождот“ „како библија во филмската нарација во три чина“, се вели во соопштението.
- Една вечер ме однесоа низ сокачиња преполни со луѓе, по скали, па во еден стан, низ една соба, па во собата назад, каде што имаше еден огромен постер на стар француски филм, цела библиотека книги и врамени слики на ѕидот: Бергман, Орсон Велс, Тарковски, Жан-Лик Годар, Трифо… Се вика Кафе-кино „Шаброл“, во стан, каде собира само 15 луѓе. Секоја вечер си пуштаат филмови и ги дискутираат. И една од врамените слики на ѕидот, среде Шангај, до Трифо, Вуди Ален и Кишловски, беше турскиот постер на „Пред дождот“, рече Манчевски по ретроспективата во Шангај во 2017 година. Во 2019 Манчевски беше и во жирито на Интернационалниот филмски фестивал во Хаинан, заедно со француската филмска ѕвезда Изабел Ипер и со американски режисер Абел Ферара.

The post Кина ќе го прикажува целото филмско творештво на Милчо Манчевски appeared first on Република.

]]>
Божем „политички прогонетиот“ Манчевски самиот прогонува македонски филмаџии?! Главната улога во филмот „Држете го крадецот“ ја игра Бисера Костадиновска Стојчевска https://arhiva3.republika.mk/scena/film/bozhem-politichki-progonetiot-manchevski-samiot-progonuva-makedonski-filmadhii-glavnata-uloga-vo-filmot-drzhete-go-kradetsot-ja-igra-bisera-kostadinovska-stojchevska/ Tue, 13 Aug 2024 09:42:07 +0000 https://republika.mk/?p=806061

Режисерот Милчо Манчевски повторно обвинува луѓе од Агенцијата за филм и од Друштвото за филмски работници на Македонија дека врз него вршат политички прогон. Тој ги нарекува кланови и мафијаши. Но, овој пат филмаџиите се решени да не му премолчат. Тие се убедени дека тој, Манчевски, потпомогнат од поранешната министерка за култура, пак се обидува да креира лажна слика во јавноста и да го одвратат вниманието од истрагата на институциите, кое треба да ги истражат матните зделки на неговата филмска продукција, пишува Плусинфо.

Македонскиот режисер Милчо Манчевски ја извести јавноста дека Меѓународната организација Филм индастри воч (Film Industry Watch) објавила текст во кој го опишува случајот на режисерот и „повикува да запре политичкиот прогон против него“.  Манчевски информира дека во текстот се говори за неговите проблеми кои почнале кога тој ги пријавил Агенцијата за филм на Република Македонија (АФРСМ) и Друштвото на филмски работници на Македонија (ДФРМ) за корупција, а Државниот завод за ревизија, Антикорупциската комисија и Транспаренси Интернешнл го потврдиле она што го кажал. Како одмазда, вели тој, политичкиот систем ги блокирал неговите проекти, веќе завршениот „Кајмак“ и новиот филм „Збогум, Копакабано“.

Ова е студија на случај за политички прогон на истакнат свиркач (укажувач) кој пријавил корупција на највисоките нивоа на власта, се вели во објавата на Манчевски на Фејсбук.

Манчевски потсетува дека реномираниот Филмски фестивал во Венеција, здруженијата на филмски работници на Италија, како и Меѓународната федерација на филмски критичари – ФИПРЕСЦИ и Македонската секција на ФИПРЕСЦИ му изразиле поддршка, „повикувајќи да запре политичката репресија против него која е предизвикана од фактот дека тој пријавил корупција во Агенцијата за филм и во Друштвото на филмски работници на Македонија“.

И во кусо интервју за МИА, Милчо Манчевски пред некој ден ги обнови своите обвинувања за „моќни поединци“ од Агенцијата за филм и од ДФРМ, кои наводно тргуваат со моќ и распределуваат пари за филмската дејност. Манчевски ги нарекува „кланови“ кои „имаат заземено позиции и мафијашки владеат со државни институции“.

Од редакцијата велат дека во неколку наврати досега ги пренесувале ставовите на Манчевски и на институции и поединци коишто го поддржуваат како како жртва на политички прогон и како автор кому Агенцијата за филм и Друштвото за филмски работници му ги банира проектите. Почитувајќи ја етичката обврска да се слушне другата страна, по најновото актуелизирање на јавната полемика од негова страна, побарале став од луѓето што тој ги обвинува, нарекувајќи ги клановска и мафијашка структура. Во оваа и во неколку други реакции кои ќе уследат, засегнатите први луѓе на ДФРМ говорат за „случајот Манчевски“.

Прво да се расчисти како „Банана филм“ успеа да „стопи“ 1 милион евра!

Манчевски е под истрага за финансиски злоупотреби на буџетски пари, потсетуваат од Друштвото на филмски работници на Македонија. Станува збор за пари на државната Агенција за филм. Прецизно, непокриени или неотчитани 950.000 евра. И покрај фактот што бил должен да поднесе извештај со материјални докази за тоа каде се потрошени речиси 1 милон евра, Манчевски тоа го нема сторено до ден денешен. Истражните дејствија за финансиското работење на продукцијата „Банана филм“, во сопственост на Милчо Манчевски, за овие пари, се во тек.

И покрај јавните и институционални прозивки, Милчо Манчевски се уште нема одговорено и за други сомнителни парични трансакции, како на пример за префрлување на строго наменети државни пари во негови лични фирми регистрирани во други држави, велат од ДФРМ.

Освен тоа, и покрај забраната, Агенцијата за филм под раководство на доскорешниот директор Владимир Ангелов, со негов потпис, а секако бесправно, самоволно донесува решение со кое ја симнува забраната за „Банана филм“ и овозможува Милчо Манчевски и понатаму да троши државни пари – спротивно на одредбите од Законот за филмска дејност, спротивно на одлуката на Управниот одбор на Агенцијата за филм (АФРСМ) и спротивно на одлуката на Вишиот управен суд. И за овој бесправен чин е поднесена пријава до Оосновното јавно обвинителство.

Манчевски добил пари за новиот проект и покрај институциионалната забрана

За појаснување, решението за финансирање на новиот проект на Манчевски, наспроти актуелната одлука на Управниот одбор, злоупотребувајќи ја својата позиција и користејќи ја надвор од директорските овластувања, го потпишал доскорешниот директор на Агенцијата за филм, Владимир Ангелов.

За овој преседан во работата на АФРСМ, Ангелов немал поддршка од Управниот одбор. Новиот останал на истата правна линија со стариот состав на Управниот одбор, кој исто така констатирал неотчетност и сомнежи за финансиски проневери од страна на продукцијата во сопственост на Милчо Манчевски, што го потврдува и одлуката на Вишиот управен суд.

Поранешниот директор на Агенцијата за филм, Бојан Лазаревски, во чиј мандат е потпишано решението за стопирање на проектите на продуцентската куќа „Банана филм“, неодамна изјави дека постапил според Законот за филмска дејност, односно согласно налогот на УО и тој како директор бил должен да ја почитува одлуката на Управниот одбор на АФРСМ.

Во мојот мандат го потпишав решението за стопирање финансирање на проектите на продуцентската куќа „Банана филм“, а врз основа на одлуката  на Управниот одбор на АФРСМ. Според Законот за филмска дејност, директорот е должен да ги почитува одлуките на Управниот одбор, кој е управен орган на Агенцијата.  За сомнежите поткрепени со документи, врз основа на кои е донесена одлуката на УО, беа известени сите надлежни институции, а Вишиот управен суд, постапувајќи по жалбата на АФРСМ од одлуката на Управниот суд, ги отфрли барањата на тужителот „Банана филм“ како неосновани и донесе решение проектите да останат стопирани до конечното затворање на истрагата – објасни Лазаревски.

Koja e спрегата меѓу Бисера Костадиновска Стојчевска и „Банана филм“?

Обвинетите за клановско и мафијашко поведение очекуваат и персонални и институционални одговори за тоа дали дали доскорешната министерка за култура Бисера Костадиновска Стојчевска е во спрега со „Банана филм“, односно со сопственикот Милчо Манчевски и кој е нејзиниот евентуален интерес во случајот „Манчевски“.

Ќе има ли одговор прашањето зошто Костадиновска Стојчевска, која била добро информирана за случајот, за сомнежите, за индикациите, но и за фактите за финансиски злоупотреби на компанијата на Манчевски, па и за тековните проблеми на филмаџиите, не соработувала зо решавање на состојбите? – прашуваат тие.

Бисера Костадиновска Стојчевска мора да одговори и на прашањето зошто и ресорното министерство – кое исто така било во тек со тоа дека филмската фела, односно Друштвото на филмски работници е бомбардирано со најразлични пријави од страна на „Банана филм“, за кои  постапиле и инспекции на Министерството, Државната комисија за спречување на корупцијата и други органи, при што сите пријави биле отфрлени како неосновани – не застанало во институционална заштита на филмските работници.

Зошто, откако Костадиновска Стојчевска го именува Ангелов за директор, тој бесправно одобрува исплата на буџетски пари на Манчевски? – прашуваат од ДФРМ.

Патем, според правни експерти, во постапката на директорот Ангелов постои ризик за казниво дело „неизвршување судска одлука“, поточно делото предвидено во Кривичниот законик во член 377, став 2: „Службено лице или одговорно лице во правно лице што ќе одбие да изврши правосилна и извршна судска одлука што е должно да ја изврши, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години.“

Зошто наумила министерката за култура да го „оправа“ Друштвото на филмски работници?

Во меѓувреме, за сомнежите врз кои е донесена оваа одлука на Управниот одбор и судот,  истрага се води во Основното јавно обвинителство и во Управата за финансиска полиција , а известена е и Државната комисија за спречување на корупцијата. Севкупната документација за овие предмети на „Банана филм“ , Управата за финансиска полиција ја побарала од Агенцијата за филм во јули минатата година и до денес се води истрага.

И додека институциите не го кажале конечниот збор во истрагата за „Банана филм“, а доскорешната министерка останува заштитена со пратеничкиот имунитет со кој неодамна се стекна, сега потписот на Ангелов станува предмет на ОЈО.

Зошто, од кои причини и со кои наменски мотиви, покрај контролните органи во Агенцијата, Управниот и Надзорниот одбор и нивните извештаи, Костадиновска Стојчевска формира т.н. „инспекциска комисија“ и објавува извештај со невистини за работењето на Агенцијата за филм и на Друштвото за филмски работници? – прашуваат првите луѓе на ДФРМ.

Тие сакаат да знаат зошто, од кои причини и од кои мотиви, во јавноста се пласира  т.н. „Извештај за подобрување на работата на АФРСМ“, подготвен по налог на доскорешната министерка Бисера Костадиновска Стојчевска и тоа нестрпливо и набрзина, во политичко време на предизборие.

Tој „извештај“ преполн со невистини, лаги, тенденции со кои, несвесно или свесно, се оцрнуваат и целата македонска кинематографија и нејзините меѓународни достигнувања – велат тие.

Има ли корупција и кај Бисера Костадиновска Стојчевска?

Од ДФРМ се сомневаат дека со овој т.н. извештај, Костадиновска Стојчевска прави обид да се сврти вниманието на јавноста, па и на институциите, од веќе и институционално констатираните неправилности за работата на „Банана филм“ на Милчо Манчевски, за кои постапува Основното јавно обвинителство.

Дотолку повеќе што споменатиот извештај е подготвен од работна група, на чие чело е Весна Илиевска, државен советник во Министерството за култура, позната како блиска пријателка на Манчевски, која освен фабрикуваниот извештај, се јавува и како автор на серија таканаречени „правни мислења“ што служат како инструмент за олеснување на процедурите при извршување на спорните дејства поврзани со финасирањето на проектите на Манчевски, велат од ДФРМ. Но, според правните експерти, овие „правни мислења“ немаат вистинска правна тежина, тие се само параван кој на ниту еден начин не ги штити потписниците и извршителите на против правните дејствија во случаите со Манчевски и на неговата продукциска компанија.

Ваквите чудни постапки, несомнено мирисаат, најблаго речено, на коруптивни дејствија и притисоци кон поединци и институции, евентуално во насока да се спречи натамошната истрага кон Манчевски која се води пред ОЈО во соработка со Управата за финансиска полиција.

Дали е ова обид да се попречи истрагата и да се видоизмени впечатокот во јавноста додека Манчевски веќе со години, а без никаков ефект, прави постојан притисок, со неосновани кривични пријави кон сите инволвирани кои одлучувале за поддршка на неговите проекти во Агенцијата за филм, во обид да го прикрие сопствениот криминал? – прашуваат засегнатите од ДФРМ.

Како успеа „прогонетиот“ Манчевски од владата на СДСМ да добие 2,5 милиони евра за 3 филма?

Тие прашуваат дали ова е негов обид, тој самиот, Милчо Манчевски, според сопствени написи во јавноста, себеси да се прикажува како жртва на политички прогон и тоа токму во време на политички околности во кои од доскорешната влада на СДСМ тој лично добива поддршка за три играни филмови, односно финансиски средства во вредност од безмалку 2,5 милиони евра?

За неговото „незадоволство“ од поддршката од државата, од која секогаш го исползувал максимумот, своевремено реагираше и министерката за култура Елизабета Канчевска Милеска која во 2017 година изјави:

Особено значајана финансиска помош од државата е издвоена и за режисерот Милчо Манчевски кому преку Министерството за култура и Филмскиот фонд на Манчевски во изминатите 10 години му се исплатени близу 280 милиони денари.

Филмските работници ги чекаат одговорите и резултатите на институционалните постапки и процедури, пред се како морална сатисфакција за нивната посветеност на филмската уметност. Од друга страна, финалето на истрагите конечно треба да ја расчисти и дилемата дали во Македонија навистина постојат филмаџиски кланови и мафијаши, како и политички прогонети лица. А ако постојат такви нешта, дефинитивно треба да се разбистри и тоа кој кого прогонува и зошто.

извор: Плусинфо.мк

The post Божем „политички прогонетиот“ Манчевски самиот прогонува македонски филмаџии?! Главната улога во филмот „Држете го крадецот“ ја игра Бисера Костадиновска Стојчевска appeared first on Република.

]]>

Режисерот Милчо Манчевски повторно обвинува луѓе од Агенцијата за филм и од Друштвото за филмски работници на Македонија дека врз него вршат политички прогон. Тој ги нарекува кланови и мафијаши. Но, овој пат филмаџиите се решени да не му премолчат. Тие се убедени дека тој, Манчевски, потпомогнат од поранешната министерка за култура, пак се обидува да креира лажна слика во јавноста и да го одвратат вниманието од истрагата на институциите, кое треба да ги истражат матните зделки на неговата филмска продукција, пишува Плусинфо.

Македонскиот режисер Милчо Манчевски ја извести јавноста дека Меѓународната организација Филм индастри воч (Film Industry Watch) објавила текст во кој го опишува случајот на режисерот и „повикува да запре политичкиот прогон против него“.  Манчевски информира дека во текстот се говори за неговите проблеми кои почнале кога тој ги пријавил Агенцијата за филм на Република Македонија (АФРСМ) и Друштвото на филмски работници на Македонија (ДФРМ) за корупција, а Државниот завод за ревизија, Антикорупциската комисија и Транспаренси Интернешнл го потврдиле она што го кажал. Како одмазда, вели тој, политичкиот систем ги блокирал неговите проекти, веќе завршениот „Кајмак“ и новиот филм „Збогум, Копакабано“.
Ова е студија на случај за политички прогон на истакнат свиркач (укажувач) кој пријавил корупција на највисоките нивоа на власта, се вели во објавата на Манчевски на Фејсбук.
Манчевски потсетува дека реномираниот Филмски фестивал во Венеција, здруженијата на филмски работници на Италија, како и Меѓународната федерација на филмски критичари – ФИПРЕСЦИ и Македонската секција на ФИПРЕСЦИ му изразиле поддршка, „повикувајќи да запре политичката репресија против него која е предизвикана од фактот дека тој пријавил корупција во Агенцијата за филм и во Друштвото на филмски работници на Македонија“. И во кусо интервју за МИА, Милчо Манчевски пред некој ден ги обнови своите обвинувања за „моќни поединци“ од Агенцијата за филм и од ДФРМ, кои наводно тргуваат со моќ и распределуваат пари за филмската дејност. Манчевски ги нарекува „кланови“ кои „имаат заземено позиции и мафијашки владеат со државни институции“. Од редакцијата велат дека во неколку наврати досега ги пренесувале ставовите на Манчевски и на институции и поединци коишто го поддржуваат како како жртва на политички прогон и како автор кому Агенцијата за филм и Друштвото за филмски работници му ги банира проектите. Почитувајќи ја етичката обврска да се слушне другата страна, по најновото актуелизирање на јавната полемика од негова страна, побарале став од луѓето што тој ги обвинува, нарекувајќи ги клановска и мафијашка структура. Во оваа и во неколку други реакции кои ќе уследат, засегнатите први луѓе на ДФРМ говорат за „случајот Манчевски“.

Прво да се расчисти како „Банана филм“ успеа да „стопи“ 1 милион евра!

Манчевски е под истрага за финансиски злоупотреби на буџетски пари, потсетуваат од Друштвото на филмски работници на Македонија. Станува збор за пари на државната Агенција за филм. Прецизно, непокриени или неотчитани 950.000 евра. И покрај фактот што бил должен да поднесе извештај со материјални докази за тоа каде се потрошени речиси 1 милон евра, Манчевски тоа го нема сторено до ден денешен. Истражните дејствија за финансиското работење на продукцијата „Банана филм“, во сопственост на Милчо Манчевски, за овие пари, се во тек. И покрај јавните и институционални прозивки, Милчо Манчевски се уште нема одговорено и за други сомнителни парични трансакции, како на пример за префрлување на строго наменети државни пари во негови лични фирми регистрирани во други држави, велат од ДФРМ. Освен тоа, и покрај забраната, Агенцијата за филм под раководство на доскорешниот директор Владимир Ангелов, со негов потпис, а секако бесправно, самоволно донесува решение со кое ја симнува забраната за „Банана филм“ и овозможува Милчо Манчевски и понатаму да троши државни пари – спротивно на одредбите од Законот за филмска дејност, спротивно на одлуката на Управниот одбор на Агенцијата за филм (АФРСМ) и спротивно на одлуката на Вишиот управен суд. И за овој бесправен чин е поднесена пријава до Оосновното јавно обвинителство.

Манчевски добил пари за новиот проект и покрај институциионалната забрана

За појаснување, решението за финансирање на новиот проект на Манчевски, наспроти актуелната одлука на Управниот одбор, злоупотребувајќи ја својата позиција и користејќи ја надвор од директорските овластувања, го потпишал доскорешниот директор на Агенцијата за филм, Владимир Ангелов. За овој преседан во работата на АФРСМ, Ангелов немал поддршка од Управниот одбор. Новиот останал на истата правна линија со стариот состав на Управниот одбор, кој исто така констатирал неотчетност и сомнежи за финансиски проневери од страна на продукцијата во сопственост на Милчо Манчевски, што го потврдува и одлуката на Вишиот управен суд. Поранешниот директор на Агенцијата за филм, Бојан Лазаревски, во чиј мандат е потпишано решението за стопирање на проектите на продуцентската куќа „Банана филм“, неодамна изјави дека постапил според Законот за филмска дејност, односно согласно налогот на УО и тој како директор бил должен да ја почитува одлуката на Управниот одбор на АФРСМ.
Во мојот мандат го потпишав решението за стопирање финансирање на проектите на продуцентската куќа „Банана филм“, а врз основа на одлуката  на Управниот одбор на АФРСМ. Според Законот за филмска дејност, директорот е должен да ги почитува одлуките на Управниот одбор, кој е управен орган на Агенцијата.  За сомнежите поткрепени со документи, врз основа на кои е донесена одлуката на УО, беа известени сите надлежни институции, а Вишиот управен суд, постапувајќи по жалбата на АФРСМ од одлуката на Управниот суд, ги отфрли барањата на тужителот „Банана филм“ како неосновани и донесе решение проектите да останат стопирани до конечното затворање на истрагата – објасни Лазаревски.

Koja e спрегата меѓу Бисера Костадиновска Стојчевска и „Банана филм“?

Обвинетите за клановско и мафијашко поведение очекуваат и персонални и институционални одговори за тоа дали дали доскорешната министерка за култура Бисера Костадиновска Стојчевска е во спрега со „Банана филм“, односно со сопственикот Милчо Манчевски и кој е нејзиниот евентуален интерес во случајот „Манчевски“.
Ќе има ли одговор прашањето зошто Костадиновска Стојчевска, која била добро информирана за случајот, за сомнежите, за индикациите, но и за фактите за финансиски злоупотреби на компанијата на Манчевски, па и за тековните проблеми на филмаџиите, не соработувала зо решавање на состојбите? – прашуваат тие.
Бисера Костадиновска Стојчевска мора да одговори и на прашањето зошто и ресорното министерство – кое исто така било во тек со тоа дека филмската фела, односно Друштвото на филмски работници е бомбардирано со најразлични пријави од страна на „Банана филм“, за кои  постапиле и инспекции на Министерството, Државната комисија за спречување на корупцијата и други органи, при што сите пријави биле отфрлени како неосновани – не застанало во институционална заштита на филмските работници.
Зошто, откако Костадиновска Стојчевска го именува Ангелов за директор, тој бесправно одобрува исплата на буџетски пари на Манчевски? – прашуваат од ДФРМ.
Патем, според правни експерти, во постапката на директорот Ангелов постои ризик за казниво дело „неизвршување судска одлука“, поточно делото предвидено во Кривичниот законик во член 377, став 2: „Службено лице или одговорно лице во правно лице што ќе одбие да изврши правосилна и извршна судска одлука што е должно да ја изврши, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години.“

Зошто наумила министерката за култура да го „оправа“ Друштвото на филмски работници?

Во меѓувреме, за сомнежите врз кои е донесена оваа одлука на Управниот одбор и судот,  истрага се води во Основното јавно обвинителство и во Управата за финансиска полиција , а известена е и Државната комисија за спречување на корупцијата. Севкупната документација за овие предмети на „Банана филм“ , Управата за финансиска полиција ја побарала од Агенцијата за филм во јули минатата година и до денес се води истрага. И додека институциите не го кажале конечниот збор во истрагата за „Банана филм“, а доскорешната министерка останува заштитена со пратеничкиот имунитет со кој неодамна се стекна, сега потписот на Ангелов станува предмет на ОЈО.
Зошто, од кои причини и со кои наменски мотиви, покрај контролните органи во Агенцијата, Управниот и Надзорниот одбор и нивните извештаи, Костадиновска Стојчевска формира т.н. „инспекциска комисија“ и објавува извештај со невистини за работењето на Агенцијата за филм и на Друштвото за филмски работници? – прашуваат првите луѓе на ДФРМ.
Тие сакаат да знаат зошто, од кои причини и од кои мотиви, во јавноста се пласира  т.н. „Извештај за подобрување на работата на АФРСМ“, подготвен по налог на доскорешната министерка Бисера Костадиновска Стојчевска и тоа нестрпливо и набрзина, во политичко време на предизборие.
Tој „извештај“ преполн со невистини, лаги, тенденции со кои, несвесно или свесно, се оцрнуваат и целата македонска кинематографија и нејзините меѓународни достигнувања – велат тие.

Има ли корупција и кај Бисера Костадиновска Стојчевска?

Од ДФРМ се сомневаат дека со овој т.н. извештај, Костадиновска Стојчевска прави обид да се сврти вниманието на јавноста, па и на институциите, од веќе и институционално констатираните неправилности за работата на „Банана филм“ на Милчо Манчевски, за кои постапува Основното јавно обвинителство. Дотолку повеќе што споменатиот извештај е подготвен од работна група, на чие чело е Весна Илиевска, државен советник во Министерството за култура, позната како блиска пријателка на Манчевски, која освен фабрикуваниот извештај, се јавува и како автор на серија таканаречени „правни мислења“ што служат како инструмент за олеснување на процедурите при извршување на спорните дејства поврзани со финасирањето на проектите на Манчевски, велат од ДФРМ. Но, според правните експерти, овие „правни мислења“ немаат вистинска правна тежина, тие се само параван кој на ниту еден начин не ги штити потписниците и извршителите на против правните дејствија во случаите со Манчевски и на неговата продукциска компанија. Ваквите чудни постапки, несомнено мирисаат, најблаго речено, на коруптивни дејствија и притисоци кон поединци и институции, евентуално во насока да се спречи натамошната истрага кон Манчевски која се води пред ОЈО во соработка со Управата за финансиска полиција.
Дали е ова обид да се попречи истрагата и да се видоизмени впечатокот во јавноста додека Манчевски веќе со години, а без никаков ефект, прави постојан притисок, со неосновани кривични пријави кон сите инволвирани кои одлучувале за поддршка на неговите проекти во Агенцијата за филм, во обид да го прикрие сопствениот криминал? – прашуваат засегнатите од ДФРМ.

Како успеа „прогонетиот“ Манчевски од владата на СДСМ да добие 2,5 милиони евра за 3 филма?

Тие прашуваат дали ова е негов обид, тој самиот, Милчо Манчевски, според сопствени написи во јавноста, себеси да се прикажува како жртва на политички прогон и тоа токму во време на политички околности во кои од доскорешната влада на СДСМ тој лично добива поддршка за три играни филмови, односно финансиски средства во вредност од безмалку 2,5 милиони евра? За неговото „незадоволство“ од поддршката од државата, од која секогаш го исползувал максимумот, своевремено реагираше и министерката за култура Елизабета Канчевска Милеска која во 2017 година изјави:
Особено значајана финансиска помош од државата е издвоена и за режисерот Милчо Манчевски кому преку Министерството за култура и Филмскиот фонд на Манчевски во изминатите 10 години му се исплатени близу 280 милиони денари.
Филмските работници ги чекаат одговорите и резултатите на институционалните постапки и процедури, пред се како морална сатисфакција за нивната посветеност на филмската уметност. Од друга страна, финалето на истрагите конечно треба да ја расчисти и дилемата дали во Македонија навистина постојат филмаџиски кланови и мафијаши, како и политички прогонети лица. А ако постојат такви нешта, дефинитивно треба да се разбистри и тоа кој кого прогонува и зошто. извор: Плусинфо.мк

The post Божем „политички прогонетиот“ Манчевски самиот прогонува македонски филмаџии?! Главната улога во филмот „Држете го крадецот“ ја игра Бисера Костадиновска Стојчевска appeared first on Република.

]]>
Филмот „Кајмак“ на Манчевски прогласен за најдобар филм на Меѓународниот филмски фестивал Фортеца во Црна Гора https://arhiva3.republika.mk/scena/film/filmot-kajmak-na-manchevski-proglasen-za-najdobar-film-na-megunarodniot-filmski-festival-fortetsa-vo-tsrna-gora/ Thu, 01 Aug 2024 08:42:39 +0000 https://republika.mk/?p=802207

Две години по светската премиера, филмот „Кајмак“ на најтрофејниот македонски режисер Милчо Манчевски и натаму освојува награди. Сега е прогласен за Најдобар филм на Меѓународниот филмски фестивал Фортеца во Црна Гора, кој заврши на 30 јули.

Овој мал, но реномиран фестивал кој се одржува во живописниот историски град Пераст, е содружник со познатиот БаНеФФ од Стокхолм, Шведска. За „Кајмак“ оваа меѓународна награда е осма по ред досега.

„Кајмак” е еден од најуспешните македонски филмови и со најширок пласман во светот. Тој е продаден за редовна дистрибуција во педесетина земји од Европа, Северна Америка, Јужна Америка, Централна Америка, како и во Австралија и Карибите – од неодамна во Шпанија, Португалија, а претходно и во Мексико, Аргентина, Бразил и Грција, Кипар и Холандија, од Јамајка, Аруба, Барбадос до Албанија и Бугарија; од Парагвај и Хаити до Суринам, од Гвајана и Ст. Китс и Невис до Данска, Хрватска… Процесот на пласман продолжува и натаму.

„Кајмак“, македонско-данско-холандско-хрватска копродукција поддржана од Еуримаж, ја имаше светската премиера на фестивалот во Токио (А-категорија) во ноември 2022 година, потоа продолжи со глобална фестивалска турнеја во Тајпеј, Португалија, Италија, САД, Холандија, Бугарија, Србија, Црна Гора, Албанија, итн. Филмот беше поздравен со неколкуминутни стоечки овации и бројни написи во локалните медиуми.

„Кајмак“ беше најгледан филм во Македонија во 2022 година.

The post Филмот „Кајмак“ на Манчевски прогласен за најдобар филм на Меѓународниот филмски фестивал Фортеца во Црна Гора appeared first on Република.

]]>

Две години по светската премиера, филмот „Кајмак“ на најтрофејниот македонски режисер Милчо Манчевски и натаму освојува награди. Сега е прогласен за Најдобар филм на Меѓународниот филмски фестивал Фортеца во Црна Гора, кој заврши на 30 јули.
Овој мал, но реномиран фестивал кој се одржува во живописниот историски град Пераст, е содружник со познатиот БаНеФФ од Стокхолм, Шведска. За „Кајмак“ оваа меѓународна награда е осма по ред досега.
„Кајмак” е еден од најуспешните македонски филмови и со најширок пласман во светот. Тој е продаден за редовна дистрибуција во педесетина земји од Европа, Северна Америка, Јужна Америка, Централна Америка, како и во Австралија и Карибите – од неодамна во Шпанија, Португалија, а претходно и во Мексико, Аргентина, Бразил и Грција, Кипар и Холандија, од Јамајка, Аруба, Барбадос до Албанија и Бугарија; од Парагвај и Хаити до Суринам, од Гвајана и Ст. Китс и Невис до Данска, Хрватска… Процесот на пласман продолжува и натаму. „Кајмак“, македонско-данско-холандско-хрватска копродукција поддржана од Еуримаж, ја имаше светската премиера на фестивалот во Токио (А-категорија) во ноември 2022 година, потоа продолжи со глобална фестивалска турнеја во Тајпеј, Португалија, Италија, САД, Холандија, Бугарија, Србија, Црна Гора, Албанија, итн. Филмот беше поздравен со неколкуминутни стоечки овации и бројни написи во локалните медиуми.
„Кајмак“ беше најгледан филм во Македонија во 2022 година.

The post Филмот „Кајмак“ на Манчевски прогласен за најдобар филм на Меѓународниот филмски фестивал Фортеца во Црна Гора appeared first on Република.

]]>
Македонската публика вечерва ќе има ретка можност да види селекција од музичките спотови на Милчо Манчевски во Кинотека https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/makedonskata-publika-vecherva-ke-ima-retka-mozhnost-da-vidi-selektsija-od-muzichkite-spotovi-na-milcho-manchevski-vo-kinoteka/ Thu, 06 Jun 2024 09:20:14 +0000 https://republika.mk/?p=784018

Македонската публика ќе има ретка можност да види селекција од кратките филмски дела на Милчо Манчевски. Познат по неговите филмски дологметражни ремек дела како „Пред Дождот“, „Прашина“, „Сенки“, Милчо Манчевски има подеднакво импресивен опус од повеќе од педесетина различни кратки филмски форми.

Станува збор за разновидна селекција составена од дваесетина аудиовизуелни дела. Покрај наградуваните кратки филмови ЧЕТВРТОК /Thursday (2013) и КРАЈОТ НА ВРЕМЕТО/The End of Time (2017), ќе имаме можност да ги погледнеме музичките спотови кои се работени за најголемите издавачки куќи: Атлантик, Ворнер брадерс, Сони, Еми, РЦА, Крисалис, Валјд Пич…  Би го споменале спотот Тенеси/Tennesse на легендарниот хип хоп состав Arested development од 1992 година, за кој Манчевски ја има добиено наградата на МТВ  за најдобар музички рап спот и е прогласен за најдобар спот за 1992 година, според магазинот Билборд. Спотот исто така е влезен во листата на стоте најдобри спотови на сите времиња на магазинот Ролинг Стоун. Во селекцијата ќе можеме да ги видиме и рекламите од рекламните кампањи за Скопско и  Macedonia Timeless…

Милчо Манчевски ја користи својата режисерска вештина и во музичките спотови, создавајќи визуелно и емоционално богати минијатури кои оставија длабок впечаток на македонската и светската музичка сцена. Неговите спотови се карактеризираат со иновативни визуелни решенија, длабока симболика и умешно раскажување приказни, правејќи го секој спот уникатно аудиовизуелно искуство.

Манчевски е познат по својата визуелна естетика, што се пренесува и во неговите музички спотови. Неговата употреба на светлина, сенки и кадрирање создава специфична атмосфера која го подобрува искуството на слушање музика. Секој спот е внимателно конструиран со цел да го пренесе чувството и пораката на песната, користејќи богат спектар на визуелни техники. Манчевски честопати користи природни пејзажи и урбани сцени како позадина, што му придава дополнителна димензија на наративот.

Музичките спотови на Манчевски не се само визуелно импресивни, туку и симболично богати. Тој успева да раскаже сложени приказни во краток временски формат, користејќи симболи и метафори кои ги прошируваат значењата на песните. Неговите спотови често ги истражуваат темите на љубовта, загубата, надежта и човечката природа, нудејќи длабоки емоционални искуства за гледачите. Способноста на Манчевски да спои визуелна поезија со музиката го прави секој спот своевидно уметничко дело.

Една од најзабележителните карактеристики на спотовите на Манчевски е неговата употреба на боја и текстура. Тој користи палета на бои што го рефлектира расположението на песната, додавајќи му длабочина и комплексност на визуелниот приказ. Текстурите, без разлика на тоа дали се груби површини, мазни линии или сложени орнаменти, се исто така клучен елемент што го збогатува визуелното искуство и го прави секој кадар значајно естетски задоволство.

Милчо Манчевски успева да создаде музички спотови кои се вистински уметнички дела, комбинирајќи ја својата филмска експертиза со длабоко разбирање на музиката и емоциите. Неговите спотови не само што ја збогатуваат песната, туку ѝ додаваат нови слоеви на значење и емоција. Со иновативни визуелни решенија, богата симболика и внимателна монтажа, Манчевски создава спотови што остануваат во меморијата на гледачите долго по завршувањето на песната.

The post Македонската публика вечерва ќе има ретка можност да види селекција од музичките спотови на Милчо Манчевски во Кинотека appeared first on Република.

Режисерка од Нов Зеланд првпат го гледала „Пред дождот“ на 17 години и по три децении снимила филм инспирирана од Манчевски https://arhiva3.republika.mk/scena/film/rezhiserka-od-nov-zeland-prvpat-go-gledala-pred-dozhdot-na-17-godini-i-po-tri-detsenii-snimila-film-inspirirana-od-manchevski/ Tue, 14 May 2024 08:24:22 +0000 https://republika.mk/?p=777808

И после 30 години, македонскиот филмски класик „Пред дождот“ на Милчо Манчевски инспирира нови режисери насекаде низ светот.

Овојпат во Нов Зеланд: режисерката Лорен Тејлор во интервју за „НЗ Хералд“ открива дека нејзиното дебитантско дело „Месечината е наопаку“ е инспирирано токму од македонскиот филм.
Таа кажува дека „Пред дождот“ првпат го гледала кога ималa 17 години и работела во едно кино во Бруклин, предградие на главниот град Велингтон. Многу ѝ се допаднал, и сè уште ѝ се допаѓа. Речиси 30 години подоцна, Тејлор се навраќа на филмот на Манчевски кога во истото кино ќе ја гледа премиерата на својот прв филм „Месечината е наопаку“ во кој е режисерка, сценаристка и актерка и кој како и „Пред дождот“ има три навидум неповрзани приказни.

„Филмот беше под влијание на многу нешта“, вели Тејлор. „Меѓу нив и филмот на Манчевски и неговиот заплет како Венов дијаграм“.

Во годината кога најнаградувано дело во историјата на македонската кинематографија и едно од најголемите достигнувања на македонската култура воопшто слави 30 години од премиерата во септември 1994, не престануваат одгласите за овој филм на Манчевски.

Имено, во промотивното видео пред годинашното доделување на Оскарите, холивудската актерка Глен Клоуз го избра токму „Пред дождот“, кој во 1995 беше номиниран за Оскар за најдобар странски филм, како дело што ја инспирирало да посака да ја посети Македонија.

„Постои филм што се вика „Пред дождот“ и е снимен во Македонија. Очигледно е многу стара (земја) и многу работи се случувале на таа почва. Никако да ми излезе од мислите“, вели во видеото Глен Клоуз која има рекордни 8 номинации за Оскар.

Во 1994, „Пред дожот“ освои Златен лав во Венеција на најстариот филмски фестивал во светот. Покрај Златниот лав, „Пред дождот“ доби уште триесетина награди на светските фестивали, а беше и првиот македонски филм номиниран за Оскар во категоријата најдобар странски филм.

„Пред дождот ја стави Македонија на светската мапа. Дела како ова ме одржуваат. Потсетник за благородноста што филмот може да ја досегне“, напиша легендарниот филмски критичар Роџер Иберт за американската премиера на филмот во 1995.

„Македонија, љубов моја“, „Милчо Македонецот“, „Мајсторот од Македонија“, „Македонско ремек-дело“, се само дел од насловите за „Пред дождот“ во светските медиуми во тоа време, а јапонските весници цртаа и мапи за да покажат каде е Македонија, која стана независна земја само 3 години пред премиерата на овој филм.

„Пред дождот“ е вброен во 1.000 најдобри филмови во историјата од страна на „Њујорк тајмс“, а на фестивалот во Венеција една од паралелните награди беше именувана според мотот на филмот „Кругот не е тркалезен“. Во Фиренца се одржа меѓународна академска конференција посветена на филмот.

„Пред дождот“ е прикажан на над 100 фестивали, прикажан во редовна кино и тв-дистрибуција во над 50 земји на сите континенти. Во САД, реномираната „Крајтерион колекција“ го издаде видеото од филмот во едиција со класиците Бергман, Антониони, Тарковски, Бресон, итн. „Пред дождот“ се предава на стотици универзитети, а во Италија е дел од обавезната наставна програма во средните училишта. За филмот се објавени над 5.000 текстови на 50-на јазици во светските медиуми.

Во Кореја „Пред дождот“ се користеше во работни тетратки за изучување на англискиот јазик, а во САД и Полска за изучување на македонскиот. Во Италија постои и вино крстено според филмот „Пред дождот“ и ресторан со истото име.

„Пред дождот“ до ден денес уште игра во кинотечните и фестивалските програми насекаде низ светот.

The post Режисерка од Нов Зеланд првпат го гледала „Пред дождот“ на 17 години и по три децении снимила филм инспирирана од Манчевски appeared first on Република.

]]>

И после 30 години, македонскиот филмски класик „Пред дождот“ на Милчо Манчевски инспирира нови режисери насекаде низ светот. Овојпат во Нов Зеланд: режисерката Лорен Тејлор во интервју за „НЗ Хералд“ открива дека нејзиното дебитантско дело „Месечината е наопаку“ е инспирирано токму од македонскиот филм. Таа кажува дека „Пред дождот“ првпат го гледала кога ималa 17 години и работела во едно кино во Бруклин, предградие на главниот град Велингтон. Многу ѝ се допаднал, и сè уште ѝ се допаѓа. Речиси 30 години подоцна, Тејлор се навраќа на филмот на Манчевски кога во истото кино ќе ја гледа премиерата на својот прв филм „Месечината е наопаку“ во кој е режисерка, сценаристка и актерка и кој како и „Пред дождот“ има три навидум неповрзани приказни. „Филмот беше под влијание на многу нешта“, вели Тејлор. „Меѓу нив и филмот на Манчевски и неговиот заплет како Венов дијаграм“. Во годината кога најнаградувано дело во историјата на македонската кинематографија и едно од најголемите достигнувања на македонската култура воопшто слави 30 години од премиерата во септември 1994, не престануваат одгласите за овој филм на Манчевски. Имено, во промотивното видео пред годинашното доделување на Оскарите, холивудската актерка Глен Клоуз го избра токму „Пред дождот“, кој во 1995 беше номиниран за Оскар за најдобар странски филм, како дело што ја инспирирало да посака да ја посети Македонија.
„Постои филм што се вика „Пред дождот“ и е снимен во Македонија. Очигледно е многу стара (земја) и многу работи се случувале на таа почва. Никако да ми излезе од мислите“, вели во видеото Глен Клоуз која има рекордни 8 номинации за Оскар.
Во 1994, „Пред дожот“ освои Златен лав во Венеција на најстариот филмски фестивал во светот. Покрај Златниот лав, „Пред дождот“ доби уште триесетина награди на светските фестивали, а беше и првиот македонски филм номиниран за Оскар во категоријата најдобар странски филм.
„Пред дождот ја стави Македонија на светската мапа. Дела како ова ме одржуваат. Потсетник за благородноста што филмот може да ја досегне“, напиша легендарниот филмски критичар Роџер Иберт за американската премиера на филмот во 1995.
„Македонија, љубов моја“, „Милчо Македонецот“, „Мајсторот од Македонија“, „Македонско ремек-дело“, се само дел од насловите за „Пред дождот“ во светските медиуми во тоа време, а јапонските весници цртаа и мапи за да покажат каде е Македонија, која стана независна земја само 3 години пред премиерата на овој филм. „Пред дождот“ е вброен во 1.000 најдобри филмови во историјата од страна на „Њујорк тајмс“, а на фестивалот во Венеција една од паралелните награди беше именувана според мотот на филмот „Кругот не е тркалезен“. Во Фиренца се одржа меѓународна академска конференција посветена на филмот. „Пред дождот“ е прикажан на над 100 фестивали, прикажан во редовна кино и тв-дистрибуција во над 50 земји на сите континенти. Во САД, реномираната „Крајтерион колекција“ го издаде видеото од филмот во едиција со класиците Бергман, Антониони, Тарковски, Бресон, итн. „Пред дождот“ се предава на стотици универзитети, а во Италија е дел од обавезната наставна програма во средните училишта. За филмот се објавени над 5.000 текстови на 50-на јазици во светските медиуми. Во Кореја „Пред дождот“ се користеше во работни тетратки за изучување на англискиот јазик, а во САД и Полска за изучување на македонскиот. Во Италија постои и вино крстено според филмот „Пред дождот“ и ресторан со истото име. „Пред дождот“ до ден денес уште игра во кинотечните и фестивалските програми насекаде низ светот.  

The post Режисерка од Нов Зеланд првпат го гледала „Пред дождот“ на 17 години и по три децении снимила филм инспирирана од Манчевски appeared first on Република.

]]>
Манчевски: Се менуваме и како луѓе и како уметници https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/manchevski-se-menuvame-i-kako-luge-i-kako-umetnitsi/ Fri, 02 Feb 2024 06:55:17 +0000 https://republika.mk/?p=739538

„Се менуваме и како луѓе и како уметници“, вели режисерот Милчо Манчевски, одговарајќи на прашање на МИА дали во есеите содржани во неговата нова книга „Манчевски: Пет есеи“ има разлика во неговите размислувања, имајќи предвид дека се пишувани во голем временски период.

И да, и не. На пример, најстариот есеј кој е пишуван пред милион години, сега кога му се навратив, особено на преводот, видов дека сѐ уште се сложувам со себе. Тоа што сум го мислел тогаш, иако е прилично радикално. Од друга страна, има работи кои се менуваат, кои се усовршуваат, кои се трансформираат, затоа што се менуваме и како луѓе и како уметници, вели Манчевски.

На промоцијата на новата книга во Културниот центар „Лабораториум“ во Скопје, Манчевски во разговорот за МИА вели дека се надева оти неговата нова книга ќе отвори дијалог за тоа како да се твори од перспектива на еден творец.

https://republika.mk/vesti/kultura/promotsija-na-novata-kniga-milcho-manchevski-i-tselovecheren-multimedijalen-nastan-vo-laboratorium/

За мене лично е многу убаво што размислувањата што ги имам за природата на уметноста, за процесот виден од внатре, се собрани во една книга, издание на Филозофското друштво на Македонија, и што се достапни за луѓе, и кај нас, и надвор. Книгата е двојазична и на македонски и на англиски. Се надевам дека на луѓе ќе им го доближи и процесот, и дел од моите размислувања, и во најдобар случај, ќе отвори можеби некој дијалог во врска со тоа како може да се размислува и да се твори од перспектива на еден творец. Не постои рецепт, има разни пристапи, различни размислувања, вели режисерот.

Манчевски додава дека есеите се поттикнати од неговата уметничка пракса, од размислувањето за теоријата која потекнува од неговиот интерес во експериментален филм и кон експериментални ликовни уметности, како и од неговата педагошка работа, како долгогодишен професор, најмногу на постдипломските студии на Универзитетот во Њујорк.

Се обидов само дел од она што го разменувам со студентите, да биде и во оваа книга. Затоа што често луѓе ме прашуваа дали тоа го има некаде да го прочитаат, да го научат, студенти прашуваат каде да си го повториме материјалот, вели тој.

За есејот што се однесува на природата на вистината и уметноста, односно прикаска и реалност, Манчевски вели дека инсистирањето на реалистичноста на филмот е стапица.

Затоа што за филмот, особено за документарниот, често се зборува дека е многу реалистичен. Јас сметам дека инсистирањето на реалистичноста на филмот е стапица, истакнува Манчевски.

Во врска со есејот „Кога некој филм „не е доволно македонски““што се занимава со тоа што очекува домашната публика да види во неговите филмови, во однос на Македонија, и она што очекува странската публика да види од неговите филмови во однос на истото прашање, Манчевски вели дека тие две работи се „промашени како очекувања“.

Во книгата е содржан и есеј што се однесува на развојот, промените во уметноста, односот на уметноста кон стварноста и кон апстрактното, како и еден есеј кој го опишува процесот на соработка меѓу сценаристот и режисерот, кога и двете функции ги врши едно исто лице.

Станува збор за пет есеи пишувани во различни периоди, кои што се резултат на долгогодишните размислувања на Манчевски за уметноста од позиција на уметник во повеќе области - филм, фотографија, ликовни уметности и книжевност, но и од позиција на педагог, преку неговото искуство како професор.

Размислувањата и анализите на Манчевски резултираат со комплексни есеи кои се претставени на меѓународни конференции. Меѓу нив се и „Засновано на вистински настан: вистина и прикаска, уметност и верба“, првпат претставена на конференцијата „Филм и вера“ во Ватикан, 2011 година, есејот „Зошто сакам да пишувам и мразам да режирам: исповед на еден сценарист-режисер што се лечи“ претставена на конференцијата на професори по сценарио и режија во Потсдам 2014 година и есејот „Кога некој филм „не е доволно македонски““ од 2022 година.

The post Манчевски: Се менуваме и како луѓе и како уметници appeared first on Република.

]]>

„Се менуваме и како луѓе и како уметници“, вели режисерот Милчо Манчевски, одговарајќи на прашање на МИА дали во есеите содржани во неговата нова книга „Манчевски: Пет есеи“ има разлика во неговите размислувања, имајќи предвид дека се пишувани во голем временски период.
И да, и не. На пример, најстариот есеј кој е пишуван пред милион години, сега кога му се навратив, особено на преводот, видов дека сѐ уште се сложувам со себе. Тоа што сум го мислел тогаш, иако е прилично радикално. Од друга страна, има работи кои се менуваат, кои се усовршуваат, кои се трансформираат, затоа што се менуваме и како луѓе и како уметници, вели Манчевски.
На промоцијата на новата книга во Културниот центар „Лабораториум“ во Скопје, Манчевски во разговорот за МИА вели дека се надева оти неговата нова книга ќе отвори дијалог за тоа како да се твори од перспектива на еден творец. https://republika.mk/vesti/kultura/promotsija-na-novata-kniga-milcho-manchevski-i-tselovecheren-multimedijalen-nastan-vo-laboratorium/
За мене лично е многу убаво што размислувањата што ги имам за природата на уметноста, за процесот виден од внатре, се собрани во една книга, издание на Филозофското друштво на Македонија, и што се достапни за луѓе, и кај нас, и надвор. Книгата е двојазична и на македонски и на англиски. Се надевам дека на луѓе ќе им го доближи и процесот, и дел од моите размислувања, и во најдобар случај, ќе отвори можеби некој дијалог во врска со тоа како може да се размислува и да се твори од перспектива на еден творец. Не постои рецепт, има разни пристапи, различни размислувања, вели режисерот.
Манчевски додава дека есеите се поттикнати од неговата уметничка пракса, од размислувањето за теоријата која потекнува од неговиот интерес во експериментален филм и кон експериментални ликовни уметности, како и од неговата педагошка работа, како долгогодишен професор, најмногу на постдипломските студии на Универзитетот во Њујорк.
Се обидов само дел од она што го разменувам со студентите, да биде и во оваа книга. Затоа што често луѓе ме прашуваа дали тоа го има некаде да го прочитаат, да го научат, студенти прашуваат каде да си го повториме материјалот, вели тој.
За есејот што се однесува на природата на вистината и уметноста, односно прикаска и реалност, Манчевски вели дека инсистирањето на реалистичноста на филмот е стапица.
Затоа што за филмот, особено за документарниот, често се зборува дека е многу реалистичен. Јас сметам дека инсистирањето на реалистичноста на филмот е стапица, истакнува Манчевски.
Во врска со есејот „Кога некој филм „не е доволно македонски““што се занимава со тоа што очекува домашната публика да види во неговите филмови, во однос на Македонија, и она што очекува странската публика да види од неговите филмови во однос на истото прашање, Манчевски вели дека тие две работи се „промашени како очекувања“. Во книгата е содржан и есеј што се однесува на развојот, промените во уметноста, односот на уметноста кон стварноста и кон апстрактното, како и еден есеј кој го опишува процесот на соработка меѓу сценаристот и режисерот, кога и двете функции ги врши едно исто лице. Станува збор за пет есеи пишувани во различни периоди, кои што се резултат на долгогодишните размислувања на Манчевски за уметноста од позиција на уметник во повеќе области - филм, фотографија, ликовни уметности и книжевност, но и од позиција на педагог, преку неговото искуство како професор. Размислувањата и анализите на Манчевски резултираат со комплексни есеи кои се претставени на меѓународни конференции. Меѓу нив се и „Засновано на вистински настан: вистина и прикаска, уметност и верба“, првпат претставена на конференцијата „Филм и вера“ во Ватикан, 2011 година, есејот „Зошто сакам да пишувам и мразам да режирам: исповед на еден сценарист-режисер што се лечи“ претставена на конференцијата на професори по сценарио и режија во Потсдам 2014 година и есејот „Кога некој филм „не е доволно македонски““ од 2022 година.

The post Манчевски: Се менуваме и како луѓе и како уметници appeared first on Република.

]]>
Милчо Манчевски вечерва ќе ја промовира новата книга https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/milcho-manchevski-vecherva-ke-ja-promovira-novata-kniga/ Thu, 01 Feb 2024 07:53:06 +0000 https://republika.mk/?p=739195

Новата книга на нашиот најтрофеен режисер Милчо Манчевски, „Манчевски: Пет есеи“ ќе биде претставена како дел од целовечерна мултимедијална презентација (со проекција на филмови и промоција) на 1 февруари (четврток) во 19 часот во новиот Културен центар „Лабораториум“ (старата печатница на „Нова Македонија“, Бул. „Климент Охридски“ 68) во Скопје.

Издавач на двојазичната книга (македонски и англиски) е Филозофското друштво на Македонија. Предговорот е на проф. д-р Иван Џепароски.

Книгата содржи пет есеи пишувани во различни периоди, кои се резултат на долгогодишните размислувања на Манчевски за уметноста од позиција на уметник во повеќе области (покрај филм, тој твори и во полето на фотографија, ликовни уметности, и книжевност), но и од позиција на педагог. Манчевски долги години работи како професор на постдипломски студии, прво на реномираниот Њујоршки универзитет, од каде произлегуваат Мартин Скорсезе, браќата Коен, Кери Фукунага, Клое Жао (студенти на Манчевски имаат освоено бројни награди, меѓу кои и два Оскари; режисерот на последниот филм за Џејмс Бонд е исто така студент на Манчевски), но и на државните филмски школи во Куба и во Москва, како и во Шангај, Берлин и други.

Размислувањата и анализите на Манчевски резултираат со комплексни есеи кои се претставени на меѓународни конференции. Меѓу нив се и „Засновано на вистински настан: вистина и прикаска, уметност и верба“, првпат претставена на конференцијата „Филм и вера“ во Ватикан, 2011; есејот „Зошто сакам да пишувам и мразам да режирам: исповед на еден сценарист-режисер што се лечи“ претставена на конференцијата на професори по сценарио и режија во Потсдам 2014 и есејот „Кога некој филм ‘не е доволно македонски’“ од 2022.

Kнигата на нашиот бележит режисер и сценарист Милчо Манчевски претставува несекојдневно и особено успешно понирање во тајновидниот свет на творештвото воопшто, како и на конкретното индивидуално искуство поврзано со создавањето на сопствените најзначајни филмски остварувања… Петте есеи во оваа книга не само што нè внесуваат во секогаш возбудливиот свет на авторот и на авторството, туку, едновремено, претставуваат и несомнен придонес за теоријата и историјата на филмот воопшто, како и за теоријата и историјата на македонскиот филм поодделно, и тоа од гледна точка на естетичката теорија на творештвото, како и на категоријата ‘естетско искуство’, односно ‘естетско доживување’“, вели проф. Џепароски во предговорот.

Промотивна реч за книгата ќе одржи проф. д-р Ана Димишковска, а делови од есеите ќе читаат актерите Никола Ристески и Елена Кузманов.

Мултимедијалниот настан под наслов МИЛЧО НА ПРВИ ВТОРИ: ФОКУС МАНЧЕВСКИ продолжува со проекција на наградуваните филмови на Манчевски БИКИНИ МУН (2017, САД), ЧЕТВРТОК (2014, САД) и КРАЈОТ НА ВРЕМЕТО (2017 кубанско-американски).

Ќе бидат презентирани и визуелни моменти од книгата ТАМУ, како и музика од филмовите на Манчевски, а Игор Василев-Новоградска, чест соработник на Манчевски, ќе ја заврши вечерта со музика од оригиналниот саундтрак за филмот БИКИНИ МУН.

The post Милчо Манчевски вечерва ќе ја промовира новата книга appeared first on Република.

]]>

Новата книга на нашиот најтрофеен режисер Милчо Манчевски, „Манчевски: Пет есеи“ ќе биде претставена како дел од целовечерна мултимедијална презентација (со проекција на филмови и промоција) на 1 февруари (четврток) во 19 часот во новиот Културен центар „Лабораториум“ (старата печатница на „Нова Македонија“, Бул. „Климент Охридски“ 68) во Скопје. Издавач на двојазичната книга (македонски и англиски) е Филозофското друштво на Македонија. Предговорот е на проф. д-р Иван Џепароски. Книгата содржи пет есеи пишувани во различни периоди, кои се резултат на долгогодишните размислувања на Манчевски за уметноста од позиција на уметник во повеќе области (покрај филм, тој твори и во полето на фотографија, ликовни уметности, и книжевност), но и од позиција на педагог. Манчевски долги години работи како професор на постдипломски студии, прво на реномираниот Њујоршки универзитет, од каде произлегуваат Мартин Скорсезе, браќата Коен, Кери Фукунага, Клое Жао (студенти на Манчевски имаат освоено бројни награди, меѓу кои и два Оскари; режисерот на последниот филм за Џејмс Бонд е исто така студент на Манчевски), но и на државните филмски школи во Куба и во Москва, како и во Шангај, Берлин и други. Размислувањата и анализите на Манчевски резултираат со комплексни есеи кои се претставени на меѓународни конференции. Меѓу нив се и „Засновано на вистински настан: вистина и прикаска, уметност и верба“, првпат претставена на конференцијата „Филм и вера“ во Ватикан, 2011; есејот „Зошто сакам да пишувам и мразам да режирам: исповед на еден сценарист-режисер што се лечи“ претставена на конференцијата на професори по сценарио и режија во Потсдам 2014 и есејот „Кога некој филм ‘не е доволно македонски’“ од 2022.
Kнигата на нашиот бележит режисер и сценарист Милчо Манчевски претставува несекојдневно и особено успешно понирање во тајновидниот свет на творештвото воопшто, како и на конкретното индивидуално искуство поврзано со создавањето на сопствените најзначајни филмски остварувања… Петте есеи во оваа книга не само што нè внесуваат во секогаш возбудливиот свет на авторот и на авторството, туку, едновремено, претставуваат и несомнен придонес за теоријата и историјата на филмот воопшто, како и за теоријата и историјата на македонскиот филм поодделно, и тоа од гледна точка на естетичката теорија на творештвото, како и на категоријата ‘естетско искуство’, односно ‘естетско доживување’“, вели проф. Џепароски во предговорот.
Промотивна реч за книгата ќе одржи проф. д-р Ана Димишковска, а делови од есеите ќе читаат актерите Никола Ристески и Елена Кузманов. Мултимедијалниот настан под наслов МИЛЧО НА ПРВИ ВТОРИ: ФОКУС МАНЧЕВСКИ продолжува со проекција на наградуваните филмови на Манчевски БИКИНИ МУН (2017, САД), ЧЕТВРТОК (2014, САД) и КРАЈОТ НА ВРЕМЕТО (2017 кубанско-американски). Ќе бидат презентирани и визуелни моменти од книгата ТАМУ, како и музика од филмовите на Манчевски, а Игор Василев-Новоградска, чест соработник на Манчевски, ќе ја заврши вечерта со музика од оригиналниот саундтрак за филмот БИКИНИ МУН.  

The post Милчо Манчевски вечерва ќе ја промовира новата книга appeared first on Република.

]]>
Десетта интернационална награда за „Кајмак“ и Манчевски https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/desetta-internatsionalna-nagrada-za-kajmak-i-manchevski/ Tue, 02 Jan 2024 08:25:25 +0000 https://republika.mk/?p=728856

Филмот „Кајмак“ на најтрофејниот македонски режисер Милчо Манчевски, ја заврши 2023 година со нова меѓународна награда - седма по ред за филмот, а вкупно десетта заедно со трите кои ги доби Манчевски во текот на изминатата година. „Кајмак“ беше прогласен за најдобар филм на фестивалот и-Фест во Палермо, Сицилија, кој заврши на 29 декември. Филмот ја доби Меѓународната награда на Град Палермо, а куриозитет е дека таа е изработена од прославениот сицилијански керамичар Нино Парука кој годинава одбележува пола век творештво.

Фестивалот му оддаде и почит на Манчевски, со почесна проекција на неговиот легендарен филм „Пред дождот“, добитник на Златен лав во Венеција и на номинација за Оскар, како и со мастерклас што режисерот го одржа во Палермо.

Му се радувам на 'Кајмак' оти се покажа дека е едно жилаво филмче - колку повеќе локалната филмска мафија се обидува да нѐ блокира со незаконски средства и него и мене, ние толку повеќе меѓународни награди собираме. На здравје и за многу години“, изјави Манчевски.

„Кајмак“ новата 2024 година ја стартува наскоро во официјална конкуренција за најдобар филм на фестивалот во Буенос Аирес, Аргентина.

„Кајмак” е еден од најуспешните македонски филмови и со најширок пласман во светот. Тој е продаден за редовна дистрибуција во педесетина земји од Европа, Северна Америка, Јужна Америка, Централна Америка, како и во Австралија и Карибите - од Аргентина, Бразил и Мексико до Грција, Кипар и Холандија, од Јамајка, Аруба, Барбадос до Албанија и Бугарија; од Парагвај и Хаити до Суринам, од Гвајана и Ст. Китс и Невис до Данска, Хрватска... Понатамошниот процес на пласман е во тек.

„Кајмак“, македонско-данско-холандско-хрватска копродукција поддржана од Еуримаж, ја имаше светската премиера на фестивалот во Токио (А-категорија) во ноември 2022, потоа продолжи со глобална фестивалска турнеја во Тајпеј, Португалија, Италија, САД, Холандија, Бугарија, Србија, Црна Гора, Албанија, итн. Филмот беше поздравен со неколкуминутни стоечки овации и бројни написи во локалните медиуми. „Кајмак“ беше најгледан филм во Македонија во 2022 година.

The post Десетта интернационална награда за „Кајмак“ и Манчевски appeared first on Република.

]]>

Филмот „Кајмак“ на најтрофејниот македонски режисер Милчо Манчевски, ја заврши 2023 година со нова меѓународна награда - седма по ред за филмот, а вкупно десетта заедно со трите кои ги доби Манчевски во текот на изминатата година. „Кајмак“ беше прогласен за најдобар филм на фестивалот и-Фест во Палермо, Сицилија, кој заврши на 29 декември. Филмот ја доби Меѓународната награда на Град Палермо, а куриозитет е дека таа е изработена од прославениот сицилијански керамичар Нино Парука кој годинава одбележува пола век творештво. Фестивалот му оддаде и почит на Манчевски, со почесна проекција на неговиот легендарен филм „Пред дождот“, добитник на Златен лав во Венеција и на номинација за Оскар, како и со мастерклас што режисерот го одржа во Палермо.
Му се радувам на 'Кајмак' оти се покажа дека е едно жилаво филмче - колку повеќе локалната филмска мафија се обидува да нѐ блокира со незаконски средства и него и мене, ние толку повеќе меѓународни награди собираме. На здравје и за многу години“, изјави Манчевски.
„Кајмак“ новата 2024 година ја стартува наскоро во официјална конкуренција за најдобар филм на фестивалот во Буенос Аирес, Аргентина. „Кајмак” е еден од најуспешните македонски филмови и со најширок пласман во светот. Тој е продаден за редовна дистрибуција во педесетина земји од Европа, Северна Америка, Јужна Америка, Централна Америка, како и во Австралија и Карибите - од Аргентина, Бразил и Мексико до Грција, Кипар и Холандија, од Јамајка, Аруба, Барбадос до Албанија и Бугарија; од Парагвај и Хаити до Суринам, од Гвајана и Ст. Китс и Невис до Данска, Хрватска... Понатамошниот процес на пласман е во тек. „Кајмак“, македонско-данско-холандско-хрватска копродукција поддржана од Еуримаж, ја имаше светската премиера на фестивалот во Токио (А-категорија) во ноември 2022, потоа продолжи со глобална фестивалска турнеја во Тајпеј, Португалија, Италија, САД, Холандија, Бугарија, Србија, Црна Гора, Албанија, итн. Филмот беше поздравен со неколкуминутни стоечки овации и бројни написи во локалните медиуми. „Кајмак“ беше најгледан филм во Македонија во 2022 година.  

The post Десетта интернационална награда за „Кајмак“ и Манчевски appeared first on Република.

]]>
„Кајмак“ на Манчевски го отвори филмскиот фестивал во Тирана https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/kajmak-na-manchevski-go-otvori-filmskiot-festival-vo-tirana/ Mon, 25 Sep 2023 08:02:25 +0000 https://republika.mk/?p=684875

Најновиот филм на најтрофејниот македонски режисер Милчо Манчевски, „Кајмак“ го отвори Филмскиот фестивал во Тирана, Албанија.

Градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај, го нарече „мој херој“ Манчевски во говорот пред премиерата на „Кајмак“. Пречекувајќи го во неговиот кабинет претходниот ден, Велиај го поздрави со зборовите „Кругот не е тркалезен, добредојде во Тирана“, цитирајќи реплика од легендарниот филм „Пред дождот“.

Мајлинда Тафа, албанскиот претставник во Еуримаж изјави: „Конечно Милчо кај нас“, а министерката за култура Елва Маргарити, се заблагодари за извонредните пораки на неговите филмови. Агрон Доми, директорот на фестивалот, го претстави Манчевски со зборовите „мојот омилен режисер“.

„Кајмак“ го отвори фестивалот во присуство на политичката и културна елита на Тирана. На отварањето присуствуваше и македонскиот амбасадор во Албанија, Данчо Марковски, како и амбасадори на шест други држави во Тирана.

Манчевски вчера одржа и мастерклас на тема „Наративни стратегии“, и одговараше на бројни студентски прашања на настанот преполн со професионалци и студенти кој го модерираше претставникот во Еуримаж Мајлинда Тафа.

Минатата недела „Кајмак“ беше дел од ретроспективата на Манчевски на i-fest во Калабрија, Италија, каде режисерот доби и Специјална награда, а минатиот месец филмот освои Награда за најдобар филм на фестивалот Синеквест во Калифорнија, како и Специјално признание на жирито ФЕДЕОРА (Федерација на филмски критичари од Европа и Медитеранот) во Херцег Нови. Од претходните награди за „Кајмак“ се издвојува онаа на фестивалот Фантаспорто во Португалија.

Во јуни „Кајмак“ ја имаше и данската премиера во Копенхаген, а во октомври следува премиерата во Амстердам.

„Кајмак” е еден од македонските филмови кои имаат најширок пласман во светот. Тој е продаден за редовна дистрибуција во педесетина земји од Европа, Северна Америка, Јужна Америка, Централна Америка, Карибите - од Аргентина, Бразил и Мексико до Грција, Кипар и Холандија, од Јамајка, Аруба, Барбадос до Албанија и Бугарија; од Парагвај и Хаити до Суринам, од Гвајана и Ст. Китс и Невис до Данска... Понатамошниот процес на пласман е во тек.

„Кајмак“, македонско-данско-холандско-хрватска копродукција поддржана од Еуримаж, ја имаше светската премиера на фестивалот во Токио (А-категорија), потоа продолжи со глобална фестивалска турнеја во Тајпеј, Португалија, Италија, Бугарија, Србија, Црна Гора, САД итн. Филмот беше поздравен со неколкуминутни стоечки овации и бројни написи во локалните медиуми.

„Кајмак“ беше најгледан филм во Македонија минатата година.

Агенцијата за филм сè уште ги блокира двата проекти на Манчевски, „Кајмак“ и „Збогум, Копакабано!“ (работен наслов „Биста“), спротивно на одлуката на судот и на правното мислење на Министерството за култура. Јавна поддршка за Манчевски изразија Филмскиот фестивал во Венеција, ФИПРЕСЦИ (Федерацијата на здруженија на филмски критичари), Транспаренси интернешнл и Whistleblowing International.

The post „Кајмак“ на Манчевски го отвори филмскиот фестивал во Тирана appeared first on Република.

]]>

Најновиот филм на најтрофејниот македонски режисер Милчо Манчевски, „Кајмак“ го отвори Филмскиот фестивал во Тирана, Албанија. Градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај, го нарече „мој херој“ Манчевски во говорот пред премиерата на „Кајмак“. Пречекувајќи го во неговиот кабинет претходниот ден, Велиај го поздрави со зборовите „Кругот не е тркалезен, добредојде во Тирана“, цитирајќи реплика од легендарниот филм „Пред дождот“. Мајлинда Тафа, албанскиот претставник во Еуримаж изјави: „Конечно Милчо кај нас“, а министерката за култура Елва Маргарити, се заблагодари за извонредните пораки на неговите филмови. Агрон Доми, директорот на фестивалот, го претстави Манчевски со зборовите „мојот омилен режисер“. „Кајмак“ го отвори фестивалот во присуство на политичката и културна елита на Тирана. На отварањето присуствуваше и македонскиот амбасадор во Албанија, Данчо Марковски, како и амбасадори на шест други држави во Тирана. Манчевски вчера одржа и мастерклас на тема „Наративни стратегии“, и одговараше на бројни студентски прашања на настанот преполн со професионалци и студенти кој го модерираше претставникот во Еуримаж Мајлинда Тафа. Минатата недела „Кајмак“ беше дел од ретроспективата на Манчевски на i-fest во Калабрија, Италија, каде режисерот доби и Специјална награда, а минатиот месец филмот освои Награда за најдобар филм на фестивалот Синеквест во Калифорнија, како и Специјално признание на жирито ФЕДЕОРА (Федерација на филмски критичари од Европа и Медитеранот) во Херцег Нови. Од претходните награди за „Кајмак“ се издвојува онаа на фестивалот Фантаспорто во Португалија. Во јуни „Кајмак“ ја имаше и данската премиера во Копенхаген, а во октомври следува премиерата во Амстердам. „Кајмак” е еден од македонските филмови кои имаат најширок пласман во светот. Тој е продаден за редовна дистрибуција во педесетина земји од Европа, Северна Америка, Јужна Америка, Централна Америка, Карибите - од Аргентина, Бразил и Мексико до Грција, Кипар и Холандија, од Јамајка, Аруба, Барбадос до Албанија и Бугарија; од Парагвај и Хаити до Суринам, од Гвајана и Ст. Китс и Невис до Данска... Понатамошниот процес на пласман е во тек. „Кајмак“, македонско-данско-холандско-хрватска копродукција поддржана од Еуримаж, ја имаше светската премиера на фестивалот во Токио (А-категорија), потоа продолжи со глобална фестивалска турнеја во Тајпеј, Португалија, Италија, Бугарија, Србија, Црна Гора, САД итн. Филмот беше поздравен со неколкуминутни стоечки овации и бројни написи во локалните медиуми. „Кајмак“ беше најгледан филм во Македонија минатата година. Агенцијата за филм сè уште ги блокира двата проекти на Манчевски, „Кајмак“ и „Збогум, Копакабано!“ (работен наслов „Биста“), спротивно на одлуката на судот и на правното мислење на Министерството за култура. Јавна поддршка за Манчевски изразија Филмскиот фестивал во Венеција, ФИПРЕСЦИ (Федерацијата на здруженија на филмски критичари), Транспаренси интернешнл и Whistleblowing International.

The post „Кајмак“ на Манчевски го отвори филмскиот фестивал во Тирана appeared first on Република.

]]>
Специјална награда за Милчо Манчевски на фестивалот И-фест во италијанска Калабрија https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/spetsijalna-nagrada-za-milcho-manchevski-na-festivalot-i-fest-vo-italijanska-kalabrija/ Mon, 18 Sep 2023 08:07:39 +0000 https://republika.mk/?p=682778

Уште една награда за најтрофејниот македонски режисер Милчо Манчевски – викендов доби Специјална награда на фестивалот И-фест во Калабрија, Италија. Манчевски е почесен гостин на фестивалот, кој го чествува со Ретроспектива на комплетниот опус, од „Пред дождот“, „Прашина“, „Сенки“, „Мајки“, „Бикини Мун“, „Врба“ и „Кајмак“ до кратките „Четврток“ и „Крајот на времето“. Тој исто така одржа и мастерклас.

Фестивалот објави и соопштение во кое изразува целосна поддршка и солидарност со Манчевски, осудувајќи го политичкиот прогон на кој е тој изложен од македонските власти затоа што пријавил корупција.

Ме изненади наградата и ме потсети на зборовите на тогашниот директор на Венецискиот фестивал, Џило Понтекорво, кога ми ја врачуваше десеттата награда во иста вечер во Венеција: 'Баста, сињор Манчевски'. Ја посветувам наградава на сите оние кои вредно работат на филмовите, без никој да знае за нив: истражувачи, публицисти, правници, дистрибутери…“, изјави Манчевски.

Фестивалот во Калабрија се одржува во Националниот парк Полино, и покрај Манчевски годинава чествува и две италијански легенди, актерката Клаудија Кардинале и режисерот Франко Зефирели. Меѓу гостите се и оскаровците Пол Хагис и Куба Гудинг Јуниор и италијанските ѕвезди Франко Неро и Марија Грација Кучинота.

Последниот филм на Манчевски „Кајмак“ неделава продолжува со фестивалскиот живот. На 23 септември „Кајмак“ го отвора фестивалот во Тирана, Албанија, а ден претходно Манчевски ќе има официјална средба со градоначалникот на Тирана Ерион Велиај.

Следат фестивалите Балкан панорама во Измир, Турција, и „Avant&Una“ во Бихаќ, БиХ, а „Кајмак“ ќе продолжи со фестивалите и во текот на есента.

На почетокот на септември, „Кајмак“ ја освои наградата за Најдобар филм на фестивалот Синеквест во Калифорнија, САД, каде ја имаше и американската премиера, а три дена претходно и специјално признание на жирито ФЕДЕОРА (Федерација на филмски критичари од Европа и Медитеранот) на фестивалот во Херцег Нови, Црна Гора.

Светскиот продажен агент „Левел К“ од Копенхаген го пласираше „Кајмак“ и во Австралија, каде наскоро ќе почне прикажувањето. Инаку, „Кајмак” е еден од македонските филмови кои имаат најширок пласман во светот, продаден е за редовна дистрибуција во педесетина земји од Европа, Северна Америка, Јужна Америка, Централна Америка, Карибите - од Аргентина, Бразил и Мексико до Грција, Кипар и Холандија, од Јамајка, Аруба, Барбадос до Албанија и Бугарија; од Парагвај и Хаити до Суринам, од Гвајана и Ст. Китс и Невис до Данска... Понатамошниот процес на пласман е во тек.

The post Специјална награда за Милчо Манчевски на фестивалот И-фест во италијанска Калабрија appeared first on Република.

]]>

Уште една награда за најтрофејниот македонски режисер Милчо Манчевски – викендов доби Специјална награда на фестивалот И-фест во Калабрија, Италија. Манчевски е почесен гостин на фестивалот, кој го чествува со Ретроспектива на комплетниот опус, од „Пред дождот“, „Прашина“, „Сенки“, „Мајки“, „Бикини Мун“, „Врба“ и „Кајмак“ до кратките „Четврток“ и „Крајот на времето“. Тој исто така одржа и мастерклас. Фестивалот објави и соопштение во кое изразува целосна поддршка и солидарност со Манчевски, осудувајќи го политичкиот прогон на кој е тој изложен од македонските власти затоа што пријавил корупција.
Ме изненади наградата и ме потсети на зборовите на тогашниот директор на Венецискиот фестивал, Џило Понтекорво, кога ми ја врачуваше десеттата награда во иста вечер во Венеција: 'Баста, сињор Манчевски'. Ја посветувам наградава на сите оние кои вредно работат на филмовите, без никој да знае за нив: истражувачи, публицисти, правници, дистрибутери…“, изјави Манчевски.
Фестивалот во Калабрија се одржува во Националниот парк Полино, и покрај Манчевски годинава чествува и две италијански легенди, актерката Клаудија Кардинале и режисерот Франко Зефирели. Меѓу гостите се и оскаровците Пол Хагис и Куба Гудинг Јуниор и италијанските ѕвезди Франко Неро и Марија Грација Кучинота. Последниот филм на Манчевски „Кајмак“ неделава продолжува со фестивалскиот живот. На 23 септември „Кајмак“ го отвора фестивалот во Тирана, Албанија, а ден претходно Манчевски ќе има официјална средба со градоначалникот на Тирана Ерион Велиај. Следат фестивалите Балкан панорама во Измир, Турција, и „Avant&Una“ во Бихаќ, БиХ, а „Кајмак“ ќе продолжи со фестивалите и во текот на есента. На почетокот на септември, „Кајмак“ ја освои наградата за Најдобар филм на фестивалот Синеквест во Калифорнија, САД, каде ја имаше и американската премиера, а три дена претходно и специјално признание на жирито ФЕДЕОРА (Федерација на филмски критичари од Европа и Медитеранот) на фестивалот во Херцег Нови, Црна Гора. Светскиот продажен агент „Левел К“ од Копенхаген го пласираше „Кајмак“ и во Австралија, каде наскоро ќе почне прикажувањето. Инаку, „Кајмак” е еден од македонските филмови кои имаат најширок пласман во светот, продаден е за редовна дистрибуција во педесетина земји од Европа, Северна Америка, Јужна Америка, Централна Америка, Карибите - од Аргентина, Бразил и Мексико до Грција, Кипар и Холандија, од Јамајка, Аруба, Барбадос до Албанија и Бугарија; од Парагвај и Хаити до Суринам, од Гвајана и Ст. Китс и Невис до Данска... Понатамошниот процес на пласман е во тек.  

The post Специјална награда за Милчо Манчевски на фестивалот И-фест во италијанска Калабрија appeared first on Република.

]]>
Лазаревски: Не станува збор за никаков прогон на автор, туку за истраги и постапки за правен субјект во сопственост на господинот Милчо Манчевски https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/lazarevski-ne-stanuva-zbor-za-nikakov-progon-na-avtor-tuku-za-istragi-i-postapki-za-praven-subjekt-vo-sopstvenost-na-gospodinot-milcho-manchevski/ Tue, 08 Aug 2023 12:11:46 +0000 https://republika.mk/?p=669980

Откако утринава беше објавено писмо од Венецискиот филмски фестивал во кое се дава поддршка на режисерот Милчо Манчевски, реагираше директорот на Агенцијата за филм, Бојан Лазаревски.

Во продолжение го пренесуваме во целост отвореното писмо на Лазаревски.

Почитуван господине Алберто Барбера, директор на Венецискиот филмски фестивал, почитувани Франческо Раниери Мартиноти претседател на „АНАК-Аутори“ (ANAC-Autori) и Франческа Коменини претседателка на на „Ченто Аутори“ (Cento Autori),

Изразуваме огромно жалење што вие како први луѓе на филмскиот фестивал во Венеција и филмските професионалци во Италија сте доведени во заблуда, без да ги знаете фактите и вистината и што на овој начин дополнително правите притисок на јавноста и институциите во нашата држава.

Во конкретниот случај за кој реагирате, не станува збор за никаков прогон на автор (режисер и сценарист), туку станува збор за истраги и постапки за правен субјект во сопственост на господинот Милчо Манчевски, односно правни постапки за расчистување на финансиски злоупотреби,  недоставување на финансиски извештаи за потрошени 900.000 евра, како и низа други индиции.

Институцијата која ја споменувате, Агенцијата за филм на РСМ веќе 14 години нема одбиено ниту едно барање за финансиска поддршка на режисерот Манчевски. Актуелното раководство во последниве 5 години на истоимениот режисер му има одобрено средства во висина од 2,3 милиони евра.

Искрено се надеваме дека ќе го увидите овој пропуст, ќе ја разберете нашата реакција и во интерес на правдата и Законот ќе го повлечете писмото со што без дополнителен надворешен притисок ќе се даде простор на независните институции на нашата држава, која е аспирант за членство во Европска унија, да ги утврдат спорните факти и да донесат соодветни правни одлуки.

Како прв човек на Агенцијата за филм на РСМ, уште еднаш сакам да повторам дека РСМ не врши никаков политички или каков било друг притисок врз Манчевски, ниту пак има вакви постапки за било кој друг автор.

Убеден сум дека и вие сте на страната на правдата и законот, кога станува збор за финансирање и трошење на средствата од јавните фондови за поддршка на филмската уметност.

Со почит

Бојан Лазаревски, директор на АФРСМ

https://republika.mk/scena/film/pismo-so-poddrshka-od-venetsiskot-filmski-festival-za-makedonskiot-rezhiser-milcho-manchevski/

The post Лазаревски: Не станува збор за никаков прогон на автор, туку за истраги и постапки за правен субјект во сопственост на господинот Милчо Манчевски appeared first on Република.

]]>

Откако утринава беше објавено писмо од Венецискиот филмски фестивал во кое се дава поддршка на режисерот Милчо Манчевски, реагираше директорот на Агенцијата за филм, Бојан Лазаревски. Во продолжение го пренесуваме во целост отвореното писмо на Лазаревски.
Почитуван господине Алберто Барбера, директор на Венецискиот филмски фестивал, почитувани Франческо Раниери Мартиноти претседател на „АНАК-Аутори“ (ANAC-Autori) и Франческа Коменини претседателка на на „Ченто Аутори“ (Cento Autori), Изразуваме огромно жалење што вие како први луѓе на филмскиот фестивал во Венеција и филмските професионалци во Италија сте доведени во заблуда, без да ги знаете фактите и вистината и што на овој начин дополнително правите притисок на јавноста и институциите во нашата држава. Во конкретниот случај за кој реагирате, не станува збор за никаков прогон на автор (режисер и сценарист), туку станува збор за истраги и постапки за правен субјект во сопственост на господинот Милчо Манчевски, односно правни постапки за расчистување на финансиски злоупотреби,  недоставување на финансиски извештаи за потрошени 900.000 евра, како и низа други индиции. Институцијата која ја споменувате, Агенцијата за филм на РСМ веќе 14 години нема одбиено ниту едно барање за финансиска поддршка на режисерот Манчевски. Актуелното раководство во последниве 5 години на истоимениот режисер му има одобрено средства во висина од 2,3 милиони евра. Искрено се надеваме дека ќе го увидите овој пропуст, ќе ја разберете нашата реакција и во интерес на правдата и Законот ќе го повлечете писмото со што без дополнителен надворешен притисок ќе се даде простор на независните институции на нашата држава, која е аспирант за членство во Европска унија, да ги утврдат спорните факти и да донесат соодветни правни одлуки. Како прв човек на Агенцијата за филм на РСМ, уште еднаш сакам да повторам дека РСМ не врши никаков политички или каков било друг притисок врз Манчевски, ниту пак има вакви постапки за било кој друг автор. Убеден сум дека и вие сте на страната на правдата и законот, кога станува збор за финансирање и трошење на средствата од јавните фондови за поддршка на филмската уметност.   Со почит Бојан Лазаревски, директор на АФРСМ
https://republika.mk/scena/film/pismo-so-poddrshka-od-venetsiskot-filmski-festival-za-makedonskiot-rezhiser-milcho-manchevski/

The post Лазаревски: Не станува збор за никаков прогон на автор, туку за истраги и постапки за правен субјект во сопственост на господинот Милчо Манчевски appeared first on Република.

]]>
Писмо со поддршка од Венецискот филмски фестивал за македонскиот режисер Милчо Манчевски https://arhiva3.republika.mk/scena/film/pismo-so-poddrshka-od-venetsiskot-filmski-festival-za-makedonskiot-rezhiser-milcho-manchevski/ Tue, 08 Aug 2023 07:11:01 +0000 https://republika.mk/?p=669889

Венецискиот филмски фестивал, најстариот во светот, објави писмо со поддршка за македонскиот режисер Милчо Манчевски против политичкиот прогон врз него како укажувач на корупција во Македонија.

Писмото објавено на сајтот на Фестивалот е потпишано од директорот Алберто Барбера и претседателите на двете италијански здруженија на филмските автори, Франческо Раниери Мартиноти на здружението „АНАК-Аутори“ (ANAC-Autori) и Франческа Коменини на „Ченто Аутори“ (Cento Autori). Ова е редок гест на една од најреномираните институции во светот.

Линк до писмото:  https://www.labiennale.org/en/news/letter-milcho-manchevski

Во писмото се вели:

Почитуван г. Манчевски,

Исклучително ни е жал што слушаме дека се соочувате со масовна политичка кампања на клевети, лични закани и политичка и професионална црна листа.

Потписниците на ова писмо – кое ја покажува загриженоста што ја делат Венецискиот филмски фестивал и двете италијански здруженија кои ги претставуваат авторите и филмаџиите на нашата земја: ANAC-Autori и Cento Autori – сакаат да ви ја изразат нашата безусловна солидарност.

Ја знаеме и цениме вашата работа како уметник, која секогаш се одликува со критериуми на апсолутна етичка и морална коректност, на експресивна доследност поттикната од силно чувство на општествена одговорност и интелектуална чесност. Уште од вашиот прв филм „Пред дождот“, кој го освои Златниот лав за најдобар филм на Филмскиот фестивал во Венеција во 1994 година, и кој помогна целиот свет да дознае за постоењето и квалитетот на кинематографијата во Македонија. А потоа, преку вашите подоцнежни дела, меѓу кои и оние создадени надвор од вашата матична земја, со постојана цел да се вратите таму еден ден (како што и сторивте), да помогнете во зајакнувањето на филмската индустрија која сè уште има потреба од поддршка за да продолжи да расте.

Затоа уште повеќе се чудиме што вашето храбро осудување на неправилностите направени од агенцијата одговорна за поддршка на македонската кинематографија беше проследено со неверојатна кампања на прогон и континуирано непријателство од страна на агенцијата чие недолично однесување, згора на сè, беше потврдено.

Искрено се надеваме дека претстојното објавување на резултатите од новата истрага спроведена од страна на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), конечно ќе ја расветли целата ситуација и ќе стави крај на прогонот што го претрпевте досега.

Искрено,

Алберто Барбера, Директор, Венециски филмски фестивал

Франческо Раниери Мартиноти, претседател на ANAC-Autori

Франческа Коменчини, претседателка на Cento Autori“

Манчевски е дел од славната историја на Венецискиот фестивал: во 1994 година „Пред дождот“ го освои Златниот лав, во 2001 година „Прашина“ го отвори фестивалот, а во 2013 година по повод 70 роденден на фестивалот, Манчевски беше поканет во екипата режисери да сними краток филм и „Четврток“ беше дел од таа селекција. Манчевски во 2012 беше и во жирито во венециската програма Хоризонти.

Просто ми е непријатно што дури и една Венеција сега се бави со корупцијата и политичкиот прогон во Македонија. Корупцијата, местењето конкурси и крадењето треба да запрат во Агенцијата за филм и во ДФРМ. Не сум единствен кој очекува дека Владата и Обвинителството доблесно ќе постапат, вели Манчевски.

The post Писмо со поддршка од Венецискот филмски фестивал за македонскиот режисер Милчо Манчевски appeared first on Република.

„Банана филм“ поднесе кривични пријави против раководството на Агенцијата за филм https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/banana-film-podnese-krivichni-prijavi-protiv-rakovodstvoto-na-agentsijata-za-film/ Thu, 29 Jun 2023 12:04:29 +0000 https://republika.mk/?p=656416

„Банана филм“, продуцентската куќа на најтрофејниот македонски режисер Милчо Манчевски, поднесе кривични пријави против финансискиот советник на Агенцијата за филм, Бранко Петровски, против претседателот на Управниот одбор Игор Шокаровски и против членката на Управниот одбор, правникот Снежана Станковиќ. Тие најавуваат уште кривични пријави.

Петровски се обвинува за злоупотреба на службена положба која произлегува од конфликт на интереси. Станковиќ и Шокаровски се теретат за донесување одлуки на Управниот одбор на Агенцијата за филм кои се противзаконски.

„Банана филм“ ги повикува Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, вицеприемерката за борба против корупција Славица Грковска, вицепремиерот Артан Груби и премиерот Ковачевски да го казнат криминалот во редовите на владејачката коалиција и на институциите кои таа ги контролира, како што е Агенцијата за филм.

Ја поздравуваме акцијата на американскиот Стејт департмент и во тој дух ги повикуваме и засегнатите страни од меѓународната заедница кои досега предупредуваа за корупцијата во Македонија да се посветат на овој конкретен случај затоа што зад него се кријат многу незаконити работи, велат од продукцијата.

Поради индиции изнесени во ревизорскиот извештај на Државниот завод за ревизија, „Банана филм“ побара и од Финансиска полиција да изврши увид во работата на ДФРМ, но и на шест фирми во директна и индиректна сопственост (преку нивните семејства) на претседателот на Друштвото Игор Иванов-Изи од династијата Иванови и секретарот на друштвото Томислав Салковски, како и на нивните политичките заштитници.

„Банана филм“ достави барање и до Комисијата за заштита на конкуренција да ја испита недозволената државна помош од Агенцијата за филм до ДФРМ, која веќе беше констатираната во извештајот на Министерството за култура од 2020, но и во новиот извештај на ДЗР, со барање таа да се укине и да се вратат досега противзаконски доделените 120.000 евра од државна каса до ДФРМ.

Сите опфатени во кривичната пријава, според „Банана филм“ остварувале противправна лична корист од своите незаконски постапки.

Сознанијата врз кои се базираат кривичните пријави произлегуваат од наодите на Државниот завод за ревизија (ДЗР), Антикорупциска комисија (ДКСК), извештаи и инспекции при Министерството за култура и Транспаренси интернешнл.

Поднесени се и две тужби против Агенцијата за филм поради нанесување штета на оваа продуцентска куќа.

Од „Банана филм“ велат и: „После бројни укажувања, решивме да поднесеме кривични пријави базирани врз наодите на државните институции и на невладините организации затоа што – и покрај сè – УШТЕ ВЕРУВАМЕ ВО ИНСТИТУЦИИТЕ. Алтернативата е хаос, беззаконие, апатија и капитулација пред семејни и партиски врски.“

По негативниот извештај на ДЗР за работата на Агенцијата, и Транспаренси интернешнл објави нова анализа на работењето на Агенцијата. Во него, меѓу другото, се вели:

Индикативен е моментот кој е избран да се постапува по однос на проектите реализирани од страна на режисерот Милчо Манчевски, затоа што упатува на можност за освета кон лице кое поднело пријава и побарало да се испитаат состојбите на судир на интереси. Согласно законот за спречување на корупција никој не смее да трпи последици за пријавување на случај на коруптивно однесување. Исто така и Кривичниот законик предвидува казнена одредба доколку не се пријави незаконито постапување за кое некој ќе дознае во рамки на своето службено постапување.“

Во соопштението на Транспаренси се вели и следново:

За илустрација во однос на критериумите и односот кон авторите пренесуваме извадок од резимето за успешност на авторот Милчо Манчевски, чиј труд целосно се девалвира со негативна кампања поттикната од пријавување на судир на интереси:

- Странските инвестиции во шесте македонски филмови на Милчо Манчевски (Пред дождот, Прашина, Сенки, Мајки, Врба и Кајмак) изнесуваат 16.85 милиони евра, во најголем дел потрошени во Македонија.

- Филмовите на Манчевски, претставуваат и една од најголемите странски инвестиции во државата, покрај значењето за културата на Македонија и за меѓународната промоција на македонската култура и јазик.

- Од 1994 досега прикажани се на над 300 фестивали, освоиле стотина награди, меѓу кои и Златен лав и номинација за Оскар и играле во кино и на ТВ во над 100 земји, а влезени се и во наставната програма во повеќе земји.

- Односот на странски инвестиции и домашни инвестиции во филмовите на Манчевски е 77.65% странски инвестиции (државни фондови на Велика Британија, Франција, Германија, Данска, Италија, Унгарија, Холандија, Белгија, Хрватска, Албанија, Шпанија и Бугарија, како и паневропскиот фонд Еуримаж), а 22.35% домашни (Министерство за култура, Филмски фонд или Агенција за филм)​“, се вели во соопштението на Транспаренси интернешнл.

The post „Банана филм“ поднесе кривични пријави против раководството на Агенцијата за филм appeared first on Република.

]]>

„Банана филм“, продуцентската куќа на најтрофејниот македонски режисер Милчо Манчевски, поднесе кривични пријави против финансискиот советник на Агенцијата за филм, Бранко Петровски, против претседателот на Управниот одбор Игор Шокаровски и против членката на Управниот одбор, правникот Снежана Станковиќ. Тие најавуваат уште кривични пријави. Петровски се обвинува за злоупотреба на службена положба која произлегува од конфликт на интереси. Станковиќ и Шокаровски се теретат за донесување одлуки на Управниот одбор на Агенцијата за филм кои се противзаконски. „Банана филм“ ги повикува Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, вицеприемерката за борба против корупција Славица Грковска, вицепремиерот Артан Груби и премиерот Ковачевски да го казнат криминалот во редовите на владејачката коалиција и на институциите кои таа ги контролира, како што е Агенцијата за филм.
Ја поздравуваме акцијата на американскиот Стејт департмент и во тој дух ги повикуваме и засегнатите страни од меѓународната заедница кои досега предупредуваа за корупцијата во Македонија да се посветат на овој конкретен случај затоа што зад него се кријат многу незаконити работи, велат од продукцијата.
Поради индиции изнесени во ревизорскиот извештај на Државниот завод за ревизија, „Банана филм“ побара и од Финансиска полиција да изврши увид во работата на ДФРМ, но и на шест фирми во директна и индиректна сопственост (преку нивните семејства) на претседателот на Друштвото Игор Иванов-Изи од династијата Иванови и секретарот на друштвото Томислав Салковски, како и на нивните политичките заштитници. „Банана филм“ достави барање и до Комисијата за заштита на конкуренција да ја испита недозволената државна помош од Агенцијата за филм до ДФРМ, која веќе беше констатираната во извештајот на Министерството за култура од 2020, но и во новиот извештај на ДЗР, со барање таа да се укине и да се вратат досега противзаконски доделените 120.000 евра од државна каса до ДФРМ. Сите опфатени во кривичната пријава, според „Банана филм“ остварувале противправна лична корист од своите незаконски постапки. Сознанијата врз кои се базираат кривичните пријави произлегуваат од наодите на Државниот завод за ревизија (ДЗР), Антикорупциска комисија (ДКСК), извештаи и инспекции при Министерството за култура и Транспаренси интернешнл. Поднесени се и две тужби против Агенцијата за филм поради нанесување штета на оваа продуцентска куќа. Од „Банана филм“ велат и: „После бројни укажувања, решивме да поднесеме кривични пријави базирани врз наодите на државните институции и на невладините организации затоа што – и покрај сè – УШТЕ ВЕРУВАМЕ ВО ИНСТИТУЦИИТЕ. Алтернативата е хаос, беззаконие, апатија и капитулација пред семејни и партиски врски.“ По негативниот извештај на ДЗР за работата на Агенцијата, и Транспаренси интернешнл објави нова анализа на работењето на Агенцијата. Во него, меѓу другото, се вели:
Индикативен е моментот кој е избран да се постапува по однос на проектите реализирани од страна на режисерот Милчо Манчевски, затоа што упатува на можност за освета кон лице кое поднело пријава и побарало да се испитаат состојбите на судир на интереси. Согласно законот за спречување на корупција никој не смее да трпи последици за пријавување на случај на коруптивно однесување. Исто така и Кривичниот законик предвидува казнена одредба доколку не се пријави незаконито постапување за кое некој ќе дознае во рамки на своето службено постапување.“
Во соопштението на Транспаренси се вели и следново:
За илустрација во однос на критериумите и односот кон авторите пренесуваме извадок од резимето за успешност на авторот Милчо Манчевски, чиј труд целосно се девалвира со негативна кампања поттикната од пријавување на судир на интереси:
- Странските инвестиции во шесте македонски филмови на Милчо Манчевски (Пред дождот, Прашина, Сенки, Мајки, Врба и Кајмак) изнесуваат 16.85 милиони евра, во најголем дел потрошени во Македонија. - Филмовите на Манчевски, претставуваат и една од најголемите странски инвестиции во државата, покрај значењето за културата на Македонија и за меѓународната промоција на македонската култура и јазик. - Од 1994 досега прикажани се на над 300 фестивали, освоиле стотина награди, меѓу кои и Златен лав и номинација за Оскар и играле во кино и на ТВ во над 100 земји, а влезени се и во наставната програма во повеќе земји. - Односот на странски инвестиции и домашни инвестиции во филмовите на Манчевски е 77.65% странски инвестиции (државни фондови на Велика Британија, Франција, Германија, Данска, Италија, Унгарија, Холандија, Белгија, Хрватска, Албанија, Шпанија и Бугарија, како и паневропскиот фонд Еуримаж), а 22.35% домашни (Министерство за култура, Филмски фонд или Агенција за филм)​“, се вели во соопштението на Транспаренси интернешнл.  

The post „Банана филм“ поднесе кривични пријави против раководството на Агенцијата за филм appeared first on Република.

]]>
Премиера на „Кајмак“ во Копенхаген https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/premiera-na-kajmak-vo-kopenhagen/ Mon, 19 Jun 2023 07:52:20 +0000 https://republika.mk/?p=652967

Најновиот филм на Милчо Манчевски, „Кајмак“ вечерва ќе ја доживее данската премиера. Филмот ќе биде прикажан во Копенхаген.

Паралелно со ова, минатата седмица Албанскиот филмски центар објави дека следниот проект на Манчевски, „Збогум, Копакабано!“ - работен наслов „Биста“ - ја освои поддршката на албанскиот државен фонд. Албанија е само еден од повеќето странски партнери во идниот филм на Манчевски, во „Кајмак“ копродуценти беа Холандија, Данска, Хрватска и паневропскиот фонд Еуримаж. Во исто време, Агенцијата за филм на Македонија ја блокираше својата поддршка за обата филма на Манчевски. Со одлука на УО на Агенцијата од минатиот месец, стопирана е поддршката на оваа државна институција и за „Кајмак“ и за „Збогум, Копакабано!“ - работен наслов „Биста“, иако обата филма претходно беа поддржани од истата Агенција. Министерството за култура ја оцени одлуката на УО како незаконска, велат од тимот на Манчевски.

Оттаму потсетуваат дека „Кајмак“ ја имаше светската премиера на фестивалот од А-категорија во Токио, а потоа продолжи со фестивалска турнеја во Тајпеј, Португалија, Италија, Бугарија, Србија, САД и други земји.

Светскиот продажен агент, „Левел К“ од Копенхаген го пласираше филмот за редовна дистрибуција во педесетина земји од Европа, Северна Америка, Јужна Америка, Централна Америка, Карибите... „Кајмак“ беше најгледан филм во Македонија минатата година, се наведува во денешното соопштение.

The post Премиера на „Кајмак“ во Копенхаген appeared first on Република.

„Банана филм“: Манчевски со години пријавува корупција во Агенција за филм, инспекција не увиде корупција кај продуцентот https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/banana-film-manchevski-so-godini-prijavuva-koruptsija-vo-agentsija-za-film-inspektsija-ne-uvide-koruptsija-kaj-produtsentot/ Fri, 19 May 2023 08:17:18 +0000 https://republika.mk/?p=642538

„Агенцијата за филм лаже дека инспекцијата на Министерството за култура нашла неправилности во работата на „Банана филм“, за да го дефокусира вниманието од нејзиното незаконско работење и како одмазда затоа што нивниот криминал е пријавен до надлежните институции“, се вели во демантот на продуцентската куќа.

https://republika.mk/vesti/kultura/agentsija-za-film-go-prekina-finansiraneto-na-filmovite-na-manchevski-imalo-nedoslednosti-vo-finalnite-izveshtai/

„Ниеден надлежен орган не утврдил неправилности во работата на „Банана филм“ и ниту еден надлежен орган во моментов не води постапка против оваа продуцентска куќа. Напротив, неколку институции веќе заклучиле дека Агенцијата за филм работи незаконски.

Според Записникот на инспекцијата на Министерството за култура од 4 април 2023 година, инспекторот јасно и недвосмислено утврдил дека нема неправилности во работата на „Банана филм“, поради што и ја запрел постапката за инспекциски надзор.

Записникот вели: „Не е утврдено ненаменско или спротивно на договорот користење на средства добиени од Агенцијата за филм, од причина што корисникот на средствата се придржувал кон финансискиот и оперативен план согласно Законот за филмска дејност“.

Да потсетиме дека инспекцијата на Министерството за култура ја разгледуваше работата на „Банана филм“ по барање токму на Агенцијата за филм. Ги повикуваме медиумите и јавноста да побараат коментар од самото Министерство или да го побараат записникот ИП.бр.57-27 од 04.04.2023 година и да заклучат на дело како Агенцијата лаже.

Филмовите на „Банана филм“ се резултат на меѓународни копродукции и поминуваат со позитивни оценки низ домашни и странски ревизии, како и на паневропскиот фонд Еуримаж, и низ инспекција на Министерството за култура.

Истакнуваме дека имаме добиено и позитивен извештај токму од истата таа Агенција за сите наши филмови – „Мајки“ (2010), „Врба“ (2019) и „Кајмак“ (2022).

Групата која сега незаконски владее со Агенцијата за филм ја пласира лагата за наводни неправилности во „Банана филм“ за да го дискредитира најтрофејниот македонски режисер Милчо Манчевски и неговите домашни и меѓународни успеси кои се без преседан во современата македонска култура.

Оваа кривична пријава е поднесена со цел да се оправдаат најмалку две незаконски постапки на Агенцијата – незаконското одбивање да се доисплатат средствата кои според правосилниот договор Агенцијата ѝ ги должи на „Банана филм“ за завршениот филм „Кајмак“ кој од минатата година со успех го обиколува светот, како и незаконското одбивање на Агенцијата да потпише договор за проектот на „Банана филм“, „Биста“, кој беше поддржан како филм од национален интерес на конкурсот на истата таа Агенција од мината година.

Лагата на Агенцијата и кривичната пријава имаат за цел и да се одвлече вниманието на јавноста од катастрофалните извештаи за работата на Агенцијата: (1) на Државниот завод за ревизија, во кој е изразено неповолно мислење за работата на Агенцијата за филм, со бројни наоди за незаконска работа („Со извршената ревизија изразивме неповолно мислење во однос на вистинската објективност на финансиските извештаи и за усогласеноста на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива, упатства и воспоставени политики за 2021 година“), (2) на Транспаренси Интернешнал Македонија (со наоди за судир на интереси и концентрација на моќ) (https://transparency.mk/2023/03/14/transparensi-interneshnl-makedoni%d1%98a-konstatira-sudir-na-interesi-vo-rabote%d1%9aeto-na-agenczi%d1%98ata-za-film/) (3) на Министерството за култура кое има негативно мислење по Годишните извештаи за работа на Агенцијата , (4) на инспекцијата при Министерството за култура кое констатирало судир на интереси во Агенцијата, но и од фактот дека (5) Антикорупциската комисија активно ја истражува работата на Агенцијата и ДФРМ и дека (6) лани заклучи судир на интереси.

Сериозни поплаки од повеќе филмаџии против Агенцијата и ДФРМ има и до вицепремиерката за антикорупција Славица Грковска, и тоа може да се провери во нејзиниот кабинет.

И самиот Манчевски, изминативе неколку години со пријави до надлежните институции укажал на корупција во Агенцијата за филм.

Правниот тим на „Банана филм“ подготвува тужби и кривични пријави против луѓе во Агенцијата за филм и други за кршење на законот по повеќе основи, како и за попречување на нашата професионална работа, за клевета и за замолчување укажувачи на корупција.

Како продуцентска куќа која стои зад филмски проекти кои се културно наследство на Македонија, и покрај сè, ние веруваме во институциите и во нивната чесна работа за одбрана на јавниот интерес.

Ја повикуваме Владата, откако ќе ги разгледа негативните извештаи за работата на Агенцијата за филм да ги разреши директорот и Управниот одбор поради бројните негативни оценки од релевантните институции, а Обвинителството го повикуваме да отвори истрага против нив, се вели во демантот.

The post „Банана филм“: Манчевски со години пријавува корупција во Агенција за филм, инспекција не увиде корупција кај продуцентот appeared first on Република.

]]>

„Агенцијата за филм лаже дека инспекцијата на Министерството за култура нашла неправилности во работата на „Банана филм“, за да го дефокусира вниманието од нејзиното незаконско работење и како одмазда затоа што нивниот криминал е пријавен до надлежните институции“, се вели во демантот на продуцентската куќа. https://republika.mk/vesti/kultura/agentsija-za-film-go-prekina-finansiraneto-na-filmovite-na-manchevski-imalo-nedoslednosti-vo-finalnite-izveshtai/
„Ниеден надлежен орган не утврдил неправилности во работата на „Банана филм“ и ниту еден надлежен орган во моментов не води постапка против оваа продуцентска куќа. Напротив, неколку институции веќе заклучиле дека Агенцијата за филм работи незаконски.
Според Записникот на инспекцијата на Министерството за култура од 4 април 2023 година, инспекторот јасно и недвосмислено утврдил дека нема неправилности во работата на „Банана филм“, поради што и ја запрел постапката за инспекциски надзор. Записникот вели: „Не е утврдено ненаменско или спротивно на договорот користење на средства добиени од Агенцијата за филм, од причина што корисникот на средствата се придржувал кон финансискиот и оперативен план согласно Законот за филмска дејност“.
Да потсетиме дека инспекцијата на Министерството за култура ја разгледуваше работата на „Банана филм“ по барање токму на Агенцијата за филм. Ги повикуваме медиумите и јавноста да побараат коментар од самото Министерство или да го побараат записникот ИП.бр.57-27 од 04.04.2023 година и да заклучат на дело како Агенцијата лаже.
Филмовите на „Банана филм“ се резултат на меѓународни копродукции и поминуваат со позитивни оценки низ домашни и странски ревизии, како и на паневропскиот фонд Еуримаж, и низ инспекција на Министерството за култура. Истакнуваме дека имаме добиено и позитивен извештај токму од истата таа Агенција за сите наши филмови – „Мајки“ (2010), „Врба“ (2019) и „Кајмак“ (2022). Групата која сега незаконски владее со Агенцијата за филм ја пласира лагата за наводни неправилности во „Банана филм“ за да го дискредитира најтрофејниот македонски режисер Милчо Манчевски и неговите домашни и меѓународни успеси кои се без преседан во современата македонска култура.
Оваа кривична пријава е поднесена со цел да се оправдаат најмалку две незаконски постапки на Агенцијата – незаконското одбивање да се доисплатат средствата кои според правосилниот договор Агенцијата ѝ ги должи на „Банана филм“ за завршениот филм „Кајмак“ кој од минатата година со успех го обиколува светот, како и незаконското одбивање на Агенцијата да потпише договор за проектот на „Банана филм“, „Биста“, кој беше поддржан како филм од национален интерес на конкурсот на истата таа Агенција од мината година.
Лагата на Агенцијата и кривичната пријава имаат за цел и да се одвлече вниманието на јавноста од катастрофалните извештаи за работата на Агенцијата: (1) на Државниот завод за ревизија, во кој е изразено неповолно мислење за работата на Агенцијата за филм, со бројни наоди за незаконска работа („Со извршената ревизија изразивме неповолно мислење во однос на вистинската објективност на финансиските извештаи и за усогласеноста на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива, упатства и воспоставени политики за 2021 година“), (2) на Транспаренси Интернешнал Македонија (со наоди за судир на интереси и концентрација на моќ) (https://transparency.mk/2023/03/14/transparensi-interneshnl-makedoni%d1%98a-konstatira-sudir-na-interesi-vo-rabote%d1%9aeto-na-agenczi%d1%98ata-za-film/) (3) на Министерството за култура кое има негативно мислење по Годишните извештаи за работа на Агенцијата , (4) на инспекцијата при Министерството за култура кое констатирало судир на интереси во Агенцијата, но и од фактот дека (5) Антикорупциската комисија активно ја истражува работата на Агенцијата и ДФРМ и дека (6) лани заклучи судир на интереси. Сериозни поплаки од повеќе филмаџии против Агенцијата и ДФРМ има и до вицепремиерката за антикорупција Славица Грковска, и тоа може да се провери во нејзиниот кабинет. И самиот Манчевски, изминативе неколку години со пријави до надлежните институции укажал на корупција во Агенцијата за филм. Правниот тим на „Банана филм“ подготвува тужби и кривични пријави против луѓе во Агенцијата за филм и други за кршење на законот по повеќе основи, како и за попречување на нашата професионална работа, за клевета и за замолчување укажувачи на корупција.
Како продуцентска куќа која стои зад филмски проекти кои се културно наследство на Македонија, и покрај сè, ние веруваме во институциите и во нивната чесна работа за одбрана на јавниот интерес. Ја повикуваме Владата, откако ќе ги разгледа негативните извештаи за работата на Агенцијата за филм да ги разреши директорот и Управниот одбор поради бројните негативни оценки од релевантните институции, а Обвинителството го повикуваме да отвори истрага против нив, се вели во демантот.
 
The post „Банана филм“: Манчевски со години пријавува корупција во Агенција за филм, инспекција не увиде корупција кај продуцентот appeared first on Република.

]]>
Ретроспектива на Манчевски и премиера на „Кајмак“ на Софија филм фестивал каде што македонскиот режисер е на чело на меѓунаодното жири https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/retrospektiva-na-manchevski-i-premiera-na-kajmak-na-sofija-film-festival-kade-shto-makedonskiot-rezhiser-e-na-chelo-na-megunaodnoto-zhiri/ Fri, 17 Mar 2023 07:55:24 +0000 https://republika.mk/?p=620559

Интернационалниот филмски фестивал во Софија претставува целосна ретроспектива на творештвото на најтрофејниот македонски режисер, Милчо Манчевски – неговите седум долгометражни филмови и две од краткометражните дела. Ова ќе биде бугарска премиера на неговиот најнов филм, „Кајмак“.

Ретроспектива на целосното творештво е едно од оние специјални задоволства – гледаш каде ти оди гласот. Го поминуваш животот правејќи уметност, се внесуваш и жртвуваш и убаво ти е; и гледаш дека има луѓе што тоа го следат, твојата уметност ги радува, им значи, им влијае на тоа како размислуваат.

Милчо Манчевски е еден од ретките македонски режисери кој ја имал честа да бидат организирани десетина меѓународни ретроспективи на неговиот опус досега.

Манчевски ја има и честа да биде претседател на главното жири на 27. Издание на фестивалот, кој се отвори синоќа и ќе трае до 31 март.

Во последните неколку децении, Софија филм фест ѝ ги претставува на домашната публика делата на Манчевски, кои имаат извонредно влијание, демонстрираат мајсторско чувство за пресоздавање психолошки портрети и стануваат омилени на публиката. Годинава, одлучивме за овој режисер од светски ранг да ги претставиме ретроспективно неговите филмови, соопшти Фестивалот.

Ќе бидат прикажани „Пред дождот„, „Прашина“, „Сенки“, „Мајки“, „Бикини Мун“, „Врба“, „Кајмак“, „Четврток“ и „Крајот на времето“. Сите филмови се добитници на фестивалски и други меѓународни награди.

Проекцијата на „Кајмак“ е на 18 март, а ќе присуствува и режисерот и дел од актерката екипа.

Манчевски последен пат гостуваше во Софија во 2020 за да го претстави „Врба“, кога доби и специјална награда на фестивалот.

Жирито предводено од Манчевски треба да го избере добитникот на Главната награда на Фестивалот од 12 номинирани филмови, а ќе бидат доделени и награди за најдобар балкански филм, за документарен филм, за бугарски краткометражен филм и за најдобар филм на младински теми. Главно мото на годишното издание на СФФ е „зелената идеја“ за справување со климатските промени и заложбите за зголемување на „белите дробови“ на планетата Земја. СФФ ќе има свои изданија и во Пловдив од 17 март до 2 април, во Варна од 24 март до 2 април и во Бургас од 30 март до 7 април.

На почетокот на месецов, „Кајмак“ ја освои Специјалната награда на жирито во престижната програма Недела на режисерите на фестивалот Фантаспорто во Порто, Португалија, а магазинот „Лаксанте“ го оцени филмот со четири ѕвезди и напиша:

„Манчевски повторно создава моменти на голема емоционална и скулптурална убавина, со прекрасна фотографија која успева да го одржи формалното единство без оглед на тоа дали делува во комичниот или во драмскиот регистар. Резултатот е екстремно хуман и прекрасен филм, ама истовремено и филм што е искрен и сиров. Уште еден пример за големината на кинематографијата на Милчо Манчевски.

Во исто време „Кајмак“ беше прикажан и на ФЕСТ во Белград, каде сите три проекции беа однапред распорадени, а актерката екипа од филмот, која присустувуваше на премиерата доживеа огромен аплауз.

„Кајмак“ е седми филм на Манчевски, и е црна комедија и критика на малограѓанскиот морал и на илибералните тенденции во општеството. Беше најгледан филм во Македонија во 2022, а светската премиера ја имаше на филмскиот фестивал во Токио.

„Кајмак“ е македонско-данско-холандско-хрватска копродукција во соработка со МРТВ, а поддржана од Еуримаж. Главните улоги ги толкуваат: Сара Климоска, Александар Микиќ, Камка Тоциновски, Симона Спировска, Ана Стојановска, Филип Трајковиќ и Петар Мирчевски. Продуцент е Јане Ќортошев, директор на фотографија Улрик Боел Бенцен, дизајнер Дејвид Манс, монтажер Емил Нунинга, музиката е на Дејниш стринг квартет и Игор Василев-Новоградска, кастингот е на Милка Анчевска, а маската на Марио Микисанти.

The post Ретроспектива на Манчевски и премиера на „Кајмак“ на Софија филм фестивал каде што македонскиот режисер е на чело на меѓунаодното жири appeared first on Република.

]]>

Интернационалниот филмски фестивал во Софија претставува целосна ретроспектива на творештвото на најтрофејниот македонски режисер, Милчо Манчевски – неговите седум долгометражни филмови и две од краткометражните дела. Ова ќе биде бугарска премиера на неговиот најнов филм, „Кајмак“.
Ретроспектива на целосното творештво е едно од оние специјални задоволства – гледаш каде ти оди гласот. Го поминуваш животот правејќи уметност, се внесуваш и жртвуваш и убаво ти е; и гледаш дека има луѓе што тоа го следат, твојата уметност ги радува, им значи, им влијае на тоа како размислуваат.
Милчо Манчевски е еден од ретките македонски режисери кој ја имал честа да бидат организирани десетина меѓународни ретроспективи на неговиот опус досега. Манчевски ја има и честа да биде претседател на главното жири на 27. Издание на фестивалот, кој се отвори синоќа и ќе трае до 31 март.
Во последните неколку децении, Софија филм фест ѝ ги претставува на домашната публика делата на Манчевски, кои имаат извонредно влијание, демонстрираат мајсторско чувство за пресоздавање психолошки портрети и стануваат омилени на публиката. Годинава, одлучивме за овој режисер од светски ранг да ги претставиме ретроспективно неговите филмови, соопшти Фестивалот.
Ќе бидат прикажани „Пред дождот„, „Прашина“, „Сенки“, „Мајки“, „Бикини Мун“, „Врба“, „Кајмак“, „Четврток“ и „Крајот на времето“. Сите филмови се добитници на фестивалски и други меѓународни награди. Проекцијата на „Кајмак“ е на 18 март, а ќе присуствува и режисерот и дел од актерката екипа. Манчевски последен пат гостуваше во Софија во 2020 за да го претстави „Врба“, кога доби и специјална награда на фестивалот. Жирито предводено од Манчевски треба да го избере добитникот на Главната награда на Фестивалот од 12 номинирани филмови, а ќе бидат доделени и награди за најдобар балкански филм, за документарен филм, за бугарски краткометражен филм и за најдобар филм на младински теми. Главно мото на годишното издание на СФФ е „зелената идеја“ за справување со климатските промени и заложбите за зголемување на „белите дробови“ на планетата Земја. СФФ ќе има свои изданија и во Пловдив од 17 март до 2 април, во Варна од 24 март до 2 април и во Бургас од 30 март до 7 април. На почетокот на месецов, „Кајмак“ ја освои Специјалната награда на жирито во престижната програма Недела на режисерите на фестивалот Фантаспорто во Порто, Португалија, а магазинот „Лаксанте“ го оцени филмот со четири ѕвезди и напиша:
„Манчевски повторно создава моменти на голема емоционална и скулптурална убавина, со прекрасна фотографија која успева да го одржи формалното единство без оглед на тоа дали делува во комичниот или во драмскиот регистар. Резултатот е екстремно хуман и прекрасен филм, ама истовремено и филм што е искрен и сиров. Уште еден пример за големината на кинематографијата на Милчо Манчевски.
Во исто време „Кајмак“ беше прикажан и на ФЕСТ во Белград, каде сите три проекции беа однапред распорадени, а актерката екипа од филмот, која присустувуваше на премиерата доживеа огромен аплауз. „Кајмак“ е седми филм на Манчевски, и е црна комедија и критика на малограѓанскиот морал и на илибералните тенденции во општеството. Беше најгледан филм во Македонија во 2022, а светската премиера ја имаше на филмскиот фестивал во Токио. „Кајмак“ е македонско-данско-холандско-хрватска копродукција во соработка со МРТВ, а поддржана од Еуримаж. Главните улоги ги толкуваат: Сара Климоска, Александар Микиќ, Камка Тоциновски, Симона Спировска, Ана Стојановска, Филип Трајковиќ и Петар Мирчевски. Продуцент е Јане Ќортошев, директор на фотографија Улрик Боел Бенцен, дизајнер Дејвид Манс, монтажер Емил Нунинга, музиката е на Дејниш стринг квартет и Игор Василев-Новоградска, кастингот е на Милка Анчевска, а маската на Марио Микисанти.  

The post Ретроспектива на Манчевски и премиера на „Кајмак“ на Софија филм фестивал каде што македонскиот режисер е на чело на меѓунаодното жири appeared first on Република.

]]>
Милчо Манчевски одржува мастеркласи и предавање на Универзитетот во Аризона https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/milcho-manchevski-odrzhuva-masterklasi-i-predavane-na-univerzitetot-vo-arizona/ Mon, 13 Feb 2023 08:32:21 +0000 https://republika.mk/?p=608257

Најтрофејниот македонски режисер Милчо Манчевски неделава е во фокусот на Државниот универзитет во Аризона, САД. Манчевски ќе одржи серија мастеркласи и предавање, а се прикажуваат и неговите филмови „Пред дождот“, „Мајки“ и „Бикини Мун“.

Серијата мастеркласи се одржува во Новата американска филмска школа „Сидни Поатје“, а почна со анализата на „Бикини Мун“, неговиот американски филм од 2017 кој е лажен документарец за ветеранка од војната во Ирак и е снимен во Њујорк. Во серијата, меѓу другите, се и мастеркласите на кои Манчевски ќе ги прикаже неговите техники за работа со актери и концептот за кадар.

Гостувањето на Универзитетот во Аризона ќе се заокружи со предавање во Центарот Меликијан.

Творештвото на Манчевски е дел од наставните програми на бројни универзитети во светот, како и тема на многу есеи и книги. Неговите дела се предмет на истражувања на бројни конференции, меѓу кои и оние посветени на „Пред дождот“ на Универзитетот во Лајпциг и на „Прашина“ на Европскиот универзитет во Фиренца.

Во богатиот академски ангажман на Манчевски се и професор на Универзитетот на Њујорк, предавач на универзитетите Кембриџ, Оксфорд, Браун, Јеил, Шангај, ВГИК во Москва, Филмската академија на Куба и многу други низ светот.

Седмиот филм на Манчевски „Кајмак“ имаше светска премиера на фестивалот во Токио во ноември 2022 година, лани беше најгледан филм во Македонија и се прикажа во кината низ 30 градови во земјава, што беше настан без преседан во македонската киноприкажувачка дејност последнава деценија. „Кајмак“ од почетокот на годинава го продолжува животот по низа филмски фестивали во светот.

The post Милчо Манчевски одржува мастеркласи и предавање на Универзитетот во Аризона appeared first on Република.

]]>

Најтрофејниот македонски режисер Милчо Манчевски неделава е во фокусот на Државниот универзитет во Аризона, САД. Манчевски ќе одржи серија мастеркласи и предавање, а се прикажуваат и неговите филмови „Пред дождот“, „Мајки“ и „Бикини Мун“. Серијата мастеркласи се одржува во Новата американска филмска школа „Сидни Поатје“, а почна со анализата на „Бикини Мун“, неговиот американски филм од 2017 кој е лажен документарец за ветеранка од војната во Ирак и е снимен во Њујорк. Во серијата, меѓу другите, се и мастеркласите на кои Манчевски ќе ги прикаже неговите техники за работа со актери и концептот за кадар. Гостувањето на Универзитетот во Аризона ќе се заокружи со предавање во Центарот Меликијан. Творештвото на Манчевски е дел од наставните програми на бројни универзитети во светот, како и тема на многу есеи и книги. Неговите дела се предмет на истражувања на бројни конференции, меѓу кои и оние посветени на „Пред дождот“ на Универзитетот во Лајпциг и на „Прашина“ на Европскиот универзитет во Фиренца. Во богатиот академски ангажман на Манчевски се и професор на Универзитетот на Њујорк, предавач на универзитетите Кембриџ, Оксфорд, Браун, Јеил, Шангај, ВГИК во Москва, Филмската академија на Куба и многу други низ светот. Седмиот филм на Манчевски „Кајмак“ имаше светска премиера на фестивалот во Токио во ноември 2022 година, лани беше најгледан филм во Македонија и се прикажа во кината низ 30 градови во земјава, што беше настан без преседан во македонската киноприкажувачка дејност последнава деценија. „Кајмак“ од почетокот на годинава го продолжува животот по низа филмски фестивали во светот.

The post Милчо Манчевски одржува мастеркласи и предавање на Универзитетот во Аризона appeared first on Република.

]]>
Сите дојдоа на „Кајмак“: Долг аплауз за новиот филм на Милчо Манчевски https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/site-dojdoa-na-kajmak-dolg-aplauz-za-noviot-film-na-milcho-manchevski/ Thu, 17 Nov 2022 11:48:30 +0000 https://republika.mk/?p=574733

Добро уметничко дело функционира секаде, затоа што луѓето сме секаде исти. Ако делото е добро, зборува за универзални теми, луѓето секаде ќе реагираат на она што е срце на уметничкото дело, вели режисерот Милчо Манчевски, чиј најнов филм „Камјак“ синоќа беше премиерно прикажан пред скопската публика во Филхрамонија.

Од денеска „Кајмак“ ќе игра во скопските кина „Синеплекс“ и „Милениум“. Веќе се закажани и проекциите во Гостивар, Пробиштип, Делчево, Кавадарци, Крива Паланка, Куманово, Виница, Крушево, Струмица, Македонска Каменица, Тетово, Дебар, Берово, Неготино, Богданци, Кратово, Радовиш, Струга, Кичево, Охрид, Свети Николе, Прилеп и Штип. Премиерата во Битола и Гевгелија е на 23 ноември.

Со долг аплауз беше награден седмиот филм на најнаградуваниот македонски филмски режисер, а на македонската премиера дојдоа политичари, уметници, актери, филмски работници, бизнисмени, новинари...

Понекогаш е многу висока цената на среќата, но повисока е цената на тоа да не бидеш чесен кон себе затоа што ќе останеш несреќен. Не секогаш пристојноста води кон среќа, понекогаш општеството и институциите на општеството, без разлика дали тоа се институциите држава, црква или комшија знаат да ни ја скршат среќата. Нема ништо поважно од слободата, рече Манчевски пред проекцијата на филмот.

„Кајмак“ имаше светска премиера на 26 октомври на Меѓународниот филмски фестивал во Токио. Сценариотот е на Манчевски, а во филмот играат: Камка Тоциновски, Сара Климоска, Александар Микиќ, Ана Стојановска, Симона Спировска, Петар Мирчевски, Филип Трајковиќ, Сашка Димитровска, Лазе Манасковски, Јасмина Василева, Дејан Лилиќ, Елена Кузманов, Крсте Роџевски, Ана Димитрова, Никола Ристески, Ангела Димитрова, Соња Михајлова, Александра Пешевска, Ѓорѓи Јолевски, Љиљана Богојевиќ, Сара Станиќ и други.

The post Сите дојдоа на „Кајмак“: Долг аплауз за новиот филм на Милчо Манчевски appeared first on Република.

]]>

Добро уметничко дело функционира секаде, затоа што луѓето сме секаде исти. Ако делото е добро, зборува за универзални теми, луѓето секаде ќе реагираат на она што е срце на уметничкото дело, вели режисерот Милчо Манчевски, чиј најнов филм „Камјак“ синоќа беше премиерно прикажан пред скопската публика во Филхрамонија. Од денеска „Кајмак“ ќе игра во скопските кина „Синеплекс“ и „Милениум“. Веќе се закажани и проекциите во Гостивар, Пробиштип, Делчево, Кавадарци, Крива Паланка, Куманово, Виница, Крушево, Струмица, Македонска Каменица, Тетово, Дебар, Берово, Неготино, Богданци, Кратово, Радовиш, Струга, Кичево, Охрид, Свети Николе, Прилеп и Штип. Премиерата во Битола и Гевгелија е на 23 ноември. Со долг аплауз беше награден седмиот филм на најнаградуваниот македонски филмски режисер, а на македонската премиера дојдоа политичари, уметници, актери, филмски работници, бизнисмени, новинари...
Понекогаш е многу висока цената на среќата, но повисока е цената на тоа да не бидеш чесен кон себе затоа што ќе останеш несреќен. Не секогаш пристојноста води кон среќа, понекогаш општеството и институциите на општеството, без разлика дали тоа се институциите држава, црква или комшија знаат да ни ја скршат среќата. Нема ништо поважно од слободата, рече Манчевски пред проекцијата на филмот.
„Кајмак“ имаше светска премиера на 26 октомври на Меѓународниот филмски фестивал во Токио. Сценариотот е на Манчевски, а во филмот играат: Камка Тоциновски, Сара Климоска, Александар Микиќ, Ана Стојановска, Симона Спировска, Петар Мирчевски, Филип Трајковиќ, Сашка Димитровска, Лазе Манасковски, Јасмина Василева, Дејан Лилиќ, Елена Кузманов, Крсте Роџевски, Ана Димитрова, Никола Ристески, Ангела Димитрова, Соња Михајлова, Александра Пешевска, Ѓорѓи Јолевски, Љиљана Богојевиќ, Сара Станиќ и други.

The post Сите дојдоа на „Кајмак“: Долг аплауз за новиот филм на Милчо Манчевски appeared first on Република.

]]>
„Кајмак“ на Милчо Манчевски вечерва премиерно во Македонската филхармонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/kajmak-na-milcho-manchevski-vecherva-premierno-vo-makedonskata-filharmonija/ Wed, 16 Nov 2022 13:00:13 +0000 https://republika.mk/?p=574509

Премиерата на „Кајмак“ во режија на Милчо Манчевски ќе се случи вечерва (16 ноември) во Македонската филхармонија. Веќе од следниот ден, четврток, „Кајмак“ почнува истовремено да се прикажува во речиси 30 градови низ целата земја.

 „Кајмак“ ќе игра во цела Македонија. Направивме напор филмот да го донесеме во секое кино, каде има техничка можност за прикажување“, вели продуцентот Јане Ќортошев.

Киноприкажувањето низ Македонија започнува во четврток, 17 ноември и закажано е во Гостивар, Пробиштип, Делчево, Кавадарци, Крива Паланка, Куманово, Виница, Крушево, Струмица, Македонска Каменица, Тетово, Дебар, Берово, Неготино, Богданци, Кратово, Радовиш, Струга, Кичево, Охрид, Свети Николе, Прилеп и Штип. Премиерата во Битола и Гевгелија е закажана за 23 ноември. Во Скопје од 17 ноември филмот ќе игра во кината на Синеплекс и Милениум.

Кајмак е љубовна приказна за возрасни, вели режисерот Манчевски. Тоа е црна комедија (или среќна трагедија) за две семејства кои се пристојни на почетокот, а среќни на крајот. Филмот  е безмилосна критика на малограѓанското лицемерие и апотеоза на индивидуалната слобода.

Финансиери на филмот се Агенцијата за филм на Македонија и државните фондови на Данска, Холандија и Хрватска, како и од европскиот фонд Еуроимаж. Македонската Радио Телевизија е копродуцент.

По сценарио и режија на Манчевски, во филмот играат: Сара Климоска, Камка Тоциновски, Александар Микиќ, Симона Спировска, Ана Стојановска, Филип Трајковиќ, Петар Мирчевски, Сашка Димитровска, Лазе Манасковски, Јасмина Василева, Дејан Лилиќ, Елена Кузманов, Крсте Роџевски, Ратка Радмановиќ, Ана Димитрова, Никола Ристески, Ангела Димитрова, Соња Михајлова, Александра Пешевска, Ѓорѓи Јолевски, Љиљана Богојевиќ, Сара Станиќ и други.

Македонски продуцент на филмот е Банана филм. Продуцира Јане Ќортошев. Продукциски дизајнер е Дејвид Манс од Англија, директор на фотографија данецот Улрик Боел Бенцен, монтажер Емил Нунинга од Холандија, дизајнер на звукот Херман Пиете, кастинг директор Милка Анчевска, костимограф Жаклина Крстевска, а дизајнер на шминка е италијанската легенда Марио Микисанти. Музиката е на култниот „Дејниш стринг квартет“, а дополнителната музика на Игор Василев-Новоградска. Во екипата беа вклучени и независни филмски работници од Англија, Италија, Србија и Бугарија.
Филмот е помогнат од бројни домашни и странски поединци и компании.

Македонската радио телевизија, директно ќе се вклучи и во церемонијалот од црвениот килим на гала премиерата. 

The post „Кајмак“ на Милчо Манчевски вечерва премиерно во Македонската филхармонија appeared first on Република.

Македонски продуцент на филмот е Банана филм. Продуцира Јане Ќортошев. Продукциски дизајнер е Дејвид Манс од Англија, директор на фотографија данецот Улрик Боел Бенцен, монтажер Емил Нунинга од Холандија, дизајнер на звукот Херман Пиете, кастинг директор Милка Анчевска, костимограф Жаклина Крстевска, а дизајнер на шминка е италијанската легенда Марио Микисанти. Музиката е на култниот „Дејниш стринг квартет“, а дополнителната музика на Игор Василев-Новоградска. Во екипата беа вклучени и независни филмски работници од Англија, Италија, Србија и Бугарија. Филмот е помогнат од бројни домашни и странски поединци и компании.

„Кајмак“ на Милчо Манчевски премиерно в среда во Македонската филхармонија, од следниот ден во 30 градови низ Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/kajmak-na-milcho-manchevski-premierno-v-sreda-vo-makedonskata-filharmonija-od-sledniot-den-vo-30-gradovi-niz-makedonija/ Mon, 14 Nov 2022 12:10:35 +0000 https://republika.mk/?p=573622

Премиерата на „Кајмак“ во режија на Милчо Манчевски ќе се случи во среда, 16 ноември во Македонската филхармонија. Веќе од следниот ден, четврток, „Кајмак“ почнува истовремено да се прикажува во речиси 30 градови низ целата земја.

 „Кајмак“ ќе игра во цела Македонија. Направивме напор филмот да го донесеме во секое кино, каде има техничка можност за прикажување“, вели продуцентот Јане Ќортошев.

 Неодамна, Кајмак имаше светската премиера и три распродадени проекции на Токискиот фестивал. Реакцијата на јапонската публика беше извонредна. Весникот Џапан тудеј (Japan Today) го нарече филмот „мрсна сатира“. Манчевски беше во центарот на збиднувањата во Токио, каде одржа и мастерклас кој имаше голем одглас кај публиката.

 Веднаш потоа „Кајмак“ отпатува во Тајван, каде се прикажа на Филмскиот фестивaл Златен коњ (Golden Horse) во Тајпеј. По двете преполни проекции и едночасовни редици на публиката за автограм од македонскиот режисер, следеа сесии разговори со публиката која ја пофали приказната, велејќи дека постојано изненадува.

 Актерките Ана Стојановска и Сара Климоска, кои имаа прилика први да го погледнат филмот во Токио, по проекцијата имаа и разговори со јапонската публика.

Искуството во Токио беше фузија на ултрамодерно и традиционално. Црвениот килим беше посебно искуство, зборуваме за култура на ред и хармонија. Филмот им се допадна многу на Јапонците, а и на нас. Импресиите од разговорите со публиката беа дека филмот ги насмеал, расплакал и ги замислил, интересно беше дека не следеа по проекцијата, не само на фестивалот, туку и на улица за да земат автограми од нас“, велат актерките Климоска и Стојановска.

Киноприкажувањето низ Македонија започнува во четврток, 17 ноември и закажано е во Гостивар, Пробиштип, Делчево, Кавадарци, Крива Паланка, Куманово, Виница, Крушево, Струмица, Македонска Каменица, Тетово, Дебар, Берово, Неготино, Богданци, Кратово, Радовиш, Струга, Кичево, Охрид, Свети Николе, Прилеп и Штип. Премиерата во Битола и Гевгелија е закажана за 23 ноември. Во Скопје од 17 ноември филмот ќе игра во кината на Синеплекс и Милениум.

Кајмак е љубовна приказна за возрасни“, вели режисерот Манчевски. Тоа е црна комедија (или среќна трагедија) за две семејства кои се пристојни на почетокот, а среќни на крајот. Филмот  е безмилосна критика на малограѓанското лицемерие и апотеоза на индивидуалната слобода. На денешната прес конференција, Манчевски изјави: „Комшијата е најважната институција во една малограѓанска средина. Но, секое добро уметничко дело те кани да го ѕирнеш светот со поинакви очи. „Кајмак“ ја кани публиката да не суди, туку да сочувствува со ликовите – а сите тие се во исто време и жртви и душмани“.

Финансиери на филмот се Агенцијата за филм на Македонија и државните фондови на Данска, Холандија и Хрватска, како и од европскиот фонд Еуроимаж. Македонската Радио Телевизија е копродуцент.

По сценарио и режија на Манчевски, во филмот играат: Сара Климоска, Камка Тоциновски, Александар Микиќ, Симона Спировска, Ана Стојановска, Филип Трајковиќ, Петар Мирчевски, Сашка Димитровска, Лазе Манасковски, Јасмина Василева, Дејан Лилиќ, Елена Кузманов, Крсте Роџевски, Ратка Радмановиќ, Ана Димитрова, Никола Ристески, Ангела Димитрова, Соња Михајлова, Александра Пешевска, Ѓорѓи Јолевски, Љиљана Богојевиќ, Сара Станиќ и други.

Македонски продуцент на филмот е Банана филм. Продуцира Јане Ќортошев. Продукциски дизајнер е Дејвид Манс од Англија, директор на фотографија данецот Улрик Боел Бенцен, монтажер Емил Нунинга од Холандија, дизајнер на звукот Херман Пиете, кастинг директор Милка Анчевска, костимограф Жаклина Крстевска, а дизајнер на шминка е италијанската легенда Марио Микисанти. Музиката е на култниот „Дејниш стринг квартет“, а дополнителната музика на Игор Василев-Новоградска. Во екипата беа вклучени и независни филмски работници од Англија, Италија, Србија и Бугарија.
Филмот е помогнат од бројни домашни и странски поединци и компании.

Македонската радио телевизија, директно ќе се вклучи и во церемонијалот од црвениот килим на гала премиерата. 

The post „Кајмак“ на Милчо Манчевски премиерно в среда во Македонската филхармонија, од следниот ден во 30 градови низ Македонија appeared first on Република.